You are on page 1of 1

ОСМУ”Никола Штејн” - Тетово

ДОЛЖНОСТИ НА КЛАСЕН РАКОВОДИТЕЛ


1. Да ги реализира содржините од Образование за Животни Вештини на класните
часови( задолжително),
2. Да се придржува кон кодексот на однесување на наставниците,
3. Да соработува со учениците,родителите и стручната служба, а по потреба и со
директорот на училиштето,
4. Професионално да се однесува и облекува за време на часот градејќи го својот лик ,
5. Да соработува со другите наставници –колеги,
6. Да изготвува и доставува извештаи и други податоци во врска со учениците за
потреби на училиштето,
7. Соодветно и доследно да ги применува педагошките мерки,
8. Соодветно и навремено водење на педагошка евиденција и документација
( дневник за работа на класот,статистички извештаи за класот, главна нига,
сведителства, дипломи), навремено да ги запишува реализираните часови и содржините
на часовите,
9, При заведување на изостаноците во рубриката да се пишува и причината за
изостанувањето,
10, На почетокот на учебната година да ги запознае учениците со нивните права и
должности,
11, Редоследот на предметите во дневникот да се запише според наставниот план за
профилот,
12, При пополнување на дневниците за нејаснотиите да се консултираат со стручната
служба за нејаснотиите,
13. Да не се брише со коректор во дневникот за работа на паралелката и главната
книга,
14. Да одржи 4 родителски средби за кои ќе води записник во дневникот, а по потреба и
индивидуални средби со родителите и истите да ги заведе во дневникот,
Прилози :
- Кодекс за ученици и Кодекс за наставници
- Етички кодекс за тестирање на знаењата на учениците
- Начин и постапки за изрекување на педагошки мерки
- Права и одговорности на ученикот
- Теми за класен час според ОЖВ
- Наставен план за профилот

You might also like