You are on page 1of 44

5.

ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5.1. ОПШТО ЗА ПАРНО-КОНДЕНЗНИТЕ СИСТЕМИ И НИВНИТЕ КОМПОНЕНТИ

5.1.1. Генерички парно-кондензен систем


Парно-кондензните системи за индустриски, комерцијални, институционални и други
потреби се состои од четири основни делови:
 производство на пареа (котелски постројки и пратечка опрема);
 систем за транспорт на парата од котелот до потрошувачите (дистрибутивен систем);
 крајни корисници (потрошувачи) на пара или топлина (постројки, уреди, процеси) и
 систем за собирање и враќање на кондензат (кондензен систем).

Слика 5.1. Структурна шема на парно-кондензен систем

Главните компоненти на индустриски парно-кондензен систем се:


1) Производство на пареа
 Котли
 Пратечка (дополнителна) опрема на котелот (вентилатори за потиснување на воздух и
извлекување гасови, мерна и контролна опрема итн.)
 Економајзери (загревачи на вода)
 Загревачи за воздух
 Опрема за третман на вода
 Деаератор
 Напојни пумпи

5-1
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

 Складиште за гориво и опрема за третман на горивото


2) Дистрибуција
 Цевководи за транспорт на пареа
 Станици за редукција на притисокот (вентили)
 Опрема за дренажа
 Акумулатори на пареа
 Депрегревачи - уреди за враќање на прегреана пареа во двофазното подрачје
3) Крајни корисници и/или когенерација
 Топлински разменувачи
 Колони за раздвојување, одземање, сепарација
 Испарувачи
 Уреди за вриење (Cookers)
 Опрема за сушење, сушилници
 Опрема за процесно загревање со инјектирање на „жива“ пареа
 Парни турбини
4) Систем за враќање на кондензат
 Одвојувачи на кондензат (фаќачи на пареа, конденз-лонци)
 Резервоари за кондензат
 Пумпи за кондензат
 Цевководи за кондензат
Системот за пареа може но и не мора да ги содржи сите претходно наведени
компоненти (опрема), а може некои од компонентите да бидат застапени неколкукратно. Ова не
е комплетна листа на сите компоненти (опрема), но ги прикажува компонентите кои се најчесто
застапени во парно-кондензните системи. За соодветна анализа за оптимизација на парно-
кондензниот систем, инженерот мора да ги разбере функциите и начинот на работа на секоја
компонента во системот. Дополнително, многу важно е да се разбере каква е интерактивната
поврзаност на секоја од компонентите со целокупниот систем и какво е влијанието на
компонентите врз ефикасноста на работата и доверливоста на системот во целина.
Кај сите делови, односно основни компоненти на парно-кондензните системи, постојат
можности за подобро искористување на енергијата, и тоа:
 при производството на пара; со поголема енергетска ефикасност при подготовката на
вода, кај енергетските трансформации: согорување и пренос на топлина и кај другите
процеси во котелската постројка;
 при дистрибуција на пара низ системот со помали топлински загуби;
 поефикасно искористување на работниот медиум - пареата кај крајните корисници
 помали материјални и енергетски загуби во системот за враќање на кондензат.

Чести проблеми кај парно-кондензните системи:


 Несоодветно проектиран систем,
 Неправилно инсталирање на одделни компоненти,
 Погрешни/несоодветни постапки при работа,
 Несоодветна хемиска подготовка,
 Невниматално одржување,
 Стари и/или компоненти кои не функционираат
 Појава на влажна пара кај потрошувачите,
 Појава на водни (хидраулични) удари,
 Одвојувачи на кондензат, пумпи и вентили кои не функционираат,
 Предвремено откажување на компонентите и др.

5-2
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5.1.2. Топлинска шема - линиски дијаграм на парно-кондензен систем


Линиски дијаграм на парно-кондензниот систем е многу едноставна но корисна алатка
која го прикажува целокупниот парен систем преку една релативно едноставна скица. Главната
цел на скицирањето на линискиот дијаграм е целосно прикажување на операциите на парно-
кондензиот систем во фабриката, постројката или објектот, без навлегување во технички детали
и специфични работни услови. Во линискиот дијаграм треба да бидат вклучени сите главни
компоненти на системот, како и оние компоненти кои можеби ќе постанат влијателни врз
системот при одредени идни зафати. На сликите 5.2a, 5.2b, 5.2c и 5.2d се прикажани примери на
основни топлински шеми - линиски дијаграми на парно-кондензни системи, со постепено
зголемување на редот на комплексност.
Feedwater

Fuel Fuel

Boiler Heat Exchanger

Steam Trap

Condensate Tank Water Treatment


System
Deaerator
Condensate Pump Makeup water
BFW Pump
Слика 5.2a: Линиски дијаграм на парно-кондензен систем со едно ниво на притисок
(еден распределител)

Треба да се нагласи дека и кај наједноставните примери на парно-кондензни системи


(како оној на сликата 5.2а), линискиот дијаграм треба да ги содржи сите инфорации кои се
потребни за да се спроведе детална анализа за оптимизација на системот. Сите битни
компоненти треба да бидат прикажани на сликите, така што и покрај тоа што специфичните
симболи со кои се претставени можеби не се според интернационалните стандарди, главна цел
е да се идентификуваат компонентите, шематски да се прикаже нивната локација во
целокупниот систем, како и да се претстави нивната улога и работа. Во зависност од потребите
и намената, во дијаграмот се внесуваат и основни податоци за опремата или за конкретен
работен режим.
На сликите 5.2б, 5.2в и 5.2г, последователно, се користат истите симболи за соодветните
компоненти. Уште еднаш треба да се нагласи дека секој парно-кондензен систем во
индустријата е специфичен и уникатен, но главните компоненти и нивниот начин на работа се
слични меѓу себе. Заради тоа, корисникот треба да развие линиски дијаграм за секој систем
посебно кој ќе се користи при проценката за оптимизација.

5-3
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Feedwater

Fuel Fuel Fuel Fuel

Back High-pressure Steam


Pressure Pressure Back
Turbine Reducing Pressure
Generator Valve Turbine
Drive

Low-pressure Steam Flash


Tank

Makeup water

Слика 5.2 б. Линиски дијаграм на парно-кондензен систем со две нивоа на притисок


(два распределители)
Feedwater

Fuel Fuel Fuel Fuel

High-pressure
Steam

Medium-
Pressure
Steam

Low-pressure
Steam

Makeup water

Слика 5.2 в. Линиски дијаграм на парно-кондензен систем со три нивоа на притисок (три
распределители)
Feedwater

Fuel Fuel Fuel Fuel

Condensing
Turbine
Generator

Surface
Condenser
Makeup water

Слика 5.2г. Линиски дијаграм на парно-кондензен систем со три нивоа на притисок и


кондензациска турбина
5-4
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5.2. КОМПОНЕНТИ НА ПАРНО-КОНДЕНЗНИТЕ СИСТЕМИ


5.2.1. Производство на пареа. Подготовка на вода
Со оглед на тоа дека речиси целокупното досегашно излагање се однесуваше на
котелските постројки, што значи на системот за производство на водна пареа (или друг работен
флуид) во потребната состојба, како и на подготовката на горивни материи и воздух за
согорување на горивото, во овој дел е посветено внимание на подготовката на вода како многу
важен сегмент во однос на ефикасното и сигурно работење на котелските постројки и на парно-
кондензните системи во целина.

5.2.1.1. Основни дефиниции


Во овој дел се дадени дефиниции што се однесуваат на вода и водна пареа како работни
флуиди, определени со стандардите во котелската техника.
Вода за напојување на котлите (напојна вода) е смеса од повратна и дополнителна
вода за напојување. Повратната вода кај парните котли ја сочинуваат различни видови
кондензат, додека кај вреловодните котли тоа е вода којашто се враќа во котелот преку
повратната цевководна мрежа. Доколку нема повратна вода, тогаш водата за напојување на
котлите се состои само од дополнителна вода, но мора да се има предвид дека колку што е
поголема застапеноста на повратна вода во напојната, толку ефикасноста на системот е
поголема.
Дополнителна вода за напојување на котлите е технолошки обработена сурова вода
со која се надоместува загубата на вода во постројките и во цевководниот систем.
Сурова вода е природна вода, каква што се доведува непосредно во постројките за
подготовка на вода. Таа може да биде бунарска, водоводна, речна, езерска, вода од
акумулациски базени или од други извори.
Кондензат е вода добиена со кондензација на водна пареа во топлински и технолошки
операции.
Котелска вода е водата во котелот наменета за добивање топла вода, врела вода или
водна пареа.
Заситена водна пареа е пареа со температура еднаква на температурата на заситување
(вриење, испарување) при притисокот што владее во просторот во којшто се наоѓа пареата.
Прегреана водна пареа е пареа што се наоѓа на температура повисока од
температурата на заситување (вриење, испарување) при притисокот што владее во просторот во
којшто се наоѓа пареата.
Вода за регулација на температурата на прегревање на водната пареа е вода што
служи за ладење на прегреана водна пареа со непосредно вбризгување во ладилник (регулатор
на температура).
Врела вода е технолошки обработена вода со температура повисока од 110oC, која
служи како работен флуид и носител на топлина.
Топла вода е технолошки обработена вода со температура до 110oC, која служи како
работен флуид и носител на топлина.
Вода за ладење е сурова вода или вода обработена хемиски на соодветен начин,
којашто служи како ладилно средство (медиум, флуид) во постапки на посредно ладење.

5-5
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5.2.1.2. Влијание на квалитетот на водата врз работата на термичките постројки и


инсталации
Вода со низок квалитет може да биде причина за појава на големи проблеми во работата
и за оштетувања кај термичките постројки и инсталации. Најчести проблеми што се јавуваат
поради несоодветна подготовка на водата се појавата на корозија на металните површини,
формирањето наслаги и контаминација на водната пареа.
Корозијата по својата природа може да биде точкеста, алкална и корозија предизвикана
од киселини. Точкестата корозија на површините предизвикана од присуство на кислород во
водата е електрохемиски процес. Таа се јавува локално и се карактеризира со мали пукнатини
на површината на материјалот. Најчесто се јавува во системи за кондензација изработени од
челик, но и во системи за добивање врела вода. Исто така, празни парни котли може да бидат
нападнати од овој вид корозија доколку не се соодветно конзервирани. Алкална корозија се
јавува при подготовката на водата во случај на додавање преголемо количество базни
супстанции или доколку се дозволи нивно натрупување, со што pH вредноста на водата
надминува 12,9 (што значи многу базна средина). Алкална корозија често се појавува во котли
третирани со фосфати, при што на површините за пренос на топлина се формираат талог и
каменец. Во услови кога pH вредноста ќе падне под 7-8, се јавува корозија предизвикана од
присуството на киселини во водата. Оваа појава може да биде дополнително поттикната од
присуство на талог на железо оксид на котелските површини. Ниската pH вредност на
котелската вода обично е последица на контаминација на напојната вода, што настанува поради
истекување на хлороводородна и сулфатна киселина од опремата за деминерализација или
поради други причини. Во одредени случаи може да дојде до појава на корозија предизвикана
од дејство на јаглеродна киселина.
Појавите на каменец и таложење на одредени материи врз котелските топлино-
изменувачки површини значително ја намалуваат енергетската ефикасност на котелот. Тие
предизвикуваат влошување на условите за пренос на топлина, локално прегревање на цевните
ѕидови, корозија и намалување на протокот на вода. Како последица на присуството на каменец
и талог се намалува интензитетот на пренос на топлина, можно е локално прегревање на
површините и во крајна линија може да дојде до хаварија на котелот. Преку дијаграмот на сл.
5.3 е илустрирано влијанието на дебелината на слојот од талог и доминантниот вид материи во
него врз порастот на температурата на металот и загубата на енергија.

Слика 5.3. Влијание на присуство на наслаги врз ефикасноста на котелот

5-6
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Во табелата 4.4 се наведени најчестите последици што настануваат кај парно-


кондензните системи како резултат на внесување и користење неквалитетна техничка вода.

Табела 4.4. Најчести оштетувања во постројки со водна пара поради неквалитетно третирана вода
Проблем Промена на состојбата Нечистотии Мерки за подобрување на
што доведува до состојбата
проблеми
Намалување Наталожениот каменец на Соли, претежно од Mg и Омекнување на водата или
на капаците- грејните површини ја Ca, во напојната вода се адекватно хемиско
тот на генера- намалува корисната таложат на површината на третирање на водата или
торот на површина за пренос на цевните ѕидови при комбинација од двете
пареа топлина и го редуцира испраување на водата постапки
коефициентот на пренос на
топлина
Механичко Редуцирање на Соли, претежно од Mg и Омекнување на водата или
оштетување коефициентот на пренос на Ca, во напојната вода се адекватно хемиско
на цевките на топлина резултира со таложат на површината на третирање на водата или
генераторот локално прегревање цевните ѕидови при комбинација од двете
на пареа испраување на водата постапки
Корозија на Јаглеродна киселина го Јаглеродната киселина Дегасација на напојна-та
системот за нагризува металот. настанува со реакција на вода; алкална
кондензат Присуството на кислород CO2 и H2O или се внесува неутрализација;
го забрзува процесот на со употреба на вода која специфичен хемиски
корозија содржи бикарбонати. третман
Кислородот влегува во
системот со напојната
вода или преку пропуш-
тање во вакуум системот.
Корозија на Јаглеродна киселина го Јаглеродната киселина Дегасација на напојната
системот за нагризува металот. настанува со реакција на вода; алкална неутрализа-
транспорт и Присуството на кислород CO2 и H2O или се внесува ција; специфичен хемиски
дистрибуција го забрзува процесот на со употреба на вода која третман. Неопходна е
на пара корозија содржи бикарбонати. примена на одводник на
Кислородот влегува во кондензат со можност за
системот со напојната обезвоздушување на
вода или преку пропуш- инсталацијата
тање во вакуум системот.

5.2.1.3. Физичко-хемиска подготовка на вода за котелски постројки

Со цел да се постигне ефикасна, безбедна и доверлива работа на котелската постројка,


скратување на потребното време за работи на одржување (поправки, ремонтни зафати и други
интервенции) и долг технички работен век со максимална ефикасност на согорувањето и
преносот на топлина, водата штто е предвидена за користење во постројката мора да биде
претходно третирана на соодветен начин. На сл. 4.8 е даден шематски приказ на чекорите за
подготовка на вода за котелски постројки. За отстранување на грубите нечистотии, водата се
подложува на постапки на бистрење, таложење и филтрција. потоа се врши декарбонизација и
деминерализација, а по потреба и други постапки на хемиска подготовка. на крајот, водата се
третира термички, со цел да се отстранат растворените гасови.

5-7
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.4. Шематски приказ на фазите на третманот на вода

Доколку водата што се внесува во котелот се карактеризира со голема тврдост, тогаш во


текот на работата има опасност од појава на таложење на минерални материи врз
топлиноизменувачките површини. Со тоа се намалува интензитетот на пренос на топлина, а и
ефективната површина за пренос на топлина, поради што станува неопходно често чистење на
површините. Во екстремни случаи, локално може да се јават точки на прегревање, а како
последица од тоа може да дојде до механички оштетувања, па и до пукање на цевките.
Во случај кога водата содржи растворени гасови, а особено кислород, многу е веројатно
дека ќе дојде до појава на корозија на котелските грејни површини, цевководите и останатата
опрема. Доколку пак рН вредноста на водата е премногу висока, односно средината е алкална
(базна), тогаш може да се јават проблеми од поинаква природа, како што е појавата на пенење.

Омекнување на водата
Издвојување на соли со загревање
Намалување на карбонатната тврдост со помош на сулфурна киселина
Намалување на карбонатната тврдост со помош на вар (спирактор)
Омекнување на сурова вода со помош на амонијачна сода
Омекнување со помош на каустична сода
Омекнување на сурова вода со помош на вар и сода
Омекнување на сурова вода со тринатриум фосфат

Третман на вода со јонски филтри

Јонските изменувачи се цврсти материи, нерастворливи во вода, кои се способни од


растворот на електролит да ги примат позитивните или негативните јони и да ги заменат со
еквивалентно количество сопствени јони. Со оглед на тоа дека таквата измена ги опфаќа само
јоните и се покорува на законот за делување на масите, овие материи се нарекуваат јонски
изменувачи. Врз основа на тоа дали се врши измена на катјони или анјони, изменувачите се
делат на катјонски и анјонски.

5-8
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5.2.1.4. Термичка подготовка на водата


Принципи на издвојување на гасови од водата

Во суровата (неподготвената) вода, кондензатот и напојната вода се содржани


растворени гасови, пред сè кислород (О2) и јаглерод диоксид (СО2). Составот на гасовите
растворени во водата се разликува од составот на атмосферскиот воздух. На пример, при
температура од 0оС и нормален притисок, водата содржи 34,9 % О2 волуменски (во атмосферата
го има околу 21 %), 62,6 % азот и други неутрални гасови (во атмосферата 78,6 %), додека
преостанатото е јаглерод диоксид (во атмосферата е застапен со околу 0,035 %). Кислородот
има најизразено корозивно дејство врз котелската постројка и цевководите, поради неговите
физичко-хемиски својства, но и затоа што неговата застапеност во водата е релативно голема.
Јаглерод диоксид дејствува двојно: како самостоен предизвикувач на корозија и како
катализатор на корозивното дејство на О2. Во секој случај, О2 и СО2 во одредени услови
предизвикуваат корозија на грејните и другите површини на котелските постројки и
цевководните инсталации, но и други несакани последици. Како заштита од таквата појава,
позната и како гасна корозија, се применува постапка на отстранување на гасовите од водата,
односно деаерација или дегасација. Таа може да се изврши по термички и по хемиски пат.
Термичката деаерација се состои од загревање на водата до одредена температура, за
што се применуваат уреди кои што се нарекуваат деаератори или дегасери. Со оваа постапка од
напојната вода се отстрануваат гасови, пред сè О2 и СО2, чие присуство предизвикува
корозивни оштетувања на металните површини и други несакани појави при функционирањето
на котелската постројка. Овие уреди може да функционираат под одреден натпритисок, при
атмосферски притисок или во узлови на мал вакуум.
Кај котелските постројки од индустриски ранг обично се применува термичка
деаерација на водата. Количеството растворен кислород во водата со постапката на термичка
деаерација може да се намали до вредност од околу 0,1 mg/L, што обично не ги задоволува
критериумите за квалитет на напојната вода кај котелски постројки со повисок притисок. Кај
нив дозволената содржина на О2 е 0,02 mg/L, а тоа е ниво што може да се постигне само по
хемиски пат. Најчесто користено средство за оваа намена е хидразин хидрат (N2H4), често
познат и само како хидразин. Со додавање на оваа материја во водата се одвива следнава
реакција:
N2H4 + O2 → 2H2O + N2
Настанатиот азот (инертен гас) се издвојува од водата, а во водата не остануваат
несакани материи во вид на соли. Хидразинот делува алкално и има голема брзина на
распаѓање при температура од 100oC.
Хемиската деаерација на водата се вобичаено се применува во комбинација со
термичка, затоа што во спротивно би било потребно големо количество хидразин, што
значително би ги покачило оперативните трошоци за работа на постројката. Кај котли со висок
притисок хидразинот служи и за алкализација на кондензатот:
3N2H4  4NH3 + N2
Ослободениот амонијак (NH3) ја покачува pH-вредноста на кондензатот на ниво над 8.
Хидразин не смее да се употребува во прехрамбената индустрија, поради што во тој
случај за деаерација вообичаено се користи натриум сулфит, кој реагирајќи со О2 дава натриум
сулфат:
2Na2SO3 + O2 = 2Na2SO4

5-9
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Тоа значи дека се зголемува количеството соли во напојната вода, но притоа, исто така,
се покачува и алкалноста на водата. Реакцијата на врзување на кислород тече многу бавно, со
додавање на значителен вишок на натриум сулфит над количеството потребно спред хемиската
равенка. Оваа постапка вообичаено се комбинира со термичка деаерација.

Напоен резервоар и деаератор (дегасер)


Системот од напоен резервоар со деаератор (дегасер) има многу важна повеќекратна
улога во парно-кондензниот систем: обезбедување на одредена резерва на вода за работа на
котелот, собирање на повратниот кондензат од системот, термичка подготовка (термичка
деаерација) на водата, собирање на пареа од системот за одведување на талог итн. Загревањето
на напојната вода во системот резервоар-деаератор не се врши само заради отстранување на
растворените гасови, туку и за да се избегнат оштетувања на котелот поради термички шок, кој
би настанал доколку во него се внесува незагреана вода. Принципиелен шематски приказ на
напоен резервоар и деаератор со основната пратечката опрема е дадена на сл. 5.5.

Слика 5.5. Напоен резервоар со деаератор и пратечка основна опрема


Термичката деаерација (дегасација) е заснована врз законот на Хенри, според кој постои
директна пропорционална зависност на количеството гасови растворени во водата и нивните
парцијални притисоци над водата при одредена температура. Тој може да се претстави со
едноставниот израз:
G = Kp
кадешто G е количество гас што е дел од гасната смеса растворена во водата, K е коефициент на
пропорционалност кој зависи од видот на гасот, притисокот и температурата и p е парцијален
притисок на гасот над водата.
На сл. 5.6 е прикажана зависноста помеѓу растворливоста на О2 и СО2 во вода, од
температурата и притисокот. Со загревање на водата при константен притисок, растворените
гасови постепено се издвојуваат од неа. Кога температурата на водата ќе се изедначи со
температурата на заситување, парцијалниот притисок на водната пареа над водата го

5-10
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

достигнува притисокот на заситување, а парцијалниот притисок и содржината на гасовите во


водата се снижуваат до 0, односно водата целосно е ослободена од растворените гасови. Колку
што е разликата помеѓу температурата на водата и температурата на заситување при
соодветниот притисок е поголема, толку е поголема содржината на растворени гасови во
водата.

а)

б) в)
Слика 5.6. Растворливост на О2 и СО2 во вода при атмосферски притисок (а) и зависност на
растворливоста на кислород (б) и јаглерод диоксид (в) во вода од температурата и притисокот

За ефикасна деаерација, важно е температурата на водата во напојниот резервоар да се


одржува на доволно високо ниво, со цел да се минимизира количеството растворен кислород и
други гасови. На пример, при температура од околу 100оС и при атмосферски притисок
концентрацијата на О2 и СО2 паѓа речиси на нула. Од аспект на квалитетна подготовка, со
загревање на водата во напојниот резервоар се намалува потребата од користење на одредени
материи за отстранување на О2 по хемиски пат, со што се намалуваат трошоците за набавка на
хемиски средства и воедно ќе се намали загубата поради одведување на талог од котелот.
Се разбира, за термичка подготовка, односно за загревање на водата е потребна
енергија. Во случај кога котелската постројка и парно-кондензниот систем функционираат
приближно како затворен систем, односно без загуби или со минимални загуби на работен
медиум, тогаш загревањето на напојната вода во резервоарот не го менува билансот на
5-11
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

котелската постројка како целина. Во таков случај единствена вистинска загуба е емитираната
топлина од резервоарот кон околината, што со соодветна изолација се сведува на незначителна
мера. Меѓутоа, доколку загубите на водна пареа и кондензат се значителни (поради
несоодветно одржување на системот, поради карактерот на технолошките процеси и операции,
поради непостоење или лошо одржување на системот за враќање на кондензат во
котларницата), тогаш загревањето на дополнителното количество напојна вода може да биде
причина за значително зголемени трошоци. На сл. 5.7 е даден шематски приказ на системот од
напоен резервоар и деаератор со вообичаените приклучоци (влезови и излези) за поставување
материјален и енергетски биланс.

Слика 5.7. Шематски приказ на напоен резервоар со деаератор и шема на врзување со


основните компоненти
1 – деаератор, 2 – напоен резервоар, 3, 4, 5 – сонди за притисок, температура и ниво, 6 – вентил, 7 –
вентил, 8 – прирабници, 9 – одвојувач на кондензат, 10 – вентил со погон за регулација на притисокот во
деаераторот, 11 – одвојувач на нечистотии, 12 – сигурносен вентил, 13 – вентил управуван од системот за
регулација на нивото во резервоарот, 14 – вентил за регулација на температурата во резервоарот, PC –
регулација на притисокот, TC – регулација на температурата, LC – регулација на нивото на вода

За целосно издвојување на О2 и на други гасови од водата при термичката деаерација е


неопходно е да се обезбеди и доволно време на загревање, како и колку што е можно поголема
допирна површина на пареата и водата што се подложува на дегасација. Загревањето на водата
секогаш се врши со мешање на предавателот и приемникот на топлина, што се прави во
деаераторот. Според намената, деаераторите се делат на следниве групи:
- деаератори за напојна вода (за парни котли, испарувачи),
- деаератори на сурова вода и повратен кондензат и
- деаератори за дополнителна вода за топлински мрежи.
Врз основа на начинот на загревање на водата, односно предавателот на топлина,
деаераторите се делат на:
- деаератори со водна пареа и
- деаератори со врела вода како предавател на топлина.
Според притисокот, деаераторите може да бидат:

5-12
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

- со висок притисок (0,6-0,7 MPa),


- со атмосферски притисок (0,10-0,12 MPa) и
- со потпритисок.
Во индустриски енергани обично се применуваат деаератори со атмосферски притисок,
со пареа како предавател на топлина. Водата и повратниот кондензат во деаераторот се
доведуваат при врвот на колоната (сл. 5.8). Водата се разлева на првата каскада и низ отворите
на нејзиното дно, во форма на ситни капки, паѓа на следната пониска каскада (сл. 3.11.6).
Деаераторите обично имаат две до пет каскади, во форма на диск и прстени, поставени во
вертикална низа една под друга. Предавателот на топлина, водна пара, се доведува во долниот
дел на деаераторот и струејќи кон врвот на колоната помеѓу каскадите, со директен допир ја
загрева водата до состојба на заситување. Гасовите издвоени од водата, заедно со мал дел пара
којашто не кондензира при преносот на топлина, ја напуштаат колоната низ приклучок на
оската на деаераторот. Содржината на преостанатиот кислород во дегазираната вода зависи од
количеството пара што се одведува заедно со гасовите (отпарок).

Сл. 5.8. Функционален шематски приказ на атмосферски деаератор

Капацитетот на деаераторот мора да биде соодветен на капацитетот на напојниот


резервоар, а со тоа и на котелската постројка. Отворот за гасови мора да одговара на волуменот
на деаераторот. Вообичаено, тој се наоѓа во границите од DN80 за волумен од 2000 литри, до
DN250 за волумен од 30000 литри.
Зависноста помеѓу ефективноста на деаерацијата и оптоварувањето е сложена. Колку
што е водата што се внесува во деаераторот на пониска температура, толку е поголем остатокот
на кислород при мал проток на вода. Воедно, при мали протоци на вода се намалува
ефективноста на процесот со зголемување на хидрауличното оптоварување, што се објаснува со
повторното зафаќање на веќе издвоениот кислород.
Водата од деаераторот се слева во напојниот резервоар, којшто обично е поставен
непосредно под деаераторот (сл. 3.11.3). Во напојниот резервоар се складира одредено
количество подготвена напојна вода, традиционално доволно за работа на котелот со
максимален капацитет во траење од еден час. Обично количеството вода во резервоарот мора
да биде доволно најмалку за полчасовна работа на постројката со полн капацитет. Нивото на
водата во резервоарот се одржува константно со помош на ниво-регулатор. Притисокот исто

5-13
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

така се одржува на константно ниво, во зависност од потребната температура на заситување, со


регулација на доводот на пара. Одржувањето на нивото на вода и притисокот во резервоарот
има големо влијание врз работата на напојните пумпи. Освен тоа, одржувањето на
температурата на напојната вода на потребното ниво е важно за постигнување на бараниот
капацитет на котелот.
Заради неутрализирање на остатокот на кислород од водата во напојниот резервоар се
додава хидразин (N2H4), а доколку тоа не го дозволува технологијата (на пример, при
подготовка на пара за влажнење на воздух, во болници, во некои индустриски процеси итн.), во
тој случај се додава тринатриумфосфат.
Правилниот избор на димензиите и работните параметри, материјалот, приклучоците и
пратечката опрема на резервоарот за напојна вода може значително да влијае врз вкупната
ефиканост и доверливоста при работата на котелската постројка.

5.2.2. Дистрибутивен систем


Дистрибутивниот систем го сочинуваат цевководните инсталации (пароводи) и
целокупната пратечка инсталирана опрема за дистрибуција на сите видови на пара. Овој систем
треба да овозможи:
 ефикасен транспорт на пара од котелот до потрошувачите;
 снабдување на потрошувачите со пареа со висок квалитет, со бараниот проток и
притисок;
 минимални топлински загуби при дистрибуцијата на работниот медиум (пареата).
Компоненти на дистрибутивниот систем за пареа
Во општ случај, секој дистрибутивен систем за пареа се состои од следниве основни
компоненти:
 парни цевководи за транспорт и дистрибуција на парата до крајните потрошувачи;
 топлинска изолација;
 вентили и друга цевководна арматура,
 сепаратори и акумулатори на пара,
 одвојувачи на кондензат,
 вентили за обезвоздушување,
 мерачи на проток и друга мерно-регулациска опрема.
Значајни карактеристики на цевководите
За да може успешно да се користат и ефикасно да ја исполнуваат својата функција,
цевководните инсталации и воопшто целиот дистрибутивен систем, потребно е да бидат добро
познати неговите технички карактеристики и потребите на потрошувачите. Најзначајните
карактеристики на добро проектирани и изведени цевководни системи се наведени во
продолжение.
 Правилен распоред, оптимално водење, потпирање и прицврстување на цевниот систем
се неопходни од аспект на економична изведба и добро функционирање на системот.
 Адекватна компензација на топлинските дилатации при предвидените работни
температури на цевководите - од исклучителна важност за издржливоста на цевниот
систем и помали трошоци за одржување.
 Правилно димензионирање на цеководите (за актуелни и предвидени идни потреби) за да
се обезбеди соодветна брзина на струење на работниот медиум и минимален пад на

5-14
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

притисок. Притоа, мора да се води сметка за оптималните препорачани брзини на


струење на одделни медиуми; на пример, оптимална брзина на струење на прегреана
пареа е 50–70 m/s, на сувозаситена пареа 30–40 m/s, а на влажна пареа 20-30 m/s.
Поголеми брзини многу веројатно ќе предизвикаат зголемена бучавост и ерозија, особено
ако пареата е влажна.
Фактори кои треба да се земаат во предвид при димензионирањето на цевководите:
 пад на притисок
 топлински загуби
 инвестициски трошоци
 трошоци за одржување

Предимензионирани пароводи Поддимензионирани пароводи


Избор на цевководи за пареа со Избор на цевководи за пареа со помали
поголеми дијаметри од оптималните ќе дијаметри ќе доведе до:
доведе до: - повисок пад на притисок
- понизок пад на притисок - тешкотии при снабдувањето на
- повисоки инвестициски трошоци системот со пара
- повисоки топлински загуби во - појава на бучава, хидраулични удари и
околината од цевководите поинтензивна ерозија

Топлинска изолација
Цевководната мрежа, целокупната арматура и крајните топлински корисници треба да
бидат правилно топлински изолирани, со изолациски материјал со соодветна густина и
дебелина на слојот. Со тоа се постигнува намалување на топлинските загуби кон околината и
доведување на парата на местото на користење со бараните параметри - температура и
притисок.
Изолацијата кај парно-кондензните системи е неопходна поради неколку причини:
• Безбедност на персоналот – високи температури
• Минимизирање на загубите на енергија
• Заштита од надворешни услови и влијанија
• Зачувување на интегритетот на системот
Типични области каде што има можности за подобрување на изолацијата се:
• Распределители за дистрибуција на работни флуиди
• Цевни линии за транспорт и дистрибуција на работни флуиди
• Вентили и друга цевна арматура
• Линии за враќање на кондензат
• Опрема за крајна потрошувачка (термички процесни апарати)
• Топлински изменувачи, резервоари, садови итн.
Постојат неколку причини за појава на оштетена изолација или за непостоење на
изолација и оттаму произлегуваат можности за заштеда на енергија во делот на изолирање на
опремата и инсталациите:
• Шштетена или исчезната изолација поради активности поврзани со одржување -
изолацијата била отстранета заради изведување на одредени зафати, а потоа е вратена
со оштетувања или не е вратена старата, ниту е поставена нова.
• Исчезната / оштетена изолација поради злоупотреба .
• Оштетена изолација поради оптетувања, незгоди и хаварии во системот.

5-15
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

• И при нормална употреба доаѓа до постепено


Изолацијата на цевковод, со
трошење и абење на изолацијата поради условите
дебелина од 10 cm, со работен
на околината. флуид од 900С, резултира со
• Неизолирани вентили и други компоненти - ова е топлински загуби до 20 W/m2.
многу честа појава кај парно-кондензните и Неизолиран цевковод има загуби
другите системи. од над 300 W/m2.

Слика 5.3. Фотографски приказ на неизолиран распределител на пареа и термовизиска снимка на


неизолиран арматурен орган

Некои основни алатки, софтвер и основни податоци, кои се потребни за да се измери,


односно, да се квантифицира економското влијание на поправка или поставување изолација се:
• Инфрацрвена термографска камера
• Инфрацрвен температурен пиштол
• Мерна лента
• Софтвер за евалуација на изолацијата (на пример, софтверската алатка 3E Plus)
• Работни (оперативни) информации (температура на флуидот или на површината,
број на работни часови годишно)
• Услови на околината (температурно ниво, изложеност на ветер итн.)

5.2.3. Крајни корисници


Крајна цел на инсталирањето на еден парно-кондензен систем е доставување на пареа до
потрошувачите за нејзино ефикасно користење. Крајните корисници (индустриски постројки,
уреди, процеси) треба да бидат снабдени со пареа, најчесто сувозаситена, но во одредени
случаи и прегреана, со бараните параметри - проток и притисок (температура). Кај крајните
потрошувачи треба да се постигне ефикасно искористување на парата, односно топлината
содржана во парата, за што е потребно:
 да се отстрани воздухот од парата и од парниот тракт;
 целосно да се отстрани (евентуално) појавениот кондензат;
 да се обезбеди чиста површина за пренос на топлина;
 користење на квалитетни компоненти за контрола на квалитетот.
Некои вообичаени крајни корисници на пареа
 Дестилациски кули
 Сушилници
 Испарувачи

5-16
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

 Топлински изменувачи
 Ребојлери
 Реформери
 Парни ејектори / инјектори
 Колони / уреди за раздвојување на одделни материи и фази
 Термокомпресори
 Апсорпциски ладилни агрегати (апсорпциски чилери)
 Овлажнувачи (Humidifiers)
 Предзагревачи / загревачи на воздух

5.2.4. Систем за кондензат


Пареата како работен медиум во себе содржи латентна (скриена) и физичка (сензибилна)
енергија. Кондензатот од парата ја содржи само физичката топлина на парата, која може да
изнесува и до 16 % од вкупната почетна енергија на пареата, во зависност од вредноста на
притисокот. Кондензатот, не само што претставува чиста вода, тој содржи топлина и има
хемиски карактеристики кои го прават погоден за користење како напојна вода. Според тоа, со
собирање и враќање на кондензатот:
 се подобрува енергетската ефикасност на парно-кондензниот систем,
 се намалуваат трошоците за хемиски средства и за напојна вода,
 се подобруваат еколошките карактеритики на постројката и
 се намалуваат трошоците за отстранување на отпадоците.
Системот за собирање и враќање на кондензатот се состои од:
 цевководи,
 резервоари за собирање на кондензат,
 пумпи,
 експанзивни садови,
 мерачи на проток,
 опрема за филтрирање и чистење.
Цевководните инсталации служат за транспорт на кондензатот од дренажните места на
парните цевководи и од крајните потрошувачи до котелот. Цевките за кондензат треба да бидат
соодветно распоредени, ослонети, прицврстени и димензионирани. При димензионирањето на
цевководите за кондензат мора да се води сметка за тоа дека низ нив струи смеса на кондензат и
пара. Сите компоненти на системот за кондензат, цевковод, резервоари и целата арматура треба
да се соодветно изолирани.
Собирањето и враќањето на кондензатот е технички и економски оправдано, освен во
случаи кога кондензатот не е чист. Кондензатот треба да се собира и да се враќа во колку што е
можно поголемо количество и со колку што е можно повисока температура!

5.2.5. Оценка на оперативната ефикасност на типичен парно-кондензен систем


Пример. Вкупната ефикасност на парно-кондензниот систем ηPKS може да се дефинира како
однос на енергијата што е доставена до корисниците и енергијата што се внесува преку
горивото во котелот:

5-17
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Енергијата (топлината) доставена до корисниците може да се определи како производ


на протокот на доставена пареа со разликата помеѓу енталпијата на пареата и енталпијата на
кондензатот:
Ekor = Qkor = msteam(hsteam − hcond)
Хемиската енергија што се внесува со горивото во котелските постројки е еднаква на
производот од потрошувачката на гориво и неговата топлинска моќ:
Efuel = Qfuel = MfuelCV
M – потрошувачка на гориво
CV – топлинска моќ на горивото
Забелешка: Доколку водната пареа во продуктите од согорувањето кондензира во постројката
и притоа се искористува латентната топлина на кондензација, во претходниот израз, за CV
треба да се примени горната топлинска моќ.

1) Актуелна состојба на котелот и парно-кондензниот систем


Во продолжение се наведени типични вредности на одделни загуби кај котелска
постројка од индустриски ранг со продукција од 5,8 t/h, p=6 bar, со цел да се одреди
ефикасноста, односно степенот на корисност на котелот.
Степен на корисност на котелот (основни загуби)
Загуба со излезни гасови (q2) = 16 %
Нецелосно согорување (q3) = 1%
Зрачење и конвекција (q5) = 2%
Одведување на нечистотии (q7) = 2%
Ефикасност на котелот = 79 %

Систем за дистрибуција на пареа


Проценка на вкупната ефикасност на системот (со претпоставени типични вредности за
топлинските загуби) = 92 %
Загуби на енергија кај процесната опрема и инсталации
Во овој случај претпоставено е дека енергетските загуби кај процесната опрема
изнесуваат 3 %, односно дека ефикасноста на тој дел од системот е 97 %.
Енергетски загуби на системот за кондензат
Овие загуби посредно се вклучени во пресметката на ефикасноста на котелот. За
поточно одредување неопходна е подетална анализа.
Потрошувачка на гориво, пресметана на ниво на парно-кондензниот систем:

Mfuel = =

= = 0,1281 kg/s

Забелешка: Ниската температура на напојната вода (53оС) произлегува од делумното


враќање на кондензат.
Вкупна ефикасност на системот:

5-18
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

= = 0,578 (57,8%)

Мали подобрувања на ефикасноста на одделни компоненти од парно-кондензниот


систем може да резултираат со значителни заштеди на ниво на системот. Така, со оптимизација
на процесот на согорување ќе се намали или целосно ќе се елиминира загубата поради
нецелосно согорување, но и загубата со излезните гасови. Со подобра подготовка на напојната
вода ќе се редуцира и загубата поради одведување на нечистотии (отсолување). Кај системот за
дистрибуција на пареа може да се намалат истекувањата и загубите поради несоодветна (или
непостоечка) изолација. Со мерки за подобро собирање и враќање на кондензатот може да се
постигнат дополнителни значајни заштеди, кои во примеров се земени предвид преку повисока
температура на водата на влезот во постројката (75оС, наместо 53оС во претходната состојба).
Степен на корисност на котелот (вредностите во заградите се однесуваат на состојбата пред
мерките)
Загуба со излезни гасови (q2) = 14 % (16 %)
Нецелосно согорување (q3) = 0 % (1 %)
Зрачење и конвекција (q5) = 2 % (2 %)
Одведување на нечистотии (q7) = 1 % (2 %)
Ефикасност на котелот = 83 % (79 %)

Систем за дистрибуција на пареа


Проценка на вкупната ефикасност (со претпоставени вредности за топлинските загуби)
= 95 % (претходно 92 %)
Загуби на енергија кај процесната опрема
Енергетската ефикасност на процесната опрема е подобрена од 97 на 98 %.
Потрошувачка на гориво по спроведувањето на мерките:

Mfuel,1 = =

= = 0,1126 kg/s

Вкупна ефикасност на системот:


= 0,657 (65,7%)

Вкупно подобрување на ефикасноста на системот (во %-ни поени):

 System  65 .7  57 .8  7.9 %

5.3. МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ НА ПАРНО-


КОНДЕНЗНИТЕ СИСТЕМИ

Парно-кондензните системи имаат широка примена во многу индустриски гранки. Тие


обезбедуваат снабдување со сигурна и ефикасна енергија, која е погодна за користење и

5-19
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

претставува основа за одвивање на процеси што се од фундаментално значење за компаниите.


Постојат многу практични и докажани методи и мерки за подобрување на ефикасноста на
постоечките парно-кондензни системи. Притоа, многу е важно да се изберат оние кои што се
најсоодветни за дадените околности. На сликата 5.4 е даден приказ на процесот за подобрување
на ефикасноста на парните системи.

Слика 5.4. Приказ на процесот за подобрување на ефикасноста на системот за пареа

5.3.1. Анализа на користењето на пареата и подобрување на ефикасноста на


постоечкиот систем

Првиот чекор за подобрување на парниот систем е да се разгледа за кои системи и


процеси е потребна пареа во компанијата и како се користи истата. Притоа, неопходно е да се
одговорат следниве прашања за секој од процесите во кои се користи пара:
 Каков притисок, температурата и проток на пареа се потребни?
 Како барањата се совпаѓаат со можните услови за снабдување со пареа?
 Дали може да се снижи температурата на користената пареа без да се наруши
соодветниот процес или квалитетот на производите?
 Дали може да се користи друг извор на топлина, како што е отпадна топлина од друг
процес или од друг дел од опремата?
 Дали може да се промени динамиката на работа на потрошувачите на пареа, со цел да се
обезбеди константно оптоварување на котелот?
 Дали може да се користи акумулатор на пареа, а со тоа и помал котел, доколку потребите
на потрошувачите се со променлив карактер?
 Дали пареата се користи на небезбеден или несоодветен начин, како што е директното
греење на вода?
 Дали можеби се користи мало количество пареа, а растојанието од котелот до
потрошувачите е големо?

5.3.2. Оптимизација на системот за дистрибуција на пареа


При оптимизација на дистрибутивниот систем за пареа во индустриската постројка,
фокус може да се стави на повеќе различни области, во цевководните инсталации (пароводи) и
целокупната пратечка инсталирана опрема за дистрибуција на пареа. Овие области се

5-20
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

втемелени во основите на енергетскиот менаџмент и, генерално, кога се идентификувани


можности за подобрување, тие резултираат со атрактивни економски придобивки.
Суштинското познавање на овие области, односно на техничките карактеристики на
дистрибутивниот систем, е од особена важност, за континуирана ефикасна и сигурна работа на
секој парно-кондензен систем.
Има повеќе можности за оптимизација на дистрибутивниот систем и тие вклучуваат:
 поправки на местата каде има истекување на пареа
 намалување на загубата на пареа како оддишок
 обезбедување добра топлинска изолација на цевките низ целиот парен систем,
вентилите, другата арматура и садови
 затворање на линиите кои не се користат
 минимизирање на протокот на пареа низ станици за редукција на притисок
 намалување на падот на притисок во распределителите
 дренажа на кондензатот настанат во парните распределители

1) Намалување на загубите во процесот на дистрибуција на парeа


Додека котелот сам по себе е важен дел каде што може да се направат големи заштеди,
состојбата на остатокот од парно-кондензниот систем, исто така, е исклучително значајна за
подобрување на перформансите на целиот систем. Во таа насока, многу е важно да се вршат
редовни проверки и да се практикува превентивно одржување на системот за транспорт и
дистрибуција на пара.

2) Откривање и поправка на истекувањето на парeа


Истекувањата на пареа може да доведат до појава на големи енергетски загуби и загуби
на работен флуид. Случаи на истекување на пареа може да има насекаде, но највообичаени се
местата каде што има цевни споеви (поврзувањата), прирабници, зглобни врски, вентили и
друга цевна арматура, кај одвојувачите на кондензат итн., но може да се јават и поради
оштетувања на цевките.
Честа забелешка на корисниците на парно-кондензни системи е “Локациите каде што
истекува пареа се суштинска компонента од мојот систем. Aко не ги слушам или не ги гледам,
не можам да знам дали мојот систем функционира!”
Истекувањата може да бидат детектирани со визуелна контрола или според звукот,
додека помали истекувања може да се откријат со помош на ултразвучен уред за детекција.
Најефективни поправки на истекувањата од кондензните цевки може да бидат направени кога
кондензниот систем не е во функција, при што вработените имаат безбеден пристап до
цевководните инсталации.
Различни примери на истекување на пареа кај парно-кондензни системи - кај арматурна
компонента (вентил), истекување поради оштетување на цевка и оддишок, се прикажани на сл.
5.5.

5-21
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.5. Примери на истекување на пареа кај арматурна компонента (вентил), поради
оштетување на цевка и оддишок

Оштетувањата на цевките и истекувањата на пареа често претставуваат и безбедносна


закана, поради што е потребна брза реакција. Проценката за “редот на големина” на загубата на
пареа може да даде доволно информации за да се одреди дали поправката мора да се изврши
веднаш, при следен прекин или тековно. На сл. 5.6 е прикажан дијаграм на просечни загуби на
пареа поради истекување низ отвори со различни димензии, во зависност од вредноста на
притисокот.
Постојат неколку методи за утврдување на енергетските загуби и економското влијание
од истекувањето на пареа:
• емпириски и визуелни методи (врз основа на опсервација), според должината или
висината на млазот, однсоно перјаницата;
• со мерење и пресметка, преку равенката на Napier за загуба на проток (Napier’s choked
flow equation);
• теренско мерење со помош на pitot-цевка;
• со ултразвучна техника;
• со други методологии, засновани врз примена на математички модели и биланси на дел
од инсталацијата.
Равенката на Напие (Napier) за нарушен/загубен проток (пареа што истекува) ја има
следнава форма
msteam  0.695  Aorifice  Psteam

Оваа равенка е валидна доколку е исполнето следново:


• услови на нарушување/губење на проток: излезен притисок < 0.51*Psteam
• коефициент на исфрлање = 0.6
• Aorifice површина на отворот во mm2
• Psteam е апсолутен притисок на пареата, во bar (absolute)
Трошоците поради истекување на пареа може да бидат одредени како производ помеѓу
протокот што истекува и единичната цена на пареата.

5-22
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

5000

4500

4000 2 mm
4 mm
Leak rate (kg/hr) 3500 8 mm
10 mm
3000
12 mm

2500

2000

1500

1000

500

0
0 5 10 15 20 25 30 35 40 45 50
Pressure (bars)

Слика 5.6. Загуби на пареа поради истекување низ отвори со различни димензии во зависност
од вредноста на притисокот

Пример за истекување кај парен систем


Истекување на пареа низ отвор со дијаметар ~4 mm е откриено на паровод што работи
на притисок 2 barg. Да се пресмета протокот на истекувањето и намалувањето на годишните
трошоци за енергија со поправка на местото каде што има истекување. Трошоците за
производство на пареа изнесуваат $91.67 за тон пареа. Да се претпостави дека истекувањето на
пареа е од цевководот што се користи преку цела година (8760 часови годишно).
Од дадените информации се пресметува површината на отворот

 
Aorifice    4.0  12.56 mm 2
2 2
d orifice
4 4
Psteam  2  1.013  3.013 bar absolute
Потоа, со примена на равенката на Napier за пригушено струење се добива
msteam  0.695  Aorifice  Psteam
msteam  0.695 12.56  3.013
msteam  26.2 kg / hr
Пресметаниот проток на истекувањето на парата е 26.2 kg/h, а годишните финансиски
заштеди за енергија со поправање на делот каде што има истекување изнесуваат:
 steamleak  msteam  k steam  T
91.67
 steamleak  26.2   8,760
1,000
 steamleak  $21,000 / yr
Истекувањата на пареа се јавуваат во текот на времето со користење на системот и
важно е да се разбере дека доколку еднаш се поправат местата каде што има истекување, а
потоа се заборави на нив, односно не се следат, тоа не претставува решение во процесот на

5-23
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

оптимизација на дистрибутивниот систем. Со воспоставување на програма за постојано


следење на истекувањата на пареа се очекува да се спроведува постојан мониторинг и
повремена поправка на местата каде што има истекувања.

5.3.3. Одвојувачи на кондензат


Кондензат е вода што се добива со кондензација на пара, откако таа ќе ја оддаде
латентната топлина во потрошувач, процес или при струење низ парни цевководи (пароводи).
Одвојувачите на кондензат (познати и како „кондензни лонци“) се уреди чија улога е да
собираат кондензат од парните линии и да го насочуваат во кондензната линија. Пример на
инсталирање на одвојувачи на кондензат со пратечка опрема е прикажан на сл. 5.7.
Одвојувачите на кондензат се интегрален и исклучително значаен дел во системот за
враќање на кондензат. Поради тоа, тие ќе бидат детално разгледани во продолжение.

Слика 5.7. (Diagram of a drop leg supplying a unit heater)

Врз основа на принципот на функционирање одвојувачите на кондензат може да се


групираат во следниве категории:
1) термостатски
- мембрански
- биметални
2) механички
- со топчеста пловка
- со пловка и рачка
- со превртен сад (превртено ѕвоно)
- со отворен сад
- со пловка и термостатски (термомеханички)
3) термодинамички
- со диск
- со клип
- со рачка
4) одвојувачи со отвор
- со плоча со отвор
- со вентуриева цевка

5-24
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.8. Фотографски прикази на различни видови одвојувачи на кондензат: со пловка,


термодинамички, термостатски и одвојувач на кондензат со превртен сад

Термостатски одвојувачи на кондензат


Термостатските овојувачи реагираат при промени на температурата на флуидот што
навлегува во уредот. Работата на термостатските одвојувачи на кондензат се заснова врз
принципот реакција на елемент на одредена температурна разлика. Мембрана (with a volatile
fluid) или биметална лента го затвора вентилот кога наидува високотемпературeн флуид -
пареа. Генерално, со покачување на температурата внатрешната компонента во мембранскиот
дел се шири (биметалот се свиткува) – и се собира (биметалниот елемент се исправува) кога
температурата опаѓа. Кога внатрешните компоненти на одвојувачот се загреани, вентилот на
термостатичкиот одвојувач е затворен.
На сликата 5.9a е даден шематски приказ на навлегување на пареа во одвојувач на
кондензат оддолу лево. Внатрешната компонента, во форма на мембрана / хармоника (или
биметална лента), ќе се прошири (или ќе се свитка) со пораст на температурата, со што се
затвора одвојувачот, со приклучокот на дното на механизмот. Потоа, како што е прикажано на
сликата 5.9б, кога подладен кондензат навлегува во одвојувачот на кондензат, механизмот ќе се
собере, подигајќи го приклучокот од крајот на механизмот и со тоа ќе се овозможи истекување
на кондензатот или на кондензат и пареа, односно напуштање на одвојувачот.

Слика 5.9. Принцип на функционирање на термостатски мембрански и биметални одвојувачи


на кондензат

Термостатскиот одвојувач на кондензат се отвора кога наидува подладен кондензат. Во


зависност од степенот на подладување, може да се исфрли кондензат или кондензат со отпарок.
Овој тип одвојувачи овозможуваат искористување на енергијата од кондензатот. Освен тоа, тие
се карактеризираат со значителна способност за отстранување на воздух од системот.

5-25
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.10. Поставување на термостатски биметални одвојувачи на кондензат и поврзување со


кондензната линија

Механички одвојувачи на кондензат


Во суштина, и покрај името „механички“, многу често во употреба се одвојувачи на
кондензат кои според функционалниот принцип претставуваат комбинација од механички и
термостатски одвојувачи, односно термомеханички одвојувачи на кондензат (слика 5.11).

Слика 5.11. Принцип на функционирање на одвојувачи на кондензат со пловечка топка и со


термостатски елемент (термомеханички одвојувачи, познати според кратенката F&T)

Термомеханичките одвојувачи на кондензат се отвораат кога ќе наиде заситен и/или


подладен кондензат. При работата на овие одвојувачи се испушта кондензат и отпарок
(односно, нископритисна пареа што настанува како резултат на моментно придушување на
заситен кондензат). Термомеханичките одвојувачи на кондензат поседуваат значителен
капацитет за отстранување на воздух и покажуваат добри својства при стартување на системот.
Се карактеризираат со модуларен тип на функционирање.

5-26
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.12. Механички одвојувачи со превртен сад (ѕвоно)

Механичките одвојувачи на кондензат се карактеризираат со следново:


- Се отвораат на заситен и/или подладен кондензат
- Испуштаат кондензат и отпарок (пареа настаната како резултат на моментно
придушување на заситен кондензат)
- Имаат ограничен капацитет за исфрлање на воздух и за стартување
- Примената кај системи со прегреана пареа е дискутабилна
- Испрекинато функционирање

Термодинамички одвојувачи на кондензат


Работата на термодинамичките одвојувачи се базира врз принципот на разлика на
кинетичката енергија (брзината) помеѓу кондензатот и пареата. Во продолжение се наведени
основните карактеристики на овие одвојувачи на кондензат:
- Се отвораат кога ќе наиде заситен кондензат
- Испуштаат кондензат и пареа добиенa со придушување на кондензатот (flash steam)
- Се карактеризираат со испрекината работа
- Одвојувачот на кондензат може да биде опремен со термостатски елемент за
подобрување на отстранувањето на воздух

Слика 5.13. Принцип на функционирање на одвојувач на кондензат со диск

Слика 5.14. Принцип на функционирање на термодинамички одвојувачи на кондензат

5-27
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Одвојувачи на кондензат со отвор


 Немаат подвижни делови
 Се карактеризираат со континуирана работа
 Вообичаено се применуваат таму каде што оптоварувањата се менуваат незначително
(steady loads)
 Имаат ограничен капацитет за отстранување воздух поради големината на отворот
 Дизајнирани се за одведување специфично количество кондензат
 Доколку нема кондензат, тогаш мало количество пареа протекува континуирано

Слика 5.15. Шематски приказ на одвојувач на кондензат со отвор

Дефекти / откажувања кај одвојувачите на кондензат


Кога во одвојувачот на кондензат ќе се собере доволно количество кондензат, тој се
одведува низ цевководната мрежа за враќање на кондензат. Одведувањето на кондензатот
неминовно значи губење на работен медиум во вид на пареа од системот. Доколку одвојувачите
на кондензат работат добро, загубата ќе биде минимална. Присуството на нечистотии во
системот за пара или неправилното поврзување и одржување на одвојувачите на кондензат
може да доведе до намалено и неуспешно враќање на кондензатот.
Неисправните одвојувачи на кондензат, кај кои се појавува истекување, мора да бидат
поправени или заменети, со цел да се избегнат поголеми загуби на кондензат и топлина.
Вообичаено, кај добро одржуван систем за враќање на кондензат може да се појават одредени
проблеми во период од една до пет години по инсталирањето. Со цел да се избегнат големи
енергетски загуби, потребно е да се прави контрола на исправноста на секој одвојувач на
кондензат барем еднаш годишно, да се прави проценка на условите за нивно работење и да се
формира база на податоци за сите одвојувачи на кондензат, како за исправните, така и за
неисправните.
Направени се бројни студии во индустријата и Дури и во добро одржуван парно-
како генерален резултат, едно од пошироко кондензен систем, 10% од
прифатените статистички правила (“rule of thumb”) е одвојувачите на кондензат ќе бидат
дека 10 % од инсталираните одвојувачи откажуваат/се неисправни секоја година и тие
расипуваат секоја година. Бројот на дефекти зависи од треба да се сервисираат или да се
неколку фактори и може да биде специфичен за заменат.
одредена индустрија.
Главните дефекти / откажувања се манифестираат како:
• неисправност / дефект во затворена положба (Failed closed)
• неисправност / дефект во отворена положба (Failed open)
• неисправност / дефект со делумно пропуштање или во делумно затворена положба
Отказ во отворена или во затворена положба резултира со најголеми влијанија во
системот. Овие режими на дефекти се препознаваат релативно лесно и треба да бидат од прв
приоритет.

5-28
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Истекувањето на кондензат може да се мери со користење на часовник-стоперка и


собирање на кондензатот во сад.
Одржување на одвојувачите на кондензат
- Современи конструкции на одвојувачи на кондензат овозможуваат унапредена
енергетска ефикасност на системот, подобар квалитет на доставената пара до
технолошките потрошувачи и посигурна работа на системот.
- Соодветна програма за проверка и одржување покажува дека траењето на еден уред
„конденз-лонец“ е околу 10 год.
- Енергетските заштеди што би се постигнале со правилно превентивно или
комбинирано одржување на овој дел од парно-кондензниот систем се проценуваат на
околу 10 % (конзервативен пристап).
- Многу кус период на враќање на финансиските вложувања!
Мониторирање и испитување на системот на одвојувачи на кондензат
Систем за мониторирање – дополнителни 5 % енергетски заштеди во споредба со
обичен принцип на одржување на одвојувачите на кондензат!
 Постојат неколку методи за испитување на перформансите на одвојувачите на
кондензат
• Визуелен метод
• Акустичен
• Термички
 Најчесто, користењето на само еден метод може да даде неубедливи резултати, така што
се препорачува следново:
• комбинација од методи
• дополнителни информации за процесот или системот
Нов, современ метод за мониторинг на одвојувачите во реално време е достапен за
некои видови одвојувачи на кондензат.
За испитување се достапни повеќе инструменти:
• Температурна сонда
• Инфрацрвен температурен пиштол
• Инфрацрвена термографска камера
Неопходно е да се разбира функционирањето и примената на одделни одвојувачи на
кондензат. Во одредени случаи, податоците може да бидат и неубедливи. На пример, при
поминување низ отвор (оrifice) кај кондензатот и пареата ќе дојде до одреден пад на
температурата. Оттука, тешко е да се каже дали одвојувачот откажал во отворена положба.

5-29
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.16. Одвојувачи на кондензат во конкретни инсталации

Слика 5.17. Одвојувачи на кондензат во конкретни инсталации

При испитување на одвојувачите на кондензат и обемот на неговото искористување


важни се неколку клучни прашања:
- Дали се искористува кондензатот?
- Дали кондензатот се враќа кон котлите со најголема практична содржина на топлинска
енергија?
- Дали системот за враќање на кондензат прави прекумерен противпритисок на
одвојувачите?
- Дали е рпименливо искористување на отпарокот?
- Системот за враќање на кондензат треба да се проектира за најголема ефикасност
Во однос на враќањето и искористувањето на кондензатот, од големо значење е
воспоставување ефективна програма за управување со од војувачите на кондензат.
1) Потребно е да се воспостави и да се одржува база на податоци за одвојувачите на
кондензат
5-30
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

• Тип на одвојувач, број на моделот, големина итн.


• Апликација – каде е инсталиран одвојувачот
• Загуба на енергија ако отказот е во отворена положба
• Проблеми доколку отказот е во затворена положба
• Кога се случило последното откажување, поправка
2) Да се направи приоритет на поправки врз основа на проценетата загуба и
критичноста во однос на парно-кондензниот систем и производните операции
3) Да се следат секојдневно отворите за оддишок
4) Да се проверуваат сите одвојувачи најмалку еднаш годишно
5) Обука за одржување на одвојувачите е од суштинско значење

5.3.4. Мерки на ефикасност кај крајните корисници


Преглед на билансот на пареа
Побарувачката на пареа во индустриските постројки може да поприми различни форми.
Општо земено, пареата најчесто претставува извор на топлина за одреден процес. Најчесто, во
индустриските процеси е потребен одреден масен проток на пареа, што одговара на соодветно
топлинско оптоварување или потребна моќност (kW). Но, има и такви процеси во индустријата
кај кои се бара и одредена топлинска моќност (масен проток) и волуменски проток на пареа.
Ова се најчесто уреди за кои е потребна одредена брзина на пареата за да се извршат функциите
за кои таа е наменета во индустриската постројка. Треба да се напомене дека парните турбини
не се сметаат како крајни корисници на пареа и тие не се обработени во ова поглавје. Парните
турбини се обработени одделно и подетално во поглавјето “Комбинирано производство на
топлинска и електрична енергија”. Листа на некои крајни корисници на пареа е прикажана
подолу. Ова не е сеопфатна листа, но таа обезбедува генерални насоки за крајните корисници.
Крајни корисници на пареа кои се специфицирани и дизајнирани врз основа на
масениот проток (топлинското оптоварување) се:
o топлински изменувачи
o сушачи
o испарувачи
o ребојлери
o реформери
o апсорциски ладилни агрегати (апсорпциски чилери)
o овлажнувачи
o уреди за предзагревање и повторно загревање на воздух
Крајни корисници на пареа кои се специфицирани и дизајнирани врз основа на
волуменскиот и масениот проток (топлинското оптоварување) се:
o парни ејектори (Steam jet ejectors / eductors)
o колони за раздвојување/одделување на материи/фази (Stripping columns)
o кули за дестилација
o термокомпресори
При секоја анализа за оптимизација на еден парно-кондензен систем, важно е да се
разбере колкава е потрошувачката на пареа на секој краен корисник во индустриската
постројка. Оваа информација може да се добие (1) на ниво на целиот парен систем во
фабриката (како што е прикажано на слика 5.20), (2) како потрошувачка на пареа определена за
секое ниво на притисок или (3) како потрошувачка на пареа за секоја област посебно во
индустриската постројка. Најчесто, креирањето на графикон за дистрибуција на пареа (како
5-31
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

пита-дијаграмот на сл. 20) до секој потрошувач е отежнато, бидејќи може да нема протокомери
за секој од крајните корисници. Се препорачува, вработените во постројката во доволна мера да
ја осознаат работата на крајните корисници и, со помош на информациите за дизајнот на
системот, да се определат побарувањата на пареа (и топлинските потреби) од страна на
крајните корисници, врз основа на работниот режим на конкретниот процес. Оваа методологија
може да биде од огромна помош за да се добие преглед на сите корисници на пареа во системот
и за да се идентификуваат големите потрошувачи, на кои ќе се стави фокус при оптимизациски
процеси на парно-кондензниот систем. Прикажаните примери во ова поглавје нудат некои идеи
за определување на тековите на пареа во различни процеси, со примена на фундаменталните
принципи за масен и енергетски биланс.

Слика 5.20: Типичен дијаграм за крајна потрошувачка на пареа во индустрија за храна


и пијалоци
(Бројните вредности претставуваат потрошувачка на пареа во kg/h)

Пример
Во топлински изменувач од цилиндрично-цевен тип се загреваат 600 l/min вода од 25°C
до 75°C. Како носител на топлина за загревање се користи заситена пареа при атмосферски
притисок. Кондензатот излегува од топлинскиот изменувач со температура 100°C. Да се
пресмета топлинската моќност на пареата и количеството пареа што е потребно за овој
индиректен процес на пренос на топлина.

Топлината пренесена на водата се пресметува на следниот начин:


Qwater  mwater  C p  Tout  Tin 

 4.183  75  25  2,091 kW


600
Qwater 
60
Од равенката за енергетски биланс, оваа топлина е доставена од пареата и таа може да
се запише како:
Qwater  Qsteam  msteam  hsteam  hcondensate 
каде што hsteam (2,676 kJ/kg) е енталпија на заситена пареа при атмосферски притисок и hcondensate
(419 kJ/kg) е енталпија на кондензатот при температура 100°C (од табели за водна пареа).

5-32
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Qwater  2,091  msteam  2,676  419


2,091
msteam   0.927 kg / s  3.34 Tph
2,257
На сликата 21 шематски е прикажан топлинскиот изменувач, протокот на пареа и вода
низ системот.

Steamin M = 3.34 Tph


T = 100°C Saturated
P = 1 bar Vapor
Quality = 1

Q = 2,091 kW
Waterin Waterout
M = 600 kg/min M = 600 kg/min
T = 25°C T = 75°C

M = 3.34 Tph
T = 100°C Saturated
Condensateout P = 1 bar Liquid
Quality = 0
Слика 5.21: Индиректен пренос на топлина „пареа / вода“

Пример
Пареа во заситена состојба при атмосферски притисок директно се внесува во сад за
загревање на вода од 25°C до 75°C. Процесот има потреба од 600 l/min загреана вода. Да се
пресмета протокот на пареа што е потребен во процесот на директна размена на топлината.
Протокот на вода во садот (mwater_in) и протокот на пареа (msteam) се непознати. Според
законот за одржување на масата, равенката може да се напише како:
mwater _ out  mwater _ in  msteam
Со оглед на тоа дека во садот не се врши механичка работа (работа на вратило),
равенката за одржување на енергијата може да се напише како:
mwater _ out  hwater _ out  mwater _ in  hwater _ in  msteam  hsteam
каде hsteam (2,676 kJ/kg) е енталпија на заситена пареа при атмосферски притисок, hwater_in (104.8
kJ/kg) е енталпија на водата на влезот во садот при температура 25°C и hwater_out (314 kJ/kg) е
енталпија на водата на излезот од садот со температура 75°C (од табели за пареа).
Со внесување на познатите вредности во равенките и со нивно решавање се добиваат
информации за непознатнатите параметри.
600 974.9
mwater _ out  mwater _ in  msteam    9.75 kg / s
60 1,000

5-33
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

mwater _ out  hwater _ out  mwater _ in  hwater _ in  msteam  hsteam

9.75  314  mwater _ in  104.8  msteam  2,676

mwater _ in  104.8  msteam  2,676  3,061.5

Note msteam  9.75  mwater _ in

8.96
 mwater _ in  8.96 kg / s   1,000  60  539 litres / min
997.1

 msteam  0.793 kg / s  2.85 Tph

На сликата 5.22 шематски е прикажан процесот на директна размена на топлина кај


топлиноизменувачки апарат од мешачки тип со параметрите (проток, температура, притисок)
на пареа и вода во системот.

Steamin M = 2.85 Tph


T = 100°C Saturated
P = 1 bar Vapor
Quality = 1

Waterin Waterout
M = 8.96 kg/s M = 9.75 kg/s
V = 539 l/min V = 600 l/min
T = 25°C T = 75°C

Слика 5.22: Директен пренос на топлина во топлински изменувач „пареа / вода“ од


мешачки тип

Можности за оптимизација и најдобри практики кај примената на пареа


Како што беше споменато претходно, исклучително тешко е да се опфатат сите начини
на примена и крајните потрошувачи на пареа во индустриските процеси и постројки. Поради
тоа, овде се опишани генерални методи со цел да се разбере крајната употреба на пареата и да
се идентификуваат можностите за оптимизација. Покрај тоа, во прирачников се објаснети и
начините за определување и квантифицирање на придобивките од оптимизација на крајната
употреба на пареата. Нема сомнеж околу фактот дека интеграцијата на процесите ќе доведе до
оптимизација на целокупниот енергетски систем во постројката/фабриката и придобивките од
тоа ќе бидат далекусежни. Но, притоа мора да се посвети особено внимание и да се направат
детални сеопфатни анализи, пред да се пристапи кон имплементирање на овие можности,
бидејќи тие може да имаат негативно влијание врз некои процеси доколку се применат
некоректно. За жал, ова се случува често во индустриските постројки и тогаш некоја

5-34
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

технологија добива „лош глас“ и покрај тоа што можеби функционира совршено добро и е
потврдена, но е погрешно применета во одредена специфична апликација.
Според класичниот пристап, главната стратегија при оптимизација на употребата на
пареата кај крајните корисници е да се елиминира или да се намали количеството на пареа што
се користи во тие процеси. Тоа имплицира подобрување на ефикасноста на процесот, што
следствено ја елиминира несоодветната употреба на пареа. Понатаму, стратегијата за
оптимизација се тежи кон користење на пареа со колку што е можно понизок притисок, што во
одредени услови би овозможило генерирање на електрична енергија при редуцирањето на
притисокот. На крајот, со стратегијата на оптимизација се цели кон тоа целата побарувачка на
пареа или барем еден дел да се задоволи со извор на отпадна топина. Друг начин на примена на
овој последен чекор би бил да се бара начин за надградба (на квалитетот) на нископритисната
пареа (или на отпадната топлина), со цел да ги задоволи барањата на некои процеси, кои, во
спротивно, би биле потрошувачи на пареа со значително повисок притисок.

Пример
При работа на процесна печка е потребен проток на воздух од 2,000 m3/min, кој треба да
се загрева од амбиентна температура 20°C до 80°C. Тоа во актуелната состојба се остварува со
примена на заситена пареа со притисок од 2 bar. На сликата 23 се дадени информации за
процесот. Да се пресметаат енергетските заштеди доколку отпадната топлина од некој процес
се искористи за предзагревање на амбиентниот воздух од 20°C до температура од 40°C.
Слика 5.23: Загревач на воздух со парен цевен сноп (актуелна состојба)

2 bars LP header steam supply


Air flow: Ti = 20°C
2,000 m3/min
Te = 80°C

2 bar saturated liquid


condensate enters the
steam traps

Предадената топлина на воздуот се определува на следниот начин:


Qair _ 1  mair  C p  Tout  Tin 
Qair _ 1  Vair   air  C p  Tout  Tin 

1.188 1.006  80  20  2,391 kW


2,000
Qair _ 1 
60
каде Qair_1 е топлина пренесена на воздухот со помош на пареата; Vair е проток на воздух; ρair е
густина на воздухот; Cp е специфичен топлински капапцитет на воздухот, а со Tout и Tin се
претставени температурите на воздухот на излезот и влезот, соодветно.
Со оптимираната конфигурација на процесот, воздухот се предзагрева до 40°C со
користење на отпадна топлина од процес во близина. Предадената топлина од пареата кон
воздухот во новата, оптимизирана состојба, се пресметува на следниот начин:

5-35
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Qair _ 2  mair  C p  Tout  Tin 


Qair _ 2  Vair   air  C p  Tout  Tin 

1.188 1.006  80  40  1,594 kW


2,000
Qair _ 2 
60
каде Qair_2 е топлината предадена од пареата кон воздухот во случај на оптимизација на
процесот, при што воздухот е предзагреан со отпадна топлина од некој процес во близина; Vair е
проток на воздух; ρair е густина на воздухот; Cp е специфичен топлински капацитет на воздухот
и Tout и Tin се температури на воздухот на влезот и излезот, во оптимизираната конфигурација
на процесот, соодвено.
Треба да се забележи дека заштедите на топлина пренесена од пареата е разликата
помеѓу Qair_1 and Qair_2, што се еквивалентни на 796 kW. Енергетските заштеди може да се
прикажат и како количество заштедена пареа на следниот начин:

msteam _ saved 
Q air _ 1  Qair _ 2 
hsteam  hcondensate 
796
msteam _ saved 
3,181  561.5

msteam _ saved  0.304 kg / s  1.094 Tph


каде hsteam е енталпија на пареата на влезот во цевниот сноп од топлинскиот изменувач, а
hcondensate е енталпија на заситен кондензат (при притисок од 2 bar) на излезот од топлинскиот
изменувач.
Еквивалентното намалување на трошоците може да се пресмета на следниот начин:
 steam  msteam _ saved  k steam  T
91.67
 steam  1,094   8,760
1,000
 steam  $878,000 / yr
Истата анализа може да се спроведе преку детален модел на парно-кондензниот систем,
со помош на софтверската алатка ЅЅАТ на Министерството за енергија на САД (US DOE).
Сепак, многу е важно да се направат сеопфатни анализи за да се определат приоритетите при
оптимизација во областа на крајната употреба на пареата. Најчесто, потребно е да се направи
дополнителна детална анализа пред да се имплементираат можностите за оптимизација во кои е
вклучена интеграција на процеси.

5.2.5.5. Можности за враќање на кондензатот


Кога пареата ќе ја предаде своја топлинска енергија, односно ќе изврши работа, таа
кондензира. Со оглед на тоа дека кондензатот е вода добиена со кондензација на пареа откако
пареата ќе ја оддаде латентната топлина на кондензација, тој претставува квалитетен работен
флуид, чие исфрлање би довело до значителни енергетски и материјални загуби. Создадениот
кондензат треба постојано да се издвојува за да продолжи да се одвива процесот во
индустриската постројка, а потоа кондензатот да може повторно да се враќа во котларницата.
Кондензатот не е отпадна пареа, туку е најчиста форма на вода (дестилирана) во индустриската
постројка и располага со соодветна економска вредност. Со враќањето на кондензатот назад во
постројката се постигнуваат значајни економски придобивки, бидејќи:

5-36
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

o кондензатот има повисока температура од дополнителната вода, па поради тоа има и


значајна содржина на топлинска енергија во себе
o хемиски третман на кондензатот не е потребен, освен негово фино пречистување
o доколку се собира на соодветен начин, ќе нема потреба кондензатот да се испушта
во канализацискиот систем и да се лади, со цел да се задоволат термичките граници
за испуштање на вода во канализацијата.
Главно мерило за тоа како и колку добро системот за враќање на кондензат ја врши
својата функција е да се определи колку од расположливото количество кондензат реално се
враќа во котелската постројка. Количеството достапен кондензат всушност произлегува од она
количество пареа што се искористило во процеси на индиректен пренос на топлина и од
кондензациски турбини. Ефикасноста на собирање и враќање на кондензатот се прикажува
преку односот помеѓу количеството кондензат што се враќа во постројката и количеството
произведена пареа. Понекогаш, во зависност од типот и карактеристиките на индустриските
постројки, поради разгранетост, односно постоење на повеќе пароводи на различни притисоци
во системот, овој однос се пресметува посебно, на ниво на дел од системот што го покрива
секој паровод и потоа за целиот парно-кондензен систем.
Системот за враќање на кондензат се смета дека е добар доколку има враќање на 70-
80% од кондензатот. Во зависност од оригиналниот дизајн и големината на индустриската
постројка, количеството вратен кондензат може да биде многу помало, што претставува
можност оваа мерка да стане главна цел на оптимизација на парно-кондензниот систем.
Понекогаш ограничувањата во индустриските процеси, како што е можноста за валкање и
загадување на кондензатот во процесните топлински уреди, претставуваат решавачки фактори
за тоа дали кондензатот треба или не треба да се враќа во котелската постројка. Одговорот на
ова прашање се добива преку соодветни анализи од случај до случај и ќе биде предмет на
дискусија понатаму во ова поглавје.
Главните компоненти на системот за враќање на кондензатот се:
 одвојувачи на кондензат (фаќачи на пареа, конденз-лонци)
 цевководи, поврзувачки компоненти и арматура за системот за кондензат
 резервоари (уреди) за придушување, односно моментно испарување
 садови приемници на кондензат
 пумпи
 Lift stations
 опрема за чистење и филтрирање
Кондензатот, преку одвојувачи, обично се одведува во резервоар за кондензат. Потоа, од
резервоарот за кондензат, со помош на пумпа се одведува во системот за напојна вода на
котелот. Со враќање на колку што е можно поголемо количество кондензат на повисока
температура се подобрува енергетската ефикасност на целиот парно-кондензен систем. Секое
количество вратен кондензат значи соодветно количество дополнителна вода помалку во
системот. Со повратниот кондензат:
• се намалува потребата за дополнителна енергија (пареа) во деаераторот
• се намалува потребата за дополнителна вода, односно враќањето на кондензат
генерално го подобрува квалитетот на водата што резултира со намалена загуба со
талог
• се намалува потребата за хемиски средства за подготовка на вода
• се намалува потребата за ладење на водата што се испушта во канализација
• може да се намали загубата поради испуштање вода при отсолувањето
Со примена на приемници за кондензат (резервоари, ресивери) за делови од системот
може да се намалат вкупните трошоци за проектот за енергетски заштеди. Приемниците на
кондензат и резервоарите за придушување (flash tanks) служат за редукција на количеството

5-37
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

пареа што навлегува во цевниот систем за враќање на кондензат, со што се намалуваат


евентуалните проблеми поради ограниченост на протокот. Многу важно (критично) прашање
кога се анализира можноста за имплементација на оваа мерка е дали кондензатот е
контаминиран е.
Отворите за испуст кон атмосферата кај приемниците се индикативни за постоење на
дефекти кај одвојувачите на кондензат.
Освен тоа, мора да се проверат прашањата за NPSH (Net Positive Suction Head) кај
пумпата (поради избегнување на кавитација).

Пример: Процесен апарат со двојна обвивка во парно-кондензен систем


Кондензат наидува во одвојувач на кондензат како вода во заситена состојба со
натпритисок 7 bar g и температура 170°C. Тоа значи дека содржината на топлина во
кондензатот е 721 kJ/kg. По поминувањето низ одвојувачот, натпритисокот во кондензната
линија е 0 bar g, при што максималното количество топлина што го содржи кондензатот е 419
kJ, а макс. температура е 100°C. Вишокот од 302 kJ топлина се троши за испарување на дел од
кондензатот во пара.

Слика 5.24. Приказ на процесен апарат со двојна обвивка во склоп со одвојувач на кондензат,
пратечка опрема и врска со кондензен цевковод

Топлината потребна за да се добие 1 kg сувозаситена пареа од заситена вода на иста


температура, при натпритисок 0 bar, е 2257 kJ. Со тоа, топлина од 302 kJ може да послужи за
испарување на:

Значи, од секој килограм кондензат, во наведените услови, при придушувањето


моментно се генерираат по 13,4 % пареа (отпарок). Доколку опремата користи пареа од 7 bar g
со проток 250 kg/h, тогаш количеството пареа што се добива при експанзијата на кондензатот
при натпритисок 0 bar g ќе биде:
0.134 x 250 kg/h кондензат = 33.5 kg/h пареа (отпарок, flash steam)

5-38
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Пример 1: Заштеда на енергија кај парен котел со враќање на кондензат


Парен котел на природен гас, со долна топлинска моќ Hd=33500 kJ/mn3, кој работи 2500
h/god, произведува просечно по 8000 kg/h сувозаситена пара. Температурата на суровата вода е
ta=20°c. Цената на хемиски подготвена вода е cw= 40 ден/m3. Степенот на корисност на котелот
е ƞk = 85%. Температурата на кондензатот после топлинските потрошувачи tk= 90°C. Да се
пресмета годишната заштеда на енергија, ако 75% од кондензатот се враќа во котларницата.
-Количество кондензат што се враќа во котларницата на час и годишно:
Dkon= 6000 kg/h; Dkon, god = 15000 t/god.
-Цена на заштедената вода: Cw= cw· Dkon, god = (40 ден./t) ·(15000 t/god.) = 600000 ден./god=9740
EUR/god.
-Потребно количество топлина и природен гас за загревање на напојната вода од 20°C до 90°C:
Q = Dkon god (90 – 20) 4,1868 = 0,4396 10¹° kJ/god.
B = Q/ƞk Hd = 0,4396 10¹°/0.85 33500 = 154386 mn³/god.
- Цена на заштеденото гориво, ако цената на 1 mn³ природен гас е 30 ден:
Cgor= B cgor = 154386 30 = 4631580 den/god = 75188 EUR/god.
Вкупна заштеда:
Cvkupno = Cw + Cgor = 5231580 den/god = 84926 EUR/god.

Пример 2: Враќање на кондензат


За конфигурација како на следната слика, измерена е температура на кондензатот од
100°C. Протокот на кондензат измерен со сад и стоперка (масен и енергетски биланс е исто така
вообичаен метод) е 50 l/min.

Слика 5.25. Испуштање на создадениот кондензат во канализација

5-39
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.26. Собирање на создадениот кондензат преку одвојувач во резервоар


и враќање во котларницата

 Eталпија на кондензатот: 293.1 kJ/kg


 Енталпија на водата: 83.9 kJ/kg
 Проток на кондензат: 50 l/min
1 1 kg
mcondensate  50  977.8    0.81
1000 60 s
Qcondensate  mcondensate  hcondensate  hmakeup 
Qcondensate  0.81 293.1  83.9  169.5 kW
1 1
Qsystem  Qcondensate   169.5   212 kW
boiler 0.80
0.54
Energy Savings  212  3,600   8,760  $89,900
40,144

Дополнителни пресметки се потребни за да се дојде до нова вредност за вратениот


кондензат:
• Побарувачка на пареа со низок притисок (LP) = 70 t/h
• Тековно враќање на кондензат = 50 %
• Тековно враќање на кондензат = 35 t/h
• Дополнителен кондензат = 0.81 kg/s = 2.92 t/h
• Нова вредност за вратен кондензат = 35 + 2.92 = 37.92 t/h
• Нова вредност за вратен кондензат = 37.92 / 70 = 54.17 %

5.2.5.6. Изолација
Одржувањето на изолацијата во добра состојба е од витално значење за енергетската
ефикасност на парно-кондензните системи. Без добра изолација на сите цевководи, вентили,
резервоари и друга опрема што се наоѓаат на температура различна од температурата на
околниот воздух, константно ќе се губи енергија во околината.
Кај парно-кондензните системи е неопходна добра изолација поради:

5-40
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

• безбедност на персоналот – високи температури


• минимизирање на загубите на енергија
• заштита од надворешни услови и влијанија
• зачувување на интегритетот на системот
Типични локации и области каде што има можности за подобрување на изолацијата се
следниве:
• распределители и пароводи за дистрибуција на пареа
• вентили и друга цевна арматура
• линии за враќање на кондензат
• опрема за крајна потрошувачка
• топлински уреди, резервоари, садови итн.
Неопходно е спроведување на проверка на сите елементи од парно-кодензниот систем,
идентификување на елементите без изолација, со несоодветна или со оштетена изолација и
изолирање на тие делови од системот. Притоа, многу е важно да се користи соодветен вид на
изолација за конкретната опрема.
Постојат неколку причини за појава на оштетена или за исчезната изолација и оттаму
произлегуваат одредени можности за заштеда на енергија со изолирање на опремата и
инсталациите:
• Исчезната изолација поради активности поврзани со одржување. често се случува, по
спроведена поправка, замена на опрема и други интервенции за одржување, дел од
опремата одредено време да остане неизолиран.
• Исчезната / оштетена изолација поради злоупотреба.
• Оштетена изолација поради непредвидени случувања, незгоди и хавариски ситуации.
• Нормална употреба и абење на изолацијата поради условите на околината.
• Неизолирани вентили и други компоненти. До неодамна, поради специфичноста на
функциите, како и поради недостапност на соодветни изолациски компоненти, кај
парно-кондензните и другите термотехнички системи често појава беа неизолирани
вентили и други арматурни органи.

Слика 5.27. Термовизиски слики на арматурни уреди без изолација и приказ на неизолиран
распределител на пареа

5-41
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Слика 5.28.

Пример - Влијание на изолација кај парно кондензен систем


Дел од паровод со должина 10 m, наменет за транспорт на прегреана пареа од 10 bar е
неизолиран. Номиналниот дијаметар на пароводот е 25.4 cm. Температурата на пареата е
~362°C, додека амбиентната температура изнесува 20оС, а просечната брзина на ветерот е 1 m/s.
Да се пресмета економското влијание на изолација со дебелина 76 mm, доколку топлинската
загуба со неа се намалува од 8449 W/m на 347,7 W/m.
Qsaved  8,449  347.7 10  81.0 kW

kJ s hr 1 GJ
Fuelsaved  81.0  3,600  8,760   3,127
s hr yr 0.817 yr

GJ 1 Nm3 Nm3
Fuelsaved  3,127  1,000 1,000  77,895
yr 40,144 kJ yr
5-42
Nm3 $ $
Savings  77,895 1.0 3
 77,895
yr Nm yr
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Специфичен
Температура Енталпија Квалитет Притисок
Состојба волумен
(⁰C) (kJ/kg) (%) (bar [g])
(m3/kg)
Прегреана
362 0.26130 3,181.0 **** 10.00
пареа
Заситена пареа 184 0.17730 2,781.0 100.0 10.00
Заситена
184 0.00113 781.5 0.0 10.00
течност

Q 81.0 kW
m steam

h  h
total
  3,181kg  781.5 kg
kJ kJ

steam condensate

m steam
 0.033 kgs  121.5 kg
hr

5.2.5.7. Можности за враќање на отпарокот во системот


Кога кондензатот-водата што се наоѓа во заситена состојба, на притисок повисок од
атмосферскиот, ќе помине низ одвојувач на кондензат, доаѓа до придушување, при што
притисокот моментно ќе падне на вредност на атмосферски притисок, процес што се одвива
теоретски при константна енталпија. Тогаш доаѓа до моментно испарување на дел од
кондензатот, односно ќе се формира одредено количество отпарок - влажна пареа со низок
притисок.
Во најголем дел од системите за враќање на кондензат, оваа пареа се транспортира до
системот за напојна вода заедно со кондензатот. Но, иако отпарокот е на пониска температура и
притисок отколку главниот парен систем, оваа пареа сепак може да се користи во
нискотемпературни процеси. За да се имплементира оваа мерка, системот за враќање на
отпарок мора да биде проектиран и изведен на соодветен начин, што ќе овозможува
издвојување и собирање на нископритисната пареа.

Слика 5.29. Каскаден кондензен систем

5-43
5. ПАРНО-КОНДЕНЗНИ СИСТЕМИ

Вообичаени најдобри практики – Враќање на кондензат


1. Вратениот кондензат
• Ја намалува потрошувачката на енергија
• Ја намалува потребата за дополнителна вода
• Ја намалува потребата за средства за хемиски третман на водата
• Reduces quenching water
• Може да ја намали загубата со талогот
2. Враќањето на кондензатот често е запоставена опција, но може да обезбеди
значителни енергетски заштеди
3. Одредете го износот на вратениот кондензат во постројката со примена на
едноставен масен биланс на целиот парно-кондензен систем
4. Идентификувајте потенцијални области за враќање на кондензат
 Имплементирајте ефективна програма за управување и одржување на одвојувачите на
кондензат
 Вратете колку што е можно повеќе од расположливиот (достапниот) кондензат
 Вратете го кондензатот со највисоко можно ниво на топлинска енергија
 Подложете го високопритисниот кондензат на експанзија/придушување за да се добие
нископритисна пареа

5-44

You might also like