You are on page 1of 13

Низата на реактивност и методите

на екстракција (извлекување)
Цели на часот:
-Сите ученици знаат да опишуваат реакции на замена
користејќи ја низата на реактивноста на металите

-Повеќето ученици знаат да објаснуваат реакции на


замена користејќи ја низата на реактивноста на
металите

-Само некои од учениците употребуваат табеларен


приказ при споредување на реактивноста на
металите
Прва активност
Прочитај и обиди се да одговориш на следното
прашање: Луј Наполеон (Наполеон III) имал свечен
сервис за ручање и церемонијален шлем
изработени од еден од најскапите метали што
биле достапни кога тој владеел со Франција
(1848- 1870 година). Што мислите, кој метал го
избрал?

http://www.rsc.org/periodic-table/history
Линк кој може да се искористи за пронаоѓање на годините на откривање
Повеќето ученици сигурно
помисливте дека станува збор за
злато, сребро или платина. Но,
всушност тоа било
алуминиум.
Втора активност
Користејќи различни извори на информации (печатени
или он- лајн материјали) обидете се да ги одговорите
следниве прашања:
 Кога беа откриени златото и среброто?
 Како изгледаат тие кога се откопуваат од земјата?
 Каде се наоѓаат тие во низата на реактивност?
 Како може цинкот, железото, оловото и бакарот да
се екстрахираат (извлечат) од нивните руди?
 Каде се наоѓаат тие во низата на
реактивност?
 Како може да се искористи старо железо за
прочистување бакар?
 Како алуминиумот може да се прочисти од
неговата руда?
 Каде се наоѓаа тој во низата на
реактивност?
 Зошто во времето на Наполеон
алуминиумот бил толку скап
Трета активност
Забележувате дека за металите во средината на низата
на реактивност може да се користат реакции на замена,
додека за најреактивните метали потребни се различни
методи на екстракција ( извлекување). Металите што
потешко се екстрахираат ( извлекуваат) биле откриени
подоцна.
Заклучок:пореактивните метали биле откриени подоцна
кога се вовеле новите методи за екстрахирање
(извлекување) метали.
На следнава табела е дадено времето на
откривање на неколку метали:
метал Познат од:

калиум 1807

натриум 1807

цинк Пред 1500 во Индија и во Кина

бакар Древни цивилизации

злато Древни цивилизации


а) Каков тренд можеш да забележиш меѓу местото на металот во низата
на реактивноста и времето на неговото откривање?

б) Можеш ли да го објасниш овој тренд?


A Б В Г

А сулфат х ✓ ✓ ✓
Б сулфат х х ✓ ✓

В сулфат х x х x

Г сулфат х х ✓ х

В Г Б А

К Al Zn Cu
Методи на екстракција на
металите
Металите се добиваат од руди.Рудите обично
се соединенија на метал помешани со
нечистотии.По ископувањето рудата мора да
се разложи за од неа да се извади
металот.За таа цел се изведува екстракција
на металот.Методот на екстракција зависи од
реактивноста на металот.Колку е
пореактивен металот,толку потешко се
разложуваат неговите соединенија.
Најефикасен начин на разложување на
метално соединение е електролизата.
метал Метод на екстракција
калиум Eлектролиза
натриум
калциум
магнезиум
алуминиум
Цинк Загревање со јаглерод или јаглерод
моноксид
железо
олово
бакар Пржење во воздух
сребро Во природата се наоѓаат како
елементи
злато
Примери на различни методи на
екстракција
1.Електролиза-Се користи за екстракција на
Na од NaCl.Камената сол првин се топи во
огромни челични кади.
2NaCl---> 2Na + Cl2

Со електролиза се екстрахира и алуминиум од


бокситна руда.
2.Загревање со јаглерод моноксид
Вака се екстрахира железо од железната руда
во високите печки.
Fe2O3 + 3CO --->2Fe + 3CO2
3.Пржење во воздух
Најчесто бакар се издвојува од рудите бакарни
пирити каде тој се јавува како бакар(I)
сулфид.Бакарот всушност се добива со пржење на
сулфидот во воздух
Cu2S + О2---> 2 Cu + SO2
4.Рециклирање на металите

Металите не се обновуваат,постапките се сите


скапи затоа во поново време металите се
рециклираат.

You might also like