You are on page 1of 12

1.

Поврзете а потоа определете ги честичките (за засилување, за изделување, за определување, за

количественост или за посочување): Пр. 1. Речиси до рамена ми доаѓа косата (за количественост)

1. Речиси до рамена а. нѐ поздравува

2. Ете ја б. за последен пат
3. Само нас в. ми доаѓа косата
4. Дури и ним г. и синот стаса
5. Барем да ја видевме д. стасавме до дома.
6. Оди, оди, одвај ѓ. жената што продава кочански ориз
7. Единствено ми остана е. им го откажале гостопримството.
8. Ми измери токму ж. три килограми пиперки.
9. И укажувам, з. но таа пак го повторува истото.
10. Еве го ѕ. да ја кажам вистината.
11. Имено за тоа е. стануваше збор во излагањето.

2. Оформете реченици со следниве модални зборови:

а. Веројатно,_______________________________________________________________________________________
б. Сигурно, ________________________________________________________________________________________
в. Бездруго, _______________________________________________________________________________________
г. Навистина,_______________________________________________________________________________________
д. Можеби,________________________________________________________________________________________
ѓ. Секако, __________________________________________________________________________________________
е. За жал,__________________________________________________________________________________________
з. Без сомнение,____________________________________________________________________________________
__________________________________________________________________________________________________

1. Поврзете а потоа определете ги честичките (за засилување, за изделување, за определување, за

количественост или за посочување): Пр. 1. Речиси до рамена ми доаѓа косата (за количественост)

1. Речиси до рамена а. нѐ поздравува

2. Ете ја б. за последен пат
3. Само нас в. ми доаѓа косата
4. Дури и ним г. и синот стаса
5. Барем да ја видевме д. стасавме до дома.
6. Оди, оди, одвај ѓ. жената што продава кочански ориз
7. Единствено ми остана е. им го откажале гостопримството.
8. Ми измери токму ж. три килограми пиперки.
9. И укажувам, з. но таа пак го повторува истото.
10. Еве го ѕ. да ја кажам вистината.
11. Имено за тоа е. стануваше збор во излагањето.

2. Оформете реченици со следниве модални зборови:

а. Веројатно,_______________________________________________________________________________________
б. Сигурно, ________________________________________________________________________________________
в. Бездруго, _______________________________________________________________________________________
г. Навистина,_______________________________________________________________________________________
д. Можеби,________________________________________________________________________________________
ѓ. Секако, __________________________________________________________________________________________
е. За жал,__________________________________________________________________________________________
з. Без сомнение,____________________________________________________________________________________
3. Подвлечете ги и определете ги извиците во следниве реченици.
а. Ох, па тоа е мирис на детелина и на мајчина душичка.
б. Пип – викнаа сениците кога се разбудија.
в. Ахаа, сега открив кој ми ги јаде слаткото.
г. Тие шушкаа ш-ш-ш-ш-ш, сосем фино, сосем јасно и со звук на сребро.
д. Еј, чичко, можеш ли да ни помогнеш?
ѓ. Гледајте, тоа се прави вака! – и зачука во дабовото стебло: чук, чук, чук.
е. Воздухот ечеше од многукратен пукот, се слушаше она тапо буп, буп од оние што паѓаа.
ж. Бре, какво грдо човечиште!
з. Леле, леле, за каде си се дотерала толку!

НИКОЛАЈ ВАСИЛЕВИЧ ГОГОЉ
(1809-1852)

Гогољ е еден од оние писатели чие творештво завршува еден (романтизмот) и почнува друг
правец (реализмот) во литературата.
Се родил во малото место Сорочино, во Украина која во тоа време била во составот на Руското
царство. Неговиот татко Василиј, многу ја ценел уметноста па токму тој ќе ја всади кај синот љубовта кон
литературата, бидејќи и самиот пишувал раскази и драми.
Гогољ се школувал во Нежин. Во 1828 година се доселува во Петроград полн со надежи и
очекувања. Но, веќе веднаш има низа непријатности. Првата зима ја поминува без адекватна зимска
облека, бидејќи нема пари да ја купи. Во Петроград кратко време бил службеник, и тогаш го запознал
животот на ситните чиновници. Набрзо пристапил кон кругот на петроградските писатели, а се запознал
и со Пушкин. Бил соработник на бројни петроградски весници и списанија. Првите трудови ги објавува
во списанието „Татковински записи“ во 1830 година. Тоа се раскази напишани во романтичарско-
фолклорен дух, кои веднаш ја освојуваат публиката. „Вечери на имотот кај Диканка“ (1830-1834) е
првата книга на Гогољ, во која се чувствува германскиот романтизам, и се препознава украинскиот
фолклор. Историскиот роман „Тарас Буљба“, објавен во 1835 год., е врвот на романтичарската фаза на
Гогољ. Во 1836 година ја објавува комедијата „Ревизор“, во која уверливо ја отсликува малограѓанската
провинција.
Co „Tapac Буљба“ би можело да се рече дека завршува првата фаза во творештвото на Гогољ.
Втората би била темите од петроградскиот живот, во кои посебно место заземаат новелите „Нос“ (1836)
и „Шинела“ (1841).
Следните дванаесет години (од 1836 до 1848 год.) Гогољ ги поминува во странство. Барајќи
спокојство и излез од сопствените и од сомневањата на сонародниците, пет години живее во Италија,
талка и низ други европски држави, го посетува и гробот на Исус Христос во Ерусалим... Но, се разбира,
не престанува да пишува.
Во 1842 год. го објавува романот „Мртви души“. Од првичната замисла на своето најобемно
дело, во кое сакал целосно да ја наслика Русија од своето време, всушност класичен реалистички
роман, авторот го напишал и го објавил само првиот дел. Неговиот главен јунак Чичиков патува низ
внатрешноста на Русија и ги купува мртвите души на кметовите. Во романот, Гогољ всушност на еден
сатиричен начин го критикувал тогашното руско општество.
Четири години подоцна во 1852 год. повторно е во криза. Ја претчувствува смртта, сака да го
заврши вториот дел од „Мртви души“. Душевните маки се зголемуваат, па cera познатиот критичар
Белински му пишува топло и искрено писмо во кое се обидува да го спаси големиот писател, но веќе е
доцна. На 7-ми февруари се исповеда, меѓу 11 и 12 февруари, во доцните ноќни часови ја запалува и
втората верзија од вториот дел од „Мртви души“. Во тој миг се откажува од сето свое творештво. Умира
на 21 февруари со помрачен ум, длабоко пропаднат во мистичното православие.
Гогољ е еден од најголемите руски реалисти, се разбира, доколку се изземе Лав Николаевич
Толстој. Затоа, кај руските писатели и ден-денес е одомаќена изреката: "Сите ние излеговме од под
'Шинелата, на Гогол". Се мисли тука на подолгиот расказ "Шинела", која и ден-денес претставува
класично дело на рускиот реализам. Од тој Гогољев реализам се роди и еден Достоевски, кој од Гогољ
ја наследи не само смислата за реалистичното, туку и отклонувањата од реалистичниот факт кон
анализата на душевниот живот на своите ликови, па дури и страста за разгледување на мрачните страни
на човековата душа.
Роден е богат, потекнува од благородничко семејство, но рано, на 7-годишна возраст, останува без мајка и без
татко.
На 16 години започнал да учи право на Универзитетот во Казањ. Ги напушта студиите и се враќа во Јаснаја
Полјана а потоа поминал многу време во Москва и Санкт Петерсбург. Откако западнал во коцкарски долгови,
тој заедно со својот брат се приклучил кон армијата. Приближно во ова време започнал со пишување.
1851 заминува на Кавказ а 1856 год. учествува во Кримската војна.
По склучувањето на мирот започнува да патува низ Европа посетувајќи ги Швајцарија, Германија, Франција,
Белгија, Англија и Италија.
1862 година се оженил со Софија (Соња) Андреевна која му родила 13 деца и му била исклучителна поддршка
при пишувањето на неговите дела.
Уморен од животот се повлекува во родното место и многу им помага на селаните, ги просветувал отварајќи
им училиште. Започнал да издава и педагошко списание.
Иако религиозен, Толстој бил во постојан судир со официјалната црква. Поради тоа, таа го исклучила од своите
редови, а во своите редови не го вклучиле ниту Нобеловците. Денес, фактот дека еден Лав Николаевич Толстој
не ја добил Нобеловата награда за литература се доживува како кусогледост и срам за Нобеловиот комитет.
Гордиот сопственик на Јасна Полјана, зимата 1910 година, го напушта својот дом, незабележан од никого. Им
се враќа на своите погледи и ставови - се качува на товарен воз полн со селани и работници, неговите верни и
сакани пријатели. Стар, изнемоштен се разболува и умира на железничката станица во Астапово. Погребан е до
неговата куќа во Јасна Полјана – обичен гроб – купче земја – нема ниту натпис.
Неговото творештво е многу обемно, вкупно 90 дела.
Најзначајни романи се: Детство, момчештво, младост (автобиографски), Козаци, Севастопољски раскази
(од учеството во кримската војна), Војна и мир, Ана Каренина, Кројцерова соната, Смртта на Иван Илич

Роден е богат, потекнува од благородничко семејство, но рано, на 7-годишна возраст, останува без
мајка и без татко.
На 16 години започнал да учи право на Универзитетот во Казањ. Ги напушта студиите и се враќа во
Јаснаја Полјана а потоа поминал многу време во Москва и Санкт Петерсбург. Откако западнал во
коцкарски долгови, тој заедно со својот брат се приклучил кон армијата. Приближно во ова време
започнал со пишување.
1851 заминува на Кавказ а 1856 год. учествува во Кримската војна.
По склучувањето на мирот започнува да патува низ Европа посетувајќи ги Швајцарија, Германија,
Франција, Белгија, Англија и Италија.
1862 година се оженил со Софија (Соња) Андреевна која му родила 13 деца и му била исклучителна
поддршка при пишувањето на неговите дела.
Уморен од животот се повлекува во родното место и многу им помага на селаните, ги просветувал
отварајќи им училиште. Започнал да издава и педагошко списание.
Иако религиозен, Толстој бил во постојан судир со официјалната црква. Поради тоа, таа го исклучила
од своите редови, а во своите редови не го вклучиле ниту Нобеловците. Денес, фактот дека еден Лав
Николаевич Толстој не ја добил Нобеловата награда за литература се доживува како кусогледост и
срам за Нобеловиот комитет.
Гордиот сопственик на Јасна Полјана, зимата 1910 година, го напушта својот дом, незабележан од
никого. Им се враќа на своите погледи и ставови - се качува на товарен воз полн со селани и
работници, неговите верни и сакани пријатели. Стар, изнемоштен се разболува и умира на
железничката станица во Астапово. Погребан е до неговата куќа во Јасна Полјана – обичен гроб –
купче земја – нема ниту натпис.
Неговото творештво е многу обемно, вкупно 90 дела.
Најзначајни романи се: Детство, момчештво, младост (автобиографски), Козаци, Севастопољски
раскази (од учеството во кримската војна), Војна и мир, Ана Каренина, Кројцерова соната, Смртта
на Иван Илич
1. Лав Николаевич Толстој е претставник на францускиот реализам.
2. Потекнува од благородничко семејство.
3. Го завршил факултетот по право и потоа работел како правник.
4. Учествувал во руско-француските војни.
5. Целиот свој живот го посветил на подобрување на положбата на селаните.
6. Никогаш не бил женет.
7. Романот Детство, момчештво, младост е автобиографски.
8. Ја има добиено Нобеловата награда за литература.
9. Неговото творештво опфаќа над 100 дела.
10. Посетил многу земји низ Европа.
11. Меѓу позначајните романи се Војна и мир и Ана Каренина
Вежба 1: Во следниве реченици вметни ги сврзниците и определи го нивниот вид.

1. Сакав да се јавам ОСВЕН ШТО немав време. (исклучна)

2. Седни да разговараме ______________ излегувај!
3. Пеам ___________ се радувам.
4. Сите дојдоа ______________ Нена не можеше.
5. Ние отидовме да се видиме со нив, ______ тие се налутија.
6. Јас оваа жена __________ ја знам __________ сакам да ја знам.
7. Се најдовме во центарот на градот ________ шетавме цело попладне.
8. Ти не седнуваш да учиш _________ по цел ден шеташ.
9. Не би требало да има други пречки _____________ тој нема волја за успех.
10. _______________ ќе одам на забавата __________ и ќе останам до сабајле.
11. Денес го преспав денот __________ утре ќе учам.
12. Да поразговараме со нив ____________ ќе не разберат овојпат.
13. Не знаев ништо ________ професорот ми пиша единица.
14. Денеска сум чудно расположена ________ се смеам, __________ ми се плаче.
15. Се јави да се извини _______ таа не му одговори ништо.
16. _________ сакам да се јавам ________ ми е срам.
17. Утрово го нема да дојде ____________ нешто му се случило.
18. _______ го прашавме ________ самиот ни кажа.
19. Бев на забар _______ не смеам да јадам два часа.
20. Посакуваше компјутер за роденден _____________ желбата не му се исполни.
21. Веруваме во тебе __________ знаеме дека ќе успееш.
22. Рекоа дека утре времето ќе биде сончево ___________ ќе одиме на излет.

Во следниов текст обиди се да ги пронајдеш независносложените реченици и да го определиш нивниот вид.

Не можев да појдам кон нивната куќа и да гледам како се отселуваат. Знаев дека таму беа собрани многу
девојчиња и момчиња, само јас немав сила да појдам. Се збогуваат со неа, веројатно ја тешат што веќе нема да
живее овде. Таа сигурно се насмевнува, но длабоко во срцето е тажна. Не сакав никој ни да ме сретне ни да ме
види со насолзени очи. Во дворот собрав китка трендафили и потрчав кон реката. Реката тече, бујна и секогаш
забрзана кон своите непреоди. Дали некогаш ќе ја видам пак или ова е последната можност за средба? Не само
што ми беше тешко туку и огромна болка чувствував во срцето. Знаев дека тоа е последната шанса да ја видам па
побрзав по патот за да го пресретнам автомобилот во кој ќе биде таа. Планот ми беше да истрчам на патот кога
ќе наиде автомобилот. Тогаш ќе го запрам и ќе и ги дадам на Маре трендафилите. Ем се плашев дека ќе го
испуштам автомобилот, ем срцето ми чукаше забрзано. Де ми беше жешко, де студенило ме облеваше целиот.
Најпосле, автомобилот се појави. Просторот во градите ми стана претесен и нешто ме стегна. Тој го преминуваше
веќе мостот, а мене нозете ми се приковаа. Ги стегав трендафилите, но никако не можев да истрчам. Тој веќе
сврте по прашливиот пат. Уште посилно ја зграпчив китката, ама останував неподвижен на местото. Не можев да
се појавам пред тоа чудовиште што ми ја зеде првата љубов.

Повторување (прва група)

1. Вметни го сврзникот во следниве реченици, ставете запирка доколку е потребно и напишете какви се по вид:

а. Ми раскажаа за сѐ ____________ мене не ми се веруваше.

б. Не стигна ______ да се мрдне _________ да му се тргне од патот на автомобилот.
в. Нешто ги тера на смеење ___________ не можат да се насмеат.
г. Брани се ________ умри како куче.
д. Се собираат облаци на небото ____________ ќе има невреме.
ѓ. Тој ќе кажеше некоја шега _______ самиот ќе си се насмееше.
е. Секоја гоɡина ни носи јаболка ____________ ќе ɡојɡе повторно оваа гоɡина.
ж. Не се лутам__________ те учам.
з. ________ фати се за книгите _________ ќе те избркам од дома.

2. Како се вика театарската група која ја основал Војдан Чернодрински?

3. Објасни зошто „Македонска крвава свадба“ ја нарекуваме битова драма.
4. Како се викаат потурчените Македонки кои треба да ја убедат Цвета да се откаже од верата?
5. Кои се реалистичните особини на драмата „ Македонска крвава свадба“?
6. Кулминација во драмата е кога...?
7. Цвета низ целата драма ја покажува својата...?

Повторување (втора група)

1. Вметни го сврзникот во следниве реченици, ставете запирка доколку е потребно и напишете какви се по вид:

а. Ќе се измиев убаво _________ ќе седнев да јадам.

б. Таа работеше цел ɡен ___________ е многу глаɡна.
в. Чудната девојка помина покрај мене ___________ не ме виде.
г. ___________работам _____________ го возам мојот автомобил.
д. Тој започна кавга со мене ___________ ме рани во борба со нож.
ѓ. Не напаѓаме ___________ се браниме.
е. __________ ќе им раскажеш ɡома за сите настани во послеɡните неколку ɡена, ___________мисли му ја.
ж. Ништо не му реков ______________ се смеев на неговите зборови.
з. После направија чешма ___________ се расипа.

2. Војдан Чернодрински се смета за основоположник на...?

3. Драмата „Македонска крвава свадба “ од Војдан Чернодрински за првпат е изведена во:
4. Што е тема во драмата „Македонска крвава свадба“?
5. Како Спасе се обидува да ја ослободи Цвета?
6. Кои се романтичарските особини на драмата „ Македонска крвава свадба“?
7. Перипетија во драмата е кога...?
8. Што е прикажано во следниов извадок?

„ОСМАН-БЕГ: Ор, Трајан!

ТРАЈАН: Повели, ага!
ОСМАН-БЕГ: Убаа ќерка имаш, жими вера!
ТРАЈАН: Е, убаа е, ага!
ОСМАН-БЕГ: Да даваш, ор, да носим на чифликот! (Кон Цвета) Сакаш мори ѓаурко?
ЦВЕТА: (Уплашено, плачејќи) Како!? У Турчин на гостин не одам ја!
РАСИМ: Анамка ќе те правиме на Оман-бег, мори, што плачиш?
ДУКО: Што? Ага? Седете мадро!
БЛАГУНА: Молчи, синко, со добро!
ШЕФКИЈА: Анамка, мори, ќе правам, ќе јадиш, ќе спиеш!
ЦВЕТА: (Плаче): Јас сум рисјанка, нејќум!
ОСМАН-БЕГ: Ајде со добро, оту со лошо ќе бидит!
БЛАГУНА: Вие навистина зборувате или на играчка?
ОСМАН-БЕГ: Како, мори, на играчка? Ќе даваш момата, ќе турчим!
БЛАГУНА: Леле! Господи! Ќерко!
ЦВЕТА: Мајко!
ОСМАН-БЕГ: ( Фаќајќи ја Цвета за рака, ја трга од мајка и): Ајде, мори, ѓаурко!
ЦВЕТА: Леле, мајчице! Леле, загинав!“

8. Што е прикажано во следниов извадок?

Спасе: Стој, душичке, стој, ќе те прашам нешто!

Цвета: Бегај, пушти ме!
Спасе: Кажи ми, душо, али ме сакаш да се земиме?
Цвета: како?... Пушти ме, пушти ме бре, ќе нè видит некој.
Спасе: Никој немат; дури не ми кажиш, нема да те пуштам. Кажи ми али ме сакаш?
Цвета: Не те сакам.
Спасе: Не ме сакаш?! Ја те љубам и ќе умрам ако не те земам. Голема севда имам по тебе.
Цвета: И јас имав, ама, сега, кога ме уплаши, ми остина срцево.......
Спасе: Кажи ми, севдо моја, што те прашувам.
Цвета: Пушти ме еднаш, та после ќе ти кажам.
Спасе: Кажи ми, та после ќе те пуштам.... Јас пак, чув... чув сè што зборвеше овде.... Кажи ми, али да верувам во
тоа што зборвеше?
Цвета: Ако сакаш, верувај...“
Повторување (трета група)

1. Вметни го сврзникот во следниве реченици, ставете запирка доколку е потребно и напишете какви се по вид:

а. Ќе го грабнев ранецот ______________ ќе свикав од вратата: „Одам на училиште!“

б. Тие ја најавија промоцијата, ____________ ќе се случува овој месец.
в. Партнерите ќе прифатат ___________ ќе одбијат.
г. Тој ја чека свршеницата __________ свршеницата нема да дојде.
д. Тебе ти го испиле кокошките мозокот __________ не гледаш ништо.
ѓ. Не ни останува ништо друго, ____________ да бидеме реалистични.
е. Коларот _____ ќе го убие _________ ќе му направи нешто лошо.
ж. Спасе _____ цепеше дрва _________ плетеше јажиња.
з. Само таа не се плашеше _________ пак помислуваше на страв.

2. Набројте неколку драми чиј автор е Војдан Чернодрински.

3. Идеја во драмата „Македонска крвава свадба“ е?
4. Сите ликови во драмата „ Македонска крвава свадба“ се насликани...?
5. Кои се реалистичните особини на драмата „ Македонска крвава свадба“?
6. Заплетот во драмата е кога...?
7. Осман бег во текот на целата драма е претставен како...?

Повторување (четврта група)

1. Вметни го сврзникот во следниве реченици, ставете запирка доколку е потребно и напишете какви се по вид:

а. Подзастуде ______ посакав да се раздвижам.

б. Сакав да подвикнам _________ испадна само еден тажен шепот.
в. Дење постојано мислев на својот изминат живот __________ноќе читав книги.
г. Се е во ред _______________ Петре се разболе.
д. Таа не писна _________ пак прозборе.
ѓ. Би сакала да ви речем нешто госпоѓо ___________не знам како.
е. Зборуваше ли човекот __________ плачеше?
ж. Жената__________ се насмевна __________ воздивна.
з. Вие сте стар лисец _________ јас сум разјарен волк.

2. Кога и каде за првпат е изведена драмата „Македонска крвава свадба “ од Војдан Чернодрински?
3. Композициски драмата „Македонска крвава свадба“ е составена од?
4. Објасни зошто „Македонска крвава свадба“ ја нарекуваме битова драма.
5. Кои се романтичарските особини на драмата „ Македонска крвава свадба“?
6. На денот на свадбата на Цвета и Спасе, во петтиот чин од драмата „Македонска крвава свадба“, се убиени...?
7. Експозиција во драмата „Македонска крвава свадба е ...?
8. Што е прикажано во следниов извадок?
Валијата:(кон Цвета): Сакаш, мори да се турчиш?
Цвета: (едвај одговара) Сааакаам. (Сите христијани) Сака?!
Валијата: Турската вера поубава ти се гледа?
Цвета: (полека) Поубава е. (Сите христијани) Поубава?
Валијата: А ти го љубиш Осман-бег?
Цвета: (полека): Го љубам.
Спасе: Го љуби! Ах! Јас сиромав!
Трајан: (кон Цвета) Ќерко! Што е тоа од тебе?
Валијата: E, чувте што рече вашата чупа.
Дуко: Ами таа не е! Откријте ја да ја видиме!
Валијата: Само тоа не може да биде! Ќитапот не дава изин да гледаат ѓаурите една Турчинка.

СЕКРЕТАРОТ: Има ли да чека некој надвор?

ЗАПТИЈАТА: Многу, баш катип ефенди!
ЗАПТИЈАТА: Сé ѓаури.
СЕКРЕТАРОT: Koj?
СЕКРЕТАРОТ: Добар ќар ќе има; дојдоа ли тие ѓаури што чинат давија за момичката што ја граби Осман Бег?
ЗАПТИЈАТА: Тука се.
СЕКРЕТАРОТ: А тој, овчарот?!
ЗАПТИЈАТА: Од сабајле чека...
СЕКРЕТАРОТ: Бргу да го викаш овде!
ЗАПТИЈАТА: Пеки. (Тргнува, но се враќа) Ами... ефенди... денеска дали ќе капне нешто?
СЕКРЕТАРОТ: Елбете... кога има ѓаури давија да чинат, тогаш и алашвериш за нас има. Скуби, колку што можеш...
без арен бакшиш ниеден каурин не пуштај, ни при мене, ни при Вали-Паша...
ЗАПТИЈА: (Ниско прави темане и излегува)
СЕКРЕТАРОТ: Скуби ги тие ѓаури дури се будали,дури не паднат... После некоја година кој знае што ќе излезe...
а. Ми раскажаа за сѐ само мене не ми се веруваше.
б. Не стигна ни да се мрдне, ни да му се тргне од патот на автомобилот.
в. Нешто ги тера на смеење ама не можат да се насмеат.
г. Брани се или умри како куче.
д. Се собираат облаци на небото сигурно ќе има невреме.
ѓ. Тој ќе кажеше некоја шега и самиот ќе си се насмееше.
е. Секоја гоɡина ни носи јаболка, веројатно ќе ɡојɡе повторно оваа гоɡина.
ж. Не се лутам, туку те учам.
з. Или фати се за книгите или ќе те избркам од дома.

а. Ќе се измиев убаво и ќе седнев да јадам.

б. Таа работеше цел ɡен, сигурно е многу глаɡна.
в. Чудната девојка помина покрај мене а не ме виде.
г. Било работам било го возам мојот автомобил.
д. Тој започна кавга со мене па ме рани во борба со нож.
ѓ. Не напаѓаме туку се браниме.
е. Или ќе им раскажеш ɡома за сите настани во послеɡните неколку ɡена, или мисли му ја.
ж. Ништо не му реков, освен што се смеев на неговите зборови.
з. После направија чешма ама се расипа.

а. Ќе го грабнев ранецот и ќе свикав од вратата: „Одам на училиште!“

б. Тие ја најавија промоцијата, веројатно ќе се случува овој месец.
в. Партнерите ќе прифатат или ќе одбијат.
г. Тој ја чека свршеницата а свршеницата нема да дојде.
д. Тебе ти го испиле кокошките мозокот па не гледаш ништо.
ѓ. Не ни останува ништо друго, освен да бидеме реалистични.
е. Коларот ја ќе го убие ја ќе му направи нешто лошо.
ж. Спасе де цепеше дрва де плетеше јажиња.
з. Само таа не се плашеше ниту пак помислуваше на страв.

а. Подзастуде па посакав да се раздвижам.

б. Сакав да подвикнам но испадна само еден тажен шепот.
в. Дење постојано мислев на својот изминат живот , а ноќе читав книги.
г. Се е во ред, единствено што Петре се разболе.
д. Таа не писна ниту пак прозборе.
ѓ. Би сакала да ви речем нешто госпоѓо само не знам како.
е. Зборуваше ли човекот или плачеше?
ж. Жената и се насмевна и воздивна.
з. Вие сте стар лисец ама јас сум разјарен волк.

You might also like