You are on page 1of 2

Граматичка структура на реченицата

(реченични членови)
Реченицата има своја граматичка структура.
Таа е составена од членови, и тоа:
.
1. Главни – подмет и прирок;
2. Неопходни – предмет (директен, индиректен, предлошки), додатоци
на прирокот (за место, време, количество, цел, намера итн.);
3. Второстепени (не се неопходни) – атрибут и апозиција (додатоци на
именските зборови).
.

Главни реченични членови

.
Основен член на реченицата е прирокот. Без прирок (личноглаголска
форма) нема реченица.
Но, прирокот, самиот не ја сочинува целата реченица. Ретко имаме
примери кога тој стои самостојно без другите делови на реченицата.
Односно, прирокот е секогаш поврзан со подметот (вршителот на
дејството).
.
На пример: Снеже секој ден доаѓа порано в училиште. Се зачлени во
училишниот хор. Пее. Таа навистина убаво пее…
.
Во овој врзан текст реченицата „Пее“ е сочинета само од прирокот. Но, во
него е содржано сето она што го бара подметот и се согласува со него. Кога
би стоела самостојно, би прашале кој пее? – и би го добиле одговорот: таа
или тој. Подметот ја диктира формата на прирокот и е во тесна врска со
него.
Подметот и прирокот се главни реченични членови, а прирокот е основен.
.

Неопходнии реченични членови

.
Покрај подметот и прирокот речениците содржат и други додатоци кои се
неопходни и одговараат на прашањата: Кого? Што? Каде? Колку? Како?
итн.
.
На пример: Снеже ја пее химната во училишниот хор.
Во овој пример, на прашањето: што пее, одговорот е: химната – тоа
е предмет во реченицата; на прашањето: каде пее, одговорот е: во
училишниот хор – тоа е додаток за место, итн.
Реченичните членови: директен предмет, индиректен предмет, предмет со
предлог, како и додатоците на прирокот (за место, време, количество итн.)
се нарекуваат неопходни реченични членови.
.

Второстепени реченични членови

.
Покрај неопходните, постојат и такви членови без кои реченицата може да
опстојува и кои не влијаат на структурата на реченицата.
.
На пример: Убавата Снеже, мојата сосетка; секој ден пее во училишниот
хор.
.
Зборот „убавата“ во примерот е атрибут и тој само ја надополнува
реченицата, но не влијае на нејзината структура. Истото важи и за
апозицијата „мојата сосетка“.
Атрибутот и апозицијата не се неопходни и претставуваат второстепени
реченични членови.

You might also like