You are on page 1of 5

Тема 9.

1 Фотосинтеза и растeње на растенијата

Час бр.8 Минерали во растенијата


Наставната содржина се наоѓа на страна 12 во
учебникот по Биологија

Цел - Ја разбира важноста на водата и минералните


соли за растењето на растенијата

Како растенијата ги добиваат минералите кои им се


потребни?
Што претставуваат вештачките ѓубрива?

Вештачките ѓубрива обезбедуваат минерални соли од


кои растенијата растат поголеми и поздрави.Поради тоа
земјоделците и градинарите често додаваат вештачки
ѓубрива во почвата, на која ги одгледуваат растенијата.

Што се вештачки ѓубрива?


Вештачките ѓубрива содржат минерални соли. Тоа се
супстанции што растението нормално ги зема од
почвата. Но често почвата не содржи доволно
количество од некои минерални соли, што ги попречува
растенијата да пораснат колку што е можно поголеми и
поздрави.
Растенијата имаат потреба од различни видови
минерални соли.

Азотот (N) од нитратите е потребен за да може


растението да создаде протеини. Протеините се
хранливи материи што им се потребни на живите
организми за градење на нови клетки. Растението што не
добива доволно нитрати не може да произведе доволно
протеини, па не може ниту да создаде нови клетки за да
порасне добро. Нитратите се потребни за создавање
хлорофил. Ако растението нема доволно нитрати ќе
стане жолто место зелено.
Ако е вишок, предизвикува забавување на цветањето и
давањето плод.

Дефицитот на азот
резултира со слаб
раст, кратки
дрвенести растенија
со жолта боја поради
недостатокот на
хлорофил. Новите
листови може да
бидат зелени, но ќе
бидат мали.
Дефицит на азот Нормално растение

Фосфорот (P) од фосфатите е неопходен за изградба на


ДНК и клеточни мембрани. При недостиг на фосфор,
лисјата стануваат нежни и млитави, а зелената боја
постепено поминува во црвеникава до кафеаво-црна.
Овој минерал е значаен за растењето и метаболизмот на
растенијата, а најбитен за оформување на бојата на
плодот. При недостиг може да се предизвика
предвремено паѓање на плодовите.

Забавено растење.
Појава на црни некротични дамки на листовите.
Одложено цветање
Дефицит на фосфор (P)

Калиумот (K) е неопходен за


градба на ензими што учествуваат
при дишење и
фотосинтеза.Учествува во синтеза на шеќери и
протеини. Помага во регулација на воден биланс, ја
подобрува цврстината и отпорноста на студ. При
недостиг на калиум листовите стануваат жолти со мртви
точки, растението запира и растението венее.

хлороза (пожолтување)
на листовите
забавено растење

Магнезиумот (Mg) исто


така е потребен за создавање на хлорофил. За
производство на јаглехидрати, шеќери и масти.
Недостигот на магнезиум предизвикува пожолтување на
листовите.

Магнезиумот е дел од
молекулата на хлорофил,
па затоа негов
недостаток резултира
со појава на хлороза
(пожолтување) на
листовите
изумирање на постарите листови
Внимателно проследи го текстот во учебникот на страна
12 и пополни ја табелата !

Дефицит на Наведи зошто е Нацртај како


минерал потребен изгледа листот
минералот за со дефицит
растението

Дефицит на азот

Дефицит на
фосфор

Дефицит на
калиум

Дефицит на
магнезиум

You might also like