You are on page 1of 8

2.

КОНСТРУКТИВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИТЕ ВОДОВИ

Електроенергетските водови се делови од електричните мрежи со


кои се пренесува и распределуваелектричната енергија. Според конструк_
цијата, електричните мрежи се поделенина надземни и кабелски. Со оглед
на таа поделбапотребно е да се опишат одделнитеелементи на електрое_
нергетските водови.

2.1. ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ НАДЗЕМНИ ВОДОВИ

Основните елементи кои го чинат надземниот вод се:


—проводници и заштитни јажиња,
—столбови,
—темели на столбовите,
—изолатори,
—носачи на изолаторите,
—прибор за спојување, прицврстување и обесување на проводниците и
— дополнителните елементи.

2.1.1 ПРОВОДНИЦИ И ЗАШТИТНИ ЈАЖИЊА

Проводниците на надземнитеводови служат за пренесувањена елек-


тричната енергија, а заштитнитејажиња, кои се поставуваатнад фазните
проводници —за заштита од атмосферскитепренапони и за одведувањена
струите на краток спој. И едните и другите се изложени на разни атмосфер-
ски и хемиски влијанија. Со оглед на нивната намена, тие мораат да имаат
голема специфична електрична проводливост, мора да бидат доволно ела-
стични, отпорни на разни механички напрегнувањаи атмосферскивлијанија,
а, исто така, и економични.

2.1.1.1. Материјал за изработка на проводницитеи заштитните јажиња


Проводниците и заштитните јажиња се изработуваат, главно, од ба-
кар, алуминиуми челик.
Бакарот има најголема специфичнаелектрична проводливост (G —
56 —58 Sm/mm2) и многу добра механичка цврстина. За изработка на про-
водницитесе употребува чист електролитски бакар, и тоа за високонапон-
ските водови тврдо влечен, а за нисконапонските водови тврдо или полутвр-
до влечен.
Во почетокот на овој век за изработка на проводниците за надземни
електроенергетскиводови, како и за каблите, главно, се користел бакарот.
За некои типови и конструкции тој и денескаостаналкако незаменлив.Со
развојот на електроенергетиката,особено по Втората светска војна, потре-
бите за бакарот биле сё поголеми и производството на овој метал не можел
да ja задоволивкупната потрошувачка. Поради тоа било неопходнода се

24
почне со примена и на други метали за израбртка на проводници. Бакарот,
и покрај ИЗВОНРеДНИТС електрични и механички својства, се помалку се при-
менувалод чисто економски причини. Во последновреме, алуминиумотсо
своите легури целосно го ПОТИСНа бакарот, специјално за изработка на про-
водницитена надземнитсводови.
Алуминиумот според електричните својства доа{а веднаш по бака-
рот. Неговата електрична проводливостизнесуваоколу 61 % од проводли-
воста на бакарот. За изработка на проводницитесе употебува тврдо влсчсн
алуминиум со чистота најмалку 99,5 % (ознака Е —99,5 % А1). Алуминиумот
е полесенод бакарот, а и неговатацена е доста пониска, па и вкупните
трошоци за изградбана надземнитсводовисо применана алуминиумски
проводницисе значително помали. Ако се земе предвиддека и резервите
за алуминиумскаруда се неколку стотини пати поголеми од резервитена
бакарната руда, тогаш е сосемаразбирливасё поголемата примена на алу-
миниумот за проводници на електроенергетскитеводови.
Во поглед на физичките и хемиските својства, алуминиумот има низа
недостатоциво односна бакарот. Во односна металите,кои во техниката
најмногу се користат, алуминиумоттермоелектрички е многу негативен. По-
ради тоа, при допир на алуминиумот со другите метали во влажна средина,
доа{а до електролитска реакција (биметална корозија), која го разорува.
Алуминиумот е прекриен со тенок слој од алуминиум—оксид кој многу
брзо се создаваи го заштитува од натамошнаоксидација.Алуминиумот —
оксидот има ниска точка на топењеи голем електриченотпор.
Поради малата механичка цврстинана алуминиумотна истегањеи
притисок, големата пластичност, биметалнатакорозија и брзото создавање
на непроводливоксид, алуминиумскитепроводницибараат многу поголемо
вниманиепри монтажа, отколку бакарните.Во експлоатацијатасепак се
покажале како многу добри и сигурни.
Поради малатамеханичка цврстина,за водовитена висок напон не
се употребуваат провбдниците од чист алуминиум, туку од легурите на алу-
миниумотили во комбинацијасо челикот.
Легури од алуминиум и бакар. За да се зачуваат електричните свој-
ства на алуминиумота за да се поправатмеханичките,се пристапилокон
спојување и примена на проводливителегури на алуминиумотсо магнезиу-
мот (Мд) и силициумот(Si). Една од првите легури, позната под името
алдреј (ALDREY), изработена е во Швајцарија. Оваа легура има приближно
иста густина како и алуминиумот, специфичнаелектрична проводливостне-
што помала од алуминиумот, а механичкатацврстинае поголема од бака-
рот. Подоцна се појавила и цела низа легури со слични електрични и меха-
нички својствапод називотALMELEC, SILMELEC, ALUDUR, AlMgSiE,
AlMg1E и др.
Кај нас се стандардизиранипроводницитеод легурите AlMg1E и
AlMgSiE. AlMg1E е легура на алуминиумотсо 1 % магнезиуми со многу
мали примеси на бакар, челик, цинк и хром. AlMgSiE е легура на алуминиу-
мот со приближно0,5 % магнезиум,силициуми со многу малку примеси
на железо, бакар и цинк.
Во последно време во светот се посветува посебно внимание на но-
вите високопроводливилегури на алуминиумот. Со посебни комбинирани
постапки во термомеханичките преработки добиени се нови легури на алу-
миниумот со подобри механички, термички, технолошки и други својства,

25
проводливост од чистиот
кои имаат занемарливопомала електрична алуми_
под името Al 59, а стандардизиранае во Шве
ниум. Една од нив е позната
ска.
Легурата на бакарот со мала примеса на силициум, никел, кадмиум
магнезиум или калај, позната е под општиот назив бронза. Споредпрюме.
сата што преовладуваво легурата се добива посебен назив, како на пример
кадмиумова или берлиумова бронза. Карактеристиката на сите бронзие да
имаат малку помала специфична електрична проводливост од бакарот,а
доста поголема механичка цврстина. Се применува на деловите на далново_
дот каде што се големи распоните, на подрачјата со голем ДОПОЛНИтелен
товар од снег и мраз, на преминитепреку пловните реки, односносекаде
каде што се бара голема механичка сигурност.
Челикот има многу поголем специфичен електричен отпор од бака-
рот, но и значително поголема механичка цврстина. Поради слабатаелек-
трична проводливост,а и порадијакиот скин-ефект, ретко се употребува
како проводник и тоа во исклучителни случаи на местата со големи распони.
За да биде заштитен од корозија мора да биде добро поцинкуван. Поцинку-
ваното челично јаже, во главно, се употребува како заштитно и јаже за
заземјување, каде неговите електрични својства помалку до израз.
Во последно време се избегнува примената на челичното јаже како провод-
ник.

2.1.1.2. Конструкција на проводниците

Според конструкцијата проводниците се делат на:


проводницисо полн кружен пресек (жици) и
—проводнициво облик на јажиња.
Жици
Жиците се применуваатсамо од бакар, бронза и челик. Прилично
се крути, па нивнатаприменае допуштенасамо за проводницисо пресек
до 16 мм и тоа ако се поставуваатво распони помали од 80 метри.
Според Правилникот за технички нормативи за изградба на надзе м-
ни електроенергетски водови, примената на жиците од алуминиум и негови-
те легури не е допуштена.
Јажиња
Јажето се изработува од седум или повеке тенки испреденижици.
Над централната жица (јадро) се Haofa, во зависност од големината на пре-
секот на проводниците, еден или повеке слоеви на жици. Секој слој се преде
наизменичново друга насока, за да не дојде до усукување на проводниците
во една насока (слика 17). Бројот на жиците во одделнитеслоевие по овоЈ

са. 17. Јажест проводник

26
ред: 1, 16, 18, 24, 30 итн. ЈЛЖС'ГО
зл НО!
т»лсмннрсссци с ноногодно зл раку-
ван,е отколку жица•га. llCT0 така. има значитслно поголема механичка си-
гурност поради раснрсдслбата на евентуалниге грегнки во материјалот, а
освен тоа с и значи•гелнопоотпорно на замор на матсрнјалототколку жи-
цата.
Јажето се изработува од еден метал (хомогени јажин,а) или како
комбинација на два метала (комбинирани јажин,а).
Комбинираните јажин»л најчесго се изработуналтод алуминиум и
челик или од легури•гс на алуминиумот и челикот. Таквиот ПРОВОДНИК има
Јадро на јажето од поцинковани челичи жици, заштитсно со рамномсрсн
слој на неутрална маст, отпорна на атмосферскивлијанија, како и на капсн,е
до 0 С. Околу челичнотоЈадрое алуминиумскатаобвивка. Челичното
Јадрослужи да ги примТ1механичките напрегнувањ:т,со алуминиумската 06-
вивка се спроведува електричната струја (слика 18).

Сл. Алуминпум-челпчнојаже

Карактеристиките на овој проводникзависатод релативниотоднос


на алуминиумоти челикот. Вообичаенитеконструкции имаат приближен
однос на алуминумоти челикот: 0,86; 0,95; 1,4; 1,7; 4,3; 4,4; 6; 7,7; 11,3;
14,5 и 23,1. Јажињата со однос на алуминиумоти челикот 0,86 и 0,95 се
користат како заштитнијажиња.
Предноста на алуминиум-челичнитево однос на бакраните провод-
ници со еквивалентна проводливосте во значително помалата маса и зна-
чително поголемиот пречник, што е многу важно порадипојаватана корона
кај високонапонскитеводови.
Комбинираните јажиња се изработуваатод легурите AlMg1E и
AlMgSiE и челик со ист однос на алуминиумскителегури и челик како и
кај алуминиум-челичнитејажиња.
Во групата на комбиниранијажиња спагаати CEAL јажињата, во
светот познати под називот алумовелд(ALUMOWELD) јажиња. Овие јажи-
ња се состојат од челични жици со многу голема ме.ханичкацврстина. Секоја
жица на јажето е превлеченасо слој од алуминиум,чија задачае да ја
штити челичната жица од корозија и да им ја зголеми електричната провод-
ливост (слика 19а). Дебелината на алуминиумскиот слој на секоја жица може
да биде помала или поголема (слика 196), па таквото јаже се користи или
како заштитинојаже или како проводник.

27
6)

lJll[Jl.l
Сл. 19. СЕМ- јаже: а) конструкцща на јажет, б) дебе.шша на алуминиумскпот слој на челичнатажида

Се изработуваатво разни комбинациисо алуми-


ниумот и челикот. На сликата 20 се претставеничетири
комбинации.Под а и б се комбинациитена алуминиумот
и CEAL-0T,под в е CEAL и под г CEAL со челикот.
Кај водовитесо високи напони за да се избегне а
применатана големи пресецина проводниците,наместо
еден проводник (АУС или AlMg1/C) се користат два, три,
четири или повеКе проводниципо фаза, кои мегусебно
механички се поврзани. Фазните проводници во таквата 6
о

конструкција се наречени проводнициво сноп. Збирот на о

пресецитена проводницитево снопот не смее да биде


помал од проводникот кој се заменува со снопот. Провод-
ниците во снопот се поставуваат на растојание од 25-40 о оо
00000
ст (слика 21). 0000
в
Два проводника во сноп обично се поставени хо-
000
ризонтално.Три проводнициво сноп чинат рамностран 00000оо
триаголник чиј врв е завртен надолу, а четири проводни- оо
ци чинат квадрат (слика 22). о

Мееусебното растојаниена проводниците на еден 0000


сноп се одржува по целата должина на водот со помош Сл.20.Конструкиија
на специјални елементи —еластични растојници. јажнњдта на CEAL
На сликата 23а е претставен еластичен растојник со прстенест
облик, а на сликата 236 —подобар, современ тип
на растојник со ограничУ-
вачи кои во последновреме се применуваат и кај нашите далноводи•

28
Сл. 2L Проводнициво сноп

Сл. 22. Распорсдна проводницитево снопот

Проводниците во сноп се применувааткај водовитесо многу високи


напони. Околу проводникот, кој е под многу висок напон, се создавајако
електрично поле кое го јонизира воздухот, порадишто настануваатзагуби
во мокноста. Оваа појава е нареченакорона. Со применана проводниците
во сноп значително се смалуваат загубите поради короната. Освен тоа, се
избегнуваат претерано големите пресеци на фазните проводници, кои се
непогодни за транспорт и монтирање.

2.1.1.3. Пресеци на проводниците

Во нашата земја стандардизирани се пресеците на голите проводници


и заштитни јажиња, а кои се употребуваат за надземнитеелектроенергетски
водови и тоа:

29
8

а)

Сл. 23. Еластичен растојник: а) со прстенест облик, б) со граничници

Al / челичнијажиња од 16/2,5 до 1045/45тт 2


А1Мд1Е/челичнијажиња тт 2
од 16/25 до 1045/4>5
AlMgSiE [челични јажиња од 16/25 до 1045/45тт 2
—алуминиумски јажиња од 16 до 500 ТТ 2
- АМд1Е и AlMgSiE јажиња од 16 до 700 тт 2
- CEAL јажиња од 16 до 700 тт 2
—челични јажиња од 16 до 300 тт 2
Кај комбинираните јажиња првиот број означува пресек на наметка-
та од алуминиум(или легура на алуминиум), а другиот број пресек на че-
лично јаже.
1[ајмалите дозволени пресеци на јажињата за проводниците на над-
земните електроенергетски водови според Правилникот за технички нор.ма-
тиви се:
а) За високонапонски
водови:
—од амуминиуми неговите легури 25 тт 2
—од алуминиум-челик 16mm2
—од челик 16 тт
б) За нисконапонските
водовисо распонидо 45 т:
—од алуминиум и неговите легури 16 тт
Во нашата земја се применети следнивепресеци на алуминиум-че-
личните јажиња: 2
—за водови со напон од 400 kV, проводници во сноп 3х2х490/65 птт
—за водови со напон од 220 kV, проводници во сноп 3х2х240/40
—за водови со напон од 220 kV 3х360/57 птт:
—за водови со напон од 110 kV 3х150/25 птт

30
3х240/40 тт 2,
3х490/65 тт 2
—за водови со напон од 35 kV 3х95/15 птт 2,
—за водови со напон од 10 kV и 20 kV 3х70/12 тт 2
за водови со напон од 0,4 kV 3х50/8 тт 2
Во табелата 1 се дадени некои карактеристични податоци за јажиња-
та наменети за надземни електроенергетскиводови:

.СОСТАВ И СВОЈСТВАНА ЈАЖИЊАТА ЗА ЕЛЕКТРО


ЕНЕРГЕТСКИТЕ ВОДОВИ
Табела 1.
бакар, бронза, алуминиум
алдреј АЛУМИНИУМ - ЧЕЛИЧНИ ЈАЖИЊА
жици челично Јадро алум. наметка

2
2
тт ТТ2 тт ТТ2 тт тт тт 2

10 7 1,35 4,1
16 1,70 5,1 16/2,5 1 1,80 2,55 6 1,80 15,3 5,4 17,8
25 7 2,10 6,2 25/4 1 2,25 4,00 6 2,25 23 6,8 27
35 7 2,50 7,5 35/6 1 2,70 5,70 6 2,70 34,3 40,0
50 7 3,00 50/8 1 3,20 8,00 6 3,20 48,3 9,6 56,3
50 19
70 19 2,10 10,5 70/12 7 4,35 11,60 6 1,80 66,2 11,6 77
95 19 2,50 12,5 95/15 7 1,67 5,01 15,30 6 2,15 94,4 13,6 109,7
120 19 2,80 14,0 120/20 7 1,90 5,70 19,80 6 2,44 121,6 15,5
150 37 2,25 15,7 150/25 7 2,10 6,31 24,20 6 2,70 148,9 17,1 173,1
185 37 2,50 17,5 185/30 7 2,33 6,99 29,80 6 3,00 183,3 19,0 213,6
240 61 2,25 20,2 240/40 7 2,68 8,04 39,50 6 3,45 243.0 21,9 282,5
300 61 2,50 22,5
360 57 19 1,96 9,80 57,30 6 4,20 360,2 26,6 417,5
490/65 7 3,40 10,20 63,60 4 3,40 490/3 30,6 553,9

2.1.2. СТОЛБОВИ

Проводниците на надземниотелектроенергетскивод мораат да би-


дат на одредена висина над земјата, на одреденомееусебнорастојание, како
и на одреденаоддалеченостод околните објекти. Елементитена електрое-
нергетскиот вод кои овозможувааттакво поставувањена проводницитесе
наречени столбови.
Електроенергетските водови поминуваат преку различни терени (на
пример: населби, шуми, реки, мочуришта, ридови, разни сообраКајници, же-
лезници, ПТТ водови и слично), па поради тоа се употребуваат и различни
столбови. Столбовите можат да се поделат според функцијата што ја имаат
во водот, потоа според положбата на трасата во водот, како и споредконс-
трукцијата и материјалотод кој што се направени.

31

You might also like