You are on page 1of 5

Основен прибор за јадење и послужување,

редоследно поставување
Кратка историја и запознавање со приборот за јадење

Не мора да чекате да ви дојдат гости за да го извадите убавиот


прибор за јадење. Поинакво е чувството кога храната ќе си ја
послужите на себе самите во друштво на златен или рачно
изработен нож, виљушка, лажица... Во вашиот дом и на вашата маса
имате право да бидете крал.

Уште старите Египќани употребувале лажици, а во стариот Рим


биле познати два вида, од коска и од бронза или сребро. Првата се
викала коклеар и се употребувала за земање лекови или за јадење
мека храна (како јајца на пример), а втората се викала лигула, се
употребувала за набодување на храната, па се смета дека оттука
произлегува вилушката.
Во средниот век повеќе се употребувала дрвената лажица, а
подоцна се случува вистински бум на лажици од скапоцени
материјали, злато, кристал и сребро. Во периодот на ренесансата
се вклучува и ножот, но тој е заоблен и служи за сечење месо.
Претходно не се употребувал на масата, зашто будел морбидни
асоцијации.

Вилушката првпат масовно се појавува во Италија во 15 век, иако


се среќава многу рано, уште на свадбата на грчката принцеза и
синот на венецискиот кнез одржана во 955 година, но католичкиот
свет долго ја смета како демонски симбол и ја избегнува. Од
Италија таа се распространува низ Европа, но тоа се случува многу
бавно. Аверзијата на француската аристократија кон вилушката
најпосле исчезнува во 17 век.
Приказната за чинијата пак е поинаква. Таа веднаш е прифатена и
брзо се заменува од дрвена во сребрена. Тенденцијата гостинот да
се послужи со чинија, чаша, лажица и вилушка е забележана веќе
во 16 век.

Приборот за јадење се викал посаре, што во превод значи да се


послужи нешто.
Вообичаениот бонтон наложувал да се послужи само еден нож и
една вилушка на масата, и тој комплет бил резервиран за
најстариот на масата, најчесто за таткото или за мајката.
Дополнителниот прибор за јадење како свеќници, држачи за
салвети па и целосен, комплет прибор за јадење што вклучува
лажица, нож и вилушка, или повеќе од нив, влегуваат во
секојдневна употреба не толку од одамна. И иако најчесто е
метален, односно железен, некогаш и сребрен, оние што сакаат да
уживаат во чинот на сервирањето и самото јадење, употребуваат
златен, рачно изработен, прибор од бело злато или од најфино
обработено сребро.
Еве само некои од врвните производители на луксузен прибор.
Како да ја поставите масата за посебни прилики?

Добрите манири ја одразуваат културата, љубезноста, дури и самиот карактер на една личност.
Таквите правила на однесување се учат еднаш, се употребуваат секојдневно и траат засекогаш .
Како и во многу други нешта, постојат одредени правила кои треба да се почитуваат и при
поставување на масата за посебни прилики. Ваквите правила се разликуваат во зависност од
формалноста на пригодата, а се вистина лесни и едноставни.

За почеток, при поставувањето на масата за неформални прилики, треба да се внимава на распоредот


на приборот за јадење, потребен за трите оброка кои се послужуваат. Па така, чинијата е првиот
елемент кој треба да го поставите. Над неа се става салфетката, која е едноставно свиткана на
половина. На левата страна од чинијата се ставаат две виљушки, помала и поголема. Поголемата стои
веднаш до чинијата и служи за главното јадење, додека помалата е наменета за салата или друг вид
предјадење. Од десната страна на чинијата се ставаат ножот и лажиците за чај и супа. Во просторот
над нив, се поставуваат чашите за вино и вода.

Поставувањето на масата за поформални прилики се состои од повеќе елементи и бара повеќе труд и
внимание. Имено, над чинијата за главниот оброк, се поставува уште една помала чинија , која служи за
салата. Од левата страна се распоредуваат виљушките, а од десната, ножот и лажиците, исто како во
неформалното поставување. Салфетката овој пат се става веднаш до виљушките од левата страна . Во
просторот над нив пак, стои мала чинија за леб. Над самата главна чинија, хоризонтално се
поставуваат лажичка и мала виљушка за десертот. Со послужувањето на десертот, на масата се
поставува и шолја за топол напиток, со тацна. Секако, тука се и чашите за бело вино, црвено вино и
вода, кои се поставуваат во горниот дел од десната страна на чинијата.
И запомнете:
Убавите манири никогаш не излегуваат од мода.

You might also like