You are on page 1of 46

ГЛАВА 3

СЕМАНТИКА -
ОБЈЕКТИ_ ПОДАТОЦИ

Во оваа глава ќе се понудат дискусии, првенствено, со цел да се


постават и доближат принципите за дискретизација на реалните
просторни чинители како репрезенти од реалниот свет. Потреба,
бидејќи препознавањето на просторната појава е можна само ако
истата е пристапна за дофат на нејзините основни конструктивни и
суштенски елементи. Во ваков правец на дискусија, насловот нуди
партикуларни/посебни нивоа на податоци со кои ќе се проицираат
животните циклуси во секој од нив. Во суштина, значи градењето
на системот се базира токму врз
дефинирањето_препознавањето_димензионирањето_облик
увањето
на репрезентите од реалниот свет. Селективна насока, со цел да се
издиференцира коректен репрезентативен материјал.
Комплексноста на појавите од опсервацискиот сегмент, може да
биде коректно дискретизирана само ако репрезентите се
едноставни со препознатливи граници на дејствување на
конструктивно_суштинските карактеристики. Значи, се работи за
дефинирање на единични елементи, кои во наредните дискусии ќе
се идентификуваат со ЕНТИТЕТ или РЕПРЕЗЕНТ.
3. ПРОСТОРЕН ЕНТИТЕТ
Препознавањето и преносот на сознанија за било каков вид
случувања, во јасно утврдени сегменти на дејствување, се
појдовни рамки при дефинирањето и опсервацијата на било кој
настан и/или интересна сфера. Реализицијата на овие интереси
првенствено значи, покренување на подреден тип на активности
димензионирани и утврдени од степенот на самиот интерес. Се
работи за оформени пристапи, насочени кон утврдување на што
пореален и доволно количински одржан репрезентативен
материјал за случувањата, карактеризирани во склоп на
рамковните интереси. Ваков тек на настани, во принцип значи
приближување и/или апроксимирање на случувањата кои имаат
сопствени, извршни и независни правила за опстојување. Со цел,
утврдените сознанија да бидат распознатливи недвосмислено е
потребно да се оформат препознатливи форми за нивна
еднозначна интерпретација. Овие форми ќе треба да овозможат,
опсервацискиот материјал да биде рамковно утврден,
сконцентриран и пренослив според однапред условени
критериуми. Со еден збор, опсервацискиот материјал треба да се
идентификува низ еднозначни
форми/објекти/репрезенти/ентитети. За определба на некоја од
формулациите непостојат посебни категории и услови.

Насловот има за цел, да дефинира и разоткрие објекти/форми по


однос на формата, случувањата во нејзини рамки и
опкружувањето, ке може да се вршат апстрахирање без разлика
дали станува збор за просторна појава и/или феномен во целина.
Што се подразбира под апстрахирање
?
Да претпоставиме дека апстрахирање на феномен претставува
утврдување и димензионирање на основните конструктивни и
описно преносливи вредности за единични, лесно
препознатливи и достапни дејствија и/или појави од него.

Поаѓајќи од оваа претпоставка може да утврдиме дека


апстрахирањето значи упростен став за комплексен предмет.

Забележливо е дека кај претпоставениот и утврдениот став за


апстрахирањето заеднички е објектот кој во реалниот свет
опстојува, а со намера да се остварат поставените интереси од
страна на системот истиот е утврден, обработен и презентиран.
Значи се работи за препознавање и осознавање на објекти како
репрезенти на сите случувања во доменот на интересот и нивно
прилагодување по форма и предуслови кои произлегуваат од
интересот за понатамошното обликување и публицирање.
Ваквите постапки во суштина претставуваат демистификациони
процеси за осознавање на слободните случувања од феноменот.
Демистификацијата на случувањата од интерес, а пренесени преку
репрезентот, е поврзана со длабината и стабилноста на приодите
во утврдувањето на материјалот врз кој ќе се градат
понатамошните активности. Поаѓајки од ова, а сé со цел да се
прифатат и презентираат реалните животни циклуси во
објектот/репрезентот, претпоставка е дека утврдувањата секогаш
треба да бидат одмерени и прилагодени спрема длабината на
интересот за самиот објект. Тоа значи дека утврдувањето на
сознанијата, преку кои би се реализирала интересната сфера, не
може и не мора да претставува однапред препознатлив шаблон. Во
една ваква насока секогаш останува дилемата :
Кој е репрезентот и во каква форма треба да биде разобличен?
Ке го поставиме следниот пример со намаре да ја доближиме
дискусијата на оваа прашање :
КУЌА-та е објект кој може да претставува репрезент од интерес
за опсервација, ако и само ако истиот е можност и фундамент за
да се пренесат длабинските сознанија за потребите на интерес-
от.

Ако доменот на интерес е лоциран во утврдување на сознанија за


присуството на овој објект на утврден просторен сегмент, како и
проецирање на интересната сфера врз нив по принцип
“има_колку_нема”, тогаш КУЌА-та како единичен објект со
едноставни сознанија е доволно погоден. Во овој случај, сосема
доволно е куќата да биде претставена со единична точка како
геометриска форма, а во неа да се концентрира содржина преку
која би се пренеле останатите својства за овој репрезент. Но, ако
интересот е насочен спрема подлабински сознанија за објектот,
тогаш конструктивниот чинител за објектот КУЌА е спрат/стан/соба
со целосна геометриска оформеност.

Со намера да го илустрираме значењето и длабинската форма во


обликувањето и преносот на сознанијата за репрезентот, земајки ја
куката како основен/погоден репрезент, низ наредните слики ке се
обидеме да издвоиме неколку облици преку кои на читателот
сакаме да му пренесеме стартни сознанија околу изборот на
репрезентот и количината на соджината со која се пренесуваат
својствата за истиот.

1. Куќа
2) Истата куќа во карта за урбанистичко
планирање (мал размер)

3) Истата куќа (топографска карта од перспектива на одобрение за градба)


GeoIS _ 3 SEMANTIKA

4) Истата куќа : описен


запис (дел од табелата за
атрибути)

5) Истата куќа : покомплексен


текстуален опис (релевантни
информацииза градежната парцела)

6) Истата куќа: приказ


сателитска слика)

7) Истата куќа : во различен размер. Секоја


точка претставува објект.

3-5
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

8) Истата куќа: во специфичен


размер само административните
граници на градот се видливи а не
и куќата

9) Истата куќа во специфичен размер само градот како точка е видлив

Слика 1: Иако не е карта, туку само слика, географскиот објект е јасен:


куќа (или е сопственост на земјиште?)
Слика 2: Tопографска карта и географскиот објект не е толку јасен: за да
изградиме модел ние треба да избереме меѓу следните објекти:
а) сопственост на земјиште б) катниот план на главната градба,
в) катниот план на доградбите, г) границите на сопственостотие
на земјиште (само линиите), д) патот, ѓ) оската на патот, итн.
Слика 3: Сето горенаведено (фиг.2) плус областите со различни
параметри на Урбанистичко Планирање (градежно покривање,
градежни сразмери, употреба на земјиште, итн.)
Слика 4: Во таа табела има еден конкретен објект како унитарна област:
куќа. Сите информации се однесуваат исклучително на тоа.
Слика 5: Унитарната област е апсолутно нејасно: Дали е куќата? Дали се
областите на планирање? Дали се различните закони? …
Слика 6: Унитарната област е пиксел, бидејќи е сателитска слика и ја
претставува континуирана област.
Слика 7: Со првото читање јасно е дека унитарната област е “точка” која
значи куќата, но што е со крајбрежните линии? Морето и делот
од земјиштето?
Слика 8: Очигледно е дека унитарна област не е куќата туку Заедницата
(административно ниво).
Слика 9: Унитарната област е градот и во второ читање (ниво) државата.

3-6
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Преку илустрираните примери покажавме дека, изборот на


репрезентот е исклучителен, а длабината за стекнување сознанија
кои се лоцираат во неговата егзистентна форма, се подредува
конкретно спрема поставениот интерес кој во суштина ги
покренува сите предвидувања и активности. Според
претпоставениот избор на репрезентот, ќе бидат подредени
податковните и апликативните сетови со цел да се утврдат и
регуларно воспостават случувањата во него. Оваа иницијатива за
лоцирање на просторниот репрезент, овозможува
егзистенционалност на идеата која се сведува на поглед од
системска спрема реална структура на односи и циклуси во
утврден феномен и/или негов сегмент со што во суштина се
потврдуваат насоките за дефинирање и организирање на функции
како системска конструкција.

Исклучително е важно да се напомене дека стандардизиран


репрезент за секаков феномен не постои. Секој феномен со
сопствената комплексност првенствено е причина сам за себе, а
поставената интересна сфера за негова разобличеност е
условеност која дополнително ја специфицира другата компонента
во изборот на репрезентот. Надоврзувајќи се на ова, се стекнува
впечаток дека слободата при определување на овие репрезенти е
доста голема. Затоа што, за реална демистификација на
просторните појави се бараат строги норми во издвојувањето и
концепирањето на репрезентите заедно со нивната податковна
количина и структура. Со цел да поставиме глобални рамки за
репрезентот/ентитетот, растоварени од појавите кои преку нив ќе
треба да бидат пресликани во системот, од интерес е да утврдиме
некои заеднички информациони категории, кои се присутни и/или
препознатливи скоро кај сите ентитети. Се работи за елемнтарни
категории преку кои ентитетот може да биде препознатлив и
достапен. Афирмацијата на овие две исклучително влијателни
ентитетски особини, би ја претставиле преку следните
информациони категории :
1. Идентификатор
2. Локатор
3. Карактер, просторни особини
4. Улога
5. Погодност

Пред да започнеме со поединечните претставувања на


информационите категории, во следната табела ќе го претставиме
нивното практично значење за неколку ентитети :

3-7
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

ИДЕНТИ ПОГОД
ЕНТИТЕТ ЛОКАТОР КАРАКТЕР УЛОГА
ФИКАТОР НОСТ
Координати, Национален Поврзувањ
Држава Код_Име полигон_ Соседство продукт е на
баундери соседство
Координати
Железница Код_број точка_точка Поврзување Сообраќај Користење
Координати- Далечина Број на
Училиште Код_Име точка_полигон до друго ученици Едукација
училиште
Координати- Далечина Број на
Град Код_Име точка_полигон до друг жители Живеење
град
Координати
Инсталациј Име точка_точка Поврзување Сообраќај Пренос
а

Идентификаторот е категорија која може да го препознае и


издвои ентитетот како единка од комплексен свет, но без амбиции
да се претстави како квантификатор за еднозначност во
утврдувањето на објектот од целината. Како потврда на ова ќе го
понудиме примерот: име-то Петар Петревски како идентификатор
на ентитетот граѓанин, не може да биде еднозначен бидејќи
сигурно постојат повеќе граѓани со истото име. Ако сакаме и
понатаму да полемизираме со еднозначноста, да го прошириме
идентификаторот име за ентитетот граѓанин со дополнителен
идентификатор локација. Двата идентификатори сеуште не го
направиле ентитетот граѓанин еднозначен, бидејќи во рамките на
една држава/општина со нив можат да се препознаат повеќе од
еден претставник.

Дискусијата да ја продолжиме во друга насока. Да претпоставиме


нов идентификатор наместо име-то на граѓанинот, нека тоа биде
неговиот матичен_број со однапред дефинирана структура на
ниво на држава. Да појасниме, се работи за идентификатор со
строго дефинирана структура во рамките на една држава.
Структурата на матичниот број е поставена со цел да послужи како
единствена номенклатура за ентитетот граѓанин. Ќе мора да
нагласиме дека, квантификаторски и оваа структура има
еднозначна извршност само во рамките на државата. Оваа
констатација е само потврда за постоење на релативна
еднозначност, бидејќи проширувајќи ги регионалните и/или
конструктивните критериуми, квантификацијата секогаш ќе има
карактер на локална идентификација на ентитетот и настанот во
целина. Со цел да се постигне еднозначност во глобални рамки,
потребно ќе биде и дополнителен код, засебен или интегриран

3-8
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

како проширување на постојниот, за државата од каде што доаѓа


единствената номенклатура. Една ваква конструкција за
идентификационен код веќе го прави ентитетот еднозначен и на
глобално ниво и/или интеграции во пошироки сфери.

Дискусијата би можеле да ја конкретизираме за ентитетот


ПАРЦЕЛА. Во сегашната категоризација нејзиниот единствен
идентификатор е парцела_број. Се работи за идентификационен
код кој еднозначноста на овој ентитет ја утврдува само во рамките
на една катастарска општина. ГеоИС со сопствената
конструктивност допуштаат еднозначноста за овој ентитет да се
постави на административни повисоки нивоа.
Што тоа практично значи?.
Практично, во конвенционалните концепции дефинирањето на
еднозначни идентификациони кодови, за пошироки
административни целини, не можеле во принцип да се допуштат од
многуте објективни чинители и причини. Пред сé, еден од
најголемите практични проблеми претставувала неможноста целиот
идентификационен код да се испише на геодетскиот план како
единствен медиум за публикација на содржината. Оваа објективна
причина ја диктирала конструктивноста за идентификациониот код
само во рамките на катастарската општина. Погодностите во
публикациска и манипулативна смисла, допуштени од
конструктивноста на ГеоИС, оставаат можност да го надминат овој
тип на ограничување како и многу други кои произлегуваат од
конвенционалните стеги.
Практично го разоткривме поставеното прашање, а одговорот
како да се реализира го допуштаме на размислувањата и
стекнатата филозофија на читателот од досега понудената
материја.

Информацијата за позицијата, подетално во главата 4, треба да


овозможи просторно лоцирање на ентитетот. Се работи за
еднозначно просторно лоцирање на објектите со помош на
нумерички референтни карактеристики, координати во референтни
координатни системи, единствени поштенски кодови, мрежни групи
и слично. За разлика од претходната категорија, оваа има
построга еднозначност во дефинирањето на ентитетот. Во
зависност од форматот во кој ќе се презентира позицијата, секогаш
ќе се појавуваат потреби за дополнителни сознанија за
референтноста и воопшто квалитетот на утврдената димензија.
Овој факт наведува на помисла дека и оваа категорија релативно
го позиционира ентитетот во рамките на утврдените услови за
референтност на системот. На пример, ако позицијата на ентитетот
3-9
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

ја претставиме со формат на правоаголни координати во


референтен систем т.е. Y = 535535 и X=4567567, тогаш имаме
недвосмислено лоцирање на објектот но само во рамките на
претпоставениот и јасно интерпретираниот референтен
координатен систем. Се разбира во глобални рамки еднозначноста
ќе значи исто така рамковно но во глобалниот систем. Ист е
случајот и во следниот пример. Град со поштенски код 1000 може
да биде еднозначен само во рамките на дефинираната кодизација,
ако се излезе од неа потребен е и дополнителен идентификатор, на
пример град со име Скопје. Веќе вака дефиниран ентитет значи
единствена позиција и во глобалната интеграција.

Со препознавањето и лоцирањето на ентитетот е направена негова


квантификација, со што е утврдена коректна основа за
дискретизација. Следниот информационен сет се состои во
доближувањето на циклусите во објектот опишувајќи ги со нив
особините и состојбите на циклусите. Особините на ентитетот
може да бидат поддржани со геометриски и описни/негеометриски.
Во текстовите понатаму, освен описни и негеометриски
карактеристики, со потполно исто значење, многу често ке се
употребува и терминот атрибутни карактеристики. Геометриските
карактеристики ќе го дефинираат обликот на ентитетот, додека
описните за ентитетот ќе оформат сознанија за неговата внатрешна
и надворешна состојба и контактибилност. Од квантификациската
длабочина на карактеристиките, директно ќе зависи степенот на
блискост помеѓу појавите од реалниот и дискретизациониот свет.

Карактеристично е дека од досегашните дискусии се обликувани


интерни сознанија за објектот. Контактибилноста со другите
објекти, како екстерно ниво, се потреба која на ентитетот ќе му
овозможи воспоставување на релации со окружувањата, при што
се постигнува неговиот целосен просторен третман.

Погодноста и улогата на ентитетот, се карактеристики кои


ентитетот го лоцираат како базична компонента во системското
работење. Проецирањето на алгоритамските опсервации врз една
вака сетирана структура, додавајќи ја при тоа и отворената
можност за препознавање и издвојување на глобални и/или
специфични особини за посматраните просторни сознанија, оваа
компонента ја доближуваат до базичната ориентација и смислата
за системскиот третман на репрезентот. Со еден збор погодноста
на ентитетот е во неговото единично расчленување на сложени и
комплексни процеси од реалниот свет, во смислена и
концентрирана структура од страната на системското работење.

3 - 10
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Што се однесува до улогата на ентитетот, таа е поврзана со


богатата и сеопфатната концентрација на конструктивни чинители
кои се отворени и погодни за достап, селективност и единственост
во толкувањето на состојбите и особеностите на реалната
просторна појава.

3.2. ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ НА ЕНТИТЕТИТЕ


Димензионирањето на просторните ентитети, би можело да се
подреди според особините на конструктивните категории. Секоја
категорија е предметна/интересна и иницира адекватен ангажман
на ресурси за нејзино детерминирање. Како глобален приод во
класификацијата на конструктивните категории на ентитетите,
може да се воспостави според карактерот на содржаната т.е.
просторна и непросторна ориентација. Оваа класификација ја
базиравме врз особеностите и својствата на податокот. Од друга
страна димензиите на ентитетот од глобален аспект, ќе значат
негова конструкција прилагодена за мерење и обликување според
цврсто утврдени стандарди за двата приоди. Се работи за глобална
рамка на димензиите кои може да ги специфицираме како :
◘. Растојание
◘. Конфорен изглед
◘. Волумен, површина
◘. Форма; правилна, неправилна, условена со прави
агли, наклон
◘. Ориентација
◘. Центроид
◘. Интерни и екстерни особини.

Овие глобално диференцирани димензии не го лоцираат ентитетот


како базичен елемент за проекција на системските функции преку
кои треба да се пресликаат животните циклуси од реалниот свет.
Останува потребата за подетална детерминација на ентитетот, чија
концентрација на содржината треба да се пренесе преку неговите
елементарно_конструктивни чинители. Секогаш во една ваква
констелација на односи глобални_детални останува отворено
прашањето
Како до димензиите на елементите од најниското ниво ?
Како пример да ја земеме првата глобална димензија, да се одреди
растојание на било кој сегмент од ентитетот, потребни се сознанија
за димензиите на секој конструктивен елемент кој учествува во
алгоритамското детерминирање на растојанијата помеѓу нив.
Дискусиите кои ќе ги водиме низ ова поглавје во суштина ќе бидат
ориентирани кон одговорот на поставеното прашање. Ќе треба да

3 - 11
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

одговориме на сите провокации кои директно и/или индиректно


произлегуваат од него.

Терминолошката изведба на категоризацијата, базирана од


особеностите и својствата на елементарните елементи на
ентитетот, е доста непрецизна и слободна. Причината за ваквиот
став ќе ја препознаеме во фактот дека секој податок доаѓа од
феноменот, а имајќи ја нашата определба дека феноменот е
ПРОСТОР произлегува дека секој податок е просторен. Оттука и
категоризацијата просторни и непросторни податоци не може да се
прифати.

Во прв момент, а сé со цел терминолошки да ја поставиме


конструктивноста на ентитетите, да го претпоставиме терминот
АТРИБУТ. Се работи за единична конструктивна категорија која на
ентитетот му пренесува димензии од типот :
à. лоцирање во просторот со јасно утврдена геометриска форма
à. опис на својствата, особеностите и специфичностите
à. опис на содржината и релацијата со останата содржина и
слично.
Значи, може да се претпостави дека ентитетот глобално се
димензионира со две издиференцирани групи атрибути. Едната е
групација на геометриски карактеристики, а другата е групација
на описни карактеристики на ентитетот.

Со цел да ја доближиме оваа конструктивна семантика на


ентитетот до терминолошката концепција во општата теорија на
системите, горната формулација ќе ја допрецизираме. Во
конвенционалната терминолошка концепција конструктивните
категории се разграничени според влијанието и/или преносот на
содржината и карактерот на конструктивниот елемент. Оттука и
поделбата на елементи кои на ентитетот му пренесуваат и/или ги
групираат неговите чисти просторни димензии, а другата
категорија се елементи кои концентрираат описни/суштински
сознанија за ентитетот. Првата групација е препознатлива како
ГЕОМЕТРИСКА, а другата како АТРИБУТНА/ОПИСНА. Од двете
формулации јасно се гледа дека станува збор за концепции кои се
диференцирани според карактерот и содржинското значење. Во
практична смисла се работи за димензии кои имаат јасно
изразена потреба за
запазена геометриска форма, фомулирана во рамките на
референтни проекциони системи, и димензии кои имаат
слободна форма со јасно изразена концентрација за опис на
својства и состојби во рамките на ентитетот.
3 - 12
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Суштински, ако направиме паралела помеѓу двата терминолошки


приоди, јасна е дека постои нивна еквивалентност т.е.
просторните од првиот приод се поистоветуваат со
геометриските, а додека непросторните со
атрибутните/описните карактеристики од вториот приод.

Да направиме напори да ја дефинираме прецизноста на едниот и


другиот пристап. Во принцип и едниот и другиот приод
терминолошки се лабави. Кај вториот приод е присутна
атрибутната групација. Да појасниме уште еднаш. Факт е дека во
процесите на дискретизација, секој податок е атрибут кој на
ентитетот му пренесува одредени сознанија за неговите животни
циклуси. Токму од овие причини дефинирањето на посебна
терминолошка групација како АТРИБУТНА, претставува многу
воопштена конструкција. Од друга страна, терминолошката
диференцираност како просторна и непросторна групација на
податоци, сама за себе е негирачка. Причината за ова е во
реалноста, дека секој ентитет е просторен, што укажува на фактот
дека и секој податок има сопствено просторно обележје. Значи
дека формулацијата на просторна и непросторна е апстрактно
недопустлива.

Од компаративноста на двата приоди и нивната терминолошка


подвоеност, е јасна констатацијата дека едниот и другиот принцип
се недоволно прецизни. Сепак и двете конструктивни групации
имаат практична цел во сферата на ангажманот на разни
методолошки приоди во нивното димензионирање и конструктивно
обликување. Со намера во разработката на нашата идеа да
оперираме со исти и јасно утвредни термини, земајки ги во
предвид дискусиите за предложената категоризација и нивните
непрецизности, во понатамошните дискусии ќе ја усвоиме
класификацијата просторни и атрибутни конструктивни елементи
на ентитетот.

3.2.1. ПРОСТОРНО ДИМЕНЗИОНИРАЊЕ НА ЕНТИТЕТИТЕ


Претходните дискусии нé позиционираа на две базични податковни
групации, а во оваа поглавје ќе се задржиме на димензионирањето
на просторната групација. Се работи за димензии кои имаат
обврска од реалниот свет, за репрезентот, да ги пренесат
конструктивните чинители задржувајќи ја оригиналната форма,
како фигура, со целиот респективен релациски однос на
единичните конструктивни податоци. Демаркирањето и
просторната конструкција на ентитетот се базира врз просторните

3 - 13
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

димензии, со кои регуларно треба да се обезбедат обликот,


интерните и екстерните вредности за фигурата. Обликот на
фигурата е сегмент во димензионирањето кој респективно го
изразува степенот на блискост помеѓу реалните и системските
димензии на фигурата, а истата може да се формира и организира
како
;. Геометрија _ конструкција само за графички приказ на
фигурата
;. Топологија _ геометриска структура со дефинирана
релација на конструктивните елементи.
;. Геометрија + топологија - целосно просторно
димензионирање на фигурата.
Ориентацијата на трите приоди е јасно изразена преку отворената
контактибилност со атрибутната содржина за репрезентот во
намерите за обезбедување на неговиот интегритет. Со еден збор,
интерните и екстерните вредности за репрезентот можат да се
потпираат врз просторната конструкција.

Просторното оформување на репрезентот е комплексен проблем,


произлезен од самата комплексност на фигурата. Од друга страна,
јасни се предодредбите на системот, преку едноставни
елементарни форми да се оформуваат комплексните просторни
репрезенти. Во принцип секоја просторна конструкција може да се
претстави со елементарните просторни форми точка и линија.
Која од овие форми ќе биде применета зависи од обликот,
големината и поставените интерпретациски насоки за ентитетите.

Точка
Оваа геометриска форма претставува најексплоатирана од
конструктивен и преносен аспект за ентитетот. Нејзината
употребна вредност се потврдува со фактот дека точката е
наједноставен геометриски елемент базичен за изведба на
повисоки конструктивни форми и интеграции. Конструктивно со
оваа елементарна форма, можат да се пренесат геометриски
карактеристики за просторни сегменти по димензија пошироки од
самиот опфат на точката. Се работи за имплементација на форми
каде што интерпретациски е доволна лесна дискретизација на
сегменти, за кои во принцип е доволно истите да се презентираат
преку содржина која може директно да понуди сознанија за
основните својства на репрезентот. Во тој контекст
димензионирањето на оваа геометриска форма ќе значи

3 - 14
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

•. просторна локација
‚. координати во 2 D систем Skopje
Kod_So
‚. координати во 3D систем
ххххх

Kod_Kat_o ххххх

•. примарни својства за објектот @iteli-


Stanovi
ххххх

ххххх

•. површина
•. топологија
Veles

слика [3.2.]
Податоците за оваа елементарна форма можат да имаат
флексибилна структура насочена пред сé од селективните и
публикациските намери во подготвителните и експлоатационите
процеси. Една од можните организациони структури е прикажана
на сликата [3.2.]. Со оваа елементарна форма е претставено
населено место, како ентитетска изградена категорија, просторно е
лоцирано со просторните координати, а концентрираните описни
карактеристики се дадени со припадност во собраниска и
катастарска општина, број на жители, број на станови и слични
карактеристики со кои се проценува дека својствата за населеното
место ќе бидат реално прикажани.

Со цел да се стандардизираат концентрациите со податоци за оваа


ентитетска структура, денес постојат насоки и ориентации за
истите утврдени од Open GIS Consortium.

Линија
Елементарна просторна форма за дискретизација на
еднодимензионални ентитети. Конструктивно, формата се формира
со поврзување на две и/или повеќе точки. Линијата во поширока
смисла може да биде отсечка, полилинија и арк. Полилинијата
конструктивно е оформена од две и/или повеќе отсечки со исти
или различни атрибути. Арк-от може да се претстави како отсечка
и/или полилинија со јасно категоризирано значење на почетната и
крајната точка. Конструктивно линијата ги вклучува следните
класи/категории на точки
‚. Јазол _
точка во која се сечат две и повеќе линии, на слика [3.3.]
претставени со црни точки ;
‚. Прекршна _
точки кои не се јазли, а кои се употребени за поврзување и
конструкција на линија.
Геометриските и атрибутните податоци за линијата се
карактеризираат со следните својства :

3 - 15
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

•. идентификатор
•. просторна локација
‚. координати во 2 D системи
‚. координати во 3D системи
•. Топологија
•. Атрибути
‚. Должина
‚. Ориентација
‚. Закривеност
слика [3.3.]

Полигон
Геометриска форма која едноставно е наменета за претставување
на објекти кои имаат затворена форма со исти атрибутни податоци.
Геометриските и атрибутните податоци за полигонот, ке ги
прикажеме со следните својства :
•. идентификатор
•. просторна локација
‚. координати во 2 D системи
‚. координати во 3D системи
•. Топологија
•. Атрибути
‚. Површина
‚. Периметар
‚. Концентрирана содржина во зависност од
репрезентирањето на својствата на објектот.
Интеграцијата на геометриските и атрибутните податоци, за сите
прикажани форми, е дадена на сликата [3.4.].

+1
P o st o r n i p o d a t o c i

+ 2
ID

+ 5 A tributni

+3

слика [3.4.]
Овие форми претставуваат на некој начин лесна и условена
категоризација спрема конструктивноста и прилагодливоста за
концентрација на својства преку кои би се одвивала
дискретизацијата на просторниот репрезент.

3 - 16
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Според дискретизационите услови, овие елементарни форми,


заедно со нивните меѓусебни конструктивни изведби,
претставуваат совршена варијанта за системско обликување на
репрезентите од реалниот свет.

Почитувајќи ги својствата и изведбите што ги допуштаат овие


форми, многу често се јавува потреба за нивна упростена и/или
едноставна изведба, а сé со цел да се задоволат оперативните и
алгоритамските предуслови во процесирањата со нив. Овие
изведби мора да бидат контролирани и реализирани според
критериуми со кои пакувањето и/или концентрацијата на
основните својства за репрезентот ќе бидат зачувани. Ако
дискусијата ја префрлиме од страната на конструктивната изведба
на формите, јасно е дека новите изведби овозможуваат
предефинирање и на формата на репрезентите. Како потврда на
дискусиите да го наведеме следниот пример:
За одреден просторен сегмент да се лоцираат сите објекти во
кои живеат повеќе од 20 станари ?
Обликувањето на просторните форми за репрезентите, согласно
принципите за реална конструкција, значи доближување до
единични елементарни форми за реален геометриски облик.
Количината на елементарните форми со нивниот конструктивен
склоп, како последица на овие принципи, во процесирањата од
типот на поставеното прашање претставуваат повеќе од минимум
потреба, а извршно истите се оптоварување. Едноставната изведба
на објектите, како на пример просторна локација за целиот објект
во една точка и во неа концентрирана целокупната атрибутна
содржина за објектот, ја прави анализата оперативна и едноставна
за алгоритамска изведба. Во таа насока, како и причината
просторната содржина за секој процес да биде оптимално
исконструирана, потребно е постоење на не произволна просторна
форма туку форма чија изведба би се базирала на алгоритамско
формирање од постојните, почитувајќи ги притоа трансформациите
во тежиштето или други услови за геометриска концентрација.
Една од таквите алгоритамски изведби е и ЦЕНТРОИД-от.

Слика за центроид МапИНФО

Се работи за алгоритамско пресликување на објектите во


централна локација за која се врзуваат сите и/или дел од описниот
материјал за објектот. Обликот на оваа форма зависи од обликот и
наменската структура на дискретизациониот објект. На пример,
ентитетот зграда и другите просторни објекти во форма на
полигони се пресликуваат во точка. Издолжените полигони од

3 - 17
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

типот на улица се пресликуваат во нивните централни линии со


што се добива линија како нова изведена просторна форма.

Со примената на овој тип на просторни форми се избегнуваат


непотребните податковни структури при изведувањето на
просторни анализи и друг вид на пристапи и селекции. Да
претпоставиме дека е потребно да се дефинира нова локација за
реонска телефонска централа. Решавањето на ова барање е
базирано пред сé на утврдување на просторните локации на
постојните централи од ваков вид, постојната инфраструктурна
мрежа, сите објекти кои имаат и/или треба да добијат нови
телефонски приклучоци во сегментот на интересната просторна
сфера. Проецирањето на барањето врз базата на реалните
просторни тополошки обработени структури по форма и содржина
за секој од наброените потребни просторни компоненти ќе
претставува повеќе од потребниот минимум на сознанија за секој
од нив. За таа цел со користењето на содржината од изведените
просторни форми ќе се обезбеди потребниот минимум на содржина
за решавање на поставеното барање.

Погодноста од воведувањето на ваква динамичка апстракција може


да ја прошириме, освен за просторните анализи условени од
целосната тополошка изграденост на ентитетот, и како поддршка
на процесите за проектирање, планирање, динамички
интервентности во регулирањата на нови просторни форми од
типот пренасочување на сообраќајот по други делници, евакуација
и квантум на евакуациони субјекти од место на хаварија или
загрозено подрачје и слично.

3.3. ДАТА МОДЕЛИ, КОНЦЕПТИ И ТЕРМИНИ


Податокот како базична компонента во ГеоИС, безрезервно бара
прецизно дефинирани правила и модели за ангажманот на
процесите за негово димензионирање и организирање. Од
формален интерес е потребно, структурата на податоците да биде
адекватно осмислена, сé со цел во интегрална смисла да се
избегнат
;. редудантноста
;. нецелосноста
;. двосмисленоста

како би можело во излез да се добие коректна


:. тополошка структура и
:. можност за други ентитетски обликувања.

3 - 18
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Остварувањето на овие предуслови, повлекува ангажирање на


адекватни методологии, ресурси и стандарди во фазите на
аквизиција, обликување, трансформации и тополошко
структуирање на базичната податковна количина.

Од друга страна, обезбедувањето на респектибилен информативен


материјал, како еден од основните мотиви на системот, е
подредено според стабилноста на податковниот материјал и
апликативната стабилност при неговото оформување.

Апликативната стабилност значи квалитет и степен на


имплементирани математички модели во оформувањето на
сознанија за воспоставената интерактивност, прифат и пренос на
истите во други интеракциски локации. Во оваа категорија се
вклучени алгоритамските имплементации за пристап и секакво
друго математичко покренување на настан за утврдување,
реконструкција и насочување на просторната податковна
количина. Структурата на настаните кои ја градат оваа стабилност
дава можност за алгоритамско следење за степенот на
реализација, кој како информативна категорија може да се пренесе
заедно со крајниот резултат. Овие сознанија го пополнуваат
резултатот и/или ја дооформуваат неговата корисничка моќ.

Стабилноста на податокот е директно подредена на методологијата


за аквизиција на елементарните податковни форми. Степенот на
остварениот квалитет и неговото одржување во суштина ја чинат
стабилноста на податокот. Кореспонденцијата помеѓу квалитетот и
методологијата се остварува со однапред поставени сознанија за
моќноста на методологијата, под услови и ресурси како адекватни
компоненти за реализација на единичните димензии за
опсервациските форми. Одржувањето на квалитетот во делот на
процесите за димензионирање се постигнува со почитување и
реализација на сите предвидувања и процесни нивоа кои ја чинат
методологијата, а во процесите на обликувањето и организацијата
преку утврдените стандарди поврзани за фигурата и другите
конструктивни и својствени аргумени.

Обезбедувањето на информативниот материјал, со степенот на


стабилност кој произлегува од претходните две категории, е
базичен за реализација на сразмерно стабилно информирање. Во
таа насока единственоста и повторливоста во информирањето се
само дел од условеностите кои поставените стабилности ги

3 - 19
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

пренесуваат во утврдувањето и реализацијата на процеси во


неговите извршни локации. Да претпоставиме дека :
Сакаме најбрзо да стигнеме до одредена локација?
Сакаме да ги отстраниме дефектите во лоцирана
инфраструктурна мрежа?
Обезбедувањето на информативниот материјал за двете прашања е
регуларно само ако истиот го има третманот на извршност. Овој
третман е пренослив и можен само ако се исполнети условите за
еднозначност и повторливост на материјалот. Од тие причини
воспоставувањето на стандардни и цврсто препознатливи модели
на податоци, однапред ќе придонесе за остварување на овие
услови со истостепенска сигурност во информирањето.

3.3.1. ПРОСТОРЕН ПОДАТОК


Неколку пати досега со многу јасна нагласеност подвлекувавме
дека податокот во секој систем претставува фундамент врз кој се
проецираат системските функции во влезно_излезните
процесирања. Во таа насока, конструкцијата на податокот мора
однапред да биде дефинирана. Овие две причини, на некој начин,
отворено го поставуваат податокот како високо значајна
компонента во опстојувањето и коректното информирање. Оттука и
претпоставката дека во сферата на манипулацијата,
дистрибуцијата и публикацијата на системските одлуки
податковната структура мора да има/претпоставува
недвосмисленост во сопствените конструктивни категории.

Во поглавјето 3.2. полемизиравме со елементарните форми како


еквивалентни податковни групации. Диференцирањето го
базиравме според значењето на елементарните форми и во таа
насока афирмиравме две фундаментални категории. Афирмативно,
двете категории во интегрална смисла треба да го направат
податокот извршен, со едноставна форма, еднозначен и лесно
оперативен. Во суштина може да се предвидат и други
категоризации базирани на други критериуми, како на пример, во
зависност од утврдувањето на хиерархиската претпоставка, по
квалитетот на конструктивноста, изворот и употребата на
аквизициските пристапи и слично. Но, како што заклучивме нашата
определба ја базираме врз двете квантификаторски компоненти
геометриската и описната. Овие две групации во понатамошните
поглавја ќе бидат и носечки претпоставки за сите дискусии.

Сé со цел податокот да се доближи со неговото целосно значење,


во продолжение ќе се отворат/насочат дискусии за природноста на

3 - 20
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

просторниот податок, типот на просторните релациони односи и


Гео базата на податоци.

ШТО Е ПРОСТОРЕН ПОДАТОК?


Вредност со која се димензионира секоја конструктивна и
суштинска особина на објектот.
Конструктивното димензионирање се врши со помош на просторни
координати во единствен референтен систем, а суштинските
димензии на објектот се пренесуваат со единствен адресен
податковен модел. Значи, се работи за две конструктивни
категории за објектот преку кои му се обезбедуваат просторните и
описните димензии. Од овие дискусии може да ја извлечеме
следната слободна интерпретација :
Под просторен податок се подразбира единична конструктивна
категорија на репрезентот со чија моќ се врши прифат на
просторната локација на објектот и нејзино описно
интерпретирање.
Во разработка на системот многу често ќе се навраќаме на
базичниот елемент врз кој ќе се одвиваат сите технолошки
процесирања глобализирајќи ги како системски поглед,
просторни анализи, моделирање и симулации, и од поглед на
влезови, дефинирање, димензионирање и прифат на влезниот
материјал. Со намера да не се повторуваме, бидејќи на некој начин
оваа категорија за распознавање на просторните комплексности,
во геодетските предмети е веќе видена и до некои нивоа
разобличена, во ова поглавје податокот ќе го претставиме
наменски ориентиран според информационите системи. Се работи
за единични просторно обликувани податоци, кои во стручните
литератури многу автори ја употребуваат како оригинална
семантиката геодата. Предодредбите за оваа семантика значат
поставен, обработен, интерпретиран и организиран сет на
просторни податоци, а ГЕО доаѓа сам по себе од припадноста на
податокот. Терминолошки што и да се прифати, јасно е дека
станува збор за просторен податок ориентиран кон објектите кои
се предмет на системската обработка. Погледот на
интерпретацијата на оваа системска компонента, ќе го насочиме
кон нејзините наменски и контролирани пристапи во
димензионирањето и обликувањето, сé со цел да се препознаат и
димензионираат егзистентните циклуси од реалниот свет. Намерата
е многу јасна, реализацијата на овие циклуси подразбира
обезбедување адекватна и количински одржана содржина за секој
дискретизационен објект. Од тие причини, како што напоменавме,
потребно е осмислување на сите активности во дефинирањето,

3 - 21
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

димензионирањето, организирањето и манипулативноста со


податоците. Со цел да се обезбеди широк и конзистентен приод во
остварувањето на овие намери, активностите во тие насоки ќе ги
сместиме во единствена така наречена концептуална идеа за
моделирање на просторни објекти.
3.3.1.0. КОНЦЕПТУАЛЕН ИНФОРМАЦИОНЕН МОДЕЛ ЗА
РЕАЛНИОТ СВЕТ
Целта на овој модел е да се
Забележат, дефинираат, количински и точно да се разоткријат
просторните објекти и нивните технички својства и особености.
Може да се забележи дека поставените цели, кои преку овој модел
треба да бидат разрешени, на моделот му дозволуваат за секој
препознаен објект да обработи и сегментно просторни димензии.
Со ова, за секој информациониот модел интегрално во рамките на
просторниот сегмент ќе се овозможува присуство и на адеквата
количина на објекти. Поточно, кога системот би обработувал
објект_зграда_парцела, град, држава и/или други јасно
дефинирани просторни сегменти, изборот на дискретизациониот
материјал за секој од нив сигурно ќе биде различен по облик и
количина. Ваквата претпоставка, од друга страна, ќе повлече и
различни начини за моделирање.

ГЕОМЕТРИЈА
ЕМБ / ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

СОПСТВЕНОСТ
УЛИЦА / БРОЈ
АДРЕСА

ДАТА / ВРЕМЕ
РЕГИСТРАЦИЈА

слика [3.5.]

3 - 22
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

ОБЈЕКТ (feature) име ОБЈЕКТ (feature)


атрибути
ОБЈЕКТ (feature) ID

Во принцип, за било какви просторни сегменти да стане збор,


концепцијата за остварување на една ваква идеа може да се
прикаже низ следните извршни нивоа :
Прво ниво
Дефинирање и разграничување
Намерата на ова ниво е објектот врз кој ќе се врши самата
дискретизација, на пример зграда, патна инфраструктура,
езера, подземна инфраструктура и слично, да биде дефиниран
со јасно утврдени гранични линии. Значајноста на ова ниво се
поврзува како претпроектна разработка. Во суштина треба да
бидат дефинирани елементарните форми за граничните линии
за објектот.

Второ ниво
Димензионирање на граничните елементи
За предвидувањата од првото ниво, оваа ниво треба јасно да ја
одреди просторната лоцираност на објектот со еднозначна
егзистенција на граничното владение. Извршно ниво кое ќе
повлече разработка на методологијата за димензионирање
базирана на точноста предвидена со претходното ниво, ќе
постави цврсти елементи за јасно формулирање на
референтниот координатен систем и проекција.

3 - 23
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Трето ниво
Опис на својствата и варијациите на објектот.
Извршно ниво кое во целост треба да ја разработи количината
и варијациите за секој елемент кој има способност и моќ да
разоткрие состојба и својства кои го разоткриваат и
карактеризираат објектот.

Кај моделирањето на непрекидни просторни сегменти, се користат


едноставни концептуални информациони модели, кои ја
обработуваат просторната распореденост на објектите во
дводимензионални (2Д), тродимензионални (3Д) и
четиридимензионални (4Д) системи. Основниот принцип во
моделирањето на сегментите е, степенот на деформација да биде
во рамките на толерантните односи, запазувајќи ги
детерминираните елементи кои го прават објектот препознатлив.
Се работи за обезбедување на коректност за фигурата,
паралелноста, пресекувањата, димензиите, размерот и слични
геометриски односи од реалниот сегмент. Имајќи ја предвид
комплексноста на феноменот, оптимизирањето на моделите на
објектите и непрекинатоста на просторните сегменти не е секогаш
едноставно. Реализацијата на оваа информациона концепција во
принцип ќе ги иницира следните три функционални нивоа :
1. Концептуален модел на просторен сегмент
2. Моделирање на податоци
3. Публикација
прикажани на сликата [3.6.].

3 - 24
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

КОНЦЕПТУАЛЕН МОДЕЛ

ДЕТЕРМИНИРАНИ НЕДЕТЕРМИНИРАНИ ГЛАТКА, КОНТИНУАЛНА


ОБЈЕКТИ И НАСТАНИ ОБЈЕКТИ И НАСТАНИ ПРОСТОРНА ВАРЈАЦИЈА

ПРИСТАП ПРИСТАП СО ПОМОШ НА


ДИРЕКТЕН ИЛИ СО ИНИЦИЈАТИВНОСТ ИЛИ
ИНФЕРЕНЦИЈА (API) ИНТЕРПОЛАЦИЈА

МОДЕЛ НА ПОДАТОЦИ АПРОКСИМАЦИИ ГЛАТКА И


КОНТИНУАЛНИ
ЗБИР НА ДИСКРЕТНИ ОБЈЕКТИ ФИЛТРИРАЊЕ И ПОЛИЊА
СО НИВНИ АТРИБУТИ И РЕЛАЦИИ ПРЕПОЗНАВАЊЕ
НА ОБЈЕКТИТЕ

ПУБЛИКАЦИЈА КОМПЛЕКСНИТЕ КОНТИНУИТЕТИ МОЖАТ


ДА СЕ ВОСПОСТАВАТ СО ПОМОШ НА :
КОНСТРУКТИВНО ОБЈЕКТИТЕ
СЕ ЗБИР НА ЕЛЕМЕНТАРНИ
ГЕОМЕТРИСКИ ФОРМИ, НЕПРЕКИДНИ ТЕСЕЛАЦИЈА
АТРИБУТИ И РЕЛАЦИИ МАТЕМАТИЧКИ ДИСКРЕТНИ
ФУНКЦИИ ПОВРШИНИ

сликата [3.6.]
Имајќи ги предвид овие насочувања, би можеле да ја поставиме
следната информациона концепција за просторна сегментација :
1. Prostorniot segment se sostoi od selektivni objekti.
Sekoj objekt ima:
ß. Granica definirana so elementarni geometriski formi
ß. Grafi~ki atributi za elementite na granicata
ß. Me|urelacii na objektite
ß. Atributni podatoci za objektite
2. Neprekidnost na segmentot :
ß. Granica, definirana so edini~ni to~ki i/ili analiti~ki
funkcii
ß. Grafi~ki atributi za elementite na granicata
ß. Me|urelacii na segmentite
ß. Atributni podatoci za segmentite
3. Nepreklopuvawe i praznini vo integracijata na objektite i
neprekidnosta na prostornite segmenti
ß. Elementarni formi za kontakt
ß. Sosedstvo bez preskok
ß. Sosedstvo bez preklopuvawa

3 - 25
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Моделите на податоците треба да бидат формализирани,


систематизирани и еквивалентни на концептуалните модели кои
одговараат и се препознаваат со директните опсервации во
реалниот свет. Податоците се препознаваат и димензионираат како
во реалниот свет, формирајќи со нив едноставни и автономни
објектите, со воспоставени релации помеѓу, во рамките и надвор
од објектот. Во основа наједноставни, а воедно и најексплоатирани
модели на податоци се точка, линија, полигон, а за 3Д
димензионирања и обемот.

Информационото моделирање е секогаш условено со :


Адекватност
Моделот треба верно да ја отсликува геометријата и својствата
на реалниот просторен објект.

Еднозначност
Моделот треба еднозначно да определи еден објект како и
неговото соседство со други објекти.
Достапност
Податоците за објектот мораат да бидат достапни за аналитички
пристапи до било кој негов единичен конструктивен елемент.

Отвореност
Да има можност за формирање на нови типови објекти, релации,
атрибутни податоци и процедури за обработка на моделот.

Моќност
Да пропушта и обезбедува моделирање на комплексни објекти.

Остварувањето на информационите концепции се базира врз две


групации на информациони модели и тоа геометриски и
атрибутни.

Геометрискиот информационен модел е типизиран со цел да се


обезбедат доволно предуслови за автоматизирана манипулација и
обликување на податоците. Моделот ја обработува формата,
ориентацијата, распоредот, размерот, релациите помеѓу објектите
и единично_конструктивните елементи, како и технологиите за
описно графичката интерпретација. Овој модел се состои од
следните компоненти :

Ö. Метрика/геометрија
Оваа компонента ја обработува формата, распоредот,
размерот и ориентацијата на објектот. Геометријата се
детерминира со координати на точки, растојание, височина,

3 - 26
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

радиус на кривини и други аналитички димензии. Од


манипулационен аспект оваа компонента треба да предвиди
или поточно да овозможи :
ß. Контрола и верификација на точноста и запазеноста на
формата и теоретско графичките соодноси на
фигурите;

ß. Степен на генерализација на фигурите со услови за


неселективност во деталната реконструкција на
фигурите;

ß. Длабинска автоматизирана селективност на содржината


во функција од размерот за графичка/екранска
публикација на фигурите;

ß. Можности за брза промена на метриката во функција


од погледот за визуелна интерпретација и слично.

Ö. Топологија
Конструктивна компонента со интерен и екстерен
континуитет на единичните елементи на фигурите. Оваа
компонента посебно ќе ја обработиме во ГЛАВА 5.

Ö. Атрибутни податоци
Со оваа компонента на фигурата í се пренесуваат графички
симболи и слично, со цел да се обезбеди стандард за
директни визуелни опсервации на просторните сегменти и
околини.

Ö. Оперативни алгоритми
Се работи за алгоритми кои ќе треба да овозможат
оперативни/специфични операции со метриката од редот на
логички операции, површинско моделирање со утврдени
позиции за поглед и слично.

Атрибутниот информационен модел вклучува податоци за


објектот со кој поблиску ги опишува неговите состојби и особини.
Како што веќе нагласивме, овој модел уште се нарекува и модел на
непросторни податоци. Интерес е оваа компонента секогаш да ги
обезбедува актуелните сознанија со нивна временска
детерминација.

3 - 27
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

3.3.1.1. КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПРОСТОРНИ ПОДАТОЦИ


Ако досега си допуштивме да понудиме повторувања на основните
категории и конструкции за просторниот податок, во продолжение
ќе направиме уште едно потсетување. Класификацијата на
просторниот податок може да ја направиме според следните
принципи :

Тип
Диференцирањето по овој принцип може да го поставиме од два
аспекти. Едниот е поврзан со преносот на сознанијата кои ги
обезбедува податокот со неговата конструктивност, а другиот
аспект е публикациски и делот кој својствено ги проширува
сознанијата од претходниот аспект. Со примената на овој
принцип, без разлика од кој аспект да биде поставен, ќе се
диференцираат две податковни групации :
ß. Графички _ базичен тип за обликување на објекти, со
елементарните геометриски форми: точка, линија, полигон;

ß. Неграфички _ се работи за неграфички податоци со кои


се врши опис на својствата, надлежностите, сопственоста и
особеностите за графичките податоци, објектите, процесите
и предвидувањата. Овие податоци веќе ги нарековме
атрибутни податоци за репрезентот.

Приодите за димензионирање
Принцип кој податоците ги класифицира според изворот и
технологијата употребени/користени во опсервацијата на
просторната појава. Во глобална смисла, почитувајќи ги
претпоставките дека податокот ја формулирал сопствената
извршност преку конструктивноста и формата, овој принцип може
да биде интересен само до стартот на аквизицијата. Допуштајќи
го преносот на сознанијата од ова ниво до нивото за нивен
прифат и утврдување, принципот очигледно ја губи сопствената
формулација. Сепак неговото афирмирање, како посебна
категорија за диференцијација на податокот, има значење од
друг аспект, формулиран во следната класификација :
Ö. Податоци екстрахирани од реален просторен модел, а
базирани врз аналогни, дигитални опсервациски
платформи и методологии;

Ö. Податоци екстрахирани од работен просторен модел, а


базирани врз аналогни, дигитални опсервациски
платформи и методологии за реверзибилна конверзија од
графички метеријали. Токму ова ниво на обезбедување на

3 - 28
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

податоци е причината за постоење на класификацијата по


овој принцип. Сознанијата кои преку оваа групација ќе се
пренесат, се од висока важност бидејќи се работи за
двојна деформација на податокот произлезена од
применета и применуваните методологии во публикациска
и организациона смисла;

Ö. Податоци добиени со перманентен мориторинг базирани


на мерни станици кои обезбедуваат континуирани
сознанија за опсервациската појава и феноменот во
целина;

Ö. Алгоритамски, статистички и други приоди кои дозволуваат


формирање на структури на податоци.

Објектна припадност
Принципот се базира врз класата на податоци за обликување на
објектот. Можеби е добро на ова место семантички да ја
дообјасниме КЛАСА-та на податоци. Во објектно ориентираните
модели класата на податоци ја дефиниравме од аспект на база на
податоци. Кога станува збор за конструктивна обликуваност на
просторните репрезенти под класа на податоци се подразбираат
неговите геометриско_конструктивни чинители. Токму од оваа
претпоставка овој принцип диференцира податоци по следните
класи :
Ö. Точка _ класа која може да биде посебен објект и/или дел
од конструктивноста на објектот;
Ö. Линија/полилинија _ класа која конструктивно значи
елемент со почеток, меѓучекор и крај дефинирани со
претходната класа со дополнителни сознанија за
должината помеѓу нив, насоката, интензитетот и слично;
Ö. Површина _ класа која е конструктивно дефинирана со
претходната како интеграција на повеќе од неа и/или пак
една со ист почеток и крај;
Ö. Волумен _ класа која конструктивно 3Д го дефинира
објектот.

Точност
Примената на овој принцип е многу јасно утврдена. Се работи за
диференцијација базирана според карактерот и степенот за
реализација на одреден сет на услови во димензионирањето и
интерпретацијата на податокот. Овие базични елементи, за
диференцијација на податокот според овој принцип, се
претставени преку стандардот на единичен елемент, кој всушност

3 - 29
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

претставува интегрален индекс оформен од надворешните и


внатрешните предуслови во димензионирањето и слично. Оваа
класификација првенствено му ја обезбедува моќноста на
податокот, а со тоа непосредно се дефинира неговата длабинска
примена. Од друга страна, се работи за категорија која ја
лимитира употребата на податоците, а во делот на
производството претставува фактор кој ја иницира и пропушта
методологијата за остварување на овие процеси. Токму од овие
причини е неизбежна следната констатација:
Обезбедување на податок, ориентиран кон ГеоИС, базично ќе
значи афирмација на активности за конверзија во било која
постапка.
Понудената констатација го иницира терминот конверзија, кој во
процесите на димензионирање значи :
Преобликување на изворен материјал, како продукт од
ангажирана методологија, во материјал кој е стандардизиран од
начелата на овие системи со допуштено ниво на деформации.
Поточно, продуктот од секоја ангажирана методологија во
суштина значи конверзија. Станува збор за конверзија на
содржина која можела и/или била достапна да се утврди по пат
на ангажирана методологија и нејзино преобликување во форма и
дефиниција допуштена од мерните системи на методологијата. Во
глава 12 ќе ги обработиме процесите за конверзија ориентирани
според влезно_излезните и експлоатационите процесни нивоа на
системот. Почитувајќи ги иницираните дискусии, станува јасно
дека диференцијацијата по овој принцип во експлоатационите
нивоа претставува основен критериум за филтрирање на
податоците кои можат да бидат ставени на располагање на
утврдено и разоткриено барање пред системот и/или системски
локации. Во конвенционалните системи, овој тип на
кореспонденција е лоциран преку размерот на публикацискиот
материјал и законските предупредувања за нивна примена во
технолошките линии и ориентации.

Форма
Со идеата за формирање на автоматизирани системи за
процесирање со просторниот податок класификацијата по овој
принцип доби во значење. Станува збор на класификација која го
предодредува податокот според записот на неговите димензии.
Значењето на класификацијата по овој принцип се поврзува со
зависноста на адекватниот алгоритамски ангажман од формите,
при остварувањето на било каква системска ориентација. Во
практичната терминологија преовладуваат две категории на
податковни форми и тоа дигитална и растерска. Постоењето на
3 - 30
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

двете форми, наведува на претпоставка дека диференцијацијата


е извршена врз база на јасно препознатливи критериуми. Во
моментот ни преостанува да ја прифатиме и/или да понудиме
друга класификација опишувајќи ги условите под кои е изведена.

Да претпоставиме дека понудената класификација на податокот


по формите е неодржлива.
Зошто ?
Бидејќи и едната и другата форма се дигитални, од причина што
и двете имаат дигитален запис со точно утврден редослед за секој
единичен елемент во рамките на некакви референтни системи.
Раководејќи се од публикациите во стручната литература, како и
од практичните и оперативните насоки во процесирањето со овие
записи, целисходната класификација може да ја поставиме низ
следните две препознатливи и лесни за издвојување категории :
Ö. Вектор _ дигитална форма со векторски запис
Ö. Растер _ дигитална форма со растерски запис

РАСТЕР КОНЦЕПТ
Рекордот на запис во овој концепт за просторен податок е
келија. Ваквата структура на записи има релативна
конзистентност на ограничена келија, грид и/или матрица на
регуларни келии. Секоја келија има вредност која репрезентира
единичност, како локаторска состојба и/или вид на содржинска
карактеристика, како на пример елевација, тип на парцела и
слично. Идентификаторската ориентација на келијата е
дефинирана во нејзиниот вредносен број прикажано на
следните табели

1 вредно
Count Cover_Type
ст
2 МТ_мреж
1 8
и
3 2 11 електро
4 3 4 водовод
5 4 12 Агро
6 елевациј
5 5
а
7 6 30 парцела
Геологиј
7 10
а

3 - 31
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

ВЕКТОР КОНЦЕПТ
Во овој концепт просторниот податок е со точно утврдена
позиција изразена со просторни координати во референтен
координатен систем. Се работи за податоци кои имаат
нерегуларни форми или како што се среќава во податочните
терминологии податоци со ирегуларни форми.

Овој тип на податковни форми има висока оперативна моќ и


поголема проодност во просторните анализи и манипулации за
разлика од растерскиот концепт. На сликата [3.7.] се прикажани
двата концепта како компаративност на записите за нивните
форми.

VEKTORSKI RASTERSKI
PODATOCI TO^KI LINII POLIGONI PODATOCI TO^KI LINII POLIGONI

1 3
2
OSOBINI OSOBINI
5 4
POLO@BA + + POLO@BA
VO 121 12 VO
+ 13
POLIGON + + 123 POLIGON

MRE@I MRE@I

POSEBNI + + 8 9 POSEBNI
OZNAKI + + 10 OZNAKI
+

+ +
POVR[- + +
POVR[-
+ +
INI + + INI
+ +

LABELI VELES E5
LABELI
о.
[TIP [TIP

RELACII ATRIBUTI ATRIBUTI RELACII ATRIBUTI ATRIBUTI

слика [3.7.]

3 - 32
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

3.3.1.2. ПРОЦЕСНИ ОСОБЕНОСТИ НА ПРОСТОРНИТЕ


ПОДАТОЦИ
Настанот како издвоено случување во функционирањето на
системот се остварува преку точно утврдени локации, со ангажман
на базични функции и количина на сознанија. Се работи за два
клучни локалитети за остварување на настанот, кои со исто
толкаво внимание се дефинираат и ориентираат за да може да се
прифатат и реализираат што поголем број настани. Во таа насока
дефинирањето на податковниот интегритет, како интегрален дел
од иницираните локалитети, бара целосно познавање на неговите
особини и својства. Дискусијата ќе ја прошириме со фактот дека
секој настан започнува како последица на јасно утврдена и
прифатена иницијатива, опстојува како континуитет на повеќе
процеси поддржани од технолошки координирана линија и
технологии, а завршува со процес кој врз база на утврдени
критериуми констатира дека поставената иницијатива е
реализирана. Распознавањето на секој учесник во овој технолошки
континуитет, претставува фундамент во дефинирањето на
функциите и другите учесници во сплетот на процесирањата.

Да ја поставиме корелативноста помеѓу овие настани и податокот.


Податокот недвосмислено претставува клучен учесник во
реализацијата на инициран настан во системот. Тоа досега
многупати го забележавме/констатиравме, а сега директно го
произведовме и преку обезбедувањето на претходно поставениот
технолошки континуитет. Ова е само потврда за зависноста на
компонентите во релацијата податок_настан_податок. Од една
страна може да поставиме дека процесирањето зависи од
податковната оформеност, од причина што кој процес е прооден
и/или кој процес со додатно прилагодување е можен, зависи од
конструктивноста и описната компонента на податокот. Од друга
страна, дискусијата може да ја поставиме и обратно. Ако сакаме
во системот да обезбедиме одреден тип на процесирање, истото
барање наметнува активности за адекватно оформување на
податокот. Суштински помеѓу двата приоди постои заедништво кое
се лоцира во формирањето на податокот.
Кои се базичните форми кои податокот го ставаат на
располагање на процесирањата ?
Се работи за единични и надоврзувачки особини по кои се
препознава интегритетот на податокот. Разбирливо е дека нема да
бидеме во состојба да ги афирмираме сите базични форми, но со
цел да обезбедиме доволно сознанија за ориентацијата на
податокот во процесните нивоа, ќе афирмираме дел од нив кои
имаат клучна улога во целокупноста на оформувањето.

3 - 33
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

ƒ. Размер
Со воведувањето на автоматизираните системи се
очекуваше дека ова својство ќе стане истрошено.
Напротив, неговата улога и во овие системи останува
конкурентна. Според дефиницијата за квалитет на
податокот, оваа особина си го задржува сопственото место
во конструкцијата и опишувањето на просторниот податок,
од причина што принципите за класификација на
податоците ја вградуваат компонентата на точност, во која
размерот на податоци е дел од нејзината конструкција.
Практично, оваа особина пренесува сознанија за
минимална блискост на два последователни податоци во
конструкцијата како и нивната лимитираност во
публикацијата.

ƒ. Просторна положба
Особина која просторниот податок го прави системски
продуктивен. Неговата местоположба е дефинирана со
просторни координати, кои исто така можат да бидат и
тополошки сврзани, со придодадени/интегрирани описни
својста и карактеристики, што како дискусија ја отворивме
порано, приказ на слика [3.8.]

ƒ. Условеност од употреба
Својство кое во податковниот интегритет ја има улогата на
преносна категорија претпоставена од конструктивна и/или
описна особеност. Конституирањето на особеноста во
рамките на податковната изграденост, како критична и
организациона количина, во принцип може да се
препознае, како на пример, низ една дигитална библиотека
на знаци или слично. Нејзината оперативност значи,
отворена можност, за секоја класа на податоци или
квантификатори кои можат да бидат тематски
идентификувани, во публицирањето и/или друг вид на
манипулација да им се приспојат дефинирани симболи, бои,
патерни и друг вид препознатливи форми.

ƒ. Топологија
Особеност која податокот го позиционира како интерна и
екстерна компонента во остварувањето на нелимитирани, а
сепак контролирани процесирања. Обезбедувањето
непрекидност, континуитет, контактност и соседство со
блиската околина како и лоцирањето, утврдувањето и
отстранувањето на несовпаѓањето и/или раздор помеѓу

3 - 34
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

геометриски форми, се клучни сознанија и можности кои


секој настан го прават извршен. За остварување на овие
настани потребните сознанија се препознаваат и/или се
пронаоѓаат во оваа особеност.

ƒ. Функционалност
Ова својство првенствено се препознава како оперативна
ширина, која произлегува од утврдените и организираните
карактери на податокот. Во суштина како последица на
ова, ќе се претпостави степенот на отвореност,
прилагодливост и контактибилност на податокот без да се
нарушат неговите основни владенија и својства.

ƒ. Неопходност
Постоење на еднозначни критериуми за пристап,
диференцирање по особина, препознавање и изведување
на трансформации и слични дејствија врз податокот.
Vnatre{ na
+3 to~ka/centroid
(X, Y)

+2
+ Идентификатор
1 +
4
Prostorni atributi :
+5 - perimetar ;
- P ovr{ ina ;
- volumen 3D objekti ;
- sosedsvo .

слика [3.8.]

ƒ. Редудантност
Обезбедувањето на оваа особина значи пренос на
оптимален конструктивен квантум на сознанија во
работењето. Оптимирањето на квантумот на сознанија,
единични форми во организационата структура, се
остварува преку постоење на механизми за сведување на
минимум преклопувања на исти податоци во
конструкцијата на објектите. Факт е дека се работи за
значајна особина која го прави податокот рационален и
извршен, а од аспект на базното структуирање се
намалуваат можностите за преклопувања на исти податоци
за исти објекти на повеќе локации.

3 - 35
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

ƒ. Метадата ориентација
Опишувањето на податокот со сите својства е категорија
која во целост го отвора во интерна и екстерна смисла на
експлоатација. Во конвенционалното работење, дел од
особините на податокот можат да се добијат директно од
медиумите каде што истиот е публициран. Но, во
автоматизираните системи, во отсуство на визуелното
стекнување на сознанија и особености за просторниот
податок, мора да постои локација со информации за
поблиско толкување, опишување и допрецизирање на
особините и квалитетот за секој регистриран просторен
податок. Од тие причини ГеоИС афирмираат таква
категорија. Се работи за јасно прецизирана категорија која
во суштина претставува податок кој го опишува основниот
податок со целокупните негови особености и својства.
Значи, со еден збор метадата ориентацијата претставува
податок за податокот кој ги интегрира и пренесува
дообјаснувањата и другите додатни информации за
афирмираните особености на податокот. Од практичен
аспект постоењето на оваа категорија го растоварува
корисникот од помислата дали ги користи податоците со
вистински својства кои му го решават проблемот. Значи,
оваа категорија во принцип треба да ги пренесе
сознанијата за
à. Начинот на дефинирање на податокот
à. Користената методологија за димензионирање
à. Изворот и излезната точност
à. Временската актуелност на податокот
à. Опишување на податокот од системска страна
à. ...

3.3.2. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРОСТОРНИТЕ ПОДАТОЦИ


Пристапите и употребата на податоци, регистрирани на
информатички медиуми, од секогаш биле подредени според
апликативните програми, програмските јазици и нивната
имплементација на разни платформи. Современите барања во
технолошкиот развој на информационите системи се доста строги
во поглед на организацијата и одржувањето на активните состојби
на податоците и нивната кохерентна структура. Дејствијата врз
единичниот податок остануваат затворени, а секоја нивна промена
автоматски треба да креира нови состојби на ниво на структури
каде што податокот припаѓа. Денес овие принципи и барања се
веќе испочитувани за секоја професионална и/или алгоритамска
организација на податоци. Овие системи за организација на

3 - 36
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

податоците, овозможуваат флексибилно проектирање на бази, а на


проектантите им дава комоција и поголема креативност во
проектирањето. Останува и понатаму да важи корелацијата помеѓу
фундаменталните барања за проектирање на податоците и
дефинирањето на принципите за нивна организација т.е.
Организацијата на податоците мора да биде доволно
еластична да овозможи непрекинат развој на системот и
функциите за аквизиција, проектирање и структуирање на
податоците, овозможен пристап за динамички функции кои
го следат развојот/проширувањето на системот како
последица од потребите на неговите субјекти и технолошкиот
развој на интегрираните компоненти.
За таа цел современите приоди во проектирањето на ИС
првенствено инсистираат врз единство на моделот на податоци и
проектирање база, без разлика на процесите кои ќе се проецираат
врз неа. Без претензија да се навлезе во длабината на ваквите
позиционирања во следните наслови ќе биде изнесена нивната
суштина.

Организирањето на просторните податоци е преодна форма, ако не


и врска, помеѓу глобалното дефинирање на ентитетите како
апроксимирана солуција на реален модел и самата база на
податоци. Податоците би можеле да бидат прикажани како
раздвоени, релациски или нерелациски табели и/или матрици, во
единични табели, поврзани табели или листи, поединечно собрани
фајлови со единечни рекорди и база на податоци како колекција
на нередудантни структури за индивидуално и/или групно
користење. Во последните неколку години организирањето на
просторните податоци е симнато како посебно ниво во
дизајнирањето на информациските системи. Причината за тоа се
пристапните цели за преведување на објектите од реалниот свет и
нивната компонираност на објекти и функции на системско ниво.
Како и да е, во мултимедиалниот свет на ГеоИС-ми, опусот на
истражувачките активности за дизајнирање на просторните
податоци, како ударна системска структура, е доста голем.
Комплексноста на феноменот не дозволува универзална примена
на методологија за дизајнирање на просторните податоци. Значаен
факт во организацијата на податоците од причина што
користењето на различни методологии за димензионирање,
обликување и публицирање бараат и различни пристапи во самата
организација на податоците.

Почитувајќи ги овие причини како и стремежот на субјектите


комплексноста на просторните податоци да ја направи едноставна

3 - 37
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

и лесно препознатлива, со цел да се оствари висока блискост на


дискретизираниот феномен и неговата реална егзистенционалност,
во сите репрезентативни форми, податоците врз кои се проецираат
овие процеси треба да останат реални, недеформирани и
пристапни за алгоритамска обработка и ориентација. Да ги
упростиме дискусиите. Намерата е надворешните препознавања и
димензионирања на податковниот материјал и внатрешните
процеси, организацијата и манипулацијата со тој материјал, да се
постават како актуелни системски фази кои би можеле да ги
претставиме како :
;. преведување и поставување на функции/алгоритми за
квантитативна и квалитативна аквизиција на содржината
од реалниот модел и
;. декомпозиција на комплексни системски функции на ниво
на обработка, ориентација и манипулација
Координираноста на овие фази, всушност претставува основа за
диференцирање на различни техники и приоди за регулирање на
фазните компоненти во создавањето и организацијата на
податоците. Почитувајќи ги овие претпоставки, како базични
насоки, развиени се поголем број решенија/техники, кои можат да
се препознаат според постапките во конструкцијата на дијаграмот
за ориентација на единичен податок и/или дијаграм за оформени
конструктивни структури и нивни релации.

Една од стандардизираните техники, која се издвојува од


останатите по сопствената систематизираност на фазни компоненти
(Strahonja, 1992) е :
°. дијаграм на ентитет_поврзаност,
°. животен циклус на ентитетите,
°. декомпозициски дијаграм,
°. дијаграм на тек на податоците,
°. акциски дијаграм,
°. структурна карта,
°. дијаграм на состојбите и промените,
°. објектен дијаграм.
Пред да се понуди дискусија за податоците (квантил, точност,
еднозначност и сл.), не би можело без да се нагласи реалноста
дека :
Податоците многу често не можат да бидат опишани до нивото
на реалната лутска перцепција, визуелно опишани како
апстрактни моделски ефекти, па затоа, се сака да се
воспостави што пореален метод за моделирање на феноменот
како негово реално апстрахирање во форма на дигитални или
аналогни енкодери.

3 - 38
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Започнувањето на процесите за дизајнирање на базата на


податоци е чекор на екстерно моделирање во кој потенцијалната
реалност на структурата_појавата од феноменот дефинира
подправец за системско апстрахирање. Значи имате системска
поставка во која, дефинирате потреба за користење и градење на
субјектните цели, кои се пренесуваат кон реалниот модел, а преку
повратна спрега на ова дејство се препознаваат и конструираат
релациските или поточно егзистентните односи на податоците, сé
во интерес да се оформи што пореално просторно апстракциско
ниво. Квалитетните обезбедувања во сегментите на ова
моделирање, несомнено би значеле чекор понатаму во
поставувањата на концептното ниво. Резонот на оваа
претпоставка, се наоѓа во семантиката:
добро сондирани концепти, се фундаменти за планирање,
дефинирање и активирање на системските процеси.
Би сакале да нагласиме дека овие практични насочувања, во овој
момент како неформална дискусија, значат само организирано
креирање на шеми со општи детали и латентност за физички
записи. Значи, снабдена основата за дискусија и отвореност на
приоди кои би биле предмет на дополнување применувајќи лесни и
формални механизми како визуелна ориентација на
Entity_Relationship приказ. Навистина, многу тешкотии што
произлегуваат од екстерните геоматик модели, а истите се
одразуваат врз концептниот модел во делот на геоматиката на
податоците, практично се препознаваат како тешкотии за
геометриската презентација и/или синтеза на вмешаност на
следните две категории:
•. Креирање на процедури за геометриско
презентирање и трансфер на податоци од едно на
друго ниво и/или позиција
•. Приказ на само еден модел од базата
Денес со развојот на апликативните покривања, комплексноста за
пристап и приказот на просторно обликуваната слободна и/или
компремирана содржина, на некој начин ги ублажуваат наведените
тешкотии. Сепак технолошкиот развој кој го диктира и
корисничкиот опус на побарувања не заостанува, што пак од
страната на користењето на просторната содржина, во чекор,
продуцира нови и нови потешкотии. Бркањето со потребите и
технолошките чинители се движечките компоненти кои овие
системи навистина ги прават динамични, секогаш интересни и
актуелни во секојдневните практични процесирања.

3 - 39
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

3.3.3. ФОРМИРАЊЕ НА БАЗА НА ПОДАТОЦИ


Формирањето на базата на податоци го следат неколку фази кои
пред сé се ориентирани според податокот и предметната појава за
опсервација. Во таа насока можат да се издвојат четири нивоа
и/или фази во формирањето кои шематски се дадени на сликата [
3.9.]

REALEN SVET

N advore{ na N advore{ na N advore{ na N advore{ na NADVORE[ NO NIVO


shem a shema shema shema

KONCEPTUALEN M ODEL NA BP KONCEPTUALNO NIVO

LOGI^KI M ODEL NA BP
LOGI^KO NIVO

F I Z I ^KI VNATRE[ NO NIVO


M O DEL N A BP

слика [3.9.]
Надворешно
Како прво ниво во формирањето само по себе е локациски
предодредено да биде блиско до реалниот модел. Се работи за
ниво кое треба да ја препознае и дефинира просторната појава од
реалната егзистенција и истата да ја претстави со доволно
потребна податковна количина, со претпоставка дека реално ќе ги
опише животните циклуси на појавата. Имајќи предвид дека се
работи за комплексен реален свет, се разбира дека поединечното
препознавање на појавите ќе иницира и безброј надворешни
схеми.

Концептуално
Ова ниво ги ориентира по редослед повеќенасочните надворешни
схеми во една општа схема. Активирањето на ова ниво е условено
од дејностите и препознаените циклуси од секоја појава,
насочувајќи концепција и модел на податоци. Со реализацијата на
ова ниво се формира концептуален модел на базата на податоци.

Логичко
Ниво кое го вклучува логичкото проектирање на формираната
концепција на БП. Детално се проектираат објектите и техничките

3 - 40
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

својства од реалниот свет, се утврдуваат сите врски помеѓу


објектите, начинот на опишувањето на податоците, очекуваните
вредности за секоја големина, кои ги опишуваат објектите со
нивните својства и релации. Ова ниво на некој начин е првиот
чекор за компјутерска реализација на БП.

Внатрешно
Физичкото присуство на податокот и сите релации и односи во него
и надвор спрема околината на ГеоИС е всушност предметна
одговорност на ова ниво. Со него треба да се разрешат начините и
приодите на регистрација на податоците обезбедувајќи целина за
објектот. Ова ниво, во процесот на формирање на БП има за цел да
ги прифати состојбите со другите системски компоненти и
структури заедно со нивната условеност и специфики. Се работи за
прифат на услови кои произлегуваат од оперативниот систем,
методите и платформите со кои е произведен просторниот податок
од аспект на влезна хардверска компонента, организацијата на
хардверската структура на системот, системот за пристап,
управувањето, заштитата и верификацијата на содржината.
Процесите пак за регистрација/запис, реактивирање и пристап до
податоците за моделираната просторна појава ќе ги нарекуваме
физичко моделирање на појавата. Ако оваа претпоставка ја
пресликаме и според претходните нивоа би можеле да ја усвоиме
следната терминолошка концепција. Првите три нивоа ја
формираат логичката, а последното ниво физичката основа на БП.

Функционалноста на базната структура и ИС зависи од


употребената методологија чиј фундамент е всушност содржан во
структурата и организираноста на податокот. Со цел да се
претстават развојните трендови на овие методологии во
продолжение ќе ги претставиме нивните историски развојни
периоди и чинители.

3.3.4. МОДЕЛИРАЊЕ НА ПРОСТОРНИТЕ ПОДАТОЦИ


Податокот претставува елементарна основа, што многу пати досега
го нагласивме, за претставување на појавите од реалниот систем
на посматрање. Значи, презентирањето на реалниот свет што не
окружува и неговите збиднувања ќе бидат последица токму на
дискретизациите оформени со структурата на податоците. Ваквата
претпоставка е лимитирачки фактор за структурата, од аспект на
целосност, квалитет и стабилност и директна зависност за
реалното презентирање на појавите и/или феноменот во целина.

3 - 41
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Посматрањето на феноменот како апстрактна поврзаност на


репрезенти е приод кој зависи од содржинската и длабинската
сепарација на овие елементарни претставници од реалниот свет.
Приод кој е директно подреден на квалитетот од демаркирањето на
репрезентот со конструктивниот квантум и препознатливост на
секоја негова единка. Од страна на системската поврзаност
смислата е идентична. Претпоставениот еквивалент во
пресликувањето, со еден збор значи дефинирање на системска
категорија во која би се пресликале репрезентативните категории
и концентрација на реалните карактери на појавата и феноменот
во целина, задржувајќи го единствениот критериум
пресликувањето да биде со целосно затворање и недеформирање
на својствата од реалната просторна поставеност, правилност и
сродност.

Просторните елементарни форми, следејќи ги претходните


дискусии, всушност образуваат модел на посматраниот просторен
сегмент, а процесите кои во континуитет го следат формирањето
на моделот ќе ги наречеме моделирање.

Моделирање-то е
континуитет на процеси сé до формирање на препознатлива
системска форма за посматраниот просторен сегмент.

Модел-от е
категорија преку која е можно да се опишат објектите со
нивните својства и релациите со други објекти.

Моделот на податоци е средство за интерпретација на реалноста


и се состои од основни правила P и оператори Q.

Основните правила конструкциски ги формираат компонентите :


;. Структура PC _ вклучува тип и организација на
податоците;
;. Структура PO _ граница/ограничување на дејствувањето
на моделот.

Операторите Q вклучуваат операции и процедури како поддршка


во податковната манипулација, заедно со нивните својства и
релации во секое време. Извршната ориентација на операторите во
принцип може да ја поместиме како условна изграденост од
програмските платформи и нивните програмски јазици.

3 - 42
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

Со моделот на податоци, разобличен преку правилата и


операторите, всушност се формира функционален модел кој ги
поддржува процесирањата од опсервацијата на реалниот модел,
препознавањето на репрезентативниот материјал, неговото
димензионирање, па сé до создавање надворешни податковни
шеми, прикажано на сликата [3.11.].

Кога во опсервираната област има можност да се препознае


еднотипна дискретизација, преку еднозначно препознатлив
репрезент, во тој случај истите се обединуваат во истородна група
која конвенциски се нарекува класа на објекти. Својствата со кои
се опишуваат животните циклуси и состојбите во објектите, ќе ги
нарекуваме атрибути на класите на објекти или само атрибути.
Во една предметна област може да има повеќе класи на објекти.
Различни класи пак на објекти можат да имаат исти атрибути.

MODEL NADVORE[NA
SHEMA 1

NADVORE[NA
OBJEKTI
ATRIBUTI SHEMA 2
PC RELACII
PO
VREME

NADVORE[NA
OPERATORI SHEMA N

слика [3.11.]

3.3.6. МОДЕЛИ НА ПОДАТОЦИ


Да претпоставиме дека парцелата како објект преку кој би се
реализирала дискретизацијата на одреден просторен сегмент е
опишана со податоци кои имаат логички тек, а истите можат
еднозначно да бидат препознаени од манипулационите сегменти на
системското процесирање. Во целиот сет на податоци,
препознаваме сопственик како носител на својството на
сопственост. Уредениот и запишан низ на сопственици всушност
дефинираат модел на податоци. Значи, под модел на податоци ќе
подразбираме организација на податоците со кои преку нивниот
тип и структура е можна логичка и физичка реализација на базата
на податоци за било каква предметна област. Моделирањето на
податоците од тука би значело множество на концептуални
решенија за нивна организација.

3 - 43
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

3.3.6.1. ХИЕРАРХИСКИ МОДЕЛ НА ПОДАТОЦИ


Овој модел на податоци е конструктивно во вид на дрво, кој се
состои од хиерархија на јазли и A

двонасочни релации. Секој јазол B B B 1 3

има само една релација према


2

јазлите од повисоко хиерархиско C C C C C C C 2 3 4 5 6 7


1

ниво, а една или повеќе релации D D D D D D D D


1 2 3 4 5 6 7 8

према јазлите од пониско


хиерархиско ниво. Најгорното ниво А се состои само од еден јазол
кој се нарекува корен. Следното хиерархиско ниво, на кое
припаѓаат објектите B, C и D имаат неограничен број јазли, а
нивните релации се еден_према_повеќе.

3.3.6.2. МРЕЖЕН МОДЕЛ НА ПОДАТОЦИ


Кај сложените меѓуодноси на објектите кога во принцип, од
елементите во едно ниво има повеќе
A релации према елементите до
B B 1 B
нивоата
2
со понизок
3
хиерархиски
C
ранг, тогаш претходниот модел
C C C C C
станува непрегледен и тежок за
C1 2 3 4 5 6 7

D D D
1 2 D D D3
D D
обработка и следење на релациите
4 5 6 7 8

помеѓу објектите. За овие случаи е


разработен нов модел кој допушта од едно хиерархиско ниво да се
реализираат и релациите од многу_према_повеќе.

3.3.6.3. РЕЛАЦИОНЕН МОДЕЛ НА ПОДАТОЦИ


Во овој модел на податоци за објектите, атрибутите и релациите во
предметната област се организирани во табели. За секоја класа на
објекти се организира по една табела во која секој објект од
класата зазема по еден ред. Во една од колоните е запишано името
или идентификаторот на објектот, а во останатите колони на тој
ред се внесуваат вредностите ai , bi , ...ki на атрибутите Ai , Bi , ....K i
прикажано во ТАБЕЛА 1. Поврзувањето на логичките елементи на
релациониот модел и информационите елементи на структурата се
дадени во ТАБЕЛА 2.
ТАБЕЛА 1
КЛАСА НА ОБЈЕКТИ TABELA 2
ОБЈЕКТИ АТРИБУТИ НА Logi~ki Informacioni
ОБЈЕКТИТЕ elementi elementi
A B C … K Objekt Red od tabelata
Објект O1 Atributi Kolona, pole
Објект O2 Klasa na
…. … … … … Tabela
objekti
Објект Oi а1 а2 а3 аk

3 - 44
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

………. … … … … …
Објект On

Со овој модел е можно да се пресликаат релациите од реалниот


свет по едноставен принцип на логичко поврзување на две и
повеќе табели прикажано во ТАБЕЛА 3.

ТАБЕЛА 3
Klasa na objekt А
Klasa na objekt B

Klasa na objekt c Klasa na objekt D

Од оваа табела лесно може да се забележи дека релациите помеѓу


табелите се остваруваат преку колоните на табелите т.е. пеку
атрибутите на класите на објектите. Овој модел на податоци ќе го
прикажеме низ пример во кој предметната област е НЕДВИЖНОСТ,
а класата е ПАРЦЕЛА со атрибутите број на парцела, површина,
култура, класа и викано место.
ТАБЕЛА 4
Klasa NEDVI@NOST TABELA 5
BROJ ATRIBUTI Klasa KULTURA
NA VIKANO [IF
POVR KLASA KULTURA MESTO IME
PARCE- RA
[IFRA
LA 1 Niva
00001 1111 1 1 Blato 2 Ovo{tarnik
00002 2222 1 2 Serta
….. ……
……..
00010 3333 3 5 Livadi
5 Livada

TABELA 6
Klasa SOPSTVENIK
Ime na sopstvenik EMB Broj na parcela
Petrevski Petre 0210963450003 00001
Ilievski Ilija 1112956450001 00002
... .. …
Jordanovski Joco 1211980450010 0010

3 - 45
GeoIS _ 3 SEMANTIKA

3.3.6.4. ОБЈЕКТНО ОРИЕНТИРАН МОДЕЛ НА ПОДАТОЦИ


Формирањето на релационата база се карактеризира со
оформување на релациони шеми. Поради сложениот карактер на
шемите тие се нормализираат сé додека не се постигнат
функционалните врски еден_према_еден. Во случајот сложените
врски помеѓу објектите како и самите објекти се претставуваат со
едноставни објекти во сематичката БП и со геометриските
елементарни форми. Достапот до објектот, како и собирањето на
информации од релационата схема за него, се остваруваат преку
SQL процедурите. Ваквиот пристап на работа во некои случаи е
многу тешко и/или неостварливо. Со цел да се избегнат/надминат
проблемите од ваков тип, во последните години се обработуваат
објектно ориентирани модели. Во овие модели сите податоци за
објектот се концентрирани во него. Разликата помеѓу релациониот
и објектно ориентираниот модел ќе ја илустрираме низ сликата [
3.12.].

a/ 1:N b/ 1:1

слика [3.12.]
При релациониот модел, објектите автономно се делат на прости
објекти со релации помеѓу нив, слика [3.12./a]. Во случајот еден
сложен објект се разделува на N прости објекти. Кај објектно
ориентираните модели, објектите од реалниот свет во базата се
регистрираат онакви какви што се, со релацијата
еден_према_еден. Објектот во базата на податоци се запишува со
единствен идентификатор, заедно со неговите две
карактеристики: функции и својства. Значи дека објектот е
затворена единица од податоци со операции за неговата
обработка.

3 - 46

You might also like