You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ”-ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА

СЕМИНАРСКИ ТРУД ПО ПРЕДМЕТОТ

ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

ТЕМА:

ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ ЗА ВОДЕЊЕ НА БИБЛИОТЕКА

Ментор: Кандидат:

Проф. Зоран Здравев Бобан Тасевски 102158

Штип, мај 2019

07.12.2020
1
1.Технички извештај

Главната и основна цел на финалниот продукт е да им помогне на


администраторите во библиотеките, библиотекарите и читателите ( корисниците ),
да преку електронски пат ги евидентираат сите достапни книги во библиотеката,
да читателите ги изнајмат посакуваните книги, да се има целосен преглед на
изданијата на достапните книги, да читателите се зачленат во библиотеката, да
библиотекарите имаат преглед на изнајмените книги од страна на читателите и
сл. Сето тоа овозможува без било какви посебни кориснички профили од
првичната верзија, така што секоја библиотека ќе ги чува своите податоци во
својата сопствена база. Во напредните, подоцнежни модули и надградби на
системот на спецификација ќе бидат додадени и кориснички профили од типот:
Библиотекар, Корисник и администратор.

Примарна цел на системот е да биде лесен за користење како за библиотекарите


така и за самите корисници (читатели). Овој систем овозможува едноставен
преглед на достапните книги во библиотеката во било кое време, од било кое
место. Во денешното модерно време и ера на брз стил на живот, изнајмувањето
на книги и зачленувањето во библиотека од дома или работа е повеќе од потреба.
Целта на секој човек е да заштеди дел од своето драгоцено време, па така
практично за секого е да од својот уред седејќи во својот дом да провери дали
неговата посакувана книга ја има во локалната библиотека или пак да online да се
зачлени во библиотеката .Со имплементација на овој систем во целост се
задоволуваат потребите, барањата и преференциите на современиот читател, кој
се одлучува на online пристап до библиотеката, наспроти традиционалното одење
до локалната библиотека.

Крајната цел, при користење на софтверскиот систем за online библиотека на


подолг период има за цел да овозможи зголемен број на читатели во
библиотеката, поголем број на нови книги и наслови во библиотеката, поголема
ефикасност и агилност на библиотекарите преку лесен преглед на целата
библиотека, бидејќи традиционалниот читател е заменет со нов современ
софистициран читател.

07.12.2020
2
2.Вовед

Системот за водење на библиотека има за цел да им овозможи на читателите и


сите љубители на пишаниот збор едноставно и брзо да проверат дали во
библиотеката го има делото кое го сакаат, листајќи и пребарувајќи низ онлајн
каталогот на дела. Ќе можат едноставно да дојдат до сите потребни информации
преку својот компјутер, наместо да одат до најблиската библиотека, да чекаат во
ред и пребаруваат по полиците полни со книги. Всушност крајната и најголема цел
и предност на системот за водење на библиотека е тоа што тој би овозможил
зголемување на ефикасноста како и олеснување на работата на луѓето задолжени
за целокупното функционирање на библиотеката.

3.Анализа

Во првичната верзија на системот, односно верзијата 1.0 типови на корисници се


едноставно библиотекарите, читателите и администраторите. Додека во
понатамошните напредни верзии на системот ќе се додадат и преименуваат и
следниве типови на корисници:

 редовни корисници – кои ке имаат попусти и одредени други привилегии ;


 посебни корисници – на пр.фирми, училишта и сл. Кои изнајмуваат
поголеми количини на книги;

Системот е со можност за проширување на типот на корисниците во зависност од


потребите.

Основните предвидени корисници на системот во својата прва верзија се :

 Корисници : на библиотекарите во библиотеката им е овозможено да вршат


преглед на достапните книги, внес на нови корисници во базата со
податоци, внес на нови книги, поставување и менување на цените за
изнајмување на книгите, бришење на книгите од базата, преглед на
изнајмените книги, печатење на нарачки. Кога библиотеката ќе добие нови
книги, библиотекарите имаат задача да ја стават во базата книгата и да ги
наведат најбитните податоци, да го внесат нејзиниот автор, да го наведат
изданието на книгата, да го наведат авторот, да го наведат бројот на страни
на книгата, да ја наведат категоријата на книгата.

07.12.2020
3
 Администратор: администраторот има можност да внесе во системот нови
книги, исто како што можат и библиотекарите, но ќе можат и да го
прегледуваат вкупниот промет на дневен, месечен и годишен основ и низа
други дополнителни информации за работењето на
библиотеката.Администраторот може да додава нови библиотекари и да
брише веќе постоечки.

Во првичната основна верзија на системот нема да има повеќе типови корисници,


ниту надзорници, сите податоци во целост ќе бидат достапни на тој што го користи
софтверот и има улога на адиминистратор или бибилотекар. Тие ќе бидат на некој
начин контролори и управувачи на софтверот за онлајн библиотека. Во
понатамошните напредни верзии можностите за преглед и манипулација со
податоците ќе бидат ограничени .

-Во случај доколку некој сегашен или поранешен библиотекар нанесе намерна
штета на билиотеката злоупотребувајќи ја апликацијата, ќе одговара за истото
дело соогласност договорот за работа.

-По истекот на работното време библиотекарот нема да може да се логира во


системот и да го користи истиот, додека пак на корисниците апликацијата ќе им
биде достапна нон-стоп т.е. 24/7 дена во неделата.

-Одговорот на секоја команда треба да се добива за време помалку од 5 секунди.

4. Краток опис на задачата и потребата од ваков систем

Овој систем може да се примени во било која библиотека, олеснувајќи ја


значително работата на библиотекарите за водење на евиденција на издадените
книги, за достапните книги во библиотеката и преглед на зачленетите читатели.

Администраторите преку овој систем ќе можат да добијат комплетни извештаи на


дневна, месечна и годишна основа за активностите на библиотеката без да ги
ангажираат библиотекарите тоа да го направат за нив. Корисниците (читателите)
со користење на софтверот ќе можат да ги прегледат сите достапни книги во
библиотеката и да си ја резервираат посакуваната книга. Софтверот го краси
едноставниот интерфејс кој има за цел да привлече читатели од сите возрасти,
како од младата популација, така и повозрасни љубители на пишаниот збор, кои
сакаат да се софистицираат и бидат во тренд и чекор со современите технологии.

07.12.2020
4
4.1. Анализа на системи
1.Бизнис процес за функционалностите поврзани со членовите на една
библиотека:

ФУНКЦИОНАЛНА БИЗНИС ПРОЦЕС ОПИС


ОБЛАСТ

Пребарување низ Пребарувањето се врши преку


книжниот фонд внесување на клучни зборови

Внесување клучни Клучните зборови се пребаруваат во


зборови насловот на делото и името на авторот
(само за книгите)

Посакувани Ако некој од резултатите е од интерес


примероци за членот, тој може да го означи и да го
постави во листа на посакувани
Читател примероци. Оваа листа по потреба
членот може да ја отпечати.

Изнајмување Кога целиот процес на пребарување ќе


заврши, клиентите може да одат на
шалтерот за изнајмување и преку
листата на посакувани примероци да
побараат позајмување на истите.

Забрана за Ако членот не е регистриран, тогаш


позајмица поднесува барање за регистрација, по
што му се изнајмуваат примероците кои
ги сакал.

Администратор Приказ на Откога ќе се изврши пребарувањето на


резултатите екранот се добива листата со
пронајдени резултати

Библиотекар Зачленување Изнајмувањето може да се направи


само ако членот е регистриран во
библиотеката и ако нема повеќе од пет
позајмици

07.12.2020
5
07.12.2020
6
2.Бизнис процес за функционалностите поврзани со читателот, библиотекарот и
администраторот претставен со базени и линии.

Читател Библиотекар Администратор

07.12.2020
7
ФУНКЦИОНАЛНА БИЗНИС ПРОЦЕС ОПИС
ОБЛАСТ

Барање за -преглед на книгите;


за зачленување
-селектирање на избраната книга за
Зачленување
изнајмување;
Читател -внес на количина книги за
Најава
изнајмување;
Пребарување низ
-зачувување на нарачката во
каталогот на книги потрошувачка кошничка;
Избирање
-промена на нарачките кои не се
примерок
испорачани;

Изнајмување на -плаќање на нарачки;


примерок
-откажување на нарачките кои не се
испорачани.

Внесување и -внесување на код за идентификација


ажирирање на на книгата која сакаме детално да ја
податоци за разгледаме;
-бришење на книгите од базата на
вработени
податоци;
Библиотекар
Внесување и -преглед на залихите на достапните
ажирирање на книги;
податоци за книги
-внес на нови количини на книги;

Преглед на податоци -промена на цените за изнајмување на


за книги книгите

Внесување на -најава како администратор;


библиотекари
-барање за извештај за вкупен промет;

Внесување на -печатење на нарачки за изнајмени


податоци за книги книги;
Администратор
Печатење на -анализа на податоци;
извештаи
-терминирање на програмата.

07.12.2020
8
4.2.Дизајн на системи

поставување и
менување на цените
за изнајмување на
книгите Зачленување во
Стратегиско
Ставање во ниво
печатење на листа на
нарачки
Преглед на
вкупниот промет

Избирањ бришење
е на книгите
примеро
од базата
Внес на нови
Менаџерск
о ниво
Позајмица внес на нови Бришење на
книги во базата библиотекари

Изнајмување Внес на нови


внес на нови
на примерок корисници во библиотекари
базата со

Пребарување преглед на
Печатење на
Оперативн
низ книжен изнајмените
фонд книги
извештаи о ниво
преглед на
изнајмените книги
Преглед на
Преглед на целокупното
Преглед на достапните книги работење на
достапните книги библиотекарите

Читател Библиотекар Администратор

07.12.2020
9
ПОДСИСТЕМ ФУНКЦИОНАЛНА ОРГАНИЗАЦИСКО
(БИЗНИС ПРОЦЕСИ) ОБЛАСТ НИВО
Преглед на достапните Читател Оперативно ниво
книги

Преглед на изнајмените Читател Оперативно ниво


книги

Пребарување низ книжен Читател Оперативно ниво


фонд

Изнајмување на примерок Читател Менаџерско ниво

Позајмица Читател Менаџерско ниво

Избирање примерок Читател Менаџерско ниво

Зачленување во Читател Стратегиско ниво


библиотеката

Ставање во листа на Читател Стратегиско ниво


посакувани

Преглед на достапните Библиотекар Оперативно ниво


книги

Преглед на изнајмените Библиотекар Оперативно ниво


книги

Внес на нови корисници Библиотекар Менаџерско ниво


во базата на податоци

Внес на нови книги во Библиотекар Менаџерско ниво


базата

Бришење на книгите од Библиотекар Менаџерско ниво


базата

Печатење на нарачки Библиотекар Стратегиско ниво

Поставување и менување Библиотекар Стратегиско ниво

07.12.2020
10
на цените за изнајмување
на книгите
Преглед на целокупното Администратор Оперативно ниво
работење на
библиотекарите

Печатење на извештаи Администратор Оперативно ниво

Внес на нови Администратор Менаџерско ниво


библиотекари

Бришење на Администратор Менаџерско ниво


библиотекари

Внес на нови книги Администратор Менаџерско ниво

Преглед на вкупниот Администратор Стратегиско ниво


промет

На оперативното ниво се вршат следниве бизнис процеси:

1.Преглед на достапните книги –преку најава на системот читателот во секој


момент има преглед на сите достапни книги.

2.Изнајмени книги – исто така и кај изнајмените книги .

3.Пребарување низ книжен фонд – со најава на системот тој пребарува книги кои
сака да ги позајми.

4.Преглед на достапни книги– библиотекарот исто како и читателот има можност


за преглед на достапните книги.

5.Преглед на изнајмените книги– тој прегледува кој колку книги има изнајмено кога
треба да ги врати итн.

6.Преглед на целокупното работење на библиотекарите– администраторот преку


најава има целосен преглед за библиотекарите и нивното работно време, дали
тие се на одмор или не се на работа од колку до колку се и др.

7.Печатење на извештаи- кога има потреба се печатат.

Менаџерско ниво

07.12.2020
11
На ова ниво се вршат следниве бизнис процеси:

1.Изнајмување на примерок– читателот има можност на примерок од секоја книга.

2.Позајмица – читателот има право на 5 позајмици .

3.Избирање на примерок– -||- .

4.Внес на нови корисници во базата на податоци – внесување на нови читатели


кои имаат побарано зачленување.

5.Внес на нови книги во базата– внес на автор на книгата, број на страни,издание


и др.

6.Бришење на книгите од базата– постари книги за кои нема заинтересираност.

7.Внес на нови библиотекари – ако има потреба од нови библиотекари


администраторот само има право да ги внесе.

8.Бришење на библиотекари – библиотекарите кои ги прекршиле правилата се


бришат од страна на администраторот.

9.Внес на нови книги– исто како и библиотекарите и администраторот има


можност да внесува нови книги.

Стратегиското ниво се наоѓа на врвот на хиерархиската пирамида и ги диктира


задачите кои се извршуваат на пониските нивоа.

1.Зачленување во библиотеката – -||- .

2.Ставање во листа на посакувани –читателот кога пребарува книги има можност


книгите да ги стави во листа на посакувани.

3.Печатење на нарачки – со најава на системот избираат печатење на нарачка и


се печати нарачката која треба да биде доставена.

4.Поставување и менување на цените за изнајмување на книгите–зависи од


побарувачката на книгите.

5.Преглед на вкупниот промет– само администраторот има преглед на вкупниот


промет .

07.12.2020
12
4.3.Програмирање

Конечниот систем кој ќе се развие ќе преставува достапна online-апликација која


ги иницира сама со себе и следниве побарувања од работната околина:
-До online библиотеката да се пристапува од сите интернет пребарувачи: Google
Chrome, Mozilla Firefox, Microsoft Internet Explorer,и Opera.
- Системот треба да функционира на Windows сервер, да биде изработен во
програмскиот јазик C#, со користење на Oracle база на податоци.
-Системот треба да обезбеди можност за опслужување на 500 корисници.
-Личните податоци за секој читател треба да се шифрирани преку 128 битна
енкрипција.
-Online библиотеката да биде достапна на вработените и клиентите во секое
време.

4.4.Тестирање

Контексниот дијаграм од сликата е едноставен и ги покажува основните


ентитетите и интерфејсот на системот од верзијата 1.0. Овој систем дополнително
ќе се надградува пр: додавање типови на корисници (пр. редовни корисници,

07.12.2020
13
посебни корисници и сл.), за нови случаи на употреба на системот и можни се
било какви манипулации со податоците од базата.

4.5.Конверзија

Бидејќи имаме различни типови на корисници,со различни барања од системот,


треба да направиме повеќе подменија.
Доколку истовремено се испратени повеќе инструкции,тогаш ќе бидат извршени
по редоследот по кој се повикани.
При вработување на нов библиотекар може да се креира нов профил,но додека
истиот не биде одобрен од страна на администраторот, профилот ќе биде
неактивен.

Побарувањата за перформансите на апликацијата за online


библиотеката ги вклучуваат следните барања:
-Времето на извршување на инструкција е до 5 секунди на компјутер со
RAM од 512МБ, а пократко на побрзите компјутери.
-Системот треба да испраќа повратни пораки до корисниците за
помалку од 4 секунди од внес на некое барање.

4.6.Производство и одржување

Системот треба да биде стабилен и да овозможува зачувување на податоци, исто


така треба да обезбеди и заштита од можно губење или оштетување на податоци
предизвикано од одредени однесувања на системот. Пред да биде извршена било
каква акција, на корисникот треба да му биде понудена опција за потврда за секоја
од критичните акции кои се преземаат.
Системот исто така мора да ги задоволи и следните барања кои се однесуваат на
безбедност:
-Идентификацијата на валиден корисник ќе се извршува преку базата која ќе ја
контролира администраторот на библиотеката;

07.12.2020
14
-Само одобрени корисници смеат да внесуваат и вадат податоци од базата.
-Само администраторот одобрува нови и брише стари библиотекари.

Содржина на семинарската
1.Технички извештај...................................................................................2
2.Вовед........................................................................................................3
3.Анализа....................................................................................................3
4. Краток опис на задачата и потребата од ваков систем.......................4
4.1. Анализа на системи..........................................................................5
4.2.Дизајн на системи..............................................................................9
4.3.Програмирање.................................................................................13
4.4.Тестирање........................................................................................13
4.5.Конверзија........................................................................................14
4.6.Производство и одржување............................................................14

07.12.2020
15

You might also like