You are on page 1of 11

Правен факултет Јустинијан Први

Проектна задача по изборниот предмет

ПЕЧАТЕНИ
МЕДИУМИ

Професор:Јасна Бачовска Недиќ Изработила:Мирјана Блажеска бр.инд 302ј


Скопје,2021

1.1 ВОВЕД.......................................................................... 1
1.2. Што претставуваат печатени
медиуми............................................................................ 2
1.3 Разлики помеѓу печатените медиуми........................ 4
1.4 Пример за македонски печатен
медиум ..................................................................................
.......... 5
1.5 Пример за странски печатен
медиум............................................................................ 7
1.6 ЗАКЛУЧОК ................................................................. 9
- Медиумите веќе не ги обликуваат нашите животи, тие се нашите животи.Од моментот кога ќе ги
отвориме очите поради алармот на нашиот часовник или мобилен телефон, преку илјадниците билборди и
плакати што ги одминуваме додека одиме на ручек, преку списанијата и дневните весници што ги
разгледуваме со попладневното кафе, па сè додека не заспиеме со вклучен телевизор или лаптоп-компјутер.
Свесно или не, примаме и праќаме илјадници информации и пораки дневно преку различни медиуми. Медиум
претставува посредник, спроводник или средство: тоа е канал низ кој циркулираат информациите. Медиум е
нешто што користиме кога сакаме да комуницираме индиректно со другите луѓе. Со зборот „медиум“ се
опфаќаат голем број современи средства за комуникација:телевизија, кино,филм, радио, фотографија, весници,
списанија, носачи на звук (музички цедеа,плочи итн.), компјутерски игри и Интернет.-

1.1 ВОВЕД
Овој предмет во особено внимание посветува на изучувањето на различните новинарски
видови на изразување со посебен акцен на основните новинарски жанрови: вест,
извештај и интервју. Новинарите ќе стекнат умешност и знаења да ги препознаваат
различните начини на новинарско пишување и различни видови на изразување што на

Предметот сметам дека нас студентите од смерот за односи со јавност ќе не оспособи:

• Да се запознаеме со историјата и улогата на печатеното новинарство, како и со


процесот на подготовка и печатење на весниците.

• Да ги научиме принципите на подготовка и уредување на весник.

• Да ги научиме основните разлики на новинарското изразување и да ги препознаваме


различните жанровски форми.

• Да научиме да ги пишуваме основните видови на новинарско изразување како што се


веста, извештајот и интервјуто.

• Да се запознаеме со другите видови на новинарско изразување, како што се


специфичните и специфично-белетристичките жанрови.

• Да научиме да ја препознаваме важноста од настанот и да умеаеме да селектираме


што е вредно за обајвуавње, а што не.

1
-Денес медиумите се многу значен дел од секојдневието на младиот човек. Без сомнение,многу млади најголем
дел од својот ден го поминуваат пред телевизорот или пред својот компјутер, многу повеќе отколку со своето
семејство или, пак, на училиште.Многумина експерти тврдат дека од аспект на воспитувањето, медиумите
го презеле местото на училиштето и семејството во современото општество.-

1.2 Што претставуваат печатените медиуми


Тие се каква било форма на пишана или сликовна комуникација, произведена механички
или електронски преку печатење, фотокопирање или дигитални методи, од кои може да
се направат повеќе копии преку автоматски процеси. Поконкретно, тие се каква било
форма на комуникација „мастило и хартија“, која не е ракописна или типизирана,
вклучувајќи книги, циркулари, списанија, литографии, белешки, списанија, весници,
брошури, периодични списанија и други форми на печатен материјал. Тие се едни од
најстарите и најосновните форми на комуникација што постојат. Главната употреба на
печатените медиуми е ширење информации за настани и вести, бидејќи тоа е најбрзиот
начин да се стигне до јавноста. Освен тоа, овозможуваат голема забава за читателите.

Иако проширувањето на дигиталните медиуми влијаеше и влијае на употребата и


користењето на печатените медиуми, сепак тие се одржлива форма на рекламирање.

- Весниците се најчестите печатени медиуми. Доставени до дома или продадени


на киос, весниците можат да се објавуваат дневно, неделно или месечно.Весникот
има предност да обезбеди брза, ефтина и опиплива достава и на вести и на
рекламирање. Не можете да клипувате купон за пица од радио реклама. –

Без разлика дали се произведуваат милион примероци од медиумот за печатење или сто
примероци направени во локална продавница, целта е иста: да се произведе печатење
што го балансира квалитетот со цената и пораката со содржината. Печатените медиуми
имаат поголемо влијание врз умот на читателот, со подлабоко известување и анализа.

2
Меѓу главните предности на печатењето во однос на дигиталното се опипливи, трајна
порака и висок кредибилитет. Некои луѓе претпочитаат да читаат печатени медиуми
отколку дигитални формати,а подолу би ги набројала најважните предности на
печатените медиуми:

 Тие се лесен медиум за ширење во која било посебна географска област. На


пример, локален весник е најдобриот начин за ширење вести за кој било локален
настан.
 Сјајните списанија се секогаш популарни кај потрошувачите. Тие често се читаат
во одреден временски период. Месечните списанија се најдобриот начин да
привлечете внимание кон секоја реклама.
 Некои форми на печатени медиуми имаат голем број на следбеници, затоа што
се сигурни. Ова е одличен поттик за привлекување читатели.

Кога станува збор за недостатоците на печатените медиуми,не зборуваме за вистински


недостатоци, туку за предности кои дигителните медиуми кои ги носи технологијата.Тука
можам да ги споменам:

 Ако барате глобална публика, печатениот медиум не е за употреба. Наместо тоа,


Интернетот има многу поширок дострел од печатените медиуми.
 Поставувањето реклама во печатените медиуми бара многу планирање и време.
Во овој случај, се соочувате со проблем со флексибилност, особено кога работите
на тесни рокови.
 Постојат многу ограничувања при обраќањето кон публика, бидејќи одреден
весник може да не биде достапен на публиката во секое време. Од друга страна,
едно лице може да има пристап до Интернет од каде било и во кое било време.
 Исто така, рокот на траење на весниците и списанијата е многу краток, бидејќи
луѓето имаат тенденција да ги фрлаат или да ги ставаат настрана по еден ден на
читање.

3
-Може да се каже дека во Македонија постои разновидност во медиумската сфера, барем судено според
бројот на медиумите што постојат во државава. Во Македонија до крајот на 2009 година имало вкупно 148
радиодифузни субјекти (комерцијални заедно со јавниот сервис), околу 100 весници и списанија (иако не
постојат официјални податоци за точниот број весници), а во последно време се зголемува бројот на
медиумите на Интернет. Исто така, во Македонија освен на македонски, има медиуми и на другите јазици на
заедниците. Плурализацијата и демократизацијата на медиумскиот простор во Македонија почна по 1991
година, веднаш по осамостојувањето на државата.-

1.3 Видови печатени медиуми


Печатените медиуми може да се разликуваат според динамиката на излегување, а потоа
и според тематиката што ја покриваат. Според динамиката на излегување, весниците
може да бидат дневни весници,неделници, двонеделни весници и списанија, месечници
или периодични списанија. Во рамките на оваа поделба тие понатаму може да бидат од
информативно-политички формат, од општ формат - да покриваат содржини од различни
области, или, пак, да бидат од специјализиран тип, односно да се концентрираат на
определена област, како економија, наука, медицина, нови технологии, забава, спорт
итн. Дневните весници најчесто имаат информативно-политички карактер,а нивната цел
е да ги пренесат политичките, економските, општественитеи културните настани од
претходниот ден, како и гледишта, размислувања и коментари за актуелни настани.
Неделниците прават неделен пресек преку еден аналитички, продлабочен и сеопфатен
пристап, а месечниците вообичаено третираат „побавни“, но значајни теми, чие влијание
се протега на подолг временски период и кои не ја губат брзо атрактивноста и
актуелноста.Кога говориме за разликите меѓу весниците, треба да ги спомнеме и т.н.
таблоиди и „жолт печат“. Специфичноста на овој печат е што се обидува преку
сензационален, скандалозен и шокантен начин да ги привлече читателите,наспроти
објективното и умерено новинарство кое се придржува кон професионалните стандарди.
При категоризирањето на весниците треба да се има предвид и фактот дека денес на
пазарот постојат и бесплатните весници кои нудат полесни вести, што се читаат попатно
до работа, во автобус или во метро. Додека според некои овие весници го уништуваат
печатот и медиумскиот пазар, други сметаат дека на тој начин весниците им стануваат
достапни на сите.

4
-Потребата за изучување на медиумската писменост произлегува од фактот што медиумите се неизоставен
дел од животот на современиот човек и како такви несомнено влијаат врз оформувањето мислења, ставови и
однесувања на публиката. Според тоа, треба да се прифати фактот дека денес, при социјализацијата,
воспитувањето и образованието на младите луѓе,учествуваат и други фактори, како што се медиумите, а не
само родителите и училиштето. Токму затоа целта на медиумската писменост е да се зголеми разбирањето
за улогата и функцијата на медиумите во општеството, но и да се развијат основните вештини за
истражување и изразување на граѓаните во едно демократско општество.-

1.4. Пример за македонски печатени медиум


„Нова Македонија“ е најстариот дневен весник во Македонија.

На третата седница на Президиумот на AСНОМ, која била одржана од 2 до 5 септември


1944, во манастирот Прохор Пчињски, била донесена одлуката за основање дневен
весник.Веднаш потоа било задолжено Агитациско-пропагандното одделение
(АГИТПРОП) при ЦК КПМ и Главниот штаб да формира и специјална комисија, која ќе го
подготвува и ќе го издава овој дневен весник. За името на весникот уште веднаш
паднале три предлози – Независна Македонија, Слободна Македонија и Нова
Македонија. Најприфатливо било името Нова Македонија, бидејќи истакнувало дека
станува збор за нова преродба, нова современа македонска држава, со поинакво
општествено политичко уредување, со нови и поинакви принципи и начела на
раководење и живеење. Иако битките за конечно ослободување биле во тек и
интензивно се одвивале, во исто време до сите народноослободителни одбори и други
органи и организации пристигнала директива на Поверенството за информации, во која
дури и се дал потсетник за тоа „што да се пише во дописките“. Притоа се нагласува
дека:

Весникот нема да е еден сувоофицијален орган, кој ќе публикува само заповеди и


решенија и ќе излегува само со некоја политичка статија, ами треба да се
претвори во широк, масовен лист, да стане истински народен весник…

Првиот број излегол на 29 октомври 1944 година во Горно Врановци, а за негов прв
главен уредник е назначен Васил Ивановски. „Нова Македонија“ е првиот македонски
дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Првиот број е објавен на
29 октомври 1944 година во селото Горно Врановци, каде што денес се наоѓа првата
печатница, претворена во музеј.

Весникот кој се на се имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до
бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ
испечатен на кодифициран македонски јазик. Вториот број бил отпечатен во Битола, а од
третиот (22 ноември) се печати и излегува во Скопје. Весникот излегол дури и на 27 јули
1963 година, ден по скопскиот земјотрес.По бурните транзициски години, обновената
„Нова Македонија“ почна да излегува на 30 април 2008 година.

 Издавач на весникот е „РЕПРО ПРИНТ“ ДООЕЛ Скопје,


 Директор на весникот е Ратко С. Лазарески
 Главен оперативен директор на весникот е Бобан Стојчевски,
 Главен и одговорен уредник на весникот е Александар Димковски

6
-Медиумската писменост претставува вештина и приодот во реализацијата на содржините од медиумска
писменост се разликува од наставата насочена кон стекнување фактичко знаење. Овој приод на стекнување
вештини во воспитно-образовниот процес може да се примени на која било содржина и на која било област.
Сепак, медиумската писменост бара многу практика.-
1.5 Пример за странски печатен медиум
Вечерње новости (српски кирилица: Вечерње новости; Вечерни вести) е српски дневен
таблоид весник. Основана во 1953 година, брзо напреднал и пораснал во голем тираж
дневно. Новости (како што кратко го нарекуваат повеќето луѓе), исто така, вработува
странски дописници раширени околу 23 национални метрополи низ целиот свет.
Главните медиумски компании на југословенско ниво беа Борба и Танјуг. Борба
издаваше два дневни весника, Борба и Вечерње новости. Вториот дневен весник
издаден од Борба беше Вечерње новости, добро уреден вечерен весник. Тоа беше
модерен таблоид со кратки вести, приказни за човечки интереси, големи фотографии,
добро напишани наслови и многу спортски, градски и регионални извештаи.Долг
временски период Вечерње новости имаше најголем тираж во Југославија. Само
Вечерњи лист од Загреб успеал на краток временски период да ги “победи“.За прв пат
се појави на трибините на 16 октомври 1953 година, уредуван од Слободан Глумац, кој го
поставил тонот на весникот за годините што доаѓаат. Сместувајќи широка мрежа на
новинари и соработници, весникот известувал и коментирал на различни прашања и
настани според својата мантра: брз, краток и јасен. Иако е еден од најдолготрајните
весници во регионот, тој е запаметен и по поврзаноста со режимот на Слободан
Милошевиќ. За време на годините пред соборувањето на диктаторот, Новости беше еден
од неговите главни гласноговорници. Лојалноста кон неговиот режим претставувала
најважното барање за работа во трудот во овој период. Преку партиски инсталирани
апарати како Душан Цукиќ (тогашен главен уредник), Милошевиќ можеше да го
контролира весникот и да го искористи како пропаганда.

7
Денес, „Вечерње новости“ е медиум со мнозинска приватна сопственост (Приверено
друштво за медиуми 026 д.о.о., од Вучак има 98,05% од акциите, додека 1,95% од
акциите ги имаат малите акционери). Компанијата „Новости“ објавува 12 дневни и
неделни весници, а во него е вклучено и радиото „Новости“.

Овој медиум сменил многумина главни и одговорни уредници меѓу кои како
најактуаелни би ги споменала:

 Слободан Глумац
 Василије Краљевиќ
 Слободан Глумац
 Перо Симиќ
 Манојло Вукотиќ
 Ратко Дмитровиќ
 Милорад Вучелиќ (2017.)

8
-Имајќи предвид дека во нашето секојдневие поминуваме огромен дел од времето користејќи разни медиуми
(телевизија, радио, весници, списанија, Интернет), а кога ќе ги додадеме на тоа и рекламите што постојано нè
пречекуваат дури и на улица на билбордите и светлосните рекламни паноа, можеме да заклучиме дека
постојано сме изложени на голем број информации, пораки и содржини. Нашето опкружување нè бомбардира со
разновидни сирови, но и проџвакани информации и содржини кои влијаат на нашата свест и, свесно или
несвесно, нè обликуваат т.е. учествуваат во изградбата на нашиот личен идентитет, но и на идентитетот
на групите на кои им припаѓаме. На таков начин ја изградуваат нашата слика за, и однос кон, остатокот од
светот.-

1.6. Заклучок
Медиумите се основниот извор на информации кои им се неопходни на луѓето за да
можат да го организираат својот живот, заедницата во која живеат и целиот општествен
систем. Многу земји воспоставуваат законски рамки за заштита на слободата на говорот
и на новинарството, за новинарите да можат да им ги обезбедат неопходните
информации на граѓаните. Во Уставот на Република Македонија се гарантира слободата
на јавното изразување на мислата, на говорот, јавното информирање и слободното
основање институции за јавно информирање. Новинарите немаат само права и законска
заштита, туку и одговорности.Граѓаните треба да се информирани, а должност на
новинарите е да им обезбедат точна информација, од најсоодветен извор и да
известуваат непристрасно, без надворешни влијанија. Луѓето постапуваат според она што
го читаат и слушаат. Првата и најважна должност на новинарите е вистината. Кога
известуваат, новинарите се стремат да бидат фер и сеопфатни, односно да ја имаат
приказната од сите страни. Целта на новинарот е да ја прикаже целосната слика, иако таа
не мора да биде позитивна. Новинарите и медиумите им се верни на граѓаните. Тие им
даваат глас на безгласните и обезбедуваат услови во кои владејачкото мнозинство не
може да ги крши правата на малцинствата, туку напротив, ќе ги обезбедува. Новинарите
знаат дека најдобро служат кога ја претставуваат јавноста и кога се противтежа на
властите и други влијателни групи во општеството. Тие дејствуваат како независни
набљудувачи на центрите на моќ во државата,јавно ги критикуваат и создаваат услови да
се постигне согласност за некое прашање. Денес, кога живееме во свет во кој
информациите не се веќе ексклузивно право на медиумските компании, улогата на
новинарот е поважна од кога било.

You might also like