You are on page 1of 16

Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

Марија ИВАНОВА Прегледно научен


Универзитет Гоце Делчев, Штип труд
Економски факултет
“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXXV,1,2022
UDK:
Д-р Томислав ТАНЕВСКИ 330.354:78
Универзитет Гоце Делчев, Штип
Музичка Академија

ЕКОНОМСКИ ПРИДОБИВКИ ОД МУЗИКАТА

Апстракт: Музиката му претходи на пишаниот збор и е тесно


поврзана со уникатноста на човековата култура. Развојот на
музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на
природните звуци како што се песните на птиците и звуците на
другите животни.
Музиката има своја улога во секојдневниот живот на
човекот, но, таа исто така e главен економски мотор, ги зајакнува
локалните заедници, обезбедува работни места и можности и
поткрепува широк спектар на поврзани деловни и креативни
активности.
Во овој семинарски труд ќе бидат опфатени економските
придобивки кои ги генерира музичкиот сектор, односно влијанието
на музиката врз националната економија, како што е
зголемувањето на продуктивноста на работната сила,
креирањето на нови работни места, придонесот во бруто
домашниот производ како и стекнувањето на даночните приходи
во државниот буџет.

Клучни зборови: музика, економија, вработување, бруто


домашен производ, туризам, даноци

36
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

Вовед

Mузиката е важен дел од начинот на живот на луѓето,


бидејќи игра клучна улога во религиозните ритуали, церемониите
и разни социјални и културни активности.
Потеклото на музиката станува предмет на научно
истражување дури во средината на XIX век, а музиката својата
револуција ја доживува во XX век. Со пронаоѓањето на радиото,
таа добива на широка популарност, а се развиваат и
нови технологии за снимање и репродукција. Во денешно време
музиката се карактеризира со нова слобода, широко експери-
ментирање и нови музички стилови и правци.
Музичката индустрија се состои од поединци и органи-
зации кои заработуваат со пишување песни и музички компо-
зиции, креирање и продавање снимена музика, претста-вување
концерти, како и организации кои помагаат, обучуваат, претста-
вуваат и снабдуваат музички творци.
Музиката освен психолошки и здравстени придобивки,
нуди и економски придобивки за националната економија. Вакви
економски придобивки се: намалувањето на невработеноста,
односно отворањето на нови работни места, значајното учество
во бруто домашниот производ како и остварувањето на даночни
приходи, поттикнувањето на економскиот раст и туризамот преку
привлекувањето на туристи благодарение на различните
концерти и фестивали и слично.

Историја на музиката

Зборот „музика“ е изведен од старогрчки μουσική (mousiké)


„уметност на музите“. Во грчката митологија, деветте музи биле
божици кои ја инспирирале литературата, науката и уметноста и
кои биле извор на знаењето отелотворено во поезијата, песните,
стиховите и митовите во грчката култура. Потеклото на музиката
станува предмет на научно истражување дури во средината на
XIX век. Во тоа време се појавуваат првите теории за настанокот
на музиката и за нејзината улога во животот на првобитната

37
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

заедница. Интересно е дека теориите ги поставуваат научници од


други области, а не музичари.
Една од првите теории за потеклото на музиката ја
поставува англискиот филозоф Херберт Спенсер кој тврди дека
човечкото пеење, слично како кај животните, е плод на вишокот
на енергија која се јавува во моменти на афекти. Оваа состојба на
интензивност на емоциите предизвикува промени на гласот
(кревање, спуштање, забавување или забрзување) во мани-
фестации од музичко значењe. Познатиот научник-биолог Чарлс
Дарвин се обидел да го објасни потеклото на музиката по
биолошки пат. Дарвин тврди дека музиката првобитно претста-
вувала средство за привлекување на спротивните полови,
природно избирање и љубовно повикување кај животните.
Економистот Карл Бихер првпат укажува на тесната врска меѓу
музиката и производството. Бихер смета дека музиката се раѓа од
звуците кои ги придружуваат одмерените движења во работата и
служат таа одмереност да се задржи подолго време. Теоријата на
Карл Штумф, познат германски филозоф и психолог, се базира
врз мислењето дека музиката се развила од криците кои
примитивните луѓе ги користеле како сигнали за комуникација во
секојдневниот живот. Еден од најистакнатите француски музико-
лози Жил Комбарие го доведува потеклото на музиката во тесна
врска со магијата како составен дел од животот во првобитната
заедница.
Во многу култури, музиката е важен дел од начинот на
живот на луѓето бидејќи игра клучна улога во религиозните
ритуали, церемони, социјални активности и културни активности.
Луѓето можат да се занимаваат со музика како хоби или да
работат како професионални музичари или пејачи.
Музиката се компонира и изведува за многу цели,
почнувајќи од естетско задоволство, религиозни или церемо-
нијални цели или како забавен производ за пазарот. Со
доаѓањето на грамофонот, снимките на популарни песни станаа
доминантен начин на кој љубителите на музиката уживаат во
нивните омилени песни. Со доаѓањето на домашните магне-
тофони во 1980-тите и дигиталната музика во 1990-тите, љубите-
лите на музиката можеа да направат касети или плејлисти со

38
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

нивните омилени песни и да ги носат со себе на пренослив


касетофон или MP3 плеер.

Историја на економијата

Поимот економија потекнува од грчките зборови „еко“


(домаќинство) и „номос“ (закон) и претставува општествена наука
што се занимава со изучување на прераспределбата на
ограничените ресурси. Економијата е фундаментална економска
наука којашто го изучува разместувањето (алокацијата) на
ретките, ограничените ресурси кон точките на нивната
најефикасна употреба. Луѓето многу одамна, практично уште од
античко време, се интересирале за економски прашања и теми.
Со појавата на класичната англиска политичка економија и во тој
контекст на Смитовото дело „Истражување на природата и
причините за богатството на народите“, или како што
економистите скратено го нарекуваат „Богатството на народите“,
во 1776 година, економијата станала вистинска наука. Оттогаш,
па се до денес, таа доживува незапирлив подем.
По 1776 година, оваа фундаментална економска
дисциплина најчесто се сретнувала и се изучувала под насловот
Политичка економија. Етимолшки, терминиот ги влечи своите
корени од три грчки збора: „polis“ што значи град, држава, „oikos“,
што значи куќа, домаќинство, стопанство и „nomos“, што значи
правила, принцип, закон. Според тоа, станува збор за закони
принципи на управувањето со куќата, домаќинството,
стопанството и пошироко со државата, со општеството. Замената
на терминот политичка економија со терминот економика го
направил големиот англиски економист и професор по политичка
економија, Алфред Маршал, во 1890 година, кога го објавил
трудот „Принципи на економиката“.
Микроекономијата го претставува оној дел од економската
наука кој го испитува однесувањето на поединечната фирма, на
потрошувачите и на одделните економски сектори во економскиот
живот (на пример: понудата и побарувачката и формирањето на
цените на поединечните пазари на добра и услуги, испитувањето

39
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

на производните трошоци и производните одлуки на фирмите,


како функционираат одделните сегменти на пазарот на
факторите на производство и како се формира нивната цена).
Макроекономијата го испитува начинот на функционирање
на економијата во целина. Макроекономијата го претставува оној
дел од економската наука кој што ги изучува најсинтетичките
економски агрегати на ниво на вкупната економија: стапките на
економскиот раст, односно на движење на бруто домашниот
производ, невработеноста и инфлацијата и нивните меѓусебни
односи, причините за економските циклуси, штедењето,
каматната стапка и инвестициите, надворешно-трговската
размена на земјата, макроекономските политики и нивните
инструменти итн.

Економски придобивки од музиката

Музиката е моќно средство за поврзување на луѓето и ги


премостува јазичните и културните поделби. Музичкиот систем
генерира богати социјални, културни и економски придобивки и е
главен економски мотор кој ги зајакнува локалните заедници,
обезбедува работни места и можности и поткрепува широк
спектар на поврзани деловни и креативни активности.
Креативната уметност е една од најголемите индустрии во
светот. Основен дел од оваа индустрија е музиката која може да
се најде во секој аспект од нашиот секојдневен живот. Луѓето
слушаат музика додека возат, учат, се релаксираат, готват или
прават некоја друга рутинска активност во денот. Музиката може
многу да влијае на економијата на една земја на многу позитивен
начин. Музичката индустрија ја сочинуваат поединци и
организации кои заработуваат со пишување песни и музички
композиции, креирање и продавање снимена музика, претста-
вување концерти, како и организации кои помагаат, обучуваат,
претставуваат и снабдуваат музички творци.

40
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

Во првите децении на 2000-тите, музичката индустрија претрпе


драстични промени со појавата на широко распространета
дигитална дистрибуција на музика преку Интернет.
Музиката, односно музичката индустрија влијае врз
националните економии на повеќе начини.

Вработеност

Вработеноста ја сочинуваат лицата кои што се вработени


на различни работни позиции и за својот труд добиваат соодветен
надомест, односно плата. Вработувањето е договор меѓу
две страни, од кои едната претставува работодавач а
другата вработен. Спротивно на вработеноста е невработеноста
која е социјално-економска појава, при која дел од актив-
ната работна сила во определена држава или регион бара
работа, но истата не може да ја пронајде.
Музиката создава бројни можности за работа за поединци
бидејќи продукцијата на музика бара многу активности и кадри.
Продукциските куќи и студија имаат различни работни позиции
како што се инженери за снимање, музичари, музички продуценти,
композитори и менаџери, и сите тие играат различни улоги во
производството на музика. Можности за работа дава и
продажбата на музиката по нејзината продукција. Луѓето
заработија многу пари продавајќи музика кога беа во форма на
ЦД-а. Меѓутоа, во ерата на компјутерите, каде што сега сè е
дигитално, пазарот за продажба на музика многу се прошири.
Многу компании развија музички апликации каде што луѓето
можат да проследуваат и купуваат песни онлајн. Ова создаде
неколку можности за работа за луѓето бидејќи се потребни многу
технички вештини за креирање и управување со тие онлајн
апликации. Многу компании ги создадоа овие музички апликации
и како резултат на тоа, ангажираа многу луѓе да работат за нив.
Настаните во живо и музичките концерти, исто така,
обезбедуваат можности за вработување. Организацијата на овие
настани бара многу технички придонес и обезбедуваат можности
за работа за инструменталисти, инженери за звук, сценски

41
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

дизајнери, фризери и шминкери, огласувачи и декоратори.


Земјите генерираат многу приходи и даноци кога се организираат
овие концерти. Владите имаат огромна корист од таксите за
регистрација, даноците, изложбените простори, продажбата на
подароци и продажбата на авторски права на медиумите кога
организираат музички фестивали.
Во 2018 година музичкиот сектор директно или индиректно
го поддржа вработувањето на два милиони луѓе низ ЕУ27 (земјите
членки на Европската Унија) и Обединето Кралство, со полно
работно време, со скратено работно време и самоврабување, а
65% од нив односно 1,3 милиони луѓе се вработени во самиот
музички секотор. Ова значи дека за едно од 119 лица
вработувањето беше зависно од музичкиот сектор. Ова беше 2,1
пати поголема бројка од луѓето кои биле вработени во
информативната служба, 24% повисоки од директните врабо-
тувања во европскиот аудиовизуелен сектор, и 16% поголема од
вработеноста во производство на моторни возила во истата
година.
Музичкиот сектор преку синџирот на снабдување од
останатите сектори на економијата, се проценува дека поддржал
вкупно 368 000 вработувања. Потрошувачката на потрошувачите
финансиран од исплата на платите од фирмите во музичкиот
сектор се проценува дека стимулираше 336 000 работни места
низ ЕУ27 и ОК. Се проценува дека со мултипликатор на
вработување од 1,5 на секои 1 000 луѓе вработени во музичкиот
сектор, беа поддржани уште 500 работни места на луѓето на друго
место во економијата.

Производство и продуктивност

Производството е процес на комбинирање на разни


материјални и нематеријални инпути со цел да се добие нешто
што служи за потрошувачка (аутпут). Продуктивност претставува
мерка на способноста на производните фактори за создавање
производи и услуги.

42
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

На пример, продуктивноста на трудот го покажува бројот или


вредноста на производите по еден работник или по единица
време.
Музиката ја зголемува продуктивноста на работно место.
Научно е докажано дека луѓето кои слушаат весела музика додека
работат се покреативни и попродуктивни. Истражувањата
покажале дека слушањето музика без текст може да го подобри
вниманието и перформансот. Воглавно, оваа музика има ефект
на „бела врева“, каде што слушателите искусуваат подобрена
емоционална состојба. Научниците биле заинтересирани за оваа
тема со години и неодамнешните истражувања дале одговори за
тоа дали музиката помага во когнитивните перформанси и
работната продуктивност. Истражување од 1993та година
покажало дека слушањето на Моцарт пред одговарање на IQ тест
ги подобрува перформансите и дава подобри резултати. Ова
сознание го нарекле „Моцарт ефект“, а истото во 1999та
година се надоградило со ново истражување кое потврдило дека
музиката на Моцарт не ги подобрува когнитивните перформанси
директно, туку позитивно влијае на расположението и со тоа се
намалува нивото на стрес и така се подобруваат когнитивните
способности во согласност со нивниот капацитет. Луѓето кои
слушаат весела музика имаат зголемено количество на хормони
на среќа и задоволство во крвта – допамин и серотонин. По
слушање на весела музика, луѓето се повеќе подготвени да
преземат ризици и акција, одошто луѓето кои слушале тажни
стихови и тажна музика. Музиката го подобрува здравјето и
функцијата на мозокот, а често ги чувствуваме придобивките без
воопшто да знаеме дека музиката е причината.
Освен врз луѓето, музиката има влијание и врз животните
и растенијата. Мехмет Акѓул, фармер од Турција, вели дека
кравите произведуваат повеќе млеко кога слушаат класична
музика. Мехмет мотивиран од мислата дека музиката ги
релаксира луѓето, па зошто не би било исто и со животните, го
започнал овој експеримент пуштајќи има музика на животните. Со
ваквата класична музикотерапија, забележал дека има
зголемување на приносот на млеко за 5% и намалување на
болестите кај животните. Исто така, бројни студии покажаа дека

43
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

музиката промовира побрз и поздрав раст на растенија. Во 1962


година, индиски ботаничар открил дека одредени растенија
растат дополнителни 20% во висина кога се изложени на музика.
Сопственик на стаклена градина експериментирал со неколку
видови растенија и различни жанрови на музика и утврдил дека
растенијата што „слушале“ рок музика брзо се влошувале и
умирале, додека растенијата напредувале кога биле изложени на
класична музика. Истражувачите од еден канадски универзитет
открија дека приносите од жетвата на пченицата речиси се
удвоиле кога се изложени на вибрации со висока фреквенција.
Ефектот на музиката врз растот на растенијата не настанува од
„звуците“ на музиката, туку од вибрациите создадени од звучните
бранови. Вибрациите предизвикуваат движење во растителните
клетки, што го стимулира растението да произведува повеќе
хранливи материи.

Даночни приходи

Данокот е јавен приход кој произлегува од обврската што


ја наложува државата на граѓаните и на претприја-
тијата задолжително да издвојуваат дел од својот приход или
имот за задоволување на државните потреби. Основната
функција на даноците е фискална, но многу често тие се користат
за постигнување на определени економски и социјални цели.
Оданочувањето е витален дел од работењето на владите низ
целиот свет, дозволувајќи тие да преземат инфраструктурни
проекти, да обезбедат јавност услуги и да ги исполнат нивните
фискални обврски.
Музичкиот сектор директно и индиректно (преку
ангажирање на другите сектори) придонесува за прибирање на
данок на имот, данок на приход, данок на добивка, ДДВ, плаќање
за изнајмување на државно земјиште и слично. Сите овие
плаќања претставуваат приходи за државниот буџет. Музичкиот
сектор се проценува дека придонел или стимулирал други
сектори да придонесат 31 милијарда евра даночни приходи во
ЕУ27 и ОК во 2018 година, кои претставуваат 19,4% од вкупниот
буџет.

44
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

Само во рамките на ЕУ27, секторот поддржа 26,2 милијарди евра


даночни придонеси.

Туризам

Туризам е стопанска дејност која вклучува патување за


рекреација, одмор или бизнис цели. Музиката го зајакнува
туристичкиот сектор на многу земји. Туризмот е важен сектор на
економијата на многу земји, обезбедува огромен приход и ѝ
овозможува на земјата да постигне меѓународно признавање. На
уметниците и луѓето од музичката индустрија може да им бидат
доделени меѓународни награди и тоа позитивно влијае на името
на земјата на која припаѓаат. Туристите може да посетат некоја
земја затоа што ја сакаат нивната музика и сакаат да знаат повеќе
за културата на таа земја. За време на нивната посета, тие обично
трошат многу и тоа во голем обем може да го подобри бизнисот
на локалното население во земјата.
Музичките концерти и фестивали исто така привлекуваат
многу туристи во една земја. Многу луѓе патуваат за да ги гледаат
нивните омилени уметници и бендови од различни земји како
настапуваат во живо. Присутните на овие шоуа трошат пари и
надвор од терените на настанот, со што ја поттикнуваат
локалната економија. Музичките емисии и фестивали, исто така,
обезбедуваат бесплатен маркетинг и рекламирање за локалните
бизниси со тоа што туристите ги споделуваат своите возбудливи
откритија и искуства кога ќе се вратат во нивните земји. Во време
кога интернетот е лесно достапен и го користи мнозинството од
општеството, туристите објавуваат слики, видеа и коментари за
нивните искуства на социјалните мрежи, тоа носи големо
внимание на земјата и привлекува други луѓе да ја посетат. Сепак,
за да може овие музички концерти и фестивали да носат успех,
мора да се градат нови патишта и автопати, да се создадат
паркови, да се надградат јавните места, да се направат нови
аеродроми, за да се привлечат многу туристи. Кога тоа ќе се
случи, економските придобивки од успешните фестивали ќе се
рашират низ локалната економија, што ќе резултира со
значителен раст на туристичката индустрија во земјата.

45
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

Економски раст и бруто домашен производ

Бруто-домашен производ (БДП) ја покажува


вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра
и услуги во една земја за период од 1 година. Економскиот раст
може да се дефинира како зголемување или подобрување на
пазарната вредност прилагодена според инфлацијата на стоките
и услугите произведени од една економија со текот на времето.
Во секоја фаза од вредносниот синџир во сите делови на
музичкиот сектор, од уметници и издавачки компании, до
продавачите на музика и изработувачи на инструменти, се
создава економска вредност. Преку генерирање профит, исплата
на плати и купување на стоки и услуги, музичкиот сектор има
позитивно влијание врз БДП. Мултипликаторот на БДП се користи
за да се процени степенот до кои еден сектор ја стимулира
економската активност пошироко во економијата.
Во 2018 година музичкиот сектор поддржал 81,9 милијарди
евра бруто-додадена вредност во БДП во ЕУ27 и ОК. Оваа
вредност е поголема од БДП на 9 земји членки на ЕУ (Луксембург,
Бугарија, Хрватска, Словенија, Литванија, Латвија, Естонија,
Кипар, Малта) во истата година.
Директниот придонес на музичкиот сектор во БДП на ЕУ27
и ОК изнесуваше 37,5 милијарди евра, односно вредност од 46%
беше генерирана од самиот сектор. Ова беше за 1,5 поголем од
придонесот во БДП на светски познато производство на вино и
пиво во ЕУ и Обединетото Кралство. За секое 1 евро во БДП
директно генерирана во 2018 година, музичкиот сектор го
поддржа создавањето на дополнителни 1,20 евра БДП на други
места во економијата. Затоа се вели дека музичкиот сектор има
„множител на БДП“ од 2.2, а големината на овој мултипликатор
го одразува високото ниво на набавки на музичкиот сектор од
другите сектори во економијата. Музичкиот сектор придонесува и
преку набавките на стоки и услуги (индиректното влијание), како и
со платите што ги исплаќа а кои потоа се трошат во
потрошувачката економија за купување на добра и услуги од
страна на потрошувачите (индуцираното влијание). Во 2018

46
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

година беа генерирани дополнителни придонеси во БДП на ЕУ27


и ОК од 22,8 милијарди евра од набавки и 21,6 милијарди евра од
исплатата на платите од музичкиот сектор.

Слика 1: Влијание на музичкиот сектор врз економијата

Издавачките компании се проценува дека во 2018 година


потрошиле 61% од своите расходи за набавки на инпути на стоки
и услуги од музичкиот сектор, како плаќања на изведувачи, автори
или издавачи, студија за снимање, а преостанатите 39% се
состојат од трошење на стоки и услуги од субјекти надвор од
музичкиот сектор, како правни услуги, комунални услуги итн.
Мултипликаторот на БДП изнесува 2,8, а тоа значи дека за секое
1€ во бруто вредност, издавачките куќи придонесоа за 1,80€ на
друго место во економијата.

Извоз

Извозот во меѓународната трговија е производ или


услуга произведена во една земја што се продава во друга
земја. Продавачот на такви добра и услуги е извозник, а стран-
скиот купувач е увозник.
Музичкиот сектор го поттикнува извозот на добра и услуги
кои што се поврзани со музиката, како: снимачи на звук, музички
инструменти, радија, слушалки, телефони, mp3 плеери, лаптопи,

47
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

ЦД-а и слично. Во 2018 година музичкиот сектор оствари приход


од 9,7 милијарди евра од извоз во земји надвор ЕУ27 и ОК, со тоа
извозот на музика генерира 13% повеќе приходи отколку извозот
на сите европски вина. За секој долар создаден од музичките
активности, се создаваат дополнителни педесет центи во
соседните бизниси или полиња, што илустрира дека музиката
постојано работи над својата економска тежина со множител на
приходите од 1,5 пати.
Во ЕУ27 и Обединетото Кралство издавачките компании,
музички издавачи и аудио стриминг услугите генерираа 4,7
милијарди евра (49%) од извозот. Продажбата на стоки и услуги,
материјални и нематеријални, на клиентите (компании или
потрошувачи) во остатокот од светот создава приход за ЕУ27 и
ОК. Ова е дополнителен приход за тие земји, и со овој приход се
стимулира дополнителна економска активност и вработување кое
во спротивно не би се случило.
Во 2018 година преку извозот на физички добра кои се
припишуваат на музичкиот сектор, ЕУ27 и ОК остварија приход од
околу 5 милијарди евра, од кои вкупно 2 милијарди евра се од
уреди за снимање на звук и апарати за репродукција (слушалки,
звучници, микрофони), 1 милијарди евра од извоз на паметни
телефони, таблети, и лаптоп компјутери, 960 милиони евра од
извозот на ЦД-а и винил плочи и 680 милиони евра од продажбата
на мјузички инструменти.

Слика 2: Приходи од извоз на физички добра поврзани со


музиката

48
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

Заклучок

Mузиката е важен дел од начинот на живот на луѓето и


освен психолошки и здравстени придобивки, нуди и економски
придобивки за националната економија. Музиката игра голема
улога во поддршката на производи и програми создадени за други
медиуми. Практично сите филмови, телевизија, рекламирање и
видео игри вклучуват музика што се користи да се привлече
вниманието на потрошувачите.
Директното влијание на музиката врз еконкомијата се
однесува на економската активност и вработувањата генерирани
од самиот музички сектор. Индиректното влијание се однесува на
економската активност стимулирана низ синџирот на снабдување
на музичкиот сектор надвор од музичкиот сектор, со набавка на
немузички инпути на стоки и услуги од добавувачите.
Индуцираното влијание ги опфаќа пошироките економски
придобивки кои произлегуваат од исплата на плати од страна на
музичкиот сектор и фирмите во нивниот синџир на снабдување,
кои понатаму се трошат за купување на добра и услуги, плаќање
на даноци и слично, со што се стимулира економијата.
Музиката ги зајакнува локалните заедници, обезбедува
работни места, ја зголемува продуктивноста, го поттикнува
туризмот, поткрепува широк спектар на поврзани деловни и
креативни активности и проморива мир и заедништво во светот.

49
Марија Иванова / Д-р Томислав Таневски - Економски придобивки од музиката

Marija IVANOVA
Tomislav TANEVSKI, Ph.D.

ECONOMIC BENEFITS OF MUSIC

Abstract: Music precedes the written word and is closely related to


the uniqueness of human culture. The development of music between
humans takes place against the background of natural sounds such
as the songs of birds and the sounds of other animals.
Music has a role to play in everyday life, but it is also a major
economic engine, empowering local communities, providing jobs and
opportunities, and supporting a wide range of related business and
creative activities.
This seminar paper will cover the economic benefits generated
by the music sector, ie the impact of music on the national economy,
such as increasing labor productivity, creating new jobs, contributing
to the gross domestic product and gaining tax revenues in the state
budget.

Key words: music, economy, employment, gross domestic product,


tourism, taxes

50
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 36 - 51

Користена литература

1. Таки Фити “Oснови на економијата” четврто издание, Скопје


2014
2. Pratt W.Selden - The History of Music; New York 1981
3. European Commission 2020. “EU Expenditure and Revenue
2014-2020.”
4. IFPI 2019. “Record Companies: Powering the Music
Ecosystem”
5. UK Music 2019. “Music By Numbers 2019.”
6. https://en.wikipedia.org/wiki/Music_industry
7. https://www.gardeningknowhow.com/garden-how-to/info/how-
music-affects-
plantgrowth.htm?fbclid=IwAR2X9mEKdoZ56cJgXNN8LLmUQ
JFla3KTtvL8I7SBjsgioQrXAakQ634A67c
8. https://www.classicfm.com/music-news/classical-music-
increases-cows-milk-
yield/?fbclid=IwAR1I5jiv056x4gJzpJIuUWoZzyT6issyojM-
pZcjMt7RVtNM4tVG76hO4FI
9. https://en.wikipedia.org/wiki/Music

51

You might also like