You are on page 1of 14

Вежба 1. Механизам на создавање струшка.

Основна карактеристика на процесот на режење е претворањето на симнуваниот слој во


струшка. Слојот кој се симнува под влијание на резачкиот клин најпрво се деформира
еластично, а потоа и пластично, во определена локализирана зона на режење. Притоа
настануваат разлики меѓу физичко-механичките својства на материјалот во длабочината
(јадрото) на предметот.Според механиката на процесот, режењето може да се подели на две
групи:

1) косо режење- аголот на наклон на главното сечило заклопува агол на наклон


различен на 90° со векторот на резната брзина)
2) ортогонално режење- аголот на наклон на главното сечило заклопува агол на
наклон од 90° со векторот на резната брзина)

Процес на созадавање на струшка


I фаза: Алатот со својата предна површина навлегува во материјалот, пластично го
деформира и доаѓа до негово гмечење. Со тоа елемнтарните ламели кои се добиваат
првобитно во облик на паралелограм се деформираат во трапез.
 II фаза: Напрегањето на материјалот ја достигнува границата на кинење и пред
самото главно сечило се појавува пукнатина ( О-О )
 III фаза: По дејство на силата, предната површина на ножот продира во
материјалот и напонот на смолкнување во рамнината на сомлкнување
( А-А ) ја достигнува јачината на материјалот при смолкнување и настанува
смолкнување на струшката во таа рамнина. При натамошно движење тој
повторно зарежува во материјалот и се повторува процесот на симнување на
струшка според опишаните три фази

За време на третата фаза, доколку:

 Нормалата на рамнината на смолкнување N-N е надвор од ножот, со што


струшката непосредно по своето создавање се одделува од предната површина
на ножот и со тоа еден сегмент на формирање на струшка е завршен
 Доколку нормалната на рамнината на смолкнување N-N поминува низ главата на
ножот и струшката не може слободно да се движи бидејќи предната површина ја
поместува од нејзиниот природен пат. Заради ова доаѓа до дополнителна фаза.

 IV фаза: Дополнителна деформација на струшката и зголемување на напонот во


неа. Во зависност од аголот помеѓу нормалата N-N и предната површина на
ножот овие напони може да ја достигнат јачината на кинење и може да дојде до
дробење а струшката не на самото сечило, туку на одредено растојание пред него.
Во зависност од деформацијата која настанува во зоната на симнување на струшка,
може да се добие:

 Струшка настаната по пат на пластично течење – карактеристична за обаботка


со пластични материјали, а може да биде:
 лентовидна
 кршена
 Дробена струшка

Пример 1 (за промена на формата на струшката преку промена на резните


режини)
Промена на обликот на струшка во зависност од параметрите на режење

Вежба 2. Определување на коефициент и фактор на набивање на струшка

Според опишаните фази може да се заклучи дека при завршување на еден циклус
деформации започнва нов. Така, слој по слој материјалот се симнува периодично по точно
определена зона која е дефинирана со рамнина на смолкнување, односно агол на
смолкнување.

На сликата подолу е даден поедноставен модел на зависноста помеѓу аголот на


смолкнување Ф, дебелината на струшка tc и длабочината на режење t.

𝑡 𝑡
Од ΔАВС: sin Ф = ̅̅̅̅ =
⇒ СВ
̅̅̅̅
СВ sin Ф

𝑡𝑐 𝑡𝑐
Од ΔВСD: cos(Ф − 𝛾) = ̅̅̅̅ =
⇒ 𝐶𝐵
̅̅̅̅
𝐶𝐵 cos(Ф−𝛾)

Изедначувајќи ги двете равенки по СВ, следува:


𝑡 𝑡𝑐 𝑡 sin Ф
= ⇒ =
sin Ф cos(Ф − 𝛾) 𝑡𝑐 cos(Ф − 𝛾)

Односот:
𝑡
=𝑟
𝑡𝑐

се нарекува коефициент на набивање на струшка и за него секогаш важи:

0<𝑟≤1

додека:
1 𝑡𝑐
= =𝜆
𝑟 𝑡
се нарекува фактор на набивање на струшка и за него секогаш важи:

𝜆>1
Од тука:
1 𝑡𝑐 cos(Ф − 𝛾) cos Ф cos 𝛾 + sin Ф sin 𝛾
𝜆= = = = ⇒
𝑟 𝑡 sin Ф sin Ф
cos 𝛾 cos 𝛾
𝜆= + sin 𝛾 ⇒ tan Ф =
tan Ф 𝜆 − sin 𝛾

каде γ е предниот агол, а Ф агол на смолкнување на струшка.

При релативното движење на алатот и обработуваното парче во процесот на режење


разликуваме 3 брзини:

1. брзина на смолкнување на струшката Vs


2. брзина на струшка ( брзина на лизгање на струшка по предната површина) Vc
3. брзина на режење V

Од триаголникот на брзини, според синусна теорема имаме:


𝑉𝑐 sin Ф 1
= = =𝑟
𝑉 cos(Ф − 𝛾) 𝜆

Кога е позната должината на резот l

Од равенката за масен континуитет:

𝜌 𝑙 𝑏 𝑡 = 𝜌 𝑙𝑐 𝑏 𝑡𝑐

каде:

ρ- специфична густина на материјал на струшка

lc и tc- должина и длабочина на струшка после деформирањето

b- ширина на режење

се добива:

𝑡𝑐 𝜌𝑙𝑏 𝑙
𝜆= = =
𝑡 𝜌 𝑙𝑐 𝑏 𝑙𝑐

Односот на поминатиот пат а режење l спрема средната должина на струшката lc


претставува факторот на набивање на струшка λ.

Аголот на смолкнување се пресметува според познатата равенка:


cos 𝛾
tan Ф =
𝜆 − sin 𝛾
Кога не е позната должината на резот

𝑊 = 𝜌 𝑙 𝑏 𝑡 = 𝜌 𝑙𝑐 𝑏 𝑡𝑐 (масен проток)

Од тука:
𝑊 𝑙
𝑙= ⇒ 𝜆=
𝜌𝑏𝑡 𝑙𝑐

cos 𝛾
tan Ф =
𝜆 − sin 𝛾

Пример 2: Практично определување на факторот на набивање λ на струшка и аголот на


смолкнување Ф во функција на брзината на режење V.

Да се определи зависноста на факторот на набивање λ=λ(V) и аголот на смолкнување


Ф=Ф(V) од брзината на режење V за работно парче со претходно изработен надолжен жлеб
заради мерење на потребните должини. Режењето се одвива со плочка со преден агол γ=8°.

Резултатите да се прикажат во табела 1. и да се нацртаат дијаграмите на зависност λ=λ(V) и


Ф=Ф(V).

𝑙 = 𝐷𝜋 −2

𝑙𝑐 = 𝑑𝑠𝑟 𝜋 𝑧

каде:

dsr – среден дијаметар на навивките на струшката

z – број на навивки на струшката

l – должина на режење

lc – должина на струшката

Факторот за набивање на струшката и аголот на смолкнување се определуваат со следните


равенки:
𝑙
𝜆=
𝑙𝑐
cos 𝛾
tan Ф =
𝜆 − sin 𝛾
V (m/min) 14,38 28,76 40,27 57,52 80,53
n (o/min) 100 200 280 400 560
f (mm/o) 0,16 0,16 0,16 0,16 0,16
t (mm) 0,5 0,5 0,5 0,5 0,5
D (mm) 45,8 45,8 45,8 45,8 45,8
dsr (mm) 2,62 2,94 3 4,30 6,82
z 4,5 5,5 6,5 4,8 3,2
l (mm) 141,81 141,81 141,81 141,81 141,81
lc (mm) 37,02 50,77 61,23 64,81 68,53
λ 3,83 2,79 2,32 2,19 2,07
Ф (°) 15,02 20,48 24,42 25,77 27,15
Табела 1

ДА СЕ НАЦРТААТ ТРИ ДИЈАГРАМИ


Вежба 3.Отпори на режење. Определување на зависноста помеѓу отпорите на
режење и резните режими

Резултантен отпор кој се наоѓа во рамнината на трите брзини односно помеѓу брзината
на режење, брзината на смолкнување и брзината на струшката може понатаму да се
разложи на три заедно нормални компоненти а тоа се

Fa- аксијален отпор на режењето кој е паралелен со помошното движење на резачкиот алат

Fr- радијален отпор на режењето кој е нормален на обработуваната површина и се


спротиставува на продирањето на ножот во материјалот

Ft- тангенцијалниот отпор кој се појавува како реакција на продирањето на резачкиот алат
во правец на резачката брзина кон материјалот

Резултантниот отпор на режење претставува векторска големина со своја насока, правец и


интензитет исе пресметува преку следната равенка:

𝑅 = √𝐹а2 + 𝐹𝑟 2 + 𝐹𝑡 2

Длабочината на режење и поместот не влијаат подеднакво на промената на отпорите на


режење и оваа зависност може да се претстави со Тејлорвата равенка:

𝐹𝑡 = 𝐶𝐹 ∙ а 𝑋𝐹 ∙ 𝑓 𝑌𝐹

каде:

CF -специфичен отпор на режење, кој зависи од материјалот

XF ,YF – се коефициенти кои зависат од обработуваниот материјал

а- дебелина на струшката

f- помест

Определувањето на овие константи може да се определи по експериментален пат преку


повторување на експериментот кој притоа формира систем равенка:

𝐹𝑡1 = 𝐶𝐹 ∙ а1 𝑋𝐹 𝑥 ∙ 𝑓1 𝑌𝐹

𝐹𝑡2 = 𝐶𝐹 ∙ а2 𝑋𝐹 ∙ 𝑓2 𝑌𝐹

𝐹𝑡3 = 𝐶𝐹 ∙ а3 𝑋𝐹 ∙ 𝑓3 𝑌𝐹

На ист начин може да се пресметаат и другите две компоненти од отпорот за режење.


За мерење на отпорите на режење се применуваат различни мерачи односно
динамометри кои што може да бидат:

 еднокомпонентни

 двокомпонентни

 трокомпонентни

Принципот на мерачоте на силите базира врз директно мерење на еластичните


деформации. Во зависнот од принципот на работа динанометрите можат да бидат
 механички

 хидраулични

 индуктивни

 пиезоелектрични

 капацитивни

Пример 3. Определување на отпорите на режење

Да се изврши мерење на отпорите на режење, определат влијанијата на брзината на


режење, поместот и длабочина на режење врз трите компоненти на отпорот на режење Ft,
Fr, и Fa преку конструирање на соодветни дијаграми на зависност и да се определат
коефициентите CF, XF и YF во равенките за определување на Ft, Fr, и Fa за константна
брзина на режење. Испитувањата се изведуваат на работно парче од Č5421

Вредности при 3 експерименти


n V f
D a
(vrt/m (m/mi (mm/v
(mm) (mm)
in) n) rt)
Експеримент
I 1. 44,30 100 13,91 0,1 0,25

2. 42,78 140 18,81 0,1 0,25

3. 42,78 280 37,61 0,1 0,25


n V f
D
(vrt/m (m/mi (mm/v a (mm)
(mm)
in) n) rt)
Експеримент
II 1. 44,10 280 38,77 0,1 0,25

2. 44,10 280 38,77 0,2 0,25

3. 44,10 280 38,77 0,315 0,25

n V f
D a
(vrt/m (m/mi (mm/v
(mm) (mm)
in) n) rt)
Експеримент
III 1. 47,70 280 41,94 0,1 0,25

2. 47,70 280 41,94 0,1 0,5

3. 47,70 280 41,94 0,1 1

Вредности на отпорите при спроведените експрерименти

експеримент Fr (N) Fa (N) Ft (N)

I.1 71 42 120

I.2 85 39 113

I.3 61 34 82

II.1 40 23 66

II.2 85 36 132

II.3 150 44 192

III.1 64 28 82

III.2 81 52 132

III.3 112 120 278


Дијаграми на зависности
Да се нацртаат три дијаграми со три криви

Вежба 4. Температура во процесот на режење. Определување на зависноста помеѓу


средната температура и резните режими
Кај алатите од брзорезачки челик при одредена температра доаѓа до нагло губење на
нивната резна способност, додека кај карбидните имаме постепено намалувањена резната
способност. Познавањето на температурата има значително влијание во одбирањето на
резните режими како брзина на режење, длагочина на режење и поместот, се со цел да
дадат оптимална трајност на резачките алати.
При обработката со режење доколку имаме стабилен процес најголемиот дел од вложената
енергија се трансформира во топлинска.

 Потрошена работа на пластични деформации. Се јавува поради внатрешното


триење во самата струшка во близина на врвот од резачкото сечило (Qd)
 Потрошена работа на триење.Се јавува помеѓу струшката и предната површина на
резачкиот алат. Главно зависи од брзината на режење, механичките особини на
материјалот и предниот агол. (Qtp)
 Потрошената работа на триењето помеѓу обработуваното парче и задната
површина. (Qtz)

 Топлина која се одведува од струшката и таа вообичаено изнесува околу 60%-70%


(Qs)
 Топлина која се спроведува низ алатот (Qa)
 Топлина која се спроведува низ обработуваното парче и таа зависи од димензиите и
материјалот (Qop)
 Топлина која се одведува низ околниот воздух и преку разладните средства (Qv)

Топлинскиот баланс кај кој процесите на режење се воспоставува после неколку


секунди од почетокот на режењето може да се претстави според следнава равенка
Qd+Qtp+Qtz=Qs+Qa+Qv+Qop

Температурата која се создава во процесот на режење може да се пресмета според


равенка од следниот облик:
𝑻 = 𝑪𝑸 𝒗𝒙 𝒇𝒚 𝒂𝒛
каде:
CQ – фактор кој е определен од видот на обработуван материјал
v – брзина на режење (m/min)
f – помест (mm/o)
a – длабочина на режење (mm)
X, Y, Z – коефициенти кои зависат од видот на обработуваниот материјал

Метода за мерење на средната температура при режење е со користење природен


термопар.

Пример 4.Мерење на температурата.

Да се изврши мерење на средната температура на режење, определат влијанијата на


брзината на режење, поместот и длабочината на режење брз средната температура на
режење преку конструирањето на соодветните дијаграми на зависност и да се определат
коефициентите CQ, X, Y, Z во равенките за определување на Т. Испитувањата се изведуваа
на парче од Č1630 (челик за подобрување) со керамичка плочка МCr.
Вежба 5. Абење и тајност на резачки алати. Определување на коефициентите во
Тајлеровата равенка на трајност

Оцената на состојбата на абењето на резачкиот клин се изведва со помош на


показателите за абењето, кои можеда бидат поделени во 3 групи
1) Физичките критериуми, кои се во непосредна зависност со
достигнувањето на граничните вредности на енергетските
показатели на абењето на резачкиот клин
2) Технолошки критериум кои се однесуваат на граничните вредности
на параметрите кои го дефинираат технолошкиот квалитет на
производот

3) Економски критериум кои наметнуваат дизволени геометриски


вредности на показателите на абењето на резачкиот клин, кои
овозможуваат постигнување минимални трошоцу на експоатација на
резните алати или минимална цена на чинење на производот.

Механичното абење на резачкото сечило може да се појавува како јакосно и абразивно


абење.
Абразивното абење се појавува како резултат на меѓусебното дејство на врвовите на
нерамнините од едната и другата контактнаповршина.
Јакостното абење може да се појавува во облик на нагло и заморно абење.
 Наглото јакосно абење е последица на дејството а силите на режење кога настанува
локално пречекорување на јакосните особини на резачкото сечило.
 Заморното јакосно абење се појавува кога откинувањето на контактните поеви од
резачкото сечило е последица на заморот на материјал.
Разликуваме различни облици на јакосно абење
 Набразнување ( претставуваат мали губитоци на резачното сечило, во областа на
допирот на резачкото сечило со обработуваниот материјал и струшката)
 Одронување ( се поголеми губитоци на резачкото сечило во областа на допирот на
резачкото сечило со обработуваниот материјал и струшката)
 Поткрушување ( се поголеми губитоци на резачкото сечило кои излегуваат надвор
од областа на допирот на резачкото сечило со струшката и обработуваниот
материјал)
 Пукнатини ( почеток на појавата на губитоци на материјал на резачкото сечило во
зависнот од големината на набразнувањата, одронувањата и поткршувањата)

Постојат и други видови на абење како Адхезионо, Дифузно и Хемиско абење.


Пример 5 . Да се определување на коефициентите во Тајлеровата равенка на трајност

Да се изврши периодично мерење на трошењето на резачкиот клин по задната површина,


при две различни брзини на режење, а потоа да се определат коефициентите Ct и m во
Тајлеровата равенка за трајност.

t (min) 0 1 2 3

1 Vbb (mm) 0 0.02 0.04 0.06

t (min) 0 1 2 3

2 Vbb (mm) 0 0.03 0.05 /

При првиот експеримент При вториот експеримент


n=400 vrt/min n=560 vrt/min
D=67.60 mm D=64.5 mm
f=0.16 mm/vrt f=0.15 mm/vrt
a=1.5mm a=1.5mm

еден дијаграм со две криви


Вежба 6.Рапавост на обработена површина. Дефинирање на параметрите на рапавост.

 Средно аритметичко отстапување на профилот на рапавоста, Ra – претставува,


средна аритметичка вредност на апсолутните вредности на ординатите (
отстапувањата) Z(x) на профилот на рапавоста во рамките на елементарната мерна
должина lr
1 𝑙𝑟
𝑅𝑎 = 𝑙𝑟 ∫0 |𝑧 (𝑥)| 𝑑𝑥

 Куртоза, Rku е коефициент на средната кватро вредност од вредностите на


ординатите (отстапувањата) во рамките на елементарната мерна должина lr,
односно четврти степен од средното квадратно отстапување Rq

You might also like