You are on page 1of 1

Присуство на туѓите зборови

во современиот македонски јазик

Присуството на туѓите зборови во нашиот јазик можеме да го забележиме


при секојдневната комуникација, но и преку читањето на некоја литература.
Сите ние сме запознаени со Османлиското владеење и со тоа колку години
тие се задржале на нашата територија, па со самото тоа, до ден денес
постојат многу турцизми кои ги употребуваме и самите ние. Некои од тие
зборови се: „мерак“, „кадиф“, „кадија“ и „боза“. Брзиот економски развој и
интернетот се само неколку причини поради кои што доаѓа до размена на
различни лексики. Познати се многу зборови кои се познати под името
интернационализми, како што се: „опера“, „декан“ и „театар“. Оваа лексика
е заедничка за скоро сите развиени стандардни јазици и исто така е позната
и под терминот меѓународни зборови. Македонија е држава која што
граничи со четири држави, па затоа во нашиот современ македонски јазик
можеме да сретнеме зборови од бугарскиот, како и од српскиот јазик.
Пример за такви зборови се: „кривина“, „пријава“, „обвинителен акт“,
„сузбивање“, „шишање“ и така натаму... Постојат и зборови наречени
варваризми, кои можат да се користат во уметничката литература. Некои од
тие зборови се: „мистер“, „сењора“ или „тет-а-тет“. Исто така, тие можат да
се користат за иронизирање на настани, личности и слично.

Сара Петрушевска II-5

You might also like