You are on page 1of 16

ФОРМИРАЊЕ НА

ГОРИВНА СМЕСА КАЈ


БЕНЗИСКИТЕ МОТОРИ
ФОРМИРАЊЕ НА ГОРИВНА СМЕСА КАЈ
БЕНЗИСКИТЕ МОТОРИ

• Процесот на формирање на горивната смеса во бензински мотори е комплексен.


Вклучува повеќе чекори како мерење на горивото, мерење на воздухот мешање на
воздухот со бензинот.
• Мешање на воздухот со гориво се извршува во карбуратор
• Односот на воздух/гориво е главен параметар кој влијае на процесот на подготовка на
смесата
ГЛАВНИ ПАРАМЕТРИ КОИ ВЛИЈААТ НА ПРОЦЕСОТ НА ПОДГОТОВКА НА СМЕСАТА:
КОЕФИЦИЕНТ НА ВИШОК НА ВОЗДУХ L

• Коефициентот на вишок на воздух е број кој покажува колку реалната смеса од гориво
и воздух отстапува од теоретската .
• l = 1 Количината на воздух одговара на теоретски потребната количина на воздух за
целосно согорување на горивото
• l < 1 Во смесата од гориво и воздух има помалку воздух од потребната количнина за
целосно согорување на горивото
• l > 1 Во смесата од гориво и воздух има повеќе воздух од потребната количнина за
целосно согорување на горивото
КОЕФИЦИЕНТ НА ВИШОК НА ВОЗДУХ L
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА РЕЖИМИТЕ НА РАБОТА

• Потребата од гориво во одредени режими на работа на


моторот значително отстапува од вообичаената потреба од
гориво, кога моторот е загреан на работна температура.
ЛАДНО СТАРТУВАЊЕ

• При ладно стартување на моторот поради недоволно мешање на горивото со всисаниот


воздух, горивната смеса која што влегува во моторот е сиромашна, и можноста да се
запали е мала.
• Сиромашната смеса е последица на слабото испарување на горивото и појава на
кондензација на горивото врз зидовите на моторот поради ниската температура
ПЕРИОД ПО ЛАДНО СТАРТУВАЊЕ

• По краток период после ладното стартување при ниски температури потребно е


смесата да биде богата се додека со пораст на температурата во просторот за
согорување на моторот не се подобри квалитетот на мешање на горивото и воздухот.
• Богатата смеса овозможува да се постигне подобар вртежен момент а со тоа и подобар
премин кон режимот на празен од.
ПЕРИОД НА ЗАГРЕВАЊЕ НА МОТОРОТ

• Во овој период на моторот му е потребна богата смеса, бидејќи дел од горивото и


понатаму се кондензира на сеуште незагреаните ѕидови на цилиндрите.
• Обоготувањето на смесата опаѓа со пораст на температурата
• Важно е моторот што побрзо да ја достигне работната температура бидејќи во сите
периоди на недоволно загреан мотор потрошувачката на гориво е зголемена
ДЕЛУМНО И ЦЕЛОСНО ОПТОВАРУВАЊЕ

• Основно кај делумното оптоварување на моторот е смесата да биде наагодена


за минимална потрошувачка на гориво
• При целосно притисната педала за гас моторот треба да развие најголема снага
за тоа да се постигне смесата мора да се обогати l = 0.85 - 0.95
ЗАБРЗУВАЊЕ

• При нагло забрзување, односот гориво-воздух осиромашува ова се случува поради


неможноста зголемената воздушна маса која што навлегува во цилиндрите брзо да се
измеша со количината на гориво која се впрскува при стационарен режим на работа на
моторот.
• За да се постигне рамномерен период од понизок кон повисок број на вртежи во фаза
на забрзување потребно е да се изврши краткотрајно збогатување на смесата
СИСТЕМИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ГОРИВНА СМЕСА
-КАРБУРАТОР
• Во карбураторот се меша горивото со воздухот подготвувајќи одредена количина на горивна смеса
и потоа ја распрскуваат во цилиндерот. Горивото од резервоарот се доведува во комора со пливка
која го регулира протокот на гориво, од која се распрснува низ дифузор (Вентуриева цевка) и се
меша во одреден сооднос со воздухот и на крајот се вшмукува во моторот каде што гори.
КАРБУРАТОР

• Најповолно согорување на смесата на гориво се одвива во сооднос на гориво (


бензин) и воздух од 1:15. Карбураторите се дизајнирани на таков начин што му
даваат на моторот мешавина богата со гориво при стартување и при целосно
оптоварување, а евтина (економична) смеса при оптоварување од 60 до 70%
моќност
• Во последно време се повеќе се користат системите за впрскување на
горивото тоа се должи на големите предности што начинот на создавање на
смесата со впрскување ги има во поглед на горивната економичност, намалена
емисија на токсични гасови и други перформанси.
ПОЕДИНЕЧНО ВПРСКУВАЊЕ(MULTI
POINT)

• Поединечно впрскување на горивото нуди идеални можности за исполнување


на задачите кои се посѕавуваат пред системот за впрскување.
• Секој цилиндер има своја прскалка а дозираното количесто на гориво се
впрскува пред всисниот вентил на цилиндарот.
• 1. Механички систем-континуирано бпрскува гориво при што количината на
впрскано гориво се одредува според измерената количина воздух која влегува
во моторот
ПОЕДИНЕЧНО ВПРСКУВАЊЕ(MULTI POINT)

• 2.Механико-електронски систем кој се темели на механичкиот систем со континуирано


впрскување на горивото.Со собирање на погонски податоци се врши електронска
контрола на дополнителните функции на системот
• 3. Електронски систем кој врши впрскување на гориво според импулсите добиени од
управувачката единица на системот.Горивото привремено се впрскува низ
електромагнетни прскалки.
ЦЕНТРАЛНО ВПРСКУВАЊЕ (SINGLE POINT )

• Централното впрскување е електронски управуван систем за впрскување, кај кого


едната електромагнетна прскалка, која што е централно поставена над придушната
пеперутка, повремено впрскува гориво во всисната цевка на моторот.
ЦЕНТРАЛНО ВПРСКУВАЊЕ (SINGLE POINT )
Предности на впрскувањето:
- Помала потрошувачка на гориво-на моторот му се дозира гориво колку што му е
потребно за моменталниот режим на работа
-Поголема снага
-Моментално прилагодување на условите на работа
-Подобро ладно стартување
-Мала содржина на штетни компоненти во издувните гасови

You might also like