You are on page 1of 1

Развивање на вештини за редоследност - Активност со картички

Доколку сте во можност испечатете ги картичките и исечете ги. Ако не сте во можност да
ги испечатите, нацртајте ги и обојте ги заедно со децата, а може да користите и конкретни
предмети и дејствија. Дополнителни картички ќе бидат објавувани во коментарите под
видеото, но се разбира може да креирате и сопствени циклуси и рамки на настани и
дејства.

Картичките за совладување на редноследноста се многу добри за развивање на логичкото


размислување кај децата и за развивање на концептот за разбирање на пишан текст.

Значајно е вештината за редоследност да се развие кај децата поради тоа што:

- го збогатува вокабуларот
- ги развива вештините за опишување на настани и раскажување
- им помага на децата да научат да подредуваат настани и дејства
- им помага да научат да ги организираат своите мисли
- ги запознава со разни концепти (на пример, животен циклус, временска рамка и сл.)
- им помага да научат да ги предвидуваат рутинските промените
- им помага да ја научат употребата на редните броеви и сврзниците
- им помага во помнењето и следењето на упатствата

Употреба на картичките за учење на редоследност:

- Напишете броеви на задната страна од картичките.


- Претствете му го на детето концептот што ќе му го покажете, така што ќе му
ја покажете последната картичка од низата.
- Земете ги останатите картички и поставете ги редоследно.
- Потоа, објаснете му на детето што се случува во низата картички и
разговарајте за истата.
- Поставете ги бројките редоследно пред детето почнувајќи од еден.
- Предложете му да ги избори картичките (прва, втора итн) и да ја спои секоја
бројка со соодветната картичка.
- Измешајте ги картичките и предложете му на детето да ги постави
редоследно, притоа поставувајќи прашања (на пример, што ќе се случи следно,
што се случило претходно).
- Потоа, без да го коригирате детето замолете го да направи самопроценка, така
што ќе ги сврти картичките и според бројките ќе провери дали се поставени по
правилен редослед.
- Прашајте го/разговарајте што се случува на секоја картичка, а потоа
предложете му да ви раскаже за настанот/дејството без помош на картичките.

You might also like