You are on page 1of 9

Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

Исказно сметање

Дефиниција: Исказ е секоја декларативна реченица, којашто задоволува точно еден


од следнива два услови:

1) реченицата е вистинита;
2) реченицата е невистинита.

Примери: Искази (прости искази) се следниве реченици:

p) 2 + 3 = 5;
q) Март има 31 ден.;
r) 2 ⋅ 5 = 6;
s) Париз е главен град на Мaкедонија.
и тоа p и q се точни искази, r и s се неточни искази.

Следниве реченици не се искази:

p) Времето е убаво.
q) Утре ќе биде сончево.
r) Февруари има 29 дена.
s) Бројот n е делив со 3.
Исказите ги бележиме со латинските букви:p, q, r, s, . . . , p1, p2, . . .

Со Τ и ⊥ означуваме вистинитосни вредности на исказите, односно {Τ, ⊥} е множество


вистинитосни вредности. Ознака: τ(p)=Τ, τ(q)=⊥.

За формирање на сложени искази ги користиме логичките сврзници: ¬, ∧, ∨,∨ ,→, ↔.

Таблиците на вистинитост за исказите: ¬p, p∧q, p∨q, p→q, p↔q и p∨q се следниве:

p ¬p

Τ ⊥

⊥ Τ

p q p∧q p∨q p→q p↔q p∨q

Τ Τ Τ Τ Τ Τ ⊥

Τ ⊥ ⊥ Τ ⊥ ⊥ Τ

⊥ Τ ⊥ Τ Τ ⊥ Τ

⊥ ⊥ ⊥ ⊥ Τ Τ ⊥

1
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

Дефиниција: ( исказна формула)

1. Секоја исказна буква и секоја константа е исказна формула;


2. Ако α и β се исказни формули, тогаш и (¬α), (α∧β), (α∨β), (α⇒β), (α⇔β) се
исказни формули;
3. Една формула е исказна фомула акко е добиена со конечна примена на 1 и 2.
Исказните формули ги означуваме со: α, β, γ, . . .

α(p, q), α(p1, p2, . . . , pn)

Секоја исказна формула определува функција на вистинитост која може да се


претстави со соодветна таблица на вистинитост.

Задача 1: Дали се искази следниве реченици:

а) Секој рамностран триаголник е рамнокрак.

б) Секој рамнокрак триаголник е рамностран.

в) Парниот број n е делив со 3 без остаток.

г) Јас сега можам.

Решение:

а) да, (вистинит исказ);

б) да, (невистинит исказ);

в) не;

г) не.

Задача 2: На некое средновековно судење на обвинетиот му е речено: „Мораш да


дадеш една осмислана изјава. Ако таа биде вистинита ќе бидеш обесен, а ако биде
лажна ќе ти ја отсечеме главата.“ Дали обвинетиот може да даде изјава со која ќе се
спаси?

Решение:

Да, „Ќе ми ја отсечете главата.“

(Ако претпоставиме дека изјавата е вистинита, тогаш треба да го обесат, што значи
дека изјавата не е вистинита. Ако пак е невистинита, тогаш ќе му ја отсечат главата, а
тогаш изјавата би била вистинита.)

2
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

Задача 3: Да се запишат во вид на искази следниве реченици:

а) Или треба да се почитуваат сообраќајните правила или треба да се плати


казна;

б) 35 и 60 се делат со 3;

в) 2 е решение на равенката x2-3x+2=0;

г) Ако бројот е поголем од 5, тогаш тој е поголем и од 6;

д) Равенките x+1=6 и 2x+3=13 имаат исти решенија;

 x+ y =3
ѓ) Броевите 1 и 2 се решенија на системот:  ;
2 x + y = 4

е) Производот на два броја е позитивен акко броевите се со ист знак;

ж) Само еден од броевите 60 и 34 се дели со 5;

з) Производот на 3 и 4 е 7.

Решение:

а) p ∨ q;

(p: Треба да се почитуваат сообраќајните правила,

q: Треба да се плати казна);

б) 3|35 ∧ 3|60;

в) x=2 → x2-3x+2=0;

г) x>5 → x>6;

д) x+1=6 ↔ 2x+3=13;

ѓ) (x=1 ∧ у=2) → (x+1=3 ∧ 2x+y=4);

е) x⋅y>0 ↔ (x>0 ∧ y>0) ∨ (x<0 ∧ y<0);

ж) 5|60 ∨ 5|34;

з) 3 ⋅ 4=7.

Задача 4: Да се напишат вистинитосни таблици за следниве исказни формули:

а) p ∨ q → r; б) ((p → q) → (¬p → q)) → q;

3
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

в) (p → q) ∧ (q → r) → (p → r).

Решение:

а)

p q r p∨q p∨q→r

T T T T T

T T ⊥ T ⊥

T ⊥ T T T

T ⊥ ⊥ T ⊥

⊥ T T T T

⊥ T ⊥ T ⊥

⊥ ⊥ T ⊥ T

⊥ ⊥ ⊥ ⊥ T

б)

p q ¬p p→q ¬p→q (p→q) →(¬p→q) ((p → q) → (¬p → q)) → q

T T ⊥ T T T T

T ⊥ ⊥ ⊥ T T ⊥

⊥ Т T T T T T

⊥ ⊥ T T ⊥ ⊥ T

4
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

в)

(p→q)∧ (q→r) p→r (p→q) ∧ (q → r)→(p→r).


p q r p→ q q→r

T T T T T Т Т Т

T T ⊥ T ⊥ ⊥ ⊥ Т

T ⊥ T ⊥ T ⊥ Т Т

T ⊥ ⊥ ⊥ Т ⊥ ⊥ Т

⊥ T T T T Т Т Т

⊥ T ⊥ T ⊥ ⊥ Т Т

⊥ ⊥ T Т T Т Т Т

⊥ ⊥ ⊥ Т T Т Т Т

Задача 5: За следниве формули да се определи барем по една вредност на исказните


променливи за кои формулата ќе прими вредност Т, односно ⊥.

а) (p ∨ q) → (¬p ∧ r) ∨ ¬q;

б) q ↔ (((¬p ∨ ¬q) ∧ ¬r) → r);

в) (¬p ∨ (q ∧ s)) ∨ p ↔ (¬s ∨ ¬p).

Решение:

а) : ∨ q)
(p (¬p ∧ r) ∨ ¬q;
 → 
β γ

1° τ(α)=T, ако τ(β)=T и τ(γ)=T или

τ(β)=⊥ и τ(γ)=T или

τ(β)=⊥ и τ(γ)=⊥ .
Нека τ(β)=⊥ и τ(γ)=T. Од τ(β)=⊥ следи τ(p)=⊥ и τ(q)=⊥ . Ако се замени во γ се добива
вредноста на r:

τ((¬p ∧ r) ∨ ¬q)=T

τ((Т ∧ r) ∨ Т)=T

5
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

Од замената се гледа дека за која било вредност на r, τ(γ)=T, па една вредност на


исказните променливи за кои формулата прима вредност Т е:

τ(p)=⊥, τ(q)=⊥ и τ(r)=Т.

2° τ(α)=⊥, ако τ(β)=T и τ(γ)=⊥ .

Од τ(γ)=⊥ следи τ(¬p ∧ r)= ⊥ и τ(¬q)= ⊥ .

Од τ(¬q)= ⊥ следи τ(q)= Т.

Oд τ(¬p ∧ r)= ⊥ следи τ(¬p)= ⊥ или τ(r)= ⊥ .

Нека τ(p)= Т, тогаш ако се замени во β се добива дека τ(β)=T, па една вредност на
исказните променливи за кои формулата прима вредност ⊥ е:

τ(p)=Т, τ(q)=Т и τ(r)=Т.

(((¬p ∨ ¬q) ∧ ¬r) → r)


б) : q ↔ 
β

1° τ(α)=T, ако τ(q)=T и τ(β)=T или

τ(q)=⊥ и τ(β)=⊥ .

Нека τ(q)=⊥ и τ(β)=⊥. Од τ(β)=⊥ следи τ((¬p ∨ ¬q) ∧ ¬r)=T и τ(r)=⊥ . Ако за вредностите
на q и r се замани во τ((¬p ∨ ¬q) ∧ ¬r)=T се добива дека p може да прими било која
вредност, па една вредност на исказните променливи за кои формулата прима
вредност Т е:

τ(p)=Т, τ(q)= ⊥ и τ(r)= ⊥.

2° τ(α)=⊥, ако τ(q)=T и τ(β)=⊥ или

τ(q)=⊥ и τ(β)=Т .

Нека τ(q)=Т и τ(β)=⊥. Од τ(β)=⊥ следи τ((¬p ∨ ¬q) ∧ ¬r)=T и τ(r)=⊥ . Ако за вредностите
на q и r се замани во τ((¬p ∨ ¬q) ∧ ¬r)=T се добива дека τ(p)=⊥, па една вредност на
исказните променливи за кои формулата прима вредност ⊥ е:

τ(p)= ⊥, τ(q)= T и τ(r)= ⊥.

в) α : (¬p

(q ∧
s))∨
p ↔
(¬s ∨ ¬p)

β γ

6
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

1° τ(α)=T, ако τ(β)=T и τ(γ)=T или

τ(β)=⊥ и τ(γ)=⊥ .

Нека τ(β)=T и τ(γ)=T.

Од τ(β)=T следи τ(¬p ∨ (q ∧ s))=T или τ(p)=T.

Од τ(γ)=T следи τ(¬s)=T или τ(¬p)=T.

Ако τ(p)=T и τ(s)= ⊥, q може да прими било која вредност, па една вредност на
исказните променливи за кои формулата прима вредност Т е:

τ(p)=Т, τ(q)= T и τ(s)= ⊥.

2° τ(α)=⊥, ако τ(β)=T и τ(γ)=⊥ или

τ(β)=⊥ и τ(γ)=T .

Нека τ(β)=T и τ(γ)=⊥.

Од τ(γ)=⊥ следи τ(¬s)= ⊥ и τ(¬p)= ⊥, односно τ(s)= Т и τ(p)= Т.

Ако за вредностите на p и s се замени во β, се гледа дека q може да прими било која


вредност, па една вредност на исказните променливи за кои формулата прима
вредност ⊥ е:

τ(p)=Т, τ(q)= T и τ(s)= Т.

Задача 6: Да се утврдат вредности за p, q и r така што исказната формула

: ((
⋁ ) →
 (
 ) ↔ →
) ∨ (
→ )

β γ

ќе биде невистинита.

Решение:

τ(α)=⊥, ако τ(β)=T и τ(γ)=⊥ или

τ(β)=⊥ и τ(γ)=T .

Нека τ(β)=T и τ(γ)=⊥.

Од τ(γ)=⊥ следи τ(p → r)= ⊥ и τ(q → r)=⊥, односно τ(p)=T, τ(q)=T и τ(r)=⊥. Ако за овие
вредности се замени во β, се добива дека τ(β)=⊥ што е контрадикција со τ(β)=T.
Поради тоа се проверува другиот случај.

7
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

Нека τ(β)=⊥ и τ(γ)=Т.

Од τ(β)=⊥ следи τ(p ∨ q)=T и τ(r)=⊥, односно τ(r)=⊥ и (τ(p)=T или τ(q)=T).

Од τ(γ)=Т следи τ(p → r)=T или τ(q → r)=Т. Бидејќи τ(r)=⊥ следи τ(p)=⊥ или τ(q)=⊥.

Една вредност на исказните променливи за кои формулата е невистинита е:

τ(p)= ⊥, τ(q)=T и τ(r)=⊥.

Задача 7: Дали следниов систем од спецификации е конзистентен?


- Корисникот не може да влезе во системот од документи секогаш кога
софтверскиот систем се надоградува.
- Ако корисникот може да влезе во системот од документи, тогаш може да зачува
нов документ.
- Ако корисникот не може да зачува нов документ, тогаш системот не се
надоградува.
Решение:

p: корисникот може да влезе во системот од документи

q: софтверскиот систем се надоградува

r: корисникот може да зачува нов документ

( → ¬) ∧ ( → ) ∧ (¬ → ¬) ≡ (¬ ∨ ¬) ∧ (¬ ∨ ) ∧ (¬¬ ∨ ¬)


≡ (¬ ∧ ¬) ∨ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧ ¬) ∨ (¬ ∧ ) ∧ ( ∨ ¬) Д. з.
≡ ((¬ ∧ ¬) ∨ (¬ ∧ ) ∨ ¬ ∨ (¬ ∧ )) ∧ ( ∨ ¬)
≡ ((¬ ∧ ¬) ∨ ¬ ∨ (¬ ∧ )) ∧ ( ∨ ¬) ≡ ((¬ ∧ ) ∨ ¬) ∧ ( ∨ ¬)
≡ (¬ ∧  ∧ ) ∨ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧  ∧ ¬) ∨ (¬ ∧ ¬)
≡ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧ ¬)
≡ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧ ) ∨ (¬ ∧ ¬)

Од овде следува дека системот кога  ≡ ⊥ и  ≡ T сите спецификации се исполнети, од


каде следува дека системот е конзистентен. (Сите спецификации се исполнети и кога
 ≡ ⊥ и  ≡ T или кога  ≡  ≡ ⊥ )

8
Дискретна Математика 1 Аудиториска вежба 1

Дополнителни задачи

Задача 8. Која е вредноста на х после изјавата: Ако 2+2=4 тогаш х=х+1 ако на почетокот
х=0?

Задача 9. Да се запише како исказ следната реченица: Не смеете да се возите со лифт


ако сте пониски од 150 cm, освен ако сте постари од 16 години.

Задача 10. Нека p, q, и r се следните искази:

p: Имаш грип.

q: Го пропушташ колоквиумот

r: Го положуваш предметот

Искажи ги следните искази со реченици:

а) (¬q ) ↔ r б) ( p → ¬r ) ∨ ( q → ¬r )

You might also like