You are on page 1of 2

Хераклит (535-475 п.н.е.

Хераклит од Ефес, “светлиот човек во храмот на сенките” (Ферид Мухиќ). Благородник од


Кодровиот род. Се откажал од кралската титула во корист на својот брат и се повлекол во
осаменички живот умувајќи за Логосот.

Оние кои пребиваат во темнината на незнаењето, кои иако будни изгледа спијат, го
нарекоа големиот философ “темниот”. Тоа е тагата на Светлиот, осуден да живее меѓу темните,
меѓу оние кои животот го поминуваат како сомнамбули (кои спијат шетајќи, кои шетаат спиејќи),
кои среќата ја познаваат во телесните наслади, кои хераклитовски, потсетуваат на воловите кои се
најсреќни кога ќе најдат трева па пасат.

Постојат интерпретации по кои Хераклит е наречен “темниот” поради тежината на стилот


која пак произлегува од тежината на проблемот. Кога Сократ го прочитал Хераклитовиот спис “За
природата” забележал: “Прекрасно е она што го сфатив, а мислам дека прекрасно е и она што не
го сфатив, но за тоа ќе треба делски нуркач”.

Во духот на јонската философска традиција Хераклит продолжува да трага по праосновата,


суштината на стварите, по “битието кое љуби да се прикрива”(Хераклит).

Во светот владее промена која се случува законито, логосно. Сѐ што постои има свој
почеток и крај, настанува, постои, исчезнува. Од небиднина преминува во бидување и повторно
во небиднина. Сѐ се менува. Постои мисла која вообичаено му се припишува на Хераклит “Panta
rei” – сѐ тече сѐ се менува. Па сепак, во таква форма не ќе ја сретнете меѓу зачуваните фрагменти.
Но, Хераклит вели: “Во една иста река неможе два пати да се влезе”, бидејќи непрестајно
дотечуваат нови води. “Во исти реки влегуваме и не влегуваме, сме и не сме”. Во основите на
оваа вечна промена се наоѓа дијалектичкиот процес на меѓусебниот судир на спротивностите.
Војната е татко и крал на сите нешта. Во стварноста сѐ се бори со сѐ, сѐ е во војна со сѐ. Но покрај
борбата на спротивности постои и единство на спротивности кое го нарекува хармонија.
Спротивностите неможат да постојат една без друга. Само заедно тие претставуваат нешто.
Спротивностите се проникнуваат т.е преминуваат едни во други. Раѓајќи се, сѐ се стреми кон
своето умирање. Дијалектиката подразбира судир на спротивности од кој се раѓа novum,
најубавата хармонија.

Токму затоа огнот се прогласува за битие, прасупстанција, архе од кое сѐ настанува и во


кое сѐ се враќа. Тоа е фина флуидна супстанција полна со живот, движења и промена. ”Овој свет
ист за сите не го создал ниту Бог ниту човек, тој бил, е и ќе биде вечно жив оган кој со мера се
пали и со мера се гасне”. Тоа е пламен на настанувањето, основата на световите и причина за
нивното исчезнување. Само огнот како битие е неугаслив.

Светското движење е кружно. Оган-воздух-вода-земја. Смртта на земјата е настанување


на вода, смртта на водата е настанување на воздух, од воздухот оган и обратно. Сѐ е строго
детерминирано. Хераклит е детерминист. (Детерминизам е философско учење по кое сѐ се
случува законито, условено, предодредено, не постои случајност). Патот нагоре и патот надолу е
еден ист пат. Сѐ се случува нужно, законито, хармонично. Сѐопштата космичка законитост се
случува според Логосот (ум, разум, закон, дух, мисла). Логосот е вечен. Сѐ настанува според
Логосот кој управува со сѐ. Логосот го овозможува хармоничното единство на спротивности. Само
со познание на Логосот може да се живее во хармонија со природата. Познанието на вистината е
можно единствено со посредство на разумот. Очите и ушите се лоши сведоци за луѓето кои имаат
варварска душа. А, “еден е подобар од десет илјади доколку е најдобар”.

Човекот ќе биде среќен ако живее во согласност со Логосот. Светот е Космос, обмислен,
суреден, како најскапоцен украс. Оние кои ја сакааат мудроста знаат дека смртта е исто што и
животот, и дека она што е живо се раѓа од сопствената смрт. “Едно исто е во нас живото и
мртвото, будното и она што спие, младото и старото. Бидејќи, кога ке се промени ова настанува
она, кога ќе се промени она настанува ова”. “Смртта е сѐ што будни гледаме, животот сѐ што во
сон гледаме”.

You might also like