You are on page 1of 1

Бoнтон – однесување во ресторан

1. Почекајте да дојде некој од персоналот да ви каже каде е слободно за да седнете.

2. На телефонот, клучевите од автомобил и чантата местото не им е на масата. Прво зафаќате


место потребно за храната, второ, некултурно е за кон оние со кои седите.

3. Ако сте во поголемо друштво, немојте долго да бирате каде и до кого ќе седнете или пак да се
преместувате.

4. Почекајте сите да ги услужат и да им го донесат јадењето пред да почнете да јадете.

5. Не се довикувајте за да повикате келнер. Едноставно почекајте да погледне кон вашата маса и


направете мала гестикулација со која ќе го викнете.

6. Однесувајте се кон персоналот со почит и не ги гледајте како да сте вие над нив. Ако нешто не е
во ред со храната, не им се истурајте нив, не се тие виновни.

7. Сите треба да нарачате отприлика иста количина и треба да се договорите дали прво ќе јадете
салата, дали ќе нарачувате десерт и слично, за сите да завршите отприлика во исто време.

8. Ослободете ја масата до 15 минути откако ќе завршите со јадење. Ако не сакате да си одите,


продолжете на друго место, или нарачајте уште нешто, не ја држете масата празна.

9. Доколку нарачате нешто заедничко, немојте да бирате кое парче ќе го земете. Земете го тоа што
е најблиску до вас.

10.Миењето раце и одењето во тоалет завршете го уште кога ќе влезете или пред да ви го донесат
јадењето. Не е културно да станувате по неколкупати за време на јадењето.

11. По завршувањето на јадењето, не ги собирајте вие тањирите едно врз друго. Иако мислите да
им помагате, некогаш го правите спротивното, бидејќи тие си имаат свој начин како ги собираат и
оставаат.

12. Ако сакате вие да ја платите целата сметка, кажете му на келнерот однапред да ја донесе
сметката кај вас, за да не чека да се додавате и расправате на маса.

13. Ако на масата има и луѓе кои вие лично не ги познавате, немојте да си муабетите само со оној
кој го познавате и да го игнорирате непознатиот. Остварете комуникација со сите и обраќајте им се
на сите кога зборувате.

14. Однапред договорете се како ќе ја поделите сметката. Ако сите нарачки се отприлика иста
цена, поделете ја еднакво сметката.

You might also like