You are on page 1of 5

ДНЕВНА ПОДГОТОВКА/Наставен План по предметот:

ЛИКОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Име и презиме на студентот Eмран Хоџа


Број на индекс 9324/16
Училиште ОУ“Хајан Селмани-Ростуше“
Одделение II-б
Датум на реализација 23. 06. 2020
Наставна содржина Видови форми
Наставна тема Фрома
Ликовно подрачје Ликовна техника и Мотив
ликовно технички
средства
-цртање со фломастер Цртање сообраќајни знаци
Цртање -лист од блок од фантазија

Наставни форми Наставни методи Наставни средства


-Фронтална форма на -Метод на усно -практични примери
работа излагање
-Индивидуална форма -Метод на разговор
на работа -Метод на игра
Метод на практична
работа
Корелација: со наставниот предмет Општество, математика

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА НАСТАВНАТА АКТИВНОСТ:

- Стекнување на знаења:
- Стекување на поимот форма, какви видови форми постојат
постојат.Усвојување на поимот форма, разбирање и примена на
ликовниот елемент форма.

Стекнување на вештини:
- Стекување на вештини во реализација на техниката и начинот на
работа со фломастер и нејзино усовршување.

-
-
- Стекнување на способности:
- Развивање на креативноста и фантазијата, поттикнување на
мисловните активности;
-Способност за дивергентно мислење.

- Воспитни цели:
- развој на имагинација,креативност,фантаија,да открива запознава и
почитува ликовно изразување, да практикува соработка со
сооучениците, да споделува мислење, комуницира.

АКТИВНОСТИ НА НАСТАВНИКОТ:

1. Воведни активности на наставникот ( емоционална


подготовка на учениците):
На самиот почеток од часот се преставувам и започнувам со неколку
прашања. Ги прашувам учениците како се,како се чувствуваат,како си
поминале за викендот.Дали очекуваат со нетрпение часот да биде воден
од моја страна и дали се спремни за работа.
Им налагам да се потестат што им кажав дека ќе работиме минатата
недела и дали воопшто се сеќаваат.
Исто така ги прашува што работеле со нивната наставничка
претходниот час.
Воедно на табла лепам неколку испринтани сообраќајни знаци и на
учениците ги прашувам дали во околината во која де движаат се
среќаваат со некакви табели, средства кои се повтруваат тоа го
надоврзувам со гатанка за сообраќајни знаци , така им ја најавувам
наставната содржина. Исто така поставувам неколку прашања : кога ќе
речам јас: Ако има знак за забаренто за велосипеди покажувајќи им на
примерот , јас треба да поминам? Учениците треба да одоворат дека не!
Или ако е забаренто за пешаци јас исто така треба да поминам?
Учениците треба да одговорат исто така не! А пак ако е слободно за
паркирање јас не треба да се паркиам? Учениците треба да кажат не,
смееш да се паркираш дозволено е! Итн.
Преку ова сметам дека учениците имаат познавање околку
сообраќајните знаци, дека тие се запознати со нив преку предметот
општество и знаат дека има повеќе видови сообраќајни знаци. И
прашувам што друго забележуваат на тие сообраќајни знаци?(различни
форми)
2. Активности за учење и поучување:

- Ликовна разработка:
Почнувам со конкретно дефинирање на поимот.
Ликовниот елемент форма- претставува надворешен односно
физички изглед на ликот. Формата може да биде: отворена,
затворена и перфорирана. Им нагласувам дека постојат различни
видови на форма. Со ова ја најавувам наставната содржина Видови
форми.
Видови: геометриски круг, тријаголник, квадрат и слободни форми
како лист, дрво, човек, маче.
Потоа ги прашувам какви форми воочиле на сообраќајните знаци
покажувајќи им на примерите од таблата, а исто така им нагласувам
дека различната форма има различно значење кај сообраќајните
знаци како формата триаголник кај сообраќајните знаци означува
опасност, формата круг ознучува забрана а формата квадрат
означува соопштение/известување.

- Упатства за реализација на ликовната техника:

- Кога треба да знапочнат со нивната работа им ги најавувам ликовните


технички средства: блок и прибор за цртање- фломастери.
- Го поставуваме листот на мазната страна од хартијата, и им давам
упатства дека треба да внимваат на тоа да не притискаат силно со
фломастерот, истата линија да не ја повторуваат многу пати при цртање
и да не мешаат многу бои. Им нагалсувам дека фломастерот не е алатка
која се брише со гума па затоа треба да вимаваат па затоа е најдобро
претходно формата да ја нацраат со молив, а потоа формата да се
повтори со фломастер.

- Мотивација:
- Откако ќе воочам колку учениците ги совалдуваат
сообраќајните знаци им ја покажувам целта на часот дека
сега тие ќе бидат креатори на сообраќајни знаци и тоа ќе го
прават по своја желба и интерес покажувајќи им мои
примери усно како: Внимание! Дожд од бонбони или
Внимание! Чудовиште на патот забрането за пешаци, или
Снег од брашно!Може да се загушиш, Продавница за слатки,
бираш слатки бесплатно и слично,па воедно ги прашувам
каква форма би требало да имаат овие знаци
-
3. Евалуациони активности на наставникот:
- Техники на следење и вреднување
Откако ќе се објасни ликовната техника цртање со фломастери и
ќе се разбере наставната содржина, учениците започуваат со
работа Додека учениците напорано ја извршуваат поставената
задачи, јас ги надгледувам индивидуално, ги прашувам дали е се
јасно и им помагам во случај ако има нешто нејасно, давам
доплинтелни насоки исто така ако е потребно и ги поттикувам да
ги довршат ликовните решенија.

- Активности на вреднување и следење


Ги прашувам учениците дали се при крај и кога задачата ќе биде
завршена, цртежеите ги истакувам на табла и барам од учениците
секој својот цртеж да го објасни,како дошол до таа идеа и ги
поттикнувам да проценат дали зададената задача е успешно решена,
дали ликовната техника е правилно резлизираана.
АКТИВНОСТИ НА УЧЕНИКОТ:

1.Воведни активности:
Очекувам учениците со нетрпение го очекуваат текот на част, да се
весели и спремни за работа. Позитивно да одговраат на поставените
прашања и внимателно ја следат мојата презетација.

2. Активности за учење:
Активно и внимателно ме следат во текот на часот, умеат да го
дефинираат поимот форма, да го објаснат и препознаваат ликовниот
елемент-форма, да го знаат начинот на неговото добивање, можностите
за примена, да го препознаваат ликовниот елемент во околината. Да
умеат да објаснат како правилно се користи ликовната техника. Да
умеат успешно да го реализираат своето решение во ликовниот
проблем тоа да биде креативно, без копирање на примерите од другите
ученици.

4. Евалуациони активности на ученикот:


Учениците сами проценуваат и искажуваат колку се задоволни од
реализацијата на часот одлучуваат дали мотивот и техниката се
соодветни и колку успешно ја реализирале задачата и колку научиле.

You might also like