You are on page 1of 28

Универзитет “Св.

Климент Охридски” - Битола

Технички факултет – Битола

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ


ПЛАНИРАЊЕ, ПРОГРАМИРАЊЕ И ПРОЕКТИРАЊЕ ВО ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА

НАЧИНИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕКОЛОШКАТА СЛИКА ВО


РУРАЛНИ ОПШТИНИ

Кандидат: Професор:
дипл. маш. инж. Емилија Кожовска Проф. Д-р. Ванѓелче Митревски

Битола, јуни 2011год.


Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

1. Наоѓање на соодветни еколошки решенија за мали општини


Во овој труд ќе бидат изложени решенија, кои можат да им помогнат на малите
општини да се справат со некои еколошки проблеми. Во овој труд сигурно нема да бидат
опфатени сите проблеми со кои се соочуваат општините, меѓутоа презентирани се
решенија на типични еколошки проблеми со кои повеќето од заедниците се соочуваат. Во
овој труд се прикажани достапните можности, во сооднос со економските фактори, како и
локалните еколошки ограничувања.

1.1. Технологија и управување со еколошки решенија во мали општини

Во однос на еколошките проблеми кои се јавуваат насекаде, постојат голем број на


соодветни решенија, со помош на кои ќе се ублажат или целосно ќе се елиминираат
таквите проблеми. Овој дел претставува краток опис на достапните опции, за еколошките
проблеми со кои се соочуваат речиси сите општини. Во врска со избраните еколошки
решенија, секоја општина треба да поседува доволно информации во врска со:

Што се постигнува со секое решение


Кои фактори можат да ја лимитираат ефективноста на избраното решение
Економска гледна точка на достапните решенија, вклучувајќи тука капитални
и оперативни трошоци
Како избраното решение може да се имплементира во општината
Како избраното решение може да влијае на други еколошки проблеми со кои
се соочува општината

1.2. Спречување на загадувањето

Основен принцип на еколошки план, на секоја општина треба да биде целосното


спречување на загадувањето, се разбира доколку е тоа можно. Спречување на
загадувањето, подразбира, идентификација на процеси и активности кои создаваат
отпадни нус-продукти, а потоа целосна елиминиција на овие отпадни материи, или во
најмала рака минимизирање на нивната токсичност. Овој пристап, ќе помогне да се
намалат трошоците кои настануваат при справување со отпадните материи. Еве неколку
примери:

2
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

-Штедење на вода- намалувањето на потрошувачката на вода може да биде


особено значајно. Имено, со високата потрошувачка на вода, се генерира поголема
количина на отпадна вода што треба да се прочисти за да стигне до нашите
домаќинства. Со некои едноставни чекори во нашите домови, и внимание на
количеството на вода кое го трошиме ние можеме да помогнеме во спречувањето на
овие проблеми и намалување на трошоците за изградба на дополнителни објекти за
пречистителни станици на водата.

-Не го исфрлувајте употребеното моторно масло- искористеното моторно масло


треба да се рециклира или да се отстрани на тој начин што нема да ја загади животната
средина. Дури и многу мала количина на истурено моторно масло може да контаминира
огромна количина на вода за пиење. Искористеното масло треба да биде предадено на
некој соодветна институција која со истото ќе се справи на соодветен начин. Секоја
општина е одговорна за справување и безбедно отстранување на маслото.

-Токсичниот отпад од домаќинствата треба да биде безбедно отстранет- многу


од средствата за чистење во домаќинствата, средствата за дезинфекција, пестицидите и
др. материи содржат хазардни состојки. Фрлањето на овие средства во корпите за ѓубре,
или пак на некоја депонија, може да придонесе за загадување на површинските,
подземните води и почвата

-Штедење на енергија- ова е нешто што може да го направи секој човек со цел да
го спречи загадувањето на земјата. Термоелектраните согоруваат јаглен, или пак нафта,
природен гас и др. при производството на електрична струја. Со согорувањето на
фосилните горива, се загадува воздухот, водите и почвата, а се смета дека
термоелектраните се главен причинител на глобалното затоплување со кое се соочуваме.
Доколку се произведува помало количество на енергија, респективно ќе имаме и помало
загадување на животната средина. Со штедењето на енергија, исто така се заштедуваат и
пари.

-Намалување на количината на отпад- депонијата каде што се фрла отпадот од


еден град е ограничен простор и изградбата на нова депонија, а притоа и зачувување на
водата, воздухот и почвата од загадување е навистина скапо. Но луѓето, создаваат се
поголема количина на отпад. Треба да се обидиме, наместо да фрламе разни предмети,
истите да ги подложиме на повторна употреба. Треба да се ориентираме кон материјали
што се рециклираат, како стакло, пластика, алуминиум и хартија, а со тоа дозволуваат и
нивна повторна употреба.

3
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Секоја општина треба да ги едуцира луѓето да се ориентираат кон спречување на


загадувањето на животната средина. Доколку секој од нас на свој начин придонесува да се
намали загадувањето, сите ќе живееме во почиста животна средина.

Во овој труд ќе бидат претставени некои можности со цел наоѓање на соодветни


решенија за еколошките проблеми поврзани со:

Вода за пиење

Отпадни води

Цврст отпад

Опасен отпад

Загадување од недефинирани извори

Подземни складишни резервоари

1.3. Евалуација на трошоци за технологија и управување со еколошки решенија


во мали општини

За да се изврши евалуација на трошоците за можните решенија, треба да се земат во


предвид некои фактори, и тоа:

1. Трошоци по примерок
2. Капитални трошоци (трошоци за изградба на нови потребни објекти, или пак
надрадување на постојните објекти и опрема)
3. Просечни оперативни трошоци (трошоците за одржување на опремата и
објектите)

1.4.Избор на соодветни и применливи решенија

Откако ќе се состави листа на можни генерички опции за клучните прашања за


животната средина, со кои се соочува општината, потребно е елиминирање на оние опции
кои не се можни и изводливи. Најпрво се елиминираат оние опции што не би можеле да
функционираат поради специфични фактори во некоја општина. Овие фактори
вклучуваат:

Густина на населението
Оддалеченост од важни населени места
Достапност на вода и карактеристики на земјиштето
Квалитет, квантитет и хемиски состав на достапната вода
Геологија и типови на почвата

4
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

И покрај тоа што решенијата кои се опишани во овој труд се сметаат за соодветни за
мали општини, локалните услови може да ја оневозможат нивната примена во одредени
околности. Исто така оние опции, кои се многу скапи и некоја заедница не е во можност
да си ги дозволи треба да се елиминираат. Во однос на економските можности, заедниците
можат да добијат одредени грантови, како и кредити со ниски каматни стапки, за да бидат
во можност да платат одредени решенија. Треба да се елимираат и опциите кои се сметаат
како премногу коплексни за одредена општина во однос на технолошки или
административен план. Меѓутоа треба да се има во предвид, дека секоја општина може да
формира партнерство со некоја друга општина, со цел да се овозможи користење на некои
технологии, кои се многу комплексни и општината не може да ги оствари самостојно.

Доколку општината се одлучи да примени некоја од дадените опции, треба да биде


сигурна што точно ќе се постигне со тоа решение и дали истото може да создаде нови
проблеми. На пример доколку некоја општина се снабдува со корозивна вода за пиење,
тоа само по себе предизвикува пречистителната станица станица да ги надминува
границите за испуштање на олово и бакар, може да се разгледа опцијата за додавање на
фосфат во водата со цел да се инхибира корозивноста на водата.

Исто така треба да се има во превид дека може да се користи комбинација на повеќе
решенија со цел да се реши некој проблем. Различни опции можат да се надополнуваат
или да се користат за справување со различни аспекти на проблемот.

Откако ќе се елиминираат невозможните решенија, веќе се добива листа на


можности кои се изводливи за општината, со приближна идеја колку истите би чинеле и
што со нив може да се постигне.

1.5. Проверка на карактеристиките на почвата и подземните води

Со цел да се утврди дали одредени технолошки опции се возможни, од особена


важност е да се проверат карактеристиките на почвата и подземните води во општината.
На пример, почвени услови како, карпести предели и сл. бараат посебни системи за
третман отпадни води. На подземните води пак особено влијание имаат одредени депонии
(доколку ги има во близина), подземни резервоари и разни потенцијално загадувачки
индустриски/стопански дејности.

5
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

2. Вода за пиење
Секоја општина треба да има соодветен довод на чиста вода за пиење. Можностите
во врска со водата се класифицираат во две категории, и тоа во однос на: квалитет
(заштита на изворот и третман) и квантитет (конзервација, откривање на загубите и
наоѓање на нови извори за вода за пиење). Во понатамошниот текст ќе бидат објаснети
сите поодделно.

2.1. Заштита на изворот

Околу 95% од руралните општини ги користат подземните води како извор на вода
за пиење. Најдобар начин да се заштитат подземните води е wellhead програмата за
заштита. Оваа програма има за цел да ја заштитува површината преку која водата
навлегува под земјата, и всушност го создава доводот на вода за општината. За општини
кои ги користат подземните води како извор на вода за пиење, wellhead програмата за
заштита, ја минимизира контаминацијата на овој вреден ресурс.

Слично на претходното, доколку општината користи површинска вода како довод на


вода за пиење, истата може да ја заштити преку watershed програмата за заштита. Преку
оваа програма општината може да ја заштити површинската вода за пиење преку
ограничувањето на загадувањето на околината.

Двете програми за заштита на изворот на водата за пиење, се форми на спречување


на загадувањето, кои можат дирекно да влијаат на општината. Овие програми вклучуваат:

1. Формирање на тим за изработка на план


2. Скица на изворот за довод на вода
3. Идентификација на потенцијални загадувачи на изворот за довод на вода
4. Управување со областа, со цел спречување на полутантите да го загадат изворот
за довод на вода
5. Разгледување на програмата за заштита на изворот на вода и развивање на план за
непредвидено алтернативно снабдување со вода

Овие програми за заштита на изворот за довод на вода, можат да им помогнат на


општините да избегнат дополнителни трошоци како поставување на пречистителна
станица, чистење на изворот или пак пронаоѓање на нови извори на вода, кои се далеку
поскапи од превентивните мерки.

2.2. Технологии за прочистување на водата за пиење

Водата која се користи за пиење мора да се третира на различни начини за да се


заштити здравјето на луѓето. Технологиите за прочистување на водите се различни во
зависност од тоа, дали станува збор за прочистување на површински или подземни води.
Генерално технологиите за прочистување на водата опфаќаат: дезинфекција, хемиско

6
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

третирање (органско и неорганско отстранување) и филтрирање. Процесот на филтрација


најчесто се користи при третирање на површински води, иако постојат случаеви кога
истиот се користи и за пречистување на подземните води. Во Табела 1 се објаснети некои
од предностите и недостатоците на технологиите за прочистување на водите.

Дезинфекцијата на водата ги уништува патогените микроорганизми во водата


(вирусите, бактериите и некои паразити). Дезинфекцијата на водата најчесто се изведува
со хлорирање, односно додавање на хлорен гас или хипохлорид во водата. Отстранување
на органските загадувачи (како пестициди и некои растворувачи) и отстранувањето на
неоргански загадувачи (како нитрати и олово) се врши само доколку нивото на овие
загадувачи во водата е такво да би биле штетни за човековото здравје. Најпогодни
технологии за хемиско третирање на водата се аерација и прочистување со активен
грануларен јаглерод. Филтрацијата отстранува цврсти честички од водата, со поминување
на водата низ филтри од песок или други порозни материјали.

Технологии за прочистување на водата за пиење

Технологија Предности Недостатоци Трошоци


Дезинфекција Хлорирање -Економично -Хлорот може Ниски
-Лесно за да реагира со капитални
примена некои соедине- трошоци
нија и да созда-
ва штетни нус-
продукти
Ултра- -Лесно за -Мора да се Средни
виолетово примена и користи и капитални
зрачење одржување секундарно трошоци
-Не создава дезинфекционо
токсични нус- средство (хлор)
продукти
Спречување на Варовник -Лесен за -Ограничена Средни
корозија примена употреба капитални
-Најдобар за доколку водата трошоци
закиселени води е многу тврда,
кај води со
висока концен-
трација на
железо и висока
концентрација
на СО2
Аерација -Лесна примена -Високи
-Без хемикалии трошоци за
-Високо ниво на енергија
ефикасност кај
вода со висока

7
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

концентрација
на СО2
Хемиско -Економично -Високи Ниски
додавање -Можност за оперативни капитални
контрола на трошоци трошоци
концентрацијата
на олово и
бакар во водата
Органско Активен -Ниски -Потенцијални Високи
отстранување: грануларен енергетски проблеми за капитални
Радон и јаглерод потреби отстранување трошоци
органски на отпадот
хемикалии -Високо
(како бензен, трошоци
јаглерод
тетрахлорид)
Компактна -Висок степен -Потребен е Високи
аерација на ефикасност претходен капитални
при отстрану- третман за трошоци
вање на отстранување
испарливи на тврдите
супстанции материи
Дифузна -Едноставна -Променлива Средни
аерација конструкција ефективност на капитални
отсранување трошоци
Мултипна -Едноставна -Променлива Средни
аерација конструкција ефективност на капитални
-Ниски отсранување трошоци
енергетски -Потребен
потреби претходен трет-
ман за отстра-
нување на
железото и ман-
ганот и спречу-
вање на био-
лошкиот раст
Неорганско Коагулација -Отстранува -Високи Високи
отстранување некои органски трошоци капитални
(кадмиум, материи, -Отстранува трошоци
хром, арсен и бактерии, само мала коли-
олово) паразити и чина на азот,
суспендирани нитрити,
материи радиум и
бариум
Реверзибилна -Многу висока -Високи Високи
осмоза и ефикасност на капитални и капитални и

8
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

мембрански отстранување оперативни оперативни


системи -Едноставно трошоци трошоци
ракување -Потребен пред-
-Бактериите и третман
колоидните
честички се
исто така
отстранети
Неорганско Јонска размена -Најдобар избор -Потребни се Високи
отстранување: за отстранување повеќе третмани капитални и
бариум, ради- на радионукли- за отстранување оперативни
ум, кадмиум, ди на сите трошоци
олово, хром, загадувачи
нитрати, нит-
рити, селен и
радиохуклиди
Филтрација Бавни песочни -Екомонични -Потребни се Високи
филтри -Едноставна посебни видови капитални
примена на песок трошоци
-Не се потребни
хемикалии
-Минимални
енергетски
потреби
-Висока
ефективност
при отстрану-
вање на патоге-
ни организми
Двојни или -Се користат со -Овој вид на Средни
комбинирани пред-третман на прочистување капитални
филтри таложење или најчесто не е трошоци
коагулација соодветен за
мали општини
Табела 1: Технологии за прочистување на водата за пиење

2.3. Можности за реконструирање на водоводниот систем

Секоја општина се труди да им овозможи на своите жители најдобра можна услуга


по најниска цена. Кај многу мали општини се покажа дека тоа може да се постигне со
реконструирање на нивниот водоводен систем. Реконструирањето се однесува на
соспственичката структура, управувањето или воведување на нова технологија со која ќе
се овозможи подобрување на услугата и/или намалување на трошоците.

Постојат голем број на можности кои им се достапни на малите заедници. На пример


општината може да се приклучи на системот за водоснабдување на соседната општина и

9
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

да формира мрежа за „взаемна помош„. Преку оваа мрежа, општините можат да ги


поделат трошоците за скапата опрема и останатите ресурси. Друга можност за
реконструирање претставува склучувањето на договор за одржување на водоводниот
систем. Овој договор се однесува на фирмите или организациите кои ќе бидат ангажирани
да се справат со некои/или сите аспекти на работењето и управувањето со водоводниот
систем во општината. Со овој договор, креирањето на политиките, финансиските одлуки
како и контролата за одржувањето на водоводниот систем остануваат на локалната
самоуправа.

3. Квантитет на водата за пиење

10
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

3.1. Конзервација на водата

Со многу мал напор луѓето можат да придонесат во намалувањето на количеството


на вода кое го користат. На пример намалувањето на протокот на тушот во тоалетот, или
пак запирање на течењето на вода при миењето на забите. Програмата за конзервација на
водата, може да се состои од најразлични методи, како спроведување на јавна едукација,
воведување на финансиски стимуланси и сл. Една моќна и доста користена алатка за
конзервација на водата е зголемување на цената за литар вода, особено на оние корисници
кои користат енормни количества вода. Со тоа ќе се поттикнат луѓето да користат што
помалку вода, со тоа што ќе заштедат и пари.

3.2. Откривање на протекувања во системот

Со пронаоѓањето и спречувањето на протекувањата, може да се заштеди голема


количина на вода. Откривање на протекувања во системот се врши на тој начин што се
споредува вкупното количество на вода со количеството на вода која стигнала до
потрошувачите. Доколку вкупното количество на вода кое стигнало до потрошувачите е
помало од 85% од количеството на вода кое се пуштило во системот, треба да се спроведе
испитување на системот со цел да се откријат протекувањата и загубата на вода.
Дитрибуционите цевки, капацитетите за прочистување и третирање на водата можат да
бидат извор на протекување на водата. Пронаоѓањето на протекувања во системот, често е
проследено со потешкотии, а е и доста скапо.

3.3. Пронаоѓање на нов извор за снабдување со вода

Освен во заедници каде се врши конзервација на водата, се пронаоѓаат и се


спречуваат протекувањата во системот, водата се рециклира и повторно се употребува, а
воведени се и финансиски стимуланси, можеби не е потребно пронаоѓање на нов извор за
снабдување со вода. Меѓутоа, доколку се очекува зголемување на побарувачката на вода
за пиење, сепак пронаоѓање на нова понуда т.е. на нов извор за снабдување со вода може
да биде неопходно. Ова може да биде добра долгорочна алтернатива, доколку се најде
релативно чист извор на вода кој се наоѓа блику до општината. Меѓутоа треба да се има во
предвид дека со зголемувањето на понудата со вода ќе се зголеми и цената на водата за
пиење, а тоа ќе влијае и на трошоците за управувањето со отпадните води.

4. Отпадни води

11
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Отпадните води од домаќинствата треба да бидат правилно третирани, со цел да се


избегне појава на одредени здравствени проблеми кај луѓето. Во малите општини најчесто
користени системи за справување со отпадните води се: конвенционалните системи,
кластер системите и централизирани системи. Најчесто, потребно е користење на
комбинација од овие системи, и тоа: конвенционалните системи за пооддалечените
области во општината, кластер системите за малите станбени субдивизии и
централизирани системи во погусто населените предели.

4.1. Конвенционални системи

Овие системи се многу вообичаени во мали заедници каде домаќинствата се


пооддалечени едни од други. Овие септички системи содржат резервоар кој ги задржува
цврстите отпадни материи и филтер каде понатаму оди отпадната вода. Во филтерот, се
одвиваат природни процеси на прочистување на отпадните води.

Достапни се голем број на алтернативни конвенционални системи, со цел


приспособување на различни почвени услови. Изборот на соодветен систем, зависи од
повеќе фактори како: пермеабилноста на почвата, од тоа колку е високо нивото на водата
итн. Несоодветно избрани, дизајнирани и неодржувани системи, може да доведат до
појава на басени со загадена вода. Овие басени претставуваат опасност за здравјето на
човекот. Поради тоа што одржувањето на овие системи е единствен параметар кој може да
се контролира, се препорачува програма на периодична контрола и/или испумпување.
Овој пристап, комбиниран со едукација на јавноста може до некој степен да овозможи
ставање на соодветни конвенционални системи, а é и најлесен за спроведување. Поправка
или замена на системот треба да се изврши од страна на професионалци со одобрение од
локалната самоуправа, со оглед на изложеноста на третирани отпадни води кои содржат
водород сулфид, гас кој е штетен по здравјето на човекот.

Иако некои поединци имаат сопствени септички системи, заедницата треба за


превземе некои мерки со цел ефективно управување со тие системи:

Периодична контрола на системот и испумпување


Периодично обновување на дозволата за работа, со што ќе се обезбеди
соодветно одржување на системот
Сопственикот мора да побара дозвола од локалната самоуправа доколку
сака да врши некои поправки или пак замена на системот

4.2. Кластер системи

Во некои општини конвенционалните системи се непогодни, затоа што не се


соодветни за почвените услови или пак поради некои други причини. Во оваа ситуација
може да се постават кластер системите. Овие системи вообичаено се поевтина алтернатива
од конвенционалните системи, за собирање на отпадните води од домаќинствата во

12
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

заедницата, и на сигурен и евтин начин ги транспортираат до депонија. Овој тип на


системи е погоден за населби со над 100 домаќинства, меѓутоа често се користи и за помал
број на домови. Неколку типови на алтернативни канализациони системи може да се
користат за собирање и транспорт на отпадни води од домовите до депониите или пак до
станици за пречистување. (Опис во табела 2).

Како и за секој друг систем, одржувањето на кластер системите е од суштинско


значење за да се обезбеди сигурна работа на истиоте. Меѓутоа во споредба со
конвенционалните системи, кластер системите бараат минимално одржување.

Алтернативни канализациони системи


Вид на Опис Примена Предности Недостатоци Трошоци
системот
Гравитациони Септичка јама Соодвет- -се поставува-Секој Ниски
канализацио- во секоја куќа, на за плитко во објект има капитални
ни системи со обично области земјиштето, потреба од и опера-
мал дијаметар проследена со со: често може септичка тивни
мал дијамер, -ниска да се следат јама трошоци
може да се густина контурите на -Потребно е
постави плитко на земјиштето испумпува-
во почвата. населе- -Ниско ниво ње или
нието на инфилт- отстрану-
рација на вање на
подземните септичкиот
води и отпад на
атмосферска- одреден
та вида временски
период
Притисни Септичките Соодвет- -Нема -Високи Високи
канализацион јами со пумпа на за инфилтрација оперативни оператив-
и системи со за отпадна области на подземни- трошоци и ни и
мал дијаметар вода, ја со: те или атмо- трошоци за капитални
-Септички спроведуваат -ниска сферската одржување трошоци
јами со пумпа отпадната вода густина вода -Потребно е
за отпадни во објект за на -Може да се испумпува-
води, и понатамошен населе- изградат ње или
-Септички третман. нието околу згради отстранува-
јами со пумпа Додека и дрвја ње на
за дробење на септичките септичкиот
цврсти јами со пумпа отпад на
честички за дробење на одреден
цврстите временски
честички, ги период кај
„мелат„ честич септичките
ките во јами со

13
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

отпадната пумпа за
вода, а потоа и отпадни
ги транспор- води
тираат водата и
честичките до
објектот за
третман.
„Вакум„ канал Отпадните Соодвет- -Единствена -Потребно Ниски
изацио-нен води се на за централна одржување капитални
систем собираат во области врска за -Потребен трошоци
канал и преку со: снабдување минимален Средни
вентил се -Пого- со енергија број на оперативни
внесуваат во лема -Не се домови е 50 трошоци
канализацијата густина потребни за една
. Отпадните на септички вакум
води се населе- јами станица
внесуваат нието -Мала
преку цевки со -Рамен веројатност
мал дијаметар терен за проблеми
во централна со миризба и
вакумска корозија
пумпа, при што -Минимална
се испумпуваат инфилтрација
во канализаци- на подземни-
јата или пак во те и атмо-
објектот за сферската
понатамошен вода
третман. -Се поставу-
ваат на мала
длабочина во
земјата
Табела 2: Алтернативни канализациони системи

4.3. Централизирани системи

Овие системи најчесто се користат во густо населени области, затоа што во овој
случај потребни се повеќе кластер системи, а пак конвенционалните системи се
непрактични. (Конструирање на конвенционални системи речиси никогаш не е практично,
особено во мали заедници, поради високата цена.) Многу видови на технологии се
достапни за третирање на отпадни води при употреба на централизиран систем.
(Прикажани во табела 3). Најчесто се користат технологии поврзани со природните
процеси на почвата и веѓетацијата. Отпадните води треба да се третираат (обично со
седиментација) пред примената на земјиштето.

Третман на отпадни води со централизирани системи

14
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Технологија Опис Предности/Недостатоци Трошоци


Испуштање на Третираните -Можност за Ниски оперативни
отпадни води врз отпадни води се загадување со нитрити трошоци
земјена површина: испуштаат врз на подземните води Средни капитални
-Ниска стапка на веѓетациони почви, -Освен за сувоземното трошоци
инфилтрација песочни предели испуштање, за
-Брза стапка на или тревни останатите испуштања
инфилтрација површини. Со на отпадни води не е
-Сувоземно помош на природ- потребна дозвола
испуштање на ните процеси се
отпадни води пречистуваат овие
-Инфилтрациони третирани води.
системи за
подземни отпадни
води
Вештачки Третираните води -Вештачки создадените Ниски капитални и
мочуришта се испуштаат во мочуришта зафаќаат оперативни
-Површински вештачки создаде- голема површина. трошоци
проток ни мочуришта. -Ниски потреби за
-Длабок проток Водите се пречис- енергија
туваат по природен
пат.
Филтри Се прши процеду- -Процесот е осетлив на Средни капитални
вање на отпадните ниски температури и оперативни
води низ филтри со -Недоволно ефективно трошоци
што истите се отстранување на
прочистуваат од токсични метали
бактерии. -Генерирање на голема
Бактериите количина на талог
остануваат како -Високи енергетски
талог на филтерот. потреби
Оксидациони Отпадните води -Потребно одржување Средни капитални
канали механички се - Генерирање на голема трошоци
пречистуваат со количина на талог Високи оперативни
присуство на трошоци
зголемена количина
на кислород.
Бавни песочни Отпадните води се -Сигурен, високо- Средни капитални
филтри: филтрираат низ квалитетен третман трошоци
-Рециркулирачки песочниот филтер -Рециркулирачките Високи оперативни
-Наизменични при што се песочни филтри трошоци
прочистуваат. отстрануваат околу 50%
од азотот
Табела 3: Третман на отпадни води со централизирани системи
5. Цврст отпад

15
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Најдобриот пристап кон решавање на проблемот со цврстиот отпад во заедницата, е


користење на комбинација на техники и методи за управување со комунален отпад.
Интегрираниот систем е дизајниран да одговори на проблемот со локалниот цврст отпад, а
неговото функционирање се базира на локалните ресурси, економијата и влијанието врз
животната средина.

За елиминирање на создадените потешкотии и преземањето на мерки за спречување


на натамошните проблеми, мора да го имаме во предвид количеството, составот и
квалитетот на отпадните материи, што претставува основа за поставување на задачите
насочени кон отстранување на загадувачкото дејство врз животната средина. Главна цел
на поставените задачи е создавањето на предуслови за формирање на што е можно помала
количина на отпадни материи. При неминовно формирање на отпаден материјал тој мора
да се подложи на рециклажа, додека неупотребливите отпадоци треба да се
неутрализираат до таа мерка што тие ќе бидат безопасни за животната средина.

Во крајни случаи како корисни методи во решавањето на проблемите со отпадните


материи кои се најнеекономични и најнеповолни се спалување и депонирање на
отпадоците.

За малите заедници, регионалната соработка во управувањето со цврстиот отпад


нуди неколку предности. Заедниците можат да се соединат и да ги делат ресурсите
потребни да се промовираат техниките и методите за намалување на отпадот,
рециклирањето и компостирањето.

5.1. Мерки и методи во решавањето на проблемите со отпадот: Воведување


на безотпадни технологии, рециклирање, компостирање

Тргнувајќи од фактот дека различните видови отпадоци претставуваат сеуште


корисни материи кои располагаат со материјални супстанци и енергетски потенцијал, со
нивното организирано собирање, ракување и повторно искористување, може да се најде
економски интерес, а од друга страна здрава и чиста животна средина.

За постигнување на таа цел, покрај воведувањето на безотпадни технологии, мора да


се настојува во што е можно поголем обем на повеќекратна употреба на производите како:

Повторна употреба на пластични кеси


Повторна употреба на стаклена амбалажа
Избегнување на производи за еднократна употреба

Со цел да се намали количината на отпадот, општината може да воведе стратегија,


секој жител да плаќа онолку колку што ке фрла отпад, односно со помала количина на
фрлен отпад неговите трошоци ќе се намалат, а дефинитивно ќе биде намалена и
количината на ѓубре. Над 1000 мали општини во светот го имаат усвоено овој вид на

16
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

стратегија во врска со отпадот. Меѓутоа на повеќе локации каде што оваа стратегија беше
иницирана, се зголеми количината на незаконско фрлање на цврст отпад.

5.2. Рециклирање

Рециклирањето на отпадните материи како секундарни суровински материи е


најлесно и најекономично истото да се врши во претпријатијата каде што се формираат
овие материи, имајќи ги во предвид олеснителните околности во сепарирањето на
одделните отпадоци и помалите трошоци кои се јавуваат при нивното ракување. Меѓутоа
кога се работи за ракување со комуналните отпадоци, односно т.н. градско ѓубре,
проблемот е доста покомплициран имајќи ја предвид разновидноста на податоците во
физички и хемиски поглед.

За повторно искористување на комуналното ѓубре потребна е многу поголема и


поефикасна организираност и соработка помеѓу државните институции, заинтересираните
фирми и домаќинства, каде сите субјекти ќе можат да ја согледаат својата должност,
одговорност, а ќе најдат сопствен и заеднички интерес. Иако отпадните материи не
секогаш можат да се искористат за добивање на исти производи или суровини, тоа не
значи дека тие се безвредни и не можат да се искористат за други корисни цели.
Генерално материјали кои се рециклираат се:

Алуминиумски лименки
Стаклени шишиња
Некои пластични шишиња
Весници и магазини
Метали

Рециклирањето само по себе нема да го реши проблемот со цврстиот отпад, меѓутоа


може значително да го намали отпадот кој се фрла во депониите. Се смета дека во
заедница од 1000 луѓе, рециклирањето на претходно наведените материјали, ќе го намали
отпадот кој се исфрла на депониите за 5%.

Опции за рециклирање во мали општини


Опис Предности/Недостатоци
Регионални објекти Материјалите кои се -Практично во подрачја со
рециклираат се собираат во мал број на жители
регионален центар за
рециклирање.
Индивидуални Рециклирањето се врши -Ниски трошоци за опрема
рециклирачки операции преку приватни субјекти, за собирањето на
како што се претпријатија за рециклирачките материјали
управување со отпад. -Селективност во однос на
материјалите за
рециклирање (некои

17
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

материјали не може да бидат


прифатени).
Јавни рециклирачки Овие програми најчето се -Зголемено учество на
кампањи организирани од изведуваат во соработка со јавноста
волонтерски организации локалната самоуправа, која -Зголемена свест кај луѓето
може да учествува во
кампањите преку донирање
на опрема, кадри и објекти.
Табела 4: Опции за рециклирање во мали општини

5.3. Компостирање

Компостирањето е од многу одамна позната, корисна, биотермичка метода на


преобразување на органските материи до состојба кога тие ќе бидат безопасни за човекот
од здравствен аспект и пошироко за животната средина, а од друга страна се добива
корисна хумусна материја која претставува одлично ѓубриво за градинарските и
хортикултурните растенија. Биотермичкиот метод се заснова на способноста на
органските отпадоци за самозагревање како резултат на активноста на некои видови
термофилни микроорганизми. Топлината која се ослободува при аеробното разградување
има дезинфекциско дејство, па на тој начин од органските материи кои се подложуваат на
компостирање се елиминираат опасностите од пренесување на заразни болести, а се
отстранува и непријатната миризба која може да резултира од гниењето.

5.4. Собирање и транспорт на цврстиот отпад

Собирањето на цврстиот отпад е често најскапиот дел од целата операција на


справување со отпадот. Ефективноста на системот за собирање на отпад, може да заштеди
значителна сума на пари на заедницата. Во табела 5 се опишани предностите и
недостатоците на системите за собирање на отпад. Собраниот цврст отпад се носи во
станицата за претовар. Претоварните станици се централизирани објекти каде што
отпадот се носи од повеќе мали возила, се товара во големо возило и се носи во објекти за
рециклирање. Поради високите капитални и оперативни трошоци, сепак, треба да се
изврши внимателна проценка на трошоците и придобивките и евалуација на употребата на
претоварната станица. Со заедничко користење на претоварната станица на регионално
ниво, трошоците на секоја заедница ќе се намалат.

Алтернативни системи за собирање на отпад


Систем Опис Предности Недостатоци
Директен Отпадот се -Соодветен е за -Може да биде
транспорт пренесува директно области со помал непогоден за
од жителите па до број на жители жителите
објектите за -Ниски трошоци -Тешкотии при
претовар или контролирање на
рециклирање сепарација на

18
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

отпадот
Поставување на Челични контејтери -Помал сообраќаен -Комплицарана
т.н. „Зелени корпи„ се поставени низ метеж во близина на сепарација на
целата општина, а депониите во отпадот
жителите мора да го споредба со -Повисоки трошоци
фрлаат отпадот во директниот во споредба со
нив. Додека транспорт директниот
комуналното возило -Намалено ниво на транспорт на
го пак, го собира нелегално отпадот
отпадот од корпите исфрлување на
отпадот во споредба
со директниот
транспорт
Собирање на отпад Жителите го -Нема капитални -Трошоци во врска
„Поштенско оставаат својот трошоци за набавка со потребите на
сандаче„ отпад во близина на на корпи и возилото кое го
нивните поштенски контејнери собира отпадот
сандачиња, од каде -Се минимизира
истиот се собира незаконското
фрлање
Табела 5: Алтернативни системи за собирање на отпад

5.5. Депонирање и палење на цврстиот отпад

Најчести методи за управување со цврстиот отпад се депонирање и палење.


Депонирањето на отпадот вклучува исфрлување на истиот, на некоја површина, а потоа
покривање на истиот со земја (или други алтернативни материјали). Законските акти,
вклучуваат многу конкретни барања во врска со изборот на депониите, вклучувајќи ги и
оние со кои се бара на дното на депонијата да се постават повеќе слоеви на непропустлив
материјал (синтетички или природен), со цел да се спречи загадувањето на подземните
води, од дождовната вода која поминува низ депонијата.

Палењето на отпадните материи (како хартија и пластични маси) се изведува во


големи специјално дизајнирани печки. Со палењето, цврстиот отпат е сведен на пепел, кој
потоа се отстранува, најчесто во депонија. Со горењето на отпадот може да се генерира
енергија како нус-продукт.

Регионалните депонии и палењето на отпадните материи, може да обезбедат


практични и ефективни решенија за неколку мали општини. Капиталните и оперативните
трошоци се намалуваат, со тоа што се делат помеѓу неколку заедници.

6. Опасен отпад

19
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Несоодветното депонирање на опасниот отпад од домаќинствата, како искористено


масло, може да има несогледливи еколошки последици, особено по резервите на вода за
пиење. Голем број на општини воведоа програми со кои се собира искористеното моторно
масло, и се рециклира, или пак безбедно се депонира со цел да се спречи загадувањето.

6.1. Програми за собирање на опасниот отпад од домаќинствата

Голем број на производи кои се употребуваат во домаќинствата содржат многу


опасни состојки (прикажани во табела 6). Се смета дека просечно домаќинство во САД,
произведува околу 20 кг опасен отпад на годишно ниво. Овој отпад представува ризик за
луѓето и животната средина, доколку истиот не се чува внимателно и не се отстрани
правилно. Програмите за собирање на опасниот отпад од домаќинствата, се од голема
корист за општините, во однос на намалувањето на ризикот по здравјето на луѓето, и
животната средина, кој произлегува од неправилното складирање и отстранување на
опасниот отпад од домаќинствата. Едукација на јавноста за правилно управување со
опасниот отпад е потребна, без разлика каква стратегија се користи. Едукацијата треба да
се фокусира на:

Како опасниот отпад генериран во домаќинствата придонесува на


загадувањето на околината
Кои производи содржат токсични состојки
Кои алтернативни производи содржат помала количина или воопшто не
содржат токсични состојки
Како да се намали количината на опасен отпад генериран во домаќинствата
Како правилно да се чуваат, да се одржуваат и да се отстрануваат производите
кои содржат токсични состојки

Потенцијално штетни состојки во производи кои се користат во домаќинствата


Производ Токсични состојки
Антифриз Метанол, етилен гликол
Киселина во автомобилските батерии Сулфурна киселина
(електролит)
Масло за мотори и метал Хлоро хидро карбонати, толуен, фенол,
дихлоро-перхлоро-етилен
Хидрауличен флуид Хидро карбонати, флуоро карбонати
Моторни масла, отпадни масла, бензин, Хидро карбонати
дизел гориво, керозин, нафта за греење
Детергенти за миење на автомобилите Алкил бензен сулфати
Асфалт и катран Хидро карбонати
Бои и лакови Тешки метали, толуен
Бои и разредувачи Метилен хлорид, толуен, ацетон, метанол
Ладилни средства 1,1,2 трихлоро-1,1,2, трифлуроетан
Препарати за чистење во домаќинството Гликол етери, изопропанол

20
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Препарати за чистење на одвод 1,1,1-трихлорометан


Средства за чистење на тоалет Ксилен, хлорирани феноли
Дезифекциони средства Крезол, тешки метали
Пестициди Нафталин, фосфор, ксилен, хлороформ,
тешки метали, хлорирани хидро карбонати
Фотохемикалии Феноли, содиум сулфит, цијанид, калиум
бромид
Печатење со мастило Тешки метали, фенол-формалдехид
Хлорирање на базени Содиум хипохлорид
Средства за чистење на накит Содиум цијанид
Козметика Тешки метали
Табела 6: Потенцијално штетни состојки во производи кои се користат во
домаќинствата

6.2. Недефинирани извори на загадување

Овој вид на загадување доаѓа од многу различни извори и се однесува на квалитетот


на површинските и подземните води. Особено претставува проблем кога влијае на водата
за пиење. Дури и водата која не се користи за пиење, може до тој степен да се деградира,
што повеќе не може да се користи ниту за пливање, риболов и други цели. Најважни
аспекти за контрола на загадувањето од недефинирани извори се:

Да се идентификува изворот на загадување


Развој на стратегии за управување и контрола на загадувањето од
недефинирани извори.
Едукација на населението за проблемите кои се појавуваат од недефинирани
извори на загадување и стратегии за нивно редуцирање

6.3. Идентификување на недефинираните извори на загадување

Многу различни активности и модели на користење на земјиштето претставуваат


секундарни извори на загадување. Најчесто недефинираните извори на загадување
претставуваат загадувачки материи, кои со дождовите, топењето на снегот се слеваат во
водените површини. Дождовите, снегот кој се топи можат да носат пестициди, ѓубрива и
други хемикалии од почвата, како и нафта и масло од автомобилите, при што влијаат на
квалитетот на површинските и подземните води.

Загадувањето на воздухот исто така придонесува за секундарно загадување на


водата. Имено полутантите кои се испуштени во воздухот, како кисели дождови доаѓаат и
ги загадуваат површинските и подземните води.

6.4. Стратегии за управување со загадувањето од недефинирани извори

21
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Постојат два практични начини за да се намали загадувањето од недефинираните


извори:

Намалување на загадувачки материи кои се испуштаат во воздухот и

Намалување на загадувачките материи со кои се третира почвата

Во општините најчести контаминанти кои придонесуваат за секундарно загадување


се пестициди и вештачки ѓубрива. Повеќето пестициди содржат токсични материи кои
може да ја загадат водата за пиење, и да предизвикаат изумирање на некои растителни и
животински популации. Ѓубривата може да предизвиваат зголемени количества на
нитрати во подземните води, како и екстремен раст на алги во површинските води.
Прекумерниот раст на алгите пак, го намалува количеството на кислород и светлина во
водата, што пак делува штетно на останатите популации во водата.

Примери за стратегиите кои се на располагање на општините, со цел намалување и


контрола на загадувањето од недефинирани извори се дадени во табела 7.

Стратегии за намалување и контрола на загадувањето од недефинирани извори


Стратегија Опис Предности Недостатоци
Заштитни зони Областите во -Водите кои се -Оваа стратегија
општините во однос потенцијално може да биде
на користењето на осетливи на неприфатлива за
земјиштето се загадување од жителите, затоа
поделени на зони и недефинирани извори што го ограничува
единици. Во области се директно користењето на
како мочуришта, заштитени. нивната почва
местата покрај реки -Користењето на
и езера, употребата земјиштето, при кое
на штетни материи не се загадува
како пестициди и сл. околината наполно се
е ограничена. поддржува, додека
практики за
користење на
земјиштето, при кои
се загадува околината
не се поттикнуваат
или во некои
случаеви наполно се
елиминирани
Аквизиција Потенцијално -Претставува -Високи трошоци
осетливи области, директна заштита на
или тампон зони водните тела
околу осетливи подложни на
области, се купени загадување од

22
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

од страна на недефинирани
општинските власти, извори.
со што потоа -Со оваа стратегија
општината има може да се постигнат
дирекна контрола на и други важни цели
активностите кои се како што се:
одвиваат во овие управување со
области, со цел поплави, создавање
намалување на на простор за
загадувањето од рекреација и заштита
недефинирани на еколошки важни
извори. области.
Даночни Жителите кои -Со оваа стратегија се
-Лимитирана е
поттикнувања обработуваат промовираат можноста за
земјиште каде еколошки корисни интервенција на
потенцијалното практики за локалната
загадување од користење на самоуправа
недефинирани земјиштето -Може да
извори е минимално( резултира со
како шумски намалување на
предели), плаќаат даночните приходи
пониска даночна во општината
стапка, во однос на -Жителите и покрај
обработката на она зголемените
земјиште каде даноци, можат да
потенцијалното обработуваат
загадување од земјиште каде
недефинирани потенцијалното
извори е големо. загадување од
недефинирани
извори има високо
ниво.
Табела 7: Стратегии за намалување и контрола на загадувањето од недефинирани
извори

6.5. Едукација на заедницата

Бидејќи стратегиите за управување со загадувањето од недефинирани извори, може


да влијаат на животната средина и жителите во заедницата, едукативните програми може
да бидат значително успешни. Пред луѓето да ги променат активностите кои го
зголемуваат загадувањето, треба да се свесни за тоа како некои нивни штетни практики
влијаат врз локалните подземни и површински води. Жителите исто така треба да бидат
едуцирани за тоа како најдобро да се намали загадувањето од недефинирани извори.
Едукацијата на жителите може да се изврши на неколку начини: користење на медиумите
за да се објаснат причините за зголемување на загадувањето од недефинирани извори;

23
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

формирање на комисија која ќе им дава совети на локалните жители за тоа како најдобро
да се намали загадувањето, а истовремено да се заштеди на време и пари; да се испечатат
памфлети кои содржат преглед на проблемите и можните решенија.

Едукативните програми се многу популарни и ефикасни. Голем број на општини во


светот користат едукативни програми за поттикнување на активности со кои би се
намалило загадувањето. Луѓето се спремни да помогнат, откако тие се добро
информирани за причините и последиците.

7. Подземни складишни резервоари

24
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Голем број на општини ширум светот депонираат нафта и нафтени производи во


подземни резервоари. На 80% од подземните резервоари во малите заедници се направени
од незаштитен челик, и содржината која се наоѓа во овие резервоари, би можела да
протече, после десетина години под земјата. Протекувањето од овие резервоари
претставува голема закана за подземните води. Во 1992-та година во САД, се случи вакво
излевање на подземен резервоар, при што трошоците за санинирање на штетите, само за
почвата изнесуваа околу 100.000$. Доколку пак се загадени и подземните води, трошоците
за нивно пречистување би се движеле од 100.000$-1 милион долари, во зависност од
степенот на загадувањето.

Секоја општина треба да состави листа на постојните и напуштените подземни


резервоари. Постојат две опции за намалување на потенцијалните ризици од излевање на
подземните резервоари:

Рекунструкција на постоечките подземни резервоари и монтажа на сите


потребни системи за заштита од истекување. Ова најчесто е многу скапа опција
(според студија во САД околу 30.000$), а резултатите не се секогаш 100% сигурни.

Затворање на постојните подземни резервоари. Трошоците за елимирање на


старите подземни резервоари не се толку високи во споредба со претходната (според
студија во САД околу 10.000$). Во табела 8 се прикажани повеќе можности за
затворање на постојните подземни резервоари. Користење на повеќе од една опција
истовремено е невозможно.

Можности за затворање на постојните подземни резервоари


Опција Опис Предности Недостатоци Трошоци
Категорија Опсег
Употреба на Зголемува- Доколку -Зависат од Трошоци за Зголемува-
комерцијал- ње на добавувачи- достапноста и дополнител- ње 0.05-
ни резерви користењето те се наоѓаат долгорочната на количина 0.20$ за
на нафтени на стабилност на на гориво секој
производи од прифатлива добавувачите купен
блиски оддалече- -Зголемување галон на
добавувачи ност, се на трошоците гориво
намалува за гориво
одговорност
а за иднина,
само со
малку
повисоки
трошоци.
Употреба на Употреба на Намалување -Трошоците Оперативни Зависат од
алтернативни алтернативн на загаду- за гориво трошоци за видот на

25
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

горива и горива вањето може да бидат конверзија алтернати


(како што значително в-ните
електрична- повисоки горива
та енергија -Варијабил-
или ност на
природен трошоците
гас) -Високи
трошоци за
конверзија
Регионали- Опција при -Има -Непрактич- Изградба на Утврдени
зација која неколку одредени но за ретко нов со големи-
општини предности населени централен ната и
користат при затвора- области резервоар и комплекс-
централно ње на -Можни оперативни носта на
лоциран подземните непријатности трошоци објектот
објект со резервоари поради
еден или -Општините оддалече-
повеќе ги делат тро- носта на
подземни шоците, како централ-ниот
резервоари и одговорно- на објект
ста
Надземни Конструкци- -Се -Ризик од Конструкци Се смета
резервоари ја на намалуваат опасна експ- -ја на дека
надземни ризиците за лозија пора- надземниот трошоците
резервоари животната ди протеку- резервоар варираат
за средина, вање на пареа од 20.000-
складирање поврзани со -Безбеднос- 50.000$
подземните ните праша-
складишни ња за оваа
резервоари опција, може
-Едноставно да резулти-
откривање раат со заб-
на протеку- рана за
вање и изградба во
санација некои области
Конструкци- Конструкци- Заштита од -Најскапа - 30.000-
ја на нов ја на нов истекување опција Оперативни 60.000$
подземен резервоар со -Нема 100% трошоци
резервоар цел поголема сигурност од-Трошоци за
ефикасност и протекување конструкциј
можност за а на новиот
контрола резервоар
Табела 8: Можности за затворање на постојните подземни резервоари

7.1. Проблеми со септички јами

26
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

Септичките системи претставуваат сериозен проблем во некои рурални општини,


предизвикувајќи зголемување колиформните микроорганизми во близина на приватни
басени за снабдување со вода. Некои септички системи се конструирани на места каде
што никогаш не може да загадат некои подземни води затоа што почвата е непропустлива.

После консултации со стручни лица, тимот за планирање и конструкција добива


мапи за видот на почвата во регионот. Проблемите со септичките јами произлегуваат,
токму доколку истите се конструираат на места каде почвата е несоодветна. Меѓутоа
постојат голем број на можности за да се овозможи употреба на септичките јами на
различни почвени услови. Така, онаму каде што не е можно функционирање на
конвенционалните септички јами, со поставување на некои додатоци (насипни системи),
може да се овозможи прилагодување на септичките јами во однос на почвените услови.
Одведување на отпадната вода од поголем број на домаќинства кои се наоѓаат на мала
оддалеченост, до канализационата мрежа или пречистителниот механизам (почвен
апсорпционен систем или песочен филтер) е изводливо меѓутоа доколку се работи
релативно мало растојание до пречистелниот механизам. Можноста за конвенционална
канализација или централизиран третман на отпадните води, за домаќинства кои се
наоѓаат на релативно поголема оддалеченост се отфрла бидејќи резултира со високи
трошоци.

Достапните можности се прикажани во наредната табела.

Применливи решенија за проблемите во руралните општини


Проблем Решение
Несоодвентен капацитет на системот за -Спроведување на целосна професионална
вода за пиење евалуција
-Надградба на постојниот капацитет
-Ископување на нови бунари во
заштитените области
-Замена на делови од дистрибуциониот
систем
-Спроведување на програмата за
водоснабдување (зачувување на водата,
едукација на населението)
Водата за пиење ги надминува -Надградба на опремата за хлорирање
дозволените вредности на колиформни -Имплементација на програмата за заштита
миркоорганизми на изворот на вода за пиење
Објектите за водоснабдување не ги -Утврдување и спроведување на сите
исполуваат барањата за мониторинг на барања за мониторинг
состојбата -Да се провери можноста за мониторинг на
некои контаминанти кои ги има во водата
Појава на високи нивоа на колиформни -Поставување на насипни системи
микроорганизми во приватни објекти за -Конструирање на системи за заедничко
снабдување со вода, кои се наоѓаат во одведување на отпадната вода

27
Начини за подобрување на еколошката слика во руралните општини

близина на септички јами


Користење на пестициди во близина на -Поставување на ограничување на видот и
изворот за вода за пиење количеството на пестициди кои се
применуваат во близина на изворот за
пиење на вода
-Поттикнување на земјоделците да го
ограничат користењето на опасни
хемикалии
„Стареење„ на подземните резервоари -Затворање на застарените резервоари
-Земање на нафтени производи од околните
комерцијални извори
-Замена на застарените резервоари
Слаби перформанси на пречистителната -Потребна е целосна професионална
станица евалуација на пречистителната станица
-Спроведување на програмата за
водоснабдување (зачувување на водата,
едукација на населението)
Проблеми со септичките јами -Поставување на насипни системи
-Конструирање на системи за заедничко
одведување на отпадната вода
Депонијата на соодвествува со барањата; -Конструирање на нова депонија која ги
речиси е преполна исполнува соодветните барања
-Имплементација на програмата за
намалување на отпадот
Загадување на површинските води од -Едукација на земјоделците, со цел
ѓубрива (нитрати, фосфати) намалување на употребата на штетни
ѓубрива
-Едукација на земјоделците за поефикасна
употреба на вештачки ѓубрива особено во
заштитната зона, покрај реки и езера
Опасен отпад кој се генерира во -Едукација на жителите како да се
домаќинствата (искористено масло), во справуваат со штетниот отпад
близина на подземни води -Собирање на искористената нафта од
локалната бензинска пумпа
Можна појава на азбест во училиштата -Спроведување на контрола во училиштата
Пронаоѓање на радон во домаќинствата -Да се утврди дали постои радон при
планирањето на просторот
-Докулку постои, спроведување на
едукативна програма за опасностите и како
луѓето да се заштитат
Табела 9: Применливи решенија за проблемите во руралните општини

28

You might also like