You are on page 1of 8

Спротивни

независнолсожени
реченици
Спротивните независносложени
реченици изразуваат спротивен однос
меѓу содржините во дел-речениците.
Пр.:
Прерано се упатив кон станицата, а возот
многу доцнеше.

Тој не се вознемири воопшто, ама


вознемирено ми одговори мене.

Сврзници за овие реченици се:


а, но, ама, ами, туку меѓутоа.

*Правописот на македонскиот јазик


укажува дека пред сите сврзници за
спротивните независносложени реченици
се пишува запирка.
Примери
:
Винцето ми е старо, ама не жалете
го. (Ѓ. Абаџиев)

Не се смеам, велам јас, туку се


радувам. (П.М.Андреевски)

Научив за страдањето, меѓутоа


радоста ја барам. (В. Подгорец)

Учителот Петре не ме праша, а јас


учев книга. (С. Попов)
Со сврзникот а:
а)Се сретнува и во реченици со две дејства со различни
вршители: Татјана го повика, а Илија не дојде.

б)Сопоставувањето на дејствата може да се врши по


време и место: Олгица го испи сокот, а потоа продолжи со
свирењето. Овде беше мирна, а таму беснееше.

в)сврзникот а може да се употреби и во реченица која е


надоврзана на содржината на претходната (со коментар):
Зимата се чувствуваше, а снегот се навестуваше.
Со сврзниците а) се сретнуваат кога двете дејства се спротивни, но тие се
но и ама: со потврдна форма:
Те чув тебе, но сакам и детето. Силно заснежи, ама и
многу застуде.

б) ги употребуваме и во реченици каде во втората дел-


реченица има негација:
Сонцето изгреа, ама не се стопли многу. Беше топло, но
тутунот не се исуши.
Се јавуваат во реченици во кои со првата дел-реченица се
Со сврзниците одрекува дејство, а со втората се дава важечко дејство:
туку и ами: Тина не си го гледаше учењето, туку само шеташе со
другарките. Таа не мислеше за себе, ами ги слушаше
другите.

*Треба да се забележи неправилната употреба на


сврзници од туѓи јазици. Место сврзници туку или ами не
треба да се употребува сврзникот него, а место но или
ама се слуша али:
Неправилно: Тој има книга, али ја Не доаѓам денес,
заборави него ќе дојдам
утре.
Правилно: Тој има книга, ама ја Не доаѓам денес,
заборави. туку ќе дојдам
утре.
Вежби:
1.Дополни ги речениците со спротивни дел-реченици:

а) Столе дојде утрово. г)Сонцето се појави рано.


б) Таа се надеваше на успех. д) Томе тропна силно.
в) Јасна не разговараше со нив. ѓ) Посака нови ролерки.
Вежби:
2. Пронајди ги спротивните независносложени реченици во извадокот:

„Тука беа петте фунти, ама долгот беше голем, требаше уште пет, без другите потреби. И
искинат оди во Лондон и гладен е, зашто нема вечера – оди по градот, гледа можеби во излозите во
кои има слатки и колбаси и гладен е и мисли: Што прави мајка ми, не се грижи за мене, не ми дава
леб, едно парче убав. Бел леб...“
Раката ја крена до црното копче, но не се осмели да заѕвони. Одвнатре се чу остар глас, се караа.
Таа веќе сакаше да се врати, ја обзеде страв, ама нешто и шепна на увото, да се чу оддалеку: гладен
е..“

You might also like