You are on page 1of 6

Chapter 1: Вовед во дигитални библиотеки

Дигитална библиотека
Неформална дефиниција на дигитална библиотека е управувана колекција од
информации, со соодветни придружни сервиси, каде информациите се зачувани во
дигитални формати и може да бидат пристапени преку мрежа.
- Wm Arms, Digital Libraries, 1999

Фокусирана колекција од дигитални објекти, вклучувајќи текст, видео, и аудио,


вклучувајќи и методи за пристап и извлекување објекти, како и за селекција, организација
и одржување на колекцијата.
- Witten and Bainbridge, How to Build a Digital Library, 2010

Не само книги
 Уметност, филмови, звучни записи, ботанички примероци, културолошки објекти
 WWW – “анархичен хаос”

Дигитална библиотека ≠ “дигитализирана библиотека”

Две основни улоги:


 Корисник – пребарува и прелистува колекции
 Библиотекар – овозможува соодветни организациски структури и ги одржува
ефективно

Историја на библиотеките
Steles – поставена од Song династијата (1100 ПНЕ0, 2000 гравирани камени плочи, 2-3м
високи, содржат поени, приказни, или историски записи.

Средновековните манастирски и универзитетски библиотеки содржеле книги врзани со


синџир во јавни простории за читање.

19ти век – патроните го прегледуваат каталогот и избираат книги кои им се предаваат


преку шалтер

20ти век – им се дозволува на читателите да прегледуваат низ полиците и самите да


избираат содржини (библиотеки со отворен пристап)

Денес – на праг на дигитални библиотеки

Зошто дигитални библиотеки?


 Дигиталните библиотеки ги носат библиотеките до корисникот
 Моќта на компјутерот се употребува за пребарување и преглед
 Информациите може да се споделуваат
 Информациите полесно се одржуваат
 Информациите се секогаш достапни
 Возможни се нови форми на информации

Технички развој
Електронското складирање е поевтино од хартија. Персоналните компјутери и останатите
уреди (мобилни телефони и таблети) се дел од секојдневниот живот. Достапност на мрежи
со големи брзини.
- Компјутерите се преносливи.

Библиотечен каталог
Виртуелна библиотека ги има сите стандардни практични примени, но без ѕидови или
физички книги. Дури и пред Александрија, библиотеките се уредуваат според содржина и
имаат каталози кои го содржат насловот на секое дело, број на линии, содржина и вовед.
- 240 ПНЕ – индекс, за да се овозможи пристап до книгите во Александрија

Јасна разлика помеѓу дигитални библиотеки и World Wide Web: во WWW недостига
основни карактеристики како селекција и организација.

Библиотечен каталог – целосен модел кој го претставува универзумот на книгите во една


библиотека.
- Во дигитални библиотеки – метаподатоци (податоци за податоци)

Основни концепти и терминологија


Податоци и метаподатоци

Метаподатоците се податоци со кои се опишуваат други податоци


- Информација за ресурси, вградена или асоцирана со ресурсот

Јазикот на метаподатоците: XML


- eXtensible Markup Language

Општи категории на метаподатоците:


 Дескриптивни. Како библиографски информации, структурирани метаподатоци за
форматите и структурите.
 Административни. Вклучуваат права, согласности, и останати информации со кои
се управува пристап.
 Еден елемент на метаподатоците е идентификатор, кој го идентификува
предметот во надворешниот свет.

Предмети во дигитални библиотеки


- Предмети кои се зачувуваат во дигитална библиотека
- Најгенерален израз е материјали
- Попрецизен израз – дигитални објекти

Објекти на библиотека
 Кориснички поглед на тоа што е зачувано во библиотеката
 Пример, статија – читателот ја гледа како еден објект во библиотеката, но
најверојатно статијата на компјутер се зачувува како повеќе посебни објекти
(страници од дигитализиран текст, графици, програми, или поврзани елементи
зачувани на оддалечен компјутер)

Презентација, споделување, и форма на складирање на дигитални објекти


- Формата на зачувување на информациите може многу да се разликува од формата
во која се употребуваат
- Форма на складирање на објект – пример, компјутерска програма, податочна
структура, дигитализирана слика, и останати податоци
- Кога дигитална информација доаѓа на корисничкиот компјутер – рендерирање

Дигитални библиотеки во земји во развој


Споделување хуманитарни информации
- Додека во САД медицинската библиотека се претплаќа на 5000 списанија,
библиотеката на медицинскиот факултет во Nairobi University, долго сметана како
една од најдобрите во Источна Африка, добила само 20 списанија во 1998.

Помош при катастрофи


- Во ситуација на катастрофа има голема потреба од информации: информации кои
помагаат за тековниот проблем, организирани за да може ефективно да се
пристапат и дистрибуираат дури и во отсуство на мрежна инфраструктура.

Зачувување на култура
- Библиотеките и нивните блиски роднини, музеите, секогаш биле вклучени во
зачувување на културата
- Флексибилна и кохерентна мултимедијална колекција која може да се пребарува и
прегледува во повеќе димензии

Авторски права
Дигиталните библиотеки се многу попристапни од физичките проблеми:
- Пристапот до информации во дигиталните библиотеки е генерално помалку
контролиран отколку кај физичките колекции

Закони за авторски права


 Поседување на копија на документ не значи сопственост генерално
 Секој документ има еден сопственик на авторски права (без разлика дали е
електронски или физички)
 Авторски права се однесува на повеќе права (репродукција, дистрибуција, јавно
позајмување, друго)
 Законот за авторски права е комплексен и се разликува од земја до земја
Јавен домен
 Дела кои не потпаѓаат на авторски права се вели дека се од “јавен домен”
(културно и интелектуално наследство што секој може да го користи)
 Авторското право не трае засекогаш, кога истекува станува јавен домен
 Според меѓународен договор на конвенцијата во Berne Convention, минимално
траење е животниот век на авторот плус 50 години

Управување со дигитални права


- World Intellectual Property Organization (WIPO) одлучува дека компјутерска
програма треба да биде заштитена како литературно дело (и поставувањето и
одбирањето на материјалите во базата е заштитен).
- Изразот “Digital Rights Movement” (DRM) се однесува на контрола и заштита на
дигитална содржина, вклучувајќи текст, слики, видео и аудио. DRM ограничува
што може корисниците да прават со содржината.

Авторско право и дигитализација


- Ако делото е од јавен домен – може да се дигитализира без дозвола
- Ако материјалот е дониран на институција за дигитализација, донорот е сопственик
на авторското право
- Градење на дигитална библиотека бара сериозно внимание на авторски права

Содржини од Интернет
 Легалниот статус на документите на World Wide Web не е добро прецизиран
 Некои правници дискутираат дали е воопшто легално да се гледаат документи на
Интернет, бидејќи прелистувачот прави копии без експлицитна дозвола
 Дигитални библиотеки се организирани колекции од информации. Интернетот е
полн со неорганизирани информации. Организација на содржините на Интернет со
цел да бидат покорисни е област на дигитални библиотеки.
 Пребарувачите користат софтвер да најдат и симнат содржини и да креираат
индекс на содржините (легалниот статус не е јасен)
 Повеќето дигитални библиотеки нудат подетално пребарување и прегледување
отколку пребарувачите
 Ги зачувуваат документите локално, за да овозможат достапност
 Одговорните за таквите библиотеки треба да внимаваат на етичките и легалните
права

Што е постигнато
Од септември 2006 до октомври 2015 – 25 милиони книги
Приближно 30000 Stanford книги дигитализирани
- ~1M книги од партнерски библиотеки

Започна голема дебата за авторски права


- Дела “сирачиња”
- Како да се овозможи пристап
- Одбрана со фер употреба
Оригинални принципи
Ако е легално возможно, да се дигитализира секоја книга (9 милиони) од Stanford
библиотеката
- Во моментов до 1963 година

Партнерски библиотеки (подоцна додадени)


 University of Michigan (слична на Stanford)
 Harvard (јавен домен, можеби > 1 милион)
 NYPL (јавен домен, необични колекции)
 Oxford – Bodleian (пред 1885, ~ 1 милион наслови)
 University of California (слична на Stanford > 6 милиони)
 Други ќе следат

Намени
Дигитална презервација
Останати пребарувања и истражувања
 Суптилно пребарување
 Таксономија и асоцијативно пребарување
 Поврзување според цитати
 Подобра навигација

Дигитализирани книги од различни извори во корист на нови истражувања, комбинирани


со статии, податочни множества, за податочно рударење и други намени

Некои заклучоци
Google Books
 Е проект за индексирање, необјавување
 Овозможува поголем пристап до содржините на книгите со пребарување по клучен
збор
 На издавачите им нуди глобален пазар
 Дополнителни услуги на корисниците

На библиотеките учесници нуди:


- Дигитализирани копии на книгите од нивните полици за презервација
- Нови можности за услуги на читателите
- Нови можности за истражувања на факултетите и студентите

Greenstone
Софтвер соодветен за градење, одржување и дистрибуција на дигитални библиотеки
содржини. Развиен од New Zealand Digital Library Project на University of Waikato.
Партнери: UNESCO; Human Info NGO, Belgium; NCSI, Bangalore; UCT, Cape Town; Dakar,
Senegal; Almaty, Kazakhstan…
Библиотека може да вклучува повеќе колекции со информации, секоја креирана според
потребите на корисниците.

Колекција се содржи од неколку (типично илјадници или милиони) документи.

Документи се основна единица од која се градат колекциите; може да имаат внатрешна


структура, алтернативна презентација или дополнителни фајлови. Документите може да
содржат текст, слики, звук или видео; колекциите може да вклучуваат различни типови на
документи.

Метаподатоци се библиографски информации на секој документ.

You might also like