You are on page 1of 4

Градежен факултет

Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

CAD ориентиран софтвер


Катедра за Теорија на Конструкциите Упатство за цртање со заземање правец

УПАТСТВО ЗА ЦРТАЊЕ СО ЗАЗЕМАЊЕ ПРАВЕЦ

Наједноставен начин на цртање на отсечка е со заземање на правец и внесување


на должина на отсечката. Цртањето започнува на вообичаен начин:

1. Преку командната линија или со селектирање на алатката за цртање Line


се внесува почетната точа на линијата.
2. Полека се движи глувчето во правец на точката P2.
3. Во моментот кога глувчето ке го заземе бараниот правец и на екранот се
појавува помошна линија во посакуваниот правец преку тастатурата се
внесува должината на отсечкатА.
4. AutoCAD исцртува отсечка со внесената должина во заземениот правец.

1. Се активира наредбата Line


2. Се внесува точката P1
3. Глувчето се движи во
предефинираниот правец
4. Во моментото кога ќе с појави
помошната линија се внесува
долината

За да се користи ова опција треба да се активни POLAR и OTRACK режимите

Обично предефинирани правци кои се користат во овој режим на работа се 0, 90,


180 и 270º. Постои можност да се постават и други правци, односно да се избрише
некој од предефинираните. Поставувањето на правците се врши со активирање
на прозорецот за дијалог Drafting setting.

¾ Мени: Tools →Drafting settings ...


¾ Глувче: Се клика со десниот тастер на глувчето на полето POLAR во
статусната линија. Од Пропратното мени се селектира Properties.

Активна страница во менито треба да е Polar Tracking.

http://ktk.gf.ukim.edu.mk страна 1 од 4
Градежен факултет
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

CAD ориентиран софтвер


Катедра за Теорија на Конструкциите Упатство за цртање со заземање правец

Опцијата Increment angle содржи листа на предефинирани агли. Од неа се


селектира чекорот со кој ке се менува аголот кој го покажува правецот. Ако на
пример се селектира 15, AutoCAD ќе ги препознава правците 0, 15, 30, 45, ... 345.
За да се додаде нов агол во листата се користи опцијата New. Командата Delete
брише агол од листата.

ПРИМЕР 1: Да се нацрта триаголник со хоризонтална основа, додека другите две


страни зафакаат агли од 90 односно 60º со основата.

1. Се активира прозорецот Draft Setting и се поставува Increment angle на 60º

2. На вообичаен начин се црта отсечката Р1 – Р2


3. За да се нацрта отсечката Р1 – Р3. се стартува нова линја со почетна точка во
Р1.
4. Глувчето се позицира на Р2 и полека се движи вертикално нагоре. Во тој
момент се појавува помошна вертикална линија која поминува низ точката Р2.
Тоа е знак дека AutoCAD го препознал правецот 90º.
5. Во моментот кога глувчето ке ја достигне пресечната точка на правците Р1 - 60º
и Р1 - 90º се клика на левиот тастер на глувчето. Пресекот на двата правци ја
девинира точката Р3.
http://ktk.gf.ukim.edu.mk страна 2 од 4
Градежен факултет
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

CAD ориентиран софтвер


Катедра за Теорија на Конструкциите Упатство за цртање со заземање правец

6. Се црта линијата Р2 – Р3

ПРИМЕР 2: Да се нацрта рамностран триаголник со хоризонтална основа.


Краците на триаголникот закапаат агли од 60 односно 160º со основата.

За да се примени истата постапка применета во предходниот пример треба да се


направи една мала измена во Drafting Setting. Во претходниот пример, опцијата
беше Object Snap Tracking Settings поставена на Track orthogonally only. При вакво
сетирање од точката Р2 може да се сетираат само ортогонални правци, што не
одговара за дадениот пример. Сега се селектира втората опција Track using all
polar angle settings. Сега од точката Р2 може да се позицираат истите правци како
и за почетната точка Р1.

http://ktk.gf.ukim.edu.mk страна 3 од 4
Градежен факултет
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”

CAD ориентиран софтвер


Катедра за Теорија на Конструкциите Упатство за цртање со заземање правец

Постапката е потполно иста како и во предходниот пример. Разликата е во


четвртиот чекор. После поставувањето на глувчето во точкат Р2, истото постепено
се движи во правец приближно 120º. Во моментот кога глувчето ке ја достигне
пресечната точка на двата првци, се појавуваат двете помошни линии што е знак
дека AutoCAD ја дефинирал точката Р3 и треба да се кликне со десниот тастер на
глувчето.

http://ktk.gf.ukim.edu.mk страна 4 од 4

You might also like