You are on page 1of 6

БИЗНИС ПЛАН

ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН


Тема: Отварање на Book store - кафе

МОДЕЛ НА БИЗНИС ПЛАН


Основни информации за компанијата

Компанија: ДОО

Име на компанијата (смислете име): Hogwart's coffee and book shop

Име и презиме на членови на компанијата:

1. Јулијана Ѓоргиевска
2. Александра Јовановска
3. Цвете Ѓоргиевска
4. Иљо Ѓоргиевски

Кратка историја за организацијата:

Компанијата Hogwart’s coffee and book shop како идеја постои од не така
далечната 2018 година. Таа би била еден мал бизнис креиран од и со многу
љубов. Начелно, оваа компанија би се создала се со цел да се покрене
свеста кај човекот/луѓето за што поголема заинтересираност за книгите и
читањето. Првичната идеја е компанијата да ги задоволи потребите на
страсните читатели, обожавателите на пиење кафе додека се чита
омилената книга, но и да ги привлече и оние кои се помалку заинтересирани
со уникатниот начин на функционирање.
БИЗНИС ПЛАН
Бизнис идеја

Со што се занимава компанијата?

Компанијата би се занимавала со продажба и изнајмување на книги,


продажба на услуги поврзани со угостителство (кафиња, безалкохолни
пијалоци и закуски).

Опис на услугата

Краток опис на услугата/производот и начинот на користење

Продажба книги од различни жанрови, меѓутоа би имало и дел каде што


одредени книги можат да се изнајмат и да се читаат во делот за одмор и
релаксација, односно во делот каде што може да се конзумираат секаков тип
на кафиња, чаеви и безалкохолни пијалоци и закуски кои би ги нудела
Hogwart’s coffee and book shop.

Целна група (клиенти)

На кого се однесува услугата/производот? Кои се вашите најважни


купувачи/корисници на услугата? Кои потреби услугата/производот ги
задоволува?

- На секој оној кој што е љубител на убавиот збор, читатели, страствени


купувачи на книги и уживатели на добро кафе во пријатна атмосфера.

- Купување на нови книги, дружење, размена на знаења, комуникација,


релаксација.
БИЗНИС ПЛАН
Анализа на состојбата

SWOT анализа

Јаки страни Слаби страни

-Уникатност во идејата -Ризик од слаба посетеност во


одделот за изнајмување на книги и
-Единствен бизнис од овој тип во користење на истите во просторот
градот и поширокиот регион.
-Ограничен, мал простор, кој по
-Интимен простор за квалкитетно однос на концепцијата задоволува
поминување на времето, каде ќе се барања на помала популација.
надоградуваат знаења и ќе се
стекнуваат пријателства, а мост ќе -Мала посетеност во одредени
биде љубовта кон убавиот збор и периоди од денот или седмицата.
литературата.

Можности Закани

-Во одреден дел од годината -Недостиг на нови, интересни


просторот да се користи за содржини на пазарот на литература
промоции на книги, литературни и книжевност.
читања, изложби и друг тип на
културни случувања. -Недостиг на работна сила (кадар)
компетентен за работа во дејности
-Можност за јакнење на свеста за од овој тип.
значењето на литературата и
книжевноста кај младата
популација, преку проекти и
анимирани настани организирани во
самиот простор.
БИЗНИС ПЛАН

Дефинирање цели/приоритети

цел активност Индикатор за Период на


успех имплементација

-Да се создаде -Пријатни катчиња -Задоволни клиенти -Во првите два


препознатлив за поединечни кои би се навраќале квартали од
простор за (индивидуални) “ритмички”, отварањето, за да
релаксација и кафе пиења или зачестено и кои би може да се изгради
“активен” одмор со најмногу во двојки. станале имиџ кој ќе се
книга. препознатливи за прочуе и во
брендот. пошироката
околина.

Маркетинг и продажба

Наведете ги основните елементи на маркетинг планот и како планирате да


го продавате својот производ/услуга (одредете ги каналите на дистрибуција,
цена, начин на промоција на производот/ услугата).

- Најпрво и најважно во денешни услови се рекламирањата на


социјалните мрежи (Facebook, Instagram) и платени спонзорства за
самото рекламирање.
- Во почетокот на работењето, радио и тв рекламирања по можност во
ударните термини ( пред и после главните термини за вести на
истите).
- Делење на флаери, со што би се привлекло вниманието на жителите
на местото каде ќе биде отворен бизнисот.
- Пакети и промоции со кои ќе им се приуштат на клиентите ефтини
производи, прифатливи за нивниот буџет, но секако со тоа да не биди
занемарен квалитетот на понудите.

USP (Unique Selling Point)-Уникатност на пазарот


Со што се издвојува вашиот производ/ услуга во однос на ПЛАН
БИЗНИС останатите
присутни на пазарот?

-Во околните места во близина на градот Битола, а и на ниво на целата


територија на државата не постои простор/место/бизнис од овој тип. Во
градот Скопје има само неколку места каде покрај книжарите се отворени
кафичи каде луѓето можат да го испијат своето кафе и да одморат. Овој
концепт со простор за изнајмување на книги, тука да се читаат, да се
одмара, да се работи online не постои на територијата на Република
Северна Македонија, па и од тука е самата уникатност на идејата за
бизнисот.

Финансии

Кои трошоци ги има компанијата во своето работење (раздвојте ги посебно


вложувањата/ инвестиционите трошоци од трошоците на редовно
работење); колкави се очекуваните приходи од продажбата на вашите
производи/ наплата на услугата. (Пожелно е трошоците/ приходите да ги
квантифицирате, но ако не сте во можност во дадените услови само
наведете ги своите идеи).

-Отварање на компанија ДОО 5000 €

-Купување на инвентар и опремување на простор 5000-7000 €

-Купувањена книги за продажба и книги за изнајмување – почетно 3000 €

-Рекламен материјал за маркетинг – 1000 €

-Минимална бруто плата за првиот месец на ниво на државата -1300€

-Првична набавка на производи потребни да се опреми кафе просторот–


1500€

Технологија
Дали вашата дејност/ производ има потреба да употреби одредена
БИЗНИС ПЛАН
технологија, опрема, објекти и алати...? На кој начин мислите да ги
обезбедите?

-За бизнисот и одделот каде што ќе биде просторот за релаксација (кафич)


ќе биде потребен компјутер и систем за влез и излез на производи и
наплата.

-За делот со книгите ќе биде потребна каталошка организација најпрво за


потребите на сопствениците, а секако и за подобро снаоѓање на самите
клиенти. Сето тоа би се реализирало со организација преку комјутерски
програми.

-Ќе бидат потребни апарати и опрема (фрижидери и сл.), инвентар за


самото опремување на угостителскиот дел од просторот.

-Полици и органајзери за делот каде што би имало продажба на книги.

You might also like