You are on page 1of 6

ОПШТИНСКО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ

„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ"-СВЕТИ НИКОЛЕ

ул.„Цветан Димов“ бб Тел. 032/443-158

ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА

НА БИБЛИОТЕКАР

ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Библиотекар
Биљана Санева

Август, 2020
ГОДИШНА ПРОГРАМА

Училишната библиотека во едно современо училиште претставува значаен


релевантен фактор во воспитно-образовниот процес и е во нераскинлива врска со сите
наставни предмети и програми. Успешното менаџирање на библиотеката непосредно
влијае врз квалитетот на наставниот процес.
Училишната библиотека која работи во состав на централната зграда на ООУ:
„Гоце Делчев“ - Свети Николе е составен дел на воспитно-образовната и културна
дејност во училишниот центар. Таа претставува неделива целина во процесот на
образованието и воспитанието, преку секојдневната комуникација и соработка со
наставниците и учениците за непречено одвивање на наставата.
Библиотеката располага со книжен фонд од околу 10.969 книги, лектирни
изданија, слободна литература и делумно стручна литература, со постоење на можност
за збогатување со актуелни наслови од домашни и странски автори и обновување на
постоечките книги.
Библиотеката освен библиотечната дејност - техничка и физичка обработка на
библиотечниот материјал, позајмување на книги, како културно-образовен сегмент во
институцијата, има за цел преку популаризацијата на книгата, промоција на автори и
нивни дела и презентации преку изложби на нови наслови, посета на саем на книгата,
да ја зголеми љубовта и интересот кон пишаниот збор, затоа што со секоја прочитана
книга се збогатуваат општите знаењa и вештините на изразување во понатамошното
образование и пошироко.
За правилна и навремена обработка на библиотечниот материјал, библиотеката
соработува освен со училишни и со други видови библиотеки.
За остварување на својата функција и наменско работење, библиотеката ги
предвидува следните програмски активност:

Активности на библиотекарот за следните месеци:


Август

1. Планирање и подготовка на Програмата за работа на библиотекарот за учебната


2020/2021 година;
2. Учество во работата во Годишната програма за работа на училиштето;
3. Подготовка на документација за учебници;
4. Прием и обработка на учебници од проектот за бесплатни учебници;
5. Чистење и припрема за работа на библиотеката.

Септември

1. Средување и анализа на постоечкиот книжен фонд во библиотеката;


2. Прием на бесплатни учебници за престојната учебна година, инвентирање и
електронска евиденција за добиените учебници;
3. Поделба и задолжување на наставниците и учениците со бесплатни учебници;
4. Опомена на нередовните членови за враќање на книгите;
5. Посета на училишната библиотека од страна на учениците од I одделение;

5
6. Издавање на книги;
7. Формирање на библиотекарска секција и план на работа;
8. Планирање и набавка на нови книги (лектири);
9. Истакнување на правилата за правата, обврските и одговорностите на членовите
на библиотеката;
10. Евиденција на читателите и позајмените книги;
11. Спроведување на анкета на учениците за најомилен вид на литература.
Октомври

1. Издавање на книги;
2. Одржување на книжниот фонд со лепење на оштетени книги, средување и
потпечатување на новонабавени книги;
3. Водење на електронска евиденција на бибилиотечниот фонд;
4. Инвентирање на новонабавени книги;
5. Подготовка на членови на библиотекарската секција на општинскиот натпревар
Млади библиотекари, во организација на Градската бибилотека при ОУ Дом на
културата „Крсте Петков Мисирков“-Свети Николе;
6. Изработка на агенда со планирани активности по повод Месецот на книгата од 15
Октомври до 15 Ноември и негова реализација;
7. Литературно читање на сопствени творби;
8. Читање бајки и сказни за најмалите членови во училишната библиотека;
9. Соработка со стручни активи во организација и реализација на програмата по
повод Недела на детето.

Ноември

1. Издавање на книги (лектири);


2. Продолжување со планираните активности по повод Месецот на книгата;
3. Посета на Саемот на книгата во организација на Градската библиотека;
4. Изработка на ѕиден весник – изработени од членови на библиотекарската
секција во соработка со ликовна секција;
5. Изложба на новонабавени и актуелни наслови на книги во библиотеката, со цел
зголемување на интересот кон книгата;
6. Водење на соодветна евиденција;
7. Работа со библиотекарска секција;
8. Соработка со стручни активи во организација и реализација на програмата по
повод Месецот на книгата.

Декември

1. Издавање на книги;
2. Новогодишна акција „Подари книга- збогати ја училишната библиотека“;
3. Техничка обработка на новонабавени книги;
4. Посета и соработка со други училишни библиотеки;
5. Учество во подготовка и реализација на приредбата по повод Новогодишните

5
празници;
6. Работа со библиотекарска секција;
7. Избор на најчитана книга за прво полугодие;
8. Избор за најредовен читател во прво полугодие;
9. Соработка со стручни активи во организација и реализација на новогодишната
програма во училиштето.
Јануари

1. Евиденција на читателите и позајмените книги;


2. Попис на книжевен фонд во библиотека;
3. Средување на оштетените книги;
4. Водење на евиденција на издадени книги;
5. Набавка на нови книги (лектири) за збогатување на книжниот фонд и за
потребите во наствната програмата;

Февруари

1. Континуирана техничка обработка на библиотечен матријал;


2. Средување и одржување на книжниот фонд;
3. Водење на евиденција на издадени книги;
4. Водење на електронска евиденција на библиотечниот фонд;
5. Издавање на книги.

Март

1. Издавање на книги;
2. Техничка обработка на библиотечниот материјал;
3. Учество во подготовка на програмската содржина по повод Патрониот празник на
училиштето;
4. Соработка со наставници и литературна секција за реализирање на програмата
по повод 8 март-Денот на жената;
5. Учество во Еко акција за чистење на училишниот двор;
6. Работа со билиотекарска секција.
7. Читање бајки и сказни за најмалите членови во училишната библиотека;

Април

1. Издавање на книги;
2. Континуирана техничка обработка на библиотечен матријал;
3. Одбележување на 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторско право;
4. Соработка со стручни активи во организација и реализација на програмска
содржина по повод Патронатниот празник на училиштето;
5. Учество во реализација на програма по повод Велигденски празници;

5
6. Посета на соодветни манифестации надвор од училиштето;
7. Работа со билиотекарска секција;
8. Учество во реализација на програмата за професионална ориентација на
учениците од деветто оделение.

Мај

1. Издавање на книги;
2. Учество во реализација на програмата;
3. Одржување и средување на библиотечниот материјал;
4. Изготвување на список за невратени книги и нивно навремено прибирање;
5. Потполнување на формулари за потребни учебници за наредна година;
6. Посета на Саем на книгата во Скопје;
7. Работа со билиотекарска секција.

Јуни

1. Издавање на книги;
2. Ажурирање евиденција на издадени и вратени книги/лектири;
3. Преземање на мерки и активности за изгубена или оштетена книга/учебник;
4. Увид во фондот на учебници и проверка на учениците;
5. Потполнување на формулари за потребни учебници за наредна година;
6. Истакнување на лектирни изданија за наредната учебна година;
7. Прогласување на најредовен читател во текот на цела учебна година;
8. Подготовка на извештај на целокупната работа на библиотекарот.

Програмска определба

Секоја набавена книга во библиотеката технички се обработува. Техничката


обработка опфаќа физичка обработка, сигнирање, инвентирање, редење на
библиотечниот материјал, чување и заштита, ревизија и отпишување. Физичката
обработка опфаќа расечување на листови, лепење етикети, потпечатување и ставање
џеб за картон на книга. Потпечатувањето се состои во одредување на кои страни
библиотеката ќе го става печатот за сопственост. Секоја книга се воведува во
инвентарна книга со потполнување на рубриките: инветарен број, автор, наслов, место
на издавање, година на издавње, издавач, страни, должина, подврзано, како е
набавена, цена, сигнатура, децимален број и забелешка. За секоја набавена книга се
прави посебен картон на која се пишуваат следниве карактеристики: автор, наслов,
инвентарен број, сигнатура, година на издавање, цена и состојба.
Книгите се подредуваат во посебни ветрини по азбучен ред по автори, а
лектирните изданија се распоредуваат за секое оддление посебно. Библиотеката
издава книги секој работен ден за што се води посебна евиденција за читателите.
Библиотеката се соочува со проблемот со нередовно враќање на книгите, нивно
губење или оштетување со што се намалува книжниот фонд во библиотеката. Имајќи го
во предвид значењето на библиотеките и развојот на библиотечното работење со

5
воведување на коопертаивниот он-лине библиографски систем и сервис со заедничка
база на податоци, во таа насока е потребна обука на бибилотечниот кадар, со цел
следње и примена на новите програмски сегменти во библиотечното работење.
Во своето работење библиотеката врши поис на библиотечниот фонд и дава
статисички извештај на административни податоци, до надлежните институции во
обазованието.
Содржините и активностите на библиотеката се групирани во четри програмски
подрачја:
1. Воспитно образовна работа со учениците
2. Соработка со учениците,стручните соработници и родителите
3. Културна и јавна дејност
4. Библиотечно-информативна и стручна работа
1. Воспитно-образовна работа со учениците е реализирана преку планирање на
програмата за работа со учениците.
-Зачленување на ученици;
-Разговори и развивање на читателските способности на учениците;
-Оспособување на учениците за правилен избор на литературата што се користи во
наставата;
-Насочување на интересот на книгата во согласност со нивните желби и интереси;
-Создавање навики за читање и заштита на библиотечниот фонд;
-Соработка со авторите на книгите преку промоција на нивни дела.
2.Соработка со наставниците, стручните соработници и родителите
-Соработка со наставниците, стручните соработници во планирање на набавка и обнова на
книжниот фонд;
-Соработка со наставниците за примена на нови форми во современата настава;
-Користење на стручна литература;
-Доброволна акција за дарување книга во училишната библиотека.
3.Културна и јавна дејност
-Подготовка и реализација на културно-образовни манифестации и посета на други
манифестации;
-Посета на Саем на книгата;
-Изложба по повод Патрониот празник, Месецот на книгата;
-Соработка со издавачки куќи;
-Соработка со Градска библиотека и други видови библиотеки.

4.Библиотечно-информативна и стручна работа


-Организација и спроведување на проектот Бесплатни учебници;
-Обнова на книжен фонд;
-Информација за новонабавени книги;
-Инвентирање,сигнирање,сместување и друга техничка обработка на ново набавени книги;
-Заштита и ревизија на библиотечен материјал.

Библиотекар
Биљана Санева

You might also like