You are on page 1of 10

Судир на надлежност и

разрешување во управна
постапка

Тамара Марковска
III-14
СЕПУГС. Васил Антевски-Дрен
Член 23
Судир на надлежностите

(1) Судирот на надлежностите помеѓу органите на државната управа го решава Владата на


Република Македонија.
(2) Судирот на надлежностите помеѓу единиците на локалната самоуправа го решава органот
на државната управа надлежен за локалната самоуправа.
(3) Судирот на надлежностите помеѓу органите на државната управа и правни и други лица, на
кои со закон им се доверени јавни овластувања, го решава Владата на Република
Македонија.
(4) Судирот на надлежностите помеѓу организациони единици кои се основани со задача да
вршат определени управни работи од надлежност на орган на државната управа ги решава
органот на државната управа од чија надлежност вршат работи организационите единици.
(5) Против управниот акт со кое се одлучува за судирот на надлежностите странката не може
да изјави жалба, ниту да поведе управен спор.
• Кога два или повеќе органи не можат да постигнат
согласност за тоа кој е надлежен да решава во една
конкретна управна работа велиме дека станува збор за
судир на надлежноста.
• Спорот за надлежноста може да се појави како во однос
на стварната надлежност така и во однос на месната
надлежност.
Судирот на надлежност може да биде позитивен и негативен.
 Кога два или повеќе органи се сметаат за надлежни и си го присвојуваат за себе
правото да решаваат одредена управна работа, се среќаваме со позитивен судир
на надлежноста.
 Кога пак два или повеќе органи одбиваат надлежност да решаваат во одредена
управна работа, тогаш се работи за негативен судир на надлежноста.
*Во практиката почесто се среќаваат случаи на негативен судир на
надлежноста, односно ситуации кога два или повеќе органи одбиваат
надлежност за решавање во одредена конкретна управна работа.
• Кога за решавање на конкретен управен предмет ќе се
изјаснат два органи, односно и двата органи мислат дека
се надлежни за решавање на предметот, тогаш за
решавање на судирот на надлежности предлог
поднесува органот кој последен одлучувал за својата
надлежност.
• Доколку странката смета дека постои судир на
надлежности во управната постапка и самата има право
да поднесе предлог.
*Против управниот акт со кој е одлучено за судирот на
надлежност не може да се изјави жалба, ниту да се поведе
управен спор, односно со самото негово донесување тој
станува правосилен.
• Судирот на надлежностите помеѓу органите на
државната управа го решава Владата на
Република Македонија.
• Судирот на надлежностите помеѓу
единиците на локалната самоуправа го
решава органот на државната управа
надлежен за локалната самоуправа.
• Судирот на надлежностите помеѓу органите на
државната управа и правни и други лица, на кои
со закон им се доверени јавни овластувања, го
решава Владата на Република Македонија.
• Судирот на надлежностите помеѓу
организациони единици кои се
основани со задача да вршат
определени управни работи од
надлежност на орган на државната
управа ги решава органот на државната
управа од чија надлежност вршат работи
организационите единици.
Благодарам на вниманието

You might also like