You are on page 1of 5

Менувач ZF VT1F кај возилата од марката MINI

(кус опис на градбата и објаснување на принципот на


автоматизирано управување на промената на степените на пренос)

1. Вовед

Менувачот VT1F од производителот ZF, наменет за вградување во возилата од марката


MINI е пример за автоматски менувач со варијатор и со планетарни слогови. Наменет е
за погон напред во комбинација со напречно поставен мотор. Пресекот на менувачот и
просторниот приказ на варијаторот и планетарниот слог е даден на сликата 1. Две
варијанти на командната рачка на овој менувач се дадени на сликата 2.

Сл. 1. Пресек на менувачот VT1F и варијаторот со планетарниот слог

Сл. 2. Командни рачки/палки на менувачот VT1F и модови на работа


2. Принцип на управување со промената на преносниот однос во менувачот во
различни модови на работа (функционирање)

На сликите 3, 4 и 5 даден е графички приказ на процесот на управување со преносниот


однос во различните модови на работа: мод D (drive) за нормално возење, мод L (low)
за возење по големи нагорнини и надолнини и мод S/M (sport/manual) во кој
менувачот работи така што ја имитира функцијата на мануелен менувач со степенеста
промена на преносниот однос. Општо земено, управувањето на овој менувач е
двопараметарско и тоа едниот параметар се зема предвид и преку брзината на
движење на возилото, која на сликите е дадена на апсцисната оска и преку бројот на
вртежи на моторот даден на ординатната оска, а вториот параметар е оптоварувањето
на моторот кое е дадено преку процентуалниот износ на отвореноста на крилцето во
всисната гранка. Во сите дијаграми испрекинатата линија Low се однесува на најголема
редукција на вртењето од моторот кон трансмисијата, односно на најголемиот
преносен однос што го постигнува варијаторот, а испрекинатата линија OD (over-drive)
се однесува на најмалиот преносен однос на варијаторот (кога тој работи како
мултипликатор. Сите работни криви на менувачот се наоѓаат меѓу овие две
испрекинати прави линии.

Сл. 3. Мод D за три различни отворености на крилцето во всисната гранка

Модот D е таков начин на управување со преносниот однос кој е наменет за


вообичаено секојдневно возење и се претпоставува дека во овој мод менувачот
најчесто ќе биде користен. Во тие рамки, функцијата на управувањето е оптимирана за
што поекономична работа на моторот со внатрешно согорување и за што подобар
комфор на возење во возилото, а акцентот не е задолжително даден на
перформансите на возилото. Според елементите од слика 1, ако поаѓаме со возилото
во модот D и отвореноста на крилцето е 50%, од најмали можни брзини на движење,
па сè до околу 17 (km/h), возилото ќе забрзува само врз основа на покачувањето на
бројот на вртежите на моторот, а варијаторот ќе биде во фиксна положба на највисок
преносен однос (најголема редукција на бројот на вртежите). Ако возилото и натаму
забрзува при иста отвореност на крилцето, тогаш над таа брзина што соодветствува на
приближно на 1800 (1/min) на моторот (прекршување на кривата), актуаторот на
варијаторот почнува да го намалува преносниот однос во него и сега возилото
продолжува да забрзува и поради покачувањето на бројот на вртежи на моторот и
поради намалувањето на преносниот однос во варијаторот. Уште едно, не толку
видливо, прекршување на таа крива се јавува и при околу 2100 (1/min) и околу 30
(km/h) после кое преносниот однос во варијаторот се намалува со поголем интензитет
и возилото натаму забрзува доминатно преку намалувањето на преносниот однос во
варијаторот, но делумно и преку зголемениот број на вртежи на моторот. Кривата на
таков начин се протега до работната точка што одговара на брзина од 125 (km/h) и
околу 2600 (1/min). Понатаму, ако има услови, возилото ќе забрзува само поради
зголемување на бројот на вртежи на моторот, а варијаторот ќе биде со најмалиот
преносен однос (сегмент по правата OD). Теоретски, до крајот на текот на таа крива за
50%, над 2850 (1/min) ќе почне зголемување на преносниот однос во варијаторот и
натомошно зголемување на бројот на вртежи на моторот. Бидејќи ова второво е
подоминантно, возилото би продолжило да забрзува.

Ако за истиот мод D се посматра кривата за целосна отвореност на крилцето од 100%,


ако од состојба на мирување забрзуваме со целосно притиснат педал на гас, тогаш до
брзина од приближно 27 (km/h) што одговара на број на вртежи од околу 3400,
возилото најинтензивно ќе забрзува со порастот на бројот на вртежите на моторот, а
преносниот однос во варијаторот ќе биде константен и најголем. После таа работна
точка (со и натаму целосно притиснат педал за гас), се гледа прекршување на кривата,
односно возилото продолжува да забрзува и како резултат на зголемениот број на
вртежи на моторот и како резултат на процесот на намалување на преносниот однос
во варијаторот. Следната точка на прекршување е при брзина од 60 (km/h) и околу
5100 (1/min), после која се случува уште поинтензивно намалување на преносниот
однос во варијаторот и како резултат на тоа, но и како резултат на зголемувањето на
бројот на вртежи на моторот, возилото и натаму забрзува. Последната точна на
прекршување на оваа крива е при при брзина од 105 (km/h) и околу 6100 (1/min). Со
оглед на фактот што моторот го достигнал максималниот број на вртежи,
хоризонталниот тек на кривата укажува на тоа дека возилото и натаму забрзува, но тоа
се случува само како резултат на натамошното намалување на преносниот однос во
варијаторот. Оваа трае како процес сè до постигнувањето на максималната брзина на
возилото (200 km/h) која е ограничена со максималната моќност на моторот, додека
треба да се забележи дека тогаш варијаторот не работи со најмал преносен однос.
За која и да е работна точка во дијаграмот, ако е потребно да се определи преносниот
однос во варијаторот, тогаш тоа може да се направи со графоаналитичка постапка на
начин што работната точка од интерес ќе се поврзе со координатиот почеток, а потоа
ќе се измери аголот на тој правец што тој го зафаќа со апсцисата. Неговиот тангенс е
коефициентот на правецот и воедно ие преносниот однос во варијаторот за таа
работна точка. За истакнување: коефициентите на правецот на испрекинатите линии
Low и OD се вредностите на најголемиот и на најмалиот преносен однос во
варијаторот, соодветно.

Белешка: 1. Ако работата на менувачот при забрзување или забавување на возилото се


одвива по права линија и ако таа права линија (замислена продолжена) минува низ
координатниот почеток, тогаш менувањето на брзината на возилото се одвива само
како резултат на менувањето на бројот на вртежите на моторот. 2. Ако сегментот на
правата што се разгледува, замислено се продолжи и ако не минува низ
координатниот почеток, тогаш менувањето на брзината на возилото се одвива како
резултат на менувањето на бројот на вртежите на моторот и менувањето на
преносниот однос во варијаторот. 3. Ако сегментот е хоризонтален, тогаш менувањето
на брзината на возилото се одвива само како резултат на менувањето на преносниот
однос во варијаторот. Формулацијата на белешките важи и за забрзување и за
забавување на возилото, со соодветно менување на бројот на вртежи на моторот и
менување на преносниот однос во варијаторот.

За сите три дијаграми (сл. 3, 4 и 5), текот на кривите може да се протолкува на


аналоген начин со погоредаденото објаснување за кривите 50% и 100% за модот D.

Сл. 4. Мод L за три различни отворености на крилцето во всисната гранка

Во однос на модот L (сл.4), може да се даде опсервацијата дека, со цел да се постигнат


што подобри влечни својства на возилото при совладување на многу големи
нагорнини, варијаторот главно се регулира на начин многу подоцна да почне да се
намалува неговиот преносен однос и тоа да се случува во релативно мал износ. Текот
на сите три криви таму е аналоген на кривата за 100% од сликата 3.

Сл. 5. Мод S/M во кој се имитира функцијата на 6-степен менувач

You might also like