You are on page 1of 13

ВИДОВИ

НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
П Р О Ф . Б И Л Ј А Н А Г Е РА С
ВИДОВИ:

• Составни
• Спротивни
• Разделни
• Исклучни
• Заклучни
СОСТАВНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
• Составните реченици најчесто искажуваат истовремени дејства, но
и дејства кои следуваат едноподруго, одречни дејства или дејства
кои се последица на некои други дејства.
• Сврзници: и, па, та, ни, ниту...

* Пред сврзниците и, ни, ниту, не се пишува запирка, а пред


сврзниците па и та, обично се пишува запирка.
ПРИМЕРИ:

• Стоев пред продавницата и чекав во редот.


• Влегов во училницата, разгледав наоколу и застанав пред таблата.
• Ќе дојдам накратко, па ќе си одам.
• Го налутија тренерот, та им се развика.
• Не се појавуваше на часовите ни нешто одговараше.
• Немам домашно ниту ќе напишам.
СПРОТИВНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
• Спротивните реченици изразуваат спротивен однос меѓу
содржините во дел-речениците.

• Сврзници: а, но, ама, ами, меѓутоа, туку.

* Пред секој од овие сврзници се пишува запирка.


ПРИМЕРИ:

• Убаво читаше, а никој не го слушаше.


• Сака да се натпреварува, но се плаши да се пријави.
• Ги чекавме долго време, ама тие не дојдоа.
• Не се смее, ами плаче.
• Посакуваше прва награда, меѓутоа желбата не му се исполни.
• Не беше тежок тестот, туку не го решив навреме.
РАЗДЕЛНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
• Разделните реченици искажуваат можност за вршење на дејства.
• Се образуваат со сврзникот или, но и со повторени (двојни)
сврзници: или-или, било-било, де-де, ту-ту, ни-ни,
час-час, ниту-ниту...

* Пред сврзникот ИЛИ не се пишува запирка, а пред повторените


сврзници се пишува запирка.
РАЗДЕЛНИ РЕЧЕНИЦИ СО СВРЗНИКОТ ИЛИ:

1. Тој имаше научено или препишуваше.


2. Напиши ми порака или јави се.
3. Престанете да зборувате или ќе бидете исклучени од часот.
4. Го почитуваат луѓето или го сакаат?
5. Некој викна или така ми се стори?
РАЗДЕЛНИ РЕЧЕНИЦИ СО ПОВТОРЕНИ СВРЗНИЦИ:
1. Или нека внимава на час, или нека се исклучи.
2. Било да јаде, било да не јаде, сеедно му е.
3. Тие де се караа, де се миреа.
4. Надвор ту сонце ќе огрее, ту дожд ќе заврне.
5. Ни учеше, ни сакаше нешто да научи.
6. Час се смееше, час плачеше.
7. Таа ниту ми зборна, ниту пак ме погледна.
ИСКЛУЧНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
• Исклучни реченици - со едната дел-реченица се исклучува нешто
искажано со другата.
• Сврзници: само, само што, освен што, единствено, единствено
што...
* Исклучните независносложени реченици редовно се
одделуваат со запирка.
ПРИМЕРИ

• Те слушам, само не те разбирам .


• Книгата сум ја читал, само што сум ги заборавил деталите.
• Никој не ми кажа за домашното, освен што дознав нешто од
другото одделение.
• Сите отидоа, единствено тој остана.
• Ги подготвив сите книги, единствено што сум ја заборавил
читанката.
ЗАКЛУЧНИ НЕЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
• Заклучни реченици - дејството кај едната дел-реченица доаѓа
како заклучок на другата.
• Сврзници: значи, веројатно, сигурно... (модални зборови).
* Пред модалните зборови, обично се пишува запирка.

(модални зборови- неменливи зборови со кои заземаме личен став


кон она што се кажува: секако, можеби, очигледно, бездруго,
впрочем, без сомнение...)
ПРИМЕРИ

• Цело полугодие тренирав, значи ќе влезам во екипата за


натпревар.
• Доцни половина час, веројатно нема да дојде.
• Нема интернет, сигурно тестот ќе биде одложен.

You might also like