You are on page 1of 3

ОТВОРЕН ЧАС- Спој на географијата и физиката !

Интересен е фактот што понекогаш, две сосема различни науки неверојатно е да се


поврзат а уште потешко е да се спојат....или како што многумина зачудено ке
искоментираат по информацијата за одржаниот час – што беше заедничката тема?

Вистината е дека најважна е идејата и секако желбата да се направи еден поинаков час, а
другото е лесно како песна.... или уште поточно проследено со песна!

Еве како беше!

Наставните содржини кои се интегрираа беа повторување за Мексико(географија) и


обработка за звуци(физика).

Часот започна со кратко повторување за Мексико, по што следеше пополнување на


наставни листови и формирање на Т- ТАБЕЛА (разлики меѓу Р македонија и Мексико- со
посебен осврт на националните и културните обележја на двете држави).

Во еден момент од кабинетот во живо се слушнаа звуци на музички инструмент .


Учениците требаше да погодат за кој инструмент се работи? ( Гитара или мандолина
беше дилемата?) .Од кабинетот во училницата влезе ученикот облечен во мексиканска
традиционална облека,свирејќи со гитара во рацете и одговорот беше очигледен.

Во следниот момент се повтори истото сценарио, но овојпат звуците беа далеку посилни
и попродорни.... се работеше за звукот на кларинетот на кој свиреше друг ученик
облечен во традиционална македонска облека.

Часот продолжи со барање одговор на прашањата како настануваат звуците и како се


шират и пренесуваат низ воздухот? Наставничката демонстативно на самите
инструменти детално објаснуваше создавајќ звуци со различна фреквенција и јачина
Сите физички величини за звук,учениците ги демонстрираа и ги мереа на дигитални
апликации кои претходно им беа инсталирани на мобилните телефони. Ова е еден од
ретките моменти каде мобилните телефони може да имаат позитивен ефект на
користење во наставата.

На крајот учениците беа ставени во ситуација да пополнат уште една Т-ТАБЕЛА – која од
двете наставнички има посилен глас?.......Едната секако победи !!!

Часот го реализираа предметните наставници Нине Симоновска и Галина Малезаноска


со учениците од 9 одделение.

На часот присуствуваа директорката на училиштето,колеги од одделенска и предметна


настава, претставници од стручната служба во училиштето,како и професори од
Шведска кои беа во посета на нашето училиште.

Нине Симоновска

Галина Малезаноска

You might also like