You are on page 1of 18

ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

Иван МИТЕВ Стручен труд


Универзитет Гоце Делчев, Штип
Факултет за образовни науки “ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXXV,1,2022
UDK:
Д-р Томислав ТАНЕВСКИ 780.6-053.2
Универзитет Гоце Делчев, Штип
Факултет за образовни науки

ИЗРАБОТКА НА ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ ОД


РАЗЛИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ

Апстракт: Раните музички искуства играат важна улога во


развојот на детето, негување не само на музички развој, туку и
разни вештини, како што се решавање на проблеми и
креативност. Музиката е многу моќна алатка за предучилишни
воспитувачи со чија помош можат да дизајнираат или
олеснуваат радосни активности како драма и група игри.
Свирењето на детски музички инструменти претставува
посебно омилено подрачје на дечињата. Со музичките
инструменти децата можат да импровизираат ритми, да
придружуваат изучени песни што ги пеат, да погодуваат и
пребаруваат по слух познати мелодии или да свират лесни и
познати песни.

83
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

ВОВЕД

Детското создавање музика е а активност со која се


подобрува размислувањето, креативноста и желбата за секој-
дневие исполнето со музика, се развива способноста да се
покаже иницијатива и независност, преку креирање на детски
инструменти од различни материјали. И што е најважно, неговата
емоционална сфера е збогатена - еден вид имунитет од животни
неуспеси. На крајот на краиштата, детската среќа, посебно во
предшколската возраст, особено кај оние дечиња кои посетуваат
градинка или имаат креативни луѓе во нивните семејства, преку
дизајнирање на ваквите инструменти се разгорува желбата за
музикалност, се открива талентот и секако, се подобрува начинот
на функционирање и детските навики во секојдневието.
Токму изработката на детските инструменти од различни
материјали е темата која се анализира во оваа семинарска
работа, посебно на оние иструменти кои можат да се изработат во
домашни услови или во градинка и што сè е потребно или од што
сè може да се изработи одреден детски музички инструмент.

ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ – СУШТИНА,


ВАЖНОСТ И ПРИМЕНА

Музичките инструменти се еден од најатрактивните


елементи на музиката за децата. Децата сакаат музички
инструменти и забележано е дека се повеќе возбудени и
заинтересирани кога можат да создадат своја музика, посебно во
предучилишниот период. Музичките инструменти им помагаат на
децата да стекнат искуство во врска со звуците и играат клучна
улога во поддршката на другите полиња на детскиот развој. На
пример, децата можат да развијат координација рака-око и
координација со две раце додека свират на музички инструменти.
Тие исто така можат да научат меѓусебно помагање (т.е. групни
вештини) и споделување. Сепак, треба да се забележи дека
правилно избраните музички инструменти се незаменливи
елементи на добро испланираните музички програми.

84
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

Според Ekici, музичките инструменти како што се


ксилофонот, металофонот, тапаните, тамбурата, ѕвончињата и
мараките имаат широко поле на употреба, од предучилишниот
период до професионалните оркестри и можат успешно да се
користат во музичката обука на децата. Тој го потенцира
користењето на музичките инструменти кај сите деца,
вклучително и оние кои имаат некаква попреченост. Освен
музички инструменти, училиштата мора да им обезбедат на
децата магнетофони и ЦД-плеери заради музички развој. Дрвени
лажици, метални лажици, капаци на тави, држачи за клучеви,
хартија со различна текстура што може да создаде звук кога ќе се
збрчка или искине, монети и голем број на и други материјали
можат да придонесат за музичката работа, како да се музички
инструменти. Поради оваа причина, чувањето на такви предмети
и слични предмети во училниците ќе помогне да се збогати
музичкото истражување. 1
Покрај многуте инструменти и материјали споменати
погоре, Eliason & Jenkins наведуваат дека телото може да се
користи и како музички инструмент. На пример, плескањето е
универзален и скапоцен ритмички инструмент. Други телесни
инструменти кои можат да се користат во ритмички активности
вклучуваат: шепотење, мрморење, свиркање, удирање со прсти,
газење по земја, артикулирање звуци, пеење, зборување,
кликнување на јазикот и тресење на главата со меки движења. 2
Музичките инструменти им помагаат на децата да стекнат
големо искуство во врска со звуците и играат важна улога во
поддршката на развојот на вештините кај децата. Покрај тоа, со
инструменти децата можат да создаваат и истражуваат сопствена
музика, наместо да учествуваат и да реагираат на другите.
Музичките инструменти им обезбедуваат на едукаторите
различни придобивки. На пример, тапаните создаваат можност за
детето и воспитувачот да соработуваат заедно. Дајрето е исто
така многу корисен инструмент бидејќи децата можат да го држат

1. Ekici, T. (1998) Orff Musical Instruments and their Utilization Methods in Musical Training,
postgraduate thesis, Institute of Social Sciences, DokuzEylul University, Izmir.
2. Eliason, C. & Jenkins, L. (1994) A Practical Guide to Early Childhood Curriculum, 5th edn.
New York: Macmillan.

85
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

со едната рака, а со другата да го удираат. Музичките инструменти


кои се користат во предучилишниот период се ориентирани кон
ритамот и се лесни за учење, особено затоа што не е потребно
штимање. Тие можат да се користат поединечно или во групи, а
може лесно да се купат или пак самостојно да се направат. Овие
карактеристики укажуваат на тоа дека предучилишната установа
треба да понуди избор на такви инструменти, по можност тапани,
ритам стапчиња, триаголници, ксилофони, металофони, ѕвона на
зглобови, дајре, мараки, кимвали, песочни блокови, кои
генерално, можат сами да се направат. 3 Со тоа се забележува
дбојна придобивка - креативност и снаодливост во дадените
услови за изработка на детски музички инструменти.
За развојот на детските музички способности, свирењето
на детските музички инструменти има значајна улога. Кај
учениците од одделенска настава, интересот за свирење со
детски музички инструменти е голем, бидејќи не бара претходни
технички изучувања, а начинот на свирење е едноставен, на тој
начин стекнуваат основни, првични сознанија за музичките
инструменти, се развива љубов за свирење на одредени
инструменти, љубов за колективно музицирање и воопшто љубов
кон музичката уметност. Со активно музичко учество децата ги
развиваат чувствата за личните вредности и вредностите за
успехот во колективното музицирање. Со музичките инструменти
учениците можат да импровизираат ритмови, да придружуваат
изучени песни што ги пеат, да погодуваат и пребаруваат по слух
познати мелодии или да свират лесни и познати песни, го
доживуваат создавањето на музичкиот тон, се зголемува
љубопитноста и интересот за свирење на истите. 4
Свирењето на музички инструменти ги прави децата
попаметни, покреативни и посреќни. Свирењето на музички
инструмент им помага на децата да имаат корист на речиси секое

3. Artan I., Balat G. U., (2003), Recognition of Musical Instruments by Children between 4 and
6 Years of Age and Research Concerning the Natural Sounds They Associate with Those
Instruments, Contemporary Issues in Early Childhood, Volume 4, Number 3
4.Талевски В., (2018), Методика на музичкото образование, одделенска настава,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје Педагошки факултет „Св. Климент
Охридски“, Скопје, стр.141

86
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

ниво: ги подобрува нивните когнитивни вештини додека го


поттикнува креативното размислување и нивната способност да
се фокусираат.
Децата стануваат свесни за ритамот во музиката и ја
развиваат координацијата која е потребна за свирење на
едноставни детски музички инструменти како што се ѕвончиња,
ѕвона, тапан...До петтата година кај детето се развива музичко
помнење и на таа возраст детето е веќе способно да испее цела
или дел од песничка. Се развива и способноста за свирење на
едноставни удирни инструменти, а ако децата имаат услови,
можат да изведат и едноставни песнички на клавир-пиано
најчесто со една рака (некој деца успеваат и со две раце).
Музиката го забрзува развојот на мозокот кај малите деца,
особено во областа на перцепција на говорот, па дури и во
читањето. Децата низ музиката ги изразуваат и искажуваат своите
чувства и емоции, стекнуваат осет за ритам брзо-бавно и на тој
начин ја развиваат фината моторика. Со активно слушање на
музиката и играње на разни музички игри, кои се, исто така, многу
интересни за сите возрасти, децата ја зголемуваат својата
концентрација, се учат да бидат трпеливи и смирени. Голема
улога во развојот на говорот како и на прозборувањето кај децата
исто така има музиката. Ритамот на слоговите помага во
разликата на звуците и овозможува да се разбере тоа што се
зборува. Со перцепција на звукот се развиваат когнитивните
способности, што има траен резултат во понатамошното учење.
Основните музички способности кои се неопходни за
учество во сопствената музичка култура се развиваат во првите
10 години од животот. Овие музички способности се развиваат
автоматски и потсвесно. Музичките стимули, присутни во
општественото и културно опкружување, се сметаат за најважни
при развојот на сопствените музички способности. Музички
богатото општествено опкружување, во кое музичкото
образование посебно се негува, ги развива порано одредени
музички способности, за разлика од опкружувањето кое нуди
помалку музички активности. 5

5. https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/muzicko/zbornik_muzicko_2010.pdf

87
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

МАТЕРИЈАЛИ И ПРЕДМЕТИ КОИ ПОМАГААТ ВО


ИЗРАБОТКА НА ДЕТСКИ МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

Музичкиот развој на детето не е целосен без запознавање


со музички инструменти. И ако потребната алатка за изработка на
музички инструменти не може во даден момент да се купи, тогаш
секогаш можете сами да ја направиме, со малку повеќе
имагинација и креативност. И ако звучи сосема поинаку од
академската верзија, задоволството од процесот на производство
и последователната игра со ваков инструмент ќе ги надмине сите
очекувања од играта на детето и создавање забавна атмосфера
во даден момент.
Постои голем избор на музички инструменти кои можат да
станат дел од детскиот свет, но, како што беше нагласено, не мора
секогаш да се купат, туку можат истите да се импровизираат, т.е
направат, со помош на материјали кои ги има во домаќинствата и
градинките.
Најчесто, во изработката на детските музички инструменти
се користат:
• дрво;
• хартија;
• пластика;
• метал.
Постојат низа начини како може од одреден материјал да
се направи некој детски музички инструмент, кои, генерално, се
дело на креативноста и имагинацијата во семејството или
градинката, на родителите или воспитувачите, така што нема
посебно правило како се изработуваат. Потребно е само желба,
креативност и материјал, па со нивно спојување во едно, се
добива одличен детски музички инструмент кој ја поттикнува
детската музикалност и чувство за свирење.
Како предмети кои најчесто се користат при изработката на
детски музички инструменти се следниве:
• пластични шишиња;
• картонски кутии;
• брановидна хартија;
• ножици;

88
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

• молив;
• хартија А4 формат;
• маркери;
• лепак;
• силиконски пиштол;
• пластични чинии;
• кујнска ролна или хартија за пакување подароци;
• пуканки, ориз, грав, лека, грашок (за создавање
звук, внатре во музичкиот инструмент);
• дрвени стапчиња;
• ленти;
• пластична кофа;
• теенџериња со средна големмина;
• капачиња од теглички;
• вуница;
• конец;
• линијар;
• стапчиња од лижавчиња;
• пластично црево;
• инка;
• пластични сламки;
• водени и темперни боички итн.

Кој материјал и кој предмет ќе се искористи при изработка


на детски музички инструмент, зависи од видот на инструментот и
звукот кој треба да го произведе. Тука нема правилен или
погрешен избор, сите се супер забавни за играње и може да се
користат за правење интересни ритми или мелодии.

89
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

ВИДОВИ ДЕТСКИ МУЗИЧЧКИ ИНСТРУМЕНТИ


НАПРАВЕНИ ОД РАЗЛИЧНИ МАТЕРИЈАЛИ

Поттикнувањето на креативноста и играта додека децата


се дома, во градинка или во училиште, се поважни од кога било,
затоа треба да се поттикне нивната имагинација со шарени,
домашни ммузички инструменти. Секој од нив е едноставен и
безбеден за правење, користејќи секојдневни предмети што може
да се најдат низ куќата.

Гитара со еластична лента

За да се изработи гитара со еластична лента потребно е време од


околу 1 час, плус време кое е потребно за сушење. За
изработка, потребни се: 6
• мала кутија со овална дупка исечена напред;
• постер или акрилна боја;
• две стапчиња од лижавче;
• долга картонска цевка, на пример, од ролна фолија или
хартија за печење;

6 https://www.bbcgoodfood.com/howto/guide/how-make-elastic-band-guitar

90
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

• еластични ленти со различни големини и дебелини;


• хартија во боја;
• копчиња или украси.

При изработката треба да се има и додатна опрема како


што е, на пример, весник за на маса, четки за боење, лепак и
ножици.
Крајот на картонската цевка треба да се постави наспроти
крајот на правоаголната кутија за ткивотто на гитарата и даа се
нацрта круг околу неа. Внимателно треба да се исече, за да
создаде дупка. Може да се избојат картонските туби и стапчињата
и да се осстааваат да се исушат. Дури, основата на гитарата може
да биде и кутија за маарамчиња, но е потребно да се извади
целата пластика, односно да остане само картонската амбалажа,
чија внатрешна страна може да се обои или да се залепи со
обоена хартија, секако, од естетски аспект. Потребно е да се
залепии кутијата назад заедно со бојадисаната страна однадвор
и да се остави да се исуши. Се вметнува картонската цевка во
дупката што се сече на врвот, а потоа се прицврстува со леплива
лента. Се лепат стапчињата на двата краја на дупката во предниот
дел на кутијата, како што е прикажано (на сликата погоре). Треба
да се остават да се исушат, а потоа се истегнуваат еластичните
ленти околу целата кутија. Гитарата може да се украси по желба
на детеетто или родителот/воспитувачот. На пример, тоа може да
бидат украсни копчиња (како нна сликата), панделки, светки итн.

91
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

Пан цевки од хартија

Пан цевки (дувачки иннструмент)


може да се направи за кратко време,
со неколку сламки, со одличен ефект
на виножито.
Потребно време за изработка на овој
дувачки инструмент е половина час,
плус додатно време за сушење. За
изработка поттребни се: 7
• лоли стапчиња;
• хартиени сламки и
• лента или салотејп за украсување.

При изработка треба да се има додатна опрема како:


лепак, ножици и молив. Сламките се ставаат рамно на маса и се
одлучува за должината која би саккале да ја имаме – колку се
поголеми чекорите помеѓу сламките, толку е поголема разликата
во висината. Се нанесува лепак на задниот дел од стапчето и
внимателно се ставаат сламките една до друга. Се оставаат да се
исушат. Овој инструмент се завршува со декорирање, со украсна
сатенска лента или салотејп во боја. Се свири со едноставно
дување преку врвот на сламките.

7. https://www.bbcgoodfood.com/howto/guide/how-make-elastic-band-guitar

92
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

Хармоника од дрвени стапчиња

Овие мали хармоники се прават од дрвени стапчиња и можат да


испуштат импресивен звук за нивната големина! Децата и
возрасните ќе уживаат во играњето со нив – прекрасен
попладневен проект за семејството. Потребни се само 15тина
минути за изработка и нормално, време за сушење.
За изработка на хармоника од дрвени стапчиња потребно
е: 8

• Нетоксична боја;
• Еластични ленти;
• Подмачкана хартија;
• Лоли стапчиња;
• Дрвени кибритчиња или чепкалки за заби.

Секако, дополнително е потребна опрема како четка за


бојадисување, молив, линијар и ножици.
Најпрво се бојадисуваат две стапчиња од двете страни и
се оставаат да се исушат. Се сече мрсна хартија со иста широчина
и должина како стапчињата и се става меѓу нив.

8. https://www.bbcgoodfood.com/howto/guide/make-your-own-harmonica

93
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

Стапчињата се сечат со должина од околу 2 сантиметри и


се поставуваат вертикално. Се завиткува еластична лента околу
стапчињата, од двете страни за да се прицврсти доволно. Истата
постапка се повторува и на другиот крај од стапчето. За употреба
треба да се продира низ малата празнина помеѓу стапчињата од
лижавче.

Макари со дрвени лажици

Оваа едноставна марака се прави со помош на пластично јајце


што може да се полни и дрвени лажици – како алтернатива,
секогаш може да се направи едноставна макара од картонска
цевка. Времето кое е потребно за да се изработи овој детски
музички инструмент е 20тина мин, плус додатно време за сушење.
За изработка на макари со дрвени лажици потребни се: 9
• Дрвени лажици за еднократна употреба;
• Акрилни или постер бои;
• Пластични јајца за полнење;
• Неварен ориз или сушена леќа;
• ПВА лепак;
• Шарена лента или панделка.

9. https://www.bbcgoodfood.com/howto/guide/how-make-maracas

94
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

Се бојат дрвените лажици и се оставаат да се исушат. Во


пластичното јајце се ставаат неколку лажици ориз или сушена
леќа и се затвора. Се лепат лажиците на двете страни од јајцето,
така што рачките се спојуваат на крајот. Се остава неколку
минутки да се исуши лепилото. Се лепи шарена лента над спојот
околу јајцето и долу кај рачките. Ваква изработените макари се
подготвени за забава на малите дечиња.

Тапан од лимени конзерви

Децата уживаат во тропањето, па така, изработката на тапан од


лимени конзерви во домот или во градинка е сосема креативна и
интересна идеја да се зголеми детското музичко задоволство. За
негова изработка се потребни околу 20тина минути, плус
дополнително време за сушење.
Потребни се следниве материјали: 10
1. Балон;
2. Ножици;
3. Прстенест плех (внимателно да се провери дали има
остри рабови) или картонски сад за сос;
4. Ллепак;
5. Лента или украси по избор;
6. 2 хартиени сламки;
7. 2 мали пом-пом.

10. https://www.bbcgoodfood.com/howto/guide/how-make-tin-can-drum

95
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

Се сече балонот. Се истегнува преостанатиот балон преку


врвот на плехот и се повлекува надолу, така што горниот дел од
конзервата или лимениот плех е целосно покриен со балон, со
округла форма, а може да се зацврсти со еластична лента за
поголема сигурност и безбедност дека балонот нема да се тргне
од конзервата/плехот. Се лепат украси и се оставаат да се исушат.
На тапанот се тропа со помош на сламки, кои исто така можат да
се декорираат на различни начини. Постапката се повторува и на
вториот тапан. Кога постапката и сушењето се завршени, децата
се спремни да го фатат ритамот.

Кимвали од хартиена чинија

Доста интересен детски музички инструмент се кимвалите, кои


можат да се направат од хартиена чинија. Потребни материјали
за изработка на овој инструмент се следниве: 11
• Две хартиени чинии;
• Златна боја за постер или акрилна боја;
• Златна лента или средство за чистење цевки;
• Четка за бојадисување;
• Монети;
• Молив;
• Пиштол за лепило.

11. https://www.firstpalette.com/craft/paper-plate-cymbals.html

96
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

Потребни се две хартиени чинии, со големина по желба.


Препорачливо е средна големина, за да можат децата да ги
користат. Користејќи го врвот на моливот, внимателно се
пробиваат пар дупки во центарот на секоја чинија. Двете страни
на хартиените чинии се бојат со златна боја за постер или акрилна
боја. Две златни ленти од 10 сантиметри се потребни за да може
да се стават во претходно направените дупки на хартиените
чинии. краевите на лентата треба да се врзат, за да може да се
стави рака меѓу лентата и хартиената чинија. Чекорите се
повторуваат и за втората хартиена чинија.

Кога ќе се направат двете кимвали, се врти предната страна на


кимвалите и се лепат монетите со помош на пиштол за лепење
силикон, околу рабовите на секоја плоча.

Откако ќе се исуши лепилото, кимвалите веќе можат да го


создадат звукот, со меѓусебно допирање и тропање.
Ова се само дел од можните начини да се изработат детски
музички инструменти од најразлични материјали кои ги имаме во
домаќинството. Исто така, може да се изработат:
• тамбура од хартиена плоча;
• дајре од пластична чинија;
• ксилофон од чаши и шишиња;

97
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

• Ѕвоно на нараквица;
• Трупа од картонска цефка итн.

Без разлика на тоа кој детски музички инструмент ќе се


изработи, препорачливо е истиот да се изработува во присуство
на децата, со цел да се поттикне нивната креативност, желба и
секако да се создаде можноста да почувствува дека детето може
само да си направи инструмент на кој ќе свири во иднина.

ЗАКЛУЧОК

Музичкиот развој има незаменлив ефект врз целокупниот


развој на децата: се формира емоционалната сфера, се
размислува, детето станува чувствително на убавината во
уметноста и животот. Само со развивање на информациите,
интересите и вкусовите на детето, може да се запознае со
музичката култура и да ги постави своите темели.
Предучилишната возраст е важна за натамошно владеење
на музичката култура. Ако се формира музичко-естетска свест во
процесот на музичка активност, тоа нема да помине без трага за
последователниот развој на едно дете и неговата општа духовна
формација.
Во оваа семинарска работа, преку соодветна анализа на
важноста и значењето на музичките инструменти за децата,
истовремено се прикажани и неколку можности за самостојна
израаботка на детски музички инструменти, или со помош на
родителот или воспитувачот, од најразлични материјали кои се
секојдневно достапни во домот и во градинка.

98
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 83 - 100

Ivan MITEV
Tomislav TANEVSKI, Ph.D

MAKING CHILDREN'S MUSICAL INSTRUMENTS FROM


DIFFERENT MATERIALS

Abstract: Early musical experiences play an important role in a child's


development, nurturing not only musical development but also various
skills such as problem solving and creativity. Music is a very powerful
tool for preschoolers to design or facilitate fun activities such as drama
and group games.
Playing children's musical instruments is a special favorite area
of children. With musical instruments, children can improvise rhythms,
accompany learned songs they sing, guess and search for familiar
melodies, or play light and familiar songs.

БИБЛИОГРАФИЈА

• Artan I., Balat G. U., (2003), Recognition of Musical


Instruments by Children between 4 and 6 Years of Age and
Research Concerning the Natural Sounds They Associate
with Those Instruments, Contemporary Issues in Early
Childhood, Volume 4, Number 3

• Ekici, T. (1998) Orff Musical Instruments and their Utilization


Methods in Musical Training, postgraduate thesis, Institute of
Social Sciences, DokuzEylul University, Izmir

• Eliason, C. & Jenkins, L. (1994) A Practical Guide to Early


Childhood Curriculum, 5th edn. New York: Macmillan

99
Иван Митев / Д-р Томислав Таневски - Изработка на детски музички инструменти ....

• Таневски, Т. (2019), Методика на воспитно-образовна


работа по музичко воспитание и образование, ДЦ Џунџуле,
Скопје

• Таневски, Т. (2022), авторизирани предавања, Универзитет


Гоце Делчев, Штип, Факултет за образовни науки.

• Талевски В., (2018), Методика на музичкото образование,


одделенска настава, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ –
Скопје Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“,
Скопје, стр.141

• https://text.mk
• https://e-lib.ugd.edu.mk
• https://www.bbcgoodfood.com
• https://www.firstpalette.com

100

You might also like