You are on page 1of 10

ФОТОСИНТЕЗА

 Името фотосинтеза доаѓа од зборовите „фото“ што значи светлина и „синтеза“ што
значи произведува. Од тука може да кажеме дека, фотосинтезата претставува
произведување со помош на светлина. Всушност, фотосинтезата е хемиски процес
со кој растенијата со помош на сончевата светлина произведуваат храна. Исто така,
со фотосинтеза, растенијата произведуваат кислород.
 Водата и јаглеродниот диоксид се претвораат во храна и кислород користејќи ја
сончевата енергија
Фотосинтезата како и многу други процеси, зависи од условите, односно од
надворешните и внатрешните услови.
Надворешни фактори се: Внатрешни фактори се:
-светлина - количество на хлорофил
-количество на јаглерод диоксид -старост на листот
-температура -број на стоми
-вода во почвата -градба на листот
 Светлината игра значајна улога врз процесот на фотосинтезата. Без доволно
светлина, едно растение не може многу брзо да врши фотосинтеза дури и ако има
многу вода, јаглерод диоксид и соодветна температура. Колку е поголем
интензитетот на светлина, толку е поголем процесот на фотосинтеза
 Јаглеродниот диоксид заедно со водата се реактантите во процесот на
фотосинтеза. Колку е поголема концентрацијата на јаглеродниот диоксид, толку ќе
биде посилен процесот на фотосинтеза
 Кога станува збор за температурата како фактор за одвивање на процесот на
фотосинтеза, може да се каже дека температурата е релативно постојана. Според
некои истражувања најповолна температура за одвивање на процесот на
фотосинтезата е 30 до 40 степени целзиусови. Доколку температурата би се
намалила за еден или два степена тоа би довело до забавување на процесот
 Количината на водата во почвата и растението зависи од отвореноста на стомите
кои се наоѓаат од надворешната страна на листот. Тоа значи дека доколку стомите
се затворени, се спречува навлегувањето на јаглерод диоксид што доведува до
намалување на процесот на фотосинтеза.
 Хлорофил (зелен пигмент) ја апсорбира светлината која е потреба за јаглеродниот
диоксид и водата да се претворат во шеќер. Листовите кои имаат повеќе хлорофил
можат подобро да ја апсорбираат светлината која што е потреба за одвивање на
процесот на фотосинтеза
ИЗРАБОТИЛ

 Анастазија Пашоска IX-1 одделение

You might also like