You are on page 1of 4

МИЛЕТСКА ШКОЛА

Талес (640-513), забележан како прв мудрец во историјата на философијата. Роден


е во Милет во благородничко семејство со феникиско потекло. Според некои се оженил и
имал син од тој брак, според други никогаш не се оженил, а го посвоил синот на својата
сестра. На прашањето - Зошто и покрај огромната љубов кон децата решил животот да го
помине во осаменост, тој одговорил - токму од љубов кон децата. Диоген Лаертие
забележува уште една анегдота поврзана со неговиот брачен статус. Имено, на многу
често изрекуваното прашање од неговата мајка – Зошто не се жени? Талес одговарал – сѐ
уште не е време! Но, кога остарел на истото прашање на неговата мајка одговорил – Сега
навистина веќе не е време! Талес говорел дека смртта не се разликува од животот. Кога
некој му приговорил – Па, зошто тогаш не умреш? Талес му возвратил – Токму зашто нема
никаква разлика!

Талес имал исклучителни познавања од областа на математиката, астрономијата,


етиката. Некои податоци говорат за неговиот престој во Египет. Тоа се користи како
аргумент дека Хелените ја презеле математиката од Египќаните. Но, во тој случај
парадоксален е податокот за Египетската немоќ да ја измерат висината на пирамидите.
Тоа го сторил Талес укажувајќи на правопропорционалниот однос меѓу човекот и неговата
сенка и пирамидата и нејзината сенка. Доколку тоа за нив било сензационално откритие
тогаш мора да се забележи дека познавањата од теоретската геометрија во Египет не
биле на завидно ниво. Но, се наметнува прашањето, како создавале чудесни
архитектонски облици

На Талес му се припишува и впишувањето на правоаголен триаголник во


кружница.

Според Херодот, Талес е првиот кој предвидел затемнување на сонцето кое се


случило за време на битката помеѓу Лидјаните и Медјаните, потем откривањето на
соѕвездието Мала мечка и создавањето на календарот, поделбата на годината на 365
дена.

Една анегдота вели дека гледајќи во небесата Талес паднал во дупка.Толпата му се


смееела велејќи – Како би можел да ги познаеш небеските нешта кога не го гледаш ниту
она што ти е пред нозете. Но, луѓето не разбираат зошто философите ним им се смеат , на
оние кои неможат да паднат во дупка бидејќи веќе се наоѓаат во неа.
Тој е пријател и ученик на лакедемонското образование. Неговата мудрост се
состои во кратки и достојни за помнење мисли.. Се занимава со етички проблеми, но не
градејќи системско учење со неговата космологија.

Кај него, веројатно за првпат во историјата се среќава славниот диктум кој


одговара на прашањето како најправедно да живееме? – Имено, Кога не го правиме она
за кое другите ги осудуваме.Тоа е најрана антиципација на Конфучиевото учење,
Христијанското поимање на моралот и Кантовиот категорички императив.

Со Талес е поврзано и откривањето на триножецот кој би трбало да му се даде на


најмудриот според пророчицата Феба од Аполоновиот храм. Морнарите му го дале на
Талес, тој од скромност, сметајќи го Солон за поумен од себе му го предал нему, Солон на
Биас, Бијас на трет, за на крај троножецот повторно да дојде во рацете на Талес. Овој пат
тој сметајќи ги боговите за помудри од него го предал троножецот во Аполоновиот храм.

За Талесовата философија нема изворни записи. За учењето дознаваме посредно,


главен извор е Аристотеловата Метафизика. Талес земјата ја замислувал како рамна
плоча која плови по вода. Гледајќи ги природните процеси и појави се обидувал да го
пронајде непроменливиот, вечниот принцип од кој се настанува и во кој се се враќа.
Доближувајќи се до идејата за единство на мноштвото, го открива своето архе – водата.
Според Аристотел, на овие мисли го навел фактот дека секоја храна е влажна, дека од
влажноста настанува и самата топлина, живите суштества живеат благодарение на водата,
и семето има влажна природа, животот се зачнува во водената утроба на мајката.Водата е
извор на живот за земјата и небото. Се настанува од чудесната моќ на водата да прими
три агрегатни состојби, низ испарувањето да стане пареа и воздух , низ стрврднувањето
да стане цврсто тело. Хилозоизам. Учење за оживотворена материја.(хиле – материја,
зоон – живот) Водата не е само животворна, туку е и оживотворена. Таа е жива
супстанција која поттикнува содавање и движење. Во природата, сите нешта имаат
душа.Талес укажувал дека каменот (магнетот) има душа затоа што го движи железото.

Можеби за Талес инспиративни биле елеусинските мистерии. Имено, во рамки на


Големите мистерии, 16 ден од месец боедромион, познат како во море посветени, се
изведувал ритуал капење во море кое како што пее Еврипид, ја отстранува човековата
нечистотија. Водата го чисти човековото тело но и душата. Во митолошката река Стикс
боговите ги изрекувале своите заклетви.

Талес се истакнувал и како законодавец. Ги советувал Јонците пред нивното


потчинување од страна на Крез , да создадат собрание од највидните претставници во
Теос како средиште на Јонските народи, што значи своевидна федеративна држава со
престолнина во која ќе останат како слободни народи. Но не сакајќи да се откажат од
индивидуалноста, не го послушале и подпаднале под власта на Крез.

Анаксимандар (610 – 546г. п.н.е.) Најимпозантен, најгенијален лик меѓу


милетските философи. Неговата философија со сета своја метафизичка длабочина го
покажува високото интелектуално ниво на Хеленскиот дух. Како сведоштво го оставил
списот За природата кој претставува прв систематизиран спис на хеленската философија.

Бил познат по трагичката надменост и свеченото руво. Му бил пријател и ученик на


Талес. Му се припишуваат бројни откритија, прв го нацртал светот на плоча, конструирал
глобус, во форма на цилиндар, Се смета за претходник на геоцентризмот.

Според Анаксимандар, земјата лебди во воздухот и не пропаѓа бидејќи од сите


страни има подеднаков притисок.

Прасупстанцијата од која сѐ настанува и во која сѐ се враќа за Анаксимандар не е


ниту една позитивна материја, таа искуствено не е дадена. За архе го прогласува
апејронот. Највисоката апстракција која е воопшто возможна . Бидејќи ако архе-то се
земе како дел од искуствениот свет, во кој владее вечна промена, непрекинато
настанување и исчезнување, би било невозможно светот вечно да трае, произведувањето
на стварите би било ограничено. Затоа како бесмртна и неуништива прасупстанција зема
неизмерно, неограничено, бесконечно, квалитативно неодредено, квантитативно
бесконечно – апејрон.

Тоа е принцип на сето настанување и пропаѓање. Тоа е единство на мноштвото, но


самото тоа е над сето мноштво. Никогаш не му недостасува материјал за создавање.
Бидејќи тој е материја по себе и за себе. Неговиот принцип е материјален, но
истовремено на материјата и го одзема квалитетот, а материјата може да егзистира само
ако има одреден квалитет. Нејзиниот квалитет, според Анаксимандар е променливоста,
така што материјата се доближува до идејата за идеја , дух мисла.Во основата на
настанувањето и пропаѓањето се наоѓаат спротивноостите – топло студено, суво и
влажно. Од топлото и сувото настанува оган, од топлото и влажното настанува воздух, од
студеното и сувото настанува земја, од студеното и влажното – вода.

Анаксимен. (588-524г. п.н.е.) Се трудел емпириски да ги засновува своите


сознанија за природата. За него основата на животот е воздухот. Ако без храна можеме
да издржиме 50 дена, без вода 15 дена, без воздух неможеме да издржиме ниоту 5мин..
Светот е обвиткан со воздух. И земјата за него е голем диск којшто врз себе има големо
количество воздух. Тој прави синтеза од учењата на неговите претходници. Бидејќи
воздухот е квантитативно бесконечен, како Анаксимандровиот апејрон , но и
квалитативно определен како Талесовата вода. Од воздухот се настанува и во него се се
враќа. Без него нема живот. И Анаксимен е хилозоист. Нашата душа е од здив, воздух
исто како и она што го исполнува целиот космос.

Се настанува низ два процесана разретчување и згуснување на воздухот. Со


разретчување настанува оган, со згуснување ветар, потоа облак, па вода, земја и се друго.

You might also like