You are on page 1of 171

Проф. д-р.

Ванѓел Стевановски

ПРИРАЧНИК
НАМЕНЕТ ЗА ОДГЛЕДУВАЧИТЕ
НА ВИНОЖИТНА ПАСТРМКА

Скопје 2020

1
ПРЕДГОВОР

Светското аквакултурно производство претставува огромен


извор на здрава и квалитетна храна наменета за исхрана на
населението и во голема мерка врши супституција на потребите од
анимални прехрамбени продукти од топлокрвните животни.
Одгледувањето на риба во вештачките рибници веќе одамна
претставува значајна стопанска гранка, со која се занимаваат голем
број луѓе. Оваа производна дејност денес се повеќе наликува на
високо интензивно индустриско производство, од кое
производителите очекуваат значителен профит.
За интензивниот развој на аквакултурното производство се
повеќе допринесува развојот на науката, како и стручните и
практични решенија во рибопроизводството, заштитата на рибите,
селекцијата и заштитата на средината во која живеат рибите.
Генетскиот инженеринг и научните достигнувања на полето на
генетиката, во последно време се повеќе допринесуваат за
интензивирање на аквакултурното производство каде вниманието
е насочена врз порастот на рибите, искористувањето на храната
како и зголемување на отпорноста на рибите кон поедини
заболувања кај видовите риби кои се одгледуваат во рибниците.
Рибопроизводните искуства во одгледувањето на риба во
вештачки рибници на индустриски начин кај нас е од шеесетите
години на минатиот век наваму, со изградбата на првите
пастрмски рибници во Гостиварско и првите топловодни рибници
во Битолско. Поголемиот број пастрмски рибници кај нас датираат
десетина години подоцна со изградбата на неколку ладноводни
рибници од средината на седумдесетите години.
Посебен интерес за изградба на мали семејни рибарски фарми се
покажува по осамостојувањето на Република Македонија од
деведесетите години наваму со промената на системот и
трансформацијата на стопанството. Забрзаниот развиток во
пастрмското производство започна некако самоиницијативно кај
потенцијалните производители без регулирана законска основа за
оваа стопанска дејност. Закон за Рибарство и Аквакултура кој ја
регулира оваа материја, донесен е десетина години покасно

2
откако веќе беа изградени поголемиот дел на рибарски фарми
класични или кафезни. Од 2006 годани воведени се субвенции за
потикнување на рибарството и аквакултурата како производна
дејност при што се создадоа услови со солидно законско решение,
но и регулирана порична стимулација на идните производители,
овие активности од страна на ресорното министерство наидоа на
добар прием кај добар дел интересенти за подигање и изградба на
нови рибарски фарми, како и осовременување на постојните
фарми.
Основна цел на одгледувачите на риба во вештачките рибници е
производство на конзумна риба наменета за пазарот, како и
производство на подмладок за порибување на отворените води за
одржување на популацијата од автохтоните видови риби во
нашите реки, природните езера и вештачките акумулации.
Пишувајќи го овој Прирачник за одгледувањето на пастрмските
видови риби во вештачки рибарски фарми не ме напушта мислата
дека производителите на пастрмка кои имаат стекнати искуства ќе
ги освежат своите познавања, но и ќе најдат одговор на поголем
број прашања за кои се заинтересирани сегашните одгледувачи
кои имаат стекнати искуства и знаења во одгледувањето на риба
во вештачките рибници и професионално се занимаваат со
производство на риба, но исто така и оние идни производители
кои имаат намера доправа да се занимаваат со оваа дејност.

3
1. Рибарството во Република Македонија
Нашата Република има солидна водостопанска основа за
перспективен развој на контролираното фармско производство на
риба во вештачки изградени рибарски фарми на копно или како
кафезни фарми во вештачките акумулации.

1.1 Изградени производни капацитети


Рибарството во нашата Република има долга традиција,
посебно риболовот кој се одвивал во непосредна близина на трите
наши езера Охридското, Преспанското и Дојранското, луѓето кои
живееле околу овие три природни богатства се занимавале со
риболов и промет со риба од памтивек.
Производството на риба во рибарски фарми, аквакултурното
производсво во-класични рибници е од понов датум, првите
почетоци на вака организирано производство на риба започнуваат
во шеесетите години од минатиот век со изградбата на првите
ципринидни рибници во Битолско и првите ладноводни рибници
во Гостиварско.
Денес состојбата во рибпроизводството во нашата земја е
значително видоизменета и од ден на ден се менува во полза на
фармското производство на риба.
Според податоците на Службата на Стопанската Комора на
Македонија од 2020 година со производство на риба во
Македонија се бават околу 155 субјекти, од кои во вештачки
изградени објекти (бетонски базени, кафезни фарми, слободни
регулирани површини) се занимаваат околу 76 правни субјекти,
бројот на мали рибарски фарми е секако поголем бидејќи постои
значителен број на објекти кои не се регистрирани, а сепак
остваруваат производство и се присутни на пазарот.
Во Република Македонија има изградено фарми за одгледување
на виножито пастрмка (калифорниска пастрмка) околу 39.058 м 2,
кафезни фарми наменети за одгледување на пастрмка или крап
6.913 м3 и околу 436 ха., Ципринидни рибници за одгледување на
крап и растителнојадни видови риби.
Вкупното производство на риба во 2019 година изнесувало
2.583.000 кг. од тоа:

4
 виножитна пастрмка........ 1. 505.000 кг.
 крап и други видови............ 1.078.000 кг.

Предвидување
Доколку се послужиме со податоците на заводот за
статистика, за потрошувачката на риба по жител на годишно ниво
од 3,7 кг. и направиме мала математематичка симулација
ситуацијата би изгледала вака: потребата од риба на годишно ниво
ќе изнесува: (2.050.000жители х 3,7 кг = 7.585.000 кг.риба).
Нашето домашно производство изнесува околу 2.583.000 кг. за
2019 година, тоа значи 1,26 кг по жител од домашно производство.
Моите предвидувања базирани на 5% годишна стапка на пораст,
во аквакултурата, како и сегашната понуда од отворените води до
2025 година, понудата на риба би изнесувала:
*производството на риба од аквакултурата и ловот на риба
од отворените води, домашно производство ќе ги задоволи
потребите од риба со околу 1,6 килограми риба по жител
годишно.
Секаков друг коментар е излишен, вниманието треба да се насочи
за зголемување на можностите, за организиран пристап во
рибарството и перспективниот развој на аквакултурното
производство како стопанска дејност која ќе овозможи зголемена
понуда на слатководна риба од една страна, но и супституција или
намалување на увозот на риба од друга страна, како и одлевањето
на значителни девизни средства од трета страна што претставуваат
дополнителен девизен товар на државата.
Развојот на рибопроизводството ќе пружи можност за развој на
преработувачки капацитети за оваа дејност и можност за
вработување и наоѓање на работа на млади стручни кадри.
На што треба да се обрне внимание за да се постигнат
развојните цели на аквакултурното пастрмско производство, ќе се
потрудам да дадам скромни напатствија кои се базираат на моето
долгогодишно научноа исто така,стручно и апликативно искуство,
но исто така ценеќи ги искуствата на голем број автори од оваа
област. Секако ова е комплексен проблем на кој треба да му се
посвети целосно внимание кое ќе биде насочено кон изградба на
нови модерни високоинтензивни аквакултурни објекти, но и
модернизација и автоматизација на постојните капацитети, како и
изградба на преработувачки капацитети за оваа намена. Никако не
смее да се заборави на модернизација и организација на

5
продажната мрежа и маркетингот без чија квалитетна
организација залудно е зголеменото производство до колку истото
не го најде патот до потрошувачите во земјава и надвор од неа.
На што треба да обрнат внимание идните потенцијални
инвеститори и производители на ладнољубиви видови риби во
нашата Република со цел да бидат успешни во својата дејност
и секако конкурентни на пазарот?

1.2 Подигање на нови рибници

Основниот предуслов за градба на профитабилен рибник


спрема америчката рибарска школа се следните три услови:
Локацијата, Локацијата и Локацијата. (Скип Томпсон 1996, Струга)
Рибник лоциран на несоодветна локација, несоодветен терен и
на несоодветен извор на вода, ќе трпи ненадоместиви загуби и
ќе има основен предуслов еден ден да пропадне, без оглед на
неговото техничко-технолошко решение и изграденост на
објектот во техничка и инфраструктурна смисла, без оглед
на големината на инвестицијата. Поради тоа, пред почетокот
на секоја инвестиција од страна на идните потенцијални
инвеститори, треба да се обрне особено внимание на следните
предуслови:

1.2.1 Количината и квалитетот на водата


Количината и квалитетот на водата се основен и главен
предуслов за димензионирање на производниот капацитет на
идниот пастрмски рибник. Протокот на вода-измената на вода во
текот на едно деноноќие има многу важна улога за
производството на риба во пастрмските рибници, кои се
нарекуваат проточни рибници.
Најпогодни извори на вода за рибопроизводство на пастрмските
видови риби се:

а) Карсните извори, како најпогодни,исто така потоците и


реките во горните текови каде темпераурата на водата се
движи во поширок температурен дијапазон од над 4 до под
18оС. и
б)Вештачките акумулации за кафезно производство на риба
чии температурен режим ги задоволува потребите на
пастрмските видови риба и

6
в) Природните езера особено олиготрофните езера, во кои
може да се организира кафезно производство на риба.

1.2.2 Потребна количина на вода за


пастрмски рибник
Според америчката рибарска школа водата е основниот услов
кој го одредува капацитетот и намената на секој рибник спрема
тоа вниманието секогаш треба да биде насочено во овој правец,
потребите од квалитетна вода се приоритет кој не смее да се
занемари, бидејќи од количината и квалитетот на водата зависи
производниот капацитет на идниот рибник и неговата производна
ориентација, спрема тоа во зависност од количините на вода кои
стојат на располагање производството на риба можеме да го
класифицираме за следните производни дејности:

 Воден реципиент со издашношст од 25 до 35


л/сек. проток на вода претставува основ за
дополнителна дејност на едно семејство, за
организирање на дополнителен семеен бизнис.
 Воден реципиент со издашност од 60 до 100
л/сек. проток на вода, претставува основа за
примарна дејност на едно семејство.- семеен
бизнис.
 Воден реципиент со издашност од 250 до 500
л/сек. проток на вода претставува добра основа
за изградба на интензивно рибопроизводно
стопанство.

Поради тоа, пред отпочнување со било каков градежен зафат во


пастрмското производство, секој иден потенцијален производител
особено треба да внимава на основниот услов: количината и
квалитетот на водата со која ќе го обезбедува рибникот.
Потребно е да се имаат познавања од минимум 7Q * 10,
(седумдневен низок просек на протокот на вода во текот на
најмалку десет годишен период).

7
Кои се најпогодни водени ресурси за оваа намена?
Како најпогодни водени ресурси за обезбедување вода за
еден пастрмски рибник се :

 карсните извори со минимални осцилации на


количината на вода и температура помеѓу 8,0 и 14,0 0С
и добар хемиски квалитет на водата;

 како можни извори за обезбедување на вода за


пастрмски рибници се: потоците и реките во горните
теченија, богати со шума и растителна вегетација
без многу ерозивни подрачја и со температура помеѓу
4 и 18 оС. најмалку 200 до 260 дена во годината.

Количинита и квалитетот на доводната вода се основен услов во


пастрмското производство. Овие количини на вода лесно и
едноставно ќе се утврдат доколку се знае производниот правец,
односно, производната ориентација на пастрмскиот рибник.
Поради тоа, уште во времето при утврдувањето на можната
локација за поставување на рибникот како и пред самото
отпочнување со изработка на техничката документација, односно
поставувањето на проектната задача, треба да се утврди
количината на вода со која ќе се обезбедува планираниот рибник
и спрема расположивата количина на вода да се проектира
производниот капацитет на пастрмскиот рибник.
За да се одговори на поставената задача и да се избегнат
евентуалните грешки, кои покасно скапо ќе чинат неопходно
потребно е следното:
Пред проектирањето да се обезбедат хидролошки подлоги кои
ќе дадат одговор за расположивите количини на вода со кои
треба да се обезбеди пастрмскиот рибник во текот на годината, од
што ќе зависи производниот капацитет на рибникот и неговата
производна ориентација. Хидролошката подлога ќе даде
податоци за средномесечните и средногодишните протеци на
вода, односно за минималните и максималните протоци на вода
во текот на годината и во кои временски период се јавуваат
осцилации во протокот на вода и кога се јавува минимумот на
вода.
Доколку размислувањата на идниот потенцијален инвеститор од
областа на рибопроизводството (салмоникултурното

8
производство), се насочени за обезбедување на вода од локални
месни извори, помали водотеци(потоци и реки, за кои нема
изработени хидролошки подлоги во Републичкиот
хидрометролошки завод, потребно е да се изврши мерење и
снимање на водотекот или изворот најмалку две до пет години
пред да се отпочне со било каква градежна активност, се со цел
правилно утврдување на производниот капацитет на рибникот и
неговата производна ориентација. Така добиените податоци за
просечните протеци на вода во текот на годината се земаат со
сигурност до 30% од утврдената издашност на вода во текот на
годината и на таа количина на вода се планира и одредува
производниот капацитет на идниот пастрмски рибник.

На кои начини можеме да ја измериме водата?


Мерењето на водата може да се врши на повеќе начини и тоа:
 со хидрометриско крило
 со лимниграф
 со Томпсонов прелив, како најпогоден за мали
водотеци и наједноставен за работа, со кои може да
се врши мерење на протокот на вода од страна на
идниот потенцијален инвеститор подолг период на
време со мали издатоци.
За да се изврши мерење на водотекот, неопходно е потребен мал
зафат кој се состои во мало регулирање на дел од коритото на
потокот или реката низ кој прелив ќе се насочи водата која треба
да се мери, понатамошната постапка на пресметување е
едноставна. За таа цел ќе црпиме податоци од подолу наведената
табела.

Пресметување на протокот на вода во л/сек. Табела 1. над остар


брег на брана.

длабочина проток на длабочина на проток на


на брег вода за метар брег во см. вода за метар
во см. широчина широчина
1.3 2.69 12.1 77.1
1.9 4.95 12.7 83.3
2.5 7.45 14.0 95.8

9
3.2 10.30 15.2 109
3.8 13.60 16.5 123
4.5 17.20 17.8 125
5.1 21.10 19.1 153
5.7 25.30 20.3 168
6.4 29.4 21.6 184
7.0 33.8 22.9 201
7.6 38.7 24.1 218
8.1 43.6 25.4 235
8.9 14.9 26.6 253
9.5 54.1 27.9 272
10.2 59.4 29.2 290
10.8 65.3 30.5 309

Пресметувањето на количината на вода е многу


едноставно.Преливот мора да е регулиран,водата мора слободно
да паѓа над ѕидот,во тој случај се мери падот на водата и
широчината на ѕидот,откако ќе се добијат овие два податоци се
чита во табелата соодветниот проток на вода и се множи со
широчината на ѕидот.

Пример:Измерен воден столб(длабочина) на вода од 20.3 см.


широчината на зафатот (преливот) изнесува 1,5 м.
Во табелата се чита вредноста 168 л/сек х 1,5 м.= 252 л/сек. протек
на вода

Следен начин на утврдување на расположивите количини на вода:


Пример 2. Мерење со помош на пловак
Река широка 3 м.
Длабина на водата 0,15 м.
Површина на мерното место 0,45 м2.
Брзина на течење 10 сек. За 10 м. должина, тоа значи 1м во сек,
секогаш се намалува за 20% за евентуална грешка тоа заначи
о,8м/сек.
Како ќе пресметаме?

Пресметката се прави на следниот начин:


Површина 0,45 м2х 0,8 м/сек= 0,36 м3/сек. односно 360 л/сек.проток.

Колкава производна површина под рибник ќе се задоволи?

360л/сек - биолошки минимум 16-20% од протокот на вода


Биолошки минимум 60л/сек.
Вода на располагање 300 л/сек. Х 86400 секунди= 25.920 м 3 за
24 часа или едноденоноќие.

10
25.920 м3 : 72 измени за 24 часа= 360 м3 под рибник.
25.920 : 60 измени 432 м 3
25.920 : 48 измени 540 м 3
*Пресметаната површина се однесува за еднократна употреба на
водата во производниот процес.

Во зависност од конфигурацијата на теренот и можноста за изградба на


каскадни производни базени во две или три сериии производната
површина се зголемува за два или три пати од првично пресметаната.
Поради точно утврдување на количините на вода, пожелно е
мерењата да се прават еднаш во текот на месецот и да се
забележуваат со цел да може да се пресметаат средните протоци
на вода во текот на годината како и критичните минимални и
максимални количини на вода за дадениот водотек. Во зависност
од расположивата количина и квалитетот на водата која ќе го
обезбедува пастрмскиот рибник, проектантот во соработка со
технологот или идниот сопственик на рибникот ќе го одредат
производниот капацитет на рибникот и производната ориентација
на истиот.
Доколку за пресметување на производниот капацитет на идниот
пастрмски рибник ја земеме во предвид само количината на вода
со стандарден квалитет како веродостоен податок за одредување
на производниот капацитет зборуваат и поголем број научни
работници кои се занимаваат со оваа проблематика.
Голем број автори од оваа проблематика, пренесуваат свои
искуства и даваат различити норми за поедини производно
технолошки фази во производниот процес на пастрмските
рибници од кои ќе споменеме само неколку: Германската школа
претставувана од учениот Shaperklaus, наведува податок за
потребна количина на вода за инкубација на икра во издолжено
корито од 1m2, потреби од 0.4л/сек. проток на вода.
Наспроти него Huet, смета дека за истото тоа корито е
потребно 0,5л/минута за 1000 зрна оплодена икра.
Моето долгогодишно искуство зборува за потреба од 2 до 4
л/мин.,проток на вода за издолжено корито – Вилиамсов
инкубатор за држење на 10.000 зрна оплодена икра , додека за
Вејсовите инкубатори од 1 до 2 л/мин за држење на 100.000 зрна
оплодена икра до појава на очи и 2 до 5 л/мин после појавата на
очи, до почетокодт на лупењето.
Како ориентациона табела за потребните количини на вода за
различните производно технолошки фази во одгледувањето на

11
салмонидните видови риба во пастрмските рибници ги предлагам
следните количини на вода наведени во табелата

Потребни количини на вода за поедините производно- технолошки


фази во производството на пастрмка според Стевановски,1999
Табела 2.
а) Икра во периодот на инкубација 0.2 до 0.4 литри вода/мин. за
држење на 1000 зрна оплодена икра
б) Личинки и подмладок од Од 2 до 5 л вода во минута за
ресорпција на вителусната кеса и држење на 1000 броја личинки и
прво прихранување до 3 месеци. подмладок до 3 месеци.
в) Подмладок на возраст од 3 до 6 8 до 15 л вода во минута за држење
месеци возраст на 1000 броја подмладок
г) Гојна фаза од подмладок на 0д 10 до 18 литри вода во минута за
возраст од 6 месеци до конзумна држење на 1000 броја подмладок до
риба на возраст од 10 до 12 месеци конзумна риба.

Какво аквакултурно производство на пастрмка можеме да


очекуваме во зависност од утврдените количини на вода?
Во зависност од расположивите количини вода со кои се
обезбедува рибникот, производството на риба може да биде:
 екстензивно
 полуинтензивно и
 интензивно

Екстензивно, производство на риба во пастрмски рибник


претставува такво производство кое бара најмалку една измена на
целокупната вода во текот на еден час,
Ваквиот проток на вода обезбедува минимално производство од
5 до 10 кг/риба на m2 рибничка површина.

Полуинтензивно, производство бара од 2,0 до 2,5 измени на


водата за еден час, при што се обезбедува производство од 20 до
30 кг. риба на m2 рибничка површина и

Интензивно, производство кое бара 3 измени на водата за еден


час или 72 измени во текот на едно деноноќие, при што се
обезбедува производство од 70 до 120 кг. риба по m 2 корисна
рибничка површина
Изнесените податоци во врска со држењето на поедини
категории на риба и производството на салмонидни видови риби
по поедини производно технолошки фази во салмонидните

12
рибници е дадено како ориентационо производство и правец по
кој може да се движи потенцијалниот производител.
Утврдувањето на точниот капацитет на производство и држењето
на риба по единица површина е променлива категорија за секој
водотек посебно во зависност од специфичните карактеристики на
водата со која ќе се обезбедува рибникот и само со водење на
целосна и точна евиденција секој производител ќе дојде до
посакуваните резултати.
Утврдувањето на густината на држење, односно
максималното оптеретување со риба по единица изграден
капецитет е сложена технолшка постапка и зависи од многу
специфични карактеристики за секој рибник и секоја вода која
го обезбедува рибникот.
Со цел да се утврди максималниот можен производен капацитет
неопходно е водење на целосна евиденција за квалитетните
својства(физичко-хемиските)карактеристики на водата и
количината на вода за секој производен рибник посебно. Само
така и на таков начин ќе се дојде до можност за максимално
пресметување и оптимално искористување на производната
површина, како и оптимално иискористување на водениот
потенцијал во текот на производниот процес, како и заштита на
квалитетот на водта која ќе го напушти рибникот и истекува во
водениот еко систем.

1.2.3. Квалитативни својства на водата

Оптимална животна средина ја сметаме онаа животна средина


која овожможува нормален развиток, раст и репродукција на
водените организми вклучувајќи ги и рибите. Хемискиот квалитет
на водата и нејзината категоризација по класи на чистота не е
услов и дека во таква беспрекорно чиста вода која ги исполнува
условите како вода за пиење може да се одгледуваат риби,сите
фактори кои взаемно делуваат во водената средина не се
подеднакво важни за рибарството и рибопроизводството, затоа
ние во кратки црти ќе се задржиме само на оние фактори –
својства на водата кои се особено значајни за рибопроизводството
и кои имаат директно влијание врз развојот на рибите, а тоа се:

 физичките својства на водата


 хемиските својства на водата и
 биолошките својства на водата

13
1.2.4. Физички својства на водата

Поважни физички својства на водата значајни за аквакултурата


се:
 струење на водата
 специфична тежина на водата и
 тепература на водата.

1.2.5. Струење на водата

Струењето (брзината), на движењето на водата од еколошки


аспект е многу важна физичка карактеристика на водата заради
повеќе фактори, а ќе споменеме само неколку и тоа: можноста за
одржување на поволниот режим на гасови во водата,
отстранувањето на штетните метаболочки продукти, изедначување
на температурата, изедначување на хранливите материи и
минералните соли, значајна ставка при кафезниот начин на
одгледување на риби.
Одржувањето на живиот свет во водената средина се одвива
при брзина на движење на водата до 1м/сек., додека при брзина
на водата од 3,5м/сек. нема присуство на жив свет во таквата
водена средина.
Во пастрмското производство особено значајна е брзината на
движење на водата во базените каде се држи и одгледува рибата
Брзината на движење на водата во производните базени во кои се
одгледуваат пастрмките има големо влијание врз прирастот и
потрошувачката на храна за кг.прираст, но исто така и за
одржување на нормални хигиено санитарни услови во базените во
кои се држат рибите, поради тоа потребно е да се обрне внимание
при изградбата на рибникот да се води сметка за правилното
струење на водата во базените. За да се одреди потребната брзина
на водата во пастрмскиот рибник мора да постои синхронизација
на следните два фактора:

минималната брзина на водата за авточистење и

максималната брзина на пливање на рибата

Со цел да се обезбеди несметано авточистење на базените,


неопходно потребно е да се пресмета минималната брзина на

14
струење на водата врз основа на степенот на таложење на
отпадните материи и храната за риби.
Просечната специфична гравитација на рибниот измет (отпад) е
1,19 при нормална исхрана на пастрмките, 1,2 при исхрана со
стартери (небрикетирана храна ситни гранули), 1,13 при исхрана со
индустриска брикетирана храна, врз основа на овие податоци
минималната брзина на водата во базените каде се чува рибата,
потребно е да изнесува од 2,4 до 3,7 см/сек.

Потребна брзина на водата за авточистење


Во пастрмските рибници

материјал минимална брзина на водата


см/сек.
измет од храна – стартер 2,4 см/сек
измет од храна брикети 3,7
кал (растворена земја) 0,9
фин песок (0,05 мм) 4,0

Брзината на пливање на рибата е исто така многу важна


категорија во производниот процес на пастрмката, бидејќи
директно се манифестира врз рентабилноста на производството,
преку потребата од енергија од една страна и конзистенцијата на
месото од друга страна.
Конструкцијата на базените не треба во никој случај да го
загрозува здравјето на рибата која се одгледува во нив, од аспект
на брзината на струење на водата низ нив. Премногу брз или
премногу спор проток на вода низ базените во кои се држат
различните категории на риба, различно штетно се одразува како
врз здравјето на рибата исто така и врз економичноста на
работењето и квалитетот на месото на рибата.
Максимално дозволена брзина на пливање за пастрмките
без да предизвика замор кај истите, се движи од 4,5 до 2,5
должини од телото на рибата во секунда ( намалуваќи се
правопропорционално како телото на рибата се зголемува ).
Од студиите спроведени при мерењата на брзината на
пливање кај пастрмките, од една страна компарирани со стапката
на растење и конверзијата на храна дојдено е до следниот
заклучок:, како најпогодна брзина на пливање кај
одгледувањето на конзумна риба се смета 2,5 должини од
телото на рибата во секунда, при што се постигнуваат

15
оптимални прирасти кај рибата со минимална потрошувачка
на храна (минимална конверзија).
Брзината на водата (струењето) треба да се прилагодува согласно
категоријата на риба што се држи во базенот.
Со растењето на пастрмките и зголемувањето на должината од 30
и повеќе см. должина на телото, соодветно на тоа и брзината на
водата треба да се намалува и не треба да ја надмине бројката од
1,5 должина на телото на рибата во секунда.
Како оптимална брзина на водата која се препорачува за
пастрмка долга 10 см. е брзина на водата од 20 см/сек, додека
брзината на водата за пастрмка од 20 см. должина на
телото, да изнесува 30 до 40 см/сек.

Оптимална брзина на водата за пастрмка


од 5 до 30 см. должина на телото

должина на пастрмката во см. 5 10 15 20 25 30


оптимална брзина на водата см/сек 10 20 27 35 40 42

Пастрмки со поголема должина на телото од 30 см., не треба


да се одгледуваат во вода побрза од 45 см/сек.
Од сето досега изнесено, можеме да го констатираме следното:
за најдобра конверзија (потрошувачка на храна за кг. прираст)
на храната и најдобра стапка на растење, брзината на
водата не треба да биде поголема од потребната брзина за
авточистење на базените и онаа која се бара за одржување на
адекватниот квалитет на водата за редовно производство.
Целта на секој производител на пастрмка е да обезбеди што
поголемо производство со минимална потрошувачка на храна, па
затоа не е препорачливо да се зголемува брзината на пливање на
рибата при што се зголемуваат и потребите од поголеми количини
на храна за задоволување на енергетските потреби.
Струењето на водата како хоризонтално струење за
одгледувањето на риба во кафезното производство треба да
изнесува од 10 до 50 см/мин. Вертикалното струење на
водата обично се одвива до длабочина од 7 до 8 м., а со тоа се
овозможува мешање на гасовите и хранливите материи кои
се создаваат во природната водена средина.

1.2.7 Специфична тежина на водата

16
Густината на водата е најголема при температура од 40С и
изнесува 1г/см3, односно еден литар вода (1 дм3) на таа
температура тежи 1 кг. Специфичната тежина на мразот изнесува
0,91673, додека специфичната тежина на водената пареа на 100 0С
изнесува 0,6057 г.
Специфичната тежина на рибата изнесува околу 1, нешто е
повисока кај морските риби отколку кај слатководните.
Специфичната тежина кај рибата се одредува на потполно
изгладнета риба (празен дигестивен тракт).
На специфичната тежина на рибата има мало влијание
воздушниот меур и количината на масно ткиво. Различни автори
даваат различни податоци но главно сите се движат околу 1.
Според Лопсин, специфичната тежина кај крапот при 15 0С
изнесува 0,987, а при 3,50С 0,944, според Касткин таа варира
помеѓу 0,972 и 1,001.
Специфичната тежина на рибите е приближно иста колку и водата
и спрема тоа можно е волуметриско одредување на количината
на риба која се утовара во цистерни со вода за транспорт во жива
состојба.
При ваков начин на волуметриско мерење на жив крап можна е
варијација во тежината од 56–1 кг. при мерење на еден тон крап.
Специфичната тежина на жив сом варира од 0,995 до 1,01, кај
смуѓот од 1,055 – 1,082, кај калифорниската пастрмка од 0,982 до
1,002. За одредување на специфичната тежина на рибата,
Андријашев се служел со следната формула.

RK
P
R  R1
Р- претставува тежина на рибата во воздух
Р1 – тежина во вода.
К – густина на водата

*Мерењето го вршел со точност од 0,001 кг.

Познавајќи ја специфичната тежина на поедините видови на риба


денес изработени се голем број на опрема за волуметриско
мерење на жива риба и со тоа олеснети се манипулациите во
производниот процес на рибниците, создадени се услови за точно
и целосно утврдување на количината на риба, без таа да
претрпува шокови или оштетувања при мерењето бидејќи
секогаш е во вода стресот е сведен на минимално ниво.

17
1.2.8 Температура на водата

Температурата на водата е многу важна физичка


карактеристика, која директно влијае врз целокупниот жив свет во
водата, особено важна е за рибопроизводството од која директно
зависат економските резултати (профитабилноста) на рибниците.
Рибите немаат центри за терморегулација тие се
поикилотермни организми чија телесна температура е директно
зависна од температурата на средината во која живеат (водата);
нивните метаболички функции се зависни од температурата на
водата во која живеат и по тоа се разликуваат од топлокрвните
(хомеотермните) организми.
Зголемувањето на температурата на водата за само 10С
допринесува за забрзување на метаболитичките процеси за
10%, при услови на оптимални температури во кои живеат
рибите.
Рибите главно живеат при температурен дијапазон од 2 до 34 0С.
Во зависност од тоа кои температурен дијапазон е оптимален за
поедините видови риби и нивниот непречен раст и развој,
слатководните риби ги делиме на две големи групи и тоа:
ладнољубиви видови риби и
топлољубиви видови риби
Типични претставници на ладнољубивите видови се
пастрмките, додека типични претставници на топлољубивите
видови риби се краповидните видови. Нормално во природните
услови рибите се прилагодуваат на температурниот режим во
водената средина и секогаш се движат во поволните температури
за нив. Вештачкото одгледување на риби во изградени рибници
секогаш треба да го има во предвид температурниот режим на
водата со која ќе го обезбедува производството. Нагли
температурни варијации предизвикуваат стрес кај рибите, а можни
се и штетни последици по нивното здравје па и смрт. За нормални
температурни варијации се сметаат варирањата од 2 до максимум
50С, за кратко времетраење, поголеми и нагли варирања можат да
предизвикаат штетни последици кај поедините категории на риба,
ова секогаш треба да се има во вид при транспортот на риби во
жива состојба од едно до друго одгледувалиште, штетни влијанија
од нагли температурни промени има и кај поедините развојни
стадиуми особено во времето на инкубацијата на икрата.

18
Температурни граници за одделни видови риба

температуррни топлољубиви видови ладнољубиви


граници 0С риби видови риби
оптимални 20 до 26 8 до 18
температури 0С
допуштени 14 до 34 4 до 22
штетно влијание > 34 > 24

Температурата на водата во која се одгледуваат рибите во


вештачките рибници има големо влијание кое директно се
одразува врз рентабилноста на рибникот. Во зависност од
константноста на температурата на водата преку целата година и
нејзиното задржување во оптимално потребните граници за
одгледуваниот вид риба, се овозможува, најдобра потрошувачка
на храна за килограм прираст и помалку стресни влијанија врз
одгледуваната риба..
Доколку температурните варијации во одреден рибник се
променливи преку годината, ќе се остваруваат и променливи
производни резултати, стресни ситуации кај одгледуваната риба и
подложност на амбиентални заболувања. Посакувани
температури на водата за ладноводен пастрмски рибник во
текот на годината се помеѓу 6 и 18 0С. При такви температурни
услови се постигнуваат оптимални производни резултати.
Доклолку температурите на водата се под 4 0С, односно 20С,
подолг временски период, во тој период животните
активности на пастрмката се значително намалени (слаба
метаболичка активност) својствено на тоа слаба желба за
храна, намален апетит, а директна последица од слабиот
апетит е слаб или никаков пораст на рибата, а како одговор
на сето тоа продолжено гоење на рибата, намален обрт и
лоши финансиски резултати. Поради тоа, во ниеден момент не
смее да се заборави или занемари температурниот режим на
водата, на локацијата каде се сака да се подигне пастрмски
рибник.
Оптимални температури за првата инкубациска фаза и
почетната одгледувачка фаза на подмладок се температури
помеѓу 8 и 12 0С, додека оптимални температури за втората
или гојна фаза се температури помеѓу 12 и 160С. При овие
температури на водата во пастрмските рибници се

19
постигнуваат најоптимални прирасти кај одгледуваната
риба, а секако и најдобри финансиски ефекти.

1.2.6. Хемиски својства на водата


За рибарското производство, односно одгледувањето на риба во
вештачки рибници, особено значење има квалитетот на водата со
која се обезбедува рибникот од која директно зависи здравјето на
рибата од една страна, продуктивноста на рибникот од друга
страна, како и профитабилното работење на рибникот од трета
страна. Хемискиот квалитет на водата е од примарно значење за
држењето и одгледувањето на риба.
Не секоја вода е погодна за држење на риба па макар таа била
и од прва класа, бактериолошки незагадена и погодна за пиење
или прехрамбена индустрија.
Во секоја вода не живее риба. Заради тоа, ние ќе се задржиме на
потребниот квалитет на водата од рибарски аспект и потребните
параметри кои треба да бидат задоволени за непречено да се
одгледува риба.
Водата претставува идеален органски растворувач, па заради
тоа во природата скоро е неможно да се најде хемиски чиста вода;
таа скоро секогаш во својот состав содржи голем број на
неоргански и органски елементи. Според тоа, кои од хемиските
елементи преовладуваат во водата таа може да има киселкав,
горчлив или солен вкус. Хемиските својства на водата како основна
животна средина за рибите имаат дирекни влијанија врз животот
на рибите, но како поважни својства ќе ги споменеме следните:
 содржината на растворен кислород во водата мг/л.
 содржината на јаглероден диоксид во водата мг/л.
 содржината на амоњак во водата и останати штетни
гасови, сулфур водород, амониум .
 рН – на водата
 содржината на растворени соли и минерални материи во
водата
 загаденост на водата
Водата за рибарството е приоритет број еден, чистотата на
водените текови е од најголемо значење. Замине ли загадувањето
на водата еден одреден степен, во тој случај можно е да се
очекува неповолно влијание врз животот на водените организми и
рибите, кои се наоѓаат во таквата водена средина, како последица
на недостиг на кислород или директното штетно влијание и

20
токсичноста на поедините хемиски соединенија со кои е затруена
водата. Во потешки случаи таквите загадувања можат да
предизвикат и потполно уништување на флората и фауната во
дадениот воден тек. Посматрајќи ги водите од рибарски аспект,
секогаш треба да се има во вид дали во водотеците кои
претставуваат извор за производство има отпадни води и од каде
потекнуваат бидјќи отпадните води скоро секогаш се штетни врз
здравјето на рибите, а доколку штетните материи кои се во водата
не го загрозуваат здравјето на рибата која се одгледува на долг рок
таквите води можат штетно да се одразт врз квалитетот на месото
на рибата, а да има и штетни манифестации врз здравјето на
конзументите кои би конзумирале таква риба, штетните материи
кои потекнуваат во водата, а не е опасни по здравјето на рибата
има опасни последици по здравјето на конзументите на таква риба
одгледана или природно ловена во такви води, рибите имаат
способност да ги складираат штетнитематерии кои се наоѓаат во
водата во масното ткиво, така што не го загрозуваат нивното
здравје, но опасноста по конзументите е присутна. Поради тоа
секогаш треба да се внимава на зафатот на вода од каде потекнува
бидејќи загадувањето делува врз физичките, физичко-хемиските и
биолошките карактеристики на водата, но исто така и врз
одгледуваната риба или рибите во отворените води кои слободно
живеат.Поголемите концентрации на штетни материи во водите
може да се каже дека се помалку опасни од едноставна причина
што се веднаш видливи и можат да се преземат мерки за нивно
отстранување,таквите појави скоро секогаш се евидентни во
зависност од степенот на загаденост, но опасноста е секогаш
голема од испуштањето на штетни материи како хронично
загадување на водените реципиенти кое нема токсична опасност
врз рибите и практично е невидливо на прв поглед и не може да се
утврди доколку не се направат хемиски анализи на водните
реципиенти или на доводната вода која го обезбедува рибникот.
1.2.7. Содржина на растворен кислород во водата мг/л
Содржината на растворениот кислород во водата е од особено
значење за целокупниот жив свет во водената средина,
вклучувајќи ги и рибите. Без кислород нема живот ни на земјата ни
во водата, на ниту еден виш организам.
Кислородот во водата се наоѓа во растворена состојба,
количината на кислород во водата е сто иљади пати помала
отколку количината на кислород во воздухот (10 г

21
кислород/еден тон вода; во однос на 200 кг. кислород на еден
тон воздух), кислородот во водата доаѓа по пат на дифузија од
атмосферскиот кислород и со ослободување како последица при
процесот на фотосинтеза на зелените растенија кои живеат во
водената средина.
Моќта на растворање на кислородот во водата и неговото
задржување е во директна зависност од температрурата на
водата, надморската височина и солинитетот на водата. При
пониски температури на водата моќта на растворање и негово
задржување во водата е поголемо, како се наголемува
температурата на водата моќта на растворање и негово
задржување во водата опаѓа.
Коефициентот на апсорпција на кислородот во водата на 0 оС, и
притисок од 760 mmHg. изнесува 0,04898 mg/

Количина на растворен кислород во водата при различни


температури (при 20,9% кислород во воздухот и 760mm Hg
Табела 3.
температура растворен кислород
о
на водата С 02 mg/l.

0 14.5
2 13.5
4 13.0
6 12.7
8 11.8
10 11.2
12 10.9
14 10.3
16 9.8
18 9.4

22
20 9.0
22 8.7
26 8.2
30 7.5
50 5.5
70 3.8
90 1.6
100 0.0

Потрошувачката на кислородот во водата зависи од


присуството на потрошувачи, а тоа се рибите и останатите живи
организми кои живеат во водената средина, како и присуството на
органска материја во водата за чие разлагање во процесите на
оксидоредукција се трошат големи количини накислород.
Рибата со дишењето троши значителни количества на кислород.
Потрошувачката на кислород во водата зависи од видот на риба
која се држи, категоријата на риба (возраста) метаболитичката
активност на рибата, температурата на водата, квалитетот на
водата и сл.
Рибничките води кои се богати со растителна вегетација
(микрофитска или макрофитска), во текот на денот при сончева
светлина често може да бидат и презаситени со кислород како
последица на интензивните процеси на асимилација, но при
таквата интензивна асимилација во така богати со растителна
вегетација води доаѓа и до ослободување на јаглеводородна
киселина од калциум карбонатот, при што доаѓа до зголемување
на рН вредноста на водата. Во такви средини опасноста по
рибниот фонд се зголемува во текот на ноќните часови кога
настанува обратен процес од асимилацијата, а тоа е
дисимилацијата, кога преголемиот број на микрорганизми дишат
и имаат потреба од големи количини на кислород при што го
одземаат кислородот од водата, со тоа се зголемува
потрошувачката на кислород и можни се катастрофални
последици по рибата, угушувања (асвиксиес) од недостиг на
кислород, вакви појави се среќаваат во вештачките акумулации и
природни водени реципиенти во кои се одгледуваат риби во
кафезни системи.
Потрошувачка на кислород за кг. риба при различни температурни
услови и нормална телесна активност.

23
Табела 4.
вид на риба температура на 02мг/л/кг.риба на час
водата 0С
крап 18-20 20-40
крап 8 20
крап 24 75
караш 10 – 17 37.8 – 120.7
Љињак 14.4 57.8
Јагула 22 61.3
Пастрмка 14.7 219
Пастрмка 18 – 20 132.7 – 126.2
Штука 18 – 22 106.2 - 102.6

Потрошувачката на кислород кај рибите значително се


зголемува непосредно по исхраната, а за кратко време после
тоа, брзо се стабилизира, до границите на нормалната
потрошувачка на кислород карактеристична за
одгледуваниот вид риба.
Потрошувачката на кислород во процесот на одгледување на
рибите зависи од повеќе фактори како што се: телесната активност
на рибата (брзината на пливање), побрзото пливање бара и
поголема потреба од кислород, категоријата на рибата, густината
на држење, тековните манипулации со рибите и стресните
ситуации врз рибите.
Кислородот во водата има особено значење за растот
развитокот и општата здравствена состојба на рибата, гледано од
биолошки аспект, а не помало значење има и од економски аспект
со тоа што намалувањето на кислородот на 60% заситеност во
водата за пастрмките предизвикува пречки во метаболизмот и
лошо варење на храната, а тоа резултира со зголемена
потрошувачка на храна за килограм прираст. Значењето на
кислородот во водата е од особено значење за сите видови на

24
риби; според тоа, најдобро е ако тој се наоѓа во водата во
границите на заситеност. Голем број автори од областа на
рибарството и аквакултурата на овој проблем имаат посветено
големо внимание од кои ќе цитираме неколку мислења:
Според (Mehanik 1957 и Shtefens 1988), содржината на кислород во
водата од 3 до 4 мг/л. се карактеризира со прираст од само 50%
од реалниот при одгледувањето на крап.
Голем број на автори ја подржуваат и потврдуваат ваквата
теза, дека кај крапот при концентрација на кислородот во
водата од 4 до 5 мг/л се намалува потребата за храна од една
страна, додека од друга страна конверзијата се влошува, а
како дирекна последица на сето тоа е намалување на
прирастот и лоши финансиски ефекти.
Потребата од кислород и неговата нормална заситеност исто
така е неопходно потребна и за ладнољубивите видови на риби
пастрмките, кои за разлика од крапот имаат потреба од поголеми
концентрации на кислород во водената средина за нормално
одвивање на животните активности и нормален прираст.

Потребата од кислород кај пастрмките е следната:


*Оптимални концентрации на кислород во водата за
пастрмки се помеѓу 8,5 и 11,5 мг/л
**Концентрации од од 6,0 до 7,0 ги задоволуваат
метаболитичките потреби и не предизвикуваат никакви
стресни ситуации кај пастрмките и се сметаат за дозволени
концентрации на кислород во водата.
***Концентрации од 4,0 мг/л предизвикуваат пречки во
метаболизмот и дишењето, рибите се вознемирени, се
јавуваат стресни ситуации, се зголемува конверзијата на
храна, а прирастот се намалува, организмот е осетлив на
заболувања.
****Концентрации од 2,0 до 2,5 мг/л се штетни за
пастрмката и доколку ваквиот режим на кислород продолжи
подолго време пастрмките угинуваат.
Првичната реакција при намалувањето на кислородот во водата е
вознемиреност кај рибата, нагли пливања од едниот крај на
базенот до другиот крај, нивно собирање на влезниот дел на

25
водата и доколку ваквата состојба потрае подолго време и не се
преземат конкретни мерки за подобрување на режимот на
кислород рибата угинува. Последицата од недостиг на кислород е
угушување (асвиксиес).
Рибите кои се угинати како последица на недостиг од кислород
добиваат светла боја на телота, а жабрените капаци и
устата им се широко отворени.
1.2.8. Содржина на штетни гасови во водата
Содржината на (CO2, H2S и NH3), во зависност од нивната
концентрација во рибничката вода е помалку или повеќе штетно
по здравјето на рибата. Доколку концентрациите на овие гасови се
над дозволените, секогаш завршуваат со смртни последици по
рибите во рибникот или отворените води.
Присуството на СО2 во отворените изворски води најчесто е од
0,2 до 2,0мг/л., но често пати концентрацијата на СО 2 може да
биде значително поголема над 5 и повеќе мг/л. Во такви случаи е
особено штетен за некои развојни фази во одгледувањето на
пастрмката, а тоа е најчесто за фазата на инкубација на икрата и
одгледувањето на подмладокот. Особено штетно се манифестира
таканаречениот СО2 од неорганско (вулканско) потекло, и се
карактеризира со зголемена смртност кај икрата во фаза на
инкубација и појава на егзофталмус во значителен број кај
подмладокот одгледуван во таква вода.
Штетното дејство на јаглерод диоксидот доаѓа оттаму што тој го
намалува афинитетот за користење на кислородот од водата од
страна на рибите, а со тоа организмот слабее и е почуствителен на
болести од една страна, а и лошо користење на храната, што
резултира со намален прираст кај рибите.
Амоњакот, е краен продукт од варењето на протеините при
метаболизмот. Поголемиот дел од амоњакот се излачува од
рибата како нејонизиран амоњак (NH3), кој набрзо постигнува
рамнотежа преку неговата јонизирана форма (NH4 +), базирана врз
рН на водата. Јонизираниот амоњак е релативно нетоксичен за
рибата, додека нејонизираниот амоњак е особено токсичен за
рибата и неговата концентрација во водите за пастрмка не треба
да надминува 0,03 мг/л. (Зголемените концентрации на амоњак
вршат оштетување на жабрите кај рибите)

26
Создавањето и присуството на амоњак во рибничките води може
да биде и како последица на анаеробни услови, односно
анаеробно разлагање на органската материја во водатa.
1.2.9. рН на водата и содржината на растворливи соли
и минерални материи
Хемискиот карактер на водата најчесто го одредуваат осум
видови на минерални материи, а тоа се калиум, калциум, натриум,
магнезиум, хлориди, сулфати, карбонати и хидрокарбонати. Овие
минерални материи во водата најчесто се наоѓаат како растворени
соли. Според тоа кои типови на соли преовладуваат во водата, тие
можат да бидат:Варовнички води, доколку преовладува
присуството на калциев карбонат. Содржината на калциев
карбонат во водите не е константна и во зависност од присуството
на калциумови соли, водата може да биде слабо пуферна, средно
и богато пуферна.
Вода сиромашна на калциумови соли се одликува со низок рН,
кој по правило се наоѓа под нормалните вредности,таквите води се
слабо пуферирани, па мали количини на јаглеродна киселина го
намалуваат рН, исто така и со одвојувањето на СО 2 од водата
значително се покачува рН.
Водите со умерена содржина на калциумови соли подобро се
пуферирани и спрема тоа се постабилни во промените на рН.
Присуството на слободна и врзана јаглеродна киселина е поголемо
и со тоа му дава можност за постабилен рН.
Количината на минерални материи во водата ја изразуваме
најчесто како тврдост на водата. Тврдоста на водата се мери во
степени на тврдост.Во употреба се среќаваат (англиски, француски
и германски степени на тврдост на водата)
10 а – англиски степен = 10 mg. CaCo3мг /700 ml. вода.
10 ф- француски степен=10mg.CaCO3 / 1000 ml.вода
10г– германски степен = 10mg. CaCO /1000 ml. вода.
Водата наменета за рибопроизводство треба да ги содржи
следните минимум стандардни услови како би можело несметано
да се одгледуваат стопански значајни видови риби, од кои
производителот (одгледувачот) очекува финансиска корист.
Физичко хемиски карактеристики на водата за рибопроизводство

27
Табела 5.
обележје ладноводни рибници

пожелни дозволени штетни


о
температура С 12 –18 4 – 22 >24
О2мг/л 7- 9 >5 2.5- 4.5
Слоб. CO 2 mgг/л 0,2 до 2,0 >5,0
H2S mg/l 0 _ 0.002
PH 6.5 – 8 6–9 <5 и> 9,5
алкалитет мвал 1.8 - 2 - -
тврдост mg/l 80 –120 10 – 400
КМNнО4 mg/l О2 - - -
NH4 mg/l 0.0005 0.0125
NО3 mg/l 0 0.05 – 0.01 > 0.5
Pе mg/l < 1.0 > 1.0
Cl mg/l < 0.03 > 0.03
Cu mg/l 0.006 > 0.006
Zn mg/l 0.03 > 0.03

** Според Канаев, 1973, присуството на пестициди, хербициди и


останати штетни органски и неоргански материи од индустријата и
земјоделието не е пожелно во рибничките води. Нивното штетно
влијание врз рибите е со минимално присуство во зависност од нивната
токсичност, но најчесто и во минимални количества се токсични за
рибите додека нивното присуство од 0,001 до 0,05 мг/л е фатално

28
2. ПАСТРМСКИ РИБНИЦИ
Пастрмските рибници по својата техничко технолошка
функција претставуваат проточни рибници во кои се одгледуваат
ладноњубиви видови риби, каде температурата на водата се
движи во поширок температуран дијапазон од 4 до 18 0С.
Температурите на водата под четири степеи и над осумнаесет
степени целзиусови не се погодни за одгледување на пастрмките.
Изградбата на пастрмски рибници има за цел одгледување на
ладнољубиви видови риби–пастрмки, со единствена цел
економска корист на одгледувачот.
Современото пастрмско производство, пред се е високо
интензивно индудтриско производство на риби во
полносистемските пастрмски рибници, и е базирано на целосна
техничко технолошка контрола врз производството и се состои во
следното:
* исхрана на рибата,
*избор на квалитетен расплоден матријал (селекција) и
чување на рибите во строго санитарно – хигиенски чисти
базени (рибници) се до производство на финален производ

29
конзумна риба, или репроматријал во зависност од
технолошката ориентација и производниот правец на
рибникот.
*размножување-мрестење,

Ладноводните рибници во суштина претставуваат, вештачки


изградени водени површини, кои ги исполнуваат потребните
техничко технолошки стандарди за несметано одгледување на
ладнољубиви видови риби. Со цел да се постигнат ваквите високи
технолошки стандарди неопходно е пастрмските рибници да бидат
обезбедени со доволни количини квалитетна вода која
овозможува задоволување на основните животни функции на
одгледуваната риба, и ќе создаде услови за здраво и економски
оправдано производство.
Природната храна која во класичите топловодни рибници има
посебно значење за исхрана на одгледуваната риба, во
пастрмските рибници нема никакво значење, ниту пак има
минимални услови за нејзино создавање и користење во
рибниците.
Одгледувањето на салмонидните видови риби во ладноводните
рибници може да биде доста успешно и профитабилно занимање,
доколку се обезбедени основни и оптимални услови за
одгледување на рибата и ако е направен најсоодветниот избор на
производниот правец согласно природните услови или барањата
на пазарот.
Често пати кај фармското пастрмско производство се испреплетува
и едното и другото, природните услови и пазарот. Салмонидното
производство од техничко технолошки и производен аспект може
да биде организирано на следниот начин:

 полносистемски рибници
 неполносистемски рибници и
 специјализирани рибници

2.1. Полносистемски рибници:


Полносистемски пастрмски рибник е оној рибник кој во својот
состав ги има изградено сите потребни објекти за несметано
извршување на сите производно–технолошки операции,
почнувајќи од: селекцијата и чувањето на репродуктивниот
(матичен) матријал, објекти за вештачка репродукција –
мрестилишта, објекти за одгледување на подмладок, објекти

30
за гоење и карантински објекти, како и системска каналска
мрежа за довод и одвод на водата, како и објекти за
прочистување на излезната вода која се користи во
производството и нејзино испуштање во слободните водени
текови, што значи еден полносистемски пастрмски рибник треба
да ги има изградено сите неопходно потребни производни базени
за несметано обавување на потребните производно технолошки
операции за производство на риба од икра до конзумна големина
и секако соодветен магацински простор за чување на храната
наменета за исхрана, како и административни простории и
простории за вработените лица, Секој полносистемски пастрмски
рибник во својот состав треба да ги има следните производни
објекти:

*Mатични базени - наменети за држење на матичниот –


расплодниот репро материјал.
Овие базени треба да бидат снабдени со доволни количини
квалитетна вода, по можност да се на горниот дел од рибникот,
како би можело да се користи првовлезната вода во рибникот, со
што ќе се овозможи висок процент на плодност и квалитетен
репроматријал (икра).
Матичните базени изградени се од бетон, земја или друг автохтон
материјал, по димензија можат да бидат најразлични
(правоаголни, четвртасти или округли), но најчесто се изградени од
бетон и со правоаголна форма со следниот градежнички сооднос:
на секој 10 до 15 м, должина, одговара 1 до 1,5 м., ширина, и 0,8
до 1,2 м. длабочина.
Густината на држење на матичниот матријал во матичните
базени најчесто треба да биде од 3 до 5 матици на м 3 корисен
воден простор.

*Инкубациона сала мрестилиште - претставува производен


објект обезбеден со инкубациони апарати – инкубатори, наменети
за инкубирање на икрата и одгледување на личинките до потполна
ресорпција на вителусната кеса и нивно активно хранење, односно
до форма на оформено рипче подмладок. Често пати во состав на
самото мрестилиште или во негова непосредна близина се наоѓаат
персовите базени кои се наменети за одгледување на
подмладокот најчесто, до тримесечна возраст и големина од 5 до
7 см. должина на телото.

31
Овие пороизводни објекти треба да се така поставени што ќе ја
користат најквалитетната вода во рибникот, односно
првовлезената вода во рибникот, која секогаш треба да ги
исполнува највисоките стандарди, да е здрава, чиста по можност
изворска или бунарска вода, да нема други видови на риба во
зафатот од каде се добива водата во мрестилиштето, што значи
вода со исклучителен квалитет, во поглед на хигиено –
санитарниот режим, биолошки исправна вода.
Персовите базени можат да бидат изградени од, бетон или
пластика, но во секој случај да бидат лесни за одржување на
хигиената во нив, по форма можат да бидат, правоаголни, округли
или четвртасти, снабдени со систем за довод и одвод на водата.

*Младичњаци - тоа се производни објекти за држење и


одгледување на подмладокот, најчесто се изградени од бетон, а
може да бидат земјени или од друг материјал, како камен и сл.
По форма можат да бидат најразлични: правоаголни, кружни,
четвороаголни, шестоаголни, осмоаголни и т.н., но најчести во
употреба се правоаголните бетонски базени со сооднос 10 до 15м.
Должина : 0,8 до 1,0 м., ширина и длабочина од 0,8 до 1,0 м. (на
секои 10м. должина одговара 0,8 до 1,0 широчина до 0,8м. длабочина)
Најчести во употреба во нашите пастрмски рибници се 15 до 20 м.
должина 2,0 до 3,0 м. ширина и длабочина од 0,8 до 1,0м.
Младичњаците се така поставени да можт да ја користат
првовлезната вода во рибнкот.

*Гојни базени - гоилиштатата се базени, наменети за чување и


гоење на рибата, изградени се од најразличен матријал, но
најчесто се бетонски, а можат да бидат земјени или соѕидани од
камен.
По форма можат да бидат правоаголни, како најчеста форма на
рибнички базени, кружни или четвороаголни.
Градежничката норма најчесото се движи во границите на 10 до 20
м. должина им одговара 1,5 до 2,0 м. ширина и длабина од 1,0 до 1,2 м.
Гојните базени се наменети за сместување и гоење на рибата до
конзумна големина и нејзина испорака на пазар.

*Карантински базени - наменети се за прифаќање, сместување и


чување на риба која има посебен третман и која треба да го
помине карантинскиот период, најчесто риба набавена од друг
рибник како репроматријал или подмладок за насад.

32
Во овие базени се сместува риба која е под посебен третман
било да се третира со лекови заболена риба, било да се
подготвува за внатрешен промет или за извоз наменета како
репроматријал или подмладок за понатамошно гоење.
Овие базени треба да се снабдени со посебен довод на вода
само за нив и посебен одвод на искористената вода, која во никој
случај нетреба да се меша со водата која влегува во останатиот дел
на производните базени.
Водата која излегува од овие базени пред да се пушти во водените
реципиенти (поток, река) претходно треба да се третира односно
дезинфицира, како не би дошло до пренесување на евентуалните
заболувања врз автохтоните риби кои живеат во потокот, односно
реката низводно од рибникот.

*Магацински простор - објект наменет за држење и чување на


храна која е потребна за исхрана на рибите.
Неговиот сместувачки капацитет треба да одговара на потребите
од едномесечна залиха од храна потребна за исхрана на рибите во
рибникот.
Магацинот треба да ги задоволува потребните хигиенотехнички
услови за чување на храната во исправна состојба, што значи да е
сув и добро проветрен.

33
Современ пастрмски рибник

2.2 Неполносистемски рибник - е оној пастрмски рибник кој во


својот состав ги нема сите потребни објекти, кои ќе му овозможат
несметано обавување на сите производно технолошки операции
на производство, од икра до конзумна риба, односно целосна
заокруженост на производно технолошкиот процес.
Ваквите рибници најчесто имаат изградено поедини базени
наменети за чување и производство на одредена категорија риба,
а најчесто тоа се гојни базени и скоро секогаш се ориентирани кон
набавка на подмладок и негово гоење до конзумна големина и
испорака на пазарот.

2.3 Специјализирани рибници – тоа се најчесто тесно


специјализирани рибници со посебна намена, а најчесто за
селекциија и производство на расплоден материјал или
репроматријал наменет за насад на други рибници (ембрионирана
икра или подмладок со големина меѓу 5 до 7 максимум 10 см.
должина на телото).
Во специјализирани рибници можеме да ги класифицираме и
кафезните фарми наменети за производство на риба во
отворените води, потоа рециркулационите рибници (системи),
силосите како високо интензивни рибопроизводни објекти и сл.

Според изградената површина пастрмските рибници ги


делиме на:

а)мали рибници со површина 100 до 500 м 2 вкупна водена


површина.
Тоа се мали рибници наменети за фамиљарен бизнис, чии
потреби од вода најчесто се од 25 до 120 л/сек. проток, со што се
остварува производство од 30 до 40 кг. риба по литар/секунда
проток на вода, односно м2 корисна рибничка површина.

б) средни рибници со површина над 500 до 5.000 м 2,


корисна водена површина.
Потребните количества на вода во зависност од техничката
поставеност на објектот (каскадно, во низа или паралела) и
можноста за користење на истатата вода со можност за реаерација
(еднаш, двапати, три и повеќе пати ), сметано на 2,5 измени на
целокупната вода на час, изнесува: од 235 до 1.150 л/сек. проток

34
на вода, при што се обезбедува просечно производство од 25 до
50 кг. риба по м2 корисна водена површина.

Рибник за пастрмка каскадно поставен

в)големи рибници се со површина над 5.000 м2, еден


„ха” и повеќе корисна водена површина.
Потребните количества на вода за овие рибници се огромни, во
зависност од техничките решенија на рибникот, конфигурацијата
на теренот и поставеноста на производните базени со можност за
повеќекратно користење на водата во производството и можноста
за реаерација, потребата од вода се движи од 1.150 до 2.500 л/сек.
проток на вода, при што се овозможува просечно производство на
риба од 25 до 50 кг/м2 корисна водена површина.
Пресметките и проценката кај сите три типови на рибници во
зависност од изградената корисна водена површина, направени
се врз основа на многубројна консултирана литература од областа
на салмоникултурното производство и сопственото долгогодишно
искуство на полето на директното производство на пастрмка во
вештачките рибници (“Вруток“ и “Бањица “- Гостиварско).

Според производната ориентација и условите во кои се


произведува риба во пастрмските фарми, пред се од количината
на вода, нејзините квалитетни својства и измените на целокупната

35
вода во текот на еден час , пастрмските рибници можеме да ги
класифицираме на:
 екстензивни
 полуинтензивни
 интензивни

Екстензивен пастрмски рибник, претставува облик на


мало производство на риба по единица површина (м 2), кое
најчесто изнесува 5 до 10 кг риба/ м 2 корисна водена површина и
еднаш до еднаш и половина измена на водата за еден час,
односно 24 до 36 измени на целокупната вода во текот на 24 часа
(едно деноноќие), при што не се користат никакви уреди за
аерација на водата, туку производителот е ориентиран на
експлатација односно користење на растворениот кислород од
водата и во зависност од конфигурацијата на теренот ги
прилагодува можностите за реаерација на водата која во
производниот процес може да ја користи еднаш, двапати или три
пати, но во никој случај да не дозволи излезната вода на крајот од
базенот, која ќе служи како влезна вода во следниот базен да
падне концентрацијата на кислород под 75% заситеност.
Додека водата која го напушта рибникот и се влива во
водениот реципиент не смее никако да падне под 60% заситеност
со кислород.

Полуинтензивно производство претставува производство


од 25 до 40 кг риба/ м 2 корисна водена рибничка површина и
можност за најмалку 2,5 измени на целокупната вода во текот на
еден час, односно 60 измени во текот на 24 часа., како и можност
за користење на поедини системи за аерација на водата, најчесто
на механички погон или други можности за аерирање на водата
зависно од конфигурацијата на теренот и техничките решенија на
базените.

Интензивно производство, претставува производство на


пастрмка од 50 до 100 кг/м2 и повеќе. корисна водена површина.
Потребите од вода се големи најчесто три измени на час, примена
на додатно уфрлување на течен кислород во водата или примена
на современи механички уреди за аерирање на водата.

2.4 Основни предуслови за градба на пастрмски рибник

36
Пред да се зафати со ваква работа секој иден, односно
потенцијален инвеститор треба да има предвид дека се зафаќа со
специфично производство кое бара максимални вложувања на
труд, знаење и инвестиции.
Со цел да се постигнат саканите ефекти од вложената инвестиција
секој потенцијален инвеститор треба да има предвид дека секаде
и на било кое место и со било каква вода не се гради пастрмски
рибник од кој треба да очекува профит - основниот мотив на секој
инвеститор. Поради тоа, потребни се целосни претходни
сознанија за водениот реципиент кој ќе го употреби за
остварување на својата, цел.
Во овој прирачник ќе се обидеме да го задржиме вниманието и ќе
посочиме на некои основни елементи кои ќе го насочат
евентуалниот потенцијален производител на основните познавања
потребни за обавување на оваа сложена дејност, а исто така и
целосни познавања на идните технолози за производство во
вршењето на својата одговорна работа во производниот процес , а
тоа се:
 локацијата;
 изворот на вода;
 изборот на производниот правец;
 изборот на градежен матријал и формата на
базените;
 изборот на видот риба која ќе се одгледува.

Локацијата, локацијата на рибникот е најважната работа


на која треба да и се посвети целосно внимание, одабирот треба
да е крајно внимателен од страна на потенцијалниот инвеститор
на градба на рибник, не случајно американските стручњаци од
оваа област кога зборуваат за ладноводните рибници и нивната
изградба, како главни предуслови за градба на рибник
потенциираат три главни елементи: локацијата, локацијата и само
локацијата.
Рибник изграден на соодветна локација има секогаш добра
перспектива и секогаш ќе бележи успеси во своето работење.
Додека рибник лоциран на несоодветна локација без обзир на
неговите технички решенија и изграденост, со сигурност ќе
бележи негативни резултати и на добар пат е да пропадне.
Под овој општ поим локација влегуваат скоро сите претходни
елементи, како изборот на производниот паравец, изборот на
градежниот матријал и формата на базените, како и изборот на

37
видовите риби кои ќе се одгледуваат; доколку правилно сте ја
одбрале вистинската локација за изградба на вашиот рибник
бидете сигурни дека сте успеале во вашите намери и вашиот
инвестиционен зафат ќе ги даде очекуваните резултати. Праксата
во низа досегашни случаи го потврдила овој навидум “неважен“
момент при градбата на пастрмски рибници како во нашата
Република така и надвор од неа. Чести се примерите на
игнорирање на овој навидум неважен момент кај нас поради што
имаме вон функција повеќе пастрмски рибници, односно
инвестициони промашувања во целост.
Наша цел не е да ги цитираме каде се, кој ги проектирал или
основал, туку само да ги потсетиме идните инвеститори да имаат
предвид и секогаш кога ќе се одлучат да ги реализираат своите
зацртани цели да се консултираат со стручни лица од областа на
салмоникултурното–пастрмското производство, како и со научните
институции кои се бават со оваа проблематика, како не би се
повторувале веќе направените грешки.

Кои се основните предуслови за градба на рибник?


Основен предуслов за градба на пастрмски рибник е:
Водата и нејзините квантитетни и квалитетни својства.
Изворот на вода кој треба да го обезбедува пастрмскиот рибник е
од пресудно значење, количината и квалитетот на водата се
основата врз која се прават сите производни пресметки,
како што се:
*производниот капацитет на рибникот и
* производната ориентација.
Водата која ќе се користи за обезбедување на пастрмскиот
рибник треба да ги исполнува следните физичко-хемиски
стандарди:
Хемиски карактеристики на водата наменета за одгледување на
пастрмките во пастрмски рибник
Табела 6.

Температура на водата ..................................... 5 до 20 0С


Растворен кислород .......................................... 9 до 11 мг/ л.
Содржина на јаглен двооксид........................... 0,2 до 2,5 мг/л.

38
(концентрации на СО2поголеми од 10 мг/л/ предизвикуваат штетни
ефекти кај некој развојни фази (инкубација на икрата, гасни емболии кај
подмладокот и сл.)
Содржина на амоњак ........................................ до 0,0125 мг/л.
Содржина на сулфур диоксид................................. до 0,001 мг./л.
Содржина на железо ............................................... 0,01 до 0,1 мг./л..
Содржина на олово ................................................. под 0,03 мг./л.
Содржина на бакар.................................................. под,0,06 мг./л.
Содржина на манган................................................ под 75 мг./л.
Содржина на хлор................................................... под 0,03 мг/л.
Содржина на цинк................................................... под 0,03 мг./л.
Содрина на хром....................................................... под 15 мг./л.
Содржина на нитрити .............................................. до 0,55 мг./л во тврда
вода, под 0,1 мг./л/ во мека вода.
Содржина на азот..................................................... под 105 % при
максимален вкупен притисок од 110% сатурација.
Содржина на суспендирани материи........................... 80,0 мг./л.
Алкалитет.......................................................................до 400 мг./л.
РН вредност.................................................................... 6,5 до 8,5
Вкупна тврдост на водата........................................... од 10 до 400 мг./л

Кои извори на вода можат да се користат за задоволување на


потребите во пастрмските рибници?
Извори на вода за пастрмските рибници можат да бидат:
 карсните извори
 водотеците ( потоците во горните текови )
 високопланинските вештачки акумулации.

Карсните извори, се најпогодни водени ресурси за обезбедување


со вода на пастрмските рибници.
Во зависност од количеството вода со која располага изворот и
неговата постојаност, како и квалитетните својства на водата
слободно можеме да заклучиме дека ова се најоптималните
водени ресурси за обезбедување на еден пастрмски рибник со
вода, дотолку повеќе што зафаќањето на водата во непосредна
близина на самиот извор гарантира постојаност на температурата
на водата, која пак најоптимално се одразува на континуитетот на
растењето на рибата преку цела година.
Исто така, изворите се најпогодни за изградба на специјализирани
објекти особено репроцентри, мрестилишта за инкубирање на
икра и одгледување на подмладок, наменет за гоење во
пастрмските рибници.

39
Водотеците - најпогодни водотеци за обезбедување на
пастрмските рибници се потоците и реките во горните теченија,
кои се одликуваат со ладна, чиста, бистра и богата со кислород
вода.
Најпогодни води се оние кои протекуваат низ подрачја богати со
шума, обрастени со тревни падини и со многу малку ерозивни
подрачја, што е можно пократки текови од изворскиот дел до
зафатот на рибникот. Со тоа би се исполниле основните
предуслови да се добие квалитетна вода со што помали
температурни осцилации и мали заматувања на водата, односно
што ќе се овозможи подолг хранидбен период на пастрмката.
Ваквите водотеци погодни се за изградба на неполносистемски и
специјализирани пастрмски рибници наменети за гоење на
ладнољубиви видови риби – пастрмки.

Високо планински вештачки акумулации, - ваквите водени


ресурси можат да послужат за изградба на кафезни фарми за
ладнољубиви видови риби, доколку подолг период од годината
имаат погодни температури кои се движат помеѓу 5 и 18 0С,
односно доколку обезбедуваат минимум 210 до 240 хранидбени
дена и доколку останатите квалитетни својства на водата ги
задоволуваат строгите критериуми и стандарди за држење и
одгледување на пастрмките.

2.5 Производни објекти-Типови на базени

Пастрмските рибници претставуваат протечни објекти низ кои


протекува целокупната вода во текот на дваесет и четири часа без
застој.
Пастрмските рибници според производните карактерактеристики
се карактеризираат како земјоделски површини обезбедени со
потребните хидротехнички објекти наменети за одгледување на
ладнољубиви видови риби.
Пастрмските рибници за нормално да функционираат во својот
состав потребно е да ги имаат следните хидротехнички објекти:

 зафат на вода (извор, каптажа или брана)


 доводни канали
 производни базени
 одводни канали

40
 пречистителни објекти (таложници)

Зафатот- на вода во зависност од изворот на вода со кој се


обезбедува пастрмскиот рибник, може да биде со каптирање на
самиот извор, непосредно по неговото извирање и преку доводен
канал да се доведува водата до производните објекти
(инкубациона сала или производните базени).
Доколку водата за обезбедување на рибникот се зафаќа од
слободни водотеци,потоци или реки, во тој случај потребно е да се
изгради брана, која ќе овозможи зафаќање на дел од водата на
реката наменета за обезбедување на пастрмскиот рибник и ќе ја
насочи преку доводниот канал во таложница за пречистување на
суспендираните честици (песок, глина), како и органските материи
(лисје, трева, помали гранки и сл.) да не се влеваат во
производните базени.
Изградбата на браната во зависност од големината на водотекот
потребно е секогаш да е во консултација со стручно лице од
областа на хидро–техниката, како не би дошло до несакани
последици во текот на експлоатацијата на објектот.
При градбата на брани со кои се зафаќа дел од водотекот за
обезбедување на рибникот секогаш треба да се има предвид да се
остави доволно количество на вода за хидробиолошки минимум
(приближно 25%до 30%) од вкупниот водотек и секогаш да се
остави можност за несметано проаѓање, односно движење на
рибата која природно се наоѓа во дадениот водотек. Несмее во
ниеден случај да се дозволи зафаќање на целокупната вода од
водотекот и да се остави коритото на еден негов дел суво без вода
во потегот од влезот во рибникот до испустот на водата во истиот
водотек, кога искористената вода во рибопроизводтвото повторно
се враќа во истиот водотек од каде е зафатена.
Враќањето на водата во водотекот по нејзиното користење
потребно е да биде претходно третирана, односно исталожени
органските материи од изметот на рибата и евентуалните
остатоци од неискористена храна за рибата, а тоа се прави во
таложниците во кои претходно се собира излезната вода се врши
таложење на суспендираните честици, водата се збогатува со
кислород преку аерација или биофилтри и се испушта во речното
корито со минимум 60% заситеност со кислород.
Вака испуштената претходно користена вода во
рибопроизводството ги задоволува биолошките потреби на
останатиот жив свет кој се наоѓа во речното корито, вклучувајќи ги

41
автохтоните видови риби кои живееле, живеат и треба да
продолжат да живеат во отворената вода

Доводни канали - тоа се хидротехнички решенија кои служат за


прифаќање на водата од каптажата или браната, односно
таложницата и нејзино доведување до производните објекти
(базените). Доводните канали можат да бидат отворени и
затворени – цевководи. Доводниот канал може да биде изработен
од бетон, камен, пластични цевки или земјен доколку составот на
земјиштето одговара на намената, да не е порозно и не се
заматува водата како последица на растворање на земја со
течењето на водата.

Доводен канал за вда во пастрмски рибник

Големината на доводниот канал треба да биде димензиониран


така да обезбедува несметан и слободен проток на потребната и
пресметана максимална количина вода која треба да ги задоволи
потребите од вода на пастрмскиот рибник во целост.

42
2.6 Производни објекти – базени, во пастрмските рибници во
зависност од производната технологија и определеноста на
рибникот можат да бидат категоризирани како:

 матични базени
 персови базени
 младичњаци
 гојни базени
 карантински базени

Битен момент при изборот на микро локацијата каде што треба


да бидат поставени базените, односно целокупната поставеност
на пастрмскиот рибник е конфигурацијата на теренот и тоа од
најмалку две причини и тоа:

 Пристапноста до самиот рибник и можноста за


работа (дотур на храна, порибување, транспорт
на рибата и сл.)
 Можност за реаерација на водата и нејзино
повеќекратно искористување во производството.

Минималните потреби за висинска разлика помеѓу поставеноста


на базените при неколкукратно користење на водата е 0,5 м. ( од
излезот на водата на првиот базен – батерија, до влезот на водата
во втората серија на базени).
Оптимално решение би било кога падот на водата би бил еден
метар, спрема тоа најдобар терен за поставување на базените би
бил оној кој има косина од од 4 до 10%, но во крајна граница
прифатлив е терен со пад од 2%.
Материјалот кој се користи за изградба на базени во
пастрмските рибници, може да биде најразновиден матријал, но
најчесто во употреба се бетонските базени, а не е исклучено да
биде од земја доколку подрачјето на кое се гради рибникот е во
равничарски дел каде има доволни количини квалитетна вода
погодна за одгледување на пастрмката, а земјиштето е рамно, има
многу мал пад, па во тој случај најпогодни се земјените базени,
камен доколку теренот каде се гради рибникот го има во доволни
количини и цените дозволуваат да се ѕида и да се малтерисаат
ѕидовите.
Доколку изворот кој е наменет за обезбедување со вода на
идниот рибник е со постојана температура, но количината на вода

43
е ограничена мала издашност и теренот каде треба да биде
поставен рибникот е со минимална косина во тој случај добро би
дошле кружните базени, кои се сметаат за најпогодно решение,
посебно ако таквиот рибник е наменет за одгледување на
подмладок–специјализиран рибник, или за одгледување на
подмладок од автохтоните видови риби (поточна пастрмка,
охридска пастрмка ).
Формата на базените може да биде различна, правоаголна,
четвороаголна, кружна или друг вид на неправилна форма, но да
се внимава циркулацијата на водата да е подеднаква на
површината на целиот базен да не се создаваат мртви агли.

Современ пастрмски рибник со каскадна поставеност


на базените, правоаголна форма

Матични базени - овие базени се наменети за чување на


матичниот (репродуктивен) материјал; по форма можат да бидат
најразлични, но најчести се правоаголните базени изградени од
бетон. Специјализираните рибници кои се наменети за селекција и
производство на репроматријал “РЕПРОЦЕНТРИ” (ембрионирана
икра и подмладок помеѓу 5 до 10 см. должина на телото), скоро
секогаш во својот состав имаат поголем број на мали по димензија
матични базени наменети за чување и одгледување на

44
родителските парови, со цел создавање на производни линии,кои
ќе ги задоволат барањата на интензивното производство во
современите производни фарми. Скоро во сите пастрмски
рибници во нашата република кои се занимаваат со производство
на подмладок и ембрионирана икра, не постојат техничко
технолошки можности за водење на индивидуална селекција од
едноставна причина што ниту еден од постојните рибници не е
опремен, односно нема изградено базени за таа намена, туку сите
тие рибници имаат мрестилишта, наменети пред се за
задоволување на сопствените потреби од подмладок за насад и
производство на конзумна риба, вишоците на произведен
подмладок наменети се за домашниот пазар.
Изборот на матичен материјал скоро секогаш се базира врз
масовна селекција, не водејќи сметка за можноста на блиско
родствено вкрстување кај избираната популација која се остава за
идни родителски парови туку се обрнува внимание само на
морфометриските (фенотипските) карактеристики на рибата.
Според тоа опасностите од инбридинг се постојано присутни, како
резултат на тоа, можностите за појавата на дегенеративни појави
кај произведениот подмладок се секогаш присутни.

Персови базени - тоа се базени мали по димензии, наменети за


држење на подмладокот најчесто до тримесечна возраст (5 до 7 см
должина на телото).
По форма можат да бидат најразлични (правоаголни,
четвороаголни и кружни), најчесто се бетонски базени, а незначи
дека неможат да бидат изградени од друг материјал како што е
пластиката и сл., но во секој случај формата и материјалот од кои
се направени персовите базени треба да овозможуваат лесно,
брзо и едноставно чистење на истите, односно да овозможува
добри хигиено санитарни услови во нив. Подмладокот е особено
чувствителен на загадување и лесно може да дојде до појава на
заболувања особено кај подмладокот кој се чува во несоодветни
услови. Краен ефект на ваквата лоша постапка со подмладокот ќе
бидат зголемените производни губитоци, а можни се
катастрофални последици манифестирани со заболувања и
масовен помор на одгледуваните рипчиња

45
Современ тип на персови базени

Основно правило при поставувањето на персовите базени е тие


секогаш да бидат поставени на горниот дел од рибникот како би ја
добивале првата вода од изворот која го напојува рибникот и
таквата вода повторно може да се користи во одгледувањето на
риба во другите базени, најчесто гојните базени.

Младичњаци - тоа се базени наменети за држење на


подмладокот, најчесто до големина од 5 до 50 г. тие се изградени
од бетон, најчесто со правоаголна форма и димензии од 15 до 20
м должина 1,5 до 2,0 м. ширина и 0,8 м. длабочина, незначи дека
не можат да бидат со поголеми односно помали димензии, но
како најфункционални за работа се горенаведените димензии, кои
овозможуваат чување на повеќе тежински класи и можноста за
сортирање на подмладокот е поголема кога се има повеќе на број
помали младичњаци.

46
Типови на мали семејни пастрмски рибници

Гојни базени - гојните базени зафаќаат најголем дел од


производниот дел на рибникот најчесто 65 до 70% од вкупно
изградената површина на еден полносистемски пастрмски рибник.
(5 до 10% матични базени и 20 до 30 % младичњаци).
Гојните базени можат да бидат изградени од најразличен матријал
и во најразлична форма, во зависност од теренот каде се градат и
материјалот кои се има на располагање.
Најчести во употреба се правоаголните базени изработени од
бетон и најчеста форма на поставеност на поедините производни
серии на гојни базени е каскадното поставување кое овозможува
повеќекратно користење на водата, доколку конфигурацијата на
теренот е со косина од над еден метар.
При такви ситуации можноста за реаерација на водата е
задоволителна и нејзиното неколкукратно користење во
производството е сосема реално.

47
Различни форми на гојни базени

Карантински базени - овој тип на базени се градат со посебна


намена и служат за посебна намена. Во нив најчесто се држи риба
која е под посебен третман (заболена риба која се лекува,
донесена риба од други рибници и сл.). Овие базени се најчесто
бетонски базени кои овозможуваат добри хигиенско санитарни
услови, обезбедени се со засебен довод на вода и посебен испуст
на искористената вода која во никој случај не треба да се меша со
водата која се користи во редовното производство на риба на
пастрмскиот рибник, а пред испуштање на ваквата вода во
природните водотеци истата вода треба да биде дезинфицирана
за заштита на рибниот фонд во отворената вода.

48
Типови на карантински базени

2.7 Определување на производниот капацитет

Изборот на микролокацијата и поставеноста на рибникот како


и неговиот производен капацитет секогаш треба да бидат
приоритет во поставувањето на проектната задача.
Кога се врши проценка на одредена локација наменета за рибник
за пастрмка, проценката на водените ресурси се од приоритетна
важност, со цел правилно димензионирање на објектот врз основа
на производството и економските критериуми, а секако профитот
како крајна економска категорија.
Откако ќе се изврши целосна анализа и проценка на
количеството и квалитетот на вода и погодноста на микро
локацијата и се даде оценка дека се задоволителни, се пристапува
кон проценка и пресметка на можниот производен потенцијал на
дадениот воден ресурс.
Приоритет број еден при одредување на производниот
капацитет на идниот пастрмски рибник е : количината и
квалитетот на водата, која ќе го обезбедува идниот рибник. За таа
цел потребно е да се пристапи крајно внимателно и да се соберат
потребните податоци за количината на вода на водениот ресурс
кој е предодреден во поширока смисла на зборот како основен
воден ресурс за обезбедување со вода на идното производство.

49
Од каде може да се добијат корисни податоци за водниот
режим?
Можности каде може да се најдат податоци за количините на вода
секако е Републичкиот Хидрометролошки Завод.
Доколку нема податоци во оваа реномирана инситуција за
бараниот водотек, при такви случаи ќе се врши проценка и
собирање на податоци, како и неколку годишно мерење на
издашноста на вода на изворот односно протокот на вода во
реката, или потокот.
Посебно корисни и поверодостојни податоци за количината на
вода можат да се приберат доколку на дадениот водотек во
претходниот период работеле или сеуште работат воденици.
Воденичарите се луѓе во поодминати години и со доста искуство,
кои за многу години наназад ќе ви кажат колку воденички камења
вртеле на водата од дадениот водотек, во кој период од годината
водата се намалува и сл. (еден воденички камен во зависност од
падот на водата го придвижува и врти 50 л/сек. вода).
Исто така драгоцени податоци можат да се приберат од месното
население доколку водотекот или изворот го користат за
наводнување на земјоделските површини.
Една бразда за наводнување носи приближно 10 л/сек. вода, колку
бразди вода обезбедува водотекот или изворот се добар
показател за количините на вода кои се на располагање.
Мерењето на водотекот (прелив, хидрометриско крило и сл) се
добар податок и најсоодветен доколку таквите мерења се вршат
подолг период на време и даваат најсоодветни податоци за
расположивите количини вода на дадениот воден ресурс наменет
за изградба на пастрмски рибник.
Откако се добијат потребните податоци за количествата вода во
дадениот воден ресурс, се пристапува кон анализа на водата и
нејзините квалитативни својства. Се прават хемиски анализи на
водата, со цел да се утврдат нејзините својства и дали ги
задоволува стандардните барања по квалитет за пастрмката која
тука ќе се одгледува (физико–хемиските карактеристики на
водата). Да се приберат податоци и да се има сознание дали во
дадениот избран воден ресурс живееле и сеуште живеат
автохтони видови риби и во кои делови на водотекот ги има
најмногу.
Со завршувањето на сите потребни работи, тоа значи ништо не
сме оставиле на случајности, се пристапува кон проценка на
производниот капацитет, односно оптималниот производен

50
капацитет на дадената вода. Податоците при проценката на
производниот капацитет можат да се земат од табелата Индекс на
протекот на вода)
За пресметување на производниот капацитет на пастрмскиот
рибник потребно е да ги имаме следните податоци:


надморската височина на која се наоѓа
изворот;
 просечната температура на водата 0С;
 количеството – протекот на вода л/мин.;
 должината на телото на рибата во см.;
 начинот на користење на водата во
производството во зависност од можноста за реаерација,
еднаш, двапати или повеќе пати.

ПР:
Пресметувањето се прави на следниот начин:

1. Да се пресмета оптималниот производен капацитет на воден


ресурс со капацитет од 3.000 л. протек на вода во 1 мин.( 50 л/сек.
протек)
- надморска височина од 610 м.
- температура на водата од 100С
- продажна тежина на рибата 250г. парче и должина на телото од
28,5 см., односно 4 риби во еден кг.
Од табелата бр. 1. може да се види дека количеството на риба
која може да се држи при дадените параметри, изнесува 0.079
кг/л.проток на вода, па во тој случај постапката би била следна:
0,079 кг. риба на литар проток на вода на см. должина на телото на
рибата.
Продажната големина на рибата изнесува 250,0 г. и должина на
телото од 28.5 см. Во тој случај количината на риба која ќе се
држи во дадената количина вода би изнесувала :

0,079 х 28,5 =2,251 кг. риба на л/проток на вода


2,251 х 3.000 л .проток = 6.754,5 кг. риба

 6.754,5 кг. х 4 бр/кг = 27.018 броја риба., при


еднократно користење на водата.

51
Доколку конфигурацијата на теренот дозволува можност за
реаерација и повеќе кратно користење на истата вода во
производството, а сепак амоњакот, кој е краен продукт при
метаболитичките процеси, не претставува ограничувачки фактор и
се движи во нормалните граници и нормална ( рН ) .
Концентрацијата на кислородот како резултат на реаерацијата
на излезот од базените изнесува 70% заситеност, во зависност од
влезниот кислород при влегувањето на водата во рибникот,
слободно можеме да извршиме проценка на оптималниот
производен капацитет(просечна оптеретеност кг/л/протек/минута)
за секоја следна употреба на водата. табела 8. Доколку падот на
теренот изнесува 1,22 м. помеѓу каскадите, и 70 % заситеност, во
тој случај пресметката би била во смисла на 0,8415% од
првобитниот пресметан капацитет односно:

6.754 кг. х 0,8415% = 5.683 кг. риба при втората употреба.


 Второто користење обезбедува 5.683 кг.

Третото користење на водата би било повторно 70% заситеност од


втората искористеност на водата односно : 84,15% х 70% = 58,90%
при сосема идентична каскада од 1,22 м. помеѓу втората и третата
каскада односот на реаерација изнесува 77,81%, од пресметаното
оптеретување на втората каскада, а тоа е 4.422 кг.

5.683 кг х 0,7781 = 4.422 кг. При третата употреба.


 Третото користење 4.422 кг.

Доколку конфигурацијата на теренот дозволува и четврто


користење на водата, при висинска разлика помеѓу каскадите од
76 см. во тој случај производниот капацитет се проценува на (77,81
% х 70% = 54,46% сатурација, која одговара на оптеретување од
0,7222 при што можното производство при Четвртото користење
на водата би било:

4.422кг х 0,7222 =3.193 кг. При четвртата употреба и


 Четвртото користење 3.193 кг.

52
Производниот капацитет ќе претставува збирна сума од
поединечните можни производства на риба во секоја производна
батерија пооделно.
прво користење...................... 6.754 кг.
второ користење.................... 5.683 кг.
трето користење................... 4.422 кг и
четврто користење................ 3.193 кг
вкупен капацитет :....................20.052 кг. риба
________________________________________________________

Индекс на протокет на вода и држењето на риба изразени во


кг.риба/л.протек/мин.на см.должина на телото на рибата
Табела 7.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------
тем.0С н а д м о р с к а в и с и н а
водата 305 610 914 1219 1524 1829
4,4 0,123 0.118 0.114 0.110 0.106 0.099
5.0 0.119 0.115 0.111 0.107 0.103 0.099
5.6 0.115 0.111 0.107 0.103 0.100 0.096
6.1 0.111 0.107 0.103 0.100 0.096 0.093
6.7 0.106 0.102 0.099 0.095 0.092 0.089
7.2 0.102 0.099 0.095 0.092 0.089 0.086
7.8 0.098 0.095 0.092 0.088 0.085 0.082
8.3 0.094 0.091 0.088 0.085 0.082 0.079
8.9 0.090 0.087 0.084 0.081 0.078 0.076
9.4 0.086 0.083 0.080 0.077 0.075 0.072
10.0 0.082 0.079 0.076 0.074 0.071 0.069
10.6 0.079 0.076 0.073 0.071 0.068 0.066
11.1 0.076 0.073 0.071 0.068 0.066 0.064
11.7 0.073 0.071 0.068 0.066 0.064 0.061
12.2 0.071 0.068 0.066 0.063 0.061 0.059
12.8 0.068 0.066 0.064 0.061 0.059 0.057
13.3 0.066 0.064 0.061 0.059 0.057 0.055
13.9 0.064 0.062 0.060 0.058 0.056 0.054
14.4 0.062 0.060 0.058 0.056 0.054 0.052
15.0 0.060 0.058 0.056 0.054 0.052 0.050
15.6 0.059 0.057 0.055 0.053 0.051 0.049
16.1 0.057 0.055 0.053 0.051 0.049 0.048
16.7 0.056 0.054 0.052 0.050 0.048 0.047
17.2 0.054 0.052 0.050 0.048 0.047 0.045
17.8 0.052 0.051 0.049 0.047 0.045 0.044
*** Податоците се користени од предавањата на Shinsho и Tompson,
Септември,1995 год. Струга

53
Вредности на ре-аерација на водата во зависност од
висината на преливот и длабината на преливната вода
Табела 8.
сатурација длабина на прелив / висина помеѓу поедините каскади
см.
во % 0.5 1.0 1.5 2.0 2.5 3.0 3.5 4.0
15.2 30.5 45.7 60.9 76.2 91.4 106.7 121.9
98 0.9840 0.9855 0.9865 0.9873 0.9879 0.9855 0.9890 0.9894
%
96 0.9681 0.9709 0.9729 0.9745 0.9758 0.9770 0.9780 0.9789
94 0.9521 0.9564 0.9594 0.9618 0.9638 0.9655 0.9670 0.9683
92 0.9362 0.9419 0.9459 0.9490 0.9517 0.9540 0.9560 0.9577
90 0.9202 0.9273 0.9323 0.9363 0.9396 0.9425 0.9449 0.9472
88 0.9042 0.9128 0.9188 0.9236 0.9275 0.9309 0.9339 0.9366
86 08883 0.8982 0.9053 0.9108 0.9155 0.9194 0.9229 0.9260
84 0.8723 0.8837 0.8917 0.8981 0.9034 0.9079 0.9119 0.9155
82 0.8563 0.8692 0.8782 0.8854 0.8913 0.8964 0.9009 0.9049
80 0.8404 0.8546 0.8647 0.8726 0.8792 0.8849 0.8899 0.8943
78 0.8244 0.8401 0.8512 0.8599 0.8671 0.8734 0.8789 0.8838
76 0.8085 0.8255 0.8376 0.8471 0.8551 0.8619 0.8679 0.8732
74 0.7925 0.8110 0.8241 0.8344 0.8430 0.8504 0.8569 0.8626
72 0.7765 0.7965 0.8106 0.8217 0.8309 0.8389 0.8458 0.8521
70 0.7606 0.7819 0.7970 0.8089 0.8188 0.8247 0.8348 0.8415
68 0.746 0.764 0.785 0.792 0.808 0.818 0.828 0.839
66 0.727 0.759 0.770 0.785 0.797 0.803 0.818 0.824
64 0.7127 0.7383 0.7564 0.7707 0.7826 0.7928 0.8018 0.8098
62 0.6967 0.7238 0.7429 0.7580 0.7705 0.7813 0.7908 0.7992
60 0.6808 0.7092 0.7294 0.7452 0.7584 0.7698 0.7798 0.7887
58 0.6648 0.6947 0.7158 0.7325 0.7464 0.7583 0.7688 0.7781
56 0.6489 0.6822 0.7023 0.7198 0.7343 0.7468 0.7577 0.7675
54 0.6329 0.6656 0.6888 0.7070 0.7222 0.7353 0.7467 0.7570
52 0.6169 0.6511 0.6752 0.6943 0.7101 0.7238 0.7357 0.7464
50 0.6010 0.6366 0.6617 0.6815 0.6981 0.7123 0.7247 0.7358
48 0.5850 0.6220 0.6482 0.6688 0.6860 0.7007 0.7137 0.7253
46 0.5690 0.6075 0.6346 0.6561 0.6739 0.6892 0.7027 0.7147
44 0.5531 0.5929 0.6211 0.6433 0.6613 0.6777 0.6917 0.7041
42 0.5371 0.5784 0.6076 0.6306 0.6498 0.6662 0.6807 0.6936
40 0.5212 0.5639 0.5940 0.6179 0.6377 0.6547 0.6697 0.6830

54
2.8 ВИДОВИ РИБИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ ОДГЛЕДУВААТ ВО
АКВАКУЛТУРНОТО САЛМОНИДНО ФАРМСКО ПРОИЗВОДСТВО

Најчест и најзастапен вид во редовното производство во


пастрмските фарми е Виножитната пастрмка (Oncorchchynkus
mykiss), позната кај нас под името калифорниска пастрмка, како и
Златната пастрмка која е добиена од виножитната пастрмка и е
издиференцирана како посебен подвид.
Други видови риби кои успешно може да се одгледуваат се:
Автохтната поточна пастрмка –Salmo truta,
Охридска пастрмка Salmo letnica
Поточна златовчица Salvelinus fintinalis

2.8.1 Род: Oncorchynchus


Вид: Oncorchynchus mykiss, Valbaum- виножито пастрмка

Овој вид риба потекнува од сливот на реката Сакараменто, во


Сојузната држава Калифорнија, во САД, која се наоѓа на источниот
брег на Тихиот Океан, овој вид риба е позната кај нас во народот
како калифорниска пастрмка. Виножитната пастрмка е широко
распространета во светот со нејзе вршено е порибување на
отворените води ширум светот, но и доста успешно се одгледува
во вештачките рибници и претставува основа за аквакултурното
производство на риба.
Во Европа е донесена 1880 година, со цел порибување на
отворените водотеци, додека на просторот на поранешна
Југославија донесена е десет години подоцна во далечната 1890
година, со иста цел порибување на отворените води и збогатување
на популацијата на разновидни риби. Во Република Македонија
донесена е 1964 година со изградбата на рибникот Вруток во с.
Вруток од страна на Сојузот на Спортското Риболовно Друштво од
Скопје. Според надворешниот изглед – фенотипот, (екстериерните
мерки) доста наликува на автохтоната поточна пастрмка бидејќи
на северноамериканскиот континент ги населува биотопите со
идентични еколошки услови, како и нашата автохтона пастрмка.

55
Виножитна пастрмка

Оваа пастрмка се разликува од автохтоната поточна пастрмка


по основните морфолошки белези, а особено по бојата на телото
која во основа е маслинесто – зелена до смеѓа по грбниот дел,
сребрено сива или жолтеникава по страните и стомакот.
Она што ја прави карактеристична е бојата во вид на виножито која
се протега по целата должина на трупот почнувајќи од жабрените
капаци, па се до аналната перка, по должината на латералната
линија.
Грбниот дел, стомакот и перките и се попрскани со ситни темни до
црни дамки.
Главата и е со јаки вилици целосно назабени, а заби се среќаваат и
на вомерот свиткани навнатре кои и служат за прифаќање на
пленот и негово проголтување.
Полово созрева во втората – третата година од својот живот, се
размножува во текот на август-септември, а постојат видови на
риба кои се размножуваат и во ноември – декември, па се до
февруар месец, во зависност од еколошките услови каде живее.
Се претпоставува дека оваа риба во нашите водотеци природно
(автохтоно) не живее, но доколку дојде и ги насели природните
води (со вештачко порибување или излезен подмладок од
вештачките рибници), може да живее, но неможе природно да се
размножува. До ден денес не е најден подмладок од овој вид на
риба во природните водотеци или вештачките акумулации, но
сепак не се препорачува порибување на водотеците таму каде е
населена нашата автохтона пастрмка. Од овој вид на риба има
повеќе подвидови и тоа риби кои се мрестатат во слатка вода и
риби кои се миграторни, кои мигрираат низводно до солените
морски води таму, полово созреваат, а на мрестење се враќаат во
слатките води. Највероватно во нашите рибници се одгледува

56
миграторната форма на риба која полово созрева во слатка вода,
но не се мрести на природен начин.
Овој вид на риба е многу повитален, поиздржлив, поотпорен на
болести,поинтензивно расте, многу е поалчна-пограблива, според
тоа е многу поатрактивна за спортските риболовци, што значи
може доста успешно да се користи за порибување на затворени
водени биотопи (акумулации), со намена за спортско-стопански
риболов
Нејзините биолошки карактеристики од една страна и
нејзиното успешно одгледување во вештачки рибници повеќе од
двесте години, допринело, а и денес дава широки можности за
ихтиолозите, технолозите и генетичарите овој вид на риба
детално ја проучуваат и со неа работат, па неспорни и евидентни
се резултатите од таквата работа.
Денес во светот постојат повеќе производни линии од овј вод кои
имаат интензивен пораст, различен временски период на
мрестење во текот на годината, како и производни линии со
променета боја, како што е златната пастрмка, која се
карактеризира со златножолта, боја со јасно изразена и
забележлива виножито лента. Ѓеорѓиев, ја споменува дека е
добиена во матичната земја, но не се потрудил да собере
податоци дека ова производна линија создадена е кај нас во
нашата Република во рибниците “Вруток“ и “Бањица” Гостиварско,
во 1987 година од страна на Професор Стевановски и оттогаш до
ден денес успешно се одгледува во матичниот рибник, каде е
добиена, а ја има и во повеќето пастрмски рибници низ нашата
Република, како и надвор од нашата Република извезена во
соседните земји.
Виножито пастрмката во вештачките рибници каде се
одгледува за комерцијални цели се мрести во различен период од
годината, во зависност од еколошките и амбиенталните услови на
рибникот во кој се одгледува, а секако и селекционираната
производна линија, така да се мрести во август-септември (летна
форма-линија) ноември-декември (есенска) декември-фебруар
(зимска) и март- април до мај (пролетна).
Половата зрелост почнува во втора-трета година од нејзиниот
живот, кај женките, додека мажјаците се пораностасни за една
година пред женките.
Просечната плодност се движи од 1.500 до 2.500 зрна икра на
килограм телесна маса, со големина од 4,5 до 6,0 мм.

57
Помладите женки имаат поситна икра додека кај повозрасните
икрата е покрупна, големината на икрата во голема мера зависи и
од селекционираната линија која се одгледува во рибникот.
Секако дека целта на секој селекционер и одгледувач на
репроматријал за мрест му е да произведе женки кои даваат
покрупна икра, со тоа се добива и покрупна личинка и подобра
стартна основа за покрупен подмладок.
Инкубациониот период изнесува од 380 до 410 температурни
дена. Исхраната на подмладокот првите дена по излегувањето
(личинките) се хранат од вителусната кеса, а покасно со вештачки
припремена крмна смеска (стартери) во вештачките рибници каде
се одгледува, а во природни услови со зоопланктон, додека во
покасниот развоен период во исхрана влегуваат ,ларви од инсекти,
инсекти, друга помала риба, разни мекотели и помали цицачи,
овој вид на риба успешно користи крмни смески во вештачките
рибници каде успешно се одгледува.
Максималната тежина изнесува до 23 кг. Должината на телото до
90 см.

2.8.2 Златна виножито пастрмка


Oncorchynchus mykis,Stevanovski, 1987.

Златната пастрмка е производна линија добиена од


стандардната виножито пастрмка, сосема случајно во 1987 година
при изборот-селекцијата на матичен матријал на рибникот
“Вруток“ кај Гостивар, како резултат на настаната спонтана
мутација на генот за боја. Добиена е една единствена “златна
рипка”, за која по половото созревање утврдивме дека се работи
за мажјак, кој подоцна беше искористен во репродукција. Од тој
единствен примерок селекционирана е производната линија на
македонската златна пастрмка.

58
Златна виножито пастрмка

Според морфолошките (фенотипските) карактеристики оваа


производна линија значително отстапува од нејзината изворна
форма виножитото пастрмка, од која е добиена.
Златната пастрмка се карактеризира со златно жолта боја на
целото тело и златно жолти перки, стомакот и е жолтеникаво бел.
Јасно изразена виножито линија која се протега од жабрените
капаци до почетокот на опашната перка.
Според физиолошките карактеристики покажува значителни
предности кои ја карактеризираат оваа производна линија, а тоа
се побрз прираст за 13,28 до 17,35% во првата одгледувачка фаза
на подмладок (од почетокот на првото прихранување до
тромесечна возраст), подобро искористување на храната за 14,79
до 20,42%, додека прирастот во гојна фаза изнесува 12,20 до
14.73% во корист на златната пастрмка, а потрошувачката на храна
во оваа фаза е поповолна кај златната пастрмка за 10,25 до
17,27%.
Процентот на преживеаност е во блага предност во корист на
златната пастрмка.
Оваа производна линија поднесува повлошени еколошки
услови отколку нејзината изворна форма виножито пастрмката.
Економските ефекти на оваа производна линија искажани
преку производство на 1.000 кг. конзумна риба покажуваат за
18,60 до 27,85% поголем профит во однос на нејзината изворна
форма.

59
2.8.3 Поточна пастрмка - Salmo Truta Linaeus,1758

Поточната пастрмка е граблив вид на риба, тоа е вид со


космополитска распространетост, живее во ладните чисти и бистри
води богати со кислород, а тоа се најчесто горните текови на
водите, планинските потоци и реки, како и ладните
високопланински езера и ладните мориња, таму каде
температурата на водата не преминува преку 24 оС.
Достигнува максимална должина до 1 м. и тежина до 30 кг. Во
потоците богати со храна максималната тежина изнесува до 2 кг.
но обично индивидуалната тежина во нашите потоци изнесува до
800 г, просечната уловна тежина најчесто се движи помеѓу 150 до
250 г.
Формата на телото најчесто и е збиена, вретеновидна, благо
латерално сплесната, а грбот и е масивен и повеќе наликува на
торпедо

Поточна пастрмка

Ваквата форма и овозможува лесно движење низ водата, брзо


пливање и совладување на брзаците и струењата на водата, како и
совладување на препреки, помали водопади со прескокнувања.
Бојата на телото и е доста променлива и во голема мера
зависна од еколошките услови-средината во која престојува, бојата
на телото ја прилагодува според средината во која живее како би
можела да биде што помалку забележлива, што значи се одликува
со извонредна пластичност и брза промена на екстериерните
карактеристики (бојата и формата на телото). Но сепак, основната
боја на телото и е маслинесто зелена на грбниот дел до смеѓа,
додека страните и се светло жолтеникави или жолто зеленкасти
или сребрено сиви која боја се протега и по стомачниот дел.

60
Основна карактеристика во бојата на поточната пастрмка е таа што
по страните на телото се распрскани црвени точки оивичени со
светол раб. Целото тело освен главата и е покриено со ситни луски
(скргунки , крлушки) Во првата година од животот, бојата на телото
и е со темни пеги без црвените точки по телото, што се нарекува
уште “младолико руво”, кое после првата година се губи.
Поточната пастрмка во нашите води живее во горните текови на
сите планински потоци и реки, како и во високопланинските езера
(природни и вештачки акумулации).
Поточната пастрмка во Македонија се среќава во повеќе видови,
од кои ќе споменеме неколку и тоа Salmo pharioides,
Караман,1937- радичка пастрмка, најчеста во сливот на река
Радика и Мавровската акумулација, S. Macedonicus Караман,1924.-
македонска пастрмка , најчесто се среќава во притоките на Вардар,
Треска, Кадина река, а се споменува во Бугарија на Струма и
Места.S.Pelagonicus,Караман,1937.–пелагониска пастрмка,
распространета е во притоките на Црна Река во пелагонискиот
регион. Salmo Peristericus Караман, 1937-пелистерска пастрмка,
најчесто се среќава во Брајчинска река и притоките кон
Преспанското Езеро и т.н. Сите овие видови на пастрмка се
споменуваат во “Слатководне рибе Југославије “ (Вуковиќ &
Ивановиќ, 1971)
Полова зрелост достигнува во 3 – 4 година од својот живот, со
тоа што машките примероци се пораностасни за една година пред
женските
Поточната пастрмка се мрести (размножува) во есенско
зимските месеци најчесто од ноември до февруари во зависност
од еколошките услови каде престојува. Икрата ја положува на
песокливи и чакалести подрачја, во плитките и бистри брзаци, кои
претходно ги припрема, чистејќи го песокот и дното на потокот до
потполна белина на камењето, во народот често познати како
“белишта” и во така припремените места женката ја полага икрата,
а мажјаците при испуштањето на икрата од страна на женката
испуштат млеч во непосредна близина врз самата икра и на таков
начин се врши оплодување, после тоа женката со опашката ја
покрива икрата која останува да се инкубира во самата вода.
Икрата е потопена, што значи нејзината специфична тежина е
поголема од водата и лежи на дното.
Просечната плодност се движи од 1500 до 2500 зрна икра на
кг.телесна тежина. Икрата е со големина (дијаметар) помеѓу 3,5 до
5,0 мм

61
Инкубациониот период е тесно поврзан со температурата на
водата каде икрата е положена, но главно се инкубира за околу
410 до 480 температурни дена, во зависност од температурата на
водата од 50 до 60 дена.
Штотуку излезените ларви (личинки) во почетокот се хранат од
својата вителусна кеса, но покасно по ресорпција на вителусната
кеса преминуваат на граблив начин на исхрана и се хранат со ситен
зоопланктон. Пастрмката во основа е граблив вид на риба месојад
(карнивора ), која најчесто се храни со зоопланктон, икра од други
риби, мекотелци, полжави, помали риби, а и поситни цицачи,
возраснатата пастрмка е многу итра и претпазлива риба. Денот го
минува во позасолнети места во водата и тука ги чека најчесто
своите “жртви”, а приквечер излегува по течението во брзаците и
бара храна.
Поточната пастрмка има особено висококвалитетно месо, кое
во зависност од исхраната и средината во која живее, може да
биде розово, црвено или бело, низ месото се наоѓаат многу малку
слободни меѓумускулни коски во грбниот дел, што му дава за
право висок квалитет на месото и особена бараност на пазарот од
страна на потрошувачите.
Денес, поточната пастрмка успешно се одгледува на вештачки
начин во вештачките пастрмски рибници, што значи се мрести на
вештачки начин и се одгледува во пастрмските рибници
паралелно како и виножито пастрмката (калифорниската), до
конзумна величина најчесто помеѓу 250 до 400 г., индивидуална
тежина и како таква се испорачува на пазарот , но за тоа и е
потребно време од 24 до 36 месеци, поради бавниот прираст е
помалку атрактивна за одгледување во рибниците од виножитната
пастрмка.

2.8.4 Вид: Salmo Letnica, Karaman,1924


Охридска пастрмка – S. Letnica, Karaman, 1924

За Охридското Езеро претставува најзначаен стопански вид, а


годишниот улов на риба се движел помеѓу 80 до 150.тони од оваа
исклучително квалитетна и ценета риба.
Помеѓу ихтиолозите и систематичарите сеуште постојат дилеми
дали охридската пастрмка претставува посебен вид на пастрмка
или е таа резултат на различните еколошки услови кои владеат во
Охридското Езеро.

62
Според Ѓеорѓиев, станува збор за спонтана природна селекција и
приспособување на различните микроеколошки услови внатре во
еден затворен биотоп - екосистем, каде географската изолација
како еден од основните фактори во процесот на природна
еволуција и одредил и посебни фенотипски карактеристики.
Станковиќ, (1959) изнесува претпоставки дека можеби станува
збор за четврт ентитет (“ раса” како што тој се изјаснува). Караман,
(1924) претпоставува дека можеби ова е за Охридското Езеро нов
вид, кои го именува со Salmo letnica. Како таква понатаму ја
истражувале многу ихтиолози или само ја споменуваат.
Стефановиќ, (1948), опишува три “раси” и тоа Балканикус, Типикус
и Аестивалис, Талер, (1959) разликува три “раси” зимска, летна и
струшка. Пољаков, (1958), додава уште еден “подвид” Salmo lumi

Охридска пастрмка –од рибник

Денес во Република Македонија за охридската пастрмка се


среќаваат следните имиња за оделни “ раси”S.tipicus, S. balkanikus,
S. aestivalisс, S. lumi.
Најновите истражувања на популациите на поточната пастрмка
од јужниот дел на Балканскиот Полуостров, од води кои припаѓаат
на истите сливови кон кои припаѓаат и водите од сливовите на Р.
Македонија (Апостолидис et.al.,1997), од добиените резултати од
изучувањето на митохондријалната ДНК недвојбено покажале
дека популацијата на пастрмка од Охридското Езеро e блиска со
видот Salmo truta со извонредно изразена индивидуална
екстериерна пластичност во зависност од еколошките фактори,

63
овие автори оваа популација ја споменуваат како подвид
S.T.letnica.
Формата на телото на охридската пастрмка е слична на
поточната, по боја е сребрено сива, на страните со ѕвездести
црвени и црни точки по целото тело.
Бојата на месото во зависност од исхраната е розево, црвенкасто
или бело.
Полова зрелост достигнува во 3 до 5 година од животот, а се
размножува во приобалниот дел на песокливото дно во
Охридското Езеро.
Постојат литературни податоци кои зборуваат за мрестење на
охридската пастрмка во различен период од годината, а тоа значи
постои летен мрест август-септември, кај подвидот летна пастрмка
и зимскиот мрест кои е вообичаен за месеците јануар-фебруар.
Просечната плодност изнесува околу 2.000 зрна икра на кг.
телесна тежина со големина на икрата од приближно 5,0 мм.
Денес успешно се спроведува вештачкото мрестење на пастрмката
од Охридското Езеро во Хидробиолошкиот Завод од Охрид и
Мрестилиштето “ Шум” во Струга
Инкубациониот период на охридската пастрмка е 450
температурни дена.
Охридската пастрмка има особено стопанско значење и денес во
вкупниот улов на риба на Охридското Езеро, учествува со околу
40% Охридската пастрмка е особено интересен вид на риба за
голем број стопанственици и спортско риболовни работници, така
што со подмладок од оваа риба порибувани се поголем број на
високопланински езера и акумулации на просторот на поранешна
Југославија, а не е мал и интересот за нејзино одгледување во
вештачките пастрмски рибници.
Еден таков проект реализиран е во соработка со центарот за нови
технологии при МАНУ и рибникот за пастрмки “Вруток”, кај
Гостивар, проектот беше успешно завршен и ден денес успешно се
одгледува, формиран е матичен материјал веќе трета производна
генерација на одгледувана охридска пастрмка во вештачки
услови.
Прирастот добиен во вештачки услови е задоволителен.
Веќе во втората година од нејзиниот живот се постигнува
индивидуална тежина од 400 до 500 г. по риба, што значи со
понатамошна работа на ова поле сигурно ќе се создаде
селекционирана производна линија со побрз прираст, што ќе го

64
направи нејзиното држење и одгледување во пастрмските
рибници интересно за одгледувачите на пастрмка

2.8.5 Вид: Salvelinus fontinalis


Salvelinus fontinalis Mithcill, 1815 – поточна златовчица

Вид на риба која потекнува од Северноамериканските предели


од каде е пренесена во Европа во 1879 година; бара ладни
водотеци, чисти и бистри, богати со кислород.
Денес успешно се одгледува во вештачките ладноводни –
пастрмски рибници, позната како канадска пастрмка.
Причината зошто масовно не се раширила и не се одгледува во
вештачките рибници е таа што е многу понежна од претходната
виножито пастрмка и производните губитоци се многу поголеми,
особено кај матичниот материјал во времето на мрестењето, а
исто така и кај подмладокот.
Во нашата република се среќава во вештачките рибници
односно само во рибниците “ Вруток “ и “ Бањица” Гостиварско,
денес ја има во Рибникот Бабино с. Бабино.
Според морфолошките карактеристики слична е на поточната
пастрмка, но сепак многу различна, основната разлика е тоа што
бојата на телото и е маслинесто зелена до смеѓа по грбниот дел,
светло зеленкаста до жолтеникаво светла по страните и
портокалово црвена по стомачниот дел.
Карактеристична е бојата на телото на оваа пастрмка, односно по
нејзините страни растурени се светли точкасти обојувања, кои по
боја се сини, жолти и црвени обрабени со светол раб. Исто така на
перките се забележливи ситни точки или темни дамки, додека
градните, стомачните и аналната перка обрабени се со јасно
видлива бела линија.
Исхраната на оваа риба е иста или слична како и кај останатите
месојади – пастрмките, храна од животинско потекло.
Атрактивна риба и доста интересна за спортските риболовци,
според Вуковиќ & Ивановиќ, (1971) оваа риба во водите на
поранешна Југославија била доста распространета во водите на
Дунавскиот слив (горните токови – изворскиот слив на реката
Босна ), каде се среќавале примероци од 50 см.
Должина на телото и тежина од 1 кг.
Максималната тежина на оваа врста е до 7 кг. и должина до 1м

65
Наумовски, (1995), наведува дека оваа риба може да се вкрсти со
речната пастрмка, најверојатно мисли на нашата автохтона
пастрмка, потомството кое ќе се добие од таквото вкрстување е
стерилно, живите единки кои се добиени како резултат на таквото
вкрстување се со многу атрактивни фенотипски карактеристики,
особено бојата на телото наречени “тигрови риби“, кои се со
прекрасни бои, но за жал не наведува податоци каде можат да се
сретнат таквите примероци кај нас.

Поточна златовчица

66
2.9 ПРОИЗВОДНО ТЕХНОЛОШКИ ФАЗИ ВО ПАСТРМСКИТЕ
РИБНИЦИ

Производниот процес во полносистемските пастрмски


рибници се одвива по воспоставен производен редослед од икра
до конзумна риба и нејзина испорака на пазар, со што се
овозможува целосна следливост на произведената риба.
Ваквиот начин на работење можеме да го поделиме на повеќе
производно технолошки фази и производно технолошки операции
кои во текот на производството се изведуваат во пастрмските
рибници.
Од производно технолошките фази ќе ги споменеме следните:

Селекција – избор на приплоден матичен матријал

Репродукција-размножување

Нега на икрата

Одгледување на подмладок до тромесечна возраст

Одгледување на конзумна риба

2.9.1 СЕЛЕКЦИЈА – ИЗБОР НА ПРИПЛОДЕН МАТИЧЕН МАТРИЈАЛ

Од самиот почеток на своето занимање со рибопроизводство,


човекот се ориентирал кон избор на најдобрите единки со складни
и добро развиени екстериерни мерки, а тоа го правел според
морфолошкиот изглед (фенотипските карактеристики).
Вниманието му било насочено кон развиеноста и складноста на
телото на рибите кои ги оставал за понатамошна репродукција
(мажјаци и женки).
Таквиот начин на селекција се одвивал стихијно, без планска
концепција едноставно сметал дека најдобро развиените телесни
пропорции на рибата (односот должина:висина, ширина и тежина
на телото се во корелација со производните карактеристики ).
Овој начин на одбирање – селекција и ден денес се применува при
масовната селекција на рибата и претставува добар показател за
квалитетот на добиеното потомство и во таквите верувања не
погрешил. Овој начин на масовна селекција базиран на
екстериерните (морфолошките карактеристики на рибата) и ден

67
денес претставува основен елемент при изборот на матичниот
матријал на голем број производни рибници кои се занимаваат со
производство на подмладок за сопствени потреби или за
домашниот пазар на други неполносистемни рибници кај нас.
Морфолошките карактеристики на рибата се во позитивна
корелација со производните карактеристики на потомството
прираст, отпорност на болести, плодност како и искоритувањето на
храната.
Ваквиот начин на селекција кој се спроведува на производните
фарми без практични познавања на генетските карактеристики на
рибата сепак дал и сеуште дава одреден допринос во
рибопроизводството.
На ваков начин создадени се голем број благородни
производни линии кои давале задоволителни резултати во
производството, изразени преку отпорност на болести, зголемен
прираст на рибата, покрупна икра и т.н.
Тоа значи, дека многу корисни мутации, кои спонтано се јавувале,
се искористени во производството, селекционирани се линии кои
дале и даваат свое обележје во аквакултурното производство, на
таков начин создадени се големиот број на производни категории:
соеви, линии, раси кои меѓусебно се разликуваат.
Контролираниот начин селекција и одгледување на риба,
како и воведувањето на матично книговодство му овозможува
широки можности на човекот да ги планира производните
резултати, особено доколку се применуваат цитогенетските
методи каде однапред и со голема веројатност можеме да
предвидиме какво потомство ќе добиеме. Оваа најсложена
метода сеуште не нашла широка примена во селекциијата на
приплодниот репроматријал кај рибите, но како можност е
применлива и докажана.
Контролираната регистрација на сите фенотипски и физиолошки
карактеристики кои се јавуват кај потомството даваат можност да
се исклучат од приплод оние единки кои не го исполнуваат
пропишаниот екстериерен минимум (односот должина на телото:
тежина на телото, висина на рибата, бројот на добиена икра,
големина на икрата, должина на инкубацијата и сл.)
Целта на секој селекционер е да постигне што подобри
резултати, тоа е основната цел и на самиот метод на селекцијата,
избор на најдобрите единки кои даваат најдобро потомство и
најдобри производни резултати. Според тоа и очекувањата на
селекцијата во рибопроизводството се базирани во тој правец:

68
а). Избор на единки кои имаат најекономичен и најдобар
прираст
б). Подобри репродуктивни карактеристики
 полово покасностасни женки и мажјаци ( 3 – 4 год)
 подобри полови продукти ( покрупна икра, поголем број
на живи сперматозоиди),
 пократок инкубационен период
в). Подобар квалитет на месото;
г). Зголемување на отпорноста и поголема преживеаност
на подмладокот.

Селекцијата по дефиниција може да биде:


 масовна и
 индивидуална

Масовната селекција води корени уште од оној момент откако


почнал човекот да се занимава со рибопроизводство во вештачки
– рибнички услови и откако почнал да одгледува риба за свои
потреби како и пазарни вишоци.
Масовната селекција се базира на избор на матичен
материјал, врз основа на фенотипските-морфолошките
карактеристики на телото на рибата. Одгледувачот од големата
популација одгледувани риби уште во раната возраст на
подмладокот врши одбирање на најдобро развиените единки (кои
во тоа време се полово незрели и неможат да се распознаат
според морфолошкиот изглед кои се машки, а кои женки, кога
половиот диморфизам сеуште не е изразен), врши одбирање на
оние индивидуи кои имаат најбрз прираст и најдобро развиен
сооднос: должина - тежина и без морфолошки недостатоци,
не водејќи сметка за нивната генетска конституција и во какво
сродство се ваквите единки.
При ваквиот начин на одбирање, секогаш е присутна опасноста од
инбридинг (блиско родствено вкрстување брат х сестра, или
братучеди и т.н) и појава на дегенеративни несакани последици
кои секогаш носат ризик, а кои покасно ќе се манифестира со
намален прираст, телесни деформитети, осетливост на заболувања
и сл. Причината што оваа појава не е масовна како кај
топлокрвните животни е тоа што, една женка од пастрмките дава
повеќе иљади зрна икра, а најчесто оплодувањето на икрата се
прави со повеќе мажјаци, па вероватноста да се изберат единки

69
кои понатаму ќе се користат во репродукција да бидат во блиско
крвно сродство е мала, но сепак не е неостварлива.
При ваквиот начин на одбирање на приплодниот матријал
пожелно е одгледувачите на пастрмка од поедините рибници да
вршат освежување на крвта на популацијата со тоа што за своите
потреби од време навреме ќе извршат замена на мажјаците со
мажјаци од друг пастрмски рибник, како би се избегнала
опасноста од несакани блискородствени вкрстувања кај
сопственото матично јато, но при ваквиот начин на
неконтролирана работа демни голема опасност од пренесување
на несакани заболувања пред се вирусните заболувања кои
вертикално се пренесуваат. Доколку се прави ваква постапка
сегогаш треба да се има во вид здравствената состојба на
рибникот од каде се набавува материјалот.

2.9.2 Индувидуална селекција


Индувидуалната селекција се базира врз избор на матични
единки наменети за репродукција од познати родителски парови,
со познати производни особини. За спроведување на овој начин на
селекција неопходно е матичното јато да биде обележано
(маркирано) и да се води матично книговодство.
Целта на секој селекционер му е да создаде таков приплоден
материјал кој ќе ги задоволи во целост неговите барања (побрз
прираст, помала потрошувачка на храна, зголемена отпорност на
болести, промена на бојата на рибата и сл). Посебната задача на
вештачката селекција е создавање на нови форми, (линии, соеви,
фамилии), со примена на вкрстување било внатрешно во
одгледуваниот вид или по пат на хибридизација ( вкрстување со
други видови), или по пат на одгледување на чисти линии кои
имаат високо квалитетни карактеристики и даваат можност за
линиско одгледување.
Рибарската наука и пракса во досегашното нејзино постоење
подразбираше два смера на селекција на матичниот материјал:
Едниот кој е промовиран и применлив во Русија, Полска и
Германија и се базира врз фенотипските карактеристики на рибата,
од кои поважни се: формата и бојата на телото, телесните
пропорции должина, според тежина, висината и широчината и
сл. Овие својства се во позитивна корелација со физиолошките
карактеристики на рибата (плодност, големина на икрата, прираст
и сл). Ливојевиќ, 1967, не ги смета за значајни
морфометриските карактеристики на рибата, туку посебно

70
значење му дава на квалитетот на потомството кое се
добива од таквите родителски парови, односно прогено
тестирање, при кое оценка за квалитетните својства на
родителите се дава преку квалитетот на добиеното
потомството (брзина на пораст, искористување на храната,
плодноста, појавата на сублетални и летални фактори или
деформитети).
Другиот посовремен начин кој се промовира во САД се базира
врз цитогенетските карактеристики на родителските парови, овој
начин сеуште е во развојна фаза и сеуште масовно не се
применува во пракса. Овој начин на работа е врзан како дејност со
кој се занимаваат научните институции. Ваквиот начин на
селекција бара целосни познавања на генетските карактеристики
на матичните риби, како и обележување (маркирање) на
матичниот матријал и строга индивидуална селекција со целосно
водење на матично книговодство за производните карактеристики
на родителските парови, како и нивно поединачно држење и
сместување во специјални матични базени.
Работејќи на полето на селекцијата на приплоден матичен
матријал од виножито пастрмката, сосема одвоено и во различни
еколошки услови Volf, 1954 и Litrit, 1962, независно еден од друг
добиле матичен матријал, кој бил отпорен на Furunkuloza
(бактериско заболување ), тоа го правеле на начин што за приплод
ги оставале оние риби кај кои во текот на три - четири производни
генерации на потомството, не се јавувале никакви симптоми ниту
заболувања. Оваа утврдена работа далечните 1954/1962 година и
успесите постигнати тогаш денес како да се заборавени од нашите
современи производители во денешно време скоро да нема
рибник кај нас каде фурункулозта не е присутна како бактериско
заболување кај одгледуваните риби.

2.9.3 Хибридизација
Хибридизацијата е посебена форма на вештачка селекција која
се заснова на создавање нови форми по пат на вкрстување на
различни вдови риби. Рибите во овој поглед се посебно интересни
за работа и резултатите од таквата работа се брзо видливи, па
никако несмее да се застане тука, туку селекционерите треба да
продолжат во овој правец во создавањето на нови форми и
производни линии.

71
Во природните услови често пати можеме да сретнеме и
среќаваме спонтани хибридизации и хибриди, кои се различни од
родителските парови.
Појавата на хибриди кои во Ф 1-генерацијата, се значително
повитални и “подобри” од родителските парови. Оваа појава во
современата генетика е позната под името хетерозис ефект.
Создавањето на хибриди и хибридизација во рибарството бара
многу труд и време и строга индивидуална селекција. Потребата
од посебен производен простор (поединачни базени) заради
поединечно чување на родителските парови е неминовност, од
една страна и поединачно односно одвоено одгледување на
добиениот подмладок од друга страна, со цел да се добијат
целосни сознанија за квалитетот на родителските парови, како и за
квалитетот на добиеното потомство и неговите физиолошки и
производни карактеристики. Ваквиот начин на работа е доста скап,
бара труд, време и простор па заради тоа производителите не се
заинтересирани да прифатат и одвојат драгоцен простор од својот
рибник за создавање нови линии, туку се економски задоволни од
чувањето на усталената виножито пастрмка, која релативно ги
задоволува нивните потреби, производната технологија им е
позната, а економските ефекти задоволуваат. Од друга страна пак
научните установи не можат да се бават со оваа проблематика од
едноставна причина што немаат ниту минимални услови за тоа,
ниту простор, ниту средства ниту интерес па состојбата е таква
каква што е кај нас во пастрмското производство.
Како пример ќе го наведеме работењето на Иверсену,1968. на
ова поле чија желба била да создаде матичен материјал кој брзо
ќе прирастува и ќе дава поголеми производни ефекти, па заради
тоа вршел бројни вкрстувања. Табела 9 .

72
Родителски парови со поинтензивен прираст одбрани со
предходни морфометриски мерења
Табела 9.
мажјак х женка

бројно потомство
1. Одгледување на сите добиени единки во идентични
услови на држење и
исхрана во текот на 2. години.
2. Мерење на порастот на добиеното потомство во
еднакви временски интервали

Ф1 3. Избор на неколу родителски парови кои најбрзо растат и


имаат најдобри телесни пропорции

4. Вркстување на избраните парови од точка 3. за


понатамошна репродукција.

Вкрстувањето на вака одбраните парови продолжува


понатаму, во трета, четврта генерација, се до целосно
стабилизирање на саканите карактеристики (брзината на порастот)
и елиминирање на несаканите ефекти, како што биле раната
полова зрелост, која во овој случај се јавила кај 62% од одбраните
матици уште во втората година од животот, а останатиот дел во
третата година.
Раната полова зрелост се манифестирала со намален прираст и
намалена продукција на икра, која се движела помеѓу 600 до 900
зрна икра, кај женките кои биле полово зрели во втората година,
додека женките кои биле полово зрели во третата година
плодноста им изнесувала околу 1.500 до 2.000 зрна икра, а имало
и такви индивидуи кои давале и до 3.000 зрна икра.

Хибридизацијата претставува многу важен технолошки зафат во


сточарското производство за добивање нови соеви, раси и сл, што
значи и во рибарството неговата важност е од посебено значење.
Хибридизацијата всушност претставува биолошки процес при кој
се парат и вкрстуваат различни видови и подвидови на риби (во
природата на природен спонтан начин), а во производството на
вештачки и контролиран начин, со цел да се добијат нови видови
на риби со значително подобри производни карактеристики.
Досегашните испитувања на полето на хибридизацијата

73
покажуваат јасни и недвојбени позитивни биолошки предности кај
добиените хибриди, кои се повитални, со побрз прираст, поголема
плодност, поатрактивни или со далеку подобри економски ефекти
од нивните родители. Но има и такви појави при хибридизацијата
каде потомство не се добива или е слабо вијабилно
(животоспособно) потомство кое набрзо угинува или појава на
неплодност и неможност за понатамошна репродукција, или
појава на низа генетски деформации кои се манифестираат и на
морфолошкиот изглед и сл. Современото салмоникултурно
производство, барало, бара и ќе бара начини за зголемување на
продуктивноста и асортиманот на видовите на риби кои се
одгледуваат во вештачки услови, заради тоа ихтиолозите
селекционери се занимавале и се занимаваат со оваа
проблематика на вкрстувањето на различни видови риби со цел
да се искористи појавата на хетерозис ефектот, а исто така и во
рамките на одреден вид риба на потполно изолирани
производни линии.
Во табелата ќе ги прикажеме резултатите од таквите
вкрстувања кај салмонидните видови рибаи Според Агановиќ,
1979. Кај фамилијата Salmonidae
Табела 10.
ред. бр. родителски парови резултати од
вкрстувањето
1. Лосос ( женка) х поточна пастрмка ( мажјак) оплодувањето можно
хибридите плодни
2. Лосос ( мажјак ) х Поточна пастрмка ( женка ) оплодувањето не е можно
3. Поточна пастрмка (мажјак) х Езерска пастрмка (женка) 100% оплодување
хибридите плодни
4. Поточна пастрмка (женка) х Езерска пастрмка (мажјак) 100% можно оплодување
хибридите плодни
5. Поточна пастрмка ( женка) х Поточна златовчица(мажјак) оплодувањето минимално
хибридите неплодни
6. Поточна пастрмка ( мажјак) х Поточ. Златовчица(женка) оплодувањето минимално
хибридите неплодни
7. Поточ. пастрмка ( женка) х Езерска златовчица(мажјак) 100% можно оплодување
хибридите плодни
8. Поточ. пастрмка ( мажјак) х Езер. Златовчица (женка ) слично како погоре
9. Поточ. пастрмка (женка ) х Калифорниска пастрмка(мажјак) минимална оплоденост
мал број од хибридите
способни за живот
живеат само 21. ден по
излупувањето
10. Поточ. пастрмка ( мажјак) х Кал.пастрмка ( женка) слично како горе
11.Поточ.пастрмка(женка)хНеретванска X мекоусна(мажјак) оплодувањето можно
одгледувањето на

74
подмладокот до 4 месеци
после нема податоци
дали хибридите се плодни
или не нема податоци
12. Поточ. пастрмка ( мажјак) х Нерт. еекоусна ( женка ) слично како горе
13. Езерска пастрмка (женка ) х Поточ. Златовчица(мажјак) мал дел до 5% оплоденост
за состојбата со хибридите
нема податоци
14. Езер. пастрмка ( мажјак ) х Поточ. златовчица (женка ) слично како горе
15. Поточ. златовчица ( женка ) х Езерска златовчица(мажјак) 100% оплоденост
хибридите плодни
16. Поточ. златовчица (мажјак) х Езерр. златовчица ( женка ) Како горе
17. Поточ. златовчица ( женка ) х Кал. Пастрмка (мажјак) до 5% оплоденост.
хибридите неплодни
18. Поточ. златовчица ( мажјак) х Кал. пастрмка ( женка ) како горе
19. Кал. пастрмка ( женка ) х Неретванска мекоусна (мажјак) оплодувањето можно
хибридите живеат 21 ден
20. Кал. пастрмка ( мажјак ) х Нерет. мекоусна ( женка ) како горе
21. Кал. пастрмка ( женка ) х Неретванска главатица(мажјак) оплодувањето можно
хибридите живеат 17 дена
по излегувањето
22. Кал. пастрмка ( мажјак ) Х Нерет. главатица (женка ) како горе

2.10 Репродукција – мрестење

Салмоникултурното производство претставува високо


интензивно производство во строго контролирани вештачки
услови, нега и држење на рибите, како и вештачка репродукција
на истите. Пред да се отпочне со самиот акт на вештачко мрестење
(земање на половите продукти од женките (икра) и мажјаците
(млеч) се спроведуваат низа плански активности во самиот
пастрмски рибник кои најчесто ги опфаќаат следните операции:

 поделба на матичниот матријал по пол (машки и


женски );
 проверка на степенот на полова зрелост кај женките;
 земање на половите продукти – мрестење;
 постапка со оплодената икра;
 инкубирање на оплодената икра;
 нега на икрата и
 постапка со предличинките.

2.10.1 Поделба на матичниот материјал по пол

75
Најмалку еден месец пред отпочнување со вештачкиот мрест
на пастрмскиот рибник неопходно е да се изврши двоење на
мажјаците од женките. Во некои пастрмски рибници се
практикува одвоено држење на мажјаците од женките во текот на
цела година, со цел да се избегне агресивноста на мажјаците, но
ваквата појава на посебено сместување на мажјаците од женките
во текот на целата година може неповолно да се манифестира врз
половото созревање на мажјаците, да не бидат доволно
стимулирани и покасно да созреат половите гонади што ќе
претставува посебен проблем при мрестењето, доколку женките
порано полово созреат. Поради тоа се практикува држење на
мажјаците во исти матични базени со женките, но пред
мрестењето се врши нивно одвојување и сместување во
непосредна близина под женските матици со тоа ќе им се
овозможи доволна стимулација за навремено созревање на
половите гонади и ќе се избегне агресивноста, матиќниот базе се
поделува користејќи подвижна преграда со која се врши
преградување и поделба на матичниот базен на два дела, без да
се наруши слободниот протек на водата.
Половиот диморфизам кај полово зрелите матици е јасно
изразен и лесно може да се изврши издвојување спрема полот на
машки и женски
Машките риби се поатрактивни имаат поизразени бои од
женските, виножито лентаата е посебено изразена и светла,
главата им е со изразито издолжена и со јаки вилици од кои
посебено е изразена долната вилица и на почетокот е цврсто
рскавичава и завртена нагоре како кука, целата конституција им е
поцврста и погруба. Женските матици се со пофина глава,
понежна конституција, стомакот им е зголемен, половиот отвор
набрекнат помирни се во однесувањето.

Мажјак од златна пастрмка

76
2.10.2.Проверка на степенот на половата зрелост

Проверката на степенот односно стадиумот на физиолошката


зрелост на половите гонади кај женките, во овој период се
практикува да се изведува најмалку еднаш неделно.
Постапката на контрола на степенот на зрелост кај женките
претставува стресна состојба за самата риба, која се фаќа со рака
од страна на одгледувачот, се вади надвор од водената средина,
таквата манипулација сама по себе предизвикува стрес кај
матицата. Со цел да се избегнат ваквите несакани стресни
моменти при манипулацијата на контрола и самото мрестење,
најдобро е да се врши анестезирање на рибите кои се предмет на
ваквиот третман. Анестезијата може да се изврши со анестетик
познат како МЅЅ – 222 (C9H11О2Н +СH3СО3H ), во концентрација од 8
до 10 мг. На 100 л вода, анестезирањето настапува во рок од една
до две минути по доаѓањето на рибата во растворот. Ракувањето
со анестезираната риба е лесно и едноставно, а рибата не е
исложена на стрес. (доколку растворот се користи подолго време
неопходно е да се изврши додавање на кислород во водениот
раствор да не дојде до загушување на рибата ). По извршениот
преглед, рибата се враќа во водената средина и за неколку минути
се опоравува без последици. Постапката на контрола треба да
биде брза без многу малтретирање на рибата, искусното око на
одгледувачот лесно ја распознава рибата според надворешните
знаци (набрекнат и воспален полов орган, проширен и мек стомак,
при благ притисок на стомакот лесно излегува икра), ваквите риби
се одвојуваат во посебен простор и се спремни за мрестење.

2.10.3 Мрестење

Мрестењето претставува сложен технолошки процес и од


неговата успешност зависи успехот на работењето. Оваа
технолошка операција на репродукција на пастрмките се врши
еднаш годишно и доколку правилно не се изведе неуспехот е
сигурен. За повторно дозревање на половите гонади (мрестење)
кај пастрмките потребен е временски период од 3700 до 5.100 ТД.,
а тоа се поклопува со временски период од една година. Во
зависност од производната линија која се одгледува во рибникот,

77
мрестот може да биде во есенско зимските месеци или летните
месеци. Во зависност од просечните годишни температури на
водата во која се чува матичниот матријал, кај една иста
производна линија која се мрести во зимските месеци на рибник
со просечни годишни темпераури на водата од 10 0С, пренесена на
друг рибник каде промените на температурата на водата се
значително големи (во зимските месеци под 4 0С, а во летните
месеци и до 20оС), мрестењето ќе биде поместено во раните
пролетни месеци (март,април), што значи половото дозревање на
половите продукти е правопропорционално со температурата на
водата во која се чува матичниот матријал.

Земање на полвоте продукти (икра) – мрестење

Пред да започне самиот чин на репродукција (мрестење), на


рибите најнапред треба да се изврши целосна припрема на
приборот и опремата која се користи во репродукцијата на рибата,
се врши нејзино механичко чистење и се дезинфицира, со цел да
се исполнат строгите критериуми за превентивна заштита на оваа
важна технолошка операција.
Мрестењето може да биде на анестезирана или
неанестезирана риба. Добар практичар без поголеми проблеми
може да мрести матици помеѓу 1 до 2 кг. просечна тежина без

78
поголеми тешкотии. Покрупните матици потребно е да бидат
анестезирани, со цел да се олесни манипулацијата со нив.
Анестезирањето најчесто е со МЅЅ –222, во концентрација од 8 до
10 мг/100л вода, пожелно е рибата во анестетикот да не престојува
подолго од пет минути, поради тоа во садот со анестетик се
ставаат толку броја матици (мажјаци и женки) колку што
работниците можат да измрестат во дадениот временски период,
потоа се стават други и така постапката се повторува додека не се
заврши целиот мрест.
Мрестењето најчесто го извршуваат двајца работници: едниот
ја држи рибата со едната рака во пределот на главата непосредно
позади жабрените поклопци, додека другиот ја држи за опашката
и со другата рака го придржува садот во кој се зафаќа икрата.
Работникот кој со едната рака ја држи рибата во пределот на
главата, со другата рака благо ја масира (притиска) рибата по
стомакот и на тој начин ја истиснува икрата која истекува во млаз
низ половиот отвор. Другиот работник со едната рака ја придржува
рибата за опашката додека со другата рака го придржува садот
(цедалката) во кој ја прифаќа истиснатата икра. Оваа операција
доколку се работи на анестезирана риба и во самото мрестилиште
на работна маса може да ја обавува и еден специјализиран
работник добро обучен за оваа операција. Икрата во садот се
прифаќа во сува состојба (без вода и без физиолошка течност).
Откако се земе икра од неколу женки, икрата квантитативно се
префрла во друг сад (леѓенче), потоа се пристапува кон следната
технолошка операција, земање на млеч од мажјаците, првиот мал
млаз се испушта во водата додека вториот млаз од млеч се
нанесува врз икрата. Земањето млеч од мажјаците е наменет за
оплодување на икрата, постапката е со слични зафати како и
земањето икра од женките. Со цел да се изврши успешно
оплодување на земената икра, најчесто во пракса се практикува
земање на икра од три до пет женки, па се врши додавање
додавање на млеч од еден до два мажјаци или, доколку се работи
за линиско производство потребно е мрестење на една женка и
млеч од еден мажјак, но нема да има грешка доколку се работи и
со три до пет женки 2 до 3 мажјаци.
Откако е земено млеч од мажјакот, се пристапува кон благо
мешање на икрата и млечот на суво добро да се распореди млечот
низ садот па се додава вода во садот толку колку да ја прелие
икрата се меша уште неколку секунди, вода се додава со цел да се

79
потикнат сперматозоидите активно да се движат и да се изврши
оплодувањето.
Сперматозоидите кај рибите во семената течност се целосно
неподвижни, нивното активно движење настанува тогаш кога ќе
дојдат во контакт со водата.

Мрест –додавање на млеч за оплодување

Во зависност од квалитетот на водата и нејзината температура


активноста на сперматозоидите изнесува од 25 до 45 секунди, за
овој временски период оплодувањето треба да заврши.
Со цел да се постигне поголем успех во оплодувањето,
потребно е да се припреми следниот раствор коj ќе се додава на
икрата и млечот во процесот на оплодувањето овој раствор ја
подобрува подвижноста на сперматозоидите и значително време
ги држи шивотоспособни при што овозможува повисок степен на
оплоденост на икрата и преку 95%, овој раствор се состои од
следното:

80
 натриум хлорид ( без јод )............8,75 г/1 л. вода
 калиум хлорид..............................1,10 г/1 л вода
 трис............................................... 1,20 г/1 л вода и
 глицин........................................... 1,50 г/ 1 л вода

* трис – база (hиdroycmethil) аmihnomеthene 99-99,5%


хем. формула: C4H11NО3 ; FW 121,11
* глицин – киселина аminоаcеtic аcid мин. 99% TLC. CH3NО2
По додавањето на вода или раствор икрата се промешува и
останува да стои две до три минути со цел да се изврши
оплодување. Откако икрата се оплодила, се пристапува кон
нејзино миење од вишокот на млеч и слуз од икрата. Миењето се
прави со чиста вода неколку пати, се додека водата во садот во
кој е оплодената икра не биде чиста. После оваа постапка на
миење икрата се остава во сад со вода еден до два часа да бубри,
после бубрењето икрата е спремна за насадување во инкубатор за
инкубација.
Во оваа фаза на оплодена икра (фаза на бубрење) можно е да
се изврши првата дезинфекција на икрата против вирусно
преносливи заболувања, дезинфекцијата се прави со раствор на
активен јод. Дезинфицирањето со активен јод спрема Фијан и
Кулишиќ, со употреба на јодни препарати значително помага во
превенцијата на вирусно преносливите заболувања по вертикала
од родителите на потомството. Од јодните препарати на нашиот
пазар се среќава Bеtаdinе на Алкалоид, препораката на овие
автори е следната концентрација од 50 ррм/l вода. во траење од
десет минути (доколку се има на располагање Бетадине кое е со
1% јод во тој случај потребни се 10 мл/1 л. вода.

0.1
Количество на јодофор = ----------- х 100

% на активна состојка

Пример:

дезинфициенс со активна состојка од 5,6% ( јод )

0.1
Количина на дезинфициенс = - ---------= х 100 = 1,786 мл./1 л. вода
5.6

81
По извршената дезинфекција икрата се остава да бабри во
проточен сад со вода најмалку два часа, а потоа икрата веќе е
спремна за броење и насадување во инкубационите апарати за
инкубирање.
Со цел правилно да се разбере механизмот на оплодувањето кај
салмонидите, ќе се запознаеме со основните структурни
карактеристики на женските и машките полови продукти
(јајцеклетките и сперматозоидите).

2.10.4. Структура на икрата ( јајцето )


Со преоѓањето на јајцата-икрите од овариумите во
перитоналната шуплина каде се спремни за истиснување преку
половиот отвор во надворешната средина-водата, при оваа
состојба се случуваат голем број физиолошки реакции кај икрата
се до оплодувањето. Со доаѓањето на икрата во водената средина
настапува процесот на поларизација, односно до поместување на
јадрото (нуклеусот) и еден дел на цитоплазмата кон едниот пол на
клетката и се формира анималниот пол, додека на спротивниот
дел на клетката (икрата) се формира вегетативниот пол.
Вегетативниот пол го содржи жолтокот, кој во текот на
ембрионалниот развиток на ембрионот му служи како храна.

Шематски приказ на штотуку оплодена јајцеклетка (икра) од


поточна пастрмка (Litz,1969)

Мембраната на икрата кај салмонидните видовии риба е


порозна, големината на порите изнесувата 1,37 микрони,
дебелината на ципата изнесува 33 до 37 микрони, што и дава
голема еластичност на икрата. Во зависност од дебелината на
ципата зависи еластичноста на икрата, според тоа разликуваме
икра со подебела ципа и послабо еластична и икра со потенка
ципа , која е поеластична и проѕирна.
На ципата од икрата се наоѓа сосема мал отвор наречен
микропила, кој отвор е нешто поголем од порите кај икрата, тоа е

82
всушност едно мало вдлабнување во форма на инка со големина
приближно околу 3 микрона. Микропилата служи како влезна
врата за сперматозоидите кои движејќи се околу икрата
навлегуваат во внатрешноста на икрата (јајцето), пробивајќи ја
жолточната мембрана се спојуваат со јадрото на јајцеклетката при
што се врши оплодување, (спојување на двете јадра). Во
внатрешноста на икрата се наоѓа еден мал простор исполнет со
колоидна супстанца (перивителинска течност), кој целосно го
обиколува жолтокот и има заштитна улога (спречува да дојде до
излевање на жолтокот кој е обвиен со многу тенка и еластична
мембрана). Значењето на жолточната мембрана е огромно; таа го
штити зародишот и му овозможува нормален развој. Доколку
дојде до било какво оштетување на жолточната мембрана тоа е
доволен знак дека зародишот угинал или икрата е неоплодена;
оваа појава кај икрата е видлива со голо око, а се манифестира со
промена на бојата на икрата која поприма бела боја (побелува ).
Икрата која се наоѓа во абдоминалната шуплина на рибата и
непосредно по самото нејзино истиснување во садот (цедалката)
за вештачко мрестење нема сферична форма и не е тврда и
топчеста, туку е мека и наизглед повеќеаглеста, а тоа доаѓа оттаму
што во оваа меѓуразвојна фаза икрата налегнува на мембраната од
жолтокот. Штом дојде во контакт со вода икрата почнува да бабри
(впива вода ) и добива топчеста сверична форма и станува
потврда.

Зошто икрата впива вода?


Затоа што нејзината колоидна течност е поконцентрирана од
средината во која доаѓа (водата) и по законот на осмоза, низ
порозната мембрана навлегува водата во перивителинскиот
простор при што врши стегање на жолтокот во икрата, а воедно и
до зголемување на перивителинскиот простор како резултат на
впиената вода се растега ципата на икрата и добива сферична,
топчеста форма. Овој процес е макроскопски видлив, се приметува
со голо око. Икрата во овој период не е повеќе леплива и мека
туку впивајќи вода во себе, го зголемува својот обем за 20% од
првобитниот волумен и постанува сферична (топчеста и тврда),
осмотската равнотежа помеѓу икрата и водата се воспоставува за
дваесетина минути од нејзиното доаѓање во водената средина,
оваа појава потребно е да ја знаат одгледувачите порадитоа што
со самото навлегување на вода во икрата и нејзиното бабрење
микропилата се затвора, а тоа е затворена влезна врата за

83
сперматозоидите и неможност да се изврши оплодување на
икрата поради тоа постапката на истиснување на икрата треба да
се одвива на суво без присуство на вода, по оплодувањето и
миењето на икрата процесот на бабрење продолжува понатаму
следните 2 до 3 часа, комплетно завршува после 24 часа.
Зошто икрата побелува?
Жолтокот на икрата кај пастрмките и кај останатите риби
содржи значителна количина протеински материи, основен е
глобулинот. Тој се наоѓа во растворот на жолтокот и се задржува
во оваа состојба само во присуство на соли, што значи дека
неможе да остане во раствор кој не содржи соли и останати
електролити. Во нормална икра жолточната мембрана го спречува
излегувањето на солите во перивителинскиот простор на икрата,
но доколку дојде до оштетување на жолточната мембрана (како
резултат на механички оштетувања, удар, потреси и сл), во тој
случај доаѓа до истекување на солите низ мембраната и започнува
таложење на глобулинот под јајцевата мембрана при што икрата
почнува да побелува и зародишот угинува. Испитувањата покажаа
доколку таква икра (јајце - се ставии во 1% сол, тоа повторно ја
добива својата првобитна боја (жолтеникава, портокалово
црвена), како резултат на впиените соли глобулинот повторно ќе
излезе од растворот и ќе се врати во жолточната обвивка, иако
бојата се повратила, ваквата икра не може да се оплодине бидејќи
зародишот угинал и од таа икра неможе да се развие рипче, но
може да се користи како храна и претставува квалитетен диететски
производ.

2.10.5. Број, тежина и големина на икрата


Количеството икра кое се наоѓа во јајниците (овариумите) на
женката е индивидуална карактеристика за секоја женка и е
претставена како апсолутна и општа плодност по единка и се
разликува од релативната плодност по единка, која се искажува
како сооднос на количеството икра (бројот на зрна икра) на
полово зрела женка во однос на нејзината телесна тежина,
односно на 1кг. телесна маса. Во производната пракса најчесто
употребуван термин е релативната плодност.
Плодноста кај рибите, како и кај останатите животни е многу
зависна од надворешните фактори и тоа: средината во која
живеат, исхраната, возраста, индивидуалните карактеристики, но
исто така и од видот на рибата. Бројот, тежината и големината на
икрата варираат, внатре во самиот вид и зависат од развиеноста на

84
индивидуата и скоро секогаш се во позитивна корелација со
тежината на рибата и односот должина тежина, како и староста на
рибата.
Апсолутната плодност кај помалите, помлади риби е помала, но
исто така икрата е поситна, за разлика од нив кај покрупните и
повозрасни риби икрата е значително покрупна.
Релативната плодност покажува сосема спротивен сооднос, а
тоа значи дека кај помладите и полесни риби бројот на икра е
поголем во однос на телесната маса, додека кај повозрасните
риби бројот на икра е помал во споредба со телесната тежина на
рибата, но скоро секогаш покрупните риби имаат и покрупна икра
и покрупна породна тежина на ларвата и поголема виталност и
подобро преживување.

Апсолутна и релативна плодност на женские риби кај поточната и


виножито пастрмката во зависност од телесната тежина, кај поточната и
виножитната пастрмка
Табела 11.

Тежин
а број икра тежина на број икра број тежина Број
на икрата во по.1кг. икра по на икрата икра
рибата %од телесна матица во %.од по
во г,. телесната тежина телесната матиц
тежина тежина а
200-250 707 23.6 2933 - - -
250-300 751 22.0 2646 954 18.0 3.577
300-400 879 20.4 2597 1.154 16.6 3.323
400-600 1.090 21.0 2178 1.547 17.4 3.065
600- 1.233 19.3 1829 1.975 16.1 2.332
1000
>1000 2.017 19.1 1839 2.798 15.8 1.823

2.10.6.Инкубирање на икрата
Оплодената икра се мери, брои, регистрира и насадува во
инкубационите апарати за инкубирање. Регистрирањето на
количината на икра по матица, како релативна плодност може да
се утврди со нејзино мерење, икрата може да се мери
волуметриски или тежински. Волуметриското мерење се врши со
градуирана мензура, додека тежинското мерење е со помош на
децимална вага со точност од 0,1 г.

85
Вилјасов инкубатор

Прв и втор ден по оплодувањето

Инкубациониот процес кај оплодената икра започнува во


моментот кога е извршено спојувањето на двете јадра, од
јајцеклетката-икрата и сперматозоидот, кој навлегол низ
микропилата и извршил оплодување. Од овој момент започнува
ембрионалниот развиток.
Одредувањето на полот кај пастрмките го врши мажјакот кој
има ХY хромозомски сет, а додека женките се со ХХ хромозоми.Во
производниот процес (индустриското производство во вештачки
рибници) ги натерало ихтиолозите да експериментираат во овој
правец при што утврдиле дека е можна промена на полот кај
пастрмките односно добивање само на женски риби, кои имаат
далеку побрз прираст од машките, како последица на
покасностасното полово созревање.
Добивањето на женски риби е можно со примена на технолошки
постапки како што се: гиногенеза, примена на температурен шок,
зрачење на икрата со УВ-зраци и примена на хормони посебено
тестостеронот, со негово додавање во храната со која се хранат

86
младунците во период од 90 дена, при што се добиваат машки
риби со ХХ хромозоми, кои покасно во репродукцијата даваат само
женско потомство.
Ембрионалниот развој кај рибите е особено зависен од
надворешната средина (водата) во која се наоѓа оплодената икра.
Колку е температурата на водата повисока, ембрионалниот развој
е побрз (но само во нормалните температурни граници
карактеристични за дотичниот вид риба, кај салмонидите меѓу 8 и
100С, односно ( 4 и 14 0С ), кај (ципринидите помеѓу 18 до 26 0С).

Кабинет тип на инкубатор

Икра во фаза на очи

Освен температурата на водата која има дирекно влијание врз


брзината на ембрионалниот развој на икрата, големо значење кај
пастрмките има и светлоста. Сончевата светлост го успорува
развојот на ембрионот, всушност тоа е и природниот инстикт на
пастрмката која природно живее во природата, која по
мрестењето икрата ја покрива со чист песок и ситен чакал.
Не помало значење за ембрионалниот развој има и
концентрацијата на кислород во водата, кој му овозможува
дишење на ембрионот, животната врска е: вода икра ембрион,
преку порозноста на мембраната од икрата.
Во инкубациониот период концентрацијата на кислород во
инкубационите апарати не смее да падне под нивото од 2,0
мг/л. Минималната потреба од кислород на ембрионот во

87
првите развојни фази изнесува 3,0 мг/л О 2, во понатамошниот
развоен процес потребите за кислород се зголемуваат на 4,7
мг/л., а со формирањето на органите за крвоток, потребата
од кислород е поголема и достигнува на 6 до 8 мг/л. Пособено
треба да се внимава на концентрацијата на кислород во
инкубаторите пред самото излегување на личинките, кога
концентрацијата на кислород несмее да падне под 6,0 мг/л.
Во процесот на ембрионалниот развој ембрионот има
неколку чуствителни фази, а тоа се:
 фазата на диференцијација на ткивата, кога
ембрионот е особено осетлив на потреси и
манипулација со икрата, во овој период несмее да се
допира или протресува икрата нејзе и треба целосно
мирување, без потреси и било какви манипулации со
неа. Овој период кај виножито пастрмката се
поклопува со временскиот период од 14 дена од
нејзиното оплодување при температура на водата од
9 0С., односно 120 до 125 температурни дена.

Икра во фаза на очи Формиран зародиш

Развиен ембрион Формирана ларва

88
Фаза на лупење

Понатамошниот развој на ембрионот продолжува следна


чуствителна фаза е фазата пред самото лупење и излегувањето на
ларвата. Излегувањето (пробивањето на мембраната на икрата) од
страна на ембрионот е под дејство на протеолитички ензими, на
ендодермалните жлезди, соодветно влијание има и температурата
на водата, концентрацијата на кислородот во водата и
оперкуларните движења на ембрионот во икрата и неговата се
поголема респираторна потреба.

2.10.7. Нега на икрата


За време на инкубациониот процес на оплодената иикра во
инкубационите апарати од нејзиното насадување до
излегувањето на личинките се врши целосна превентивна заштита
на оплодената икра.
Оваа мерка се практикува од едноставна причина што
неоплодените зрна икра, угинатите икри во текот на инкубацијата
се лесно расипливи и подложни најчесто на сапрофитските
заболувања – Сапролегнија, габично заболување кое може да
предизвика големи штети.

Нападнати ларви со Сапролегнија

89
Превентивната заштита на икрата се спроведува со дезинфициони
средства, од кои најчесто во употреба се малахитско зелено,
формалинот, оксимон 15, водороден пероксид и др.
дезинфициенси кои делуваат на сапрофитските габични
заболувања на икрата. Третирањето на оплодената икра против
габичните заболување започнува не порано од 48 часа по
нејзиното оплодување и насадувањето во инкубационите апарати
– инкубаторите. Концентрацијата на малахитското зелено за
третирање на икрата е во сооднос од 1: 200.000 до 1: 400.000
(малахит вода), во времетраење од 30 минути, (малахитот во
поголемиот број европски земји и САД е забранет за употреба.
Третирање со формалин,(исто така во последно време е забранет
за употреба во земјите на ЕУ) концентрацијата на формалин е во
сооднос 1:600 (1.667 ррм) на раствор за времетраење од 15
минути со постојан проток на растворот од формалин и вода низ
инкубаторот во кој е сместена икрата.
Третирањето на оплодената икра со формалин започнува 24 часа
по оплодувањето на икрата и нејзиното сместување во
инкубаторите, а се третира еднаш дневно се до почетокот на
излегувањето на ларвите. Несмее никако да се третираат со
формалин ларвите со вителусна кеса.
Во последно време се препорачува употреба на Пероцетната
киселина во концентрација од 2,5 мл/1000л.вода. Третирањето да
се врши секој ден како купка во траење од 15 до 30 минути.
Превентивна заштита на икрата против поедини бактериски и
вирусни заболувања се врши најчесто со јодни препарати.
Третирањето со јодоформ може да биде веднаш по оплодувањето
и бабрењто на икрата пред насадување во лежниците и
сместувањето во инкубаторите или во фазата на ембрионирана
икра во “ фаза на очи”

2.10.8. Грижа за личинките


Инкубациониот процес завршува со пукањето на јајцевата
опна и излегувањето на ларвите (личинките) од јајцето (икрата) во
водената средина, односно на лежницата во инкубаторот. Ларвите
во оваа развојна фаза се скоро неподвижни и лежат на дното на
самата лежница во инкубациониот апарат од едноставна причина
што жолтокот (вителусната кеса) која се наоѓа на нивниот долен
дел – стомачниот, и им служи како храна е значително тешка за
нејакиот и нежен организам кој неможе да се движи се додека
еден дел не биде ресорбиран и личинката малку не зајакне.

90
Личинки (ларви) од пастрмка непосредно по лупењето

Во зависност од типот на инкубаторот во кој се вршела


инкубацијата на икрата (лонгитудинален, калифорниски, кабинет
или вејсов) инкубатор, постапката и грижата за ларвите е
различна. Доколку инкубацијата на икрата била во калифорниски
тип на инкубатор и лонгитудинален Вилиамсов инкубатор со
лежници, личинките остануваат на самата лежница се до
ресорпција на најмалку 50% на вителусната кеса, односно 2/3 кога
ларвите се во можност да започнуват да се подигаат и да
испливуваат на површината на водата зафаќајќи воздушно меурче
со кое ќе го оформат својот воздушен меур кој покасно ќе се
развие.
Со цел да им се овозможи на ларвите да испливаат до
површината на водата и земат воздушно меурче потребно е
водениот столб да не е поголем од 20 до 25 см. Доколку водениот
столб е поголем ќе ги притиска ларвите за дното тие побавно ќе ја
ресорбираат вителусната кеса покасно ќе стигнат да се
прихрануваат, што ќе резултира со продолжена инкубација од
една страна, а и неможност да допливаат до површината на водата
и да земат воздушен меур за да го наполнат сопствениот воздушен
меур, оваа појава покасно ќе се манифестира со зголемена
смртност кај подмладокот.
Вејсовите апарати во кои се врши инкубирање на икрата не се
добри за лупење на ларвите, па затоа во овие инкубатори пред да
отпочне лупењето, потребно е икрата многу внимателно да се
пренесе во корита или помали базени каде ќе се стави на лежници
не повеќе од еден слој, со воден столб не поголем од 20 до 25 см.
со цел да се овозможи излегувањето на ларвите.
Во периодот на ларва особено треба да се внимава на протокот
на водата низ коритата во кои се сместени ларвите, тој несмее да е
пресилен ќе ги собира ларвите на истекот на водата во големи
групи едни врз други тешко ќе доаѓаат до кислород постои

91
можност да се загушат, како резултат на преголемата згуснатост
едни на други, но исто така протокот на вода несмее ни да биде
преслаб па да не обезбедува доволно кислород за нормално
дишење, резултатот ќе биде сосема ист, повторно загушување
како последица од недостиг на кислород. Според тоа, потребно е
водениот столб да не биде поголем од 20 до 25 см.
Во оваа фаза посебено е значајна хигиената во коритата и
малите базени каде се сместени личинките со цел да не дојде до
појава на габични заболувања и големи штети. Поради тоа секој
ден сосема внимателно и сосема нежно ќе се врши отстранување
на остатоците од заостаната и угината икра (остатоците од
јајцевата мембрана од излежаните ларви), талог од самата вода и
сл.
Отстранувањето е со многу мека четка или поголем пердув
(гускино перо).

Развојни фази кај личинките


a) личинка непосредно по излегување од икрата
b) личинка со 50% ресорбирана вителусна кеса
c) подмладок со потполно ресорбирана вителусна кеса.

Фазата на ларва или личинка во зависност од температурата на


водата различно долго трае но најчесто завршува за 15 до 25 дена
при температура на водата од 8 до 12 0С. односно 160 до 200 ТД.,
после ресорпција на вителусната кеса на 1/3 ларвите почнуваат да
пливаат
во водениот столб во коритото или базенчето и потребно е да се
отпочне со првото хранење, привикнување на додатна храна.
Првото привикнување на храна најдобро е да се направи што е
можно порано и благовремено, а со тоа ќе се отпочне кога ќе се
забележи дека 50% од личинките почнале да пливаат. Првото

92
прихранување е со помали кличини на храна – стартер соодветен
на нивната големина и се практикува 10 до 12 пати во текот на
денот, односно на секои петнаесет минути до половина час.
Откако личинките ќе се привикнат да се хранат, се почнува со
нивната активна исхрана.
Дневната дажба во оваа одгледувачка прва фаза од
одгледувањето на подмладокот се одредува најчесто, како % од
телесната тежина на подмладоокот и најчесто изнесува од 8 до
10% од телесната маса на истиот, фреквенцијата на хранење во
текот на денот, дневните оброци најчесто се еднаш на еден час
првите 7 дена од одгледувањето, а покасно дневните оброци се
сведуваат на 4 до 6 хранења во текот на дсенот.
Со ресорпцијата на вителусната кеса и почетокот на активна
исхрана на малите рипчиња (младунци) завршува инкубационата
фаза и преобразбата на ларвите во рипче при што во
производната технологија понатаму ќе зборуваме за прва
одгледувачка фаза во одгледувањето на подмладокот од
пастрмките.
Профилакса:
* 5 дена по ресорпцијата на вителусната кеса младунците се
капат во солен раствор во концентрација од 2,5% во траење
од 10 минути.
Густината на држење од 25.000 до 50.000 броја/м 3
Протокот на вода од 0,2 до 0,3 л/сек.
Исхраната честа на секои 15 до 30 минути со мали оброци на
стартер.
Хигиената редовна и на високо ниво, приборот за хигиена за
секое базенче посебно.
*Седмиот ден по ресорпција на вителусната кеса пожелно е да
се капат во раствор од 35% формалин, во концентрација од
1:4000 250 ml/1000 l или 1:6000; 200ml/1000l вода, во зависност
од тврдоста на водата, меката вода бара помали
концентрации на формалин. Времетраење 15 минути.
Напомена:
Пред секое третирање на рипчињата со дезинфициенси,
рипчињата треба да не се хранети 24 часа.
Производните загуби во оваа фаза во нормални услови се до
10%.

2.10.9 Подмладок на возраст од 1 до 3 месеци:

93
Превентива, поради заштита од Heksamitijaza–Heksamita
salmonis, во храната се додава 375 мг/кг. Храна Eflora, Flagil, на
секои 14 дена следниот ден во хранта да се додаде горка сол
2,5 гр/кг/храна еден ден заради прочистување.
Формалински купки на секои 14 дена.

Густина на држење од 10.000 до 30.000 броја/м 3 првиот месец


5.000 до 11.000 од втори месец до трети месец на држење.
Проток на вода од 0,8 до 1,4 л/сек.
Исхрана 15 до 20 оброци дневно.
Хигена редовна и на високо ниво, секоја производна единица со
свој прибор за хигиена.
При нормални услови на работење индивидуалната просечна
тежина на рипчињата треба да изнесува од 3 до 7 гр.
Производни губитоци до 20%.

Рипчиња со ресорбирана вителусна кеса

2.10.10. Одгледување подмладок од 3-6 месеци возраст

Превентивната заштита се состои во третирање


еднаш на секои 14 дена со формалински купки со 35%
формалин или купки со оксимон 15 во концентрации од
10мл/1000 л.вода
Густина на држење од 1.500 до 3.000 броја/м 3
Проток на вода 2-4 л/сек.
Исхрана со висококвалитетна крмна смеска 5 до 6 пати во
текот на денот.

94
Контрола на прирастот на секои 15 дена, со цел да се
утврди индивидуалната просечна тежина, прирастот и да се
корегира дневната дажба на храна.
Сортирање 2 до 3 сортиња за цел одгледувачки период.
Доколку се работи во нормални околности индивидуалната
просечна тежина на крајот на шестиот месец треба да
изнесува од 60 до 80 гр.
Производните губитоци <15% .

На што најмногу треба да се обрне внимание во овој


перод?

Периодот на одгледување на подмладок може да се каже


дека е најзначајниот и најважниот период од кои зависи
понатамошниот успех во понатамошното одгледување (прираст,
производни загуби, % на преживеаност и сходно на тоа
економската рентабилност на одгледувачот)
Грижата за подмладокот во овие фази треба да биде целосна,
правилно и точно спроведување на хигиеносанитарните мерки,
превентивната заштита и квалитетна исхрана, правилна нега,
квалитетна вода и целосна хигиена.
Температурниот режим на водата со која се обезбедуваат
базените во кои се држи подмладокот пожелно е да биде помеѓу
8 до 120С, додека концентрацијата на растворен кислород да не
биде под 75% заситеност на излезот од базените.
Брзината на струење на водата да не биде поголема од 10
см./минута.
Посебно внимание да се обрне на редовната и правилна исхрана
со квалитетна крмна смеска стартери.
Недоволната количина на храна или употребата на неквалитетна
храна штетно ќе се манифестира врз понатамошниот период на
гоење. Доколку дневната дажба не е правилно одредена и бројот
на дневни оброци не содејствува со тежинската категорија на
рипчињата, односно вкупната маса на риба која се храни во тој
случај се потикнува агресивност при обидот да дојдат до храна, се
напаѓат едни со други и лесно си ги гризат перките, во прв ред
оштетувањата се јавуваат на грбната и градните перки. Оваа
појава е доволен показател и јасно видлив кај одгледуваната риба
која ќе го натера одгледувачот да ја согледа ситуацијата и да ја
исправи грешката, но сепак пожелно е да не дојде до ваква
ситуација.

95
Како последица на ваквата ситуација кај одгледуваните
рипчиња се забележуваат бели петна (дамки) на грбната
перка или сосема изгризани градни перки (оваа појава може да
се јави и при преголема густина на држење на рипчињата, но
најчесто поради бактериски заболувања)
Густина на држење на подмладокот во оваа производна фаза
различен број автори различно ја тетираат ние ќе споменеме
некои од нив.
Спрема Davis,1961 густина на држење 10.000 до 30.000
единки/ на м2 происводна површина
Спрема Huet, 1971, 3000 единки на м2, додека пак Фијан,
1975, наведува податок од 9,6 кг/м3 .
Моето долгогодишно искуство на ова поле зборува за 9 до 12
кг/м3 простор при 2,5 до 3,0 измени на водата на час. При
температура на водата од 8-120С и растворен кислород од 9,5
мг/л.
При одгледувањето на подмладок од 1 до 3 месеци возраст
вниманието треба да биде насочено кон правилното нормирање
на дневната дажба која најчесто треба да изнесува од 4,0 до 6% од
телесната маса на рибата и квалитетот на храната која се
употребува, при температура на водатата од 8 до 12, односно 16 0С
и сатурација на растворен кислород помеѓу 85 и 95%.
Бројот на дневни оброци е од 4 до 6 оброка.

Подмладок од пастрмка

Густината на држење спаѓа во редот на мали технолошки тајни за


кои производителите на пастрмка нерадо зборуваат и скоро да не
разменуваат искуства помеѓу себе, но сепак ние на ова прашање
малку ќе се задржиме подолу и ќе посочиме соодветни искуства
кои ќе ви послужат како ориентација и збогатување на вашите
искуства.

96
Во оваа фаза на одгледување пожелно е едно сортирање на
рипчињата.

Ориентациона таблица за пресметување на дневна дажба за


исхрана

Таблица за
исхрана
предлог
Скретинг ЅрА
Italija Табела 12
Температура на
водата 0С
4
Теж.во (g) 6 8 10 12 14 16 18
0,2 2,40 2,90 3,30 3,90 4,50 5,20 6,00 4,80
0,35 2,20 2,70 3,10 3,70 4,30 4,80 5,80 3,80
0,5 2,00 2,40 2,90 3,50 4,10 4,40 3,60 3,60
0,75 2,00 2,40 2,90 3,50 4,10 4,40 3,60 3,60
1 2,00 2,40 2,90 3,50 4,10 4,40 3,60 3,60
2,5 1,60 1,90 2,30 2,60 3,00 3,30 4,00 3,10
5 1,80 2,00 2,20 2,40 2,60 2,80 3,00 2,00
10 1,80 2,00 2,20 2,40 2,60 2,80 3,00 2,00
20 1,60 1,70 1,80 2,00 2,20 2,40 2,60 1,60
40 1,60 1,70 1,80 2,00 2,20 2,40 2,60 1,60
60 1,30 1,40 1,50 1,60 1,80 2,00 2,20 1,50
80 1,30 1,40 1,50 1,60 1,80 2,00 2,20 1,50
% од телесната тежина

** Напомена:
Пресметувањето на дневната дажба за исхрана зависи од
повеќе фактори преди се: температурата на водата, квалитетот и
количеството на вода односно концентрацијата на кислород во
водата, категоријата на рибата односно индивидуалната тежина на
рибата, општата кондициона и здравствена состојба.
Големината на пелетите зависи од индивидуалната тежина на
рибите. Разни производители имаат различни ознаки за
големината на пелетите, но општо познато за сите е искажувањето
на димензиите на пелетите е во (мм), кои соодејствуваат со
индивидуалната тежина на рипчето кое се храни.

97
Приказ на димензии на пелети за исхрана во зависност од
индивидуалната тежинска категорија

Теж.категорија Долемина во мм
Теж.во (g)
0,2 0,3 –0,5 mm
0,3 0,5 – 0,7mm
0,6 0,7 – 1,2mm
2,5 1,2 – 1,5mm
8,0 1.7 mm
15,0 2.2 mm
45,0 2.8 mm

*првите фракции од 0,3 до 1,2 мм се таканаречени


стартери кои имаат ситнозрнеста структура не се во форма
на пелети пелетирана храна е од 1,5 мм. Нагоре и се
наменети за исхрана на подмладокот.

Типови и изглед на храна Скретинг

3. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КОНЗУМНА РИБА - ГОЕЊЕ

98
Одгледувањето на конзумна риба започнува со насадување на
подмладок со индивидуална тежина над 60 гр. во гојните базени.
Продажбата на готова конзумна риба на нашиот пазар е
усогласена на индивидуална големина од 200, 250 до 500 гр. по
парче, во зависност од барањата на потрошувачите на домашниот
пазар, рибата се продава во маркетите во свежа состојба без
примарна обработка, што значи со се утроба цела неочистена
риба. Нашиот пазар сеуште ја прифаќа во ваква состојба и
навиките на потрошувачите се такви да преферираат свежа риба
во ваква состојба отколку очистена и замрзната риба. Се додека не
се изградат капацитети за примарна обработка на рибите кои ќе се
нудат на локалните пазари и не се променат навиките на
потрошувачите понудата од производителите ќе биде на овој
начин. Ваквата производна ориентација претставува потешкотија
во економското работење на производителите кои секогаш се
принудени да го насочуваат своето производство и да ги
обезбедуваат бараните количини на риба со бараната
индивидуална тежина која ја бара локалниот пазар. Овој проблем
не е мал значително ги намалува економските ефекти на
производителите бидјќи се приморани количините на риба кои ги
имаат како конзумна риба да ги држат во жива состојба, а тоа
подразбира давање на одржна дажба за исхрана на рибите без да
прирастуваат овој начин е скап начин на чување на залихи во живо
бидејќи цената на храната е висока и во секој случај го поскапува
производството и не случајно нашата производна цена е повисока
од европските ценини за килограм произведена пастрмка, каде
производството на пастрмка претставува турнусно производство со
постигнување на бараната индивидуална тежина на рибата
производителите ја продаваат на преработувачките капацитети не
ја чуваат во жива состојба и не се изложени на дополнителни
трошоци, а хранат со иста храна која се произведува во европските
фабрики. Храната за пастрмките во нашата земја е сто посто
увозна.
Гоењето на пастрмките во пастрмските фарми опфаќа поголем
број на производно технолошки операции од кои ќе ги издвоиме
само нај основните без чие правилно спроведување не може да се
замисли успешното работење.
Производството на конзумна риба започнува со нејзино
насадување-порибување на рибниците со порибителен материјал-

99
подмладок со индивидуална тежина од 60 до 80 гр. секако водејќи
сметка за следното:

 Густина на насадувањето
 Исхрана на рибата
 Сортирање на рибите
 Контрола на прирастот
 Примена на санитарно профилактички мерки
 Излов на рибите
 Евиденција

3.1 Густина на насадување, оваа производно технолошка


операција е многу важна и значајна производна операција на која
за жал не и се обрнува соодветно внимание во пастрмските
фарми, производителите ја сметаат како неважна операција и
производството го водат спрема своите искуства. Од правилното
одредување на густината на држење на рибата во производните
базени зависи економскиот ефект на фармата, квалитетот и
количината на произведена риба и здравствената состојба на
одгледуваните риби. Густината на насадување зависи од
квалитетните карактеристики на фармата, квалитетот и количината
на вода, нејзиниот температурен режим и заситеноста со
кислород. Преголемата густина на држење се манифестира со низа
несакани производни ефекти кои ќе бидат изразени во процесот
на производство, а тоа е немање на доволно кислород за
нормално функционирање на животните функции на рибата, кои
ќе се манифестираат со лошо варење на храната, висока
потрошувачка на храна за килограм прираст, нарушување на
здравјето на рибата па и угинување на рибите. Премалата густина
на насадување се манифестира со лоши економски ефекти и
недоволна искористеност на производниот капацитет на фармата
по единица изградена површина. Поради тоа оваа производно
технолошка операција несмее да биде заборавена или занемарена
од страна на одгледувачите.
Правилното одредување на густината на држење на риба по
единица производен простор зависи од низа фактори како што се:
количината и квалитетот на вода со која се обезбедува
фармата и градежната функционалност на рибникот.
Густината на насадување на риба по единица производен
простор се одредува на повеќе начини од кои ќе ги споменеме
следните:

100
 Според изградената површина на базените
во кои се одгледува рибата, а се искажува
како кг. Или број на риби по единица
површина m2, m3, или
 Според количината на вода со која се
обезбедува фармата како, kg/l проток на
вода.
Овие начини на изкажување на густината на држење на риби во
процесот на одгледување се во функција во аквакултурното
фармско производство на пастрмка и едниот и другиот начин има
свои предноси и мани. Доколку за густината на држење на риби е
одредувана спрема изградената производна површина m2 или m3
И едниот и другиот начина имаат свои предности и мани, така на
пример доколку густината на држење се одредува спрема единица
производна површина, а не се води сметка за специфичните
карактеристики на квалитетот и количината на вода со која се
обезбедува фармата сигурно ќе се погреши, исто така доколку се
одредува густината на држење само преку количината и
квалитетот на водата и се применуваат норми за насадување
спрема количината на доводната вода повторно се можни грешки.

Зошто го потенцираме овој момент?


Доколку примената на нормативи за одредување на бројот на
риба го земеме по единица површина, а не водиме сметка за
спецификите на доводната вода можеме да дојдеме во
ситуација да насадиме поголем број на риби несоодветни на
капаитетот на доводната вода.
Доколку пресметката ја направиме согласно квалитетните
својства на водата, а не водиме сметка за изградената
површина во тој случај премалиот простор ќе биде фактор за
лоши происводни резултати.
Со цел правилно да ја одредиме густината на држење на рибите во
производниот процес ќе наведеме видувања и предлози од
истакнати рибарски стручњаци пред и се: Германската рибарска
школа претставувана од Schaperclaus, кој препорачува густина на
насадување од 50 до 100 единки/m2 Според Huet, 1971
препорачана густина на држење 150-200 единки/m3, Додека кај
Davis, 1961, Koch,1960; ќе сретнеме податоци од 75 до 250
единки/m2, Истакнатиот Хрватски стручњак Професорот Фијан
препорачува оптеретување на производните базени како густина

101
на насадување кг/m3,насадување по 16,0 kg/m3 со подмладок со
17,5 sm должина на телото. Jorov, K, 1997; наведува густина на
дршење во бугарските кафезни фарми 35 kg/ m3 кафезен простор;
Horlyck.V. 1998, дава податоци за Данските рибници и вели
фармите кои се ориентирани да произведуваат подмладок до три
месечна возраст густината на држење по единциа производен
простор се движи од 10 до 25 kg/ m3 , но строго се води сметка
концентрацијата на кислород на излезната вода да не биде
помала од 65% заситеност.
Густината на држење на конзумна риба од 15 до 50 kg., водејќи
строго сметка за квалитетот на водата која се испушта во водениот
реципиент концентрацијата на кислород да не е помала од 60%
заситеност. Моите студиски престои во SAD, 1997,(Zapadna
Virxinija, Severna Karolina i Ajdaho), разговорите со фармерите кои
работат во високоинтензивни пастрмски фарми, и оние кои
работат во екстензивни пастрмски фарми ќе ги наведам следните
податоци за густина на држење на пастрмка по единица простор
kg/ m2 при екстензивно производство од 5,0 kg. до 150 kg./ m 3 при
високо интензивно производство.
Моето долгогодишно искуство на полето во аквакултурата пред и
се во пастрмското производсво и стекнатите апликативни искуства,
како и консултирана литература како професор по Рибарство и
студиските претстои во поголем број еврпски земји ми даваат за
право да го предложам следното:
Густината на насадување во пастрмските рибници е
комплексно прашање кое во ниту еден момент несмее да се
занемари, од правилното одредување на густината на
држење зависи успехот на фармата и фармерот односна
економскиот ефект и профитабилноста.
Поради тоа уште еднаш ќе се потсетиме на основните
карактеристики кои се значајни за оваа производно технолошка
операција а тоа се:
-Производната ориентација, односно производниот правец,
што се сака и во кое време се сака да се постигне краен
производ конзумна тежина на рибата за на пазар.
-Производна ориентација на порибителен материјал-
подмладок за насад било да е за сопствени потреби или за
трети лица.
За ориентација ќе ги наведам следните постигнати успешни
резултати во Рибникот„Бањица“ Гостиварско

102
Младунци со ресорбирана вителусна кеса и почеток на активна
исхрана до 40.000 единки/m3,
Подмладок до три месечна возрастдо 25.000единкиi/m3 и
Подмладок до шест месечна возраст до 15.000 единки/m3 корисна
површина, водејќи сметка за кислородот кој го напушта рибникот
да не е помал од 4,5 mg/l, при просечна измена на водата од 2,5
измени на час.
Густината на држење на рибата во гојните базени во
Рибникот„Вруток“ се движи од 250 до 400 единки/m3 производен
простор, при измена на водата од 2,0 до 2,5 измени на час.
Правилната примена на оваа производно технолошка
операција и водењето на точна евиденција ќе ви овозможи да
стекнете искуства и знаење кое ќе ви послужи да го извлечете
максимумот од вашиот изграден производен капацитет, како
и грижа за квалитетот на водата која ја испуштате во
водениот реципиент од кој претходно сте ја земале..

3.2 Исхрана на пастрмките

Салмонидните видови риби-пастрмките, според


температурниот ражима спаѓаат во групата ладнољубиви видови
риби, додека според потребите за храна во групата на месојади.
Пастрмките живеат во еден поширок температурен дијапазон од 4
до 260С, но економските ефекти од производството на риба се
најповолни доколку температурен режим на водата што го
обезбедува рибникот се движи помеѓу 6 и 18 0С, најдобри
производни ефекти се постигнуват при температурен режим од 12
до 160С . Од друга страна според потребите на храна и хранливи
материи кои им се потребни за нормален раст, развиток и
економски оправдани приноси потребни им се хранива од
анимално-животинско потекло, каде основата на концентрираната
храна е рибиното брашно, денес со примената на готови крмни
смески оваа работа е лесна само треба да се избере онаа крмна
смеска која ќе ги задоволи потребните хранливи потреби на
одгледуваната риба и ќе даде оптимален прираст со најмала
потрошувачка на храна.
Хранивата кои се користат во одгледувачките фази на пастрмките
треба да бидат високо квалитетни крмни смески кои во својот
состав ќе содржат од 40 до 60% сурови протеини, 8-25% сурови
масти и доброизбалансиран состав на микроелементи и витамини
кои ќе ги задоволат потребите на рибите во сите нивни развојни

103
фази. Дигестивниот систем на пастрмките е предодреден
физиолошки да користи хранива од анимално потекло, поради тоа
хранивата кои се користат потребно е да се енергетски и
хранидбено избалансирани за да овозможат здрав и квалитетен
развој и добар и економски оправдан прираст. На ова поле
денешните нутриционисти успешно работат и постојат хранива со
добар и задоволителен квалитет кои многу им ја олеснуваат
работата на одгледувачите на пастрмка. Хранидбените потреби на
пастрмките се целосно познати и детално проучени за секоја
категорија на риба која се одгледува во рибниците и постојат
храни кои целосно ги задоволуваат нивните хранидбени потреби.
На производителите денес му останува правилно да ги утврдат
дневните потреби од храна и бројот на дневни оброци според
категоријата на риба која ја хранат и специфичните услови на
рибникот, квалитетот на водата во која се обавува
производството. Правилната исхрана и изборот на квалитетни
крмни смески се врши од страна на производителот, кој се
обезбедува со храни присутни на пазарот за оваа намена. Секој
производител е заинтересиран да набави и употреби крмна смеска
која ќе ги задоволи потребите на одгледуваната риба во сите
нејзини развојни фази и ќе има најдобра конверзија
прираст/потрошена храна за кг./прираст, со што ќе постигне
економичен и рентабилен профит.
Храната е најголемиот директен учесник во цента на чинење на
произврден килограм риба, таа во денешното производство на
пастрмка учествува со 45 до 60% во цената на чинење на
производен килограм риба. Денешните хранива кои се нудат на
пазарот обезбедуватт можност со потрошувачка на храна од 0,95
до 1,25 кг. Храна да се добие килограм прираст рибино месо,
доколку се задоволени останатите амбиентални услови и се
движат во оптималните граници кои ги бара пастрмката.
Храните кои денес се нудат на пазарот главно се базарини да ги
задоволат потребите на одгледуваните риби, за одгледување на
пастрмките неопходни се следните хранливи материи:
Белковини, играат пластична функција во организмот на рибата и
учествуваат во градбата на клетките. Потребите од белковини за
виножитната пастрмка им се добро познати на нутриционистите
кои учествуваат во изработката на крмни смески за исхрана на
пастрмките. Квалитетот на беланчевинестата маса која се наоѓа во
храните зависи од нивниот аминокиселински состав ( од вкупно 23
аминокиселини 10 од нив се незаменливи односно есенцијални во

104
исхраната на пастрмките и мора да бидат присутни во хранивата
наменети за исхрана на пастрмките. Вкупните потреби од
протеини во храните за пастрмка зависат од категоријата на
одгледуваната риба, така за подмладокот од почетокот на нивното
прихранување до тромесечна возраст содржината на протеини
потребно е да се движи во границите од 50 до 54%, додека во
храните за исхрана на подмладок до шестмесечна возраст од 45 до
48%, во храните наменети за гоење од 40 до 42%
Потребите од протеини кај виножитната пастрмка утврдени се
како потреби од 12 до 13 g. за kg. Телесна тежина.
Сварливоста на хранливите материии од употребените храни кај
пастрмките се движи во следните граници: рибино брашно од 68
до 95%, млекото во прав 95%,крвното брашно околу 95%, соиното
брашно од 64 до 78% .
Масти, мастите претставуваат извори на енергија во крмните
смески наменети за исхрана на пастрмките потребно е нивно
присуство од 8 до 16% во стартерите, од 16 до 20% во гроверите и
од 18 до 35% во храните наменети за гоење. Потребите од
присуството на масти во храната кај виножитната пастрмка главно
се темелат на дневни потреби од 2,7% од вкупните енергетски
потреби да бидат задоволени од масти. Присуството на повисок %
на масти во смеските наменети за исхрана на пастрмките
допринесува за подобро искористување на протеините и подобар
прираст.
Јагленохидрати, јагленохидратите исто така се енергетски
хранива, но во организмот на рибата можат да послужат и како
извори на јаглерод кој учествува во синтезата на заменливите
неесенцијални аминокиселини. Од јагленохидратите во смеските
наменети за пастрмка корисни се моносахаридите (гликоза,
фруктоза, галактоза) и од полисахаридите Скроб и целулоза)
Јагленохидрадите во крмните смески за пастрмките учествуваат од
5 до 10% од вкупната сува материја во смеската, односно најмногу
до 140 g. Сварливи јагленохидрати на kg. храна.
Витамини и минерали, витамините и минералите спаѓаат во
групата на микроелементи кои се додаваат во крмните смески
нивното додавање е како витаминско минерални додатоци –
премикси кои ја подобруваат хранливата вредност на храната и
делуваат во заштита на здревјето на рибата, недостигот од овие
микроелементи во хранивата за пастрмки се манифестира појава
на стресна состојба, осетливост па и болна состојба
карактеристична за секој поединечен витамин или минерал.

105
Што е најзначајно да се знае за користените хранива
наменети за исхрана на пастрмките?
Како најбитен момент ќе го споменеме и на него малку ќе се
задржиме е Коефициентот на сварливост на храната
Коефициентот на сварливост на храната во суштина
претставува сооднос на конзумирана храна излачен измет и
остварен прираст, односно ја дава потрошувачката на храна
за килограм прираст рибино месо од една страна и
еколошкиот аспект на загадувањето на водите од
производството на пастрмка во рибниците.
Конзумираната храна од страна на пастрмката претрпува низа
физиолошки промени, овие промени главно се случуваат под
дејство на ензимите во дигестивниот тракт каде храната се
разградува на прости и едноставни делови кои се ресорбираат
преку слузницата на цревото и понатаму се користат за изградба
на телесните ткива, додека другиот дел од останатите материи се
користат за задоволување на енергетските потреби, односно за
несметано обавување на животните функции на рибата. Во оваа
фаза најголемиот дел на хранливите материи се апсорбира,
додека еден значителен дел се излачува од организмот во форма
на измет.
Разликата помеѓу конзумираната храна и вградена во ткива,како и
делот кој се излачува во форма на измет се дефинира како
сварливост на храната и се искажува како коефициент на
сварливост.
Коефициентот на сварливост зависи од повеќе фактори како што се
: квалитетот на храната, количината на храна, амбиенталните
услови квалитетот на водата и општата состојба на рибата.
Подобрата сварливост има повеќекратно значење и се
манифестира со подобро и поекономично производство од една
страна и помало влијание врз загадувањето на водите од друга
страна. Добрата сварливост е показател за употребена квалитетна
крмна смеска, добро избалансирана храна во поглед на
потребните хранливи материи наменети за секоја одгледувана
категорија, но исто така и битен момент е правилното одредување
на дневната дажба за секоја категорија посебно што ќе рече
рибата да добие онолку храна колку што и е потребно за нормална
заситеност без прејадување, кое пак ќе делува на лоша сварливост
и поголеми излачувања на несварена храна. Секој одгледувач на
риба треба да води сметка за овој битен момент и да добие
целосни познавања за коефициентот на сварливост на

106
употребената храна, сето ова може да го направи доколку води
целосна евиденција и контрола за количината на дадената храна
за исхрана на рибите, постигнатиот прираст на риба и доколку е
можно да обезбеди и сознанија за количината на излачениот
измет од страна на рибата која ја одгледува. Доколку сака и води
податоци за Коефициентот на сварливост на употребената храна ќе
му треба еден сопствен опит кој ќе го изведе на својот рибник, за
тоа ќе му биде потребно :
Еден мал базен или корито во кое ќе смести пр: 500 единки со
просечна индивидуална тежина од 200 г. Пожелно е да се
тежински изедначени, доколку температурата на водата му е 12 0С
Коефициентот за пресметка на храната ќе биде со 1,2% од
вкупната маса на риба, а тоа е 1,2 кг. Храна дневно.

Пр: Пресметка на коефициент на сварливост на храната:


H-I
Ksv%=------------ hx 100
H
H- количина на конзумирана храна
I- количина на излачен измет

пресметка:

500 броја х 200 г=100 кг.


Дневна потреба од храна 1,2% од телесната маса
100 кг х 1,2%= 1,2кг храна дневно

Излачен измет дневно 225 г.

Исхрана на рибите 10 дена.

Пресметка:
H- I
КЅV %= ---------------x 100
H
12 – 2,25
KSV% =------------------x 100
12

KSV% = 81,25%, коефициентот на сварливост за употребеното


храниво изнесува 81,25%

107
**Теоретски и практично докажано е дека едно парче
пастрмка од 200 гр. дневно излачува околу 3 до 6 гр. измет, кој
содржи околу 80 до 85% вода, при оптимална дневна исхрана.

 Нчини на пресметување на дневна дажба са исхрана на


рибите и начини на хранење
Количината на храна која и е потребна на пастрмката како
дневна дажба зависи од повеќе фактори пред и се
од:температурата на водата, индивидуалната тежина и
вкупната телесна маса, како и концентрацијата на
растворен кислород во водата.
Пастрмките се хранат секојден со точно утврдени количини на
храна спрема нивните потреби. Бидејќи рибите се поикилотермни
организми нивните метаболички функции зависат од
температурата на водата и секогаш треба ова да се има во вид,
затоа што само со покачување на температурата на водата за 1 0С
сметано на оптималните граници во ки се одгледува пастрмката
нејзиниот метаболизм се зголемува за 10%, поради тоа секогаш
треба овој момент да се има во предвид при пресметувањето на
дневните потреби од храна доколку се сака да се има добар и
економски оправдан прираст и добра конверзија на храната.
Различни автори даваат различни податоци за минималните
температури на водата за исхрана и прирастување на рибите, така
ќе сретнеме податоци за минимални температури од 4 0С, додека
пак Hincho, 1998, зборува за минимални температури од 7 0С, при
минималните температури на водата дневните потреби од храна
се помали поради забавените метаболички процеси, при вакви
температури потребата од храна е само за задоволување на
енергетските потреби за одржување на животните функции,
прирастот е сведен на минимум во такви случаеви храната се
пресметува само како одржна дажба и се движи во границите од
0,3 до 0,5% од телесната маса на рибата која се храни. При
темпертури на водата над 70С, метаболизмот се зголемува се до
темпаратури на водата помеѓу 18 до 20 0С, зависно од генетскиот
капацитет на видот на риба кој се одгледува. Според Америчките
искуства како оптимални темпертури за одгледување на
пастрмките се сметаат температури од 12 до18 0С, при што
коефициентите за пресметка на дневните потреби се движат во

108
границите од 1,5 до 6,0%, во зависност од категоријата на риба
која се храни.
Современиот денешен начин на производство на храна и
специјализираните фабрики кои произведуваат храна за риба сето
ова го имаат апсолвирано и со испорачаната храна
производителите добиваат и упатство за пресметување на
дневните потреби од храна за секоја категорија на риба во
зависност од температурниот режим кој го имаат во рибникот.

Пресметка на дневна дажба и број на дневни оброци


Пресметките за дневните потреби од храна за исхрана на
пастрмките секој производител ги прави согласно упатството кое
го добил од производителот на храната имајќи ги во вид своите
специфични карактеристики на рибникот. Прекумерното и
премалото давање на храна подеднакво штетно се одразува во
процесот на производството.
Преголемата исхрана доведува до прејадување на рибите,
лоша конверзија и поголемо загадување на водите, како и
незадоволителен и економски неоправдан прираст.
Премалата исхрана доведува до гладост на рибите, појава на
канибализим ги гризат перките, лош или никаков прираст и
секако лоша конверзија и нерентабилно производство
Најоптимално ќе пресметате кои се оптималните потреби од
дневна дажба на храна доколку имате воспоставено евиденција за
температурниот режим на водата во вашиот рибник како
средномесечни и дневни температури на водата, категоријата на
риба која ја храните и концентрацииите на растворен кислород во
водата, како и општата здравствена состојба на рибата која ја
храните. Со цел да ги избегните ваквите грешки и да заштедите
значителни финансиски средства, а да добиете економски
оправдан прираст водете редовна евиденција за потрошената
количина на храна и за остварениот прираст на риба и правете
редовни контролни риболови на секои 15 до 30 дена, само така ќе
имате целосен увид и никако поинаку. Иако ова досега реченото
скоро секој производител го знае сепак ќе потсетиме како се
пресметува дневната потреба од храна за исхрана на рибите.

109
Пресметка на дневните потреби од храна за исхрана на
рибите според упатство на производителот Aler Aqua
(Danska)
Табела 13.

Теж.во
гр. Температура на водата во 0С
3 4 6 8 10 12 14 16
23 0,70 0,90 1,00 1,20 1,40 1,60 1,90 1,90
50 0,60 0,70 0,80 0,90 1,10 1,30 1,50 1,40
100 0,50 0,60 0,80 0,90 1,00 1,20 1,20 1,20
250 0,40 0,50 0,70 0,80 0,90 1,00 1,00 1,00
600 0,30 0,40 0,50 0,60 0,80 0,90 0,90 0,90
1500 0,20 0,30 0,30 0,40 0,60 0,70 0,70 0,80

Пример:

Пресметката се прави на следниот начин:


Tхk
Дневна дажба=-------------
100

T- телесна маса на рибата во kg.


k – табеларен коефициент во% од телесната маса на рибата
Да се пресмета потребата од храна на дневно ниво за:
1.500 kg. Риба со индивидуална тежина од 100 g.
Температурата на водата изнесува 12 0С.

1.500 х 1,20
Дневна дажба =----------------- = 18 kg.
100
Дневната количина со која ќе се хранат рибите при овие услови
изнесува 18 кг. Днево, додека дневните оброци се добиваат на тој
начин што вкупната количина се дели со бројот на дневни оброци
во случајов три оброка дневно
18 : 3 = 6 кг. Храна дневенен оброк.

110
Според Wiloghbu, земајќи ги во предвид специфичните
карактеристики на растворен кислород во водата поставил начин
на пресметување на дневните потреби од храна, овој начин е
преработен од страна на Fijan, 1975; и се состои во следното:

1037
H = ( Oa –Ob ) K
Ls
N – дневна количина на храна
Oa – mg/l кислород на влез во базенот
Ob – mg/l кислород на излезот од базенот
K – енергедска вредност на храната
Ls - проток на вода l/sek.

Пример:
Да се пресмета дневна дажба за исхрана на рибата со следните
специфични карактеристики:

Oa – 11,0 mg/l
Ob - 6,5 mg/ l
K – 5.171 Kcal./ 21 MJ
Ls - 10 l/ sek.

1037
H = ( 11,0 – 6,5 ) 5171
10

N= 20.15 kg. Храна дневно

Од приложеното упатство на производителот на храна се гледа


дека за риба со индивидуална просечна тежина од 100 гр., при
температура на водата од 120С, се зема кофициентот 1,2% од
телесната маса на рибите. За овој базен со овие специфични
карактеристики пресметавме 20,15 кг. Храна дневно, со овој
податок лесно можеме да утврдиме за која количина на риба се
однесува овој дневен оброк на храна, постапката е едноставна
математичка операција по следниот редослед:

Пресметаната дневна количина на храна


Кг.риба = -----------------------------------------------------------------
Коефициентот од таблицата за исхрана

Кг. риба = 20,15 : 0,012 = 1679 kg.

111
Оваа пресметана количина на храна ги задоволува дневните
потреби на 1679 кг. риба
Доколку сакаме да го пресметаме и бројот на риби во базенот
повторно математички пристапуваме, а тоа се состои во следното.
Рибите ни се со 100 гр. индивидуална тежина, во 1кг. Има 10 риби,
вкупниот број на риби се пресметува по следниот редослед,
пресметаната количина на риба 1679 кг.

1679кг. х 10бр/кг = 16.790 броја риба.

Оптимални потреби од храна за исхрана на пастрмките се


сметаат оние количини кои ќе обезбедат до 1% сува материја
од дадениот оброк на храна, поради тоа мора да се води сметка
за тоа која категорија на риба се храни бидејќи порастот кај
пастрмките е различен зависно од тежинската категорија.
Подмладокот има поинтензивен пораст спрема тоа потребата од
пресметување на дневната потреба од храна треба да се прави
најдоцна на секои седум дена, додека кај покрупните риби
пресметките можат да се прават на секои 15 до 30 дена.
Денешниот развој на информатичката технологија овој начин на
пресметки на дневните потреби од храна го прави многу
едноставен, се изработува софтверско решение кое дава податоци
за потребите од храна на дневно ниво, ова софтверско решение ги
има во предвид специфичните карактеристики на фармата и
тежинската категорија на рибата која се храни, како и пресметка на
дневните прирасти на рибата, што значи големо олеснување на
производителите кои во секој момент можат да видат колку храна
дневно им е потребна за исхрана на рибите и кокави им се
очекуваните дневни прирасти како резултат на употребеното
храниво.

3.3.Начини на исхрана
Начинот на исхрана на одгледуваните риби може да биде
рачно или со автоматски хранилки и едниот и другиот начин денес
се во практична примена и едниот и другиот начин имаат свои
предности и мани. Рачното хранење на рибите се покажува како
попогодно за исхрана на подмладокот од едноставна причина што
одгледувачот хранеќи ги рипчињата има целосен увид на нивната
активност и понашање дали дадената храна е целосно
конзумирана или се случува да останува како не изедена и се

112
таложи на дното. Хранењето на малите риби треба да биде полека
внимателно и пожелно е храната да им се дава во горните 2/3 на
базенот од влезот на водата со тоа се создаваат услови за целосно
распоредување на храната низ водениот столб и додека го
напушти базенот ќе биде целосно конзумирана. Одгледувачот има
целосен увид дали дадената храна е целосно конзумирана,
автоматската исхрана е темпирана да испушта храна на одредено
време и така функционира без разлика дали рипчињата во тој
момент се активни или пасивно се држат па се можни растури на
храна, а и поактивните рипчиња секогаш се презаситуваат.
Автоматските хранилки почесто се практикуваат за исхрана на
конзумната риба бидејќи одгледувачите во големите фарми имаат
заштеди во работна рака.
Рачната исхрана на рибите се изведува на тој начин што
одгледувачот ја положува храната во базените по принципот на
сеење по површината на водата, а рибата храната ја прима во лет
додека плива во водата, онаа храна која ќе падне на дното од
базените пастрмките не ја земаат па останува на дното врши
загадување на водата од една страна, но е и економка загуба на
одгледувачот, поради тоа оваа операција треба внимателно да се
изведува.
Автоматските хранилки можат да бидат на принципот
„самопослужување“ или на принципот со тајмер кој ја вклучува во
одредено време да ја испушта одредената доза на храна која е
одредена како оброк.

Шематски приказ на автоматска хранилка

113
Типови на автоматски хранилки

Хранилка на принцип самопослужување

3.2.2. Исхрана со специјална намена

Често пати на пастрмските рибници се јавува потреба за


исхрана на пастрмките со специјална намена, односно хранење на
рибите со специјално припремена храна за специфични потреби
на рибата. Ваквиот начин на исхрана се однесува на исхрана на
рибите со медиканозна храна во која е додаден некој антибиотик
утврден од страна на стручно лице- ветеринар доколку се утврдило
некое заболување кај рибите. Ваква храна на рибите може да се
дава само тогаш кога е утврдена дијагноза од страна на стручно
лице и е утврдено заболување кај рибите па се јавила потреба од

114
лечење. Додавањето на антибиотик во храната може да се изврши
при самата изработка на храната во фабриките или антибиотикот
по пропишаната количина може да се додава на готовата храна
растворен во воден раствор или масло и мешање со храната која
ќе биде употребена за исхрана на рибите. Припремањето на ваква
храна е само за дотичниот ден и се прави дневно, не се чуваат
залихи.
Друг начин на исхрана со храна за специјална намена е хранењето
на пастрмките со пигментирана храна со цел да се добие црвена
боја на месото кај рибата . Пигментираната храна во својот состав
содржи природни пигменти како што се astaksantin ( 3.3-dihidroksi
– 4-4-diketo –B-karotin) и ksantin (4-4 diketo –B- karotin ),
додавањето на овие пигменти во храната најчесо се во количини
од 50 - 80 односно 120 mg/kg. храна. Во зависност од содржината
на пигменти во храната рибиното месо може да биде интензивно
црве, розево или жолтеникаво црвено, пигментирањето на месото
кај рибите се добива за околу 4 -6 недели во зависност од
употребената храна, но сепак за добра пигментираност на месото
потребен е период 8-10 недели исхрана на рибите.Исхраната со
пигментирана храна започнува кај рибите кои постигнале
индивидуална тешина од 180 до 200 гр., исхраната е се до
постигнување на конзумна тежина барана од страна на
потрошувачите со околу 400 до 450 гр.

Кога и во кои прилики не треба рибата да ја храните и зошто?

Пастрмките се грабливи видови на риби кои сегогаш храната ја


примаат во лет и се многу агресивни при исхраната, доколку
рибите се во добра здравствена кондиција и доколку владеат
оптимални амбиентални услови.
Вообичаено правило е пастрките да не се хранат најмалку 48 до 72
часа пред испорака на пазар како конзумна риба или испорака на
пазар во жива состојба поради порибување на други
одгледувалишта.
Исто така и пред секоја производно технолошка операција која
треба да се изврши на фармата рибите треба најмалку 24 часа да
не се хранети кога се извршуваат тие производни операции:
сортирање, префрлање, чистење на базените или припрема за
извршување односно третирање со дезинфициенси како
превентивна заштита.

115
Рибите не се хранат и во случаевите кога се забележуваат влошени
услови на рибникот како последица на намалена количина на вода
која ќе се манифестира со намалување на растворениот кислород
во водата, заматена вода како последица на поројни дождови и
слични природни непогоди.
Одгледуваните риби често пати самите одбиваат храна, а тоа се
случува во случавите кога рибата е презаситена сте и давале
повеќе храна од нејзините физиолошки потреби, нарушена
здравствена состојба кога рибите се невесели и се држат по
краевите пограј ѕидовите на базенот апатични и малаксани тоа е
показател да внимавате и да побарате помош да не заврши со
катастрофални последици.

Кога пастрмката го губи апетитот и зошто?


Виножитната пастрмка која се одгледува во рибниците е
активна риба во исхраната агресивна и алчна, секогаш кога ќе се
доближите до базенот и го привлекувате вниманието и секогаш
брзо и агресивно се приблишува водена од инстиктот дека ќе
добие храна. Доколку одгледувачот забележи дејка активното
движење на рибите кога ќе се приближи е забавено или рибите
имаат млитав однос се држат по страните на базенот не се
заинтересирани за храна летаргични, променета боја на кожата
темна пигментација, тоа е доволен показател дека нешто се
случува и не е во ред.
Намалувањето на апетитот кај пастрмките може да биде како
последица на следните причини:
 Промена на здравствената состојба на рибите, при такви
случаеви треба да се побара помош од стручно лице.
 Промена на барометарскиот притисок и промена на
временските услови.
 Промена на температурниот режим на водата.
 Промена на хемизмот на водата намалување на
растворениот кислород, зголемен или намален РН
 Влошени хигиеносанитарни услови како резултат на слаба
хигиена и можности за поголеми концентрации на амоњак
во водата.
 Намален проток на вода кој ќе резултира со намалување на
растворениот кислород во водата, при такви случаеви
рибите се собираат на влезот на дотокот на вода групирани
во големи групи.
 Неквалитетна или расипана храна,

116
 Преобилни оброци кои довеле до презаситување.
Штом се забележат вакви состојби веднаш треба да се прекине со
хранење и да се утврдат причините кои довеле до ваква ситуација,
доколку самите не можете да се справите, благовремено да се
побара стручна помош.
Промените на температурниот режим сегогаш се
манифестираат со намалена активност на рибите особено
температурите под 40С и над 180С.
Хранењето на рибите при ниските температури да се прави со
една гранулација подолу од нормалното хранење, додека
ставањето на храна во базените да е бавно прилагодено спрема
активноста на рибите. Слична е појавата и при зголемување на
температурите над 180С, апетиот кај рибите се намалува од
едноставна причина што доаѓа до намалување на растворениот
кислород во водата.
Пастрмките нормално примаат храна и добро растат при
концентрации на растворен кислород во границите над 8,5
мг/л,
При концентрации од 5,5 до 6,0мг./л го намалуваат
апетитот, при концентрации од 4,5 до 5,0 мг/л/ лошо ја
варат храната.

3.3 Сортирање на пастрмките


Сортирањето на пастрмките е редовна и неминовна производно
технолошка операција. Целта на оваа операција е да се постигнат
тежински уедначени категории кои порамномерно ќе
прирастуваат и во базените ќе се држат единки со слична тежина
со цел рамномерна исхрана. Познато е дека пастрмките се
грабливки и секогаш посилните први доаѓаат до храна, додека
послабите се потиснати и не можат да стигнат до храна при што
заостануваат во прирастот и слабеат, од овие причини потребно е
редовно сортирање на рибите во производниот процес.
Кога треба да се започне со сортирање?
Првото сортирање се изведува кај подмладокот кога ќе додтигне
големина од 5 до 7 см. Должина на телото односно 3 до 5 гр.
индивидуална тежина.
Второто, сортирање се практикува кај подмладокот со 20 до 30
гр. индивидуална тежина
Третото, сортирање кај подмладокот со индивидуална тежина од
50-80 гр.

117
Четвртото,сортирање се изведува на рибата која треба да се
насади во конзумните базени за понатамошно гоење над 80 гр.
Петото, сортирање се врши кај предконзумната риба со
индивидуална тежина од 150 до 180 гр.и завршно сортирање на
конзумна риба за испорака на пазар.
Испораката на конзумна категорија на риба во наши услови е
околу 250 гр. индивидуална тежина за рибите со бело месо и
околу 400 до 450 гр. за рибите кои имаат црвено месо.

3.3.1.Начини на сортирање
Сортирањето на пастрмките може да се изведува на следните
начини:
 Рачно
 Полуавтоматско и
 Автоматско

Рачното сортирање најчесто се практикува при изборот на


матичен материјал кога производителот му посветува целосно
внимание на фенотипските карактеристики на телото на рибата и
неговите телесни пропорции соодност должина, висина и ширина
на телото на рибата и да нема никакви телесни мани.
Рибите рачно може да се сортира и пред испорака на пазар
доколку се работи за мали рибници и минимални испораки.

Полуавтоматското, сортирање се изведува со специјална


направа за оваа намена сортирач (корито со регулаторни шипки
кои се димензионално се отвораат, а функционираат на принципот
на ширина на телото на рибата), ваквите сортирачи каде шираната
на отворите на шипките се прилагодува спрема ширината на
категоријата на рибата која се сортира. При овој начин на
сортирање се издвојува една тежински покрупна класа и другиот
дел остаток кој пропаѓа помеѓу шипките во базенот. Покрупната
тежинска класа останува над шипките во коритото се префрла во
кош се мери се брои се утврдува индивидуалната тежина и се
префрла во соодветен базен каде продолжува да се одгледува или
доколку е завршно сортирање се става во базените за готова
конзумна риба наменета за пазар.
Со овие полуавтоматски направи можат да се сортиратт рибите од
сите категории од најситните како прво сортирање до крајните
како завршно сортирање.

118
Принципот на работа е што оваа операција се изведува во базенот
во водена средина, а ја изведуват двајца работници од кои едниот
ја црпи рибата со црпало и ја става во сортирачот, додека другиот
работник ја префрла рибата од сортирачот во собирен кош па
после се носи до местотото каде требе да биде понатаму
одгледувана

Полуавтоматски сортирач

Автоматско, автоматското сортирање се изведува со машински


сортирачи специјално направени за оваа намена кои рибите
најчесто ги сортираат на две тежински уедначени класи и една
тежинска класа како остаток. Работат на механичка сила а
постројките за сортирање се валци кои противположно се вртат за
да не ги оштетуваат рибите, овие постројки обезбедени се со
вакум пумпи за изловување на рибите и нивни дотур до апаратот
за сортирање и систем на цевки за одведување на сортираните
класи до базените каде треба да бидат сместени. Новите системи
се обезбедени и со електронски бројачи кои рибибите ги бројат,
што значи нема никаква потреба од мерење на рибите тежински,
со цел производителот да ја утврди вкупната маса на риба во
сортираните базени потребно е да ја утврди само индивидуалната
тежина на рибата и по матеметички пат да ја утврди вкупната
тежина на рибата во базенот пр:10.000 броја х 30 гр= 300кг,
односно доколку се по 200гр. 2000 кг. сортирана риба.
Ваквата опрема економски е исплатлива доколку се работи за
поголемо производство над 50.000 кг. риба годишно, додека за
мали производни капацитети сеуште во функција ќе бидат
полувтоматските сортирачи на риба.

119
Автоматски сортирач

3.4 Контрола на прирастот


Оваа производно технолошка операција е мнугу важна без која
скоро да не може да се замисли работењето во пастрмските
рибници.
Зошто е важна оваа технолошка операција?
Контролниот рибол претставува производно технолошка
операција со која се утврдува следното:

 Индивидуалниот прираст на рибата


 Вкупниот прираст за контролираниот период
 Вкупниот број на риби
 Индивидуалната просечна тежина на рибите
 Дневниот прираст
 Вкупно потрошената храна
 Потрошувачката на храна за кг.прираст
 Општата здравствена состојба на рибите
 Производните губитоци на риби

Контролниот риболов се изведува спрема усталениот редослед на


одгледувачот на секое одгледувалиште, но препорачливо е тоа
совесно и правилно да се изведува и да биде проследено со
целосно евидентирање на добиените резултати.
Контролниот риболов кај малите рипчиња до три месечна возраст
пожелно е да се прави еднаш неделно, кај подмладокот до

120
шестмесечна возраст еднаш на секои десет дена, додека кај
конзумната риба еднаш на петнаесетдена или еднаш месечно.

Што претставува основа за контролен риболов?


Основа за контролен риболов се одгледуваните риби, а за
правилно изведување на оваа операција неопходно потребно е да
се земе репрезентативна проба од риба која ќе даде релевантна
слика за одгледуваната популација за секој базен посебно.
Репрезантативна проба претставува заловување на 2-5% тежински
изразено риба од вкупната насадна маса на риби по базен.

Како се изведува контролниот риболов?


За правилно изведување на контролниот риболов потребен е
следниот прибор и опрема
 Црпало или кепче
 Кош во кој ќе се прифаќа рибата
 Вага за мерење на рибата
 Бројалка изработена од мрежа за броење на рибите

Како се изведува оваа операција?


Контролниот риболов пожелно е да се прави кај рибите кои
најмалку 12 часа не биле хранети, а се изведува на следниот
начин: се врши заловувсње од 2-5% од фкупната популација на
риба во базенот, рибата се мери на вага се утврдува тежината,
потоа рибите се бројат се утврдува вкупниот број риби во
утврдената тежина. Поради попрецизно утврдување на
индивидуалната тежина на рибите потребно е да се извршат две
мерења со цел да се утврдат отстапувањата во бројот на риби од
едното и другото мерење, доколку отстапувањата од едното
мерење е помеѓу 5 до 10 риби од другото мерење тоа зборува
дека рибата е тежински приближно уедначена, но доколку
отстапувањата се поголеми тоа заначи дека рибите не се добро
тежински изедначени и пожелно е да се изврши сортирање на
рибите.
Пресметка?
Добиените податоци од контролниот риболов математички се
пресметуваат и резултатите се евидентираат во производната
евиденциона книга.
Како се утврдува индивидуалната просечна тежина на
рибите?

121
Индивидуалната просечна тежина се утврдува преку следната
математичка операција и се изразува во гр.
K
ИТ = --- :1000
B
ИТ- индивидуална тежина во гр.
К – кг. риба во пробата
В-број риби во пробата

 Индивидуалниот прираст за контролираниот период,


дневен, десетдневен или месечен, претставува разлика
меѓу почетната индивидуална тежина на рибата и
новодобиената вредност утврдена со контролниот
риболов изразена во гр.
 Вкупниот прираст на риба за време на
контролираниот период исто така е разликата помеѓу
почетната вкупна тежина на рибата и
новопресметаната вкупна тежина на рибата со
контролното мерење и се изразува во кг.
 Пресметката за вкупно потрошената храна за исхрана
на рибите претставува податок од хранидбената
таблица која се изработува за дневната исхрана на
рибите и се помножува со бројот на хранидбени
денови,а се изразува во кг.
Потрошувачката на храна за килограм прираст се добива по
математички пат, на тој начин што вкупната количина на
храна се дели со вкупно остварениот прираст за
контролираниот период и се изразува во кг.

Пример:
Со направениот контролен риболов во дадениот момент сме
утврдиле следното:

Мостра 1. 20 кг. риба број на риби 202


Мостра 2. 20 кг. риба број на риби 199

122
Пресметка:

K 40
IР = -------: 1000 = --------= 99.75 g.
B 401

IP = 100 g.

Утврдена индивидуална просечна тежина од 100 гр. по риба, за


пресметување на останатите постапки (вкупен прираст, дневен
прираст, месечен прираст, вкупно потрошена храна и конверзијата
на храна) податоците ги имаме во производната евиденција која
ажурно се води на фармата за секој индивидуален базен посебно.

Предлог формулар за водење на производна евиденција


Воспоставената производна евиденција треба да ги има следните
податоци за да можеме во секој момент да ја знаеме состојбата во
фармата-рибникот.
Секоја производна единица-базен треба да има свој месечен
производен картон во кој се забележува следното:
 Почеток на насадување : дата
 Количина на риба изразена во:(кг, броја и индивидуална
тежина на рибата)
 Дата на првата контрола-контролниот риболов и
утврдените нови производни резултати.
Податоците за дневната количина на храна со која се хранат
рибите се зема од таблицата за исхрана на рибите и се множи
со хранидбените денови при што се утврдува вкупната
количина на храна.
Производните губитоци искажани во број риби се земаат од
дневната евиденција на производни загуби.
Предлог евиденционен лист:

123
Базен бр.1. Месец:------------
Рибник:----------------------------------------
Категорија на риба-------------------------------
Состојба Кг.на Број на Прос.теж. Забелешка
риба риба Гр.
Почеток на 1.308 15.385 85
насадување
01.01.
Прва контрола 1536 15.360 100
15.01.
Промени во
тековниот период
Сортирано
Пренесено
Произ. губитоци 25

*Дневна дажба 15 кг. храна


*Хранидбени денови 15 дена
*Вкупна количина на храна 225 кг.
Пресметки за утврдување на вкупниот прираст:

VP = K1 – K2 = 1.538 – 1.308 =230 kg.

VP = 230 kg.

Пресметка за потрошувачката на храна за кг.прираст-конверзија,


Се добива на тој начин што ќе се подели вкупно потрошената
храна со вкупниот прираст на риба за контролираниот период

HK = VPH : VP = 225 : 230 = 0,98 kg.

124
3.5 Излов на рибите
Оваа производно технолошка операција е редовна постапка во
процесот на работењето на фармата кај сите производни
категории на риби кои се одгледуваат на фармата.
Основната цел и е да се овозможи брзо и лесно обавување на
производнотехнолошките операции кои редовно се спроведуваат,
оваа операција се изведува рачно со црпалка или кепче на малите
рибници односно механизирано со вакум пумпи на големите
рибници. Најчесто се практикува за следните производни
операции:

 Префрлање на рибите од оден производен базен во друг


за понатамошно одгледување
 Поради сортирање на рибите
 Поради транспорт до продажните дестинации
 Изловување поради контролни риболови
 Изловување поради мрестење

Производни губитоци технолошка смртност


Производните процеси на одгледување на рибите во рибниците
секако се соочуваат и со производно технолошки загуби кај
одгледуваните риби. Секој жив организам кој се одгледува сто
постотно не преживува исто така и во оваа дејност се појавуваат
производни губитоци кои се како последица на технолошка
смртност, повреди или губитоци од влошени амбиентални услови,
но и заболувања кои може да бидат паразитарни, бактериски или
вирусни.
Производните губитоци кај пастрмката се разликуваат во зависност
од производната фаза и категоријата на рибата која се одгледува
во фармата. Овие губитоци колкави ќе бидат и во која мера ќе се
движат зависат од голем број на фактори пред и се од:
амбиенталните услови, количината и квалитетот на водата,
квалитетот на употребената храна, категоријата на
рибата, начинот на обавување на производно технолошките
операции и манипулацијата со рибите.
Ова прашање е доста дискутабилно и различен број на автори
даваат различни податоци за производните губитоци во
пастрмското проиаводство, како ориентациони показатели ќе се
потрудиме да посочиме некои од нив, а тоа се:

125
Табела . Смртност во % кај поедини одгледувачки фази кај
Кај виножитната пастрмка
Табела 14.
Производни фази Иванов Агановиќ Стевановски
1961 1979 1999
Икра во фаза на инкубацуја % 5 do 20 5 do 20 7 do 15
Личинки во период на лупење % 1 do 2 8 do 10 5 do 7
Личинки после лупење до 2 месеци % - 20 do 25 do 10
Подмладок од 2 до 9 месеци % 20,30 do 25 do 30 do 15
60
Подмладок од 9 до 12 месеци % 5 do 10 5 do 10 2 do 5**
Конзумна риба % 5 do 10 2 do 4 do 2

** Според Стевановски, категоријата од 9 до 12 месеци е


предконзумна риба.

126
4. ТРАНСПОРТ НА РИБА И РЕПРОМАТЕРИЈАЛ
Транспортот на риба може да се врши во жива или мртва
состојба во зависност од барањата на пазарот и намената на
рибите. Доколку се работи за конзумна риба која се испорачува до
потрошувачките места транспортирањето на рибите може да биде
во мртва состојба, а доколку се работи за транспорт до
преработувачките капацитети во тој случај се транспортира во
жива состојба. Транспортирањето на репроматеријал наменет за
понатамошно одгледување сегогаш се врши во жива состојба.
Денешниот современ транспорт на жива риба најчесто е базиран
на специјално опремени возила со садови – цистерни во кои се
сместува рибата, вода и опрема за додавање на кислород
(распрскувачи, боци во кои е сместен кислородот и опрема за
регулирање-манометри). Кислородот може да биде во течна или
гасовита состојба сместен е во челични боци со различна
запремина.
Цистерните за транспорт се изработени од пластика исто така со
различен волумен во зависност од намената на транспортот,
конзумна риба или репроматеријал.

Садови за транспорт на риба

Кислородот во транспортните средства се уфрла преку


специјални распрскувачи во сосема мали меурчиња со цел да што
повеќе кислород се задржи односно раствори во водата.

127
Концентрацијата на кислород во транспортните садови секогаш
треба да е во границите на бараната сатурација односно
заситеност во зависност од тоа која категорија на риба се
транспортира. Пред започнување со транспорт потребно е целосна
припрема на опремата исто така и подготовка на рибата која треба
да биде транспортирана, подготовките се состојат во следното:
 Припрема на рибата
 Припрема на садовите
 Припрема на транспортното средство
Припремата на рибата се состои во целосно изгладнување на
рибите најмалку 48 до 72 часа часа пред да се оптпочне со
транспортирањето.
Целосно испразнетиот дигестивен тракт на рибата и овозможува
полесно да го поднесе транспортот, стресот е помал, губитоците на
риба се минимални, а водата во која се транспортираат рибите
останува чиста без примеси на измет и со минимално присуство на
амоњак. Посебно е важно рибата која треба да се транспортира во
жива состојба да е одморена, да е здрава и без надворешни
повреди.
Водата во која се транспортира рибата да е хигински исправна,
чиста бистра и со соодветна температура за видот кој се
транспортира. Температурата на водата во која ќе се
транспортираат рибите пожелно е да биде од истото место од каде
и се утовараат рибите, доколку нема услови вода може да се
донесе во садовите, но да се води сметка температурата на водата
во садовите и температурата на водата од каде се утовараат да не
е пооголема од 50С
Подготовка на садовите за транспорт и опремата, се врши целосна
дезинфекција на цистерните, распрскувачите, се врши детален
преглед на опремата за додавање на кислород да биде целосно
исправна и во добра состојба.
Припремата на транспортното средство се состои во негов преглед
на техничката исправност и се дензинфицира возилото.
Откако сме ги завршиле сите овие припремни работи се
пристапува кон излов на рибата, мерење и утовар во садовите за
транспорт.

128
Опрема за аерирање на водата

Манометар Мини пимпа са транспорт риба

4.1.Транспорт на Пастрмка
Транспортот на пастрмка во жива состојба се транспортира во
специјализирани возила за оваа намена. Водата во која се
транспортира пастрмката треба да го задоволува оптималното
температурно ниво во кое живее, доколку се работи за транспорт
на подолга релација и транспортот трае повеќе од 12 часа пожелно
е температурата на водата да е помеѓу 8 и 10 0С.
Концентрацијата на кислород да биде со максимална заситеност.
Поради намалување на стресот на рибите при транспортирањето
пожелно е во водата да се додаде сол во концентрација од 0,5% на
100 л. вода

129
Возило за транспорт на жива риба

4.2.Транспорт на икра
Транспортот на икра од пастрмка може да биде како:
Транспорт на оплодена икра и
Транспорт на ембрионирана икра
Транспортот на оплодена икра се врши во првите 12 до максимум
24 часа од оплодувањето на икрата до нејзиното насадување во
инкубационите апарати за нејзина понатамошна инкубација.
Транспортот на ембрионирана икра се врши во фазата на појава на
очи односно целосна развиеност на ембрионот во икрата, овој
транспорт може да трае и подолго време два три, па и десет дена
доколку се запазени потребните услови за нејзино нормално
преживување.

130
Икра спремна за транспорт

Припремањето на ембриониранта икра за транспорт се состои


во следното: миење и чистење на икрата од угинатите зародиши,
мерење на икрата (тежински или волуменски) и ставање во
лежниците за транспорт. Икрата во лежниците пожелно е да биде
распоредена во еден ред и секоја лежница се реди во амбалажата
во која ќе биде транспортирана. Пред да се стави првата лежница
со икра во сандакот на лежница се става мраз се редат лежниците
до потребната запремина и најгоре во лежница се става мраз,
откако се постави мразот амбалажата се завиткува со фолија и се
затвора контењерот. Мразот кој се поставува најгоре има за цел да
ја влажни икрата и да ја одржува температурата во контењерот
помеѓу 3 и 50С. Влажнењето на икрата му овозможува на
зародишот нормално да диши. Вака уредно спакувана
ембрионираната икра може да се транспортира на голема
оделеченост и како интерконтинентален транспорт, овој начин на
транспорт на репроматеријал наменет за понатамошно
одгледување денес е најраспространетиот транспорт во
аквакултурното пастрмско производство. Постапката со икрата по
приемот на одгледувалиштето се состои во следното: Распакување
на истата визуелен преглед дали е се во ред и доколку е се во ред

131
се пристапува кон нејзина припрема за насадување во
инкубаторите за понатамошна инкубација.
Најпрво треба да се измери температурата на икрата во
контењерот и темперарурата на водата во мрестилиштето, бидејќи
температурите ќе бидат неуедначени пожелно е да се пристапи
кон уедначување на температурите постепено, температурниот
режим да биде запазен икра од контењер и температура на вода
во садот во кој ќе се стави за насадување да не биде поголема од
20С, што значи се врши кондиционирање на температурата на
водата, доколку водата е со повисока температура се додава мраз
да се кондиционира температурата која ќе биде поголема за два
степена, па по еден час повторно се додава вода , но се внимава
температурата да биде во границите за да не предизвика
температурен шок и да го убие зародишот, по постигнување на
температурата која владее во мрестилиштето икрата се насадува
во инкубаторите.

4.3.Транспорт на подмладок и конзумна риба


Подмладокот од пастрмка наменет за понатамошно
одгледување може да се транспортира во жива состојба во сите
возрасни категори и тоа:
 Личинки со ресорбирана вителусна кеса и
спремни за почетна исхрана
 Транспорт на едномесечен подмладок со
индивидуална тежина 1 до 3 гр.
 Транспорт на тромесечен подмладок со
индивидуална тежина 5 до 7 гр.
 Транспорт на подмладок со тежина од 30 до 50 и
70 гр,
Транспортот на подмладокот се врши во специјални контењери
опремени со опрема за вбризгување на кислород, кислородот во
контењерите треба да се движи во границите од 7,5 до 11 мг/л.
Соодносот вода риба треба да изнесува 1:10 до 1:15 ( на еден
килограм риба 10 до 15 л. вода)
Транспортот на повозрасните категории на риба опфаќа:
 Транспорт на предконзумна риба со тежина
до 125 гр. и
 Транспорт на готова конзумна риба

Транспорт на овие категории на риба во жива состојба не се


разликува во основа од предходниот транспорт на подмладок

132
освен што рибите се транспортираат во поголеми контењери со
поголема запремина, опремата за додавање на кислород не се
разликува, концентрацијата на кислород треба да биде во
границите помеѓу 7,5 и 9,5 мг/л,додека соодносот риба вода да
биде најмалку 1:5 до 1:10 ( на еден килограм риба 5 до 10 л. вода)
Доколку транспортот на пастрмките трае подолго од 12 часа
односно 24 часа во тој случај пожелно е водата да се промени, но
да се внимава да се додаде вода со температурниот режим
погоден за пастрмката помеѓу 8, 10 до 120С. Пред истовар на
рибата на одредиштето пожелно е да се изврши мерење и
утврдување на температурата на водата во контењерите за
транспорт и рибникот каде се истовара рибата да се води сметка
температурните разлики да не се поголеми од дозволеното
отстапување со цел да не се предизвика температурен шок и
загуби кај рибите, доколку разликите во температурата се големи
се пристапува кон кондиционирање на водата во контењерите па
после се врши истовар.

4.4.Транспорт на пастрмка во мртва состојба


Транспортот на пастрмките во свежо мртва состојба најчесто
кај нас се изведува како транспорт на конзумна риба од рибник до
продажните места (маркети, угостителски објекти или за
преработка) Транспортирањето на рибата се врши со
специјализирани возила опремени со термокинг за одржување на
температурата помеѓу 0 и +4 0С во возилото. Нашиот пазар, а и
навиките на потрошувачите кај нас се такви што се бара риба во
свежа состојба цела со глава и со се утроба примарно не
обработена, додека европскиот пазар ваква риба не прифаќа
нивните барања се риба во свежа состојба примарно обработена
со глава но без утроба измиена и поледена, односно во
амбалажата да има еден дел риба и до 10% мраз од тежината на
рибата.
Рибата која е наменета за пазар потребно е да биде целосно
изгладнета најмалку 48 часа пред нејзиниот излов, пожелно е
изгладнувањето да е 72 часа во зависност от температурата на
водата во која се одгледува рибата, доколку температурите на
водата се под 100С, изгладнувањето треба да е 72 часа поради
забавениот метаболизам кај рибата, доколку температурите се
повисоки изгладнувањето може да биде и 48 часа.

133
Возило за транспорт на свежа риба

Вакумирани производи од пастрмака свежа риба за транспорт

Рибите кои се изловуваат, за продажба пожелно е да се врши


нивно омамување со електриен шок (истосмерна електрична
струја), потоа се мерат и се редат во амбалажата наменета за
транспорт. Тежината на рибата во транспортната амабалажа да
биде помеѓу 10, 15, максимум 20 кг. Доколку рибата се
транспортира со додавање на мраз во тој случај во транспортната
амбалажа се додава од 5 до 10% мраз од тежината на рибата. На
ваков начин кај рибата се запазуваат квалитетните својства и се
почитуваат хигиено санитарните мерки за здрав и кавалитетен
производ кој се испорачува до потрошувачите.

134
5.Превентивни мерки
Превентивните мерки претствуваат неминовност при
интензивниот начин на одгледување риби во аквакултурата, од
нивното успешно спроведување во голема мера зависи и успехот
во работењето. Превентивните мерки пожелно е да се практикуваат
во сите фази на одгледувањето и за нивното спроведување да се
води целосна евиденција.

5.1. Превентивна заштита на икрата

По земањето на икрата од женките во сува состојба и нејзиното


оплодување со додавање на млеч од мажјакот се додава вода во
садот со цел да се потикне активноста на сперматозоидите се врши
оплодување на икрата. По две до три минути мирување се врши
миење на икрата со чиста вода неколку пати се додека водата не
биде потполно бистра.
Икрата се сместува во поголем сад во кој претходно е растворен,
јодов препарат Бетадине во концентрација од 25 дела во милион
(25 : 1.000.000) Бетадине со 1% Ј 10 мл на 4 л. вода во
времетраење од 10 минути. После зацврстувањето – бабрењето на
икрата во садот од еден до два часа во кој е обезбеден соодветен
проток на вода икрата целосно се префрла во инкубаторите за
инкубација.
Инкубацијата е под постојан проток на вода, а превентивната
заштита против габични заболувања нај често Сапролегнија,
започнува после првите 24 часа со секојдневно третирање со
формалин во времетраење од 15 минути
Концентрацијата на формалин изнесува 1: 700 (1.429 ппм)
при проток на вода низ инкубаторот од 10л/минута потребни се
811 мл формалин, односно 1217 мл за проток од 15 л/минута.
Третирањето на икрата продолжува секојдневно до почетокот пред
самото лупење на ларвите – личинките.

5.2. Превентивна заштита на подмладокот и конзумната риба

Најчесто средство кое се користи како превентивна заштита


против поедини видови на паразити, како и намалување на
стресните ситуации при манипулација со рибата сортирање,
префрлање транспорт, матна вода и сл. Се практикува употреба на
солта во следните концентрации:

135
 За превентивна заштита на подмладокот од поголемиот дел
на паразити е концентрација на сол од 3,5кг. Сол на еден
литар вода во секунда.
Третирањето со сол е доволно да се практикува едаш месечно,при
температура на водата од 10 до 18 0С.
Третирањето со 1,5 кг. Сол на литар вода во секунда е сосема
ефикасна постапка за превенција против Kолумнарис.

 Намалувањето на стресот и отстранувањето на насобран


талог на жабрите е сосема ефикасно при примена на 1кг.
Сол на л/вода во секунда.

 Солта благопријатно делува врз ослободувањето на


стересот при манипулација со рибите (мерење,
сортирање, префрлање и сл.)
Со тоа што ги ослободува жабрите од вишокот на вода и го
стимулира излачувањето на амоњакот и нитритите од крвта,
посебно е погодна за пастрмките кои се одгледуваат во мека вода
Концентрацијата од 1кг. Сол на литар/вода во секунда е сосема
доволен активен третман.

 Транспортот на риба во жива состојба е поподнослив а


загубите се незначителни доколку во таранспортните
садови – цистерни се додаде висока концентрација на сол
од 0,8%, односно 0,77 кг. Сол на 100 л. вода.

 Најчест проблем кај маладунците во мрестилиштето е


наталожувањето на остатоци од храна и фекалии на
жабрите, оваа појава предизвикува опасност од појава на
бактериолошки заболувања на жабрите. Третманот со 2 до
3 кг сол на литар/вода во секунда еднаш неделно во голема
мерка ги намалува овие опасности од заболување на
жабрите, и ја чисти кожата од вишокот на слуз кој содржи
страни примеси.

 Третманот со 1,0 кг. Сол на л/вода во секунда е добра


превенција како заштита на рибите при намалување на
концентрацијата на кислород во доводната вода, брзо ги
ослободува од стресот и ја намалува опасноста од смртност
на рибата како последица од ниските концентрации на
кислород.
5.3 Предлог план и распоред за превентивна заштита

136
1. Пет дена по ресорпцијата на вителусната кеса рипчињата да
се капат во солен раствор

Концентрација на сол 2,5%


Време траење една до две минути
Густина на држење 30.000 до 50.000 броја /m 3
Проток на вода 0,2 до 0,3 l/sek.
Исхрана честа на секои петнаесет до 30 минути, со мали
количини на храна, онолку колу што можат да изедат. За
седум дена од почетното хранење рипчињата ќе ја дуплираат
својата почетна тежина.
Хигиена редовна со мека четка или талогот да се вади со
вакум црево
Производните губитоци не повеќе од 25%
2. Седмиот ден по активната исхрана рипчињата се оставаат 24
часа гладни, не се хранат

Формалинска купка:
Концентрација 1:4000 или 1:6000, во зависност од тврдоста
на водата (меката вода бара помали концентрации)
Формалинските краткотрајни купки се практикуваат на секои
14 дена.
Времетраење на купката петнаесет минути, со затворен
проток на вода
Исхраната редовна 8 до 10 пати во текот на денот, за
времетраење од 21 ден.
За овој временски период рипчињата треба да постигнат
тежина од 0,5 до 0,7 gr. По парче.
Поради превентивна заштита од Hexamita Salmonis пожелно
е на четиринаесетиот ден од исхраната да им се даде 375
mg/kg храна ефлоран или флажил, постапката се повторува
после две недели или на секои 14 дена.
Дваесет и првиот ден од почетното хранење на рипчињата
пожелно е во храната да им се даде горка сол 4 gr/kg храна,
еден ден поради прочистување.
Густината на држење од 15.000 до 30.000 броја m 3
Проток на вода 08 – 1,4 l/sek.
Хигиената да се одржува на високо ниво
Производните губитоци не повеќе од 10 до 15%

137
3. Вториот месец на исхрана на рипчињата продолжува со
стартер, количината на храна се пресметува на база
препорачаната табела за исхрана спрема просечната тежина
на рипчето и температурата на водата согласно препораките
на произведувачот на храна.

Исхраната продолжува следните 21 ден, па се поминува на


покрупен стартер следните 30 дена фрекфенцијата на
хранење 6 до 8 пати во текот на денот.
Контрола на прирастот на секои 15 дена, и соодветна
корекција на количината на храна согласно тежината на
рибата.
На крајот на третиот месец индивидуалната тежина на
рипчињата пожелно е да се движи во границите помеѓу 2 до
4 гр.
Производните губитоци околу 10%
Превентивната заштита до тро месечна возраст е со
Формалинска купка, спрема усогласената пракса или
Оксимон 15, во концентрација од 10ml/m 3 во траење од 10
до 15 минути
Густината на држење 5.000 до 15.000 броја/m 3
Проток на вода 2-4 l/sek.

5.4.Подмладок од 3 до 6 месеци возраст

После третиот месец веќе имаме убаво формирано рипче


витално кое може да се одгледува во поголеми базени-
младичњаци
Густина на држење 2.500 до 5.000 броја/m 3 простор
Проток на вод 2,5 до 5 l/sek.
Исхрана со квалитетна храна, фрекфенцијата на хранење 4-6
пати во текот на денот.
Контрола на прирастот на секои 15 дена.
Тежински класирање едно до две
Хигиената да се одржува на високо ниво
За овој временски перод рипчињата постигнуваат
индивидуален прираст од 30 до 50 gr. По парче.
Производните губитоци не повеќе од 7%.

138
5.5. Препораки за био заштита во дваесет чекори на
производна фарма за производство на пастрмка согласно
ЕУ – регулативите.

Постапката на добра Хигиенска пракса на пастрмската фарма


се состои во производство на риба со примена на соодветни
хигиено санитарни услови кои ќе обезбедат заштита на здравјето
на рибата која се одгледува на фармата, а и целосна заштита на
здравјето на конзументите кои ќе ја користат произведената риба
за нивна исхрана.
Исто така, производство и дистрибуција на здрав и квалитетен
подмладок нанменет за понатамошно одгледување на други
производни фарми
Како задоволителни постапки, кои ќе обезбедат кавалитено и
безбедно производство ги сметаме следните постапки на заштита
на производните фарми и тоа:

1. Секогаш купувајте подмладок за насад само од проверен


добавувач

2. Употребувајте квалитетна вода која не содржи патогени


извори за рибата која ја одгледувате, а може да
потекнува од дивите риби кои слободно живеат во
водата.

3. Секој производен дел (базен) треба да добива свежа и чиста


вода, доколку постои опасност од ширење на патогени агенси
од воздух (птици) може да биде целосно аштитен.

4. Персоналот кој го опслжува рибникот треба да е стручно


оспособен да врши заштита на рибата.

5. Доколку околу рибникот има изградено објект за рекреација


спортски риболов или туристичко пешачка зона,
производниот дел треба да е изолиран од таквиот дел/

139
6. Да се води целосна евиденција за преземените хигиено
санитарни мерки во правец на заштита на здравјето на
рибите и заштита на квалитетот на водата. Евиденцијата да е
јасна читлива и достапна до клиентите.
7. Угинатите риби секој дневно да се отстрануваат од базените и
нештетно да се отклонуваат.

8. Целокупната отпадна вода, крв и отпадоци од преработката


на риба доколку се врши примарна обработка на рибата на
самата фарма треба да бидат на хигиенски начин третирани и
да не доаѓаат во контакт со водата која се користи за
производство.
9. Купувањето на риба од друга фарма треба да биде од здрава
фарма која е целосно заштитена и ги презема потребните
услови за добра хигиенска пракса, но сепак купената риба
треба да претрпи карантинско сместување.

140
10. Икрата која се користи за добивање на подмладок да
потекнува од здрави родители.

11. Редовно да се преземаат санитарно ветеринарските мерки и


препораките дадени од ветеринарните лекари да се
почитуваат и применуваат како би се обезбедило здраво и
квалитетно производство.
12. Менаџерска контрола – добра производна пракса мора да се
спроведува да се врши целосна дезинфекција, дезинсекција
и дератизација на помошните простории.
13. Секој производен дел на фармата (батерија) треба да
користи сопствена опрема (црпала, мрежи, опрема за
одржување на хигиената ) и сл., која нема да се употребува
на другите производни делови.

14. Доколу рибарската фарма во својот состав има повеќе


производни објекти (еден, два три и т.н) опремата која се

141
користи за работа не смее да се меша од еден на друг
производен објект.
15. Изградба на Dez – bariera, задолжителна дезинфекција на
посетителите и персоналот кој влегува и излегува во фармата.

16. Дезинфекција на чизмите со кои се движат работниците низ


фармата со цел да се спречи пренесувањето на евентуалните
причинители на болести од еден дел на друг производен дел.
Дезинфекција на рацете.

142
17. Пристапот на не вработени и неовластени лица треба да е
строго забранет во фармата.
Посетителите кои доаѓаат треба да се контролирани и
задолжително да поминат низ Dez- третманот, присуството на
лицата да се евидентира.
Влезот на возила е забранет во кругот на фармата.

143
18. Доколку се дозволи влез на возила во фармата, пред влезот
на фармата на паркинг просторот возилата треба да бидат
целосно дезинфицирани, а исто така и при напуштање на самата
фарма.

19. Товарните возила кои вршат дотур на храна или транспорт на


риба до фармата или од фармата исто така треба да бидат
целосно дезинфицирани како при влегувањето на фармата исто
така и при излегувањето од фармата.

144
20. Испораката на риба од фармата треба да биде целосно
контролирана со целосна документација во која ќе се
евидентира количината на риба, видот на риба, индивидуалната
тежина на рибата, име на купувачот на рибата, време на
испорака на рибата, состојба на рибата ( не обработена,
примарно обработена, посипана со мраз ) и сл.

145
6. ПРИЛОЗИ
Пилози на документи за производна евиденција
Предложената листа на документација која би требало секој
производител да ја води на својата фарма од која во секој момент
ќе може да ги согледа своите производни резултати, како и целосна
следливост на производството во секој момент се:

 Производна евиденција ( таблици за исхрана на рибата,


контролни листи од контролните риболови,
температурна листа)
 Месечни Извештаи за производството на риба
 Евиднција за одржување на хигиената
 Евиденција за набавен порибителен материјал
 Евиденција за продадена риба
 Евиденција за производни губитоци-технолошка смртност
 Евиденција за набавена храна

МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ

146
МЕСЕЦ:____________
РИБНИК__________________________________________

БАЗЕН БРОЈ:________________

КАТЕГОРИЈА НА РИБА___________________________

ПОЛОЖБА Тежина во Број на Прос.теж. забелешка


кг. риби во гр.
Почеток на месецот
Крај на месецот
Промени во текот
на месецот
Продасено риба
Сортирано во базен
Сортирано од базен
Пренесено во базен
Пренесено од базен
Губитоци на риба
броја

Остварени производни резултати:

1.Остварен вкупен прираст __________ kg.

2. Вкупно потрошена храна.__________ kg.

3. Конверзија.__________ kg.

Дата:___________ год. Подносител на


Извештајот
------------------------------------
--------

2.Евиденција за одржубање на хигиената

Базен Дата Чистење на базените Забелешка


Број Механичко Дезинфекција
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10

3.Евиденција за насасдување со порибителен материјал


Реден Дата на Категорија Количина Прос. Забелешка
број транспорт Вид риба на риба Теж. Загуби при
Броја Гр. транспорт

147
Кг.

4.Евиденција за продадена риба

Реден Дата на Вид Количи Просечн


број К У П В А Ч продажб риба на а Забе
а Тежина леш
(гр.) ка

7. ВЛИЈАНИЕ НА АКВАКУЛТУРНОТО ПРОИЗВОДСТВО ВРЗ ОКОЛИНАТА

Со интензифакација на аквакултурното производство сосема


нормално е да се очекуваат подобри производни ефекти, подобри
економски резултати за производителите на риби, но исто така и

148
поголемо влијание врз животната средина. Научните искуства на
ова поле зборуваат дека со интензификацијата на производството
по единица површина или литар проток на вода можни се и
значителни промени на биофизичките и хемиските карактеристики
на водата која се испушта во водените реципиенти и нејзина
загаденост, колкав е степенот на загадување ќе се потрудиме да
дадеме мало објаснување на ова поле.
пастрмските рибници претставуваат проточен тип на рибници во
кои се изведува производството. За оптимално производство на
риба пастрмка неопходни се три измени на целокупната вода во
еден час, односно 72 измени во текот на едно деноноќие, за
екстензивно производство на риба неопходни се една измена на
целокупната вод за еден час, односно 24 измени во текот на едно
деноноќие.
Количината и Квалитетот на водата се основниот услов за
одвивање на пастрмското производство. Ограничените количини
на вода ги ќе го присилуваат одгледувачите на риби во
аквакултурното производство да воведуваат нови производни
технологии за интензификација на производството како би можело
да се произведуваат значително поголеми количини на риба на
постојните простори со употреба на нови техничко технолошки
решенија како што се: афтоматизација, воведување на инсталации
за додавање на кислород во водата или аератори за аерирање
односно збогатување на водата со кислород и употреба на високо
квалитетни крмни смески за исхрана на рибите.
Изнаоѓање на решенија за искористување на до сега не
користените водени еко-системи (природните езера и вештачките
акумулации) по пат на воведување на современи системи за
производство кафезните системи.
Воведување на нови технологии високо интензивни затворени
системи на принципот на рециркулација на водата.
Производството на риба во затворените системи-рибници. Сите
овие постапки во интензификацијата на аквакултурното
производство ќе имаат свое влијание врз водената средина и
нејзините квалитетни својства.
Голем број научни студии укажуваат за опасностите од
еутрофикација на водите како „биолошка“ последица од
збогатувањето на водата со органска материја, која ќе се
манифестира во промена на водената биомаса, како и структурата
на животните заедници.

149
Ваквите штетни влијанија врз водената средина како резултат на
интензификацијата на аквакултурното производство можат да се
спречат и да се сведат на минимум со примена на добра
производна пракса, успешно менаџирање и примена на нови
техничко технолошки решенија во одгледувањето на риба и
емисијата на органски отпад во водената средина, како би се
зачувале нејзините физичко хемиски и биолошки карактеристики
на задоволително ниво.

7.1. Органските отпадоци и нивното влијание врз


околината

Одгледувалиштата на риба (рибници, кафезни фарми)


произведуваат органски отпад во кој се содржани органски
материи, а потекнуваат од остатоците на неизедена храна, измет,
метаболички продукти, угинати риби и сл. кои имаат значително
влијание врз околината.
Нивото на еколошки промени во водената средина е различно од
минимално до значително во зависност од :

 Големината на фармата
 Густината на насадување
 Биофизичките услови на локацијата
 Квалитетот и сварливоста на храната
 Температурата на водата
 Фото синтетскиот капацитет на еко системот
 Останати антропогени влијанија врз
околината

Негативните влијанија се поизразени доколку количината на


вода со која се обезбедуваат рибарските фарми е минимална со
мали протоци и измените на вода се минимални, при такви
случаеви често пати може да дојде до намалени концентрации на
кислород во излезната вода која ја напушта фармата и до
поголеми содржини на азотни, фосворни и јаглеводородни
соединенија кои ќе делуваат на промена на физчко хемиските и
биолошки карактеристики на водата во отворениот еко систем. Со
цел да спречат негативните влијанија врз водената средина и
заштита на животната средина одгледувачите на риба се
принудени да вложуваат значителни средства и да воведуваат
нови технологии како би го намалиле притисокот на штетни

150
материи врз водената средина во која го обавуваат своето
производство.
Одгледувањето на риба се изведува во строго контролирани
услови и со примена на современи техничко-технолошки решенија
со кои се сведуваат на минимум штетните последици врз ихто
популацијата во отворените води, туку констатирани се и
забележани позитивни влијанија врз нејзиниот природен развој.
Постои неподелено позитивно мислење од страна на рибарските
стручњаци и екологистите дека одгледувалиштата на риба на
традиционален начин имаат позитивно влијание врз ихтио
популацијата во отворените води.
Се претпоставува дека во олиготрофните води каде владеат услови
на ниска природна продукција, кафезното прпозводство на риба
попзитивно влијае на развитокот на природната ихтиофауна
привлекувајќи ја до непосредна нивна близина (Machias и сораб.
2005), и се манифестира со поголем успех на при обалниот
риболов, зголемен развиток на фито и зоо планктон, храна за
природната ихтиофауна.
Зголемениот развој на фито планктон значително влијае на
намалувањето на количината на (Р) во водата бидејќи се вградува
во фито планктонските организми (Bizsel, 2001; Yucel –Gier и сор.
2008)., но сепак и на ваквите научни искуства за оваа
проблематика и постоењето на позитивни мислења за промените
кои се случуваат во водената средина вниманијата за заштита
секогаш треба да бидат на соодветна висина.
Иако постојат позитивни влијанија врз природната ихтиофауна
сепак треба да се биде крајно внимателен врз влијанието на еко
системите од одгледувањето на риба, сепак секогаш треба да се
има во предвид биолошкото само пречистување на водата и
можностите за нејзина регенерација од таквите влијанија. Во
зависност од влијанието на аквакултурното производство
целосната рамнотежа на дадениот еко систем се воспоставува за
неколку месеци до неколку години од престанувањето на
функционирањето на одгледувалиштето, во зависност од
големината на фармата и нејзиното производство, односно
технологијата на работење. Во секој случај вниманието кон
заштитата на околината треба секогаш да биде на задоволителна
висина како би се избегнале штетните последици.
Во литературата постојат голем број на научни и стручни оценки
врзани за штетните влијанија на аквакултурата и нивното
намалување врз околината.

151
Препораките насочени кон заштита на околината од влијанието на
аквакултурното производство насочени се кон копнените и
кафезните рибарски фарми во правец на преземање на конкретни
мерки од кои позначајни се:

 Биолошки мерки
 Зоо технички
 Менаџерски и
 Иновациски техничко-технолошки мерки.

Биолошките мерки се состојат во селекција и избор на видови на


риби кои имаат побрз прираст, подобро ја искористуваат храната.
Зоо техничките мерки насочени се кон правилен избор и правилно
нормирање на дневните дажби за исхрана на рибата, што ќе
овозможат најмал растур на храната од една страна и не ќе
дозволат прејадување на рибите, дневните дажби се усогласуваат
со потребите на храна за нормално задоволување на
хранидбените потреби за оптимален раст на рибите.
Техничко – технолошките решенија се насочени кон изборот на
локацијата и усогласување на производниот капацитет со
карактеристиките на водениот реципиент неговите можности за
биолошко само прочистување на водата. Современите зоо
технички карактеристики на одгледување на рибите се насочени
кон примена на добра менаџерска пракса (best management
practice), интегрирано поли културно одгледување на риба со
различни хранидбени потреби е предуслов за намалување на
опасноста од еутрофикација на водите.
Растворливите во вода отпадоци (NН 4 и Р) од рибниците или
кафезните фарми успешно можат да се намалат или целосно да се
отстранат со одгледување на филтраторни организми школки или
водени растенија, како што е пракса во азиските земји. Примената
на поли културен модел на производство составен збир на
организми со различни хранидбени потреби и навики кои живеат
во различити еколошки ниши во интегрираниот еко систем.
Намалувањето на емисијата на штетните органски влијанија врз
околината може да се сведе на миниму со правилен избор на
квалитетни крмни смески чии емисии на азот и фосвор се сведени
на минимум, а со тоа значително ќе се придонесе за зачувување
квалитетот на водата во која се одгледуваат рибите.
Емисијата на органска материја во околината зависи пред се
од составот на храната и хранењето. Тоа се главни фактори кои

152
влијаат врз еколошките промени, но исто така се основни фактори
кои влијаат на економичноста на производството. Факторот
потрошувачака на храна за килограм риба (конверзија) е
значително поповолен при исхрана со високо концентрирани
целосно избалансирани индустриски припремени крмни смески
(екструдирани) храни ( Фк = 1,0 до 1,5 ), за поголемиот дел на
риби, но кај салмонидните видови конверзијата се движи во
границите околу 1,0 кг. или под еден килограм.
Количината на храна која се карактеризира како растур на не
изедена храна поради лошо и неправилно менаџирање се движи
во границите од 5 до 10%, што претставува значителен економски
губиток пред се, но и високо ризичен процент на загадување на
околината.
Процентот на растур како причина од прејадување на рибите и
исфрлање на храната како несварен дел во изметот може да
достигне високо ниво од 15 до 20%, како последица на лоша
проценка и лоши зоо технички мерки.
Сите овие аспекти се доволен показател за правилен избор на
храните со кои треба да се хранат рибите, правилно нормирање на
дневните дажби со цел да се искористи дадената храна до
максимум, како и изборот на нај поволни храни кои ќе имаат нај
поволна конверзија од една страна и најмала емисија на (N и Р) во
водата се предуслов за економично производство и чиста животна
средина.
Вниманието за заштита на животната средина односно
околината од една страна и економиката на производството од
друга страна може да се постигне со едукација на техничкиот
персонал (одгледувачите) кои се во непосредното производство на
риба, со цел оптимално да се усогласи исхраната на рибата со
еколошките карактеристики на водата и целиот биоритам на
рибата.
Лошата проценка може да резултира со висок процент на не
изедена храна кој може да изнесува и до 10%, па штетите се
евидентни и на економски и на еколошки план.
При одгледувањето на пастрмки еден килограм сува пелетирана
храна може да даде еден килограм прираст на рибино месо, со
100 до 200 г. измет (влажна маса).
Изметот содржи голема количина на (С) од 60-70%, од внесениот,
10 до 15% (N), и 40 до 50% (Р) од сварливиот, што во голема мерка
зависи од квалитетот на употребената храна.

153
Денешните храни кои се наменети за исхрана на пастрмките
претставуваат високо еколошки храни кои водат сметка за
емисијата на азот и фосфор во водите во кои се одгледуваат
пастрмките.
Азотот, е основен елемент за изградба на мускулната маса
(ткивото) кај рибите, додека фосфорот влегува во формирањето на
коскеното ткиво. Овие две супстанци (N Р) се хранливи материи за
растенијата и алгите во реките и езерата, спрема тоа овие
супстанци се сметаат за загадувачи.
Најдобрата конверзија на храната ќе има и најмало влијание врз
околината.
Просечната количина на (N и Р), која се исфрла од рибите е
различна и главно зависи од квалитетот на употребената храна,
категоријата на рибата, квалитетот и количината на вода со која се
обезбедува рибникот, количината на кислород во водата и
начинот на хранење и одредувањето на дневниот оброк.
Денешните храни кои се користат за исхрана на пастрмките
слободно можеме да кажеме дека ретензијата на (N) се движи во
границите од околу 30g. По произведен килограм пастрмка и
околу 3,5 g. P. При конверзија од 1,0 кг. храна.
Пр. Храна наменета за исхрана на виножитна пастрмка со
просечена протеинска содржина од 45% и конверзија од 1,0 кг.
производ на Aler Aqva Данска емитува 27,5 кг. азот растворлив
во водата и 4,8 кг азот врзан за фекалиите, како и 0,7 кг.
фосфор растворлив во водата и 2,4 кг. врзан во фекалиите од
рибите, на 1000 кг. произведена риба.
Месојадните видови риби лесно ги варат мастите, но сепак
нивните молекули имаат големо влијание врз околината поради
содржината на (С) во излачевините, кои за нивна оксидација
бараат големи количини на кислород.
Од досегашните сознанија можеме слободно да заклучиме дека
влијанието на аква културното производство врз околината
оценето преку емисијата на (N) изнесува околу 9%, додека
влијанието оценето преку емисијата на (Р) околу 3% од вкупната
антропогена емисија во водената средина.

Споредбени показатели на различни видови


Животни и излачувањето на измет
Табела 15.
Начин на Време кое Количина на измет
одгледување Старост Тежина животното за време на престој
Вид на животни го во шталата

154
поминува Дневна Годишна
во шталата Кг.или л. `t. или
% `m3
Молзна крава 650 50 64 11,6
Молзна крава 450 50 42 7,6
Гоено грло 1-2 400 66 26 6,2
Теле 0 – 0,5 100 50 7 1,3
Маторица со До 7 130 -225 100 10,9 4,0
прасиња нед.
Бекон исхрана со 11-23 35-105 90 7,2 2,35
концентрат недели
1000 кокошки 42 дена 2,2 97 115 41,0
носилки
1000 гоени пилиња 42 дена 2,2 76 60 16,5
4 пастрмки 1,0 кг. 270 1,0 100 0,1 0,0365
Гојна дена
100 пастрмки 90 дена 1,0 100 0,09 0,0328
подмладок

Производството на пастрмка во вештачките рибарски фарми


секако дека има одредено влијание врз околината во смисла на
промената на квалитетот на водата која го напушта рибникот, а
сето тоа како резултат на присуството на органска материја (измет)
во водата која излегува од рибниците.
Ваквото влијание врз околината може да се сведе на минимум
доколку се преземат конкретни техничко технолошки мерки кои
треба да бидат насочени кон заштита на водената средина.

 Изградба на таложници за задржување на цврстиот отпад


(измет)
 Контролата при издавање дозволи за изградба на рибници
на еден водотек и нивната одалеченост еден од друг.
 Исхрана на рибите со квалитетни концентрирани храни во
кои содржината на азот и фосфор е на еколошко ниво.
 Правилна исхрана на рибите со точно утврдена количина
на храна усогласена спрема порастот на рибата и најдобар
коефициент на конверзија на храната.
 Испуштање на излезната вода во водениот реципиент со
задоволителна концентрација на кислород од 7,0 мг/л.

Не ќе е на одмет на ова место ако се спомене и примерот на


една Европска земја која важи за голем производител на риба
пастрмка од една страна, а исто така и голем поборник за
зажтита на животната средина, а тоа е Данска.

155
Проблемот со загадувањето на истечните води во Данска може
да ни послужи како пример и кај нас за преземање на мерки за
заштита од загадување на водите.
Производството на риба во Данска особено производството на
виножито пастрмка до 1985 година беше на многу високо ниво,
се градеа повеќе рибници од колку што имаше истечни води, на
еден водотек се градеа голем број рибници кои сами на себе си
штетеа во работата, а и голем број водотеци остануваа на
суво. Ваквиот начин на неорганизираност во работата ја увиде
Данската влада која донесе уредба со која се изврши регулирање
на изградбата на рибници согласно природните можности на
водата, а и регулирање на производството на риба во
постојните рибници до кое ниво може да се движи.
Главниот ограничувачки фактор на производството на риба било
ставено врз исхраната на рибата и видот на храна кој се користел
за исхрана на пастрмките усогласно со биохемиските потреби на
кислород за одгледувањето на риба во сите дански рибници.Како
за пример ќе наведеме неколку моменти од нивната Уредба која ја
регулира оваа материја:
Воглавном ова се неколкуте позначајни одредби од Данските
прописи донесени во 1989 година кои важат и ден денес.

 Точно пропишување на највисоката количина


употребена храна од страна на одгледувачите на риба.
Оваа количина се пресметува на тој начин што се зема просечното
годишно производство од последните пет години и се множи со
1,2.
 Утврдување на составот на храната.
Се употребуваат храни кои ги исполнуваат еколошките норми во
однос на емисијата на Nи Р во околината.
 Изградба на таложници за задржување на цврстиот отпад.
 Задолжителна контрола на заситеноста со кислород на
излезната вода од рибникот.
 Водење на производна документација за постигнатото
годишно производство на риба, потрошената храна за риба
 Поднесување на извештаи до надлежните инситуции за
постигнатото производство и потрошената храна

156
8. ЛИТЕРАТУРА

Агановиќ,М. 1979. Салмонидне врста риба и њихов узгој.

Allendorf, F. W. and Thorgaard, G. H. 1984. Tetraploidy and the evolution of


salmonid fishes. pp 1-5. In: Evolutionary genetics of fishes. Ed. by
Bruce Turner, Plenum Press, New York and London

157
Al-Sabti, K. 1985. Proučavanje citogenetike riba. Ribarstvo Jugoslavije, 40 (4-
6), 85-90.

Anderson, W. 1980. Feed manufacturing terminology. Feedstuffs reference


issue. Feed Mil Man. 52 (30), 106-134.

Apostolski,K.Petrovski,N.Popovska,O.Sidorovski,M.1956, Рибите во
Македонија.

Apostolski, K., Stevanovski, V., Peševa, I. 1983. Uticaj ishrane na zdravstveno


stanje i kvalitet mesa kod pastrva. Ribarstvo Jugoslavije, 38 (1), 1-5.

Apostolski, K. 1973. Savremena dostignuća intenzivne proizvodnje pastrmki u


ribnjacima. Ribarstvo Jugoslavije, Zagreb

Apostolski, K., Bošnjakovski, J. Veselinovski, K. 1987. Introdukcija soja


kamlops kalifornijske pastrve u ribnjaima u Makedoniji. Ribarstvo
Jugoslavije, 4-5, ss. 95-97.

Apostolski, K. 1983. Kavezni uzgoj riba – metod širokih mogućnosti razvoja


ribarske privrede u akumulacijama. Simpozijum – Doprinos nauke
razvoju ribarstva – pastrvska selekcija. Titograd

Apostolski, K.1985. Stanje jezerskog ribarstva u S R Makedoniji. Ribarstvo


Jugoslavije, 1 (40), 10-15.

Apostolski, K., Stevanovski, V., Čado, I. 1994. Godišen izveštaj za Naučno-


istraživački projekat – Istražuvanje na Ohridska pastrmka.
Citogenetički i proizvodni karakteristiki – MANU Centar za novi
tehnologii 08-35/1

Astaurov, B. L. 1969. Experimental polyploidy in animals. Annu. Rev. Genet. 3,


99-126.

Baltic, M. Teodorovic,V. 1997, Higiena mesa riba, rakova i skolki.Grafolik


Beograd

Bauce, G. 1989. salmoniranje pastrva. Ribarstvo Jugoslavije, 44 (3-4), 89-90.


Bauer, J. 1983. Oblikovanje, dimenzioniranje i zaštita pastrvskih ribogajilišta,
referat. Naučni Simpozijum - Doprinos nauke razvoju ribarstva –
pastrvska selekcija, Titograd

Boon, H. 1997. Iskustvo so primenata na ekstrudirana hrana provimi vo


ishranata na pastrmka. Savetovanje – Primena na potpolna krmna

158
smeska potpolno ekstrudirana vo ishranata na pastrmkata vo
Bugarija, 02.05.1997, Sofija

Capanna, E., Cataudella, S. and Volpe, R. 1974. An intergeneric hybrid


between the reinbow trout and the freshwater char (Salmo gairdneri
x Salvelinus fontinalis). Boll. Pesca Pisci. Idrobiol. 29, 101-106.

Castell, J. D., Sinnhuber, R. O., Lee, D. J.,Wales, J. H. 1972. Essential fatty


acids in the diet of rainbow trout (Salmo gairdneri): Physiological
symptoms of EFA deficiency. J. Nutr., 102, 87-92.

Chorrout, D. 1980. Thermal induction of diploid gynogenesis and tryploidy in


the eggs of the rainbow trout (Salmo gairdneri Richardson). Reprod.
Nutr. Dev., 20, 727-733.

Colt, E. J., Armstrong, A. D. 1979. Nitrogen toxicity to fish, crustaceans and


Molluscs. Dept. of Civil Engineering, Univ. of California, Davis,
California, 1-30.

Cuellar, O. and Uyeno, T. 1972. Tryploidy in rainbow trout. Cytogenetics, 11,


508-515.

Davis, H. S. 1946. Care and diseases of trout U S departement of the interior


fish and wild life service. Res. Report, 12, 78-137.
Davis, H. S. 1961. Culture and diseases of game fishes. Univ. Calif. Press,
Berkely, Los Angeles, 3a Ed.

Debeljak, Lj. 1982. Životni uvjeti u vodi. U: Slatkovodno ribarstvo, 55-99,


Zagreb

Dimovski, A., Grupče, R., Spirkoski, Z. 1994. Godišen izveštaj, proekt –


Istražuvanje na ohridska pastrmka. Citogenetski i proizvodni
karakteristiki – taksonomska istražuvanja. MANU, 08-935/1.

Draganić, R. 1990. Kvlitet hrane i hranjenje kalifornijske pastrmke. Ribarstvo


Jugoslavije, 45 (4), 80-83.

Drecun, Đ. 1970. Eksperimentalna ispitivanja ishrane pastrmke različito


izbalansiranim obrocima na ribnjaku Morača kod Titograda. Ribarstvo
Jugoslavije, 31 (2), 30-33.
Drecun, Đ. 1970. Eksperimentalna ispitivanja mogućnosti vremenskog
skraćivanja uzgoja kalifornijske pastrmke . Doktorska disertacija,
Titograd.

159
Drecun, Đ. 1973. Uzgoj, selekcija i ispitivanje plodnosti matičnog materijala na
pastrmskom ribnjaku Morača. Ribarstvo Jugoslavije, 4 (73), 83-86.

Drecun, Đ. 1973. Uzgoj mlađa od početka prehranjivanja do tri meseca


starosti, Ribarstvo Jugoslavije, 4 (73), 87-89.

Drecun, Đ. 1973. Novostečena iskustva u inkubacijioplođene ikre kalifornijske


pastrmke u aparatima – Vejs, kapaciteta 60 litara. Ribarstvo
Jugoslavije, 4, (73), 89-90.

Dunham, R. A., Philipp, D. P. and Whitt, G. S. 1980. Levels of duplicate gene


expression in armoured catfishes. J. Hered., 71, 248-252.

Efremov, G.,Kavkarovska, B. 1994. Proekt – završen izveštaj MANU, Centar za


Novi tehnologii – Istražuvanja na ohridska pastrmka – genetski i
proizvodni karakteristiki – citogenetski istražuvanja. MANU 08-835/1.
Ефремов,Ѓ, Димовски,А, Групче, Р, Апостолски, К, Чадо,И, Стевановски,
В, Научно истражувачки проект за охридска пастрмка,
продуктивност и генетски карактеристики МАНУ-Центар за Нови
Технологии (1987-1996). Скопје

FAO Fisheries and Aquaculture Department. Food and Agryculture


Organization of the United Nations (FAO), Rome, Italy, 209,2012.

Fijan, N. 1975. Hranidba riba. Bjelovar

Fijan, N. 1983. Neki novi podaci o fiziologiji razmnožavanja riba. Ribarstvo


Jugoslavije, XXXVIII (4), 76-77.

Fišter, S., Soldatović, B. and Cakić, P. 1996. Karyotype analysis of the fish
species Stizostedion volgensis (Percidae, Pisces) caught et different
localities of the Danube. Acta Veterinaria, 46, 359-366.

Fišter, S. 1997a. Učestalost strukturnih promena hromozoma riba iz reke


Studenice. U: Sanacija i zaštita reke Studenice, Ministarstvo za
Ekologiju Republike Srbije.

Fišter, S. 1997b. Efekti zagađivanja nastalog kao posledica eksploatacije na


prostoru rudnika bakra Majdanpek – na hromozomima nekih
organizama terestričnog i akvatičnog ekosistema. U: Ekspertna
studija uticaja i posledica eksploatacije na činioce životne sredine na
prostoru Rudnika bakra Majdanpek. Ministarstvo za Ekologiju
Republike Srbije.

160
Fišter, S., Radenković, B., Cakić, P. and Stevanovski, V. 1998. Frequencies of
the breaks and gap-type changes on the chromosomes of the carp
Cyprinus carpio L. (Cyprinidae) as an indicator of the presence of
genotoxic contamination. Second International Congress on the
Biodiversity, Ecology and Conservation of the Balkan fauna, BIOECCO
2, September, 16.-20., Ohrid, Macedonia

Francetović, M. 1967. Riba kao zivezna namirnica. Priručnik za slatkovodno


ribarstvo, 627-636, Zagreb

Fukuoka, H. 1972a. Chromosome variations in the rainbow trout (Samo


gairdneri irideus Gibbons). Jap. J. Genet., 47, 455-458.

Galberth, P. 1995. Proizvodstvo na zenski triploidni pastrmki (predavanje).


Studijski prestoj, 07-12.11.1995. North Carolina. Prof., Western Carolina
University, Coullowhee, NC 28723, North Carolina

Georgiev,S. 1998, Kluc za odreduvawe na ribite i zmiorkite vo Republika


Makedonija . Tribina Makedonska Skopje.

Gervai, J., Peter, S., Nagy, A., Horvath, L. and Csanyi, V. 1980. Induced
tryploidy in carp Cyprinus carpio L., J. Fish. Biol., 17, 667-671.

Ghittino, P. 1979. Formulation and tehnology of moist feed. In: Fish nutrition
and fishfeed technology (Ed. J. E. Halver and K. Tiews), 2,37-40.
Heneman, Berlin

Habeković, D., Fijan, N. 1977. Značenje akvakulture u slatkim vodama.


Ribarstvo Jugoslavije, XXII 3., Zagreb

Halver, J. E. 1957. Nutrition of salmonoid fishes. III. Water soluble vitamin


requirements of chinook salmon. J. Nutr., 62, 225-243.

Halver, J. E. 1976. Nutritional deficiency in salmonids. In: Fish Patology, 10 (2),


165-180.

Halver, J. E. 1979. Vitamin requirements of fin fish. In: Fin Fish Nutrition and
Food Tehnology, 1, 45-48.

Haler, J. E. 1989. Fish Nutrition. New York, Academic Press, 5-19.

Heinen, J. M. and Hankins, J. A. 1993. Research at the Freshwater Institute on


Recirculating Fish Culture Systems. Freshwater Institute,
Shepherdstown, WV 25443.

161
Hinsho, J. 1995. Intenzivno proizvodstvo na potočni pastrmki vo zatvoreni
recirkulacioni bazeni (predavanje), Montain Aquaculture Center, Western
Carolina University, 06.-12.11.1995., North Carolina

Horlyck,V. 1982. Unusual fidings in ichthyophaunus. Bull. Eur. Ass. Fish Tech.
(3), 51.

Horlyck, V. 1998. Primena na najsovremeni metodi vo ishranata na pastrmkite


od početno prehranuvanje do konzumna riba. Osvrt na Danski iskustva.
federacij Danska, Studijski prestoj, od 08.-15.06.1998.

Hristovski, N.,Trajkovska, S., Stevanovski, V. 1991. ATP in blood albino rainbow


trout Salmo gairdneri determined by firefly bioluminiscent assay. bulletin
Zoolocischlvuseum Universitet Van Amsterdam, Avgust 1991, str. 86. VII Cong.
Europ. Ichthyologorum, 26.-30. August, 1991, the Hague, Netherlands.

Huet, M. 1970. Textbook of fish culture. Fishing news book limited, Surrey,
England, 29-31.

Huet, M. 1948. Construction et amenagement pisciole des etangs.


Ministrester des Colonies, Bruxelles.

Huet, M. 1970. Traite de pisciculture. Bruxelles.

Hunter, G. A., Donaldson, E. M., Goetz, F. W. and Edgell, P. R. 1982.


Production of all female and sterile groups of coho salmon (Oncorynchus
kisutch) and experimental evidence for male heterogamety. Trans. Am. Fish.
Soc., 111, 367-372.

Jevtic,J.1989, Ribarstvo praktikum, Naucna kniga Beograd.

Jorov, K. 1997. Efekti vo proizvodstvo na kalifornijska pastrmka vo Bugarija od


primenata na ekstrudirana hrana Provimi. Savetovanje na tema – Primena na
sovremeni metodi vo ishranata pastrmkite, Sofija

Kochseder, G. W. 1988. Vitamini u prehrani pastrmke. Ribarstvo Jugoslavije,


43 (5-6), 114-116.

Kulišić, B. 1988. Higijenske norme za proizvodnju mlađa duđičaste pastrve


(Salmo gairdneri Richardson) na ribogajilištu Knin. Doktorska
disertacija, veterinarski fakultet, Zagreb

162
Kulišić, B. 1989. Uticaj osciliranja koncentracije kisika u vodi na njegovu
potrošnju kod mlađa duđičaste pastrve (Salmo gairdneri Richardson).
Ribarstvo Jugoslavije, 44 (3-4), 47-50.

Kulišić, B. 1989. Utjecaj koncentracije nejoniziranog amonijaka iz vode na


pastrvski mlađ na ribogajilištu Knin. Ribarstvo Jugoslavije, 44 (3-4),
50-53.

Kulišić, B., Pavlagić, Z., Fijan, N. 1986. Korišćenje otpada u pastrvskoj


proizvodnji – pokušaj pripremanja silađe umjetnom probavom lešina.
Ribarstvo Jugoslavije, 41 (4-5),77-78

Kulišić, B. i Pavlagić, Z. 1987. Ocjena rezultate prehrane pastrva različitim


hranama. Ribarstvo Jugoslavije, 42 (2-3), 36-39.
Marošević, Đ.1982. Riba kao živežna namirnica. U: Slatkovodno ribarstvo.
Ribozajednica, Zagreb, ss. 533-590.

Milinković, R. 1986. Uticaj polnih steroida na brzinu prirasta, konverziju hrane


i kvalitet mesa kalifornijske pastrmke (salmo gairdneri Richardson) pri
različitim uslovima gajenja. Doktorska disertacija. Novi Sad

Milinković, R. 1985. Uticaj raznih hraniva na kvalitet i produkciju ikre i mlađa


pastrmke (Salmo gairdneri Richardson). Ribarstvo Jugoslavije, 40 (1), 2-9.
Mikavica, D, 2018, Banja Luka, Slatkovodno Ribarstvo.

Mstapić, N. 1988. Nutricionističke i zdravstvene vrednosti ribe. Ribarstvo


Jugoslavije, (5-6(, 116-117.

Naumovski, M. 1995, Ribite vo Makedonija Sistematska pripadnost,biologija i


znacenje.

Nose, T. 1979. Diet compositions and feeding techniques in fish culture with
complete diets. In: Finfish nutrition and fshfeed technology. (Ed. J. E.
Halver and K. Tiws), 1, 283-296, Heeneman, Berlin
Nakov.N, Radosavlevik,V, Kirkovik, M, 2015 Novi Sad, Bolesti riba.

Nešić, N. 1988. Uloga proteina i energije u gajenju kalifornijske pastrmke.


Ribarstvo Jugoslavije, 43 (4-5), 73-75.

Orešković, D. 1967. Priručnik za slatkovodno ribarstvo, ss. 385-425.


Agronomski Glasnik, Zagreb

Oštrić-Matijašević, B. 1980. Masti u ishrani i sastav masti, tehnologija ulja i


masti. Univerzitet u Novom Sadu, ss. 13-18.

163
Parsons, J. E. 1995. Selekcija na matičen materjal od kalifornijska pastrmka
izbor po familii (predavanje). Studijski prestoj od 13.-19.11. 1995.,
Idaho

Paterson, T. 1995. Manipulacija so matičnot matrijal, tehnika na oploduvanje,


inkubacija na ikrata, ishrana i ogleduvanje na podmladok od
kalifornijska pastrmka (predavanje). Studijski prestoj od 13.-
19.11.1995., Idaho College of Southern Idaho, PO Box 1238, Twin
Falls

Pavlagic, Z., Plavša, N., Kulišić, B. 1990. Razlike u brzini rasta i iskorišćavanja
hrane kod jednogodišnjaka dužičaste pastrve (Salmo gairdneri
Richardson) pri trima različitim brzinama izmjene vode u tjeku dana.
Ribarstvo Jugoslavije, 45 (4-5), 106-108.

Petkov, K.,Apostolski, K., Stevanovski, V.1980. Zastepenosta na nekoi


minerali i aktivnosta na fosvatazite vo krvniot serum kaj kaliforniskata
pastrmka. zbornik na Zemljodelskiot Fakultet, ss. 123-129, Skopje

Phillips,A.M.,Tunison,A. V., Brockway, D. R. 1948. utilization of carbohidrates


by trout. In: Fish Res. Bull. 11, State of New York Conversationm
Dept., 72-98, Albany

Piper, G. R., Mc Elvain, E. L., Ornie, P. H., Graven, G. L., Fowler, R. J., Leonard,
R. J. 1982. Fish hathery management. United States, Department of
the interior, fish and wildlife service, Washington, ss. 247-274.

Plavša, N. 1998. uticaj ishrane obrocima različitog sastava na proizvodne


rezultate i kvalitet mesa kalifornijske pastrmke (Oncorhynchus mykiss
Walbaum) Magistarski rad, Univerzitet u Beogradu, Fakultet
Veterinarske Medicine, beograd

Raicu, P., Taissescu, E. 1972. Misgurnus fossilis, a tetraploid fish species. J.


Hered., 63, 92-94.

Rašeta, J. 1970. Veterinarsko-sanitarni nadzor nad proizvodnjom, prometom i


preradom ribljeg mesa. Higijena animalnih masti, ss. 1-9. Beograd

Rašeta, J., Mijatović, M., Džinleski, B., Kepdžija, Đ., Teskeredžić, E., Katić, P.
1984. Hemijska ispravnost i kvalitet mesa riba, rakova i mekušaca.
Savetovanje – Higijenska ispitivanja kvaliteta mesa riba, rakova i
mekušaca u proizvodnji, preradi i prometu, 1-13, Opatija

Ranković, N. 1972. Pastrmski ribnjaci Jugoslavije – stanje i problemi. Ribarstvo


Jugoslavije, 4, 81.

164
Roberts, F. L. 1968. Chromosomal polymorphism in North American
landlocked salmo salar. Can. J. Genet. Cytol., 10, 865-875.

Стевановски,В. 1981. Utjecaj hraniva sa različitim proteinskim sadržajem na


krvnu sliku kalifornijske pastrve na ribnjaku Vrutok
Magistarski trud, Zagreb

Стевановски,В.Džurovski,Ž.1987. Uzgoj riba u plutajućim kavezima u


akumulaciji Debarsko Jezero.
Ribarstvo Jugoslavije, 42, (4-5), 91-94.

Сревановски,В. Džurovski, Ž. 1987. Stanje i perspektiva ribarstva u


Makedoniji. Ribarstvo Jugoslavije, 6, s. 145.

Стевановски,В.1985. Слатководно рибарство. “Специјално сточарство”


с.с. 240-270, Нача Книга Скопје

Стевановски,В. Džurovski, Ž., Kamšikovski, I. 1989. Uzgoj riba u plutajućim


kavezima u SRM sa posebnim osvrtom na proizvodnju kalifornijske pastrve u
hidroakumulaciji Mavrovo. Savetovane – O ribarstvu na hidroakumulacijama,
Juni, 1989, Mostar, ss. 257-260.
Стевановски, В. 1999, “Macedonische Subwasserfischerie von 1990 bis 1997
Fisher & Teichwirt N0 8/99 s. 312-313.
Стевановски,В, 2000, Beograd “ Citogeneticicke, morfometrijske i
proizvodne Karakteristike zlatne forme duzicaste pastrmke
Oncorchynchus mykiss Walbaum dobijene u Makedoniji” Doktorska
disertacija.

Стевановски,В.1983 Osiek, “ Uslovi koi se potrebni za normalno


odgleduvanje na salmonidni vrsti ribi “. Sovetuvanje – Poslovna
zaednica Zagreb.

Стевановски,В.1985 Отешево, Ресен, “ Актуелни проблеми во


пастрмското производство“ Советување Delovna Zaednica za
Ribarstvo ).

Стевановски, В.1988, Скопје: “Технологија на производство на риби во


кафези во акумулацијата „Маврово“

Стевановски, В 1993, Кочани: : “ Технолошки решенија за одгледување


на риба во кафезна фарма во акумулацијата „Гратче“ ВРО Кочани

Стевановски В, 1996, Пехчево : “Технолошки решенија за одгледување на


калифорниска пастрмка во рибника „Равна Река“ Пеком

165
Стевановски,В,. 1990, Струмица “ Технолошки решенија за производство
на риба во кафезна фарма во акумулацијата „Водоча“ ВРО
Струмички слив.

Стевановски, В, 2003, Слатководно Рибарство- Факултет за Биотехнички


Науки Учебник- Битола
Стевановски,В,Христовски,Н,Томовска,Џ,Китановски,Д,2007,
Морфометријске и производне карктеристике златне пастрмке.
3-та, меѓународна конференција Рибарство 01-03-Февруари
Београд.
Стевановски,В,Китановски,Д, Фиштер,С, 2002, Цитогенетски
карактеристики на златната виножитна пастрмка. Македонска
земјоделска ревија 1-2,47-54 Скопје
Стевановски,В, Карапетрова-Христовска,В, 2010, Технологијана
производство и преработка на риби, Факултет за Биотехнички
Науки Битола- учебник.

Štefens, W. 1985. Grundlagen der Fisherahrung. VEB Gustav Fisher Verlag,


Jena

Štefens, W. 1985. Vergeishende anatomisch-physiologische Untersuchungen


an Wild und Teichkarfen (Cyprinus carpio). Z. Fisch., N F, 12, 725-800.

Tompson, S. 1996. Potrebni količini na voda za poedini proizvodni fazi vo


pastrmkite ribnici. Reerat na Seminarot vo Struga – Odglduvanje na
pastrmka vo pastrmski ribnici

Torrisen, O. J., Hardy, R. W., Sherer, K. D. 1989. Pigmentation of salmonids


carotenoid deposition and metabolism. Rew. Aquat. Sci. 1, 209-225.

Umberto,L.Sterbic,I2016;Hranidba duzicaste pastrmke, Mostar

Utter, F. M., Allendorf, F. W. and Hodgins, H. O. 1973. Genetic variability and


relationships in Pacific salmon and related trout based on protein
variations. Syst. Zool., 22, 257-270.

Vasilev, V. B. 1975. Karyotypes of different form of the Kamchatka trout


Salmo mykiss Walbaum and steelhead Salmo gairdneri Richardson.
Vop. Ikhtiol., 15, 889-900.

Wilhelmina,J.Slierendrech,Lisbeth,B.J.,Hourluck,V.1993.genetic
polymorphism of complement component C3 in rainbow trout
(Oncorchynchus mykiss) and resistance to virall heamorrhagic
septicaemia. Fish and Shellfish Immunology,3, 199-206.

166
Willoughby,H.1963. Gajenje pastrmki u ribnjacima i gazdovanje u
salmonidnim vodama Jugoslavije. Beograd

Zenzes, M. T. and Voiculescu, J. 1975. C- banding patterns in Salmo trutta, a


species of tetraploid origin. Genetica, 45, 531-536.

Zimonjić, D., Savković, N. i Anđelković, M. 1990. Mutageni agensi. Naučna


Knjiga, Beograd

СОДРЖИНА

3. Рибарството во Република Македонија........................ 3


1.1 Изградени производни капацитети....................... 3

1.2.Подигање на нови рибници......................................... 5


1.2.1. Количината и квалитетот на водата................. 5
1.2.2. Потребна количина на вода за
За пастрмски рибник.......................................... 7

167
1.2.3. Квалитативни својства на водата .................... 13
1.2.4. Физички својства на водата................................ 14
1.2.5. Струење на водата............................................. 14

1.2.6. Хемиски својства на водата ................................. 14


1.2.7. Содржина на растворен кислород во водата мг/л. 16
1.2.8. Содржина на штетни гасови во водата................ 20
1.2.9. рН на водата и содржината на растворливи соли
и минерални материи............................................ 21
4. ПАСТРМСКИ РИБНИЦИ..................................................... 23
2.1 Полносистемски рибници:........................................ 24
2.2 Неполносистемски рибник...................................... 27
2.3 Специјализирани рибници........................................ 27
2.4 Основни предуслови за градба на пастрмски риб.. 30
2.5 Производни објекти-Типови на базени................... 34
2.6 Производни објекти................................................ 36
2.7 Определување на производниот капацитет ..... 42
2.8 Видови риби кои може да се Одгледуваат во ...... 48
аквакултурното салмонидно фармско производство
2.8.1 Род: Oncorchynchus............................................. 48
Вид: Oncorchynchus mykiss, Valbaum- виножито
пастрмка
2.8.2 Златна виножито пастрмка .......................... 51
Oncorchynchus mykis,Stevanovski, 1987.
2.8.3 Поточна пастрмка - Salmo Truta Linaeus,1758.. 52
2.8.4 Вид: Salmo Letnica, Karaman,1924....................... 55
Охридска пастрмка – S. Letnica, Karaman, 1924
2.8.5 Вид: Salvelinus fontinalis.......................................... 57
Salvelinus fontinalis Mithcill, 1815 – поточна златовчица
2.9. ПРОИЗВОДНО ТЕХНОЛОШКИ ФАЗИ ВО ПАСТРМСКИТЕ
РИБНИЦИ.................................... 59
2.9.1 СЕЛЕКЦИЈА – ИЗБОР НА ПРИПЛОДЕН МАТИЧЕН МАТРИЈАЛ. 59
2.9.2 Индувидуална селекција.................................... 62
2.9.3 Хибридизација................................................ 63

2.10 Репродукција – мрестење ................................... .... 67


2.10.1 Поделба на матичниот материјал по пол... 67
2.10.2 Проверка на степенот на половата зрелост. 68
2.10.3
Мрестење.................................................................................... 69
2.10.4. Структура на икрата ( јајцето ).................. 73
2.10.5. Број, тежина и големина на икрата............. 76

168
2.10.6.Инкубирање на
икрата....................... ........... 77
2.10.7. Нега на
икрата..............................................
80
2.10.8. Грижа за
личинките....................................... 81
2.10.9 Подмладок на возраст од 1 до 3
месеци: .. ... 85
2.10.10. Одгледување подмладок од 3-6 месеци возраст 85
3. ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КОНЗУМНА РИБА - ГОЕЊЕ ......................... 90
3.1 Густина на насадување.............................................. 91
3.2 Исхрана на пастрмките............................................ 94
3.2.1.Начини на исхрана............................................ 103
3.2.2. Исхрана со специјална намена........................ 105
3.3 Сортирање на пастрмките........................................ 108
3.3.1.Начини на сортирање...................................... 109
3.4 Контрола на прирастот............................................ 110
3.5 Излов на рибите.......................................................... 115

4. ТРАНСПОРТ НА РИБА И РЕПРОМАТЕРИЈАЛ........... ..................... 117


4.1.Транспорт на Пастрмка................................................. 119
4.2.Транспорт на икра......................................................... 120
4.3.Транспорт на подмладок и конзумна риба.................. 122
4.4.Транспорт на пастрмка во мртва состојба............. 123
5.Превентивни мерки................................................................ . 125
5.1. Превентивна заштита на икрата........................ 125
5.2. Превентивна заштита на подмладокот и конзумната риба 125
5.3 Предлог план и распоред за превентивна заштита... 127
5.4. Подмладок од 3 до 6 месеци возраст....................... 128
5.5. Препораки за био заштита во дваесет чекори
на фарма за производство на пастрмка согласно ЕУ –
регулативите...................................................................................
129
6. ПРИЛОЗИ........................................................................................... 136
7. ВЛИЈАНИЕ НА АКВАКУЛТУРНОТО ПРОИЗВОДСТВО ВРЗ
ОКОЛИНАТА............................................... 138
7.1. Органските отпадоци и нивното влијание врз
Околината............................ .................................................. 139

9. ЛИТЕРАТУРА............................................................................ 148

Д-Р ВАНЃЕЛ СТЕВАНОВСКИ, универзитетски професор, роден


1950 г. во с. Логоварди - Битолско, со основно и средно
образование се здобива во Битола, студиите ги продолжува
во Скопје, дипломира на Земјоделско - шумарскиот факултет

169
– Отсек сточарство во Скопје, 1975 г., Магистерските студии
ги продолжува во Загреб Република Хрватска. Магистрира
1982 година од областа на Слатководно рибарство на
Свеучилиште во Загреб (Р. Хрватска). Со одбрана на
Докторската дисертација во 2000 г. на Факултет за
ветеринарна медицина во Београд Р. Србија се стекнува со
звањето Доктор по ветеринарни науки
Животниот пат и работната ангажираност му започнува,
веднаш по дипломирањето од 1975 година се вработува во
ТРО „Центроколонијал” во Скопје. Периодот 1976/77 година
се запишува на посдипломски студии на Свеучилиште во
Загреб од областа на слатководното рибарство.
Во 1983 г. е избран за директор во Центропроизводство
ДООЕЛ Скопје, во чиј состав се пастрмските рибници
„Вруток” и „Бањица”, Гостиварско.
Од учебната 1988/89 година ангажиран е за предавач на
Вишата земјоделска школа во Битола по предметот
Рибарство, во учебната 1991/92 г. избран за професор на
Вишата земјоделска школа во Битола. По докторирањето на
Факултетот за Ветеринарна медицина во Белград во 2000 г. е
избран во наставно звање доцент и држи предавања по
предметите Рибарство и Преработка на риба на Факултетот
за биотехнички науки во Битола
Во 2010 година со одлука на Сенатот на универзитетот св.
Климент Охридски Битола избран е за редовен
универзитетски професор по научните области Ципртиниди,
Технологија на месо и месни производи и Исхрана и диетика
на животни.
Во текот на својата работна кариера има поминато студиски
престој во Соединетите Американски Држави во колеџот за
рибарство во Ајдахо, на полето селекција и одгледување на
виножитна пастрмка; студиски престој во Кристенсен,
Данска, во Фабриката за добиточна храна 1999 г., истата
година престојува и во Институтот за Слатководно рибарство
во Пловдив, Р. Бугарија од областа на ципринидното
одгледување на риби и преработката на слатководна риба.
Научната, практичната и апликативната работа на полето

170
аквакултурно производсво ја има објавувано во поголем број
научни и стручни трудови, објавени во земјата и странство.
Долгогодишната научно- истражувачка и апликативна работа
на полето аквакултурно производство на виножитната
пастрмка во Република Македонија кај д-р В. Стевановски
беше крунисана со создавање на сосема нова производна
линија на пастрмка позната под името Златната
виножитна пастрмка која е создадена во Р.македонија во
пастрмските Рбници Вруток и Бањица Гостиварско во
1988 година.(златна пастрмка Onchorchyncus mykiss
Walbaum, Stevanovski), која успешно се одгледува во
пастрмските рибници во Р. Македонија и странство.

171

You might also like