You are on page 1of 11

Бонтон при јадење

Матеј Ѓерасмовски
Што е бонтон?

Однесувањето на масата, за време на ручек открива многу повеќе


од она што сакаме да покажеме. Преку манирите многу лесно ќе
забележите кои луѓе се добро воспитани и културни. За да ги
избегнете непријатните ситуации и да бидете категоризирани како
пристојни и префинети, неопходно е да ги знаете следните
правила.

16.9.23 Бонтон При Јадење 2


Поставување на масата 1
Ножот и лажицата се поставуваат од десната страна на
чинијата, а виљушката од левата. Дршките од приборот треба
да бидат свртени кон работ на масата.
Малите лажици и виљушки за десерт се наоѓаат над чинијата,
а нивната дршка треба да биде свртена кон десната рака.
Ако имате повеќе прибори покрај чинијата, секогаш користете
ги оние најоддалечените. Првиот пар е за предјадење и
салата, вториот за главното јадење, третиот за десерт.

16.9.23 Бонтон При Јадење 3


Поставување на масата 2
Чашите се поставуваат од десната страна на чинијата,
редоследно според консумирањето на пијалаците, од
десно кон лево.
Првата чаша во низата треба да е за бело вино и од неа
се пие за време на предјадењето или со риба. Ако со
предјадењето оди пиво, тогаш најпрво се поставува
чашата за пиво.
Втора се сервира чашата за црвено вино, која оди со
сирење, а трета се става чаша за слатко вино кое се
служи со колачот. На крај, се поставува чаша за вода.
16.9.23 Бонтон При Јадење 4
Примери
За правила кај нас и кај другите
држави
1.Во Јапонија, стапчињата за јадење не треба да ги боцкате во вашата храна. Тоа е затоа што
ова се прави само на погреби.

16.9.23 Бонтон При Јадење 6


2.Во Англија, позната по тоа што има „време за чај“, постојат
одредени работи кои не треба да ги правите за време на
„чајанка“. На пример,
правење врева со лажица при мешање на чајот или оставање
на лажичката внатре во
чашата.

16.9.23 Бонтон При Јадење 7


3.Во Тајланд за јадење се користат лажица и вилушка.
Виљушката се користи за сечење или послужување, а
лажицата за носење
на храната до устата.
Нема да има нож,
па ако треба да
исечете нешто,
можете да го
користите
работ на
вашата вилушка.

16.9.23 Бонтон При Јадење 8


Правило за оставање на ножот и
вилушката

16.9.23 Бонтон При Јадење 9


Бонтон додека седите на маса
Кога ќе седнете, земете ја салветата и ставете ја во скут
за да ја заштитите облеката. Салветата може да ја
користите за бришење на рацете и устата, а по
завршувањето ставете ја од левата страна на чинијата.
Исклучете го мобилниот телефон или барем ставете го
на вибрации. Ако баш мора да одговорите, извинете се,
станете и разговарајте во друга соба.

16.9.23 Бонтон При Јадење 10


Бонтон додека седите на маса 2
Со јадење започнете кога ќе започне домаќинот. Не
зборувајте додека имате храна. Ако некоја чинија ви е
премногу оддалечена, никако не се тегнете за да земете од
неа, туку замолете некој да ви ја подаде.
Храната сечете ја со нож, со лесни движења, парче по парче.
Лебот кршете го со раце, никако не го гризете со заби.
Кога јадете супа или чорба, чинијата ставете ја доволно
далеку за ако се накапете, капките да завршат на масата, а не
на вашата облека. Никогаш не ја ставајте целата лажица во
уста и не ја шмркајте супата. Кога ќе завршите, лажицата
оставете ја во чинијата.

16.9.23 Бонтон При Јадење 11

You might also like