You are on page 1of 13

The project is co-funded by the European Union and national funds of the participating countries

Проект: Стимулирање на зелени вработувања:


клучни точки за прекугранични образовни и
технолошки иновации (ГЕ.М.С)
Зелена економија
Зелената економија претставува нов концепт во современото опкружување, со
исклучително значење и за развиените и за земјите во развој во сите сектори на
општеството. Современата економска теорија и пракса покажаа дека
економијата која не ги вреднува природните добра на соодветен начин, односно
се заснова на принципот на максимизирање на економската корист со
исцрпување на природните ресурси, уништување на животната средина и која
користи механизми за стимулирање на неограничен економски раст со
ограничени ресури претставува долгорочно неодржива економија. Со овој
некоординиран раст и развој на, т.н. кафена економија, се уништува животната
средина која е основа за сите активности. Излез од оваа состојба нуди
концептот на зелена економија.
Зелена економија
Концептот на зелена економија е многу атрактивен за државите и бизнисите,
бидејќи има цел да обезбеди истовремено решение за невработеноста,
економскиот раст и прашања поврзани со животната средина со воведување на
нови зелени индустрии и алатки за ублажување на штетите предизвикани на
животнта средина. Потенцијалот на зелената економија се смета за многу значаен.
Имено, Светска банка проценува дека инвестирањето во чисти технологии во
развиените земји може да постигне 64 милијарди долари за една декада.
Терминот зелена економија сè уште нема унифицирана и прецизна дефиниција и
преовладува мислењето дека секоја држава треба самостојно да ја прилагоди и
дефинира на сопствената реалност.
Зелена економија
Зелената економија делува во 7 сектори:
1) Обновлива енергија (соларна, геотермална, енергија од ветер, енергија од мориња и бранови,
енергија од горивни ќелии и енергија од биомаса);
2) Зелени згради (станбено – деловни проценки, енергетски ефикасна технолошка надградба,
зелени производи и материјали);
3) Чист транспорт (алтернативни горива, јавен превоз, хибридни и возила на електро погон,
програми за делење и користење на ист превоз);
4) Управување со вода (дестилирана вода, системи за прочистување на дождовница и отпадни води,
алтернативни начини на наводнување);
5) Управување со отпад (рециклирање, зелена амбалажа и пакување, ремедијација на напуштени
индустриски комплекси);
6) Управување со земјиште (органско земјоделско производство, конзервација и реставрација на
живеалишта, градски паркови и зеленило, обновување и пошумување);
7) Зелен пазар (зелено банкарство и финансии).
Зелени работни места
Во најширока смисла терминот „зелени работни места“, се употребува за оние вработувања што произлегуваат преку
какви било активности за да се спречи, ограничи, минимизира или го корегира негативното влијание на човечките
активности врз околината. Овие работните места главно се поврзани со борба против климатските промени,
производство на енергија од обновливи извори на енергија, намалување на емисиите на јаглерод, зголемување на
енергетската ефикасност, управување со отпад и вода, подобрување на квалитетот на воздухот и обнова и зачувување
на биолошката разновидност. Развој на вакви „зелени“ работни места ја стимулира побарувачката и за високо и за
ниско квалификувана работна сила.
Наједноставно речено, зелени работни места се пристојни работни места кои придонесуваат за зачувување или
обновување на животната средина. Тоа се оние работни места кај кои дошло до промена на технологијата која ги
намалува емисиите на отпад или потрошувачката на енергија со што ги прави работните места во тој процес
„позелени“ од претходно.
Зелената транзиција претставува голема можност за европската индустрија преку создавање пазари за чисти
технологии и производи. Овие нови предлози ќе имаат влијание на целиот синџир на вредност во секторите како што
се енергијата и транспортот и градежништвото и реновирањето, помагајќи да се создадат одржливи, локални и добро
платени работни места низ Европа. До 2030, 35 милиони згради би можеле да се реновираат, 160.000,00 дополнителни
„зелени“ работни места би можеле да се оформат во градежништвото.
Зелени работни места
Постојат две клучни компоненти, „пристојноста“ и животната средина.
Од аспект на животната средина, зелените работни места
придонесуваат за:
• ефикасна употреба на ресурси;
• намалување на отпадот и управувањето со отпадот;
• намалување на аерозагадувањето;
• заштита и обнова на екосистемите;
• намалување на стакленичките емисии на гасови;
• прилагодување на последиците од климатските промени;
• зголемена енергетска ефикасност.
Зелени работни места
Од аспект на „пристојноста“ и социјалната еднаквост, овие работни места се
и оние кои:
• обезбедуваат солиден приход за работникот,
• безбедност на работното место,
• социјална заштита за семејствата,
• овозможуваат личен развој и општествена интеграција,
• овозможуваат простор за слободно изразување на своите грижи од
работата,
• им дозволува на работниците да се организираат и учествуваат во
одлуките кои влијаат на нивните животи,
• им обезбедува еднаква можност и третман на сите мажи и жени”.
Зелени работни места и РСМ
Република Северна Македонија се обврзува да даде придонес во глобалните напори за
намалување на емисиите на стакленичките гасови со намалување на емисиите на CO2
од согорувањето фосилни горива за 30% односно 36% до 2030 година (според Поднесок
на Република Македонија, Национални придонеси кон климатските промени, 2015). Во
делот на социјалните аспекти – се очекуваат околу 6000 зелени работни места до 2030
година со реализација на мерки за енергетска ефикасност во згради и нискојаглеродно
снабдување со енергија (обновливи извори и гас).
Зелените работни места се дел од мерката 3.3. Обуки за побарувани занимања и занаети
од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот
на трудот за 2019 година (МТСП) според која се предвидува обука да се задоволат
потребите од побарувани занимања и занаети, социјални услуги квалификации што
водат до „зелени работни места“ за невработени лица.
Зелени бизниси – „зелено“ работење во
современото претпријатие
Зелено работење може да се дефинира како работење кое користи обновливи
извори на енергија (еколошки одржливо), води сметка за влијанието на
своите активности врз општеството (општествено одговорно), а притоа ги
покрива своите трошоци односно создава профит (економски одржливо).
Зелено работење може да се дефинира како работење кое користи обновливи
извори на енергија (еколошки одржливо), води сметка за влијанието на
своите активности врз општеството (општествено одговорно), а притоа ги
покрива своите трошоци односно создава профит (економски одржливо).
Зелени бизниси – „зелено“ работење во
современото претпријатие
За некое работење да се нарече еколошки одговорно или „зелено“, неопходно е да ги исполни
следниве критериуми:
• Принципите на одржливост да се инкорпорирани во секоја деловна одлука;
• Претпријатието да обезбеди еколошки (environmentally friendly) производи и услуги;
• Претпријатието да гради конкурентски односи кои се „зелени“ во однос на
традиционалните;
• Постои трајна посветеност на еколошките принципи внатре, во рамките на деловните
активности во претпријатието.
Зелени бизниси – „зелено“ работење во
современото претпријатие
„Зелените бизниси“ може да бидат различно толкувани, во зависност од тоа во кој контекст се
ставени. Американското здружение за промоција на зелената економија, Green For All, смета дека
зелените бизниси треба да ги поседуваат следниве обележја:
• Да го чува и подигнува квалитетот на животната средина;
• Да овозможува минимално ниво на приход на домаќинствата и безбедна работа на вработените;
• Да нуди можност за унапредување и јасен увид во кариерниот развој на вработените; и
• Да ја почитува половата, расната, географската и старосната различност.
Претпријатието станува „зелено“ преку додавање на вредност со технолошко редизајнирање,
модифицирање на постоечките или воведување на нови технологии со помало негативно влијание на
животната средина, преку прилагодување на системот на управување со еколошките барања на
современото работење и по пат на остварување на еколошки перформанси на своите производи и
услуги.
ВИ БЛАГОДАРАМ

You might also like