You are on page 1of 2

Сиво печена керамика

Керамичкиот фонд е најиндикативен за особеностите и промените во


материјалната култура на архајското време во Македонија.

Старите железнодобски форми на садови во голема мера се редуцирани. Во


употреба остануваат поголемите, груби садови работени на рака, кои благодарение на
својата утилитарност (складишни садови или големи кујнски лонци ) едноставно се
покажале како незаменливи. Нивната улога е секако поголема во кругот на
населбинското живеење отколку во некрополите, меѓутоа своја намена наоѓаат и при
погребуванјето во различни ритуални дејствија.

Старата домашна керамика, било тоа да се традиционално мат боените садови


од пелагонија1 или повардарската окер керамика лентесто боена, веке излегуваат од
употреба и биле во потполност заменети од сиво печените садови исклучиво работени
на витло. Во секој случај последите окер печени и лентесто боени садови од долно
Повардарје, се уште се произведуваат, но веке со евидентни нови, како формални така
и декоративни белези,својствени за доцноархајскиот стил2.

Во текот на овој период приматот во локалната керамичка продукција во


Македонија го превзема сивата керамика, која долго време, низ следните векови ќе се
одржува и развива во тој правец.

Појавата на сиво печените садови регистрирана е, уште во почетокот на VI век


п.н.е., како ново технолошко достигнување, во кое главно биле повторувани старите
домашни форми на садови, ( Висои-Беранци, Сува Река- Гевгелија-Милци, Сламите-
Рапеш, Криви Дол-Радање и др.) Најчесто продуцирани форми сеуште биле бокалите
со косо засечена задна страна од вратот и длабоките кантаровидни шољи.

Во текот на втората половина на VIвек п.н.е низ новото доцноархајско време


сивата керамика станува доминантен тип и секако керамичка група. Во неа се уште се
изработуваат старите форми, но веке адаптирани на новиот вкус. Така бокалитевеке
немаат засечени грла, туку или се јавуваат со зарамнети отвори или едноставно ја
копираат формата на оинихое со тролисно устие. Кантаровидните шолји добиваат
карактеристична доцноархајска профилација со прстенесто дно и различно подигнати
држалки, а чиниите со воблечени или извлецени ободи во потполност ги губат старите
железнодобски белези, било во изработка или или декорација, се јавуваат без исклуцок
во сиво печената верзија, од убаво прочистената глина секако моделирани на
грнчарско колце.

1
Најверојатно југозападните делови на Р.М воспоставиле тесна релација со ј/и Албанија во текот на
железното време (каде цвета Деволската група).
2
Најилустративен пример во оваа смисла имаме во керамичкиот инвентар од гроб 74 во Сува Река во
Гевгелија. Покрај традиционалната погребна керамичка гарнитура на бокал и длабока кантаровидна
шолја во него ја срекаваме и една од најкарактеристичните форми за ова време-доцноархајскиот котон,
работен во чисти локални манири; Ристов К.1993,Сл.74
Покрај новото продуцирање на стари домашни форми, не помалку значајно
место во репертоарот на сивата керамика им припаѓа на локалните копии на поедини
грчки форми на садови, како резултат, без сомнение на зајакнатите културни и
трговски контакти со керамичките работилници во грчките колонии на северниот брег
на Егејското Море, посебно на полуостровот Халкидик. Во таа смисла, заедниците
долж главните патни комуникации, од Југ на север по долината на реката Вардар или
од Исток кон Запад (подоцнежната Виа Егнатија) биле секако по изложени на ова
влијание.

Во Долното Повардарие, главно во некрополата во Милци, најдени се неколку


фрагменти од локални , пред се сиво печени копии на доцноархајски-најповеќе јонски
форми на садови. Од друга страна, локалната сива имитација на грчки форми на садови
уште поприсутна е во Пелагонија или Охридскиот редион ( Радолишта, Требеништа,
Прогон, Сарај и т.н. ). Кај наодите од овие наогалишта се забележува посебен квалитет
на сивата керамика, темно сива печена со мрка превлака, по што е слична со
истовремената сиво-букеро керамика од малоазиските градови и источното
средоземноморие. Меѓу овие наоди се срекаваат доцноархајските форми на: котони,
хидрии, калпиди, кантароси, и сл. Сите тие се рашириле долж егнацискиот пат (во
исто време и на ист начин се среќаваат и во Југоисточна Албанија)секако од
хеленистичките упоришта на трако-македонскиот брег , од коринтската Потидаја или
бројни халкидски и др. јонски колонии.

Сивата керамика , во следните векови на антиката ке се развива во Македонија


како едно од најзначајните обележја на локалната керамичка продукција, со тоа што ќе
бидат во значителна подолема мера прифатени и копирани хеленистичките керамични
форми.

You might also like