You are on page 1of 17

ПРИЧИНСКИ (КАУЗАЛНИ)

ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ
ПРИЛОШКООПРЕДЕЛБЕНИ
РЕЧЕНИЦИ
ЗАЕДНИЧКО ИМЕ ЗА ПРИЧИНСКИТЕ,
ПОСЛЕДИЧНИТЕ, УСЛОВНИТЕ И ЦЕЛНИТЕ
РЕЧЕНИЦИ Е КАУЗАЛНИ РЕЧЕНИЦИ
Во рамките на филозофските проучувања што ги сметаме за поблиски, важно место зазема т.н.
каузален закон, според кој секоја појава има своја причина, односно, појавите воопшто се наоѓаат
во однос: причина - последица. Овој однос меѓу појавите (нивната заемна условеност), во јазикот
може да се изрази на повеќе начини и, меѓу другото, во синтаксички организирани форми, како што
се: причинските, последичните, условните и целните реченици.
Разликата меѓу причинските и последичните реченици се состои во тоа што кај првите причината се
дава во зависната дел-реченица, a последицата - во главната, а кај последичните - обратно:
причината е во главната, а последицата - во зависната дел-реченица. Кај условните е причината
изразена на поинаков начин: кај реалниот услов, на пример, не се знае дали ќе се исполни. Кај
целните зависносложени реченици причината е дадена во вид на намера.
Од прилошката определба за причина што се
• Причинските јавува во рамките на простата реченица,
зависносложени реченици се зависната причинска дел-реченица се разликува
со тоа што има прирок па можеме да ја
такви прилошкоопределбени наречеме и прилошка определба за причина.
во кои зависната претставува Така, можеме да кажеме: .
(1) He дојде п о р а д и б о л е с т ;
прилошка определба за Прилошка
и:
причина наспрема главната определба за
(2) He дојде з а т о а ш т о б е ш е причина
дел-реченица. болен.
• Нема ограничувања во поглед на
местото на прилошката определба
за причина, па ни за зависната
причинска дел-реченица: таа може
да биде во препозиција, во
постпозиција и во интерпозиција.
• Карактеристично е за причинските
реченици дека причината во нив се дава
како факт.
• Пр.: Одисеј се израдува зашто по три недели
пловење се покажа копно.
• Во примерот, зависната дел-реченица: Зашто по три
недели пловење се покажа копно. одговара на
прашањето: Зошто се израдува Одисеј? и ја искажува
причината за дејството во главната дел-реченица:
Одисеј се израдува. Сврзник во оваа зависносложена
реченица е зашто
СВРЗНИЦИ
• Во овие реченици во македонскиот јазик се јавуваат неколку
синонимни сврзници: зашто, бидејќи, затоа што и
декларативните: дека и оти. Во секоја причинска реченица тие
можат да се заменат меѓусебно без промена на значењето,
при што дека и оти можат да му придадат на исказот
разговорен белег.
• Во современиот стандарден јазик најчесто се среќава
сврзникот зашто: Но Џо вечерва седи во барот зашто не
може да заспие од тага; Сите го погледнаа зачудени, зашто
го мислеа заспан; А зашто наминуваше Зоре, Насте стана
подруг.
• Како причински сврзници можат да се употребат
и дека и оти, иако нив ги знаеме како сврзници
во исказните зависносложени реченици.
• Пр.: Бев во пленство долги години, дека немав
помош од никаде.
• Помогнете ми да се вратам во татковината, оти
далеку од неа премногу страдам.
ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ИСКАЗНИ РЕЧЕНИЦИ

• Главната дел-реченица содржи збороформа (најчесто глагол во лична форма, но и


нелична глаголска форма или соодветна именка) што означува: говорна, мисловна,
емоционална дејност или состојба, дејност од областа на познанието, на волјата и на
оцената.
• Ние слушнавме дека ќе дојде нов наставник по физика.
• Учениците сфатија дека ќе го губат овој час.
• Борче изведе заклучок дека таа нема поим за писмото.
• Белешка 1. Неправилна е употребата на прашалниот прилог зошто како причински сврзник:
He Bu давам цигара зошто знам дека сте противник на пушењето.
Овде треба да се употреби некој од наведените причински сврзници.
• Белешка 2. Под влијание на српскиот и на хрватскиот јазик, во разговорниот јазик денес кај нас се засилува
употребата на пошто при бидејќи: He те викам пошто си болен. Овој сврзник е регистриран во некои наши
говори, но неговото ширење кај македонските родени говорители во последно време - не се должи на овој
факт.
• На пр.: Ќе ти кажам кој сум, зошто треба да го знаеш тоа.
• Зашто не дојде вчера?
• Правилно е: Ќе ти кажам кој сум, зашто треба да го знаеш тоа.
• Зошто не дојде вчера?
• Анафорскиот заменски прилог затоа, употребен
самостојно, не може да врши сврзничка функција,
макар што има причинско значење.
• Сврзничка функција врши тој само заедно со што, како
затоа што и во целост и припаѓа на зависната дел-
реченица, на пример: Така зборуваш затоа што сум
овде, затоа што се плашиш од мене; Затоа што е
добар, сам ќе дојде да го затвориме.
Правопис на запирката:
Кај причинските зависносложени реченици
задолжително се пишува запирка кога е на прво место
зависната дел-реченица. Кога е главната дел-реченица
на прво место, запирката не е задолжителна.
Редот на дел-речениците:
Најчесто главната дел-реченица е на прво место, а по
неа стои зависната.
Поретко се среќава и обратен редослед на дел-
речениците.
• Во нашата граматика како причински сврзници се споменуваат уште:
поради тоа што и заради тоа што (второто со причинско-целна нијанса).
Навистина, во речениците со овие сврзувачки средства станува збор за
причина, но присуството на анафорската заменка тоа и на сврзникот што
ни дава за право овие реченици да ги вклучиме во декларативните, на
пример реченицата:
Најмногу луѓе се плашеа поради тоа што не си веруваа, може да гласи и:
Најмногу луѓе се плашеа од тоа што не си веруваа.
а. Планот не беше исполнет од причина што може да се окарактеризира како објективна.
б. Планот не беше исполнет од причина што во некои погони немаше суровини.
в. Планот не беше исполнет затоа што во некои погони немаше суровини.
Од трите наведени реченици, само таа под в. претставува причинска зависносложена, и покрај тоа
што во сите се зборува за причина; примерот наведен под
а. претставува типична квалификативна релативна реченица, а примерот
б. - декларативна.
• Примери:
• Молкна неочекувано бидејќи младиот Телемах се збуни.
• Само со него во двобој не влегувам, бидејќи е син на кралот.
• Дојден сум во Итака зашто го познавав добро Одисеј.
• Морам да ти откажам, пријателе, зашто ми е веќе време за одење.
• Ти го доверувам затоа што ти си господарот на Итака.
• Мораш да бидеш многу претпазлив, затоа што секој може да те познае.
• Сонот ми е многу драгоцен поради тоа што ме оддалечува од тагата.
• Го барав со поглед, поради тоа што токму него морав да го распрашам.
• Бидејќи сум спиел, морнарите ме истовариле на брегот и си заминале.
• Зашто кога зборувам за мојот господар, тежина ми е на срцево
УПОТРЕБИ ПРИЧИНСКИ СВРЗНИЦИ И НАПРАВИ СВРЗНИЧКИ
ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ ОД СЛЕДНИТЕ БЕСВРЗНИЧКИ.

• Одисеј беше уморен од возбуда -


• Пр.: Варди се - помлад сум од тебе и добро ќе претчувствуваше дека почнува последниот
те суредам. / Варди се, зашто сум помлад од ден од неговот патување.
тебе и добро ќе те суредам.
• Не можам овде да останам, треба да си го
• Тие добро го познаваа Телемаха: пријател им вадам лебот за живот.
беше.
• Неа тешко може човек да ја види, везден е
• Овде сум - морам да зборувам со Тирезија. затворена во одаите и ткае.
• Но, ти, имај верба: Одисеј ќе се врати и • Многу лесно ќе се рабереме и веднаш ќе го
правдата ќе победи. познаам: меѓу мене и Одисеј има многу
заеднички тајни.
ПРИЛОШКИТЕ ОПРЕДЕЛБИ ЗА ПРИЧИНА РАЗВИЈ ГИ ВО ПРИЧИНСКИ ДЕЛ-РЕЧЕНИЦИ И ЌЕ
ДОБИЕШ
ПРИЧИНСКИ ЗАВИСНОСЛОЖЕНИ РЕЧЕНИЦИ. ВНИМАВАЈ НА УПОТРЕБАТА НА ЗАПИРКАТА!

• Пр.: Треба да си ја зачува силата поради утрешната борба. / Треба да си ја


• зачува силата поради тоа што утре го чека борба.
• Ќе ја поминеш ноќта во мојот двор поради големиот замор на твоето лице.
• Ми додевате не зашто сте малкумина или многумина, туку поради својата лакомост.
• Поради заштитеноста кај твоите другари ме навредуваш.
• Само поради волјата на боговите ќе ти ги дадам другарите.
• Ме стегаше срцето поради приближувањето до најопасното во седумте мориња.
• („Одисеја - доживувањата на Одисеј“, адаптирано од Стелио Мартели.)

You might also like