You are on page 1of 2

Домашна задача

Прилози, предлози и сврзници

1. Наведи примери во кои зборовите долго, тешко, весело, пријателски,


господарски прво ќе ги употребиш како придавки, а потоа како прилози.

Часот по физика ни траеше многу долго. / Долго живеев во оваа куќа.

Ова буре со вода беше премногу тешко. / Многу е тешко да живееш сам.

Во друштвото на Марија е премногу весело. / Весело ја завршија годината.

Имавме добар пријателски разговор. / Иван пријателски ја гушна Јана.

Тој се поклони господарски. / Господарски настапи на сцената.

2. Кој од прилозите отстапува од низата: онаму, таму, долу, горе, лево, каде,
одзади, денес, никаде, назад?

Прилогот денес отстапува од низата, бидејќи денес е прилог за време, а сите


останати се прилози за место.

3. Кои предлози се употребени во следниот извадок?

Го прати погледот да се јази по лицето на куќата. Лицето беше излупено и


изнагрдено со сипки од митралески куршуми. Зградата се расцепила надве и
прилегаше на теснина. Во празното помеѓу недоурнатите ѕидови се опрела
бетонска плоча што паднала од некојси кат и ги задржала врз себе урнатините
од погорните катови. Што ќе станеше од нас, ако плочата не се опреше на
ѕидовите, помисли...

Во овој извадок се употребени следниве предлози: по, со, од, на, во, помеѓу, од,
врз, од, од, на.
4. Какви значења има предлогот на во следниве примери?

Знаеме дека на таванот крие крадени гулаби. –Песните на Радован Павловски се


препеани на многу јазици. –Ќе се обидам да полагам на среќа. –На старост не се
печали, туку се троши.

Знаеме дека на таванот крие крадени гулаби. –Целна

Песните на Радован Павловски се препеани на многу јазици –Присвојно

Ќе се обидам да полагам на среќа. –Начинско

На старост не се печали, туку се троши. –Временско

5. Прочитај го овој извадок од „Селани и војници“ на Методија Фотев и определи


на кои групи им припаѓаат обележените сврзници:

Штом дојдоа Пламенковци од работа, дома го најдоа Марио. Тие започнаа да се


поздравуваат со човекот, а Одиса ги прекинуваше и им велеше да го остават да
свири. Марио се смееше пијано и задоволно. Извади цигара и им даде на Тихона и
на Мануила. Тихон иако не пушеше цигара, не сакаше да го одбие војникот и
чадот постојано му влегуваше во очите. Потоа, кога сакаше Марио да ги
дознае нивните имиња, Тихон рече јас се викам Теди.

Штом-временски, а-спротивни, и-составни, да-исказни, иако-допусни, кога-


временски.

6. Издели ги сврзниците од следнава реченица и определи во кои групи спаѓаат:


Штом ќе пукне пролетта, заминуваат најсилните, најздравите, одат на
печалба за да најдат корка леб скриена на дното од некој рудник или во чадот
на некоја фабрика.

Штом-временски, за да-целни, или-разделни.

Сара Петрушевска II-5

You might also like