You are on page 1of 3

Ljubavni romani 

е одличен сајт за тие кои ги интересира овој вид


литература. Поголемиот број дела можете да ги читате бесплатно,
додека за некои е потребно да се претплатите за симболична сума
пари.
Srpska književnost u 100 knjiga е одличен сајт како појдовна основа за
почетници. Збирката на Народната библиотека од Србија ги опфаќа
српските најзначајни книжевни дела од 12-ти до 20-ти век.
Serbian forum е сајт за кој е потребна регистрација. Овде можете да
најдете различни книги, школски учебници, списанија.
Balkan download е сајт кој нуди српски и странски книжевни дела
(преведни на српски и хрватски јазик), аудио книги, списанија, но и
цртани филмови, игри, филмови.
Mediafire  е сајт на кој можете да се регистрирате со помош на Фејсбук
или Твитер налог. Имињата на авторите се подредени по азбучен
редослед, а на располагање ви се и полињата за пребарување. Сајтот
има навистина многу наслови од српски и странски автори.
Library Genesis содржи десетици илјади наслови, меѓу кои можете да
најдете и дела на српски јазик. Ова е вистинска скапоценост за сите
љубители на книжевноста.
Knjige.club содржи солидна збирка книжевни дела кои можете да ги
пребарувате според името на книгата или авторот. За да имате
пристап потребна ви е регистрација.
Korisna knjiga е интернет книжарница која покрај хартиените (нови и
половни) книги, содржи околу 40 наслови во дигитален формат.
Делата се достапни по многу поволни цени, а се пребаруват по
различни категори, пример: бизнис и пари, книги за деца, спорт,
романи, забава и хоби итн. Книжарницата има и богата понуда на
книги напишани на англиски јазик. Посакуваните книги можат да се
платат на повеќе начини (уплатници, платежна картичка и при
подигање на порачката), а неопходна е регистрација за порачување и
плаќање на книги.
Google books нуди опции за напредно пребарување. Проектот
„Библиотека“ е резултат на соработката на Google со големите
светски библиотеки. Книгите на кои им се истечени авторските права
можат да се преземат во пдф формат. Овде можат да се пронајдат
голем број книги на српски јазик од 19-ти век и почетокот на 20-ти век.
Laguna e-knjige е сајт кој има лесни четива за читање и релаксирање,
но и добри квалитетни наслови. Овде секој може да си пронајде
наслов за себе. Првите неколку страници од книгата може да се
прочитаат бесплатно и да се донесе одлука за евентуално купување.
Следните портали имаат богата понуда на е-книги чиијшто издавач (во
голем дел) е токму Лагуна.

Novinarnica е одличен портал кој на корисниците на едно место им


овозможува пребарување, читање и купување весници, сисанија и
книги во електронски облик. Нуди и бесплатна содржина која не се
плаќа.

You might also like