You are on page 1of 31

ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Д-р Васил ДРВОШАНОВ ПРИКАЗ


“ПРОСВЕТНО ДЕЛО“
LXXV,1,2022
UDK:
811.163.3'373.21(497.787)
(049.3)

ДРАГОЦЕНО ТОПОНОМАСТИЧКО ДЕЛО


(Мери Јосифовска. Топонимијата на Крушевско.
Скопје: Книгоиздателство МИ-АН, 2019) – Прв дел

Во македонската наука за јазикот малкумина се авторите,


кои се определуваат да истражуваат само едно лингвистичко
поле. Таков научник е Мери Јосифовска посветена на научните
истражувања од областа на ономастиката во Македонија и тоа на
двете ономастички гранки: на топономастиката и на антропо-
номастиката. Нејзиното име како авторка на ономастички написи
се среќава три децении во македонската и во странската
периодика. Освен тоа, таа е коавторка на трудот Речник на
личните имиња во македонското народно творештво (Скопје:
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2008).
Нашето внимание го привлече нејзиниот самостоен научен
труд Топонимијата на Крушевско, поделен во шест целости:
„Увод“, „Ојконимијата на Крушевско“, „Лексичко-семантичка
класификација на топонимите од Крушевско“, „Структурно-грама-
тичка класификација на топонимите од Крушевско“, „Дијалектните
особености на крушевскиот говор, кои се рефлектирале во
топонимите на Крушевско“ и „Лексиката вградена во топонимите
од Крушевскиот Регион“, на кои им претходи Предговор. Делото е
заокружено со Заклучок, Регистар на топонимите во Крушевско,
Список на користените скратеници и Библиографија.

5
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Во Предговорот (5–8) авторката Мери Јосифовска ги


објаснува побудите што ја мотивирале да го изработи
поднасловениот труд. Имено, уште за време кога го работела
магистерскиот труд „Антропонимискиот систем во Крушевско“
дошла на идеја да ја заокружи онимијата на еден конкретен
регион од македонскиот јазичен ареал, бидејќи такви трудови
дотогаш немало во македонската ономастика. Освен тоа,
авторката забележува дека од голема полза ѝ биле „веќе воспо-
ставените контаткти со информаторите од претходните теренски
истражувања во овој регион“.
Во Предговорот, исто така, се наведува дека неколку-
годишната научна работа се одвивала во четири фази.
Во првата фаза, т.е. во текот на 2006 и 2007 година, таа го
собирала топонимискиот материјал, при што од градот и од
околните 23 села собрала вкупно 2 520 топонимиски единици од
повеќемина типични претставници на населените места, споме-
нувајќи ги имињата на триесетина информатори, нивната возраст
и нивните постојани живеалишта. Авторката нагласува дека во
некои населби одела повеќепати со цел да го дополни, да го
провери и да го доуточни материјалот, запознавајќи се со
конфигурацијата на теренот и здобивајќи се со чувство за ориен-
тација во просторот.
Во втората фаза од собраниот материјал била формирана
основната топонимска база, којашто ја претставувала топони-
мијата во Крушевско на синхрониски план. Авторката го споре-
дувала нејзиниот материјал со материјалот од топонимиската
картотека во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од
Скопје, којшто ја давал сотојбата од 60-тите години на XX век.
Потоа Јосифовска ексцерпирала топонимиски материјал од
пишувани извори што се однесувале на испитуваниот крај, а
последното дополнување на топонимискиот материјал го напра-
вила со увид во топографски карти и во катастарски планови за
целиот терен. Авторката забележува дека од значајна помош ѝ
бил и Геогафскиот топонимиски речник на Република
Македонија од Николина и Илија Петрушевски во кој имало
прецизни податоци за географската положба на топонимите.

6
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Во третата фаза Јосифовска го дигитализирала, го


уазбучила и го осмислила целосниот изглед на Регистарот на
топонимите, каде што се дава „информација за населеното место
на коешто му припаѓа тој топоним, како и опис на географскиот
објект што е именуван со него“.
Во четвртата фаза авторката пристапила кон научна
анализа и лингвистичка обработка на топонимите, применувајќи
ја современата топономастичка методологија.
Во „Уводот“ (9–22) се даваат: опис на теренот и на насе-
лението, определба на границите, географската карактеристика
(на реките, планините, рамнините, сообраќајните врски, на
климата) и историски податоци за градот, за миграциите и за
архитектурата.
Крушевскиот Регион, нотира авторката, се наоѓа во запад-
ниот централен дел на нашата држава, граничејќи се на север со
Македонски Брод, на северозапад со Кичево, на југ со Демир
Хисар и со Битола, а на исток со Прилеп. Конфигурацијата на
земјиштето во најголем дел е ридско-планинска што е
најподатлива за именувања на географските објекти. Јосифовска
го наведува Крушево и имињата на 23 околни села, чија
топонимија е предмет на истражување во монографијата. Освен
тоа, таа споменува дека општината Крушево во 1991 година
имала 12 620 жители, посочувајќи го бројот на жителите за секое
населено место. Авторката забележува дека во испитуваното
подрачје населението е со различна етничка припадност и со
различна верска определба. Во градот, нотира Јосифовска, има
Македонци и Власи, кои се со православна вера, додека во
селата: Арилево, Бучин, Врбоец, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци,
Кочишта, Локвени, Острилци, Подвис, Пуста Река, Растојца,
Свето Митрани и Селце живеат само Макдонци. Во селата:
Алданци, Белушино, Борино, Житоше, Јакреново, Норово,
Пресил и Саждево живее мешано население со муслиманска
вероисповд (Македонци, Албанци, Турци и Санџаклии), додека во
селото Милошево живеат Македонци, Срби и Хрвати, а селото
Бирино, во кое живееле Македонци и Власи, е иселено пред 40
години.

7
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Треба да се забележи дека Јосифовска дава мошне


прецизни граници на Крушевскиот Регион. Имено, нотира
авторката, природната граница започнува од ридот Б'еў-Камен,
којшто е крајна северна гранична точка на Крушевскиот Регион со
прилепскиот атар. Границата умерено се спушта во југозападен
правец, поминувајќи низ месностите Пр'исој и Ч'ука, обележувајќи
ја границата со Прилепско, сè до врвот Ц'рн-Камен (висок 1 234 м,
во северозападниот дел на Б'уша: Пл'анина), каде што се наоѓа
тромеѓето меѓу Крушевско, Бродско и Прилепско. Границата
продолжува во истиот правец, долж Б'уша: Пл'анина и нејзините
врвови Мус'ица (висок 1 780 м) и К'озјак (висок 1 764 м), како и
планинскиот превој Вр'ата (висок 1 416 м), па сè до месноста
Ст'рмоў (висока 1 235 м), каде што се наоѓа тромеѓето меѓу
Крушевско, Бродско и Кичевско. Јосифовска забележува дека
тука завршува северната граница на Крушевскиот Регион и
започнува неговата западна граница со кичевскиот атар, којашто
се движи во правец на Ст'рмоў до месноста Б'аўтин, каде што се
наоѓа тромеѓето меѓу Крушевско, Кичевско и Демирхисарско.
Движејќи се во овој правец, нотира авторката, границата минува
ниц месностите Д'абра со врвот Ст'удено (висок 1 532 м),
Кр'ушка, К'ула и Љ'убен Пл'анина со највисоката точка Ц'рни-Врв
(висок 1 558 м). Кај месноста Б'аўтин границата врти на исток,
минува долж Копит'енски-Рит (висок 1 537 м), па оди сè до
Виш'енски-Рит (висок 1 226 м), за оттаму да продолжи во правец
на југ. Природната граница на Крушевскиот Регион во овој дeл се
совпаѓа со планината Љ'убен, а нејзините месности (Шаўк'о–ца,
Д'абица, Бел'ано: и В'ртешка) ги претставуваат граничните атари
меѓу крушeвските села (Долно Дивјаци и Кочишта) и
демирхисарските села (Зашле и Брезово). Кај месноста В'ртешка
границата врти кон југоисток и во тој правец се движи сè до т.н.
Ј'аре: Л'ивада и Р'але: П'адина (месности и тромеѓа меѓу
крушевското село Бирино и демихисарските села Журче и Света).
Ова е јужната граница на Крушевскиот Регион, којашто го дели од
Демирхисарско уште и со следните месности: В'иништа,
Р'амништа, Лисич'ин-Камен (висок 861 м), Ѓокч'еф-Камен,
Длаб'оки-Доў и Д'оўги-Рит (гранични атари меѓу крушевските
села Кочишта, Растојца, Острилци, Бирино и демирхисарските

8
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

села Брезово, Радово, Ракитница, Журче и Света). Кај месноста


Ј'аре: Л'ивада границата продолжува на југ кон својата најјужна
точка – месноста П'ачкоец (висока 615 м), којашто наедно е и
граничен атар со битолското село Трновци. Природната граница
во овој правец минува низ следните места: Мартин'а-Плоча
(стрмнина и граничен атар помеѓу селата Света, Демирхисарско
и Трновци, Битолско), Марко'а-Нога (карпеста месност и тромеѓе
на селото Бучин, Крушевско со селата Света, Демирхисарско и
Трновци, Битолско), П'отка (месност на северната падина на
Ниџе Планина и граничен атар меѓу селото Бучин, Крушевско и
Трновци, Битолско) и реката Метл'ушница. Од крајната јужна
точка (месноста П'ачкоец) границата се движи кон север до ридот
Б'еў-Камен со што се затвора кругот наречен Крушевски Регион.
Месностите Л'утики, Стредн'о-Поле (тромеѓе помеѓу селото
Бучин, Крушевско со селата Трновци, Битолско и Воѓани,
Прилепско), Пл'оче, Сал'ица, Кр'ајни-Рит, Гол'ем-Скапец,
Опал'е–нца, Масл'арица, Б'орско, Сажд'е–ца и Б'озишта ја
определуваат источната граница на Крушевскиот Регион, којашто
наедно е и природна граница со Прилепскиот Регион.
Во однос на географската карактеристика Јосифовска
забележува дека Крушевскиот Регион е ридско-планински крај, во
кој централно место зазема единствената градска населба
Крушево, еден од највисоките градови на Балканот, чија
надморска височина изнесува 1 400 м. Градот лежи на западната
планинска периферија на Битолско-Прилепската Котлина, на
источниот дел од висорамнината Железник, во изворниот тек на
Крушевск'а-Река.
Од хидрографски аспект авторката нотира дека
Крушевскиот Регион се карактеризира со слаба и неразвиена
мрежа. Има многу извори, потоци, кладенци и суводолици.
Најзначаен водотек е реката Ц'рна, којашто тече во јужниот дел,
во атарот на селото Бучин околу 5 км, почнувајќи од кај јазот
К'офчек во месноста Лој, поминува источно од селото Бучин и
завршува кај месноста Стредн'о-Поле, каде што продолжува да
тече низ Битолското Поле.

9
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Втор водотек по големина е реката Бл'ато, лева притока


на Ц'рна, којашто со мал тек од 1,5 км поминува низ атарот на
селото Подвис, совпаѓајќи се со границата помеѓу крушевското
село Подвис и прилепското село Вранче. Десна притока на
Бл'ато е Крушевск'а-Река, којашто во горниот тек е позната како
Голем'а-Река, каде што е изведена мелиорацијата на
Крушевското Езеро. Оваа река е резултат од повеќе извори,
потоци и рекички, коишто се слеваат од месностите Габ'еро:,
Сл'ивје и Стан'ич. Кај ридот Гавранец, Алданечко во неа се влева
Нороск'а-Река, којашто во горниот тек се вика Селечк'а-Река. Во
месноста Ч'аир, којашто се протега во граничниот атар на селата
Пресил, Крушевско и Воѓани, Прилепско, Крушевск'а-Река
навлегува во Прилепското Поле, влевајќи се во реката Бл'ато, во
атарот на селото Крушеани, Прилепско.
Освен споменатите реки, во Крушевскиот Регион реката
Ц'рна во горниот тек има две леви притоки. Првата притока е
реката Ж'аба, којашто извира во атарот на селото Пуста Река,
каде што е позната како Пусторечк'а-Река. Таа тече низ селата
Долно Дивјаци, Кочишта, Растојца, Ракитница и Ново Село. Кај
ридот Д'абинци, во граничниот атар меѓу селата Растојца,
Крушевско и Ракитница, Демирхисарско, реката Ж'аба навлегува
во Демирхисарскиот Регион, при што во месноста Бал’'о–ца во
близина на демирхисарското село Прибилци Ж'аба се влева во
Црн'а-Река. Втората притока е Острилечк'а-Река, формирана од
две рекички: од Длабок'а-Река, којашто извира во месноста
Грнч'арица, Крушевско и од Сувод'олица, којашто извира во
месноста П'орта, Крушевско. Двете рекички се преточуваат во
еден водотек кај месноста Рук'а–ца и кај месноста Длаб'оки-Доў
навлегува во Демирхисарскиот Регион, каде што водотекот е
познат како Жур'ешница или Журечк'а-Река. Кај селото Сладуево,
Демирхисарско Жур'ешница или Журечк'а-Река се влева во
Црн'а-Река.
Авторката забележува дека водостојот на реките е
најголем за време на врнежите и топењето на снеговите, при што
се образувале длабоки долови, како што се: Д'оўче, К'иркинец и
Л'апни-Доў (околу Крушевск'а-Река), Кост'адина, Л'еско: и
Шаб'аноф-Доў (околу Селечк'а-Река), Арна'утски-Доў, Лива'оски-

10
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Доў, Марк'о–чки-Доў, Парич'екоф-Доў, Св'ињо–ц, Црв'е–нчки-Доў


и Ш'опур (околу реката Ж'аба), Гарван'ечки-Доў, Длаб'оки-Доў и
Р'алеф-Доў (околу Острилечк'а-Река).
Јосифовска нотира дека повеќето водотеци во
Крушевскиот Регион се губат во полињата поради слабиот
хидрокапацитет, понираат или пресушуваат. Меѓутоа,
попостојани водотеци се реките Ж'аба, Нороск'а-Река, Бл'ато и
Црн'а-Река.
Во однос на орографијата авторката забележува дека
Крушевскиот Регион е претежно ридско-планински предел со
надморска височина од 600 до 1 800 м. Ридовите и планините се
дел од т.н. динарска верига, позната и како западновардарска или
пелагониска група планини. Централното место го зазема Б'уша:
Пл'анина, којашто се протега меѓу Прилепското Поле и реката
Треска, а нејзин највисок врв е Мус'ица (висок 1 780 м), којшто се
наоѓа северно од селото Горно Дивјаци. Втор врв по височина е
врвот К'озјак (висок 1 764 м), којшто се протега северно од селото
Пуста Река. Преку него оваа планина се поврзува со малата
планина Б'аба-Сач, северно од кичевското село Цер. На
североисток, преку преслапот Б'арбарос, Б'уша: Пл'анина се
приклучува кон планинскиот венец Даутица–Караџица–Јакупица.
На југ има мала врска со Древ'еничка Пл'анина, преку која се
поврзува со планината Б'игла. Еден од ограноците на Б'уша:
Пл'анина е познат како Кр'ушеска Пл'анина. Тука се наоѓа
историското место Мечк'ин-Камен (високо 1 338 м). Кр'ушеска
Пл'анина уште е позната под името Илинденска, односно Илинска
Планина. Градот Крушево го опкружува бујна борова шума
позната под името Крушевска Корија.
Населението во ридско-планинскиот дел на Крушевскиот
Регион, нотира авторката, живее во следните населби: Крушево,
Арилево, Горно Дивјаци, Долно Дивјаци, Кочишта, Острилци,
Пуста Река и Растојца. Раселеното село Бирино денес
прераснува во туристичка и ловџиска викенд населба.
Крушевскиот Регион во својот источен дел, регистрира
Јосифовска, зафаќа мала површина од Пелагониската Низина на
линијата Бучин–Саждево, во правецот југ–север. Од месноста
Марко'а-Нога до месноста Стредн'о-Поле од бучинскиот атар,

11
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

долж течението на Црн'а-Река, Крушевскиот Регион зафаќа дел


од Битолското Поле, а од месноста Стредн'о-Поле до месноста
Б'озишта во атарот на селото Саждево тој зафаќа дел од
Прилепското Поле. Во овој рамничарски дел на Крушевскиот
Регион населението живее во следните 15 населби: Бучин,
Саждево, Пресил, Милошево, Свето Митрани, Врбоец, Алданци,
Подвис, Локвени, Норово, Житоше, Борино, Јакреново, Белушино
и Селце.
Во поглед на сообраќајните врски Крушевскиот Регион,
забележува авторката, има регионални патишта од Крушево во
два правца. Првиот правец е кон Прилеп преку селата Алданци и
Кривогаштани, а вториот правец е кон селото Сладуево,
Демихисарско, преку селата Острилци и Журче, којшто е врската
со Демир Хисар и Битола, од едната, а со Кичево од другата
страна. Освен тоа, има локален пат од Крушево за селото Цер,
Кичевско, преку Арилево, Долно Дивјаци и Пуста Река, којшто е
делница на регионалниот пат Кичево–Демир Хисар.
Во однос на климата Јосифовска нотира дека Крушевскиот
Регион се карактеризира со умерено-континентална клима, со
силно влијание на планинската клима од запад и на котлинската
клима од исток. Климата се одликува со подолги и студени зими и
со свежи лета, при што најстуден месец е јануари, а најтопол е
август. Треба да се спомене дека овој регион е познат по многу
врнежи од дожд и снег, чија покривка во Крушево може да
достигне и до два метри, којашто трае дури до март.
Во „Уводот“ авторката се осврнува и на историските
податоци за градот, при што се мислело „дека Крушево е
релативно нова населба, настаната во XVIII век“, чие
настанување се поврзувало со доаѓањето на Власите – сточари.
Меѓутоа, „денес науката располага со научни, автентични и
писмени докази од турско потекло за тоа дека Крушево е населба
многу постара од XVIII век и дека засега најстариот податок е од
1467/68 година“ што значи дека Крушево настанало пред
доаѓањето на Власите на овие простори. Потврда за тоа, помеѓу
другите, дава и Селишчев во своето дело Македонские кодики
XVI–XVIII веков, каде што ја наведува формата kru{µvo.

12
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Населението кое се доселувало во овој регион во текот на четири


века било со различна етничка припадност и со различна верска
определба. Најверојатно прво се доселило сточарско номадско
население од македонско и од албанско потекло. Власите се
населувале во четири наврати од Москополе и од планината
Грамос и придонеле Крушево постепено да добие градски
карактер. Во првата половина на XIX век во Крушево дошле многу
Македонци од крушевските, демирхисарските, прилепските и од
мијачките села со што се забрзал стопанскиот, економскиот и
општествениот развој. Меѓутоа, за време на Илинденското
востание во 1903 година „биле разурнати една третина од
градските куќи (околу 600 куќи), а многу граѓани биле брутално
убиени или ограбени од турските поробувачи“, така што бројот на
жителите се намалил од 11 000 жители, колку што биле во текот
на целиот XIX век, во 1921 година да се сведе само на 3 862
житела. Врз основа на историските податоци Јосифовска
констатира дека Крушево главно се населувало од втората
половина на XVIII век до почетокот на XIX век од Власи и од
Македонци.
Јосфовска забележува дека Крушевскиот Регион го
зафатила миграцијата на населението на релацијата село–град
со што се загрозува опстанокот на селата. Селата коишто порано
броеле по 400–500 жители денес имаат само 20–30 жители
претежно се постари лица за што сведочат разрушените
училишта и напуштените куќи. Од Крушево населението мигрира
кон поголемите градови како што се Прилеп, Битола и Скопје, така
што Крушевскиот Регион е еден од поретко населените региони
во државата. Авторка наведува дека природниот раст на
населението е негативен (-1,4), додека морталитетот изнесува
речиси 12. Густината на населението е 2 житела на хектар или 50
жители на квадратен километар, а просечната старост на
населението е 38 години. Авторката сигнализира дека
„Крушевскиот Регион е изложен на бавно уништување и
пропаѓање, факт кој бара алармантна реакција и итно воведување
на санкции од страна на владините органи“.

13
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Во однос на архитектурата Јосифовска забележува дека


Крушево е градска населба во планински амбиент. „Зафаќа
природен амфитеатрален предел, со слободна диспозиција на
куќите коишто се поставени наизменично една врз друга, а
органски се поврзани со теренот и со пејзажот“ со што на градот
му се овозможуваат слободни видици. Урбаната структура на
градот се состои од чаршија и маала, од кои попознати се: Влашко
Маало, Мијачко Маало, Арнаутско Маало, Струнга Маало и др.
Уличната мрежа се состои од сокаци, некои комбинирани со
скали. Тесните и кривулести улици се надоврзуваат во центарот
на градскиот плоштад. Во градот со својот волумен, забележува
Јосифовска, се истакнуваат црквите.
Куќите во крушевските села се од два типа: рамничарски и
планински. Архитектурата на куќите во планинските села е
поинтерсна. Тие се големи, имаат приземје и кат со огниште во
центарот околу кое амфитеатрално се наредени собите. Во
приземјето се сместени: пондилата за чување на стоката и на
живината, амбарот за жито и брашно и кујната. На катот се
наоѓаат собите за спиење, обиколени со големи чардаци. Куќите
се групирани во маала. Од витално значење се: црквата или
џамијата со гробиштата, збиралото (местото каде што се збирала
стоката од сите домаќинства од каде што дежурниот говедар ја
водел на пасење и потоа ја враќал) и кооперацијата (дуќан за
потребите на селаните во којшто мажите навечер се собираат и
пијат). Порано секое село имало место што се викало сретсело,
каде што се одвивал колективниот живот на луѓето.
Во целоста „Ојконимијата на Крушевско“ (23–59)
Јосфовска првин го дефинира терминот ојконимија под кој се
„подразбира севкупност на ојконимите на определена територија,
односно севкупност на имињата на населените места, вклучувајќи
ги и имињата на напуштените и на исчезнатите населби“, а потоа
наведува дека Крушево е единствената градска населба, дека во
Крушевскиот Регион има 23 села, од кои селото Бирино е
напуштено повеќе од четири децении и дека на 2,5 км југоисточно
од Крушево населбата Трстеник е исчезната.Во оваа целост
авторката ги обработува ојконимите по азбучен ред, при што за
секој ојконим ги дава следниве информации: местоположба на

14
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

населбата во однос на Крушево, географска карактеристика и


опис на теренот, број на куќи и етнички состав на населението,
верски објекти во населбата, број на евидентирани топоними од
односниот атар, етникот и ктетикот од соодветниот ојконим,
историски податоци за ојконимот, формите со кои е запишан
ојконимот во пишуваните извори и обработка на ојконимот од
лингвистички аспект со посебен осврт врз неговата етимологија и
структура. Како дополнување авторката забележува предание
или народна етимологија во врска со настанувањето на
ојконимот, доколку постојат. Ојконимиската статија, нотира
Јосифовска, завршува со статистичка табела за бројот на
жителите во дадено населено место според спроведените пописи
на населението од формирањето на Федеративна Народна
Република Југославија (во чии рамки Народна Република
Македонија е рамноправна членка) до пописот во 2002 година.
Како што спомнавме авторката ги обработува ојконимите
по азбучен ред, така што првин го обработува ојконимот Алданци.
Селото Алданци, нотира Јосифовска, се наоѓа 3,95 км
источно од Крушево, лево од патот Крушево–Кривогаштани. Ова
село лежи во источното подножје на Бушова Планина или на
западната периферија на Прилепското Поле, на надморска
височина од 640 м и е од низински тип. Низ него тече Норовска
Река. Денес во селото има околу 120 куќи, населени, главно, со
Албанци. Според пописот од 2002 година во него има само 14
Македонци. Во атарот на селото има 90 топоними, главно, од
словенско потекло, коишто повеќето денес, за жал, се преведени
на албански јазик. Притоа, треба да се спомене дека се
регистрани само неколку новосоздадени топоними на албански
јазик. Етникот за жителите на селото Алданци гласи аўд'анчанец
за машки род, аўд'анчанка за женски род и аўд'анчани за множина,
а ктетикот е аўд'анечки. Во селото има црква Свети Никола и
џамија. Тоа граничи со градот Крушево и со селата: Врбоец,
Норово, Локвени, Подвис (Крушевско), Годивје, Кореница и
Кривогаштани (Прилепско).
Ојконимот Алданци во пишуваните извори е забележано
во следните форми: Алданци, односно Халданци во XV век,
Алданци, односно Aldanci во 1900 година и Aldanci во 1933 година.

15
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Повикувајќи се на авторите Заимов и Станковска,


Јосифовска забележува дека „ојконимот Алданци е патронимиско
име образувано од л.и. Алдан со суфиксот -ци (< -ьc-i, множина од
-ьcь), тип што се среќава ретко (за разлика од честите
патронимиски имиња со суфиксот -овци)“.
Од статистичката табела за бројот на жителите во
Алданци се гледа дека бројот на жителите во 1948 година бил 451
жител, а во 2002 година тој број е намален на 417 жители.
Селото Арилево се наоѓа 5,28 км североисточно од
Крушево, на падините на Бушова Планина. Ова чисто македонско
село од планински тип е на надморска височина од 960 м со 40
куќи, коишто, главно, се напуштени или уништен. Во 2002 година
имало само 13 жители што зборува дека селото е со највисока
стапка на раселување во регионот. Има 80 топоними, чијашто
употреба, за жал, набрзо ќе згасне како што згаснуваат неколкуте
огништа во селото. Според преданието селото порано било во
месноста С'елиште од каде што мигрирало на денешното место.
Етникот за жителите од Арилево е ар'иле–ц за машки и ар'илeфка
за женски род, а ар'илефци за множина. Ктетитот гласи aр'илeски.
Во селото има црква Свети Никола, а граничи со Крушево и со
селата: Горно и Долно Дивјаци и Селце.
Во пишуваните извори ојконимот Арилево е забележан со
формата Арильово во 1900 година. Во поглед на етничката
приданост од ист автор се дадени контрадикторни податоци.
Имено, дека во него живееле Бугари (се мисли на македонското
население), односно дека во него живееле Власи. Меѓутоа,
Јосифовска нотира: „Историските податоци за Крушево и
Крушевско упатуваат на тоа дека Власите и во минатото и денес
живееле и живеат само во градската средина“. Ојконимот
Арилево е регистриран и во формата Ariljovo во 1933 година.
Врз основа на своите и на согледувањата од Станковска,
авторката забележува дека името на селото Арилево, во месниот
говор Ар'ил’о:, „претставува елиптична топонимиска единица
добиена со супстантивизација на придавката од првобитната
атрибутска синтагма *Арилево (Село), при чиешто образување
учествува придавскиот суфикс со посесивно значење -ев во
формата за среден род -ево“. Во основата на ојконимот, нотира

16
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Јосифовска, се крие личното име Ар(х)ил од грч. Άρχέλαος <


άρχέλαος ’војвода, водач‘. Авторката приведува повеќе примери
од овој тип посесивни елиптични имиња во македонската
ојконимија.
Селото Белушино се наоѓа 7,52 км северно од Крушево.
Ова село, нотира авторката, е од планински тип. Лежи на
источната падина на Бушова Планина на надморска височина од
906 м. Над селото тече Белушка Река, којашто по својот водостој
е суводолица. Селото брои 30 куќи. Порано тоа било населено со
Македонци, а денес во него живеат само Албанци. Има вкупно 97
топоними. И овде голем дел од топонимите се преведени на
албански јазик, а има и новосоздадени топоними на албански
јазик. Во селото има црква Свети Никола. Етникот за жителите
гласи: бел'ушинец за машки род, бел'ушинка за женски род и
бел'ушинци за множина. Ктетикот е бел'ушински. Белушино
граничи со селата: Селце, Јакреново, Борино (Крушевско) и
Деново (Бродско).
Ојконимот Белушино е документиран во формата
Белушино, којшто во оригиналниот документ од XV век е запишан
во формата Б-л-у-ш-т-н-а. Селишчев го споменува селото
Белuшино во Трескавичкиот кодик од XVII–XVIII век. Освен тоа,
ојконимот е забележан и во формите: Бyлушино и Белушино во
1900 година, односно Belušino во 1933 година.
Заимов ова село го запишува како Băluşeni, чија
етимологија ја доведува во врска со машкото л.и. *Белуш.
Јосифовска ја потврдува неговата точна етимологија на ојконимот
Белушино, изведен „од метонимиското л.и. *Белуш, кое е
пренесено од постарото хидронимиско име *Белуш < *Белушь
’поток‘ < Белух (< Бело + -ух) + суф. -јь“. Кон личното име, нотира
авторката, подоцна е додаден посесивниот суфикс -ин во
формата за среден род -ино заради совпаѓање по род со именката
село, што значи дека ојконимот Белушино е елиптично име
добиено со супстантивизација на придавката од постарата
синтагматска формација *Белушино (Село).
Од статистичката табела за бројот на жителите во
Белушино се гледа дека бројот на жителите во 1948 година бил
251 жител, а во 2002 година тој број е намален дури на 64 жители.

17
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Раселеното село Бирино се наоѓа 6,55 км јужно од Крушево


на надморска височина од 1 090 м. Тоа лежело на јужните падини
на Бушова Планина и било населба од планински тип. Селото
имало петнаесетина куќи населени од Македонци и од Власи, но
во последната четвртина од XX век неговите жители мигрирале
во околните села и во градот. Има вкупно 83 топоними. Во селото
има црква Свети Илија. Етникот е б'иринец за машки род, б'иринка
за женски род и б'иринци за множина. Ктетикот гласи б'ирински.
Граничи со селата: Пресил, Милошево, Свето Митрани, Врбоец,
Острилци, Трстеник (Крушевско), Журче и Света
(Демирхисарско).
Ојконимот Бирино е забележан во следните форми: Б-р-и-
н-а во XV век, Бирино во XVI век и Birina во 1933 година.
Авторката нотира дека „во основата на овој ојконим се
наоѓа антропонимот Бир/-о,-а (најверојатно прекар) добиен од
аром. прид. bir ’убав, личен‘, кон којшто е додаден посесивниот
суфикс -ин во формата за среден род -ино заради конгруенција по
род со именката село“. Според тоа селото Бирино претставува
елиптична топонимиска единица добиена со поименчување на
придавката од првобитната именска група *Бирино (Село).
Постои веројатност, забележува Јосифовска, антро-
понимот Бир/-о,-а да е изведен од тур. birinci ’прв, првенец‘ што се
поврзува со минатото на ова село. Имено, според преданието
Бирино било турски чифлик прочуен по своите врвни занаетчии –
ковачи кои се истакнувале со својата умешност.
Бирино е единствената селска населба од овој регион, во
којашто се населило и влашко население. Но, како што
споменавме, жителите наполно се иселиле, иако во 1948 година
имало 56 жители.
Селото Борино се наоѓа 7,42 км североисточно од
Крушево. Лежи во источното подножје на Бушова Планина,
односно во западнит раб на Прилепското Поле. Тоа е рамничаска
населба, на надморска височина од 690 м. Во селото има 100 куќи
и џамија. Населено е од Албанци (80%) и од Бошњаци (20%).
Има вкупно 48 топоними. Македонските збороформи во
топонимите, нотира авторката, ужакува на фактот дека
Македонците овде биле староседелци. Етникот за жителите е

18
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

бор'инчанец за машки род, бор'инчанка за женски род и


бор'инчани за множина, а ктетиткот е б'орински. Борино граничи
со селата: Житоше, Саждево, Јакреново, Белушино, Селце,
Норово (Крушевско) и Лажани (Прилепско).
Името на селото е запишано во следните форми: Борино
< Бохорино „стась въ Бохоринѣ“ во XIV век, Бохорин во XV век,
Борино и Borino во 1900 година и Borino во 1933 година.
Во врска со етимологијата на овој ојконим Јосифовска
забележува дека „постарата форма на името на селото е
Бохорина < *Бохорина (Вьсь). Во неговата основа се наоѓа
личното име Бохорин < Бохор (од исчезнатите сложени имиња
*Бохормир и *Бохорад) + суф. -ин. Адјективната форма Бохорина,
пак, е образувана од л.и. Бохорин + суф. -ъ (во форма за женски
род -а) или + суф. -јь (во форма за женски род -ја)“. По низа
фонетски промени е добиена сегашната форма на ојконимот
Белушино, коешто претставува елиптично име добиено со
супстантивизација на придавката од постарата именска група
*Борино (Село).
Бројот на жителите со мали варијации е константен од
1948 година, кога селото броело 445 жители до 2002 година, кога
броело 441 жител.
Селото Бучин се наоѓа околу 12 км југоисточно од Крушево.
Лежи на десната страна на Црна Река, на границата меѓу
Прилепското и Битолското Поле, на надморска височина од 610
м, што значи дека селото е од низински тип. Бучин е чисто
македонско село со околу 200 куќи и 180 топоними. Селото има
црква Свети Димитрија, а близу до него е манастирот Свети
Ѓорѓија. Етникот гласи: б'учинец за машки род, б'учинка за женски
род и б'учинци за множина, а ктетикот е б'учински. Граничи со
селата: Пресил, Борино (Крушевско), Трновци (Битолско), Света
(Демирхисарско), Воѓани и Бела Црква (Прилепско).
Името на селото е запишано во следните форми: Боучинь
во XIV век, Бучин во XV век, Бuчин во XVI век, Бuчинъ во XVII–
XVIII век, Бучинъ и Bučin во 1900 година и Bučin во 1933 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска дава две
толкувања. Имено, „името на селоти Бучин е образувано од
личното име Бучин < 1. Бучо (од првиот отворен слог Бу- на л.и.

19
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Будимир, Будислав + -чо); 2. Буко (од првиот отворен слог Бу- на


л.и. Будимир, Будислав + -ко или од им. бук(а) ’Fagus silvatika‘) +
суф. -ин“. Авторката претпоставува дека личното име подоцна
добило придавска форма со посредство на архаичниот суфикс -
јь, што подразбира негово синтагматско поврзување со именка,
така што „ојконимот Бучин претставува елиптична форма којашто
е резултат од поименчувањето на придавскиот член од
првобитната и реконструирана ономастичка синтагма *Бучинјь
(Градец)“. Наспрема научната етимологија, има народна
етимологија, којашто настанувањето на овој ојконим го поврзува
со глаголот бучи со кој се именува големата бучава што ја создава
Црна Река во овој дел од својот водотек.
Од статистичката табела за бројот на жителите во Бучин
се гледа дека бројот на жителите во 1948 година бил 895 жители,
а во 2002 година тој број е намален на 738 жители.
Селото Врбоец се наоѓа околу 5,28 км југоисточно од
Крушево, на надморска височина од 640 м. Ова село, коешто лежи
во источното подножје на Бушава Планина, во западниот дел на
Прилепското Поле, е од низински тип. Селото Врбоец е чисто
македонско село од стотина куќи со 83 топоними. Има црква
Света Богородица. Етникот гласи: врб'офчанец за машки род,
врб'офчанка за женски род и врб'офчани за множина, а ктетикотг
е двоен – в'рбоски и врб'оечки. Граничи со селата: Алданци,
Трстеник, Острилци, Бирино, Свето Митрани (Крушевско),
Кореница и Кривогаштани (Прилепско).
За ојконимот Врбовец ги има следните запишани форми:
Връбовец и Вр'бов’ц во XVI век, Vărboci во 1900 година, Vъrbovec
во 1933 година.
Заимов ја забележал формата Върбо(в)ец, образувана од
месното име *Върбово. Јосифовска ја уважува оваа етимологија,
притоа додава дека „името на селото Врбоец е изведено од апел.
врба ’Salix‘ и апелативниот придавски суфикс -ов. Првичната
негова форма била Vъrbovo ’место со врби‘. Со додавање на
топонимискиотг суфикс -ец (< -ьcь < ьkъ), дошло до
супстантивизација на прид. врбово. Подоцна, под влијание на
локалниот говор (што е всушност одлика на целото
западномакедонско наречје), дошло до губење на

20
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

интервокалното /в/, па ојконимот од Врбовец преминал во


Врбоец“. Притоа, авторката забележува дека формата Врбоец е
стандардизирана „затоа што на тој начин топонимите остануваат
трајни историски и национални споменици“.
Статистичката табела за бројот на жителите во Врбоец
покажува дека бројот на жителите во 1948 година бил 295 жители,
а во 2002 година тој број е намален на 256 жители.
Горно Дивјаци е планинско село, коешто се наоѓа 8,24 км
северозападно од Крушево, на падините на Бушова Планина, на
надморска височина од 1 140 м. Тоа е чисто македонско село со
педесетина куќи и 102 топонима. Повеќето куќи, забележува
авторката, денес или се напуштени или се паднати. Во селото има
црква Свети Димитрија и манастир Свети Ѓорѓија во месноста
Кошари. Етникот за жителите гласи: горнодивј'ачанец за машки
род, горнодивј'ачанка за женски род и горнодивј'ачани за
множина, а ктетикот е горнод'ивјачки. Граничи со селата: Пуста
Река, Долно Дивјаци, Арилево, Селце, Белушино (Крушевско),
Пласница и Сланско (Бродско).
Името на селото е запишано во следните форми: Дивјаци
во XV век, Дивїацї и Дивїаци во XVI век, Дивяци Горно во 1900
година и Г. Дивјаци во 1933 година. Овие записи, забележува
Јосифовска, упатуваат на фактот дека првобитно постоело само
селото Дивјаци, од кое се формирала нова населба, па во
зависност од местоположбата на новата населба била додавана
придавката гор/-ен,-на,-но,-ни, односно дол/-ен,-на,-но,-ни.
Според преданието ова село е најстарото село во
регионот, чии основачи биле браќата Барде и Гино од охридскиот
крај, кои, криејќи се од турскиот аскер, најпрво живееле во
пештера во месноста Бардј'а-Дупка, а откако поминала
опасноста, се симнале подолу, каде што ги изградиле своите
огништа, повлекувајќи ги своите семејства од Охридско. Денес во
селото постојат Б'ардеско и Г'иноско М'а:ло, според имињата на
двајцата браќа – основачи на селото Горно Дивјаци. Селото било
познато по најголемото производство на жито во крајот, а познато
е и по учителствувањето во него на револуционерот Никола
Карев. Ојконимот Горно Дивјаци, нотира авторката, е
двокомпонентен топонимиски состав образуван од простата

21
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

придавка горно и топонимот Дивјаци, каде што нема согласување


по род и по број меѓу придавката и топонимот, поради тоа што кај
ваквиот тип состави придавката се однесува на апел. село.
Јосифовска, повикувајќи се на Станковска и на Митков
забележува дека „топонимот Дивјаци е добиен со топонимизација
на фамилијарното име *Дивјаци < антр. Дивјак + множинскиот
суфикс -и. Дивјак може да биде лично име изведено од апел. див
’џин‘ или од л.и. Див(о) < Дивота + суф. -јак, но и прекар
образуван од апел. дивјак ’груб, невоспитан човек‘, сп. и бот.
дивјак ’Pirus silvestris‘“. Фамилијарното име Дивјаци, нотира
Јосифовска, е недеривувана форма во која припадноста е
прикажана со множинската наставка -и.
Бројот на жителите во Горно Дивјаци во 1948 година бил
275 жители, а во 2002 година тој број е намален дури на 46
жители.
Селото Долно Дивјаци се наоѓа 6 км северозападно од
Крушево, во западниот дел на Бушова Планина, на надморска
височина од 860 м. Тоа е планинско село со 50–60 куќи, во кои
живеат само Македонци. Има вкупно 114 топоними. Во селото има
црква Свети Никола. Етникот за жителите гласи: долнодивј'ачанец
за машки род, долнодивј'ачанка за женски род и долнодивј'ачани
за множина, а ктетикот е долнод'ивјачки. Граничи со Крушево и со
селата: Горно Дивјаци, Арилево, Пуста Река, Кочишта, Растојца,
Острилци (Крушевско) и Зашле (Демирхисарско).
Ојконимот е запишан во следните форми: Дивјаци во XV
век, Дивїацї и Дивїаци во XVI век, Дивяци Долно во 1900 година и
Д. Дивјаци во 1933 година.
Бројот на жителите во Долно Дивјаци во 1948 година бил
288 жители, а во 2002 година тој број значително е намален на 59
жители.
Житоше е низинско село, коешто се наоѓа 6,62 км
североисточно од Крушево, во западниот дел на Прилепското
Поле, на надморска височина од 640 м. Според бројот на
жителите тоа е најголемото село во Крушевскиот Регион и
единственото село во кое бројот на жителите оди по нагорна
линија. Селото брои 500 куќи населени со Алабнци (65%) и со
Бошњаци (35%). Има 90 топоними, главно, македонски, што значи

22
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

дека тука Македонците биле староседелци. Поголемиот број од


топонимите се преведени на албански јазик, а се среќаваат и мал
број новосоздадени топоними на албански јазик. Во селото има
џамија. Етникот за жителите гласи: жит'ошанец за машки род,
жит'ошанка за женски род и жит'ошани за множина, а ктетикот е
двоен – жит'оечки и ж'итошки. Житоше граничи со селата:
Локвени, Норово, Селце, Белушино, Борино (Крушевско) и
Лажани (Прилепско).
Името на селото е запишано во следните форми:
Житофче на две места во XV век, Житоше Горно и Житоше
Долно, односно Житовше и Житош во XVI век, Житоше во XVII–
XVIII век, Житоше Горно и Житоше Долно во 1900 година и
Žitoše во 1933 година.
Од историските извори авторката констатира дека до
крајот на XV век во непосредна близина постоеле две населби
(Горно и Долно Житоше) населени со Македонци. Во XVI век на
овие простори почнале да се населуваат Албанци, чија експанзија
најмногу дошла до израз кон крајот на XIX и почетокот на XX век,
кога дошло и до географско соединување на двете населби во
една. Потврда за тоа дека постоеле две населби се
микротопонимите Г'орно Ж'итоше и Д'оўно Ж'итоше – имињата
на две различни маала во селото.
Во врска со етимологијата на селото Јосифовска го дава
следното толкување: „Ојконимот Житоше претставува елиптично
име со посесивно значење од постарата придавска синтагма
*Житоше (Село). Во неговата основа се наоѓа старото име
*Житохъ, *Житошь, кое со додавање на посесивниот суфикс -је
се адјективизирало во формата Житоше“. Повикувајќи се на
Станковска авторката го дополнува своето толкување. Имено, таа
забележува дека „во основата на овој ојконим може да се наоѓа
л.и. Житош < Жито (добиено со скратување на сложените
словенски имиња Житољуб, Житомир, Житослав; т.е. од
нивниот прв отворен слог `itq ’стсл. живот‘ + антропонимискиот
суфикс -ош. Кон л.и. Житош потоа е додаден придавскиот суфикс
-ь (палатална варијанта на суф. -ъ) во форма за среден род -е, со
што се добило значењето ’Житошево‘ како атрибут на именката
село“.

23
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Споменавме дека единствено селото Житоше во регионот


има нагорна линија во однос на бројот на жителите. Во 1948
година имало 1 244 жители, а во 2002 година тој број е зголемен
на 1 807 жители.
Селото Јакреново, во месниот говор Јакр'ено:, се наоѓа 8,8
км северно од Крушево, на источната падина на Бушова Планина,
на надморска височина од 750 м. Селото има 70 куќи во кои
живеат 50% Албанци, 25% Македонци и 25% Бошњаци. Има 60
разнородни топоними. Во селото има џамија. Етникот за жителите
гласи: јакр'ено–ц за машки тод, јакр'ено–ка за женски род и
јакр'ено–ци за множина, а ктетиткот е јакр'еноски. Граничи со
селата: Борино, Саждево, Белушино (Крушевско), Дреново
(Бродско) и Кошино (Прилепско).
Ојконимот е запишан во следните форми: Јакранова во XV
век, Якреново во XVII–XVIII век и Jakrenovo во 1933 година.
Во врска со етимологијата на ова село Јосифовска го дава
следното толкување: „Ојконимот Јакреново претставува
елиптично име со посесивно значење, добено од постарата
придавска синтагма *Јакреново (Село). Во неговата основа е
вложено мусл. л.и. Akrem < ar. äkräm ’великодушен; многу
почитуван и ценет‘“. Авторката го објаснува видоизменувањето на
ова лично име во Јакрен, па со додавање на посесивниотг суфикс
-ов во формата за среден род -ово се добил атрибутот Јакреново,
којшто се однесува на именката село. Како поддршка на оваа
етимологија Јосифовска ја наведува документираната
синтетизирана и супстантивизирана форма Јакренова во женски
род во XV век, што значи дека постарата придавска синтагма била
*Јакренова вьсь ’стсл. село‘. На крајот авторката заклучува дека
„ојконимот Јакреново е хибридна форма, добиена како резултат
на тамошните контакти меѓу македонскиот и албанскиот јазик“.
Бројот на жителите во Јакреново во 1948 година бил 233
жители, а во 2002 година тој број е намален на 212 жители.
Селото Кочишта се наоѓа 7 км западно од Крушево, меѓу
Љубен и Бушова Планина, на надморска височина од 730 м. Под
селото тече реката Жаба. Во ова чисто македонско село има 50
куќи, од кои половината се разурнати. Има 143 топоними.
Селската црква се вика Свети Никола. Етникот за жителите гласи:

24
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

коч'иштанец за машки род, коч'иштанка за женски род и


коч'иштани за множина, а ктетикот е к'очишки. Граничи со
Крушево и со селата: Растојца, Долно Дивјаци, Острилци
(Крушевско), Зашле, Брезово и Радово (Демирхисарско).
Името на селото е документирано во следните форми:
Кочиште во XV век, Кочища и Квочища во XVI век, Кочища во
1900 година и Kočišta во 1933 година.
Во врска со етимологијата на овој ојконим авторката се
повикува на Пјанка и на Коробар-Белчева. Имено, „овој ојконим е
рамен на апелативот кочиште ’место каде што имало кочеви‘ во
множина. Во неговата основа е вложен апел. коч ’овен‘ < тур. koç“.
Народната етимологија ова име го поврзува со апел. ковач,
бидејќи селото било познато по многуте умешни ковачи. „Доколку
се земе предвид оваа етимолигија, тогаш би се дошло до
претпоставката дека постарата форма за овој ојконим била
*Ковачишта (Вьсь)“, каде што првата компонента е претставена
со патронимиската посвојна форма*Ковачишта, па под влијание
на месниот говор е добиена сегашната форма.
Бројот на жителите во Кочишта во 1948 година бил 267
жители, а во 2002 година тој број значително е намален дури на
38 жители.
Крушево, во месниот говор Кр'ушо:, нотира Јосифовска, е
единствената градска населба во овој регион. Градот се наоѓа во
југозападниот дел на Македонија, во срцето на Бушова Планина,
на надморска височина од 1400 м, со што Крушево е највисокиот
град на Балканот. Според етничкиот состав 60% се Власи, а 40%
се Македонци. Има повеќе од 2000 куќи, од кои половината се
напуштени. Вкупниот број на топонимите изнесува 105, од кои
само неколку се влашки. Од религиозните објекти треба да се
спомене дека има неколку поголеми и помали цркви, а во
околината има неколку манастири. Етникот за жителите гласи:
кр'уше:ц и кр'ушо–ц за машки род, кр'ушефка и кр'ушофка за
женски род и кр'ушефци и кр'ушофци за множина, а ктетикот, исто
така, е двоен: кр'ушески и кр'ушоски. Градот граничи со селата:
Алданци, Острилци, Бирино, Врбоец, Норово, Селце, Арилево,
Долно Дивјаци и Кочишта. Ојконимот е запишан во следните

25
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

форми: kru{µvo во XVI век, sµlo kru{µvo во XVII–XVIII век, Krušovo


во 1900 година и Kruševo во 1933 година.
Во врска со етимологијата на ова село Јосифовска го дава
следното толкување: „Ојконимот Крушево претставува
топонимиска единица со посесивно значење добиена од
првобитната придавска синтагма *Крушево (Село). По
изоставањето на именскиот дел од синтагмата, атрибутот
*Крушево се супстантивизирал и продолжил да суштествува како
елиптично име“.
Повикувајќи се на Станковска, авторката го објаснува
потеклото на ојконимот на два начина. Прво, вели таа, „во
основата на ојконимот Крушево може да се наоѓа л.к. Круш/-е,-о,
апелативно лично име според името на растението круша ’Pirus
communis‘, односно желбено име ’да биде сочен и сладок како
круша‘“, посочувајќи го фактот дека ова лично име е регистрирано
во македонскиот антропомастикон од XV до XVI век што го
нотирала Иванова во турските пописни дефтери од XV век.
Според тоа, ојконимот Крушево „ќе се вброи во ојконимите со
посесивно значење и ќе означува ’место или село коешто му
припаѓа на Круш/-е,-о‘“. Второ, забележува авторката, „името на
ојконимот Крушево може да биде образувано и од апел. круша со
придавскиот суфикс за среден род -ево, суфикс со односно-
квалитативно значење. Оттука може да се каже дека ојконимот
Крушево означува ’место каде што има круши“, за што авторката
приведува слични ојконими.
Јосифовска наведува уште една етимологија од
Селишчев, за која потенцира дека „можеби е поверојатна од
претходните, поради географската морфологија на теренот на
којшто е лоцирана оваа населба“. Имено, „Селишчев смета дека
коренот круш- од топонимите Крушевица, Крушево, Крушова има
исто значење со срп. апел. крш ’карпа, карпесто, стеновито место‘
< прасл. *kruš-, *krъš-, стсл. sqkrÍ{iti ’скрши, уништи‘“.
Од статистичката табела за бројот на жителите во
Крушево се гледа дека бројот на жителите во 1948 година бил 3
570 жители а во 2002 година тој број е зголемен на 5 330 жители.
Селото Локвени е од низински тип. Се наоѓа 6 км
североисточно од Крушево, во западниот дел на Прилепското

26
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Поле, на надморска височина од 625 м. На етнички план жителите


се: 15% Македонци, а 85% се Бошњаци, односно Санџаклии. Во
селото има 50 куќи, црква Света Тројца и џамија, а во неговиот
атар се наоѓа и манастирот Свети Атанас. Вкупно има 75
топоними. Етникот за жителите гласи: л'оквенец за машки род,
л'оквенка за женски род и л'оквенци за множина, а ктетикот е
л'оквенски. Граничи со Крушево и со селата: Житоше, Норово,
Алданци, Подвис (Крушевско), Лажани и Средорек (Прилепско).
Името на селото е регистрирано во следните форми:
Локвани во XV век, Локвени и Локъвни во XVI век, Локвени во
1900 година и Lokveni во 1933 година.
Авторката се повикува на Заимов, кој претполага дека овој
ојконим е образуван од месното име Локва, притоа, таа го
дообјаснува потеклото на ојконимот. Имено, „месното име Локва
потекнува од апел. локва ’вдлабнатина, дупка во која се собира
или се задржува вода‘ < стсл. lokqva. Името на селото е добиено
со додавање на множинскиот суф. -ени кон месното име Локва,
по што се добива формата Локвени со значење ’жители на
месноста Локва‘“.
Бројот на жителите во Локвени во 1948 година бил 186
жители, а во 2002 година тој број е намален на 178 жители.
Селото Милошево, во локалниот говор М'илошо:, е од
низински тип, коешто се наоѓа 8,5 км југоисточно од Крушево, во
југоисточното подножје на Бушова Планина или во западниот дел
на Прилепското Поле, на надморска височина од 650 м. Има 30
куќи а нема црква. Бројот на топонимите е 56. Етникот за жителите
гласи: мил'ошеец за машки род, мил'ошефка за женски род и
мил'ошефци за множина, а ктетикот е мил'ошески. Граничи со
селата: Пресил, Бирино, Свето Митрани (Крушевско) и Крушеани
(Прилепско).
Со оглед на тоа што за него нема писмени потврди,
авторката констатира дека ова село е создадено во поново време.
Според сеќавањата на месното население формирањето
на оваа населба се случило во првата третина од XX век со
доселувањето на определен број Срби и Хрвати од Далмација.
Тие најпрво се населиле во месноста Шт'авер"ица, месност меѓу
с. Милошево и с. Пресил, потоа се преселиле во месноста

27
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Ман'астир"иште, а пред Втората светска војна се населиле на


денешната локација. Доказ за неговата неодамнешна историја,
според авторката, е тоа што во селото Милошево и во денешно
време не постои никаков верски или сакрален објект.
Во врска со образувањето на името на селото Јосифовска
го дава своето толкување. Имено, „овој ојконим претставува
елиптична форма добиена од првобитниот синтагматски состав
*Милошево (Село)“, а по супстантивизацијата на придавката е
добиена денешната форма. „Во основата на поименчената
придавка Милошево е вложено л.и. Милош, кон коешто бил
додаден посесивниот придавски суф. -ев во форма за среден род
-ево (палатална варијанта на суфиксот -ово)... Личното име
Милош е изведено од л.к. Мил(о) + суф. -ош, при што л.и. Мило
може да биде скратена форма од сложените словенски имиња
Миломир и Милослав (< прид. мил ’драг, бесценет‘)“.
Бројот на жителите во Милошево има извесни варијаци од
1948 до 2002 година. Во 1948 година бројот бил 48 жители, а во
2002 година тој број е 50 жители.
Селото Норово, во месниот говор Н'оро:, се наоѓа 4 км
североисточно од Крушево, во источното подножје на Бушова
Планина, на надморска височина од 785 м. Низ него тече
Норовска Река, којашто во горниот тек е позната како Селечка
Река. Норово има од 120 до 130 куќи, во кои живеат Албанци. Во
селото има џамија. Од атарот на селото се забележани 98
топоними, од кои некои се преведени на албански јазик, а има и
новосоздадени топоними на албански јазик. Етникот за жителите
гласи: н'оро–ц за машки род, н'орофка за женски род и н'орофци
за множина, а ктетикот е н'ороски. Граничи со Крушево и со
селата: Алданци, Селце, Житоше и Локвени.
Името на селото е документирано во следните форми:
Норово во XV и во XVI век, Нор’ково во XVII–XVIII век, Норово и
Norovo во 1900 година и Porovo во 1933 година.
Авторката забележува дека „името на селото е посесивно
топонимиско образуавње од првобитната атрибутска синтагма
*Норово (Место, Село), поточно од нејзиниот придавски член,
којшто се супстантивизирал и продолжил да функционира како
елиптично име“.

28
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

За етимологијата на овој ојконим Јосифовска дава две


толкувања. Првото толкување е дека „во неговата основа се наоѓа
л.и. Нор/-е,-о, хип. форма од л.и. Никанор и Никифор. Со
додавање на посесивниот суфикс за ср. р. -ово, овој ојконим го
добил значењето ’место или село коешто му припаѓа на Нор/-е,-
о‘. Второто толкување е дека името на селото Норово може да
биде произведено од именката нор, веројатно, архаичен апелатив
со значење ’дупка со вода, бразда; извор, поток‘. Суфиксот -ово,
во овој случај на апелативот му дава односно-квалитативно
значење ’место каде што има вода; водно место‘“.
Бројот на жителите во Норово од 1948 до 2002 година
варирал. Во 1948 година бројот бил 538 жители, а во 2002 година
тој број е зголемен на 599 жители.
Острилци е планиниско село, коешто се наоѓа 4 км јужно
од Крушево, на падините на Бушова Планина, на надморска
височина од 920 м. Низ селото тече Острилечка Река, којашто
според својот водостој е суводолица. Острилци е чисто
македонско село со 50 куќи, од кои половината се напуштени или
урнати. Има црква Свети Ѓорѓија и 150 топоними. Етникот за
жителте гласи: остр'иўчанец за машки род, остр'иўчанка за
женски род и остр'иўчани за множина, а ктетикот е остр'илечки.
Граничи со Крушево и со селата: Кочишта, Растојца, Борино,
Врбоец, Трстеник (Крушевско), Журче, Прибилци и Ракитница
(Демирхисарско).
Името на селото е документирано во следните форми:
wстрил’ци во XVI век, Острилци и Ostrila во 1900 година и Ostrilci
во 1933 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска го уважува
мислењето на Заимов „дека ојконимот Острилци е образуван од
апел. острило ’вид камен со кој се острат сечила; точило‘“.
Имено, „според него овој ојконим е образуван од месното име
*Острил/-о,-а, во чијашто основа се наоѓа апел. острило ’сечило,
брус‘ + суфиксот -ци“, притоа, таа наведува голем број потврди за
оваа форма во македонската микротопонимија. Авторката
констатира дека „ојконимот е етничко име настанато според
името на дојденците од постарата населба Острило“.
Повикувајќи се на Коробар-Белчева Јосифовска забележува дека

29
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

„овој е најстар топонимиски модел, воопшто, во индоевропската


топонимија, кога апелативите се топонимизираат и во
надворешнојазичната дејствителност функционираат како
топоними“.
Бројот на жителите во Острилци во 1948 година бил 330
жители, а во 2002 година тој број е намален дури на 32 житела.
Селото Подвис е низинско село, коешто се наоѓа 7 км
североисточно од Крушево, во западниот дел на Прилепското
Поле, на надморска височина од 600 м. Подвис е чисто
македонско село со 60 куќи, со црква Света Тројца и со 60
топоними. Етникот за жителите гласи: подв'ифчанец за машки
род, подв'ифчанка за женски род и подв'ифчани за множина, а
ктетикот е подвиски. Граничи со селата: Алданци, Локвени
(Крушевско), Вранче, Средорек и Годивје (Прилепско).
Името на селото е документирано во следните форми:
Турско во XV век, Турско во XVII–XVIII век, Турско во 1900 година
и Tursko во 1933 година. Од изнесените писмени потврди
авторката констатира дека ова село во периодот од XV до првата
половина на XX век било именувано со формата Турско.
Врз основа на своите согледби Јосифовска забележува
дека ојконимот Турско е „елиптична форма, којашто потекнува од
постариот синтагматски состав *Турско (Место, Село)“, при што
отпаднал вториот член од двокомпонентниот состав и дошло до
супстантивизација на придавката.
Според народното предание првичното име на ова село
било Црквица, но за него нема писмени потврди. Ојконимот
Црквица, нотира авторката, најверојатно настанал од
истоименото месно име, во чијашто основа се наоѓа апел. црква,
кон кој е додаден деминутивниот суф. -ица со структурно-
топономастичка функција. Денешното име на ова село е Подвис,
чие преименување настанало по распаѓањето на Турската
Империја, официјализирано по Втората светска војна.
Повикувајќи се на Видоески, Јосифовска ја дава следната
етимологија: „Ојконимот Подвис претставува недеривуван
топоним или топоним еднаков на апелатив. Во неговата форма е
вложено месното име Подвис ’месност под брег, подножје на рид‘

30
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

< апел. Подвис ’место кое се наоѓа под висот, т.е. под планинскиот
врв‘“.
Бројот на жителите во Подвис во 1948 година бил 218
жители, а во 2002 година тој број значително е намален на 143
жители.
Пресил е низинско село, коешто се наоѓа 9,7 км југоисточно
од Крушево, во југоисточното подножје на Бушова Планина или
во југозападниот краен дел на Прилепското Поле, на надморска
височина од 650 м. Порано во селото имало Македонци и
Албанци, а сега во него живеат само Албанци. Во Пресил има 120
куќи, џамија и 86 топоними. Топонимијата е македонска, но, за
жал, таа е преведена на албански јазик. Исто така има неколку
топоними на албански јазик, создадени во поново време. Етникот
за жителите гласи: прес'иўчанец за машки род, прес'иўчанка за
женски род и прес'иўчани за множина, а ктетикот е двоен –
пр'есиўски и прес'илечки. Пресил граничи со селата: Бучин,
Бирино, Милошево (Крушевско), Крушеани и Воѓани (Прилепско).
Ојконимот е документиран во следните форми: Пресил во
XV век, Прyсилъ во XVI век, Прyсиле во 1900 година и Presil во
1933 година. Авторката забележува дека двапати се споменува
ктетикот од името на селото во XIV век: a tomÍ mµga do prysil}skÍ
mµg| i do prysil}skÍ mµg|.
Во врска со етимологијата на овој ојконим авторката се
повикува на Заимов. Имено, Јосифовска нотира: „Заимов смета
дека името на селото е преземено од постарата форма *Пресил
< *Прyсилјь (Поток, Рид), чијшто атрибутски член е образуван од
л.и. Пресил со суф. -јь. Личното име Пресил е потврдено во
турските пишани документи од XV век. Тоа потекнува од стсл.
прид. prysil}nq ’многу силен‘, т.е. од морфемата пре- (< стсл. pry-)
и од морфемата -сил (стсл. sila ’сила‘)“.
Бројот на жителите во Пресил во 1948 година бил 696
жители, а во 2002 година тој број значително е намален на 444
жители.
Селото Пуста Река, коешто е од планински тип, се наоѓа
9 км северозападно од Крушево, на западните падини од Бушова
Планина, на надморска височина од 1 040 м. Низ селото тече
истоимената река. Пуста Река е чисто македонско село со 50 куќи,

31
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

од кои половината се напуштени. Во селото има црква Свети


Никола, а во непосредна близина има манастир Свети Илија. Во
атарот на селото има 156 топоними. Етникот за жителите гласи:
пустор'ечанец за машки род, пустор'ечанка за женски род и
пустор'ечани за множина, а ктетикот е пустор'ечански. Граничи
со селата: Горно и Долно Дивјаци, Арилево (Крушевско), Зашле
(Демирхисарско) и Цер (Кичевско).
За ојконимот, забележува авторката, нема писмени
потврди ниту во турските документи ниту во средновековните
ракописи. Името на селото е документирано во следните форми:
Пуста Рyка во 1900 година и Pusta reka во 1933 година.
Според народното предание селото е формирано од
доселеници од разни краишта. На истата местположба имало и
река којашто правела голем пустош и затоа го добила името
Пуста Река, а според името на реката настанало и името на
селото. Јосифовска забележува „дека хидронимите се најстара
ономастичка категорија, којашто се одликува со особена
стабилност во однос на надворешнојазичните влијанија“.
Во врска со етимологијата авторката забележува дека
„ојконимот Пуста Река претставува двокомпонентен состав, кој
од лексичко-граматички аспект е конгруентна придавско-именска
синтагма. Во неговата основа е вложен хидронимот Пуста Река
образуван од прид. пуст во формата за женски род пуста (< стсл.
pÍstq) и именката река (< стсл. ryka)“.
Бројот на жителите во Пуста Река во 1948 година бил 459
жители, а во 2002 година тој број значително е намален на 134
жители.
Селото Растојца се наоѓа 6,5 км југозападно од Крушево,
во западното подножје на Бушова Планина, во долината на
реката Жаба, на надморска височина од 740 м. Растојца е чисто
македонско село во фаза на раселување со 30 куќи, од кои некои
се напуштени или уништени. Има црква Свта Богородица и 150
топоними. Етникот за жителите гласи: раст'о–чанец за машки
род, раст'о–чанка за женски род и раст'о–чани за множина, а
ктетикот е раст'о–чки. Граничи со селата: Кочишта, Острилци
(Крушевско), Радово и Ракитница (Демирхисарско).

32
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

За името на селото, забележува авторката, нема писмени


потврди ниту во турските документи ниту во средновековните
ракописи. Ојконимот е документиран во следните форми:
Растоица (Растовица) во 1900 година и Rastoica во 1933 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска го дава следното
толкување: „Ојконимот Растојца претставува секундарна
топонимиска формација изведена од некогашната придавска
синтагма *Растова (Вьсь), чијшто придавски член е образуван од
апел. (х)раст (< *hvorstъ ’даб, бот. Quersus‘) со придавскиот
суфикс -ов во формата за ж. р. -ова (со односно-квалитативно
значење). По испуштањето на именскиот дел од синтагмата,
придавката *Растова се супстантивизирала со именскиот суфикс
-ица (со структурно-топономастичка функција), по што формата
Растовица ја добила семантиката ’место каде што има даб‘“.
Според народното предание селото било формирано пред
четири века од браќата Торне и Жуле, жители на постарата
населба Стара Растојца, кои, за да се заштитат од турските
зулуми, се населиле на денешната местоположба на селото. Во
атарот на селото, нотира авторката, има топоним Ст'ара Раст'о–
ца, каде што има остатоци од населба.
Бројот на жителите во Растојца во 1948 година бил 268
жители, а во 2002 година тој број значително е намален дури на
19 жители.
Селото Саждево, во локалниот говор С'аждо:, коешто е од
низински тип, се наоѓа 9,5 км северно од Крушево, на источната
падина на Бушова Планина, на надморска височина од 670 м. Во
него живеат Македонци, Албанци и Бошњаци. Селото има околу
200 куќи, џамија и 68 топоними. Македонците порано биле
староседелци на овој простор што го потврдува македонската
топониија, иако таа е преведена на албански јазик, покрај
новосоздадените топоними на албански јазик. Како интересен
топоним авторката го бележи топонимот Стар'а-Црква во атарот
на Саждево на границата со Јакреново, каде што има остатоци од
некогашна црква. Етникот за жителите гласи: сажд'ефчанец за
машки род, сажд'ефчанка за женски род и сажд'ефчани за
множина, а ктетикот е с'аждески. Граничи со селата: Јакреново,
Борино (Крушевско), Лажани и Кошино (Прилепско).

33
Д-р Васил Дрвошанов - Драгоцено топономастичко дело . ..

Името на селото е документирано во следните форми:


Саждево во XVI век, sa`dµvw во XVII–XVIII век, Саждово во 1900
година и Saždovo во 1933 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска го дава следното
толкување: „Името на селото Саждево е посесивно топонимиско
образување кое произлегува од првобитната атрибутска синтагма
*Саждево // Саждово (Село)“, чиј придавски дел се
супстантивизирал и функционира како елиптично име.
Повикувајќи се на Станковска, таа нотира дека „придавката
*Саждево // Саждово е образувана со посесивниот суфикс -ев,
односно -ов во формата за среден род -ево, односно -ово. Во
нејзината основа се наоѓа исчезнатото л.и. *Сажд(е), кое е
образувано од Сад + суф. -јь/ -је < Садивој“.
Бројот на жителите во Саждво во 1948 година бил 190
жители, при што се забележува постојан раст, па во 2002 година
тој број значително да биде зголемен дури на 393 жители.
Селото Свето Митрани, коешто е од низински тип, се
наоѓа 7 км југоисточно од Крушево, во западниот дел на
Прилепското Поле, на надморска височина од 650 м. Свето
Митрани е чисто македонско село со 200 куќи, со две цркви (Света
Марена е на сретсело, а Свети Никола е на гробиштата) и 134
топоними. Етникот за жителите гласи: светом'итранец за машки
род, светом'итранка за женски род и светом'итранци за
множина, а ктетикот е светом'итрански. Граничи со селата:
Милошево, Бирино, Врбоец (Крушевско) Кривогаштани и
Крушеани (Прилепско).
Ојконимот е документиран во следните форми: sµlo svµt¹i
dimitri·µ s} во XIV век, Свети Димитри во XV век, s’to dm·tr·,
s’todmitran, s’todmitrani во XVI век, Светомитрени и Sveto-mitreni
во 1900 година и Sveto Mitreni во 1933 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска се повикува на
Заимов, според кој „името на ова крушевско село настанало
според име на црква Свети Димитри/-ј,-ја. Името на црквата
најпрво станало месно име, кое подоцна претрпело
видоизменување со додавање на суф. -ани“.
Бројот на жителите во Свето Митрани во 1948 година бил
459 жители, а во 2002 година тој број е намален на 434 жители.

34
ПРОСВЕТНО ДЕЛО 75, 1 (2022) 5 - 35

Селце е планинско село, коешто се наоѓа 5,6 км северно


од Крушево, на источната падина на Бушова Планина, на
надморска височина од 920 м. Селце е чисто македонско село со
50 куќи во фаза на раселување. Населени се само 6–7 куќи. Низ
селото тече Селечка Река, којашто во долниот тек се вика
Норовска Река и е лева притока на Крушевска Река. Има црква
Света Петка и 142 топонима. Етникот за жителите гласи:
с'еўчанец за машки род, с'еўчанка за женски род и с'еўчани за
множина, а ктетикот е с'елечки. Граничи со Крушево и со селата:
Арилево, Белушино, Борино, Житоше и Норово.
Името на селото е документирано во следните форми:
Селце во XV век, sµ˜lcµ во XVI век, sµlcµ™ во XVII–XVIII век,
Селце Друго и Selce во 1900 година и Selce во 1933 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска забележува дека
„ојконимот Селце е образуван од именката селце ’мало село‘ (<
село + деминутивниот суфикс -це)“.
Бројот на жителите во Селце во 1948 година бил 535
жители, при што се забележува значителен пад, па во 2002 година
тој број бил намален дури на 22 житела.
Трстеник е исчезната наслеба на Бушова Планина,
којашто се наоѓала 3,5 км југоисточно од Крушево, лево од патот
Кривогаштани–Крушево, на надморска височина од 894 м.
Името на ова исчезнато село е документирано во следните
форми: tr˜stµnik и tr˜stµn·k’q во XVI век, Тръстеникъ и Tărstenik во
1900 година.
Во врска со етимологијата Јосифовска се повикува на
Станковска. Имено, авторката забележува дека „ојконимот
Трстеник е метонимиско име преземено од постарото
хидронимиско име *Трстеник, веројатно име на дол во близината
на селото. Хидронимот *Трстеник < Тръстyникъ е структурно-
топономастичка формација, која настанала со суфиксна
супстантивизација на атрибутот *Тръстyнъ од првобитната
придавска синтагма *Тръстyнъ (Дол, Поток). Во неговата основа
е вложен апел. трст < стсл. trqst} ’трстика‘ (бот. Arundi donax).
Атрибутот *Тръстyнъ, којшто е образуван со придавскиот суф. -
yнъ > -ен, е супстантивизиран со именскиот суф. -ик, со што го
добил значењето ’дол, поток во кој има трстика‘“.

35

You might also like