You are on page 1of 8

Сложена реченица

Петар Крстески III-2


Општо

Сложена реченица е вид реченица која е составена од една
независна реченица и од најмалку една зависна реченица.

Таа се користи за да се искажат посложени мисли, но и да се
посочи кои идеи се поважни а кои не.

Во неа има подмет, најмалку два глаголи и реченични
додатоци.

Исто така можеме да ги поделиме на реченици кои содржат
или не содржат сврници или сврзнувачки зборови (сврзнички
и бесврнички).
Независносложени реченици со
потесна врска

Составните независно сложени реченици.
Сврзници се: и, ни, ниту, па, та, не само што-туку.
Пр: Не само што ќе одам на забавата туку и ќе останам до сабајле.

Спротивни (адверсативни) независносложени реченици.
Сврници се спортивните изразувачи во македонскиот јазик: а, но, ама,
туку, ами, меѓутоа.
Пр: Денес не стигнав, но утре ќе го завршам проектот.

Разделни (дисјуктивни) независносложени реченици (со или и со
повторени сврзници).
Сврнизици се: или-или, било-било, ја-ја, де-де, ту-ту, час-час, ни-ни, ниту-
ниту.
Пр: Час се смее, час плаче.
Независносложени реченици
добиени со нижење на врската

Исклучни (екслузивни) независносложени реченици.

Сврзници: само, само што, освен што, единствено.
Пр. Сите отидоа, единствено тој остана.

Она е добра личност, само што многу збори.


Заклучни (конклузивни) независносложени реченици.

Модални зборови: значи, веројатно, сигурно и сл.

Пр. Го видов како вози, веројатно оди кај баба му.

Тој учеше, сигурно знае повеќе од нас.
Зависносложени реченици

Временски зависносложени реченици:
Сврзници: кога, штом, тукушто, откако, откога, додека, дури да,
додека не.
Пр. Кога ќе дојде, тогаш ќе започнеме.

Причински зависносложени реченици:
Едниот дел од реченицата се смета за причина, а другиот за последица
Сврнизици се: затоа што, зашто, бидејќи, поради тоа што, оти, дека.
Пр. Не ја прочитав книгата бидејќи немав време.

Последични зависносложени реченици:
Сврнизици се: така што, толку што, такви што, така што.
Пр. Дојде доцна, така што беше запишан во дневник.
Зависносложени реченици

Целни зависносложени реченици:
Сврзници: да, за да.
Пр. Тој застана за да се одмори.

Допусни зависносложени реченици:
Сврзници: иако, макар што, и покрај тоа што, и да.
Пр. Иако беше болен, тој дојде.

Условни зависносложени реченици:
Сврзници: ако, да, без да, ли.
Тука разликуваме три услови.
Трите услови

Кога го поставуваме реалниот услов истовремено ја даваме неговата
последица и не знаеме дали ќе се исполни. Сврзникот ако го има во сите
три услови.
Пр. Ако дојдеш, ќе одиме заедно.

Кога го поставуваме можниот услов не гледаме пречки за неговото
поставување, но изразуваме извесно колебање во поглед на исполнување
на условот и реченицата.

Пр. Ако можеш да дојдеш, ќе одиме заедно.

Кога го поставуваме нереалниот услов се случува сосема споротивното од
она.
Пр. Ако тренирав, ќе бев подобар.
Зависносложени реченици
Начински зависносложени реченици
Сврзници: така како што, како да, како божем.
Пр. Се исплаши како да видела монструм.
Односни зависносложени реченици
Се јавуваат сите односни заменски зборови: што, кој, којшто, каде
што, кога, како што, колку што.
Пр. Тешко се наоѓа дете како што е нејзиното.
Исказни зависносложени реченици
Сврзници: дека, оти, како, што, да, дали, кој, чиј, кога
Пр. Не знаев дека е од Белград.

You might also like