You are on page 1of 8

КАКО ОБОЕНАТА СВЕТЛИНА

ВЛИЈАЕ ВРЗ ФОТОСИНТЕЗА


БИОЛОГИЈА 9
Растенијата се фабрики за храна, а повеќето се свесни дека нивниот извор на енергија е
светлина. Оваа трансформација на светлината во храна се нарекува фотосинтеза. Она
што може да претставува новост за вас е дека бојата на светлината има мерливо
влијание врз количината на енергија што ја апсорбира растението. Причината за ова е
што боите во светлината имаат различни бранови должини и тие бранови
должини, во зависност од тоа дали се кратки или долги, даваат различни нивоа на
енергија.
За да утврдиме кој тип на светлина од спектарот најдобро влијае на интензитетот на
фотосинтезата, потребно е да изведеме експеримент во кој под исти услови(иста
оддалеченост на растенијата од исворот на светлина, иста температура, исто количество
вода, исто количество на јаглероден диоксид, иста старост на растенијата) ќе го изведуваме
експериментот за фотосинтеза, само што различни ќе бидат филтрите кои ќе ја симулираат
различната светлина.
Уште повоочливи се разултатите при истражување на растење на растението под
влијание на различен тип на светлина, што е дефинитивно резултат на интензитетот
на фотосинтезата кој растението го извршува.

Највисоката енергетска светлина е на пурпорниот или виолетовиот дел


од спектарот светлина. Пурпорниот и виолетовиот спектар има кратки
бранови должини, а со тоа и многу енергија. На другиот крај од
спектарот, ќе најдете црвено светло кое има долги бранови должини и
емитува помала енергија.

Без оглед на тоа дали бојата на светлината е црвена или виолетова,


растението ќе апсорбира одредена количина на енергија од светлината што
ја прима. Зеленото светло е најмалку ефикасно за растенијата бидејќи тие
самите се зелени поради пигментот хлорофил.

Погледни видео
​1 ДЕН Растенијата се поставени под исти услови, подготвени за набљудување на
растењето.
​Растенијата почнаа да растат, сите напредуваат добро, со тоа што има мали
разлики помеѓу нив.
10 ДЕНА Растението кое расте под бела светлина е добро пораснато. Растението кое расте под
сина светлина исто така е пораснато и листовите му изгледаат цврсти. Растението кое расте под
виолетова светлина е помало, но со широко отворени листови, а растението кое расте под црвена
светлина е најмногу пораснато и има издолжени листови.
Различното светло во боја им помага на растенијата да постигнат и
различни цели.
- Сината светлина, на пример, помага да се поттикне растот на
вегетативните лисја.
- Црвеното светло, кога е комбинирано со сино, им овозможува на
растенијата да цветаат.
- Флуоресцентна светлина е одлична за одгледување на раст на растенијата
во затворен простор.
17-24 ДЕНА Растението кое расте под бела светлина е прилично пораснато, но
првите листови се малку изгорени на краевите. Растението кое расте под сина
светлина пораснало доста и листовите му изгледаат здраво и цврсто. Растението
кое расте под виолетова светлина е помалку пораснато. И растението кое расте
под црвена светлина е најмногу пораснато.
26 ДЕНА Растението кое расте под бела светлина има свежи млади листови, но
постарите листови се овенати. Растението кое расте под сина светлина има големи
свежи и интензивно зелени листови. Растението кое расте под виолетова светлина
има изгорени млади листови- добиваме чувтство како изворот на светлина да бил
преблиску до растението. Растението кое расте под црвена светлина е најмногу
пораснато, но неговите листови се премногу кревки и со жолтеникава боја.
Експеримент за растенија со различна светлина
Симулација на виртуелна лабораторија

http://www.glencoe.com/sites/common_assets/science/
virtual_labs/LS12/LS12.html

You might also like