You are on page 1of 4

M E H A N I K A NA P O ^ V I T E

GRAFI^KA RABOTA BR.1


FILTRACIJA
Под филтрација се подразбира движење на вода низ недеформабилна почва, кое нема
влијание врз промената на состојба на напрегања во почвата.
За определување на филтрационо водно количество, во делот каде што се наоѓа вода
во почвата, односно има и почва и вода, се конструира струјна мрежа составена од струјни и
еквипотенцијални линии. Притоа, се запазуваат граничните услови: дефинирани прва и
последна еквипотенцијална линија, и прва и последна струјна линија. Крајните
еквипотенцијални линии се совпаѓаат со дното на возводниот и низводниот дел, а првата и
последната струјна линија се веднаш до водонепропусните материјали (подграда и карпа):
тие се подразбираат и не се цртаат. Правилата за формирање на струјна мрежа низ почва се:
- две струјни линии не смеат да се сечат
- се повлекуваат барем 3 струјни линии помеѓу првата и последната
- еквипотенцијалните и струјните линии се сечат под прав агол
- се оформуваат криволиниски квадрати чија големина прогресивно се менува

Така, по исцртувањето на подградата и


дефинирањето на граничните услови, се пре-

подграда
оѓа кон формирање на струјната мрежа

H1
почитувајќи ги правилата за конструкција.

h
Воедно, треба да се запази растојанието Т
помеѓу секои две наредни струјни линии да o Referentno
10

H2
zT
биде поголемо од меѓусебното растојание на nivo
претходните. Еквипотенцијалните линии се

H3
нумерираат почнувајќи од низводната контура, Ekvipotencijalni
linii
која се усвојува да биде нула. Така се формира 0

zA
9
мрежа која навидум се шири како лепеза. Од
неа се одредува и бројот на квадратчиња во H4 1
попречен (Nf – flow lines) и подолжен правец 8 Lsr
1
(Ne – equipotentional lines), што одговара на 2 Ao 2
редниот број на последната еквипотенцијална 7
линија. Тие се користат при пресметување на 3
3
единечното филтрационо количество (оноа 4
Strujni linii
помеѓу струјните линии):
Nf
q  k h  3600  24 ...[m 3 / d / m] q=khNf/Ne,
Ne h – voden pritisok (h=H1+H2)
каде k - коефициент на водопропусност на почвата [m/s], а h - притисок под кој се врши
струењето [m]. Притоа, притисокот секогаш претставува разлика на нивоата на вода лево и
десно од подградата! Понатака, се пресметува и вкупното филтрационо водно количество:
Q  q  Lsr ...[m 3 / d ]

при што Lsr е должина на средната струјна линија. Таа се мери од цртежот, заради што
истиот треба да се изработи во одреден размер; потоа измерениот износ се „префрла“ во
вистински вредности, преку почитување на размерот (со тоа, Lsr во пресметките се внесува со
реални големини, а не како што е директно измерено од цртежот). Ако k=4.8*10-6 m/s,
H1=1,7 m, H2=0,3 m, H3=0,8 m, H4=1,3 m, Nf=4, Ne=10, Lsr=5,4 m, Gs=2.64, e=0.48, тогаш
Q=4.8*10-6*(1.7+0.3)*4/10*3600*24*5.4=1.8 m3/d
Пресметаното водно количество се применува за одредување на потребниот број на пумпи што треба
да се постават во градежната јама за да континуирано се црпи вода од неа и формираат суви услови за работа.

1
Притисокот на водата во порите се одредува преку Бернулиевата равенка:
u v2
h z 
 w 2g
2
од каде, занемарувајќи го членот v /(2g) заради мали брзини, се добива притисокот на водата
во порите (порен притисок):
 h 
u  (hA  z A )   w ...[kPa] (постои и алтернативен начин:  H A  n A '    w )
 N e 
h
h A  n A  h  n A 
Ne
при што zA - нормално растојание од разгледуваната точка до референтно ниво (се усвојува
да биде низводното ниво на вода; ако точката е под референтното ниво, z е со негативен
предзнак), hA - пиезометарска висина (висина на вода во пиезометарска цевка поставена во
разгледуваната точка - над референтното ниво) и nA - број на криволиниски квадратчиња до
разгледуваната точка, броени од нултата еквипотенцијална линија. Така, за А,
nA=2.8, т.е. nA’=7.2; h=1.7+0.3=2 m, т.е. HA=1.7+0.3+0.8+1.3=4.1 m, zA=-(0.8+1.3)=-2.1 m, па:
uA=[2.8*(1.7+0.3)/10-(-2.1)]*10=26.6kPa или uA=[(1.7+0.3+0.8+1.3)-7.2*2.0/10]=26.6 kPa

а за Т
uТ=(10*2.0/10-0.3)*10=17 kPa или uТ=(1.7-0*2.0/10)*10=17 kPa т.е. uТ=hww=1.7*10=17kPa

Брзината на струење на водата низ почвата во дадена точка се пресметува според


h h b  b2
v  k  i ...[m / s] i ; h  ; b 1
b Ne 2 bi
каде i - хидрауличен градиент, а b - средна вредност на средни линии на
криволинискиот квадрат во кој се наоѓа точката (исто како и за Lsr, тие се
мерат од цртежот, а потоа се „корегираат“ за применетиот размер). Во
случајов, во А тие се b1=0.3 m и b2=0.35 m, па би било
bA=0.325 m iA=(1.7+0.3)/10/0.325=0.615 vA=4.8*10-6*0.615=2.95*10-6 m/s

а во точката Т страната bT=0.85 m, заради што


iТ=2.0/10/0.85=0.235 vТ=4.8*10-6*0.235=1.13*10-6 m/s

Коефициентот на сигурност на хидрауличен лом е дефиниран со:


i
( FS )   kr  3.0
isr
 '  sat   w Gs  1 h
i kr    i sr 
w w 1 e Lsr
каде ikr - критичен хидрауличен градиент (градиент при кој настанува хидрауличен лом на
почвата), isr - среден хидрауличен градиент (постоечки, т.е. оној на кој во случајов е
изложена почвата), ’ - волуменска тежина на почва во потопена состојба [kN/m3], w -
волуменска тежина на вода [kN/m3], Gs - специфична тежина, е - коефициент на порозност.
Доколку условот за минимална сигурност не се исполни, во пракса се превземаат мерки за
продолжување на средната струјна линија преку изведба на подлабока подграда или
поставување на непропусен слој кај нејзиниот излез на површината, потоа изведба на баласт
и сл. Сигурноста на овде анализираната водонепропусна подграда би изнесувала:

FS = (2.64-1)/(1+0.48) / (1.7+0.3)/5.4 = 1.11 / 0.37 = 3 = FSmin=3.0

што укажува на нејзина рационална димензионираност.

2
ПРИМЕРИ
НПВ под дно на градежна јама
Како што беше наведено,
струјната мрежа се црта
онаму каде што има и
почва и вода, па во

H=4.0
случајов, за потреби на
изведба на среден столб
9 на мост во речно корито,
истата е сместена помеѓу
1
дното на реката
NPV (прикажано лево од
подградата) и нивото на
1
подземна вода (НПВ) под
4 дното на градежната јама
(кое се достигнува со
континуирано работење
на црпни пумпи, а за
потреби на обезбедување
на суви услови за работа
во градежната јама),
Nf 4 дадено десно од
q  k h  7 109  4.0   1.2 108 m3 / s / m  1.08 103 m3 / d / m
Ne 9 подградата.

НПВ под дно на градежна јама, во урбани средини

NPV
9
H=2.0

1
NPV
1
4

Nf 4
q k h  7  109  2.0   6  109 m 3 / s / m  5.4  104 m 3 / d / m
Ne 9

30 30 30 30 6
мост
среден столб

краен
столб
среден столб
среден столб

10
среден
столб

16
23,5

20

ниво на
27

подземна вода
подграда

река
подграда

подграда
подграда

темел почвени слоеви


дно на
19

ископ за
градежна јама
Примери за примена на подгради при изградба на мостови над падина и преку водотек
[заштита на градежна јама заради спречување на директен дотек на подземна или површинска вода во неа,
обезбедување на суви услови за работа (ископ, армирање, оплатирање, бетонирање) преку нејзино одводнување
и безбедност за вработените
3 и механизацијата)
Подграда со водонепропусен баласт заради спречување на хидрауличен лом

14

1
4

Nf 4
q  k h  7.8 10 5  5.0   1.1110  4 m 3 / s / m  9.6 m 3 / d / m
Ne 14

Двојна подграда кај градежна јама


h

Lsr

Струјната мрежа кај двојна подграда се исцртува симетрично, запазувајќи да и во


средишниот дел се формираат криволиниски квадрати. Заради присутната симетрија,
еквипотенцијалните линии во средината се „судираат”. Со оглед на дотекот на вода од две
страни, филтрационото количество во градежната јама е двојно зголемено:

Nf
q  2k h Q=q*Lsr.
Ne

Како и секогаш, притисок h под кој се врши филтрацијата е вертикалното нормално


растојание помеѓу нивоата на водата (лево и десно од подградата).

You might also like