You are on page 1of 28

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“, Скопје

Машински факултет
Институт за термичко инженерство
Студиска програма: Термичко инженерство

ПРОЦЕСНА ТЕХНИКА
ЗАДАЧА ЗА СЕМИНАРСКА РАБОТА БР. 3

ПРЕСМЕТКА НА ТЕРМИЧКИ АПАРАТ СО ДИСКОНТИНУИРАН ПРОЦЕС

Кандидат



Досие бр. 
Учебна година 

Термички апарат со дисконтинуиран процес, шематски прикажан на сл. 1, е наменет за одвивање


на технолошки процес во
 индустрија, односно,
за загревање на
.
За уредот е потребно:
 да се даде основен технички опис на избраното решение;
 да се извршат потребните пресметки за одредување на основните димензии на уредот;
 да се димензионира спиралниот грејач (должина и дијаметар на цевката, дијаметар и чекор
на спиралата), низ кој како медиум топлиноносител струи вода / пареа со влезни
параметри
;
 да се одреди потребниот проток на водна пареа за загревање на обработуваната материја, доколку
пареата е сувозаситена, со апсолутен притисок bar;
 врз основа на технолошките барања, да се одреди потребниот проток на вода/пареа низ спиралниот
грејач и колку ќе изнесува неговата топлинска моќност;
 да се пресмета колку ќе изнесува вкупната потрошувачка на енергија за еден работен циклус
на уредот (едно полнење, термички третман и празнење).
Технолошки барања
 Во уредот ќе се обработуваат по kg при едно полнење, а обработката
на едно полнење трае минути.
 Температурата на обработуваниот материјал на почетокот изнесува оС, а на крајот од
процесот е o
C.

Скопје,  Предметен наставник

Проф. д-р Ристо Филкоски


5.4. МЕТОДОЛОГИЈА ЗА ОСНОВНА ПРЕСМЕТКА НА ТЕРМИЧКИ
АПАРАТ СО ДВОЈНА ОБВИВКА

Основната (прелиминарната) пресметка може да се подели на следниве основни


целини:
1) Технички опис на уредот
2) Топлински биланс на уредот
3) Пресметки за одредување на основни димензии
4) Вкупна потрошувачка на енергија за еден работен циклус (едно полнење на
уредот)

5.4.1. Технички опис на уредот

Во овој дел е потребно да се даде технички опис на уредот во следнава насока:


- Треба да се опише избраното техничко решение, да се даде опис на принципот
на функционирање на уредот, да се дадат основните параметри на работните медиуми
и да се наведат примери на можна примена во различни индустриски гранки. Потоа,
потребно е да се наведат основните димензии на садот, добиени со пресметката
(волумен, дијаметар, висина, евентуално и димензии на отворите за влез и излез на
работните материи – топлиноносители и обработуван материјал).
- Да се дадат геометриските карактеристики на спиралниот грејач (вкупна
топлиноизменувачка површина, дијаметар на спиралата, димензии на цевката, чекор
на спиралата, вкупна должина), коишто произлегуваат од топлинскиот биланс и
пресметката.
- Да се опишат основните карактеристики на струјниот простор за водна
пареа.
- Да се направат цртежи(скици) со приказ на основните димензии што се
добиени со пресметката.
Важно: техничкиот опис се прави на крајот од работата, по извршените
пресметки!

1
Сл. 1. Термички уред од шаржен тип со спирален грејач и мешалка

2
Сл. 2. Изведба на просторот за струење на топлиноносителот

5.4.2. Топлински биланс на уредот

Пресметката на топлинскиот биланс на уредот е направена врз основа на


претпоставка дека работниот циклус трае временски период од τ2 – τ1 и се состои само
од загревање на материјалот што се третира термички од одредена почетна
температура (trm,1), до некоја крајна температура (trm,2). Тоа значи дека нема периоди
на одржување константна температура и сл., односно, дека температурниот дијаграм на
процесот може да се прикаже приближно како што е илустрирано на сл. 3.

t , oC
trm,2

trm

trm,1

t1
t, min
t2
Сл. 3. Принципиелен приказ на работен дијаграм на процесот

Главни чекори во пресметката се:


 Определување на прелиминарен волумен на садот;
 Пресметка на потребната топлина за загревање на материјалот што се третира
термички од почетната до предвидената крајна температура;
 Пресметка на потребната топлина за загревање на материјалот од кој е
изработен уредот;
 Одредување на вкупно количество топлина за загревање за еден работен циклус
и
 Распределба на количество топлина што се предава на обработуваниот материјал
на дел што треба да се предаде од страна на водната пара преку
цилиндричната
обвивка на садот и дел што треба да се предаде од водата што струи низ
спиралниот грејач.

1. Определување на волуменот на садот


Почетната вредност на волуменот на садот се пределува врз основа на
предвиденото количество материјал што треба да се обработува при едно полнење
(една шаржа). Притоа, треба да се има предвид дека коефициентот на полнење на
садот, којшто претставува пднос помеѓу волуменот на работната материја и
волуменот на садот, најчесто се наоѓа во границите 0,7÷0,85. За процеси со
интензивно вриење, кај кои се создава слој од пена на врвот од шаржата, коефициентот
на полнење е помал и изнесува 0,4÷0,6. Односот помеѓу основните геометриски
карактеристики, висината на уредот (H) и внатрешниот дијаметар (Ds,v) кај вертикални
термички уреди од шаржен тип обично се наоѓа во границите H / Ds,v = 1÷2.
- Маса на работна материјал при едно полнење m =........kg
- Волумен на работна материја во садот Vrm = m/ =.......m3
- Волумен на садот(приближно ) Vs =(1,15÷1,30)Vom =........m3
- Се усвојува вредност на односот висина/внатрешен дијаметар, на пример H /
Ds,v = 1,3 (во граници 1,0÷2,0), а потоа, врз основа на претходно
определениот волумен на садот Vs, се дефинираат почетни вредности за
висината и внатрешниот дијаметар, сметајќи го садот како цилиндар.

2.Пресметка на потребната топлина за загревање на обработуваниот


материјал од почетната до предвидената крајна температура
3. Пресметка на потребната топлина за загревање на материјалот во идеални
услови (без топлински загуби)
- Почетна температура t1 = 40oC
- Крајна температура t2 = 60oC
- Прираст на температурата Δt = t2 – t1 = 60 – 40 = 20oC
Доколку специфичниот топлински капацитет на растворот изнесува cp (во
kJ/kgK), a потребното време на загревање τ = 35 min = 35∙60 s, потребната топлина за
загревање на растворот изнесува
mc p
Qrm t
=
t
б) Пресметка со вклучување на топлински загуби
Загубата на топлина низ ѕидовите на уредот се пресметува според општиот
израз
Qtz = αambAnpΔtm
Каде што αamb (вo W/m2K) е вкупен коефициент на предавање на топлина од ѕидовите на
термичкиот уред кон околината; Anp (вo m2) е вкупна површина низ која е оддава
топлина, односно надворешната површина на садот, a Δtm e средна температурна
разлика помеѓу предавателот и приемникот на топлина, што во конкретниов случај значи
помеѓу ѕидовите на уредот и околниот воздух.
Коефициентот αamb може да се спресмета со примена на изразот:
wamb
αamb = 9,3 + 0,047(tnp – tv) + 7
кадешто tnp претставува температура на надворешната површина на уредот, односно,
на лимената обвивка, tv e температура на околниот воздух, a wamb e брзина на
струење на околниот воздух. Со оглед на тоа дека уредот ќе биде сместен во
производствена хала, за брзината на воздухот може да се усвои вредност 0 или некоја мала
вредност, како резултат на струење предизвикано од работата на систем за
вентилација.

4. Пресметка на потребната топлина за загревање на материјалот од


којшто е изработен уредот
Пресметката на потребната топлина за загревање на материјалот од којшто е
изработен уредот се врши упростено, со следниве претпоставки:
- садот се третира како два цилиндри, сместени еден во друг, со заедничко рамно
дно;
- за изработка на садот е употребен соодветен материјал, во случајов тоа е
нерѓосувачки челик (stainless steel, inox steel), за кој се познати термофизичките
својства.
За дебелината на ѕидовите на садот може да се усвои вредност во границите  =
2÷4 mm. Доколку се прави подетална пресметка, дебелината на ѕидовите (лимот) на
садот ќе произлезе како резултат од јакосна пресметка во однос на дејство на надворешен
притисок за внатрешниот сад, во однос на внатрешен притисок за надворешната
цилиндрична обвивка и соодветна пресметка на дното на уредот.
Волуменот на челичниот лим од кој што ќе биде изработен резервоарот најпрво се
проценува врз основа на упростена пресметка, односно, како за цилиндер со соодветни
димензии и со двојна обвивка:
Vs,lim = (2D lim  m
s π/4 + s2D H)
2 3

Со цел да се добие почетна проценка на вкупната маса на празниот сад. Ако се


усвои дека густината на материјалот (челик) изнесува ρst =7850 kg/m3, масата на празниот
сад ќе се пресмета со помош на изразот:
msad = ρstVs,lim kg
Потребната топлина за загревање на садот, со претпоставка дека неговата
почетна температура е еднаква со почетната температура на обработуваниот материјал, се
одредува со примена на изразот:
msadc p,st
Qs =
t
t

5. Енергија (топлина ) за еден работен циклус


Вкупната топлина за еден работен циклус се пресметува како сума од
потребното количество топлина за загревање на материјалот што се процесира, за
загревање на материјалот од којшто е изработен уредот и за покривање на
топлинските загуби кон околината, односно:
Qvk = Qrm + Qs + Qtz
6. Распределба на топлината што се предава на обработуваниот материјал
Вкупното количество топлина што е неопходно да се доведе од страна на
медиумите топлиноносители за одвивање на еден работен циклус се распределува
на два дела:
1) Дел што треба да се предаде од страна на медиумот (сувозаситена водна
парeа) што струи во прстенестиот простор (QI) и
2) Дел што треба да се предаде од страна на медиумот што струи низ
спиралниот грејач (топла или врела вода) (QII).
Според тоа, вкупното количество топлина што е неопходно за загревање на работната
мматерија и на садот, како и за покривање на топлинските загуби, ќе биде:
Qvk = QI + QII
Во принцип, овој дел од пресметката е итеративен, односно, се прави
почетна проценка за односот на количеството топлина што треба да се оддаде од
медиумот што струи во прстенестиот простор (водна пара) и медиумот во спиралниот
топлиноизменувач. Тоа обично се врши врз основа на споредба со слични уреди,
тргнувајќи од условот дека најголемиот дел од топлинската енергија, 80 дo 90 %, се
предава преку цилиндричната обвивка, со сувозаситена водна парeа во улога на
топлиноносител. Притоа, спиралниот грејач служи како уред којшто треба да обезбеди
порамномерно загревање на материјалот во централниот дел на садот, а воедно, со него е
овозможено поефикасно регулирање на брзината на загревање и на вредноста на
крајната температура.

5.4.3. Пресметки за одредување на основните димензии на уредот

Главни чекори во пресметката се:


 Дефинирање на условите за пренос на топлина од грејните површини кон работниот
материјал
 Определување на потребна цилиндрична топлиноизменувачка површина и протек
на водна пара за загревање и проценка на димензиите на струјниот
простор (прстенест простор помеѓу двете цилиндрични обвивки);
 Димензионирање на спиралниот грејач;
 Определување на потребниот протек на вода низ спиралниот грејач.

1.Дефинирање на условите за пренос на топлина од грејните површини кон


работниот материјал
Потребната топлиноизменувачка површина за пренос на топлина од флуидот
топлиноносител, сувозаситена пара што кондензира, кон работниот материјал, се
пресметува преку општиот израз:
Q = kAΔt
Во овој случај Q = QI, a Δt претставува средна температурна разлика помеѓу
парата и обработуваниот материјал. Притоа, поради промената на агрегатната состојба
на парата, насоката на струење не влијае врз пресметката на Δt (сл. 4).
Средната логаритамска температурна разлика помеѓу топлиноносителот и
приемникот на топлина се пресметува според изразот:
m t 1t 2
Δt = ,
t1
ln t
2
Каде што Δt1 = tp – trm,1, Δt2 = tp – trm,2 i tp = tkond = const.
t, oC
tp=t kond

t 2
1

trm,2
t

trm,1

0 A
Сл. 4. Температурен тек при кондензација на медиумот топлиноносител

Со оглед на тоа дека во прстенестиот простор помеѓу надворешната и


внатрешната обвивка на апаратот струи сувозаситена водна пареа, која се
карактеризира со високи вредности на коефициентот на предавање на топлина, а
спроведувањето на топлина низ материјалт на ѕидот на садот (нерѓосувачки челик),
исто така се карактеризира со занемарливо мал термички отпор, како ограничувачки
фактор за процесот се јавува предавањето на топлина од површината на ѕидот на садот
кон обработуваниот материјал. Вкупниот коефициент на пренос на топлина може да се
пресмета според општиот израз:
k= 1 1
ψ =
1  1 1 s 1
   
1  2  p rm

s
каде што ψ е коефициент на нерамномерно загревање (ψ =0,95).
Во принцип, коефициентот на предавање на топлина за пара што кондензира
има голема вредност (10000-30000 W/m2K) и во пресметката за овој коефициент може
да се усвои константна вредност αp = 11600 W/m2K. Со тоа, отпорот на пренос на
топлина во тој дел ќе биде занемарлив, односно, реципрочната вредност на овој
коефициент ќе биде 1/αp ≈ 0.
Во претходниот израз, δs претставува дебелина на ѕидот на садот, a λs e коефициент
на топлинска спроводливост на материјалот од којшто е изработен садот. За челици Cr-
Ni вредноста на коефициентот на топлинска спроводливост се движи во границите
15÷30 W/mK.
Во општ случај, коефициентот на предавање на топлина од топлиноизменувачка
површина кон обработуваната материја α e дефиниран преку Нуселтовиот критериум (Nu) со
следново равенство:
L
Nu = ,

каде што =rm претставува коефициент на предавање на топлина од грејната
површина кон работната материја (вo W/m2K), L e карактеристична линеарна димензија
за садот (вo m), a
 e коефициент на топлинска спроводливост за соодветна материја (вo W/mK).
Во зависност од појдовните претпоставки, пресметката во овој дел може да
се спроведе на неколку начини:
- според законитостите на пренос на топлина со природна конвекција во голем
волумен, во случај кога не се предвидува инсталирање на мешалка;
- според законитостите на пренос на топлина при форсирана конвекција, доколку
се предвиди инсталирање на мешалка во садот и
- приближен начин на пресметка, со усвојување на одредени емпириски вредности
за коефициентите на предавање на топлина.

1.1. Пренос на топлина при природна конвекција во голем волумен


Доколку во резервораскиот простор не се поттикнува струење на работната материја
со помош на мешалка, односно, во случај кога струењето се должи исклучливо на појавата
на температурен градиент при загревањето, тогаш преносот на топлина може да се
анализира според законитостите на природната конвекција. Во тој случај, коефициентот на
предавање на топлина од грејната површина кон работната материја може да се
одреди преку Нуселтовиот број, со примена на следниов израз:
  2
16 9 1 6 


  Gr P r   0,5  9 16   
Nu =  Nu 0   1   
  
  300  Pr  
    

Грасхофовиот број може да се пресмета според изразот:
gL3 2  ts  trm 

Во изразот за Gr ознаките го имаат следново значење: g e забрзување на слиата


на гравитацијата, g=9,81 m/s2; L e претходно споменатата карактеристична димензија за
садот (табела);  e густина на работната материја (вo kg/m3);  претставува
кеофециент на волуменско ширење на материјата (vo K-1), ts e температура на
површината преку која што се одвива преносот на топлина, односно температура на
ѕидот на садот (вo oC), trm e температура на основната маса на обработуваната
материја (вo oC) и  e коефициент на динамичка вискозност на материјата (вo Pa∙s).
Прантлов број се определува според следниов израз:
cp 
Pr =

Каде што ознаките се со следново значење: cp e специфичен топлински капацитет
на работната материја (вo J/kgK);  e коефициент на динамичка вискозност на
материјата (вo Pa∙s) и  e коефициент на топлинска спроводливост на материјата
(вo W/mK).
Граничните вредности на Нуселтовиот број Nu0, како и препораки за
дефинирање на карактеристичната геометриска величина L, се дадени во следнава
табела.
Taб. 1. Карактеристични параметри за равенката за одредување на Nu
Форма на површината Nu0 Геометриска карактеристика L
Вертикален ѕид 0,67 Висина на ѕидот
Хоризонтален цилиндар 0,36 Дијаметар на цилиндарот
Сфера 2,00 Дијаметар на сферата

Областа на примената на изразот за Nu е дефинирана со следниве граници: Gr∙Pr =


10– 4 ÷ 4∙1014 i Pr = 0,022÷7640.
Откако ќе се определи вредноста на коефициентот на предавање на топлина од
ѕидовите на садот кон работната материја rm :
rm Nu
 = L rm ,
Прво се пресметува вредноста на вкупниот коефициент на пренос на топлина:
1
k =
1 s 1
 
 p s rm
Потоа, се пресметува потребната топлинозименувачка површина:

Ac = Q I ,
kt m
по што се врши усогласување на претходно дефинираните вредности за ефективна висина на
цилиндричниот дел од садот Hc, ефективната висина на садот Hs и внатрешниот дијаметар на
садот Ds.

1.2. Пренос на топлина при форсирана конвекција во голем волумен


Доколку е неопходно да се поттикне внатрешниот пренос на топлина со мешање,
најпрво треба да се изврши избор на вид на мешалка. Во индустриска примена се
наоѓаат различни видови мешалки, кои, врз основа на конструктивната изведба и
карактеристиките, може да се групираат на пропелерски, турбински, хеликоидни, мешалки
во вид на рамка итн. Областите на примена на одделни видови мешалки, во зависност од
волуменот на работната материја (односно, волуменот на садот) и до динамичката
вискозност на работната материја, се презентирани на дијаграмот на сл. 5. На сл. 6 е
прикажана пропелерска мешалка, додека на сл. 7 се претставени некои типови на т.н.
турбински мешалки, кои според конструктивната изведба, исто така, одговараат за
примена во термички уреди каков што е анализираниот во овој случај. На сл. 8 се
прикажани изведби на мешалка во вид на рамка и хеликоидна мешалка, кои може
да се применат кај термички уреди без внатрешен топлиноизменувач.
Сл. 5. Области на примена на одделни видови мешалки Сл. 6. Пропелерска мешалка

a) б)

в) г)
Сл. 7. Мешалки од турбински тип
a) мешалка со пераи; б) мешалка со прави лопатки поставени на диск; в) мешалка со закривени
лопатки на диск; г) мешалка со косо поставени прави лопатки
a) b)
Сл. 8. Мешалка во вид на рамка (a) и хеликоидна мешалка (б)

Кај садови со мешалка, коефициентот на предавање на топлина од грејната површина


кон работната материја се дефинира со критеријална равенка во следнава форма:
L   d

Nu =  a m
Prc  
 s 
Reb
Во овој израз ознаките го имаат следново значење: L e карактеристична
линеарна димензија за садот (вo m); a, b, c и d се параметри чии вредности се наведени
во таб. 2, во зависност од типот и основните геометриски карактеристики на
мешалката; a Rem e Рејнолдсов број за струење на работната материја со мешање,
дефиниран со изразот:
nd2
Rem = m

- n е број на вртежи на мешалката (вo s–1)

Taб. 2. Kарактеристични параметри за равенката за одредување на Nu при форсирана конвекција


Вид на мешалка a b c d Rem
Пропелерска 0,54 2/3 1/3 0,14 2∙103
Турбинска (сл. 7.a) 0,36 2/3 1/3 0,21 30÷3∙105
Турбинска (сл. 7.a) во апарат со цевна 0,87 0,62 1/3 0,14 300÷4∙105
спирала
Турбинска (сл. 7.б) 0,54 2/3 1/3 0,14 40÷3∙105
Турбинска (сл. 7.г) 0,53 2/3 1/3 0,14 80÷200
Мешалка во вид на рамка 1,0 1/2 1/3 0,18 10÷300
Мешалка во вид на рамка 0,36 2/3 1/3 0,18 300÷4∙104
Хеликоидна 0,633 1/2 1/3 0,18 8÷100∙103

Според веќе изложената постапка како и во претходниот случај, откако ќе се


определи вредноста на коефициентот на предавање на топлина од ѕидовите на садот
кон работната материја rm :
rm Nu
 = L rm ,
Најпрво се пресметува вредноста на вкупниот коефициент на пренос на топлина:
1
k = ,
1 s 1
  
 p s rm

А потоа се одредува потребната топлиноизменувачка површина:

Ac = Q I ,
kt m
На крајот се врши усогласување на претходно дефинираните вредности за
ефективната висина на цилиндричниот дел од садот Hc, ефективна висина на садот Hs и
внатрешниот дијаметар на садот Ds.

1.3. Приближен начин на пресметка на потребната топлиноизменувачка


површина
Приближниот начин на пресметка може да биде корисен како метод за брза
проценка на потребната топлиноизменувачка површина. Тој се темели на искуствена
проценка на вредностите на коефициентот на предавање на топлина (rm), односно
на вкупниот коефициент на пренос на топлина (k). Како таков, овој начин на пресметка
е поврзан со можни значителни отстапувања и грешки и резултатите треба да се земат со
голема резерва. Приказ на интервали на вредности за вкупниот коефициент на
пренос на топлина од сувозаситена водна пара низ рамен ѕид од нерѓосувачки челик
и од заштитен јаглероден челик кон работната материја, е даден во таб. 3.
По усвојувањето на вредност за k, се одредува потребната топлинозименувачка
површина:
QI
Ac =
kt m
Потоа се врши усогласување на вредностите за ефективна висина на цилиндричниот
дел од садот Hc, ефективната висина на садот Hs и внатрешниот дијаметар на садот
Ds.

Таб. 3. Вредности на вкупниот коефициент на пренос на топлина при загревање со водна пареа
Процесиран флуид или Материјал на ѕидот U (W/m2 °C)
продукт
Вода Нерѓосувачки челик 850 - 1700
Glass-lined jаглероден челик 400 - 570
Воденест раствор Нерѓосувачки челик 450 – 1140
Glass-lined јаглероден челик 285 – 480
Огрански Нерѓосувачки челик 285 – 850
Glass-lined јаглероден челик 170 – 400
Лесно масло Нерѓосувачки челик 340 – 910
Glass-lined јаглероден челик 230 – 425
Тешко масло Нерѓосувачки челик 57 – 285
Glass-lined јаглероден челик 57 - 230
2. Потребен протек на водна пара и насоки за дефинирање на геометријата на
струјниот простор
Доколку парата што се внесува во прстенестиот простор околу садот за работна
материја е сувозаситена, со апсолутен притисок  bar, во суштина,
за загревање се користи нејзината латентна топлина што се ослободува во
процесот на кондензација. Потребниот просечен протек на пара е дефиниран со
изразот:
QI Q
mp =  I,
h  QI i"i'
fg
r

каде што hfg = r e топлина на кондензација, r = i”– i’ (вo kJ/kg) за соодветниот


притисок. Вредностите на енталпијата на сувозаситена пара (i”) и на кондензатот (i’)
се отчитуваат од соодветни табели за вода и водна пара.
Од изразот за брзина на флуид (во случајов, водна пара):
mpvp "
wp = V p
Asp = Asp

се добива потребната површина на напречниот пресек на влезна цевка (влезен колектор) за


струење на водната пара:

Asp,vl mpvp
= wp

Во принцип, оптималната вредност за брзината на струење на сувозаситена


водна пара низ цевководи се наоѓа во интервалот 20-40 m/s. Во овој случај, со оглед на
тоа дека просторот помеѓу двете обвивки, во принцип, е прилично тесен (ред на
големина од неколку mm), за да не доаѓа до удари при навлегувањето на парата во
уредот, треба да се создадат услови за помали влезни брзини.
Проценка на димензиите на струјниот простор(престенест простор помеѓу двете
цилиндрични обвивки) - врз основа на пресметаната површина на напречниот пресек
за струење и претходно претпоставената (и грубо пресметана) висина на садот;
Проценка на протокот на кондензат – ова засега не треба да се
пресметува!
На крајот од овој дел на пресметката, се определува колкаво количество топлина
во единица време (вo kJ/s, односно во kW) ќе се предава низ цилиндричниот ѕид од
садот (со дефинирање конечни димензии):
Qcil = AckcΔtm = HcDsπkcΔtm
Притоа треба да биде исполнето Qcil ≈ QI.

3. Димензионирање на спирален грејач


Со овие пресметки треба да се добијат осовните димензии на спиралниот грејач:
дијаметар на цевката, вкупна должина на цевката, дијаметар и чекор на спиралата, односно
вкупна должина на спиралниот грејач.
Пресметката се спроведува во неколку чекори:
- Пресметка на коефициентот на предавање на топлина од водата кон цевните
ѕидови;
- Определување на односот c / c;
- Определување на коефициентот на предавање на топлина од ѕидовите на
спиралниот грејач кон работната материја (rm);
- Определување на средната температурна разлика помеѓу топлиноносителот
и работната материја и
- Пресметка на потребната топлиноизменувачка површина и дефинирање на
геометријата на спиралниот грејач.
Големината на потребната топлиноизменувачка површина се одредува врз основа на
општиот израз:
Q = kAt
Каде што Q = QI, a вкупниот коефициент на пренос на топлина k се пресметува
според изразот:
1
k=
1 1
c 2
a1

c
Од соодветни термодинамички табели за топлиноносителот, во случајов вода, се
отчитуваат следниве податоци:
- густинa  = ……. kg/m3
- специфичен топлински капацитет cp = kJ/kgK
-коефициент на топлинска спроводливост  = kW/mK
- динамичка вискозност  = kg/ms

3.1. Пресметка на коефициентот на предавање на топлина од водата кон


цевните ѕидови
a)Детална пресметка на 1 (w)
Koeфициентот на предавање на топлина од водата кон цевниот ѕид се пресметува
преку Нуселтовиот број (Nu), според изразот:
1 Nu
 = dv ,

Притоа, вредноста на Нуселтовиот критериум се одредува во зависност од режимот на


струењето, односно, од вредноста на Рејнолдсовиот број Re:
wd v
Re = 

каде што w е средна брзина на струење на флуидот низ цевната спирала (vo m/s),
e внатрешен дијаметар на цевката (вo m),  e густина на флуидот (вo kg/m3) и  e
динамичка вискозност на флуидот (вo Pa s).
Во пресметката најпрво треба да се претпостави одредена вредност за брзината
на струење на водата и потоа, со пресметката, по дефинирањетона геометриските
карактеристики на тсрујниот простор, се добива конечната брзина.
Како гранична вредност помеѓу ламинарен и турбулентен режим на струење на водата
се смета вредноста добиена според изразот:
  d
0,45 
Relt = 2300 1  8,6 v  
  dc  
 
Врз основа на Relt, вредноста на Нуселтовиот критериум се пресметува
според следниве изрази:
 Во областа Re = 100÷Relt
  
  
Pr 0,14

0,9 
Nu =   0,081 d0,8 v   Pr1 3
d 0,194  

Re exp 0,5  0,29d
3,65   d v sp 
 sp 
    Prc 

 
 Во областа Re ≥ 22∙103

Re1000Pr 2 3

d  
0,14


Nu =
8 1 v
   Pr 

1  12,7 
1 Pr 
2 3

Lsp 
 Prc 
   
8
Во последниов израз, отпорот на струењето поради триење се пресметува според
изразот:
0,316 dv
=  0,03
dc
Re0,25
Од познатите податоци се пресметува средната вредност на Прантловиот број (Pr) и
вредноста во однос на температурата на ѕидот на спиралниот грејач Prc:
c 186,1106 
Pr = p  4,263 691,8 =1,147
10 6

cp
Prc =


Nu =

1 = Nu  ..............=. kW/m2K
d
б) Приближна пресметка на 1 (w)
За течности коишто не вријат, при брзина на струење ww:
1 = w = 350  w
2100
w
Во пресметката најпрво треба да се претпостави одредена вредност за брзината
на струење на водата, која треба да биде во граници 0,3-2,0 m/s. Потоа, со пресметката,
по дефинирањето на геометриските карактеристики на струјниот простор, се добива
конечната брзина.

3.2. Определување на односот c / c


И во овој случај односот c / c претсставува занемарлив топлински отпор.
Дебелината на ѕидот на цевката од која што е изработен спиралниот грејач, изразена во
m, ќе биде мала, а вредноста на коефициентот на топлинска спроводливост c, за
материјали од кои вообичаено се прават таквите грејни тела, се наоѓа во граници 15-50
W/mK. Тоа значи дека за чиста грејна површина може да се усвои c / c ≈ 0.

3.3.Определување на коефициентот на предавање на топлина од ѕидовите


на спиралниот грејач кон работната материја (rm)
Заради поедноставување на целата пресметка на термичкиот уред, без да се направи
значајна грешка, за rm може да се примени вредноста што е добиена во точката 3.1,
при пресметувањето на вкупниот коефициент на пренос на топлина низ
страничниот цилиндричен ѕид, од водната пара кон работната материја.
Вкупниот коефициент на пренос на топлина ksg е дефиниран со изразот:
sg 1
k =1 c 1
 
aw c rm

3.4.Определување на средната температурна разлика помеѓу топлиноносителот


и работната материја
Средната температурна разлика во случајов може да се пресмета како разлика помеѓу
средната температура на водата и средната температура на работната материја:
tm = tw – trm
Средната температура на водата и средната температура на работната материја
се одредуваат како аритметички средини:
tw,1  tw,2
tw =
2
t trm,1  trm,2
=
rm
2
Вредноста на температурата на водата на излезот од спиралниот грејач мора да
се претпостави, при што таа мора да биде доволно повисока од вредноста на
температурата на работната материја на крајот на загревањето. На пример, доколку
работната материја се загрева од 40 do 65oC, излезната температура на водата во
грејачот треба да биде ≥75oC, за да се обезбеди доволно голема температурна разлика
и доволно интензивен пренос на топлина. Притоа, треба да се постигне соодветна
избалансираност помеѓу големината на грејната површина на спиралата, протекот на
вода и излезната температура на водата.

3.5. Пресметка на потребната топлиноизменувачка површина и дефинирање на


геометријата на спиралниот грејач
Потребната топлинозименувачка површина на спиралниот грејач се пресметува
според изразот:

Asg =
QII k sg t m

Доколку за изработка на грејачот се усвои цевка со одреден стандарден дијаметар (на


пример, дијаметар од 16 mm, со стандардна дебелина на ѕидот на цевката 1,8 mm,
односно dn/dv=16,0/12,4 mm/mm), може да се пресмета топлиноизменувачката
површина на таква цевка со должина од еден метар:
Asg’ = dn
Во случајот на цевка со надворешен дијаметар од 16 mm, површината на
еден должински метар цевка изнесува dn = 0,016∙ = 0,0503 m2/m.
Според тоа, ако вкупната потребна топлинозименувачка површина е Asg (вo m2),
a површината на еден метар цевка изнесува Asg’ (вo m2/m), тогаш, за изработка на
спиралниот грејач е неопходна цевка со минимална должина:
Lc,sg = Asg / Asg’

Таб. 4. Емисија на топлина на спирален грејач потопен во вода


Вообичаени коефициенти на пренос на топлина U (W/m2°C)
Пара/вода температурна разлика од околу 30°C 550 - 1300
Пара/вода температурна разлика од околу 60°C 1000 - 1700
Пара/вода температурна разлика од околу 110°C 1300 - 2700
Препорачани вредности U (W/m2°C)
Lower pressure coils (<2 bar g) со нормална циркулација на 550
вода)
Lower pressure coils (>6 bar g) со нормална циркулација на 1100
вода)
Lower pressure coils (<2 bar g) со помогната циркулација на 1100
вода)
Higher pressure coils (>6 bar g) со помогната циркулација на 1700
вода)

4. Потребен проток на вода низ спиралниот грејач


Врз основа на технолошките барања, се одредува потребниот проток на вода низ
спиралниот грејач. Тоа значи дека температурата на водата на излезот од грејачот
треба да има таква вредност, која произлегува од условот таа да биде повисока од
температурата на обработуваниот материјал, односно, да се оствари соодветна
температурна разлика помеѓу топлиноносителот и приемникот на топлина.
Во последниот чекор на овој дел од пресметката треба да се дефинира
потребниот проток, односно, брзината на струење на водата низ спиралниот
топлиноизменувач. Од изразот за брзина на флуид (во случајов, вода)

ww = mw
Vw
=
Ac,v  w Ac,v

врз основа на претходно дефинираната површина на напречниот пресек на цевката (со


внатрешен дијаметар dv) e
d v 2
Ac,v =
,
4
се добива масениот проток на вода (вo kg/s) низ грејачот во проектни услови:
d2
mw = wwwAc,w = www v
4
Потоа се пресметува колку ќе изнесува топлинската моќност на спиралниот
грејач:
Qsg = mwcwtw
Разбирливо е дека треба да биде исполнето Qsg ≈ QII.

5.4.4. Вкупна потрошувачка на енергија за еден работен циклус на уредот


(едно полнење)
Вкупната потрошувачка на топлинска енергија за еден работен циклус на термичкиот
уред се пресметува како сума:
Qvk = Qcil + Qsg (kW)
Оваа сума треба да биде приближно еднаква на сумата QI + QII.
Доколку работниот циклус трае tmin минути, тогаш потребното количество енергија за
реализација на еден циклус ќе изнесува
Qciklus = (Qvk kW) ∙(tmin min/ciklus)∙(60 s/min)
Прилог: Термофизички карактеристики на некои материи

Taб. 5. Вредности на специфичен топлински капацитет на некои материи на собна температура

Материја c, kJ/kgK , Pa∙s


Вода 4,187
Млеко 3,936
Млечна каша 3,894
Џем 1,256
Овошни сирупи 3-4
Чоколаден прелив (сируп) 10-25
Растопена чоколада 45-130
Мед 2-10
Восок 2,931
Кечап 50-100
Растителна маст и путер 0,65-0,7 ~250
Гума 1,424
Алкохол 2,428
Заситен солен раствор 3,266
Машинско масло 1,675
Сулфур 0,754
Железо 0,502

Некои динамички вискозности на Њутнови флуиди се дадени подолу:


Таб. 6. Вискозност на одредени гасови на 100 kPa, [μPa·s]

Гас На 0 °C (273 K) На 27 °C (300 K)


Воздух 17.4 18.6
Хидроген 8.4 9.0
Хелиум 20.0
Аргон 22.9
Ксенон 21.2 23.2
Јаглерод Диоксид 15.0
Метан 11.2
Етан 9.5
Таб.7. Вискозност на флуиди со променлива состојба
Флуид Вискозност Вискозност
[Pa·s] [cP]
Мед 2 – 10 2,000 – 10,000
Меласа 5 – 10 5,000 – 10,000
Стопено стакло 10-1,000 10,000 – 1,000,000
Чоколаден сируп 10 – 25 10,000 – 25,000
Стопено чоколадо 45 – 130 45,000 – 130,000
Кечап 50–100 50,000–100,000
Путер од кикирики c. 250 c. 250,000
Маст c. 250 250,000

Taб.8. Вискозност на течности на 25 °C


Вискозност Вискозност
Течност: [Pa·s] [cP=mPa.s]
Ацетон 3.06e-4 0.306
Бензен 6.04e-4 0.604
Крв 3e-3 to 4e-3 3–4
Рицинусово масло 0.985 985
Пченкарен сируп 1.3806 1380.6
Етанол 1.074e-3 1.074
Етилен гликол 1.61e-2 16.1
Глицерол 69 (на 20 °C) 1490
HFO-380 2.022 2022
Жива 1.526e-3 1.526
Метанол 5.44e-4 0.544
Нитробензен 1.863e-3 1.863
Течен нитроген на 77К 1.58e-4 0.158
Пропанол 1.945e-3 1.945
Маслиново масло .081 81
pitch 2.3e8 2.3e11
Quark Gluon Plasma 5e11 5e14
Сулфурна киселина 2.42e-2 24.2
Вода 8.94e-4 0.894

You might also like