You are on page 1of 2

Октомври, месец на менталното здравје, здрава храна и борба против глад и сиромаштија

Д: Мамо, јас сум гладен!

М: Еве повели, во фриждерот имаш паштета и леб. Ручекот се’ уште не е подготвен.

Д: Мамо, учителката денес ни зборуваше што е тоа здрава храна. Денес бил светскиот ден на
здравата храна. Ни рече да јадеме повеќе овошје и зеленчук, да пиеме млеко и да јадеме млечни
производи и да избегнуваме слатки и грицки.

М: Убаво ви кажала наставничката, таа е многу мудра жена и секогаш ви мисли најдобро.

Д:Мамо, мамо, а јас сега не треба да јадам паштета, нели Мики секој ден јаде паштета, па еве игра
најмногу фудбал.

M: Мило мое дете, не е грев понекогаш да јадеш и паштета, и тоа е за деца, но не често и не секој
ден. Тајната е во умеренста, во се’ треба да се биде умерен, па и во храната. Од еден лош залак
нема да имаш последици по здравјето, но од еден лош збор може и тежко да ти се наруши
менталното здравје.

Затоа јади умерено од се’, разноврсна храна, повеќе овошје и зеленчук, витамини и житарки,
млеко и млечни производи, избегнувај благи работи, чипсови и газирани пијалоци и секако
зборувај убаво и почитувај ги другите, грижи се за своето ментално здравје и на оние околу тебе.

А на оние кои гладуваат, помогни им и подели им од твојата храна кога си во можност.

Т: Жено, што има за ручек?

М: Турли – тава со триесет витамини внатре: компир, морков, магдонос, модар домат, тиквица,
пиперка, кромид, лукче, црвен домат, бамија итн. Да не набројувам повеќе, а за десерт едно
убаво сочно есенско јаболко.

Ако не можеш да си купиш авокадо,

земи си вкусна крушаи заслади си душа.

Јаболкото наше црвено

Со македонско Сонце огреано

Грозјето наше узреано


Во многу песни опеано.

You might also like