You are on page 1of 8

Минерални матеерии

потребни за растенијата
Што се вештачки ѓубрива

Земјоделците и градинарите често додаваат вештачки ѓубрива во почвата, на која


ги одгледуваат растенијата. Вештачките ѓубрива обезбедуваат минерални соли од
кои растенијата растат поголеми и поздрави. Иако вештачките ѓубрива се скапи,
трошокот е исплатлив со дополнителни пари што земјоделците ќе ги добијат од
добриот род. Вештачките ѓубрива содржат минерални соли. Тоа се супстанции што
и растението нормално ги зема од почвата. Но често почвата не содржи доволно
количество од некои минерални соли, што ги попречува растенијата да пораснат
колку што е можно поголеми и поздрави.
Растенијата имаат потреба од различни видови минерални соли.
Азот
Азотот од нитратите е потребен за да може
растението да создаде протеини. Протеините
се хранливи материи што им се потребни на
живите организми за градење на нови клетки.
Растенитето што не добива доволно нитрати
не може да произведе доволно протеини, па
не може ниту да создаде нови клетки за да
порасне добро. Нитратите се потребни за
создавање хлорофил. Ако растението нема
доволно нитрати ќе стане жолто место зелено.
Ако е вишок, предизвикува забавување на
цветањето и давањето плод.
Фосфор

Фосфорот од фосфатите е неопходен за


изградба на ДНК и клеточни мембрани.
При недостиг на фосфор, лисјата стануваат
нежни и млитави, а зелената боја постепено
поминува во црвеникава до кафеаво-црна.
Овој минерал е значаен за растењето и
метаболизмот на растенијата, а најбитен за
оформување на бојата на плодот. При
недостиг може да се предизвика
предвремено паѓање на плодотвите.
Калиум

Калиумот е неопходен за градба на ензими што


учествуваат при дишење и фотосинтеза.Учествува
во синтеза на шеќери и протеини. Помага во
регулација на воден биланс, ја подобрува
цврстината и отпорноста на студ. При недостиг на
калиум листовите стануваат жолти со мртви точки,
растението запира и застението венее.

5
Магнезиум
Магнезиумот спаѓа во групата на секундарни макроелементи
заедно со калциумот и сулфурот. Неговото значење во
исхраната на растенијата е многу големо поради тоа што како
составен ден на хлорофилот, тој учествува во фотосинтезата
на јаглехидратите. Исто така, има значење за нормалното
функционирање на ензимите во растението, како нивни
активатор, или како нивни составен дел. Учествува во
транспортот на фосфорот во растението и во транслокацијата
на скробот. Покрај тоа, го регулира внесувањето на
хранливите материи во растението и го зголемува
искористувањето на железото. Учествува во синтезата на
мастите и ја поддржува азотофиксацијата кај легуминозните
растенија.
Изработиле:
-Марија Ковилоска
-Кирил Младеноски
-Магдалена Ковилоска
-Давид Николоски

You might also like