You are on page 1of 6

ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 77 - 82

Катарина МАРКОВСКА-САЗДОВА
НУ НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје Стручен труд
“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
Оливера СТОЈАНОВСКА LXXV,1,2022
Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- UDK:
Скопје 655.2/.3:004.087

Е-КНИГА

Апстракт: е-книга претставува нов вид на комуникација, нова


форма на соопштување за научни, уметнички и други пораки на
јавноста. Електронската книга за комерцијална употреба за прв
пат може да се најде во 1981 година. Во 21 век е-книгата, е
рекламирана како револуција во читањето и дистрибуцијата на
содржина во текстуален облик.

Клучни зборови: електронска книга, електронски библиотеки,


дистирбуција

Електронска книга (е-книга, дигитална книга, па дури и е-


издание) е објавување на книга во дигитална, електронска форма
која се состои од текст и/или слики. Може да се чита преку
персонални компјутери, на таблети со помош на апликации e-
reader, мобилни телефони (паметни телефони) или други
електронски уреди. Иако е-книгата понекогаш се дефинира како
електронска верзија на печатена книга, има многу е-книги кои
никогаш не постоеле во печатена форма.

77
Катарина Марковска Саздова / Оливера Стојановска - Е-книга

Историјат

Е-книгата за прв пат се споменува во 1971 година, кога


Мишел Харт, студент на универзитетот во Илиноис, почнува со
дистрибуција на електронски книги по пат на универзитетската
сметачка мрежа. Тоа е почеток на проектот кој Харт го нарекол
Проект Гутенберг, по револуционерот на технологијата за
печатење Јохан Гутенберг. Проектот се залагал за создавање
електронска верзија на книжевни дела во јавен домен и нивно
бесплатно дистрибуирање преку интернет, со тоа негова е
заслугата за ширење и популаризација на е-книга. Освен
Проектот Гутенберг, има уште некои значајни првични проекти,
како: Distributed proofreaders, Libri Vox, Proekt Rastko.
Електронската книга за комерцијална употреба за прв пат
може да се најде во 1981 година, но сепак најголемиот развој на
електронските книги се бележи 20 години подоцна. Развојот на
дигиталните техологии со почетокот на 21 век, како електронската
хартија, брзиот интернет пристап и уредите кои овозможуваат
комотно користење на е-изданијата, претставува важен период за
е-книгите.

Развојни формати на е-книгите

Во 1999 година се појавува Open e-Book (OEB). Opf и се


користи се до 2007.
Потоа, OEB е замент со е-PUB Electronic Publication. Овој
формат е заснован на HML технологија и е најкористен од страна
на сите големи дистрибутери и издавачи на електронски книги,
како Google, Apple, Proekt Gutenberg, Open library и др.

Карактеристики

Е-книгата претставува нов вид на комуникација, нова форма


на соопштување за научни, уметнички и други пораки на јавноста.
Позитивни карактеристики секако има, а тие се: се скратува
времето на нејзиното излегување, односно се избегнува
печатењето. Секако изработката е далеку поевтина, бидејќи не се
троши хартија, не се трошат средства за нејзина дистрибуција и
други пропратни трошоци. Достапноста до корисниците е далеку
поголема, а често пати и поевтина од печатената верзија.

78
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 77 - 82

Графичкиот израз во електронската книга е практично


неограничен. За разлика од печатените книги кои зафаќаат повеќе
физички простор по библиотеките и книжарите, е-книгата не
зафаќа многу простор во меморијата на сметачот.
Секако како и секоја работа така и електронската книга има
позитивни карактеристики, кои веќе ги споменав и негативни
карактеристики кои сега ќе ги споменам. Така прво може да се
спомене дека книгата не е само носител на пораки, туку сама по
себе има вредност. Сеуште кај луѓето посилна е навиката на
држење на печатен материјал, книга, весник итн., отколку
електронска верзија. И на крај, но не помалку важно во средини
со ниска информатичка култура имаат отпор како неприроден
медиум.

Развој на пазарот

Секако за популарноста на е-книгата многу е важен развојот на


пазарот на е-изданијата. Така се појавува Amazon, како најголема
онлајн-книжара од 2007 година, па веќе околу 2010 година
прогнозите биле дека бројот на е-книгите, неколкупати ќе се
зголеми во однос на печатените, дури и ќе го згасне печатењето
на книгите.
После наглиот развој на е-книгите, во 2012 година доаѓа до
стагнација.
Растот на продажбата на пример во САД во 2010 година
изнесувала над 252%, намалувајќи се во годините што следат, за
да во 2013 година се намали на 5%. Според некои податоци,
продажбата на е-книгите, никогаш не достигнала повеќе од 20%,
што не е доволно, иако постојат некои примероци кои се поскапи
и од печатените.

Користење на е-книгите

Денешните генерации не се големи љубители на електронските


книги. Овие генерации се „врзани”за своите паметни телефони и
други уреди кои им овозможуваат користење на многубројни
апликации, постојан пристап на интернет и на друштвените
мрежи. Додека луѓе кои најмногу читаат е-книги се генерациите
родени после Втората светска војна. На постарите луѓе овој тип
на книги им одговара од повеќе аспекти. Тие немора да одат

79
Катарина Марковска Саздова / Оливера Стојановска - Е-книга

физички да ја купат од книжара или позајмат од библиотека, потоа


е-читачите им се лесни за користење и секако тие можат да го
зголемат фонтот.

Цени на е-книгите

Amazon, како најголема онлајн-книжара, во 2007 година, ја


поставув цената од 9,99 долари како горна граница, по книга
најчесто бестселерите, што е секако одлична цена, но сепак не
одело во прилог на печатените, бидејќи тие се продавале по дупла
цена од електронските. Така во 2012 година во САД е покренат
судски спор, државата против издавачите и продавачите на е-
книгите заради договарање на цените. Иако спорот бил добиен од
страна на државата, никогаш ништо не било променето.
Со текот на времето доаѓа до промена на цените како и бројот
на издавачите и дистрибутерите на е-книгите. Така цените на е-
книгите достигнуваат цена на печатените, па и ги надминуваат.

Каква е денес позицијата на книгата?

Како што печатењето на ракописите и дистрибуцијата на книгите


во 15 век го олеснува читањето, така во 21 век тоа го овозможува
е-книгата, која е рекламирана како револуција во читањето и
дистрибуцијата на содржина во текстуален облик. Но, сепак
пазарот е-книги е повеќе наклонет кон белетристиката, а поретко
кон стручните и научните изданија, со што можеме слободно да
кажеме де печатената книга сепак е во предност пред е-книгата.

Предности на е-книгата

Како прва предност може да се спомене:


− мобилноста на уредите што се користат за читање;
− поврзување со интернет;
− зумирање на текстот, зголемување на фонтот,
осветлување на екранот, обележување на делови од
текст, како и нивно коментирање и оставање белешки;
− користење на вградени речници и тезауруси.

Недостатоци на е-книгите

Е-книгите во втората деценија од 21 век имаа постојано

80
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 77 - 82

покачување на цените дури и повеќе од печатените, особено на


академски изданија за специјални или високошколски библиотеки.
Високите цени не е-книги пред се должат на немањето вистинска
конкуренција на светскиот пазар, односно постојат само неколку
доминантни софтверски и издавачки компании во светот, кои ја
диригираат цената. Така 2/3 од е-книгите се продаваат преку една
online платформа. Како следен недостаток на е-книгите може да
се напомене дека 80% од книгите се продаваат преку Amazon и
тоа на 7 јазика, кои се мајчини јазици на само третина од светското
население.

Заштита на правата на е-книгите

Основно прашање е заштита на секое дело без разлика во како


облик е но, кај електронскиот или дигиталниот облик, ова
прашање не е баш доволно разјаснето и регулирано.
Исто така кога е во прашање авторското право во однос на
печатените, пристапот е рестриктивен. Ова прашање кај нас, а и
во сите земји е регулирано со закон за авторски права, во кој се
вклучени и моралните права на авторот, доколку е познат, а во
случај на анонимно дело, оној кој го издава се смета за носител
на авторско право.

Е-книгите и библиотеките

Комерцијални е-библиотеки веќе постојат, често како една


врска помеѓу правно лице со издавач, преку модел на претплата
за пристап на сервисот кој нуди дигитални содржини.
Библиотеките треба да ја искористат својата улoга за во
создавањето на читачката публика и култура, кој е многу важна кај
купувачите на е-книги. Библиотеките треба да настојуваат за
поповолен и поедноставен пристап до е-книги за корисниците.
Сега пак ова доведува до една спротивставеност меѓу
библиотеките и издавачите, бидејќи издавачите се чувствуваат
загрозени, како нивните права, така и нивниот профит. Издавачите
одбиваат да ги нудат своите електронски изданија на
библиотеките или пак ги нудат по многу високи цени. Настанативе
проблеми се пробува на различни начини да се решат и тоа преку
т.н. национални платформи, каде во некои случаи се вклучени
библиотеките. Целта на овие платформи е да се преведат книги
на национални јазици, кои се помалку застапени.

81
Катарина Марковска Саздова / Оливера Стојановска - Е-книга

Во овие случаи библиотеките настапуваат во рамките на


конзорциуми, спрема издавачите, авторите, здруженијата на
писателите, дистрибутерите итн., со цел да направат една
оптимален модел и платформа за позајмица.
За крај, ако сакаат библиотеките да ја задржат сликата на
модерни установи, мораат да им овозможат на корисниците што
поголем број на дигитални медиуми, со подобар квалитет и
полесен пристап, како не би станале музие на книгите.

Останува прашањето до Вас читателите на статијава, кој е


Вашиот избор, печатена или е-книга?

KatarinaMarkovska-Sazdova

Olivera Stojanovska

E-BOOK

Abstract: e-book is a new kind of communication, a new form of


communication for scientific, artistic and other messages to the public.
The e-book for commercial use was first found in 1981. In the 21st
century, the e-book is advertising as a revolution in reading and
distributing textual content.

Keywords: e-book, electronic libraries, distribution

Користена литература:

https://www.youtube.com/watch?v=MSxGgueqNFY

https://mk.wikipedia.org/wiki/

https://mk.stendstroy.ru/2930-first-e-book.html

82

You might also like