You are on page 1of 2

Електрилен капацитет.

Кондензатори
Запомни

1.Физичката величина C којашто покажува колкаво количество електричество е потребно


да се донесе или одземе од спроводникот за да се промени неговиот потенцијал за единица се
вика електричен капацитет на спроводникот.

C=q/φ
C-електричен капацитет на спроводникот
q- количество електричество
φ- потенцијал на спроводникот

2.Електричниот капацитет бројно е еднаков на количеството електричество кое го


зголемува потенцијалот за еден волт.
C = q (бројно) ,ако φ =1 V

3.Електричниот капацитет на даден проводник не зависи од природата на материјалот од ко


што е направен проводникот,туку само од неговата големина и форма.

4.Проводникот има капацитет од еден фарад,ако количество електричество од еден кулон му


го зголемува потенцијалот за еден волт.
1F =1C / 1V

5.Систем од два проводника,кои се разделени со диелектрик, а на површините имааат


разноимени по знак и еднакви по големина количества електричества се нарекува
кондензатор.

*Уредите во кои може да се натрупааат електрични полнежи , а со тоа и електрична енергија


се викаат кондензатори.

*Проводниците кои го сочинуваат кондензаторот се викаат облоги на кондензаторот.

6.Се разликуваат повеќе видови на кондензатори : Плочест кондензатор,Лајденска


чаша,променлив кондензатор,блок кондензатор и електролитски кондензатор.

7.Капацитетот на плочест кондензатор зависи правопропорционално со големината на


површината на облогите S ,а обратнопропорционално од растојанието меѓу облогите d.

C = ξ0ξr S / d , C=ξS/d

8.Капацитетот на променлив кондензатор се пресметува со равенката :

C = ξ0 (n-1) ΔS / d
ξ0 - диелектрична константа во вакуум
n- број на неподвижни плочи
ΔS- површина со која се препокриваат подвижните и неподвижните поликрижни плочи
d- растојание меѓу плочите

9.При паралелно врзување на кондензаторите во електричното коло вкупниот


(еквивалентниот )капацитет е еднаков на збирот од капацитетите на одделните кондензатори.

C = C1 + C2 +C3 + … + Cn
*При паралелно врзување на кондензаторите во електрично коло вкупниот капацитет во
колото се зголемува.
10.При сериско врзување на кондензаторите во електричното коло реципрочната вредност
на вкупниот капацитет е еднаква на збирот од реципрочните вредности на капацитетите на
одделните кондензатори.

1 /C = 1 / C1 + 1 / C2 + 1 / C3 + … + 1 / Cn

11. При сериско врзување на кондензаторите во електричното коло вкупниот капацитет во


колото се намалува.

You might also like