You are on page 1of 2

Домашна задача

1. Пронајди ги правописните грешки во текстот што следува.

Постојано работаат , а никако да успејат да врзаат крај со крај. – Треба


да се познават условите на пазарот на трудот, а не само да се трчи по
секоја работа.

Постојано работат, а никако да успеат да врзат крај со крај. – Треба да се


познаваат условите на пазарот на трудот, а не само да се трча по секоја
работа.

2. Глаголите руча, вечера, телефонира, адресира, менувај ги во минато


определено несвршено и во минато определено свршено време.

Руча=Ручав, ручаше, ручаше, ручавме, ручаа/Ручав, ручавме, ручавте, ручаа.

Вечера=Вечерав, вечераше, вечераше, вечеравме, вечеравте,


вечераа/Вечерав, вечеравме, вечеравте, вечераа.

Телефонира=Телефонирав, телефонираше, телефонираше, телефониравме,


телефониравте, телефонираа/Телефонирав, телефониравме, телефониравте,
телефонираа.

Адресира=Адресирав, адресираше, адресираше, адресиравме, адресиравте,


адресираа/Адресирав, адресиравме, адресиравте, адресираа.

3. Образувај реченици во кои ќе ги употребиш глаголските збороформи:


реков, речев, кажав, кажев, појдов, појдев, легнав, легнев. Кои од нив не
можат да бидат самостојни?

 Реков дека ќе и помогнам на сестра ми во пишувањето домашна.


 Замалку ќе речев нешто што не треба.
 Јас кажав дека сум болна.
 Ќе кажев дека не ми се допаѓа нејзината блуза.
 Појдов кај другарка ми за да го прославиме заедно роденденот.
 Ќе појдев во училиште, незнаејќи дека е сабота.
 Легнав во лисјата за да не ме пронајде.
 Вчера ќе легнев во 6 часот наутро.

Глаголските збороформи речев, кажев, појдев и легнев не можат да бидат


самостојни.

4. Како гласат формите на заповедниот начин за директна заповед од


глаголите: дојде, сака, носи, моли, брои, пие, ткае, сее, јаде?

Дојде=дојди, дојдете

Сака=сакај, сакајте

Носи=носи, носете

Моли=моли, молете

Брои=број, бројте

Пие=пиј, пијте

Ткае=ткај, ткајте

Сее=сеј, сејте

Јаде=јади, јадете

Сара Петрушевска II-5

You might also like